Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pozar-1

МВР за пожарот во Гевгелија, во кој изгореа 6 станови на поткровјето

На 30.07.2019 во 12,00 часот во Полициска станица Гевгелија бил пријавен пожар на улица „Ристо Чавдаров“, во колективна станбена зграда при што биле опожарени станови од поткровјето. Пожарот е изгаснат од екипи на противпожарната единица од Гевгелија, Валандово и Неготино. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија и утврдено е дека причина за настанување на пожарот е греалка која се користела во еден од становите.

Македонија | пред 6 години

verizen-sudar-1

Верижен судар на автопатот Демир Капија-клучка Миравци, повредени повеќе лица

На 31.07.2019 година во 01,20 часот било пријавено дека на автопатот Демир Капија-клучка Миравци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Пасат“ со српски национални ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од Р.Србија, патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(24) од с.Студеничани-скопско и патничко моторно возило „Ауди“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(40) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачот Б.Ј. и сопатникот од истото возило Т.С.(22) од Р.Србија, кои биле пренесени во Медицинскиот центар Гевгелија. И другите двајца возачи биле пренесени во Медицинскиот центар Гевгелија за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

Македонија | пред 6 години

sudar

Се судрија камион и автомобил – повредени повеќе лица

На 30.07.2019 година во 14,35 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип–Радовиш, кај с.Лакавица се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило влекач со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Д.(37) од Велес, и патничко моторно возило „Голф“ со радовишки регистарски ознаки управувано од Ж.К.(46) од с.Ињево-Радовиш. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатниците од возило “Голф“ С.К.(19), Ј.К.(41) и биле пренесени во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Нов инвестициски циклус од 5 милјaрди евра,економијата продолжува да расте

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките и политиките што обезбедуваат економски раст и развој.Во таа насока, започнува инвестициски циклус од 5 милијарди евра кој има за цел да го забрза растот. Проектирани се милијарда евра за патишта, над една милијарда евра за железница и над една милијарда евра за енергетика, се вели во соопштението од СДСМ..Ќе се инвестира и во клучни капитални инвестиции како  ХЦ Чебрен, далекуводот кон Албанија и гасоводот, нов Клинички центар, а следуваат и инвестиции во земјоделството и руралниот развој, пречистителни станици за отпадна вода, регионални, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки и други проекти од важност за граѓаните. Уште една потврда  за успешноста на реформите на СДСМ и Владата што ја предводи е и најновиот Извештај на Светската трговска организација  според кој државава постигнала огромен економски напредок, што воедно претставува и ветер во грб во реализација на зацртаните економски политики кои ги води оваа влада.За само две години Владата предводена од СДСМ од држава со економија во минус од 1.8 отсто БДП, со успешните економски политики постигна раст од 4.1 отсто, во првиот квартал од 2019 година. Денес, нашата држава има напредок од 25 места на Глобалниот иновациски индекс за 2019 година, односно сега нашата земја е на 59-то место, во однос на 84-то од минатата година.Рекорден број компании, над 250, во 2018 година добија финансиска поддршка од државата, а Владата по неколку основи кон стопанството уплати 40,7 милиони евра. Паралелно, растат и платите и пензиите.Истовремено, бележиме пад на невработеноста на рекордни 17,8 отсто, а за само две години реализирани се 49.552 нови вработувања, доминатно во приватниот сектор. Како одговорна партија, продолжуваме со реализација на зацртаните мерки и политики што носат раст и развој, зголемена конкурентност, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари за граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

пред 6 години

bujar-osmani-696x396

Османи за Усеини: Прва ќе се руши дивоградбата на Нефи, но кога ќе почне неселективното рушење

Вицепремиерот, Бујар Османи, изјави дека по инцидентот во кој советникот на ДУИ во oпштина Охрид, Нефи Усени, нападнал професор и жител на Охрид затоа што пријавилe див приклучок на водоводната мрежа,централата на ДУИ остварила комуникација со огранокот во Охрид.-Одговорот што го добивме од таму беше дека доколку се почне со неселективно рушење на дивоградбите, ќе ја имаме честа да почнеме од него со рушење. Зошто го кажувам ова, бидејќи неселективниот пристап е најважен. Нема потреба да се партизира и политизира оваа работа. Секој си носи одговорност за постапките, рече Османи за дивоградбата кај чинарот во Охрид, пренесува Фокус.На прашање дали по инцидентот ДУИ ќе го исклучи од партијата Нефи Усеини, Османи рече:-ДУИ нема да поддржи или заштити некој доколку го има прекршено законот. И во делот на дивоградбите пораката е да се почне со неселективно рушење на сите дивоградби, не само во Охрид, туку низ целата држава – рече Османи.

Македонија | пред 6 години

mickoski-i-kasami-696x431

Мицковски и Гаши си помагаат, ама дали се сакаат?

ВМРО-ДПМНЕ и Беса си намигнаа и го воспоставија првиот чекор кон соработка, но дали таа ќе се преточи во коалиција пред или по парламентарните избори e прерано да се разговара. Ова се коментарите во двете партии што доаѓаат по превласта што ја презедоа во собраниската Комисија за избори и именувања на сметка на владејачкиот двоец: СДСМ и ДУИ.Неодамнешната средба на лидерите на опозициските партии, Христијан Мицкоски и Билал Касами, резултираше со речиси синхронизиран настап за двете први точки што дојдоа на ред: расправата во Комисијата за избори и именувања, но уште поважно и при Законот за јавно обвинителство каде што Беса рече дека нема да го прифати владиниот предлог доколку не претрпи сериозни измени.Иако делот што остана со Касами, а не со Африм Гаши, кој во меѓувреме се прекрсти во Алтернатива, се сведува на двајца пратеници во парламентот, последните претседателски избори покажаа дека Беса во коалиција со Алијансата за Албанците би била, во најмала рака, рамноправна со ДУИ, што го покажаа и последните анкети.Анализата прочитајте ја на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Обвинителството не може да најде докази дека Јанева рекетирала со Боки 13

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за ДВ потврдија дека е завршено и вештачењето на вториот мобилен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева.Но, од Обвинителството велат дека и во него „не е најдено ништо посебно“, што би било од интерес за истрагата во која засега се осомничени две лица.  Од досега обезбедените искази и сознанија, според истрагата, немало докази кои би можеле да индицираат на евентуална инволвираност на Јанева во случајот што го истражуваат.Но, потенцираат дека истрагата е во самиот почеток и дека ќе продолжи со несмалено темпо. Сепак, поради летните одмори, истрагата ќе почека обвинителите да се вратат од колективен одмор кој почнува од 1-ви август, што значи дека истрагата ќе продолжи во втората половина од август.Целата вест на Дојчевеле

Македонија | пред 6 години

1932509kerry-doyle-zid-6ls

Ѕидот на Трамп наместо да ги раздели, стана игралиште кое ги спојува луѓето на двете земји

Деца и возрасни беа снимени како се играат на флуоросцентно розеви лулашки поставени на мексиканско-американската граница. Станува збор за инсталација на двајца професори од САД, кои со тоа сакаа да донесат единство помеѓу поделените страни.Инсталирана долж челичната ограда во близина на градовите Ел Пасо во Тексас и Сиудад Хуарес во Мексико, лулашката е дело на Роналд Раел, професор по архитектура на Универзитетот Калифорнија во Беркли и на Вирџинија Сан Фратело, професорка по дизајн на државниот универзитет во Сан Диего, кои првпат дошле на идеја за ваков концепт пред две години.-Лулашката буквално претставува столб кој ги држи заедно двете земји. Настанот донесе радост, заедништво и возбуда на граничниот ѕид. Ова, исто така, покажува дека акциите што се прават на една страна имаат директни последици по другата страна, изјави Раел.Откако стана претседател, Доналд Трамп се обидува да изгради ѕид долж границата, за што деновиве Врховниот суд му одобри 2,5 милијарди долари.

Свет | пред 6 години

grcija-11

Силен земјотрес ја потресе Грција

Земјотрес со јачина од 5.2 степени според Рихтер бил регистриран во близина на градот Ираклио на грчкиот остров Крит без, засега, да има информации за повредени или предизвикана материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина .Земјотресот се случил во 7.40 часот утрово по локално време, бил почувствуван на целиот остров, а епицентарот бил на копно, северозападно од градот Ираклио.Според грчкиот Геодинамички институт, земјотресот бил со јачина од 5.2 степени според Рихтер, а според Националната опсерваторија во Атина, 5.1 степен.

Свет | пред 6 години

PrtScr-capture_4

Заев ќе се сретне со битолската градоначалничка

По повод доделување на  првите картички за искористување на мерката за зелена нафта, Премиерот Заев денес во посета на Битола.Зоран Заев заедно со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство – Трајан Димковски и Директорот на АФПЗРР-Николче Бабовски, првите картички за зелена нафта ќе ги доделат во Пелагонискиот регион.Исто така  премиерот Заев ќе оствари средба со градоначалничката на Битола Наташа Петровска. 

Македонија | пред 6 години

EAA08097-6083-463E-AF54-E58431BC1D3F

ФОТО: Воз удри во втомобил кај скопско Кондово

Автомобил марка „ситроен“ изутринава заврши под локомотива ма македонски железници додека поминувал преку пругите кај скопското село Кондово.За среќа жртви нема.Возачот на автомобилот поминал со полесни повреди.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Локални шерифи на власта ги тероризираат граѓаните, а институциите молчат и го штитат криминалот

Македонија тоне во криминал. Локални шерифи на власта ги тероризираат граѓаните, а институциите молчат и го штитат криминалот.Почитуваниот Усеини, како што милува да каже Заев, повторно е вмешан во насилен инцидент, а овој пат тој отиде и чекор подалеку закануваќи му се на универзитетски професор дека ќе го убие. Советникот Нефи Усеини го тероризира Охрид и Охриѓани и ова не е прв пат физички да нападне граѓанин и да не биде санкциониран, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Усеини според сведоштвото на жрвата, на диво се приклучил на водовоната мрежа и од него крадел вода, па откако повика екипа на Водовод, советникот се реши физички да се пресмета со него.Претходно медиумите информираа дека тој физички нападнал и инспектори кои правеле записник за неговата дивоградба во центарот на Охрид, а целата јавност знае и за нападот врз советникот од друга политичка партија на седницата на Советот во општина Охрид.Медиумите ја запознаа јавноста дека Усеини од општина Охрид добивал и тендери вредни стотици илјади евра, а во случај кога тој е советник во општината станува збор за класичен судир на интереси.Со своето дивеење Усеини го загрозува и статусот на Охрид како град заштитен од УНЕСКО, поради фактот што самиот тој поседува две дивоградби, една која се наоѓа на охридското крајбрежје и една во централното заштитено градско подрајче.Усеини е симбол за владеењето на Зоран Заев. Тој е пример за башибозукот, анархијата и дивеењето на локалните шерифи на власта за кои не важат законите, правото и правдата. За да се стави крај на шерифите, мора да се стави крај на владеењето на Зоран Заев. За да се врати правдата во Македонија и да одговораат сите оние кои се огрешиле пред законот, Заев мора да ја заврши својата тажна политичка кариера, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

slika-2

Средба Мицкоски-Орбан во Будимпешта

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателот г. Александар Николоски во Будимпешта оствари средба со Премиерот на Република Унгарија г.Виктор Обран.На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кој таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Македонија како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу партиите на Мицкоски и Орбан во рамките на Европската Народна Партија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Мицкоски посочи дека за ВМРО-ДПМНЕ исклучиво важни се европските перспективи на Република Македонија кои се загрозени од неодговорната Влада на Заев.Во тој контекст Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изрази загриженост поради криминалите и корупциските скандали со кој се соочува Владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава.-И покрај отсуството на реформи, и сериозните индиции за криминално работење на владата кое допрва треба да се преиспита, сметам дека е потребно земјава да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции, подвлече Мицкоски.-Недостатокот на владеење на правото го следат и лоши економски резултати. Наспроти нереалните фалби на Владата и премиерот, граѓаните не живеат подобро а сиромаштијата и иселувањето стануваат актуни проблеми, изјави Мицкоски.На средбата стана збор и за песпективите за меѓусебна соработка особено во пресрет на Конгресот на Европската Народна Партија каде ВМРО-ДПМНЕ и партијата на премиерот Орбан се сестрински партии членки.Мицкоски истакна дека е за развој на меѓусебната соработка и афирмација на стратешките цели на Република Македонија.Инаку средбата  со премиерот Орбан која беше на државно ниво и со официјален пречек се случи во неговата официјална резиденција во замокот "Кармелита" каде инаку унгарскиот премиер остварува редовни средби со Премиери, Претседатели и други високи гости, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

пред 6 години

Levica

Левица: Македонија останува „инвестициски рај” за газдите, а пекол за работниците

Македонија останува „инвестициски рај“ на сметка на работничката класа, која продолжува да плаќа висока цена за тоа. Пред неколку дена се случи втората несреќа на работно место овој месец во рудниците кои се сопственост на бугарската фирма „Булмак“. Во хармонија со стандардниот начин на функционирање на работите во Македонија, оваа анти-работничка клима е целта на стремежите на сите влади од осамостојувањето на Републиката до денес. Ниските плати и немањето заштита на работно место, даночниот рај за инвеститорите и сервилната бизнис-ориентирана влада се само составни делови на воспоставената институционална рамка – чија единствена улога е да биде заштитник на непречената експлоатација на државните ресурсите, без разлика дали се тие во форма на работна сила или природни ресурси, од страна на неколкумина економски моќници, се вели во соопштението од Левица.Како резултат на оваа анти-работничка политика улогата на сидикатите, во најдобар случај, е сведена на советодавна при носење на легислатива која никој не ја почитува. Доказ за ова претставува фактот што ниту еден сопственик до денес не одговарал за несреќа при работно место од кои дел имале и смртни последици. Проблемите со кои сме денес соочени, непосредната тегоба на бедната секојдневна егзистенција, лишеноста од достоинството во контакт со оние кои се економски и социјално над нас, ризикот од повреди и смрт на работното место не можат да се искоренат со мољакање кај оние кои ни ги одземале. Тука и е главното потфрлање на сите синдикати до сега – нивното одбивање да излезат од сферата на циркулацијата на стоката (и работната сила е стока, а платата е само цената со која што се купува работната сила), лековерното задоволување со трошки, со ситни промени во легислативата која што ја прават истите од кого им биле ускратени од сам старт.Секако дека се важни овие трошки, но што правиме со тоа што овие битанги кои ни го ускратуваат достоинството да живееме достоен живот, кои паразитираат на нашиот труд, кои ги прават овие концесии во наша корист давајќи ни трошки, продолжуваат да бидат владетелите на денешницата? Толку ли е изненадувачки што во првиот момент кога ќе им биде укажана приликата, тие ќе земат назад сѐ што ни „дале“ со камата?Работнички права, повисоки плати, заштита на работното место – тоа се идеали за кои вреди да се бориме. Но, за да не останат само идеали, борбата треба да биде против оние кои нив ни ги одземале, да се стреми кон рушење на општествениот хиерархиски врв на кој тие се наоѓаат, пред сѐ политички, а наредно и економски. За да нивната реализација не е само ефемерно задоволување на нашиот глад, власта мора да биде одземена од рацете на олигархијата и да припадне во рацете на работниот народ, бидејќи само нашиот интерес е, како експлоатирана класа, да го укинеме експлоатирањето, се вели во соопштението од Левица.

пред 6 години

vlada-zname-nato

Владата донесе решение за Еурокомпозит и мерки за поддршка на земјоделството и за обештетувања

На владината седница беше усвоен и предлог законот за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштвото за производство на производи со посебна намена 11 Октомври – Еурокомпозит АД Прилеп.На владината седница е донесена Предлог - програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, во којашто се предвидени мерки за поддршка на земјоделството и за обештетувања. Станува збор за поддршка на доходот за земјоделските стопанства, директни плаќања за растително и за сточарско производство, како и за државна помош на земјоделството за премии и осигурување, за заштита на земјоделско земјиште, за помош во сточарскиот сектор, за финансиска поддршка за складирање пченица од домашно производство од род од 2019 година, за помош за поддршка на трошоците за набавка на гориво за земјоделска механизација, дополнителна помош за продадено-неисплатено винско грозје во период од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, заостанати обврски по мерки од програмите за финансиска поддршка на земјоделството од 2009 – 2018 година.Донесена е и Предлог програма за капитални субвенции за центри за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој.

Македонија | пред 6 години

skolo-4

Владата издвои средства за санирање штети на училишни згради во Oпштина Ресен

Владата ја разгледа и Информацијата за финансиска поддршка и финансиски средства за санирање штети на училишни згради во Oпштина Ресен, причинети од невремето на 10 јули оваа година, при што е задолжено Министерството за образование да направи санирање и обештетување на штетите на училишните објекти поради невремето, од средства од сопствени програми.

Македонија | пред 6 години

gradinka-2

Ќе се гради градинка во општина Илинден

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата за изградба и опремување детска градинка во општина Илинден. Со оглед дека се потребни средства за доизградба на градинката, задолжено е Министерството за труд и социјална политика, во Буџетот за 2020 година да предвиди финансиски средства во износ од 6.082.003,00 71FH8QA? денари за машински инсталации и набавка, испорака и монтажа на опрема за градинката, со што ќе се овозможи нејзина функционалност за потребите на децата во општината.

Скопје | пред 6 години

detski-igracki

Ќе се изврши вонредна контрола на квалитетот на детските играчки

Владата, на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за извршени контроли за квалитетот на детските играчки, што се продаваат на територијата на нашата држава, а којашто се однесува на првиот квартал од 2019 година. Задолжено е Министерството за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат да продолжи да доставува до Владата информации за извршените контроли за квалитетот на детските играчки, како и Инспекторатот да спроведе вонредна масовна контрола за квалитетот на играчки коишто се продаваат на територијата на нашата држава.

Македонија | пред 6 години

apteka-kvoti-lekovi

Сите аптеки ќе можат да склучат договор со Фондот

Владата ја усвои Предлог – уредбата за изменување на Уредбата за мрежата на здравствени установи, со што, како што е објаснето од Министерството за здравство, се трга ограничувањето на отворање аптеки и специјалистички ординации коишто можат да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување, согласно финансиските можности на фондот, а при тоа, се задржуваат критериумите за квалитет. Целта е надминување на проблемот со недостигот на лекови, поради можноста што ќе им се даде на аптеките коишто досега немаа договор со Фондот за здравствено осигурување, да склучат таков договор. Исто така, целта е да се мотивираат младите лекари да отвораат свои специјалистички ординации, коишто ќе имаат склучени договори со ФЗО, што досега не беше можно.Владата ја усвои и Предлог програмата за изменување и дополнување на Програмата за потребите на специјалистички и субспецијалистички кадри, согласно мрежата на здравствени установи, со што се зголемува бројот на одобрени специјализации во државата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ветингот во МВР помина на Влада, до 20 август треба да формира Работна група која ќе изготви Предлог-план на мерки

Ветингот на вработените во Министерството за внатрешни работи, за кој се говори веќе подолго време, а ресорниот министер Оливер Спасовски нагласуваше дека ќе се спроведува врз сите од чистачка до министер, вчера помина на владина седница.Се задолжува МВР, најдоцна до 20.08.2019 година да формира Работна група со задача да изготви Предлог-план на мерки, активности и динамика за спроведување на процесот и најдоцна до 01.10.2019 година да го достави до Владата на Република Северна Македонија. Во Информацијата од МВР наведено е дека процесот на проверка (ветинг) во Полицијата, во развиените земји претставува составен дел од етиката и професионалните стандарди на полициските сили и е дел од заштитните безбедносни политики.Заради креирањето праведна институција, со високи стандарди на интегритет, зголемување на професионалноста на вработените, зајакнување на борбата против криминалот и корупцијата, обезбедувајќи чесни, кредибилни и посветени полициски службеници, како што е констатирано, неопходно е МВР да пристапи кон подготовка на нацрт-текст на посебен закон, во којшто ќе се дефинираат сите потребни елементи за ефикасно спроведување на процесот на проверка, односно оценување на вработените во Министерството.Во меѓуресорската работна група предвидено е да учествуваат вработени во Министерството, претставници од стручната јавност, претставници од Мисијата на ОБСЕ во земјава, претставници од невладиниот сектор, со задача да спроведе сеопфатна анализа за тековната состојба, да утврди конкретен модел за спроведување на процесот на проверка (ветинг) на вработените во МВР врз основа на компаративни искуства и да изготви предлог закон, заедно со акциски план околу процесот. 

Македонија | пред 6 години

seizmograf-zemljotres-620x350

Земјотрес од 5 степени утрово го потресе грчкиот остров Крит

Земјотрес со јачина од 5.2 степени според Рихтер бил регистриран во близина на градот Ираклио на грчкиот остров Крит. И покрај тоа што првично, Европскиот сеизмолошки центар објави јачина од 5,3 по Рихтеровата скала , потоа ја прилагоди вредноста на 5,0 според Рихтеровата скала.Земјотресот беше длабок 80 км . Регистриран е во 7,40 часот.Засега нема информации за повредени лица и материјална штета. 

Свет | пред 6 години

EDB79FD4-3E72-4139-ACEB-DFF1C168F8EA

ФОТО: Познат идентитетот на пратеникот чиј син е повреден со куршум - состојбата е стабилна

Инцидeeнт се случил во вечерните часови, а според извори на АЛСАТ, еден од повpeдените се здooбил со потешки paни од кypшуми и истиот е однесен во kлиниkите во Скопје, додека вториот ранет е вон животна опacност и е задржан во бoлницата во Тетово, со полесни повpeди.Полициjaта пристигнала на местото на настанот и го истpaжува случајот. АЛСАТ дознава од извори дека едниот од повpeдените е син на пратеникот Џеват Адеми, Ф.А додека вториот повpeден, А.Б, е исто роднина на пратеникот.Сè уште не се знае кој пykал, бидејќи изворите зборуваат за истpeли од повеќе лица во исто време за време на свадбената церемонија.Извор: АлсатФото: Инфомакс

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Пратеник од македонското Собрание вечерва си го ранил синот

Пратеник на ДУИ со огнено оружје вечерва си го ранил синот, објавуваат медиумите на албански јазик во земјава.Како што пишува „Лајм“, функционерот си го повредил синот несакајќи, односно без намера за време на свадбена веселба.Порталот најавува поопширни информации за подоцна.

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Катица Јанева го форматирала телефонот што го пријави како „изгубен“ и го сменила пристапот до фајловите

Шефицата на СЈО, Катица Јанева го форматирала телефонот, модел „I Phone“, за кој твдеше дека го изгубила, а полицијата го најде кај сестрата на девојката од нејзиниот син, Лазар Јанев, објави „Канал5“.Телефонот е комплетно празен, а неговото вештачење е завршено денеска. Уредот бил и со сменета сметка на "Icloud", што користи за пристап до фајловите и до телефонот.Не е познато дали Обвинителството ќе може да ги поврати фајловите за да се утврди што точно имало во него.

Македонија | пред 6 години

nefi-useini-otvoranje

Усеини негира дека го натепал професорот: Имаше само расправија

Советникот Усеини негира дека го натепал професорот Илјаз Илјази. Тој за ТВ24 вели „Имаше расправија но не и тепачка“ додавајќи дека за случајот исказ во полиција.Посочува дека споменатиот професор подолго време влегувал во расправија со вработените од неговата компанија Нефи ИК кои пак работеле на изградба на објект во близина на зградата каде живее Илјази.Сепак СВР Охрид преку соопштение информира дека вчера на тоа место имало физички напад.„На 29.07. 2019 та околу 10 часот, на улицата ,,Сатеска” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.У  и уште едно лица врз И.И. Н.У е повикан во полициска станица и извршен е службен разговор и против него и вториот напаѓач ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информира СВР.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања