Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

gdu

ГДУ: Собранието не смее да биде гласачка машинерија, а пратениците да му бидат по мерак на лидерот

Повторно деновиве го гледаме вистинското лице на СДСМ и ДПМНЕ. Пазарот никако да престане. Кога се во прашање партиските интереси, тие се спремни да манипулираат и манипулираат со денови и на крај да седнат и да се договорат. Притоа потенцираме најважен им е партискиот интерес, а не интересот на граѓаните, се вели во соопштението од ГДУ.Си договараат закон за Јавно обвинителство и си предлагаат обвинители без око да им трепне, правната фела ја игнорираат, исто како и Советот на обвинители. За пописот исто така најавија дека ќе разговараат, па дури и се согласија да зборуваат за предвремени парламентарни избори. Е арно ама најважното го заборавија. Промена на изборниот модел. Неопходно е да се промени сликата за Собранието и начинот на носењето закони. Собранието не смее да биде гласачка машинерија, а пратениците да му бидат по мерак на лидерот.Го потсетуваме премиерот Заев дека во изборната програма од 2016 година СДСМ има запишано:„Ќе предложиме пратениците да се избираат по принципот на отворени листи, а Република Македонија да биде една изборна единица. На тој начин, секој глас ќе вреди подеднакво, а граѓаните директно ќе ги избираат своите претставници“.Епа господа од власта сега е шансата да покажете дали ова е искрено ветување или чист популизам. Господа од опозицијата ова е шанса и за вас доколку навистина се борите против носењето на штетни законски решенија кои земјата ја враќаат назад.Прво промена на изборниот модел, па избори, се вели во соопштението од ГДУ.

пред 6 години

Univerzalna-Sala

Владата издвои средства за реконструкција на Универзална сала

Согласно со програмата на Владата за капитални дотации во локалната самоуправа во областа на културата за 2019 година, на Град Скопје му се доделени 30 милиони денари за реконструкција на Универзална сала.За потсетување, минатата година беше потпишано писмо со намери меѓу Град Скопје и Министерство за култура, со кое беше предвидено финансирањето за реконструкција да падне на товар на владата.

Скопје | пред 6 години

OHL_1452

Дивата од „Петтиот елемент“ Инва Мула вечерва на Охридско лето

Особено ми значи што сум дел од 59-тото по ред издание на фестивалот „Охридско лето“, што подразбира дека станува збор за еден сериозен фестивал којшто навистина  се грижи за уметниците и за доловувањето на уметноста.Ова денеска на прес-конференција го изјави светски познатата оперска певица, сопранот Инва Мула од Албанија која вечерва, заедно со нејзините гости, сопранот Дешира Ахмети и тенорот Ѓорѓи Цуцковски, како и пијанистот Генц Тукичи ќе одржат концерт на „Охридско лето“.-Благодарам на поканата да бидам овде, во ова уникатно место во Европа. Пред повеќе години учествував неколкупати на фестивалот и се’ уште се сеќавам на магичниот амбиент на црквата „Света Софија“ во која настапував. Посебно ми е мило што нема да се претставам сама вечерва, туку со моите колеги, Дешира Ахмети и Ѓорѓи Цуцковски. Добро  е енергијата што ја поседувате да ја споделувате  и да направите убава синергија со другите гласови, изјави Инва Мула.Заедно со неа, вечерва доаѓа и нејзиниот колега и сонародник, пијанистот Генц Тукичи со кого соработува веќе три децении.-Двапати сум бил во Скопје, но во Охрид настапувам првпат. На „Охридско лето“, во црквата „Света Софија“  учествувал и мојот татко во далечната 1970 година, и има големи импресии од тој настап. За мене тоа е посебно доживување, да ја продолжам традицијата што ја негуваше татко ми, рече пијанистот Тукичи.Големиот македонски тенор, уметникот Ѓорѓи Цуцковски е гостин на вечерашниот концерт со три нумери, но како што рече, кај него е голема возбудата што настапува со Инва Мула  и токму  на фестивалот „Охридско лето“ .- За мене како македонски уметник, Охрид и „Охридско лето“ имаат навистина специјално значење и морам да истакнам дека сум многу повеќе возбуден денес отколку кога  настапувам на реномираните светски сцени. Вечерва  во публика ќе ги имаме нашите престижни македонски уживатели на сериозната музика, а имаме многу пријатели коишто ќе дојдат да ја  проследат спекракулатната Инва Мула, рече Цуцковски.Соработката на македонските уметници, тенорот Ѓорѓи Цуцковски и сопранот Дешира Ахмети од Националната опера и балет на Република Северна Македонија со големата дива Инва Мула, ќе продолжи и во иднина, најави сопранот Дешира Ахмети.-Јас и Ѓорѓи сме многу среќни  што веќе неколку години соработуваме со Инва Мула. Имавме прекрасен концерт во 2012 година со Оркестарот на Националната опера и балет на нашата држава, а исто така, Инва беше поканета и на Мајските оперски вечери. Што се однесува до нашиот вечерашен концерт, јас првпат настапувам на магичната сцена  во црквата „Света Софија“. Покрај настапот на прекрасната Инва, ќе имаме многу убави дуети, избор што таа го направи за вечерашниот репертоар на фестивалот, најави Дешира Ахмети.Селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Васо Ристов истакна дека Инва Мула  е еден од најголемите сопрани во светот, позната од филмот „Петтиот елемент“.-Инва Мула важи за една од најзначајните сопрани на денешницата. Улогата на Виолета во „Травијата“ претставува еден вид уметнички потпис, па така, истата ја повторува во Виена, Милано, Лондон, Токио, Ница, Берлин, Париз, Мадрид. Нејзините сценски парнери се некои од најпознатите тенори на нашето време како  Роберто Алања,  Хозе Кура, Пласидо Доминго Виторио Григоло.Како голем уметник редовно е поканета да одржува семинари на академиите во Париз и Санкт Петербург. Учесници на вечерашниот концерт вечерва ќе бидат и моите драги колеги од Националната опера и балет на Република Северна Македонија, Дешира Ахмети и Ѓорѓи Цуцковски.Вечерва ќе имаме едно посебно  доживување во црквата „Света Софија“, рече селекторот Ристов.Директорката на фестивалот „Охридско лето“ Наташа Поповиќ, на денешната прес-конференција најави дека интересот за вечерашниот концерт на светски позната оперска певица Инва Мула и нејзините гости на вечерта, Дешира Ахмети, Ѓорѓи Цуцковски и Генц Тукучи кај публиката е огромен.-Не’ радува фактот што има голема заинтересираност за вечерашниот концерт, не само од локалните посетители, туку и од гости од поширокиот регион, нагласи Поповиќ.Концертот на големите уметници ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Владата ја усвои Информацијата за започнување на реализација на нов Универзитетски Клинички Центар

На денешната 148. седница, Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата за започнување на реализација на нов Универзитетски Клинички Центар на greenfield локација во Скопје и го задолжува Министерството за здравство како договорен орган да ја спроведе постапката за јавна набавка.За потребите и реализација на новиот Универзитетски Клинички Центар на гринфилд локацијата во Општина Ѓорче Петров од аспект на изведба на инфраструктурни објекти и водови, Министерството за здравство поведува иницијатива за поддршка од надлежните институции (министерства, агенции и органи на извршната власт, општините во Град Скопје и Град Скопје), преку јавните претпријатија во чија надлежност се истите, да ги согледаат можностите за изготвување на потребна документација со техничко решение за изведба на инфраструктурните објекти и водови и со тоа да дадат свој удел во реализацијата на проектот за нов Универзитетски Клинички Центар на гринфилд локацијата.Изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје треба да гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава.

Македонија | пред 6 години

policija-3-640x382

Во бездна во селото Ѓузумелци, пронајден мртов 48-годишен маж

Во бездна во атарот на селото Ѓузумелци, Општина Лозово вчера од семејството е пронајден 48 годишниот Д.З. Беживотно тело е пронајдено во месноста „Бели Брег“.Повикана е Итната медицинска помош од Свети Николе, а лекарот констатирал дека на неговото тело нема траги на насилна смрт. 

Македонија | пред 6 години

ilinden-2

За 2 ри август во Крушево: Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, џез уметници, „Танец“, КУД „Емин Дураку“ и мешан хор „Крушево“

Прославата на големиот национален празник „Илинден“, кој годинава се одбележува под мотото „Сите сме деца на Илинден“,во Крушево, започнувавечерта на 1 августна Гумењесо церемонија за започнување на „10 дена Крушевска Република“ која ќе биде заокружена со богата музичка програма.Свечената церемонија на 1 август започнува во 19:35 часот со интонирање на државната химна, по што ќе се обрати градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски.Со импровизирано пукање од црешовото топче и со огномет ќе биде означен почетокот на програмата, по што следува музичкиот дел.Присутните гости во 20:30 часот ќе имаат можност да уживаат во изведбите на гитарските виртуози Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ.После нивниот настап, со почеток во 22:00 часот, сестраниот композитор, аранжер и клавијатурист Џијан Емин придружуван од Филхармонија и Здружението на џез-уметници (ЗЏМ) ќе одржи електро-акустичен концерт.По концертната програма, на полноќ ќе биде изведентрадиционалниот импровизиран напад на градот.Свеченото одбележување на 116-годишнината од Илинденското востание и 75-години од Првото заседание на АСНОМ продолжува на 2 август, кога на Мечкин камен ќе биде одржана Централната свеченост по повод државниот празник Ден на Републиката – 2 Август, Илинден.На свеченоста ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, по што е предвидена свечена културно-уметничка програма.Дел од програмата, во рамки на прославата на Илинден, се и настапите на Ансамблот „Танец“, културно уметничкото друштво „Емин Дураку“ и мешаниот хор „Крушево“.  

Македонија | пред 6 години

katica

Заврши вештачењето и на вториот мобилен телефон на Јанева

Заврши вештачењето и на вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, објави весникот „Вечер“.-Вештачењето и на вториот одземен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева заврши. Во интерес на истрагата , детали не се соопштуваат. Наодот од вештачењето е предаден во Обвинителството за организиран криминал, велат од ОЈО за „Вечер“.Оттаму додаваат дека засега истрагата не е проширена на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, а дали тоа ќе се случи зависи од прибраните вербални и материјални докази.

Македонија | пред 6 години

zaev-1-1

(ВИДЕО) Заев: Дивоградбата на Нефи ќе се руши, по цена на коалицијата во Охрид

Од СДСМ, од свети СДСМ нека е, од каде сака нека е. Законот е еднаков за сите и мора да важи за сите. МВР постапува по пријавата за насилство од Нефи Усеини, а општината донесе решение за уривање на дивоградбата, порача денес македонскот премиер Зоран Заев, објави вечер.мк.– Ако општината не може да го спороведе решението, владата ќе ги преземе тие интеренции. Ако направил физички напад, ќе одговара, не судам во делот на вина, истрагите ќе си покажат. Предрасуди нема спрема никој. Има општини каде СДСМ нема контрола врз мнозинството во Советите, па тие функционираат нормално. Немаме резерви дали ќе изгубиме мнозинство или не, се работи за закон. Без разлика на последиците. Ова прашање не треба да се политизира, изјави премиерот Зоран Заев во Куманово.Претходно денес, Вицепремиерот, Бујар Османи, изјави денеска дека од ДУИ била воспоставена комуникација со Охрид, како што рече, по инцидентот завчера кога советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усени, нападнал професор и жител на Охрид затоа што пријавил див приклучок на водоводната мрежа.– Одговорот што го добивме од таму беше дека доколку се почне со неселективно рушење на дивоградбите, ќе ја имаме честа да почнеме од него со рушење. Зошто го кажувам ова, бидејќи неселективниот пристап е најважен. Нема потреба да се партизира и политизира оваа работа. Секој си носи одговорност за постапките, рече Османи за дивоградбата кај чинарот во Охрид.  

Македонија | пред 6 години

branko-trickovski1

Тричковски: Аскерот бил технички извршител на зулумите, вистински инспиратор биле комитите и вмровските чети

Новинарот Бранко Тричковски  на социјлната мрежа фејсбук објави свое мислење за Крушево. Еве што пишува Тричковски:Довикување на злотоПред да се крене востанието, Крушево бил слободен град, откупен од Портата со 400.000 пјастери, град со над 3.000 куки, околу 15 до 18 илјади жители, со 13 цркви и над 32 ана.Пишува Зоран Кардула.А потоа, сакам да ја продолжам мислата јас, пред да почнат да излегуваат од гробовите во македонската химна, дошле славните јунаци со црешовото топче и му ебале мајката и на градот и на наслението. Како и на толку многу други населени места. Аскерот бил технички извршител на зулумите, вистински инспиратор биле комитите и вмровските чети.Крушевската република е глуапантропска ѓурултија против народот, не симбол на слободата, туку симбол на краткотрајноста и крвта и страдалништвата во кои умира македонската реализација.Не го заборавајте тоа утре кога ќе го парадирате Илинден и не заборавајте дека истата трагедија веќе ја почувстввувавме и во овој век, не дозволувајте тоа никогаш повеќе да се повтори, од три пати, не вмро и јас би можел да смачкам феномен каков што се македонската држава и нација, ценете го повеќе, многу повеќе, тоа што го имате, не плукајте на се и сешто и не го довикувајте злото, пишува Тричковски на ФБ.https://www.facebook.com/branko.trickovski.5/posts/10156221238501366 

Коментари | пред 6 години

merko-osman

Општина Струга најавува изградба на центар за рехабилитација, проект вреден осум милиони евра

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, денеска остварил средба Мерко со кардиохирургот Орхан Џемаили, а главна тема на средбата била Изградба на центар за рехабилитација во Струга.Џемаили, кој живее и работи во Швајцарија, како што соопшти општинската прес-служба, бил заинтересиран за изградба на центар за рехабилитација, проект вреден осум милиони евра.– Стручниот персонал ќе бидат доктори од Швајцарија, водени од кардиохирургот Џемаили, додека техничкиот и помошниот персонал ќе бидат стручни лица од Струга, со што ќе се отворат нови работни места за граѓаните на општина Струга, стои во соопштението.      

Македонија | пред 6 години

policija-2

Шест лица влегле во бензинска пумпа и складиште за гас, при што оштетиле предмети

На 29.07.2019 година во 16,30 часот во СВР Скопје, Р.Д.(42) од Скопје пријавил дека на 28.07.2019 година околу 18,30 часот шест лица неовластено влегле на имот на ул. „Првомајска“ каде се наоѓа бензинска пумпа и складиште за гас, при што оштетиле предмети.Исто така сторителите упатиле закани и навреди кон еден од вработените и кон управителот на правните лица. Се превземаат мерки за расчистување на случајот.   

Скопје | пред 6 години

hermelin

Полициски службеник повредил колега прегазувајќи го со оклопно возило „Хермелин“

На 29.07.2019 година било пријавено дека околу 18,05 часот во кругот на касарна „Ѓорче Петров“, каде се сместени оклопните возила „Хермелин“, полициски службеници вршеле проверка на исправноста на оклопните возила и притоа 25 –годишен полициски службеник управувајќи „Хермелин Х09“ му нанел повреда на десната нога на 38-годишен полициски службеник. На повредениот му е укажана помош во Градската општа болница “8-ми Септември“.За случајот е известен е ОЈО Скопје по чија наредба извршен е увид на лице место. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди на МВР превзема мерка од нивна надлежност. 

Македонија | пред 6 години

krediti-za-skoluvanje-denari-1

Со намера да одбегне плаќање на данок, во поднесените даночни пријави прикажал ДДВ во намален износ

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.В. (36) од Кичево и  правно лице ДТПВ „АМД Контролори“ ДОЕЛ Кичево подружница автошкола „Инструктори 2012“ Кичево,  за сторено кривично дело „даночно затајување“.Во 2017 година и во периодот од јануари до септември 2018 година, пријавениот во својство на управител на ДТПВ „АМД Контролори“ ДОЕЛ Кичево, со намера да одбегне плаќање на данок, во поднесените даночни пријави прикажал ДДВ во намален износ и ПДД во намален износ, со што го оштетил Буџетот на Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

policija-4

Две лица извршиле тешки кражби од работни машини, товарни возила, булдожер, багер и машина ровокопач-скип

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против Б.Р.(23) и  К.Б.(22), двајцата од село Габревци, радовишко, за сторени шест кривични дела, од кои четири „тешки кражби“ и по едно „тешка кражба“ во обид и „кражба“. Во временскиот период од 10 јануари до 25 јули 2019 година, на подрачје на Радовиш, во населба Дамјан и кај раскрсницата за село Бучим, пријавените со употреба на погоден предмет извршиле тешки кражби и кражба од работни машини, товарни возила, булдожер, багер и машина ровокопач-скип, при што од резервоарите одзеле нафта. 

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: Доста со бандитизам и заштита на локалните шерифи по секоја цена

Додека обичните граѓани се казнуваат секој ден од разни општински и државни инспекции, ова како да не важи за милениците и криминалците на ДУИ и СДСМ!Последниот случај во Охрид, кој се однесува на Нефи Усеини, кој секој ден се споменува во домашните медиуми, најдобро опишува дека државните институции се фатени од страна на партнерите во владејачката коалиција и селективната правда во земјата, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Во последно време во медиумите неколку пати сме слушнале за бетонската база „НЕФИ ИНВЕСТ“ лоцирана кај Охридското Езеро, која што е дивоградба. Нефи Усенини започна со изградба на бетонската база пред пет месеци, без потребната документација, без одобрение за градба и без еколошки дозволи. Зелениот простор кај Охридското Езеро се претвори во градилиште. Изградбата на објекти во оваа област е строго определена, а самата област е заштитена од УНЕСКО, што значи дека е строго забрането изградбата на овој вид објекти кои можат да предизвикуваат еколошки проблеми. Неофицијално, парцелата на која е изградена бетонската база е во сопственост на Исламската верска заедница.Исто така медиумите информираа и за узурпација на јавен имот и нелегална изградба на комерцијалниот хотелски објект „Луна“ во стариот дел на градот Охрид, во близина на “Стариот Рап“. На свеченото пуштање во употреба на овој бесправно изграден хотел присуствуваше и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.Согласно Законот за градба, нелегалното градење претставува кривично дело, во случајов иако е познат сопственикот на објектите - против него не се преземаат никакви правни мерки: не му се рушат  бесправно изградените објекти и не се гони кривично. Дури и градоначалникот на Охрид - Константин Георгиевски, иако е должен да го спроведе законот, тој се обидува да ги прикрие делата на Нефи Усеини и да му помогне да спроведува планови.Нефи Усенини е советник во Советот на општина Охрид од редовите на ДУИ. Воедно од компаниите што ги води градот Охрид, неговата компанија „НЕФИ ИК“ добива тендери со висока вредност. За две години, има добиено 8 тендери во вредност од 225,000 евра. Неговата компанија „НЕФИ ИК“ има потпишано 5 договори со ЈП “Охридски комуналец“, 2 договори со ЈП “Градски гробишта“ и 1 договор со ЈП “Нискоградба Охрид“.Неговата компанија „НЕФИ ИК“ ја одржува и депонијата Буково, која беше запалена пред неколку недели. Одржувањето на депонијата со тендер од ЈП “Охридски комуналец“, во вредност од над 47.000 евра.И, конечно, како ова да не беше доволно, вчера истото лице, Нефи Хусеин физички го напаѓа и му се заканува со смрт на професорот Илјаз Илjази кој случајот го пријавил во полиција.Ова е трет напад за неколку месеци каде учествува Нефи Усеини. Во април го нападна инспекторот од Скопје кој беше заминат во Охрид за да изврши увид во дивоградбата на охридскиот советник. Во јуни, Усеини физички го нападнал својот колега од советот, Џелал Мена.Институциите молчат. Општината молчи за нелегални узурпации и приклучоци. Сите молчат и се преправаат како да ништо не се случило. Со полна уста зборат за спроведување на законот, но продолжуваат со старата песна. Кога станува збор за моќниците од ДУИ, тогаш може да се користи само аргументот на сила и никому ништо, за неколку дена сè ќе биде заборавено.Алијансата за Албанците ги повикува надлежните органи да преземат соодветни мерки во согласност со законот.Алијансата за Албанците ја повикува полицијата да постапи согласно законот, против употреба на насилство врз невини лица кои уредно пријавуваат неправда и незаконска узурпација, а во замена се напаѓаат физички и се закануваат со смрт.Алијансата за Албанците ги повикува и општинските органи на Општина Охрид, да не молчат, туку да постапуваат согласно своите надлежности применувајќи го законот за комунални услуги и законот за градби.Доста со бандитизми и заштита на локалните шерифи по секоја цена. Последен момент е во оваа држава, законот и правилата подеднакво да се применуваат за сите граѓани, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

пред 6 години

Naum-PRESS-3007

Стоилковски: Обвинителството на Русковска молчи и не кажува дали рекетарско - политичко - обвинителскиот октопод го проширила

Обвинителството на Русковска молчи и не кажува дали истрагата за рекетарско - политичко - обвинителскиот октопод го проширила и на таканаречената невладина организација на Бојан Јовановски, Боки 13 наречена „Меѓународен Сојуз“. Тоа ги потврдува сомневањата дека обвинителството тенденциозно ја ограничува истрагата на два лика од плејадата ликови во рекетарските приказни во јавноста.Фактот што оваа организација не е опфатена со истрагата остава можност дека со тоа се заштитуваат функционери на СДСМ кои што се дел од мрежата активности на Боки 13. Ова е видео кое ги покажува тесните врски меѓу осомничениот Боки 13 и висок партиски функционер на СДСМ, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Е па, дали е проверена улогата на Фросина Ременски која е ни помалку, ни повеќе туку е почесен претседател на организацијата на Боки 13? Што се подразбира од изјавата на Ременски кога кажува дека имала соработка лично со Бојан Јовановски, Боки 13? Во која насока ја користела функцијата за какво лобирање и за какво влијание, како што вели? Обвинителството мора детално да провери и да и објасни на јавноста за целите на соработка Ременски -  Боки 13.Дали Фросина Ременски имала на било каков начин врска со сомнителната исплата на битолски бизнисмен за која говореа и медиумите во износ од 750 илјади евра, со која наводно се откупувала идеја за изградба на станови? Сумата е скандалозна и сомнителна сама по себе, чиниш се работи за идејно решение за градење на станови на Марс, а не во Македонија.Ако навистина обвинителството на Русковска сака да го расчисти овој рекетарски октопод тогаш треба да ја прошири истрагата и во правец на организацијата на Боки 13. Дополнително обвинителството на Русковска треба да одговори зошто ако на било кој начин е вмешана Катица Јанева во оваа шема на Боки 13, таа се уште не е приведена и и се остава простор, и се дозволува да влијае врз сведоци или форензички да брише докази? Обвинителството треба да одговори зошто освен Боки 13 и Кичеец нема ништо за другите ликови Кики, Фрики, Раки, Шеки и слични кои што се дел од октоподот?Граѓаните не се наивни и знаат дека ако Боки 13 немал поддршка и од власта на Заев тој не би се осудил да изнудува, рекетира и да се заканува.          Одговори и одговорност мора да има, ако не од Русковска обвинителството, тогаш од некое друго политички неконтаминирано обвинителство,  истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.   

пред 6 години

kafasan

Во футрола за наочари му пронашле бела материја, а тој ја проголтал

На 29.07.2019 година околу 22,00 часот на ГП-Ќафасан на влез во Република Северна Македонија, при контрола на патничко моторно возило „Пежо“ со албански регистарски ознаки, управувано од албанскиот државјанин A.H.(45), а сопатници во возилото биле A.А.(24) и Л.К. (29), од царински службеници извршен е преглед на возилото и во футрола за наочари пронајдена е бела материја, пo што во просториите на царина на ГП-Ќафасан  А.Н. ја земал и ја проголтал. Лицето е префрлено во Медицинскиот центар во Струга, каде му е укажана лекарска помош. Се превземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

svr

Со лажна швајцарска сообраќајна дозвола и царинска декларација регистрирал странско патничко возило

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.С. (56) од Кичево за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ и З.М. (50) од село Србица за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“.Во април 2013 година, Ф.С. врз основа на оригинална швајцарска сообраќајна дозвола, во фотокопија изработил лажни швајцарска сообраќајна дозвола и  царинска декларација, по што пополнил лажно барање за потврда за отворање постапка за идентификација кое го доставил до Бирото за метрологија Скопје.На 04.06.2013 година, второ пријавениот, до референтот за возила ОУР Кичево доставил барање за регистрација на странско патничко возило, кон кое приложил согласност за регистрација  издадено од ЦВО Охрид,  која на незаконит начин му ја обезбедил првопријавениот по што  била извршена прва регистрација.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka-1

Сообраќајна несреќа - повредени повеќе лица

Ноќеска ( 30 јули ) околу 3 часот и 50 минути, на крстосницата на магистралниот пат Гостивар-Кичево со улицата „ЈНА“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила: „Фолксфаген ЕОС“ со германски регистарски ознаки, управуван од 27-годишниот И.С. од гостиварско Дебреше и „Фолксфаген Голф“ со гостиварски таблици, што го управувал 19-годишниот Х.С. од Здуње. Возачот на „ЕОС“ задобил тешки телесни повреди, а возачот на „Голфот“ и сопатниците Ј.Б.( 40 ) и Ф.Б.( 50 ) од Здуње телесни повреди и пренесени се во гостиварската болница за укажување на лекарска помош. Извршен е увид.

Македонија | пред 6 години

krazba-kradenje

Приведен Тетовец кој извршил кражби, пронајдени предмети кои потекнуваат од кражби

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера ( 29 јули ) околу 14 часот, во Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот тетовец Ј.Ц. поради сомнение дека е извршител на повеќе кражби. Ј.Ц. задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот, а одземени му се и предмети кои потекнуваат од кражби.По документирање на случајот против Ј.Ц. ќе следува соодветен поднесок. 

Македонија | пред 6 години

krazba

35 годишен Кочанцанец извршил две тешки кражби

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.А. (35) од Кочани,  за сторени две кривични дела ,,тешка кражба“.  Пријавениот во Кочани со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во куќа, од каде одзел апарати за домаќинство, компјутер, лап топ, златен и сребрен накит и други предмети. По преземени мерки дел од предметите со потврда се вратени на оштетениот.

Македонија | пред 6 години

Katica

ТВ 24: Дали сопругот на докторката која и издала боледување на Јанева е вработен во СЈО?

Дали Љуба Цилкова - директорката на психијатриската болница-Негорци го издала боледувањето на Катица Јанева? Нашите извори од СЈО ја потврдуваат оваа информација, но на ПР службата во обвинителството Јанева им рекла дека боледувањето и го издал матичен лекар, објави 24.mk.Цилкова е сопруга на Методи Цилков, кој е вработен токму во обвинителството со кое раководи Јанева.Текстот во целост на: ТВ24

Македонија | пред 6 години

30072019_PVRSM_Zaev_otvoranjenaurgentencentar-1

Пациентите од североисточниот регион на земјата на едно место ќе ги добиваат сите неопходни здравствени услуги

Претседателотна Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на отворањето на ново изградениот Ургентен центар во рамки на општата болница во Куманово. Покрај него, на настанот присуствуваа и заменик на Претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Садула Дураки, како и министрите за здравство и за земјоделство, шумарство и водостопанство, д-р Венко Филипче и Трајан Димковски.Истакнувајќи ја важноста на новиот Ургентен центар, Премиерот Заев подвлече дека сите се единствени кога се во прашање заложбите за подобрување на условите во јавното здравство.„Драго ми е што општата болница не собра сите од различни етнички заедници  и од сите  политички партии, затоа што е нешто добро. Ова е направено од парите на граѓаните. Ќе остане трајно добро на кумановци, но и на целиот регион во североисточна Македонија,  којашто  од областа на здравството сите знаеме колку е значајна заради секојдневието на животот на граѓаните, заради  секојдневните потреби и заради тоа што навистина е една од трите најголеми стратешки определби на Владата се здравството, образованието и социјалните дејности“, рече меѓу другото Премиерот Заев.Во својата изјава за медиумите Премиерот Заев посочи дека во изминатиов период Владата на Република Северна Македонија континуирано инвестира во подобрување на квалитетот на здравствениот систем. Како што додаде Премиерот Заев, оваа година се вложуваат 1,3 милијарди денари за општата болница во Куманово, но и за реконструкцијата на болницата во Кичево.Истовремено Премиерот Заев посочи дека продолжува изградбата на штипската болница и дека до крајот на годината во употреба ќе биде пуштена болницата во Струмица, како и дека ќе заврши постапката за почеток на изградбата на Клиничкиот центар во Скопје.„Пораката е пред се до здравствените  работници голем дел од нив се денеска овде, тоа се лекарите, медицинските сестри , болничарите, сите здравствени работници - останете дома , останете во нашата земја. Ние ќе се потрудиме да ги растеме платите, да ги подобруваме условите на вашето работење , заради тоа што прво никаде не е како дома и второ, дефинитивно им требате на граѓаните, заради тоа што Македонија со своите средства ве едуцирала, ве образовала и еве продолжуваме со средства на граѓаните  да ги растеме и платите и приходите коишто треба да бидат  доволна мотивација за сите“, заклучи Премиерот Заев.Министерот за здравство, д-р Венко Филипче во својата изјава за медиумите потенцираше декакумановската болница располага со врвен кадар и додаде дека со новиот Ургентен центар граѓаните ќе добиваат здравствена заштита и услуги на највисоко ниво и дека здравствените работници ќе работат по европски стандарди.„Во изминатата година ипол се примија огромен број на вработени, како никогаш до сега. Капацитетот на кадарот во оваа болница се зголеми за 10%. Понатаму се дадоа 12 специјализации. Сега младите колеги ќе аплицираат за тие специјализации и две субспецијализации. Како што ветивме, го почнавме и процесот на трансформација на работниот однос. Сите вработени во јавното здравство коишто досега беа на договор на дело, ќе станат вработени на неопределено време“, изјави меѓу другото министерот за здравство, Филипче.Со отворањето на новиот Ургентен хируршки центар, како што истакна  директорката на општата болница во Куманово, д-р Снежана Захариева,пациентите на едно место ќе ги добиваат сите неопходни здравствени услуги, односно комплетен хируршки, ортопедски и анестезиолошки преглед.„Овде ќе добијат една комплетна услуга и оние што одат со упат од матичен доктор и оние коишто дошле заради некоја ургентна и живото загрозувачка состојба. Овде ќе имаме една добра екипираност и на медицинскиот кадар, сите ќе бидат на едно место, што дава една подобра можност за меѓусебна комуникација, консултација и решавање и на најтешките случаи. На едно место ќе се врши тријажа на пациенти, оние коишто треба да примаат терапија и да бидат под опсервација, ќе бидат тука – за првпат и дневната болница е на исто место, каде што се амбулантите, оние коишто се полесни случаи ќе добијат совет и препорака за домашно лекување“, рече директорката Захариева.Во следниот период, како што најави министерот за здравство Филипче, планирано е доопремување на Ургентниот центар со компјутерски томограф и за ултразвучен апарат.

Македонија | пред 6 години

sead-kocan

Сеад Кочан треба веднаш да се јави во затворот во „Идризово“за да ја одлежи казната

Осудениот Сеад Кочан треба веднаш да се јави во затворот во „Идризово“ за да ја одлежи казната затвор која судот ја досуди за предметот „Труст“ на СЈО.Судија за извршување санкции му испратил упатен акт на бизнисменот.Кочан е единствениот од овој предмет кој треба да одлежи затворска казна. Второобвинетиот, Василие Авировиќ, исто така беше осуден на затвор од три години, но Апелацискиот суд му ја преиначи казната и му одреди условна односно две години затвор кои нема да се извршат ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.Третиот кој беше обвинет во предметот, Сафет Ватиќ, доби ослободителна пресуда.Во обвинението на СЈО се најдоа и три фирми, „Трансмет“, „Силекс неметали – Кратово“ и „Вато“, од кои третата беше ослободена. За другите судот одреди и конфискација на имот од околу 17 милиони евра.„Труст“ се однесуваше на добивање тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација.

Македонија | пред 6 години

novica

„А1 он“: Инспектор од Охрид уништувал огромни количества храна, а фирмите за тоа барале поврат на ДДВ

Санитарениот инспектор Новица Шуменковски од Охрид со години, без овластување, уништувал огромни количества храна на исти фирми пријавена со поминат рок по што тие барале поврат на данокот за додадена вредност, објави „А1 он“. Оваа пракса траела со години иако ниту бил овластен за тоа ниту има доказ дали храната била расипана и уништена, пишува порталот. Инспекторот Шуменковски правел записници и одобрувал да биде уништена. Извори за „А1 он“ велат дека не постојат докази дека храната била расипана, уште помалку дека била уништена, а постојат сомненија дека била продавана на рака и на црно. Фирмите, пак, врз основа на записниците си добивале пари од државата.Текстот во целост на: „А1 он“

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања