Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

1-IMG_0512

На барање и во договор со граѓаните, се гради нов паркинг во Железара, општина Гази Баба

Општина Гази Баба се грижи за потребите на граѓаните. На барање на жителите од кула број 45 и со нивна дозвола, се гради нов паркинг простор на улица Душан Тасковиќ во Железара. Овој паркинг кој е предвиден со ДУП-от донесен во 2016 година, ќе беше изграден уште пред една година, кога за прв пат стигнаа барањата од граѓаните од повеќе кули и тоа со број 42, 45 и 49, но поради несогласувања помеѓу нив, изградбата се стопираше.Иако имаа согласност за градба од куќните совети, сепак граѓаните подоцна се разидоа во ставовите дали да се гради паркинг простор или не и сите градежни активности градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски веднаш ги стопира се додека не се договорат меѓу себе. Сепак, на своето барање останаа само станарите од кула број 45 за чии потреби сега се гради овој паркинг.Откако се доставени потписи од станарите на кула број 45, општината ги активираше градежните работи за изградба на паркинг просторот пред кулата.Во моментов, паркинг просторот е расчистен и тампониран, поставен е систем за апсорбирање на атмосферски води, а во наредните денови ќе биде и асфалтиран. Овој паркинг простор ќе обезбеди место за вкупно 60 возила.Општина Гази Баба во договор со станарите од кула 45 презема обврска хортикултурно да го уреди просторот околу паркинг просторот, со засадување на нови дрвца и садници.

Скопје | пред 6 години

67792884_2459168764317295_3579568109767360512_n

ГДУ-Штип: Не сакаме меѓународен срам за Штип

Благодарност до локалната самоуправа за брзата и експресна реакција. Знамето одново се вее. Повеќе не е на половина јарбол. Еден убав пример како една одговорна власт се грижи и експресно ги решава проблемите. Во тој контекст би сакале да ви укажеме дека одговорна власт исто така се грижи и за спомениците поготово од холокаустот, како на земја -партнер, во овој случај на Израел, се вели во соопштението од ГДУ Штип.Повеќе од два месеци споменикот на депортираните Евреи е осквернавен со измет од птици и 511 имиња и презимиња на депортираните Евреи не се ни гледаат од птичјиот измет. Доколку власта е презафатена со големи проекти и нема време за грижа на спомениците, ние од ГДУ би направиле акција за чистење на споменикот, во духот на добрите односи помеѓу Македонија и Израел. Со тоа сакаме да спречиме и мега скандал и името на Македонија по којзнае кој пат да се најде на светските медиуми како топ тема во негативен контекст.Слободно кажете дали да го исчистиме споменикот, за знамето сами не можевме, случајно да не прекршиме некој закон. Но за чистење на споменикот на Евреите ви стоиме на располагање. Само еден пријателски совет. Кој како се грижи за пријателите обично и тие така се грижат за него. Израел е пријател на Македонија но Македонија освен со зборови да се обиде да биде и со дела пријател на Израел.Ова е веќе втор случај, на 01.03 2013 година, истиот беше вандализиран и никој не понесе одговорност за тоа, за денеска пак да биде осквернавен и оставен од невнимание и негрижа, се вели во соопштението од ГДУ Штип.  

пред 6 години

ajkula-1

Ајкула забележана близу плажа кај Валона

Туристите на плажата кај Дерми во Албанија, биле изненадени кога во непосредна близина забалежале ајкула. Кога им се доближила, тие биле во морето, објавуваат албанските медиуми.  Месноста Дерми се наоѓа на 42 километри јужно од градот Валона. Откако бил вклучен алармот од чуварите на плажата, сите излегле од водата.Настанот го снимиле капачите и го објавија на социјлните мрежи.https://www.facebook.com/joqalbania/videos/460901904642309/?v=460901904642309

Свет | пред 6 години

zaev-nafta

ФОТО: Заев се вработи на бензиска пумпа, ќе точи гориво, вели јавноста

Премиерот Зоран Заев во Битола точеше нафта во трактор, со цел да ја промовира мерката предвидува државата да покрива 30% од трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација.Фотографијата стана хит на социјалните мрежи, а корисниците се шегуваат дека Заев се вработил на бензиска пумпа.

Магазин | пред 6 години

pronajdoci

Швајцарски научници: Регионот на Охридското езеро е колевка на земјоделството во Европа

Населбите во непосредна близина и наколните живеалишта на самото Охридско Езеро се нераскинлив дел од процесот на развој на земјоделството во Европа. Луѓето кои живееле на тој простор се занимавале со фармерство и одгледувале житни култури уште пред осум илјади години, така што овој дел од Балканот претставува колевка на современото одгледување растенија за прехрана, односно оттука се бележат почетоците на развојот на земјоделството на европскиот континент.Ова го покажуваат резултатите од истражувањето што изминатите години беше спроведено на неколку локации на остатоците од праисториските населби на Охридското Езеро, преку проектот финансиран од Владата на Швајцарија спроведен во соработка со Универзитетот во Берн.Професорот Алберт Хафнер од Универзитетот во Берн денеска презентираше дел од резултатите од истражувњата.-На Охридското Езеро има населби од бронзеното време, а дендрохронолошките испитувања на примероци од колци, остатоци од населбите во езерото покажаа дека нивната старост се движи од периодот меѓу 1.400 и 4.500 години пред новата ера, што е доказ дека тука организирано во населби се живеело и пред бронзеното време. Истовремено на локацијата кај Заливот на коските кај Градиште се пронајдени најмалку 12 различни живеалишта, што е потврда дека луѓето тука нашле погодно место за живеење, уште повеќе, погодна почва за одледување растителни култури, рече професорот Хафнер.Тој појасни дека токму во овој дел на Европа, земјоделството го бележи процесот на адаптација на житните култури од оние видови карактеристични за суви и топли краишта како Анадолија и Блискиот Исток кон култури карактеристични за земјоделство во поумерена клима и повлажна почва.Гоце Наумов од Центарот за истражување на праисторијата при Музејот на Македонија што е дел од проектот, изрази задоволство од спроведените истражувања истакнувајќи дека голем дел од резултатите  од испитувањата дополнително ќе се објавуваат.-Тековната работа на терен ни покажа нешто сосема ново, нешто што и ние не го очекувавме, податоци што ја поместија хронологијата на локалитетот. Дознавме нови работи за материјалната култура, особено разбирањата за предисториските луѓе, начинот на кој живееле луѓето во овие наколни живеалишта, а беа долго време непознати за нас. Преку ваков голем проект афирмираме нови методи во архелологијата, како што е дендрохронологијата, археоботаниката, други биолошки науки, методи што секако ќе придонесат за осознавање за начинот на кој живееле луѓето тука, но и за средината во која опстојувале, рече Наумов нагласувајќи дека истражувањата ќе продолжат уште неколку години, така што дефинитивно следните години ќе бидат објавени уште попрецизни резултати. Научници од Универзитетот од Берн, заедно со нивни колеги од Македонија, Грција, Германија, Украина, Бугарија, Швајцарија учествуваа во истражувањата спроведени изминатите две години на локацијата Миќов град односно во Заливот на коските на Охридското Езеро. 

Македонија | пред 6 години

bomba-1

ВМРО ДПМНЕ започна со објавување „бомби“

ВМРО ДПМНЕ започна да објавува „бомби“ за власта. Скопје 1 уште во месец јануари објави дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ поседува прислушкувани телефонски разговори во периодот по 2016 година.Во сниманите разговори, генерално се слушаат гласови на актуелни политичари, министри функционери. Темите се поврзани со пазарења за судски процеси, добивање гласови од пратеници, јавни набавки, но и други важни прашања. https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/2360158670729248/

Слајдер | пред 6 години

kostadinov

(ВИДЕО) Костадинов: Секој кој има какви било индиции за сторен криминал тоа да го пријави во надлежните институции

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ одговараше на новинарски прашања. Во интерес на новинарите беше случајот „Рекет“, бараа информација за  градење на тој дом за пензионери, старечки дом во Битола и ред други. Во продолжение прашањата и одговорите.П1: Имате ли коментар за пишувањата на Геровски за вмешаност на  “Меѓународен сојуз” со случајот “Рекет”?Костадин Костадинов: Во оваа држава едно нешто е со сигурност загарантирано. Тоа е слободата на говор, слободата на изразување. Тоа можеме да го видиме и низ призмата на колумните. Секако, не можеме да се базираме на пишани колумни и со тоа, од партијата, од СДСМ, или без разлика од било која друга партија, да даваме соодветни коментари. Јас апелирам и повикувам доколку има било какви индиции, за прекршување на закон, за сторен криминал, соодветно да се пријави во надлежните институции за гонење на криминал. Доколку има, наш принципиелен став, како Социјалдемократски Сојуз на Македонија, дека ќе се оградиме, доколку во транспарентна постапка се утврди било каков сторен прекршок, секако дека ќе постапиме согласно законот и нормално, партиски, согласно Статутот на нашата партија.П2: Колку што знаеме и вие бевте во тој “Меѓународен сојуз”, има ли некаква поврзаност со криминал, како што пишува Геровски?Костадин Костадинов: Во тој тој “Меѓународен сојуз” како невладина, хуманитарна организација, сум бил учесник како почесен член, но добро е да се напомене дека таму членувале и поранешниот Амбасадор на Велика Британија, г-динот Чарлс Герет, таму членувал и нашиот познат кошаркар, Владо Илиевски, и многу други личности, за кои јас ве уверувам, дека во тоа време, не сме имале никакви индиции, дека некој од основачите на меѓународниот сојуз се обидува да стори криминал. Апсолутно го отфрлам сето тоа, а дополнително, доколку има било какви индиции, стојам на располагање на институциите кои што се надлежни.П3: Имавте ли информации за некаква идеја за градење на тој дом за пензионери, старечки дом во Битола?Костадин Костадинов: Од активностите на “Меѓународен сојуз”-Скопје, сум бил присутен на основањето и на уште еден состанок организиран од“Меѓународен сојуз”-Скопје. Од тогаш па натаму, не сме биле свикани ниту на еден состанок и јас не сум во тек, како почесен член, можеби од таа причина и не сум присуствувал на ниту еден друг состанок, ниту пак знам какви активности се договарале во рамките на невладината “Меѓународен сојуз”-Скопје.П4: Се споменува вмешаност на членови на СДСМ, високо раководство. Планирате ли нешто да превземете?Костадин Костадинов: Веројатно дека ова е сомнеж. Јас ги повикувам надлежните институции до крај да ја спроведат целата постапка, во транспарентна постапка. Доколку се утврди било каква одговорност, и од наш член, секако дека сме подготвени согласно и Декларацијата која што донесовме на последниот Централен Одбор и ја потпишавме  како Социјалдемократски Сојуз, апсолутно цврсто стоиме на ставот за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. Без разлика дали станува збор за член или функционер на СДСМ.

Настани | пред 6 години

soobra-meseista-3

(ФОТО) Сообраќајна несреќа кај селото Мешеишта

Предмалку се случи сообраќајна несреќа кај селото Мешеишта во близина на бензиската пумпа. Во несреќата причинета е матријална штета. СВР врши увид на местото на насреќата, по што ќе се знаат причините за истата.

Македонија | пред 6 години

jovanovski-long

Борјан Јовановски: Искрено, мислам дека државата пред сѐ, треба да биде хумана во врска со пасошот на Мијалков

Кривичниот суд во Скопје го одби барањето на Сашо Мијалков да го добие пасошот назад со цел да му биде укажана лекарска интервенција која не се изведува во Македонија.На социјалните мрежи се огласи новинарот Борјан Јовановски кој вели државата да биде хумана во врска со барањето за враќањето на пасошот на Сашо Мијалков заради лекување во странство.„Искрено, јас исто мислам дека државата пред сѐ, треба да биде хумана. Ако постојат инструменти со кои ќе се превенира било каква злоупотреба на дозволата и ако дијагнозата навистина упатува на потреба од тоа, нормално е да се излезе во пресрет“, пишува Јовановски откако на социјалните мрежи се разви дебата во врска со враќањето на пасошот на Мијалков.

Коментари | пред 6 години

kice-zastrelano

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО) ПСИХОПАТ ПУКА ВО КУЧИЊА: Застрелано со куршум и оставено на улица!

На социјалните медиуми се појави фотографија од засрелано куче. Еве што напишаа гневните граѓани ...‼️Ова им се случува во Македонија, Скопје на бездомните кучиња!Некој психопат пука во бебиња-кучиња!Пазете си ги кучињата во реон Пинтија- Драчево, Охис !!!!Кученцето- бебе од 2 месеца кое го барам со денови, за кое молев, постирав, да се згрижи, но никој не се јави од Македонијава и кое за само еден ден, откако првпат го видов исчезна, е најдено застрелано!Го нашле добри луѓе, мајстори од таа околина, кај кои се свртело и кои го засакале и ранеле некои 2-3 дена додека јас насекаде ја барав, за да накрај ја најдат застрелана!🤬Сликата ја направиле чим ја нашле, зашто помислиле како да пријават...Ах душиче мило како не те најдов сите тие денови, која среќа ја имаш ти ангелу! 😰😭Многу ми е жал најмило, ти се извинувам што не успеав да те најдам пред да те убијат. 🥵Одамна веќе, едвај живеам во оваа држава, со психопати и убијци на метар квадратен!🤬🥵ВЕ МОЛАМ, моите ИТНИ АПЕЛИ за ПОМОШ на животни не ги ОДМИНУВАЈТЕ!https://www.facebook.com/izafirovska/posts/10157375563616912

Скопје | пред 6 години

20.4.kamcev

Сведокот Орце Камчев ќе си ги бара назад 1,5-те милиони евра што ги платил за рекет кај Боки 13

Осомничениот во „Империја“ Орце Камчев, кој му дал поткуп од милион и пол евра на Бојан Јовановски за да влијае кај Катица Јанева да се запре истрагата против него, нема да одговара, и покрај тоа што не пријавил навреме за тие пари да бидат обележани.На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК зошто Камчев не пријавил во МВР дека му бил баран рекет од Јовановски, туку побрзал да му плати милион и пол евра за да ја попречи и запре истрагата за него во „Империја“, во Обвинителството велат дека тоа не го сторил зашто немал доверба во институциите. Наводно, се обидувал тоа некако да го пријави, ама не успеал и потплатил кај Боки 13.Првин дал поткуп да не биде кривично гонет зашто наводно немал кај да пријави, а потоа стекнал доверба во премиерот Зоран Заев и кај него пријавил. Тоа го сторил откако поткупот покажал ефект и пасошот му бил вратен.

Македонија | пред 6 години

DSC_2692

Се обновува ООУ ,,Партенија Зографски“ во Кисела Вода

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски изврши увид во активностите за подобрување на условите на учениците и вработените во ООУ ,,Партенија Зографски“.На третиот спрат во училиштето се работи на целосна реконструкција на тоалетите. Во моментов, во нив се поставуваат нова водоводна инсталација и канализациска мрежа, нови чучавци и казанчиња, подни и ѕидни плочки.Се работи и на адаптирање на нова училница која ќе биде целосно обложена со гипс картон. Во истата ќе се изработи нова електрична инсталација, ќе се постави ламинат, а старите дрвени прозорци ќе се заменат со нови. Една училница опремена е со нови 15 училишни клупи и 30 столчиња. Во тек е молерисување на влезниот хол, скаличниот простор и првиот спрат.Со цел за подигнување на квалитетот на хигиената во просториите на училиштето, извршена е набавка на нова машина за чистење на под.Покрај ова, во училишниот двор Општина Кисела Вода изработува детско игралиште кое предвидено е во временскиот период од 08:00 до 17:00 часот да го користат најмладите ученици, а од 17:00 до 21:00 часот да биде отворено за сите деца. Дворот збогатен е со нови садници украсен чемпрес. Во ООУ ,,Партенија Зографски“ новата учебна година настава ќе посетуваат 520 ученици.Согласно заложбите на градоначалникот Филип Темелковски, Општина Кисела Вода продолжува да работи во насока на подобрување на условите во училиштата.

Скопје | пред 6 години

sead-kocan

Кочан не се појавил во затворот, полицијата го бара за да го однесе

Бизнисменот Сеад Кочан не се појавил во затворот Идризово, за каде доби упатен акт, каде треба да ја одлежи затворската казна, пишува „А1он“. Според нивните информации, рокот истекол вчера на полноќ. Во тек е постапка за пронаоѓање на Кочан и негово спроведување во затворот Идризво.Целот текст прочитајте го тука. 

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

Продолжениот празничен викенд Охрид исполнет во целост, забава за сечиј вкус

Продолжениот празничен викенд веќе по правило го означува шпицот на летната туристичка сезона во Охрид и на охридското крајбрежје. Хотелските сместувачки капацитети се исполнети во целот од почетокот на сезонава, а хотелиерите и оние кои нудат приватно сметување велат дека веќе се резервирани капацитетите до крајот на сезоната.Редовно за Илинденските празници посетеноста на Охрид значи и богата кутурно-забавна понуда, со содржини за сите вкусови и генерации. Покрај редовната програма на „Охридско лето“ која по правило за празникот и за роденденот на фестивалот 4 август нуди издвоени содржини, како гостувањето на рускиот театар „Караганда“ со претставата „Сон на летната ноќ“ на Шекспир на 2 август и концертот на дуото Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на 4 август.Одлична посетеност најавија и организаторите на концертите во рамки на „Ohrid calling“ што ќе се одржува наредните четири дена, во чии рамки ќе настапат бројни врвни имиња од светската електронска забавна сцена. Според продажбата на билетите, се очекува во Охрид само за концертите на „Ohrid calling“ да присуствуваат околу 50 илјади посетители.Празничните денови закажани се и концерти на „Некст тајм“, Жељко Јоксимовиќ, забавата на зајдисонце на 3 август во рамки на првото издание на „Аманет“ фестивалот и многу други забавни содржини.

Македонија | пред 6 години

boki-pak

(ВИДЕО) Милошоски до Рускоска: Слушнете внимателно кој е главниот во „Рекет“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски сподели видео со изјава од Боки 13 дадена на  конститутивната седница на невладината организација Меѓународен сојуз Скопје во 2017 година. Милошоски објавувајќи дел од обраќањето на Боки 13  апелира до обвинителката Вилма Рускоска внимателно да процени кој всушност е главен во аферата и случајот „Рекет“.-Почитувана обвинителке Рускоска, слушнете го внимателно Боки 13 и проценете кој би можел да е главниот во хиерархијата на мега скандалот „Рекет” и мрежата на Меѓународниот сојуз во периодот од мај 2017-2019 година, порача Милошоски.https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/videos/493280081439316/

Македонија | пред 6 години

eurokompozit

Владата го усвои Предлог Законот за претворање на побарувањето на Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Еурокомпозит

Владата на Република Северна Македонија на 148-та седница одржана на 30 јули 2019 година го усвои и достави до Собранието Предлог Законот за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври - Еурокомпозит АД“ Прилеп со кој се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на ова претпријатие во државна сопственост.Практично ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените, со што се исправа повеќегодишната неправда кон вработените и ќе им биде евидентиран остварениот работен стаж во компанијата, за да можат соодветно сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд.Со овој закон се уредува начинот и постапката за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена 11 Октомври - Еурокомпозит АД Прилеп.Законот е доставен до Собранието на Република Северна Македонија и во согласност со агендата на Собранието, очекуваме да биде усвоен во што е можно покус временски рок.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Лазаревска: Новиот Закон за основно образование е прогресивен и го унапредува процесот на инклузија

Собранието го усвои Законот за основно образование кој е прогресивен и по сите европски стандарди.Закон кој обезбедува квалитетни реформи во воспитно - образовниот процес.За разлика од досегашниот Закон, новото законско решение нуди квалитет и во образовниот и во образовниот и воспитниот процес, како и целосна инклузија на децата, истакна  Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ. Обезбедуваме образование ослободено од дискриминација и во согласност на заложбите за еднакво општество за сите.Се намалува бројот на учениците во паралелките, кои сега ќе бројат меѓу 20 и 30 ученици. Тоа овозможува простор за наставникот да има поголема интеракција со учениците и на секое дете да му посвети поголемо внимание, како образовно така и воспитно.Создаваме услови за организирање на учениците во заедница на паралеки, со што ги мотивираме на активизам и самите преку ученички парламент и ученички правобранител да учествуваат во креирањето на училишните политики. Сите паметиме какви стресови децата доживуваа со екстерното тестирање.Сега тоа веќе го нема, а децата се позитивно насочени и ќе се гледа нивниот квалитет, а најдобрите ќе бидат наградени.Значен фокус е ставен и на процесот на инклузија бидејќи навистина се залагаме за еднакво општество за сите. Со конкретни иницијативи и ресурси од Владата, но и со поддршка од УНИЦЕФ, ОЕЦД и другите наши пријатели ќе се направат можности за инклузија на одредена категорија лица со посебни потреби во образовните институции, при што како краен рок ја зададовме учебната 2022 - 2023 година.Со реформите во образованието децата ќе се воспитуваат во духот на интеркултурализмот и интеркултурната интеракција. Веќе нема да се учат да живеат едни покрај други, туку едни со други.Нашите ученици ќе бидат воспитувани да го прифаќаат различниот, без разлика на етничката, културната или верската припадност. Очекуваме и убедени сме дека, овој Закон за основно образование ќе придонесе за градење на здрава и образована младина, што меѓ другото е предуслов градење на здраво, граѓанско и просперитетно општество, истакна  Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ. 

пред 6 години

Нема фотографија

Нова фасадна столарија, поткровна конструкција и електрична инсталација - Продолжува обновата на ООУ „Димитар Миладинов“

Општина Центар информира дека во тек е замена на фасадната столарија на општинското основно училиште „Димитар Миладинов“. Освен замената на вратите и прозорците во училиштето, целосно се менува поткровната конструкција и електричната инсталација, а дополнително се поставува и ново осветлување.Овие активности следат по замената на постоечката фасада на училиштето со комплетно нова и енергетски ефикасна, која во рекордно време од 6 месеци беше завршена во февруари, годинава.[caption id="attachment_57406" align="alignnone" width="800"]  [/caption]Замената на фасадната столарија дополнително ќе придонесе кон подобра топлотна изолација, заштеда на електричната енергија, намалување на сметките за струја до 30% во зимските месеци, како и поголема енергетската ефикасност за повеќе од 18%, што претставува и начин за справување со загадувањето во Скопје. Освен фунционалниот аспект, новата фасада на училиштето е збогатена со колоритни графити и мурали кои ги изработија реномираните стрит арт уметници, Миро Грчев и Младен Трендевски.Обновата на фасадата и фасадната столарија на ОУ „Димитар Миладинов“се прави по повеќе од 65 години, за прв пат од неговата изградба во 1954 година. Проектот е финансирана со средства од грантот кој Општина Центар го доби од Амбасадата на Република Бугарија во висина од 130.000 евра и истотолку средства кои општината ги издвои за оваа намена.Целосната реконструкција на едно од основните училишта со најдолга традиција на територијата на Општина Центар е предвидено да заврши до крајот на летниот распуст, а новата учебна година учениците ќе ја започнат во комплетно обновеното училиште.

Скопје | пред 6 години

hej-sloveni-plaza

(ВИДЕО) Цела плажа стана на нозе на химната на СФРЈ „Хеј Словени“

На една плажа во Улцињ во Црна Гора, преку разглас одеднаш одекнаа звуците на националната химната на некогашната СФРЈ, „Хеј Словени“. На видео спорелено преку социјалните мрежи се забележува дека од почетокот на композицијата, па сѐ до завршувањето сите присутни во барот од каде што се пушти химната, но и посетителите на плажата застанаа на нозе и мирно го проследија интонирањето на химната на некогашната заедничка држава.Посебно интересно е тоа што, како што се гледа на снимката, не станува збор само за повозрасните гости на плажата.Меѓу оние кои со почит станале на некогашната химна имало и млади гости кои најверојатно химната од некогашната СФРЈ ја знаат само преку приказните на повозрасните луѓе.https://www.facebook.com/bijelo.polje.31/videos/vb.1742536712/10206001534914432/?type=2&video_source=user_video_tab

Магазин | пред 6 години

morina

Протест во Ѓаковица за ослободување на Морина

Во центарот на Ѓаковица за денеска е најавен протест со барање за ослободување на поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) од овој град, Томор Морина.Тој минатата недела беше уапсен од македонската полиција врз основа на потерница од Интерпол, а во меѓувреме српските власти побараа негова екстрадиција.Вчера со такво барање истапи и вицепремиерот задолжен за европски прашања во Владата во Скопје, Бујар Османи од Демократската унија за интеграција (ДУИ), кој изјави дека потерницата за Морина треба да се поништи, затоа што е издадена „како за граѓанин на Република Србија, додека тој е државјанин на Република Косово“. 

Свет | пред 6 години

urban_g

Прва урбана градина во Општина Аеродром

Граѓанската организација „Зелената арка“ во август ќе почне со изведба на општествена (заедничка) градина на површина од околу 3.000 квадратни метри во паркот Лисиче, крај брегот на реката Вардар во Општина Аеродром.Станува збор за прва градина од ваков тип во Скопје. Големината на парцелите ќе биде околу 50 квадратни метри и за нивното користење нема да се плаќа надоместок.Сите заинтересирани граѓани од главниот град што имаат желба за здружено градинарство, може да ја пополнат пријавата за учество во општествената градина преку овој линк: http://tiny.cc/prijava_gradina.Заедничката градина се изведува во рамките на проектот „Развивање на прва урбана градина во Град Скопје“ со средства обезбедени од Град Скопје и со локална логистичка поддршка од Општина Аеродром. 

Скопје | пред 6 години

odmor

Дури 61,2 отсто од граѓаните на Македонија не можат да си дозволат седумдневен одмор

Според податоците на Евростат, 61,2 отсто од граѓаните на Северна Македонија не можат да си дозволат седумдневен одмор во некое одморалиште во текот на годината.Годишен одмор не можат да си дозволат 58,9 отсто од Романците, 51,3 отсто од Хрватите и 51 отсто од Грците. Наспроти нив еднонеделен одмор надвор од своите домови не можат да си дозволат само 10,9 отсто од граѓаните на Луксембург и 9,7 отсто од Швеѓаните.Од државите кандидати за членство во ЕУ, на седумдневен годишен одмор не можат да одат 56,9 отсто од граѓаните на Србија и 60,8 отсто од Турците. 

Македонија | пред 6 години

EDB79FD4-3E72-4139-ACEB-DFF1C168F8EA

МВР за пукањето на свадба во Мала Речица

На 30.7.2019 околу 22 часот, на свадбена свеченост организирана во дворот од куќата на 47-годишниот Б.Д, на улица „172“ во тетовска Мала Речица, од испукани куршуми од огнено оружје повреди здобиле 27-годишниот А.Б. од Мала Речица и 26-годишниот Ф.А. од Голема Речица. Двајцата се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Низ Скопје се возат нерегистрирани автомобили, но и не се почитуваат сообраќајните правила – МВР казнува

Во текот на изминатиот ден (30.07.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 28 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 23 возачи од кои: три возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 18 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 19 возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, три возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, двајца возачи поради неправилно престигнување, 17 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, четири возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатите денови издадени се 70 мандатни платни налози и 64 возила се подигнати со специјално возило "пајак". 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Кумановец во дворот пронашол рачна бомба од Втората Светска

На 30.07.2019 година во 19,15 часот во СВР Куманово, Т.В.(44) од Куманово пријавил дека во дворот од неговата куќа пронашол рачна бомба М-50 од Втората Светска војна. Од стручно лице од ДЗС-Куманово експлозивната направа била подигната за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања