Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

janeva-2

Јанева изманипулира: Ќе остане „специјална“, но не релеватна

Не постои оставка на специјалната обвинителка Катица Јанева се додека таа не биде писмено доставена до Советот на јавни обвинители, сметаат експертите. Од друга страна, ако оставката стане ефективна, без Јанева не постои ниту Специјалното јавно обвинителство и во август не можат да продолжат судењата по десетината преостанати предмети што СЈО ги води пред судовите, па некои експерти сметаат дека треба веднаш да се бира нов специјален обвинител според актуелниот закон за СЈО.Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев вели дека до Советот нема доставена оставка од специјалната обвинителка Јанева.– Ние не можеме да ја констатираме оставката само врз основа на нејзината усна изјава. Треба да ја имаме написмено. Ако сака навистина да даде оставка, се знае како се дава според законот – вели Штерјев за „Слободен печат“.На наше барање и од СЈО потврдија дека писмена оставка на Јанева не е доставена до Советот на јавни обвинители.Јанева ги има сите овластувањаЈанева најави оставка на 15 јули, истиот ден кога Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ЈОГОКК) го отвори случајот Рекет во кој Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец се осомничени дека зеле 1,5 милион евра рекет од Орце Камчев за да му ја олеснат постапката пред СЈО во истрагата „Империја“.

Македонија | пред 6 години

morina

Рауфи потврди: Морина од УЧК утре ќе биде ослободен

Поранешниот припадник на УЧК, Томор Морина, кој е во притвор во Македонија, утре ќе биде ослободен, со што ќе може да се брани од слобода, дознаваме од адвокатот на Морина, Насер РауфИ, објави Судство.мкТомор Морина е уапсен минатата недела, на граничниот премин Блаце, поради распишана потерница од страна на Интерпол.Властите во Србија побараа негова екстрадиција бидејќи го сомничат за злосторства врз цивили на Косово.

Македонија | пред 6 години

mkd-429191

Министри, пратеници, градоначалници и една „специјална“ - Каква е мрежата на чело со Боки 13?

Досега во Основното јавно обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“ изјави дале десетина бизнисмени, двајца градоначалници, адвокати и бројни други посредни и непосредни сведоци во рекетот на првиот човек на 1ТВ Бојан Јовановски. Во целата мрежа на Боки 13 била вклучена и неговата невладина организација Меѓународен сојуз преку која исто така се извлекувале стотици илјади евра и се пробувало да се добиваат маркици за изградба на објекти за социјална намена.На 25 декември 2017 година Бојан Јовановски, основач на невладината организација Меѓународен сојуз – Скопје (организација за изградба на т.н. европски центри за возрасни лица и мобилни сервиси на териториите на македонските општини), потпишал Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски, потпишан од министерот Горан Сугарески, објави Плусинфо.За време на сите овие контакти Боки 13 никогаш не заборавал да каже дека е добар пријател со Катица Јанева, некаде дури и директно да ѝ се јави и на спикерфон отворено да побара помош доколку бизнисменот бил директно или индиректно замешан во некои од случаите на СЈО.Специјалната јавна обвинителка за ова изјавува дека била злоупотребена, но останува прашањето кој и зошто ја штити Јанева.Плусинфо пишува дека една од клучните личности во овој случај може да биде и јатрва на една наша многу моќна и позната политичарка.

Македонија | пред 6 години

policija-2-1

Нова тешка сообраќајка меѓу автобус и комбе кај Велес: Еден загинат, пожарна извлекува патници

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 20:20 часот на магистралниот пат Велес – Штип кај приклучокот за Ново Село при директен судар помеѓу комби и авотoбус. Како што информираше Верољуб Додевски од СВР Велес, има еден загинат и повеќе повредени кои со возила на брза помош се пренесуваат во Општата болница во Велес.На местото на настанот имаат и екипи од противпожарната единица кои ги извлекуваат повредените од автобусот. Полицијата врши увид на местото на настанот.

Македонија | пред 6 години

02.08iliden-krusevo-fokus

Се прават ли напори да не се одржи паралелната прослава во Крушево?

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Вевчани на социјалната мрежа фејсбук објави статус во кој пишува дека полиција го барала дома, за да прашаат дали ќе оди во Крушево на паралелната прослава за Илинден.Еве што напиша Влајнкиноски на ФБ:Денес во Вевчани ме барала полиција. Пошла кај брат ми и го прашувале кај сум бил јас. Тој им кажал дека сум на работа. Ги прашал и за тоа, која е причината што ме бараат.Му рекле ме барале за да ме прашале дали ќе сум одел во Крушево и дали сум организирал одење во Крушево.Јас: И да одам и да не одам, тоа е мое право!Ѐ ова е таа полициска и заробена држава! Ова се тие удбашко - комуњарски методи со ограничување на основните слободи и права!Ова е класично ограничување на правото на слободно движење кое се гарантира воУстав на РМ, член 27Секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалишт, напиша, Влајнкиноски на ФБ.

Коментари | пред 6 години

zracenje

Откриено е од каде пристигнала мистериозната радијација во Европа

Пред две години Европа била озрачена од висока концентрација на радиоактивен материјал, кој за среќа не бил штетен по здравјето на луѓето ширум европскиот континент.Изворот на таинственото радиоактивно зрачење од 2017-та година кое ја зафати цела Европа сепак доаѓа од Русија, а радиоактивните траги водат до нуклеарна постројка во јужните делови на Урал во Русија, потврдува најновата студија, објави вечер.мк.Како што пренесува „Индепендент“, научниците анализирале повеќе од 1300 точки со податоци ширум светот за да го пронајдат изворот на огромното радијациско протекување кое што на територијата на Европа донело 100 пати поголемо зрачење од катастрофата во јапонската нуклеарна централа Фукушима во 2011-та година. Текстот во целост на: vecer.mk  

Македонија | пред 6 години

logo1tv

1ТВ од денеска повторно почна да емитува инорфмативна програма - велат работиме на волонтерска основа

Телевизијата 1ТВ од денеска повторно почна да емитува инорфмативна програма. Од телевизијате велат дека публиката од нив барала да се вратат. Додаваат дека  одлучиле овој предиод да работат на волонтерска основа.-Кога пред петнаесетина дена се обелодени аферата „Рекет“, во нејзиното средиште се најде Бојан Јовановски, човекот кој ги застапуваше сопствениците на 1ТВ. Во неделата по неговото приведување, 1ТВ продолжи со висок степен на професионалност, да известува за скандалот што ја тресе политичката и општествената сцена во Македонија. Да нема сомневање: Разочараноста и сомнежите кај целиот тим на 1ТВ беа големи, пред се заради големиот креативен напор и енергија што се вложија во создавањето на најбрзо растечкиот телевизиски бренд во Македонија во годината зад нас. Минатата недела, пак, менаџментот на телевизијата и нејзините вработени, после низа состаноци и внатрешни дебати во телевизијата, решија да заминат на колективен годишен одмор, во исчекување на понатамошните политички и правосудни разврски на скандалот. А потоа уследи нешто што сите не изненади – бројни јавувања и реакции од вас, нашите гледачи, со барања 1ТВ да ја продолжи својата програма, која во изминатата година на еден иновативен и професионален начин ја освежи и ја „разбуди“ македонската медиумска, особено телевизиска сцена, како што тоа одамна не се случило во медиумскиот простор на државава. Затоа деновиве решивме повторно да се вратиме во информативниот телевизиски етер и да продолжиме, врз волонтерска основа, да создаваме неколкучасовна дневна информативна програма, се додека технички услови ни го овозможуваат тоа. Им благодариме на колегите уредници, новинари и другиот технички кадар од телевизијата кои ни се придружија во овој зафат без преседан во историјата на македонските медиуми. Ќе продолжиме да го правиме она што најдобро го знаеме: да ви ги проследуваме и контекстуализираме информациите преку нашите дневно-информативни и дебатни содржини на начинот со кој во изминатата година ја освоивме вашата висока и, за нас, скапоцена доверба, велат од телевизијата. 

Македонија | пред 6 години

dejan

Благодарение на хуманоста на граѓаните Дејан наскоро излегува од болница како победник

Се сеќавате на Дејан кој имаше отворени броеви за донирање, кој роденденот го дочека во болница наместо дома, кој побара поддршка од сите нас и ја доби? Сигурно се сеќавате. Донациските броеви се затворени, бидејќи потребните парични средства се собрани.Во понеделник беше опериран како последен чекор после макотрпните 4 месеци со хемотерапии. Дејан наскоро излегува како победник и го очекуваме да ни се врати жив и здрав и ова да биде само едно минато и една борба од неговиот живот, во која тој излезе како победник!Дејан и неговото семејство Ви благодари за несебичната поддршка и помош, за секој ваш пост и донација! ❤https://www.facebook.com/humanastrana/photos/a.920944574614821/3101229723252951/?type=3&theater

Коментари | пред 6 години

gruevski-mala

Груевски со мега удар до Заев и Шилегов: Јас ќе пливам некако, ти уживај во тонењето по рекетот

Екс премиерот Никола Груевски повторрно се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук. Груевски на својот профил напиша:...она кога донесен на позиција со задача, со задоцнување кое трае многу подолго од мајтапот на “Порошенко” ќе почне да капира дека паѓа од власт, па паниката ја прикрива со обид пред камерите да биде вицкаст, а гневот и омразата ја изразува преку експресно активирање на нови незаконски и наменски креирани обвиненија лансирани преку судот, диктирање соопштенија кои ги пушта партијата и изјави на портпаролот...Јас ќе “пливам” некако, а ти “уживај” во сопственото тонење после рекетот, крадењето и предавстсвата, заедно со оној градоначалникот полн со “млеко”...Еве ако сакаш да ти помогнам за следното соопштение, обвини ме дека јас, а не ти сум кроел стратегии и организација за систематски државно организиран рекет со милионски суми во канцеларија заедно со Боки, и дека Кики и Фрики биле функционери на ВМРО, а не на СДСМ.Кажи дека “специјалната” јас ја подучив како предупредувачки да те скочани и замисли да не се најдеш кај Боки пред неа. Кажи и дека оној на Фрики во УБК јас сум го врбувал за да те потсети на некои работи, а дека Кики кој ти беше маша за партиски вработувања и рекет всушност цело време бил навигиран од мене.

Коментари | пред 6 години

slika-1-1

Трипуновски: Го повикувам Заев да ја види реалната ситуација во која што се наоѓа македонското земјоделство

Денеска бевме сведоци каде премиерот Зоран Заев на една наместена и фингирана ситуација ја промовираше мерката „Зелена нафта“. Квази мерката „Зелена нафта“ која што неколкупати потенциравме дека е фиктивна и дека нема реално да ги реши проблемите на македонските земјоделци,истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Јас ги повикувам премиерот Зоран Заев и неговиот министер заедно да појдеме во било кој крај на Република Македонија и да ја видиме реалната ситуација во која што се наоѓа македонското земјоделство.Оваа е сликата позади мене која што е реалната и вистинската ситуација во Република Македонија. Позади мене гледаме фрлени праски кои што земјоделците не можат да ги предадат на откупувачите. Затоа што првин нема откуп, а второ нема н цена.Јас го повикувам премиерот Зоран Заев заедно со неговиот министер да одговорат према македонските земјоделци, према македонската јавност каде се сите проекти кои што ги ветуваа во предизборието, во 2016-та година?Каде е гарантниот фонд? Нели ќе се тепаа откупувачите за повисоки откупни цени и сигурен пласман?Да одговори премиерот Зоран Заев заедно со неговиот министер, зошто мерката „Млад земјоделец“ доцни веќе една година? Мерка која што треба да ги задржи младите луѓе во Република Македонија. Да одговори зошто се доцни со ИПАРД програмата и реализацијата на повиците? Да одговори зошто субвенциите се стопирани? Да одговори зошто на производителите на јаболка не им се исплаќа дополнителните 5 денари ветена субвенција? Да одговори почитуваниот премиер Зоран Заев зошто на оризарите, на сливарите од Радовишко и Малешевијата доцни исплатата на дополнителната субвенција? Да одговори премиерот Зоран Заев зашто го донесоа во колапс македонското земјоделство?Почитуван Заев, ако сте толку сигурни во вашите успешни т.н. проекти ајде да излеземе на избори и македонскиот земјоделец, македонските граѓани нека ја кажат правата слика.Македонскиот земјоделец и македонските граѓани нека оценат дали вашите проекти се успешни или не. Охрабрете се и конечно да излеземе и да се соочиме со македонскиот народ, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.  

пред 6 години

janeva-pak

Не постои оставка на специјалната обвинителка Катица Јанева се додека таа не биде писмено доставена

Не постои оставка на специјалната обвинителка Катица Јанева се додека таа не биде писмено доставена до Советот на јавни обвинители, сметаат експертите. Од друга страна, ако оставката стане ефективна, без Јанева не постои ниту Специјалното јавно обвинителство и во август не можат да продолжат судењата по десетината преостанати предмети што СЈО ги води пред судовите, па некои експерти сметаат дека треба веднаш да се бира нов специјален обвинител според актуелниот закон за СЈО, објави slobodenpecat.mk.Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев вели дека до Советот нема доставена оставка од специјалната обвинителка Јанева.– Ние не можеме да ја констатираме оставката само врз основа на нејзината усна изјава. Треба да ја имаме написмено. Ако сака навистина да даде оставка, се знае како се дава според законот – вели Штерјев за „Слободен печат“.Текстот во целост на: slobodenpecat.mk

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Талевски: На објавената снимка од членовите барам да не прават ништо незаконско

Дозволете во интерес на вистината, да изнесам неколку факти поврзани со денешната таканаречена петарда, која ВМРО-ДПМНЕ си ја испука во сопствената рака.  ДПМНЕ прави очајнички обид да ја дефокусира јавноста од аферите во кои е инволвиран Христијан Мицкоски, продолжената рака на Никола Груевски. Денешната снимка самата покажува на јавноста што значи одделување на партијата и државата,  истакна Миле Талевски, претседател на ОО Прилеп.Станува збор за снимка направена на партиски состанок, во партиски простории, во предизборие, кога се бара глас повеќе од граѓаните како и во секоја друга кампања. Повторувам, Јас и Горан Сугарески, на тој редовен состанок во партијата, сме во улога на партиски функционери кои одржуваме партиски состанок во партиски простории, надвор од работно време. Тоа е сосем спротивно од времињата на мвро-вмро, кога во институциите се држеа партиски состаноци и се малтретираа вработените.На снимката јасно се слуша дека ги повикувам нашите членови, независно каде се вработени, да работат исклучиво согласно закон,  професионално, чесно, без најмала доза на ароганција, и сето тоа во интерес на граѓаните.   Јасно велам "не барам да се прави ништо незаконско".Во инструкциите кон партиските членови нема ништо негативно, насочено ниту против граѓаните воопшто, ниту против нивни-колеги од други политички опции.Напротив, се бара од оние што се вработени во институциите, а се партиски членови, да покажат, пристојно, достоинствено однесување, поголема достапност и да им се излезе во пресрет најмногу на барањата  граѓаните. Во насоките за партискиот ангажман во ниту еден момент не се спомнува активност во работно време, или користење на институциите за партиски активности и нивна злоупотреба за такви цели.За разлика од нас, таквите пораки беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ, како што впрочем целата македонска јавност слушна како Координаторт на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески на партиски состанок оддржан во прилепската болница во која тој беше директор, им се заканува на вработените и им вели, цитирам:  „Никој овде не е вработен од што е многу способен, туку од што е партиски член“.ВМРО-ДПМНЕ лажно тврди дека јас експлицитно им кажувам на вработените дека во текот на изборите наместо на работата за која се платени во болницитe ќе треба да се посветат на партијата.Напротив, им кажувам да се однесуваат „максимално професионално и одговорно на нивните места“, им кажувам „Немојте да се однесувате во институцијата пред се непрофесионално и арогантно.На снимката нема ниту збор за уцени, закани, или  било какви условување по работно место.Тоа од мене и од СДСМ никогаш и никаде ниту било кажано, ниту некогаш ќе го слушнете. Тоа не беше случај со ВМРО-ДПМНЕ во чии разговори слушнавме како се закануваат со ендеци, хилти, пиштење – вриштење, палење ресторани.Потенцирам уште еднаш, на снимката јасно потенцирам дека од партиските членови не барам да прават ништо незаконско, за разлика од претходната власт која на избори праќаше насилници од МВР, која рекетираше фирми, зборуваше за влечење гласачи за уши и врат, истакна Миле Талевски, претседател на ОО Прилеп.

пред 6 години

zname

Од пејач било побарано химната да ја пее без Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански

На социјалните мрежи објавен е статус на кој пишува дека за Илинден на прославата во Смилево од пејач било побарано да ја испее македонската химна , но без строфата каде што се Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански.  Еве го статусот во целост:„Ова е Марко.Му се јавиле од организациониот одбор на Марко, да ја испее химната по повод празникот Илинден на прославата во херојското село Смилево.Меѓутоа, тука имало и едно дополнително барање.Имено поради присуството на бугарска делегација на настанот, од Марко било побарано да не ја пее строфата каде што се Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Сандански.Тука за Марко завршил муабетот, им порачал да си побараат друг пеач, зашо тој такваа химна нема да пее.Епа Марко..Епа Марко...Абе дете Македончиште бе....Алал да ми ти е тоа млеко што си го цицнал бе јунак.Жив и здрав да си ми “, стои во објавата на социјалната мрежа фејсбук.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10216294828220839&set=a.4875296477755&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

nefi

(ВИДЕО) Нефи Усеини: „Тврдам и докажувам со документи дека не е дивоградба“

Кој е Нефи Усеини? Како просечниот бизнисмен стана главна полтичка фигура на дуи во Охрид. Го штити ли политиката или од неа има повеќе штета. Нефи Усеини во ексклузивно интервју за тв 24 вели: Се случува политички атентат врз мене и тоа што го работам – ако треба да се руши мојата пицерија – нека се руши, истакна Нефи Усеини за 24.мк.

Македонија | пред 6 години

75B33C8A-D3D6-4566-A340-7FA87894A54B

ВИДЕО: Сведоци тврдат дека Усеини не го тепал професорот Илјази

Во меѓувреме, друга верзија на настаните од вчера, кога универзитетскиот професор Илјаз Илјази тврдеше дека бил истепан од Усеини.[embed]https://m.youtube.com/watch?v=tqL6Y2JCTUU[/embed]

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Американец параглајдерист паднал на автомобил во с. Љубаништа – пренесен е во болница

На 30.07.2019 во 15,34 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Љубаништа, охридско паднал параглајдерист. Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15,20 часот при слетување на плажата со параглајдер Д.J.Р.(57) од САД, паднал на патничко моторно возило марка„Мицибуши“ со скопски регистарски ознаки. Д.Ј.Р. со возило на итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

ok-vmro-dpmne

Разрешен ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид, еве ги новите членови

На предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев, а со одлука на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, информираме дека Општинскиот комитет на партијата е освежен со 11 нови искусни лица кои се дел од општествениот живот со нивната професионалност и препознатливи со своите досегашни активности.На местото на досегашните членови, адвокатот Мишел Наумовски, доктор Хари Шокарески, проф доктор Цветко Андреески, Др. Кољчо Грозданов и други, доаѓаат?Наум Јамандиев - Факултет за физичка кулура-Професор по физичка култураМарија Смилески - Филозовски факултет - дефектологијаКлимент Наумов - Докторант на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, Туристички водичДаниела Ристова - Дипломиран филолог, професор по рускиГрација Бакраческа - Доктор, стоматологГоран Стојаноски - АктерАна Димитрова - Дипломиран правникРисте Јанкоски - Факултет за физичка кулура, Професор по физичка култураГоран Ѓоргиески - Економски факултетМетодија Анѓелкоски - Дипломиран информатичарАнтонио Раткушиноски - Економски факултетОд ОК на ВМРО ДПМНЕ велат дека целта е што повеќе членови да бидат дел од креирањето на политиките, да се запознаат со активностите и да се вклучат во работата на партиските структури давајќи дополнителна енергија на останатите членови на општинскиот изборен штаб целосно подготвени за претстојните избори.Познатиот адвокат Мишел Наумоски кој беше досегашен член во Ок ВМРО ДПМНЕ за Скопје 1 вели:„ВМРО ДПМНЕ е најсилната политичка партија. Моите ангажмани продолжуваат како застапник на таа идеја во контекс на имплементирање на идеите и програмата на ВМРО ДПМНЕ и победа на следните парламентарни избори. На новиот општински комитет му посакувам успех и да биде прагматичен репзент на идејата на ВМРО ДПМНЕ“, вели Наумоски. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кривична пријава за лицето кое објави заканувачка содржина на ФБ

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.Д. (46) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ по чл.144 ст.4, предвидено и казниво според Кривичниот Законик на Република Северна Македонија. Пријавениот Д.Д. по пат на информатички систем користејќи ја социјалната мрежа Фејсбук, на 23.07.2019 и 24.07.2019 година објавил содржини со заканувачка содржина. Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР постапува уште по десетина вакви и слични случаи, за кои во текот на утрешниот и наредните денови ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 6 години

mars-ilinden

СДСМ како ВМРО-ДПМНЕ: Се прават списоци со членови кои мора да одат во Крушево за Илинден

Се е подготвено за прославата на најголемиот национален празник Илинден кој годинава се одбележува под мотото „Сите сме деца на Илинден“. Но, дали има интерес од граѓаните да присуствуваат на настанот.Дознаваме дека веќе неколку дена се прават списоци со партиски членови од СДСМ кои мора да присуствуваат на прославата. Ваков налог добиле локалните самоуправи кои своите вработени, но и вработените во Јавните претпријатија треба да ги наговорат дека мора на 2 ри август да бидат во Крушево. За да се тече беспрекорно, организирани биле и автобуси од сите општини. Но, дали колку вработените ќе бидат послушни останува да видиме.Инаку Владата ја објави програмата за прославата во Крушево. Истата ќе започне вечерта на 1 август на Гумење со церемонија за започнување на „10 дена Крушевска Република“ која ќе биде заокружена со богата музичка програма.Свеченото одбележување на 116-годишнината од Илинденското востание и 75-години од Првото заседание на АСНОМ продолжува на 2 август, кога на Мечкин камен ќе биде одржана Централната свеченост по повод државниот празник Ден на Републиката – 2 Август, Илинден.На свеченоста ќе се обрати Зоран Заев, по што е предвидена свечена културно-уметничка програма.Но покрај оваа Владина прослава, годинава на истото место ќе има уште една. Иницијативниот одбор за македонската прослава на Мечкин Камен најавува паралелна прослава на националниот празник Илинден на 2 август.На Мечкин Камен ние Македонците ќе имаме своја бина, свое озвучување, своја програма, свои настапи, пишува во објавата во која уште се вели: “Нема да бидеме дел од прославата на северџаните туку ќе ги исвиркаме”.Во другиот дел од објавата, пишува:“Затоа ве повикуваме да дојдете во што поголем број со знамињата македонски, не со вентилатори. Со себе понесете и труби и разни свирчиња. Инаку свирчиња ќе се поделат и на Мечкин Камен. Не наседнувајте на било какви провокации и заплашувања, не ни можат ништо. Да ги пречекаме македонските коњаници на наша прослава. Македонија е на Македонците. Никогаш северна , само Македонија Се гледаме на Илинден на Мечкин Камен во 11.00 часот на македонска бина, на македонска прослава”. 

Македонија | пред 6 години

bektesi

Владата ќе субвенционира купување нови возила

Министерот за економија, Крешник Бектеши, соопшти дека ако некој сака да го замени старото возило со ново, ќе има можност да добие Владина субвенција од 2.000 до 3.000 евра. Според него, критериумите за поддршката се уште не се дефинирани, но веројатно ќе базираат на приходите во семејствата.„Ако има ребаланс на Буџетот реализацијата на оваа и останатите планирани мерки ќе почне годинава, а ако не, тогаш средства ќе се обезбедат догодина и имплементацијата ќе стартува од 1 јануари 2020“, рече Бектеши.Тој појасни дека нелогично би било некој да купи возило вредно 30.000 или 40.000 евра, а да добие субвенција. 

Македонија | пред 6 години

Boki-13-Zoki-Kiceec

По Боки 13 и Зоки Кичеец заврши во болница

Попладево, Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец бил пренесен на Клиника за дигестивна хирургија од затворот во Шутка, дознава Телма.Од Кривичен потврдија дека на барање за затворскиот доктор бил одобрен преглед на Милески, и тој веднаш бил вратен во затворот. Но, засега не се открива какви здравствени проблеми има Милески.

Македонија | пред 6 години

spasovski-21

Спасовски за Нефи Усеини: Тој се однесува крајно насилнички

Министерот за внатрешни работи одговарајќи на новинарско прашање рече дека однесувањето на Нефи е недоговорно, а него го прогласи за насилник. Реакцијата на Спасовски следува откако против Усеини учествуваше во неколку инциденти во Охрид.„Тоа е состојба на еден човек кој се однесува крајно неодговорно и насилнички. Знаете дека за еден од случаите, нападот на советник, веќе има поднесено кривична пријава за насилство до јавното обвнинителство. Постапено е и по овој случај. Повикан е во станица, земена е изјава во станица“, рече Спасовски. 

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Поставувањето и поклонувањето на Заев пред споменик на бугарски полковник е голем срам за Македонија

Единствена Македонија пред три дена ја информираше јавноста дека во Македонија е донесен споменик на бугарскиот полковник Константин Каварналиев кој треба да се постави во Дојран со што Зоран Заев и преку туѓи војсководци ја брише Македонија и Македонците, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Денес дојде потврдата дека споменикот на Кавараналиев веќе е поставен, а Зоран Заев утре во Дојран со бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе се поклонат пред споменикот на бугарскиот полковник.Единствена Македонија го прашува Заев дали знае дека подигнува и се поклонува пред споменик на личност која бил претставник на политиката што имала за цел да ја подели Македонија и нејзино распарчување и уништување.Споменикот на Карневалиев ќе покрене лавина барања од Србија и Грција кои би сакале да подигнат споменици и на нивните команданти што војувале во Македонија.Во составот на бугарската војска во Балканските и првата светска војна имало околу 30.000 Македонци, голем број имало и во српската и грчката војска поради тогашните историски околности а за сите тие војници нема ниту еден споменик, а се согласуваме да се гради споменик на офицер кој ја претставувал големобугарската политика.Зоран Заев со секој чекор нанесува немерлива штета по угледот на Република Македонија. Лудилото на марионетската власт во Скопје мора да престане. Зоран Заев ќе биде катастрофално поразен на следните парламентарни избори кога и да се одржат. Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ќе ги отстрани сите споменици на антимакедонска основа, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

пред 6 години

bomba-1

ВМРО ДПМНЕ објави „бомба“ за тоа како СДСМ ја злоупотребува државната администрација за партиски цели

ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати алармираше и пријавуваше нерегуларности во врска со последните претседателски избори. Јавното обвинителство и другите надлежни институции не собраа храброст да се ослободат од притисоци и да постапат по наводите за злоупотреба во институциите.Разговорот од состанокот во Прилеп, покажува дека СДСМ најбрутално политички ги злоупотребува дури и болниците, играјќи си со животот на пациентите и со персоналот, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Скандалозно е да се помисли кои се тие политички задачи што треба да ги изврши медицински персонал во една болница. Дали тоа значи уцена за гласови упатени кон пациентите или уцени кон колеги кои треба да пружат здравствени услуги на пациентите?СДСМ ги злоупотребува институциите за вработување на партиски активисти, кои потоа наместо извршување на работата за која се платени, работат за партијата  за време на избори, агитираат и собираат гласови.СДСМ ја злоупотребува државната администрација за партиски цели. Наместо во институциите, вработените од СДСМ во администрацијата работат за партијата.Од аудио снимката која е пуштена во интернет просторот, се слушаат гласовите на Миле Талески, претседател на општинската организација на  СДСМ во Прилеп и Горан Сугарески, министер за транспорт и врски на состанокот со нововработените во прилепската болница. Тие директно им кажуваат и им даваат задачи дека сите нововработените како надомест за добиеното работно место мора да истрчаат за партијата на изборите. Во конкретниот случај треба да истрчаат за Стево Пендаровски.На снимката се слуша на каков начин се принудувани да гласаат граѓаните за Стево Пендаровски, со притисоци од страна на администрацијата.Слушнете дел од снимката која е емитувана на Јутјуб, а на која се слуша гласот на претседателот на прилепскиот огранок на СДСМ, Миле Талески.Почитувани,На ваков начин работи и функционира СДСМ. Вработените во време на СДСМ, како надомест за нивното работно место, мора да работат за СДСМ и Стево Пендаровски.Талески директно, експлицитно им кажува на вработените дека во текот на изборите наместо на работата за која се платени во болниците ќе треба да се посветат на партијата.Ова е начинот на кој функционира СДСМ за  време на претседателските избори, ова е начинот на кој функционира СДСМ за време на секои избори. Токму затоа и во извештаите на странските релевантни институции и организации се посочува на партизација и политизација на администрацијата.Со сите закани, притисоци и злоупотреба на администрацијата, комплетно се согласува и министерот Горан Сугарески, чиј што глас ќе го слушнеме во продолжение.Потребна е итна и неотповиклива оставка од Сугарески. Како и итна реакција на Јавното обвинителство. Бараме владата која одамна веќе нема кредибилитет итно да си даде оставка, да го распушти Парламентот, да се распишат предвремени парламентарни избори и да имаа одговорност, како за овој така и за сите преостанати случаи на криминал, корупција и злоупотреби кои се направени во изминативе три години од СДСМ и Зоран Заев на чело, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.  

пред 6 години

Naum-PRESS-3107

Стоилковски: Што уште треба да се случи за Русковска обвинителството да влезе во СЈО на Катица Јанева и да изврши претрес?

Што знае Катица Јанева за Зоран Заев и неговите крими соработници па јавното обвинителство не смее да ја осомничи и да ја приведе Јанева? Колку се загазени во криминал и рекет Зоран Заев, втората дама на невладината Ременски и останатите функционери на СДСМ кои што се фотографираа и го поддржуваа Боки 13?Што уште треба да се случи за Русковска обвинителството да влезе во СЈО на Катица Јанева и да изврши претрес?Да почнеме од последниот случај, во СЈО се врши „трајно бришење на компјутери“ со цел безбедносно отстранување на евентуално зачуваните разговори. Ова значи дека со налог на Катица Јанева неповратно се избришани информациите за „сообраќајот“ – кој, кога и што работел на тие машини, на тие компјутери, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Дали со одложувањето на акцијата на Русковска обвинителството се купува време за Катица Јанева, да избрише докази или да влијае врз сведоци?Впрочем дека нешто се прикрива, а за тоа Русковска обвинителството молчи, доказ е и телефонот на Катица Јанева. Тој прво беше пријавен за изгубен во Белград, па потоа мистериозно пронајден кај девојката на синот на Јанева, за сега да се утврди дека бил целосно форматиран, односно од него се избришани сите податоци кои можеле да бидат дел од истрагата. Патем идната снаа на Јанева која што го поседувала телефонот била дел од структурите СЈО на Јанева.Очигледно дека не само што цело СЈО е ангажирано за бришење на трагите на вмешаност на Катица Јанева во „Рекет“, скандалот октопод, туку гледаме дека и обвинителството на Русковска при очи не прават слепи и случајот од петни жили се обидуваат да го ограничат само на двајцата осомничени Бојан Јовановски, Боки 13 и Зоран Милевски, наречен Кичеец.Да потсетиме дека Катица Јанева подигна и крајно сомнително боледување од докторка чиј што сопруг е исто така вработен во СЈО.Почитувани,Врти, сучи - сите индиции покажуваат дека покрај Катица Јанева веројатно речиси цело СЈО знаело за рекетарските активности кои сега на секаков начин се обидуваат да ги избришат. Тоа за жал се уште не е доволно Русковска обвинителството да влезе во СЈО, да приведе осомничени и да заплени доказен материјал.Русковска обвинителството ја прави јавноста недоветна. Две недели откако се отвори случајот се уште уапсени се само Боки 13 и Кичеец иако сите знаат дека висок обвинител на звучник учествувал во изнудата и во рекетот. Јавноста знае дека Боки 13 рекетот немало да го изнудува доколку зад него не стоеле високи обвинителски структури од СЈО и високи функционери од владејачката СДСМ.Провиден е обидот со тенденциозно водење на предметот да се заштитат лицата кои се дел од власта на Заев. Доволно е само да се испита невладината организација на Боки 13 и да се влезе во СЈО и целата рекетарска мрежа ќе биде разоткриена. Само така ќе се дознае за сите ликови од рекетарските приказни во јавноста и за Кики, Фрики, и Шеки, и Раки и многу други. Но стравот на Русковска обвинителството е веќе кристално јасен, дека ако професионално истражува постои можност да утврди дека сите рекетарски патишта на крајот може да доведат до највисоко, односно до премиерот Зоран Заев, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања