Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

svinja

Димковски : Се преземаат сите превентивни мерки за заштита од појава на Африканска чума

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска преку  прес конференција ја извести јавноста дека заради превенција од појава на „Африканска чума“ издадено е  Решение за предвремено отпочнување на ловната сезона на лов на  дивеч под заштита.Како што информираше Димковски, практично ловната сезона ќе отпочне  два месеци порано од законски предвидената.„Целта е со намалување на густината на популациите на дивата свиња во Република Северна Македонија, да се намалат и шансите за појава и ширење на оваа заразна болест.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до Владата на Република Северна Македонија ќе предложи и усвојување друг сет на мерки, како што сe :Забрана на населување на дивата свиња во ловиштата согласно на планските документи и развојните програми иЗабрана на зимската прихрана на дивата свиња во ловиштата согласно на планските документи и развојните програми.-истакна ДимковскиПретседателот на Ловечкта федерација, Влатко Алексовски, апелираше до сите ловци, ловни друштва и концесионери да се вклучат во реализацијата на превентивните мерки кои се спроведуваат се со цел заштита од појава на болеста „свинска чума“Според проценките во земјва има околу 8.000 диви свињи, рамномерно распространети низ целата територија на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

ivor

Мицковски по инцидентот со Усеини: Згрозен сум што провладината јавност молчи, да ви се плукнам во демократите!

По вчерашниот инцидент во Охрид, каде според МВР, советникот Нефи Усеини го натепал професорот Илјаз Илјази, со коментар на социјалните мрежи се јави новинарот и колумнист Ивор Мицковски. Тој вели дека е згрозен поради тоа што цела провладина јавност молчи за случајот.„Веројатно тоа што највеќе ме згрозува од вчерашниот напад на професорот Илjаз Илjази од страна на силеџијата на ДУИ Усеини, (инаку ова му е трет напад врз човек годинава) е што речиси цела демократско провладина јавност молчи за случајот. Нападнат е 60 годишен, колку што можам да видам почитуван професор и експерт за животна средина, од страна на партиска бараба која гради дивоградби во Охрид и крајбрежјето, и никој не му може ништо. Па гледате ли до кој степен сме обединети во трпење на партиското насилие?!  Албанците 17 години го трпат ДУИ, ние 11 години трпевме невидени насилници и благодарение и на Албанците се ослободивме од едно зло, но каква правда е ако вакво криминално здружение владее над сите со вакви силеџии, додека борците за правда станаа дел од криминалот и криминалната коалиција против која декларативно се бореа.Во едни други времиња ова ќе беше скандал, сега е само игнорирање и „остајте институциите да се погрижат“. Е па институциите година дена не мрдаат со мал прст, и институциите на партиите создаваат вакви насилници. Да ви се плукнам во демократите за едно годишно време.  Нема дно лицемерието во оваа држава, затоа и пропаѓаме толку длабоко“, пишува Мицковски.

Коментари | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

ФОТО: Трајно избришани неколку компјутери во СЈО, другите се спасени барем засега!

Специјалното јавно обвинителство призна дека веќе се избришани неколку компјутери во оваа институција и дека процесот е запрен „за да се оттргнат сомнежите за какви било други мотиви“. Ова е содржано во писмениот одговор што „360 Степени“ го доби денеска откако по претходно добиени дополнителни сознанија за тоа што се случувало во СЈО во изминатите денови и недели, претпладнето испративме неколку прашања до ова обвинителство.Оваа порака е пратена една недела пред ОЈО за гонење организиран криминал и корупција да отвори истрага за случајот „Рекет“, во кој е имплицирана и шефицата на СЈО, Катица Јанева. Сепак, иако формално нема истрага, тоа е период во кој за случајот на големо се пишува во медиумите, а Јанева најверојатно знае и дека Вилма Русковска води предистрага. Според изворите на „360 Степени“, речиси ништо не се случува на овој план додека Јанева е отсутна поради боледување, а работите повторно се раздвижуваат по нејзиното враќање во СЈО минатиот вторник (23 јули).СЈО во саботата демантираше дека е издадена наредба за бришење компјутери што беше реакција на текстот на „360 Степени“ под наслов „Катица Јанева наредила ‚форензичко бришење’ на компјутерите во СЈО“.Повеќе на 360 степени.

Македонија | пред 6 години

Mijalkov-Sasho

Мијалков не може да се лекува во Чешка, судот не дозволува

Судот го одбил барањето на ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, со времен пасош, да се лекува во Чешка.„Советот на одржана седница по разгледување и ценење на барањето и  мислењето на надлежното обвинителство донесе решение со кое барањето го одби како неосновано“, стои во одлуката на Кривичниот суд.Мијалков може да се жали против решението на Апелација во рок од три дена.Според  информацииte, Мијалков отишол во СЈО со еден куп медицинска документација со која побарал да му биде вратен пасошот кој му се наоѓа во Кривичниот суд како една од мерките за претпазливост, откако беше пуштен од притвор за случајот „Титаник 2“.Мијалков е обвинет во „Тврдина-Таргет“, „Трезор“, „Тортура“ и „Титаник 2“, предмети на СЈО.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Град Скопје ќе дистрибуира топлинска енергија до граѓаните

На денешната владина седница  се донесе одлука на Град Скопје да му се даде на трајно користење, топловодната мрежа, со која ќе управува новоформираното претпријатие за дистрибуција на топлинска енергија и гас, Градски Енергетски Системи (ГЕС).Градот Скопје преку АД ГЕС-СКОПЈЕ ќе спроведува мерки за намалување на аерозагадувањето во градот кое е последица на затоплувањето на објектите, на среден рок преку развој и проширување на топлификационата мрежа, давање субвенции за приклучување, подобрување на енегетската ефикасност на објектите, намалување на потрошувачката на енергија  преку регулација, како и изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас.ГЕС ќе овозможи обмислени градски енергетски политики, одговорен пристап кон енергетската ефикасност и рационален пристап во комбинирањето на топлификациската и гасоводната мрежа низ градот. ГЕС ќе има  изменет пристап кон корисниците во кој приоритет ќе има бројот на приклучени претплатници и ширењето на мрежата, наспроти максимизирањето на профитот и рационализирањето на трошоците и инвестициите, како што е случај со сегашните дистрибутери на топлинска енергија.Целта на Градот е парното греење да биде достапно за сите, односно граѓаните да добиваат пониски сметки, да се запре досегашниот бран на исклучување од системот,  повторно да се вратат во мрежата корисниците коишто го напуштиле овој начин на затоплување поради превисоките сметки за парно, но секако да се привлечат во системот и нови корисници.Градот Скопје преку субвенционирање на потенцијалните нови корисници и вложување во енергетска ефикасност на објектите кои треба се приклучат на топлификациониот систем, директно ќе влијае и да се намали потребата  од топлинска енергија за затоплување, а со тоа  ќе се намали и  трошокот за затоплување, односно корисниците ќе добиваат помали сметки за греење.Со функционално поврзување на 3-те топлификациони мрежи, кои во моментов се одвоени,  ќе се создадат  можности за вложувања во досега нерегулирани извори на топлинска енергија со што ќе се создаде конкуренција  на пазарот  што ќе доведе и до дополнително намалување на цената на топлинската енергија.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанец доби кривична преку ФБ му се заканил на Заев

Секторот за компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 67-годишник од Скопје, кој на „Фејсбук“ објавил коментар со заканувачка содржина кон премиерот Зоран Заев.Според МВР, на 25 јули годинава, пријавениот, преку своето корисничко име на „Фејсбук“, објавил коментар со закана кон премиерот.За потсетување Заев, на 25 јули, по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан, на седница во Собранието јавно кажа дека добил закана преку социјалните мрежи за куршум во челото и пријавил во полиција.

Македонија | пред 6 години

devojce

Две малолетно момчиња пипкале по целото тело малолетно девојче

Родители на 13-годишно девојче од Неготино пријавиле во СВР Велес дека нивната 13-годишна ќерка била сексуално вознемирувана од малолетници.Имено инцидентот се случил на 05.07. На Градскиот базен во Неготино двајца малолетници на 15-годишна возраст нападнале 13-годишно девојче од Неготино и ја пипкале по телото.  Целиот настан е снимен од малолетник со мобилен телефон, кој потоа снимката ја праќа на други лица.Основното јавно обвинителство Велес  работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

IMG_0751

Се реализира првата фаза на поставување на приклучоци од вакуум канализација во Јурумлери

Се реализира првата фаза на поставување на приклучоци од вакуум станицата во Јурумлери кон улица 2. Со оваа вакуум станица се поврзува со главниот цевковод, од каде што почнува со ширење на канализационата мрежа кон домаќинствата. Во моментов се вршат ископи и поврзување на улица два, во склоп на првата фаза, а во останатите фази ќе се работи на  поставување на приклучоците кон останатите два краци. Кога ќе биде завршена целосно една линија, веднаш ќе се пристапува кон нејзино целосно асфалтирање.Претходно, беше извршено прекопувањето на каналите. Целта е секое домаќинство да добие пристап до подземните канализациони инсталации и шахти. Подготвителната фаза за имплементација на вакуум прочистителна станицата во Јурумлери, која ќе биде прва во земјава, се реализира со средства на општината.Со изградбата на вакуум канализациската мрежа во Јурумлери, се решава повеќе деценискиот проблем на жителите од ова населено место кои сега добиваат нормални услови за живеење, а септичките јами стануваат минато.Целосната реализација на овој проект се очекува да биде завршен за максимум 2 години.Општина Гази Баба апелира до жителите на Јурумлери да се придржуваат до сообраќајните правила со цел побрза и поефикасна изведба на градежните активности.

Скопје | пред 6 години

tomovski

Томовски: Не запира дивеењето на насилникот Усеини, го штитат Јавното обвинителство и полицијата

Не запира дивеењето на насилникот Нефи Усеини. Најомилениот градежник на власта вчера нападнал човек, му се заканувал дека ќе го убие и го влечел по земја.Усеини според сведоштвата на жртвата за медиумите, крадел вода од него, тој на диво се приклучил на водоводната мрежа на жртвата, а кога тој повикал екипи од „Водовод“ бил нападнат од Усеини, истакна Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ.Според зборовите на жртвата, Усеини му се заканувал со зборовите: - „Јас сум советникот Нефи, јас ќе те убијам. За насилниот настан постојат и фотографии кои ги објавија медиумите, а и сведоштва на присутните“.И по ваквото сведоштво и по пишувањето на медиумите, Нефи Усеини е се уште е на слобода. Јавното обвинителство, а и полицијата го штитат.Усеини е оставен да дивее низ Охрид и да ги плаши граѓаните. Ова не е првпат Усеини да нападне човек и да ја загрозува безбедноста на граѓаните. Ова е трет напад на Усеини во рок од четири месеци, претходно тој нападна и инспектор од општина Охрид, па и советник од Советот.До кога власта ќе го толерира Усеини? Дали е потребно Усеини да убие човек за власта да реагира?Апелираме МВР и ЈО веднаш да постапат согласно закон и да отпочнат соодветна постапка против Усеини, а не само да го повикуваат на информативни разговори. Потребни се конкретни мерки и чекори за сузбивање на насилието и дивеењето на Усеини кој години наназад ги заплашува граѓаните и е оставен од Заев да прави што сака.За сето насилие, за криминалот и корупцијата на оваа власт на чело со Зоран Заев потребно е итно распуштање на Парламентот и организирање на предвремени парламентарни избори, истакна Ивица Томовски од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Finallno-asafltiranje-del-od-partizanski-odredbi-Karpos-4-2

Завршено асфалтирањето на последната траса од булеварот Партизански одреди

Со завршното асфалтирање на последната траса проектот за реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ влегува во завршна фаза.Асфалтирањето на последната траса, од ТЦ „Антико“ до мостот „Обединети нации“ (во правец од Центар кон Влае) почна во текот на вечерта и денеска треба да заврши асфалтирањето и на преостанатата делница. Во наредните денови треба да се извршат финалните градежни зафати, и  да се постави соодветна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.Асфалтирањето се врши во рамки на проектот за реконструкцијата на дел од булеварот „Партизански одреди“, на потег од крстосницата со булеварот „8.Септември“ до мостот „Обединети нации“, во должина од околу два километри.Со овој проект целосно се замени асфалтот  на површина од околу 47.000 квадратни метри, а на автобуските стојалишта се изведе комплетно нова коловозна конструкција. За реализацијата на овој капитален проект Градот Скопје издвои околу 69 милиони денари. 

Скопје | пред 6 години

spaseno-lice

(ФОТО) Планинската Спасителна Служба при Црвен крст спаси Холандски велосипедист

Уште една интервенција, седма по ред. Вчера во 13:11 часот, Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид добила повик од страна на група планински велосипедисти од Холандија, кои им соопштиле дека при пад во близина на Трпејчко поле, југо-источно од Пештани, нивниот пријател се здобил со повреда во пределот на десниот колк. Тричлена екипа од ПСС со теренско возило веднаш излегла на терен, по што за кратко време лицето било лоцирано, мобилизирано и транспортирано до с. Пештани, од каде во 14:45 часот го превзело возило на итната медицинска помош и го пренело  во специјалната болница за ортопедија Св. Еразмо во Охрид.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Локвенец: Извештајот на СТО потврди, економијата расте

Најновиот Извештај на Светската трговска организација каде се констатира огромен економски напредок, е уште една потврда за успешноста на реформите на СДСМ и Владата што ја предводи. Пред само две години, во последниот квартал од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ економијата беше во минус од 1,8 отсто. Денес, преку успешните економски политики, растот на Брутодомашниот производ изнесува 4,1 отсто во првиот квартал од 2019 година. Денес, реалниот сектор е носител на економскиот раст. Компаниите растат и се развиваат, се зголемува нивната продуктивност и конкурентност на домашните и странските пазари, истакна Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.Бруто инвестициите, во првиот квартал растат за 9,9 процентни поени.Во изминатиот период, политиките на Владата го следеа и учествуваа во растот на економските параметри. Во 2018 година рекорден број на компании, над 250, домашни и странски, добија поддршка, а Владата по неколку основи кон стопанството уплати 40,7 милиони евра. Континуирано растат, плаитите. Просечната плата која во мај изнесува 25.270 денари, што е за 10,4 отсто поголема во споредба со истиот месец од 2017 година. Паралелно со растот на платите, бележиме пад на невработеноста на рекордни 17,8 отсто, а за само две години реализирани се 49.552 нови вработувања, доминатно во приватниот сектор.Но не застануваме тука. Во периодот пред нас следува инвестициски циклус од 5 милијарди евра. Проектирани се милијарда евра за патишта, над една милијарда евра за железница, над една милијарда евра за енергетика. Продолжуваме со реализација на зацртаните мерки и политики што носат раст и развој, зголемена конкурентност, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари за граѓаните.Создаваме силна економија што е шанса за сите, истакна Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.

пред 6 години

bebe

(ВИДЕО) Бебе спасено од кучиња скитници, мајка му го фрлила во одвод

Кучиња скитници спасиле бебе откако една Индијка одлучила да се ослободи од своето дете фрлајќи го во одвод. Камерите ја фатија на дело Индијката во градот Каитал, како своето бебе го става во најлон, а потоа го фрла во одводот.Дека нешто чудно се случува, забележале кучињата скитници. Го извлекле бебето, а потоа со своето лаење привлекле внимание на минувачите, за да повикаат полиција. Детето потоа било пренесено во болница каде му била укажана лекарска помош. Кога било пронајдено, бебешко еден килограм и имало повреди на главата.Полицијата уште трага по мајката.

Свет | пред 6 години

ilir-meta

Илир Мета: На Балканот ќе има апокалиптичен земјотрес

Албанскиот претседател Илир Мета предупредува дека апокалиптичен земјотрес ќе го погоди Балканот, јави Топ чанел. Мета во функција на претседтаел на Советот за безбедност упатил писмо до албанскиот премиер Еди Рама, вицепремиерот Ерион Браче и министерката за одбрана Олта Џачка.Имено, Мета бара информации од релевантните институции за тој природен феномен, врз основа на изјави на грчкиот сеизмолог Акис Целентис.„Сеизмологот Целентис предупредува за апокалиптичен земјотрес што се очекува да го погоди Балканот, што може да биде 30 пати помоќен од оној што го погоди атинскиот регион пред неколку дена. Поради нејзините сеизмички карактеристики, нашата земја е една од најризичните земји во Европа. Затоа Албанија е загрозена од тој природен феномен“, се вели во писмото од Мета.Toj бара информации за предупредувањето и можни мерки и вели дека е подготвен да го свика Советот за национална безбедност.  

Свет | пред 6 години

bujar-osmani-696x396

Бујар Османи ќе оди во затвор да го посети уапсениот Морина

Вицепремиерот, Бујар Османи, изјави денеска дека има намера да го посети притворениот Томор Морина, поранешен припадник на ОВК, кој беше уапсен поради распишана потерница од Интерпол, бидејќи Србија го бара за воени злосторства против цивилите во Косово.Османи изјави дека сака да го посети Морина во својство на пријател на Република Косово.-Ова е недозволиво. Морина треба да се ослободи. Жално е што се случи овој настан, бидејќи влијае на односите меѓу нас и Република Косово. Барањето на Србија е за српски граѓанин, а ние овие граѓани ги признаваме како граѓани на Косово. Тоа е безпредметно. Специфично е дека потерницата не е преку српскиот Интерпол, туку преку централата на Интерпол, и затоа нашата држава треба да ги почитува процедурите. Мојата посета е како пријател на Република Косово и претставник на Влада која е пријател на Косово – рече Османи.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицковки ќе оди во Унгарија да се сретне со Орбан, не е познато дали ќе се види и со Груевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска и утре ќе биде би Виена, Австрија, и во Будимпешта, Унгарија, соопштија од партијата.Во Виена ќе остане кратко и ќе има средби од научен карактер, кои се поврзани со неговата професорка дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.Оттаму, заедно со со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, ќе заминат во Будимпешта да се видат со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Македонија | пред 6 години

zaev-1-1

Заев предлага избори во октомври идната година, ако сака Мицковски

Премиерот Зоран Заев денеска во Куманово, изјави дека е охрабрен од вчерашните преговори на работните групи за законот за јавно обвинителство, додавајќи дека се заокружени две работи и оти е закажана следната средба на која ќе се расправа за останатите отворени прашања меѓу кои и за прв човек на обвинителството.–Ќе сториме се да можеме да изградиме консензус. Секако паралелените пораки кои стигаат од страна од високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ дека џабе е што работат работните групи кога на крајот нема да има гласање, ако нема предвремени избори,нас нема да не обесхрабри да продолжиме да работиме да ги приближиме ставовите преку работните групи, изјави премиерот, одговарајќи на новинарски прашања при пуштање во употреба на Ургентниот центар во Куманово.Заев нагласи дека останува и понатаму оптимист, а ако опозицијата сака предвремени избори, тие можат да бидат одржани во октормври 2020 година.–Уште еднаш напоменувам црвените линии немаме право и недозволиво е никој да ги помине, а тоа е гаранација за иднината на предметите, за иднината на СЈО, за структурите или меѓународните стандарди на јавно-обвинителскиот систем кои се вградени во самиот закон и верувам дека тоа така и ќе останае, изјави Заев.

Македонија | пред 6 години

30072019_PVRSM_Zaev_SednicaSovetzaReforma

Седница на Советот за реформа во јавната администрација - целта ни е цел е обезбедување професионална и ефикасна служба на граѓаните

Советот за реформа во јавната администрација (РЈА) со која претседаваше премиерот Зоран Заев, вчера попладне во Владата на Република Северна Македонија, ја одржа шестата седница.По усвојувањето на записникот од претходната, петта седница и дискусија по заклучоците од истата, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски ги информираше членовите наСоветотзанапредокот во подготвувањето на Законот за измени и дополнувања на Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за измени и дополнувања на Законот за административни службеници и Предлог-законот за висока раководна служба.Министерот Манчевски информираше и за статусот и следните чекори на процесот на реорганизација и оптимизација на органите на државната управа, агенции и инспекциски служби од централна власт, како една од клучните реформи во јавната администрација.Во продолжение на седницата, членовите на Советот имаа дискусија во однос на сите предложени измени и дополнувања на одделните закони, соподдршка за обезбедување на функционална и професионална администрација, како и функционално работење на институциите и органите на државната управа.Воедно, во рамки на шестата седница, членовите на Советот дискутираа за процесот на подготовка на вториот полугодишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на јавната администрација, како и за зајакнување на системот за следење и имплементација на Стратегијата за РЈА 2018 – 2022 и Акцискиот План. 

Македонија | пред 6 години

Summerland-1

Шилегов до Груевски: Пливај мали, ама Маџарска нема море

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, му одговори на пребеганиот екс премиер, Никола Груевски, кој во фејсбук статусот што го објави денеска го прозива Шилегов затоа што ќе го врати старото име на улицата „Мексичка“. Груевски при тоа повика на линч и напиша дека можно е Шилегов и премиерот Зоран Заев да бидат претепани во „некоја темна уличка“.Шилегов најави дека во рамки на проектот Смарт сити, ќе бидат осветлени сите улички, вклучувајќи ја и улицата „Мексичка“.„Кон крајот на август месец, градот Скопје ќе објави постапка за Смарт сити, која вклучува и лед осветлување на улиците. Така што, сите улици ќе бидат осветлени … Ленинова на пример ? А да !!! И Мексичка. Пливај мали !!! Ауууу, Маџарска нема море…“, напиша Шилегов.

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva11

Од СЈО велат Катица извадила боледување за 15 дена

Боледувањето кое специјална јавна обвинителка Катица Јанева го отворила било од матичен лекар за 15 дена, а не за 30, велат од СЈО за Плусинфо.Јанева отвори боледување на 16 јули, ден откако ја објави својата одложена оставка и откако беше отворена истрагата за случајот „Рекет“. Истото, сама го прекина на осмиот ден, на 23 јули, кога се врати на работа и првпат се појави во јавност по избивањето на аферата.Освен краткиот одговор, од СЈО нема коментар за фотографијата која вчера ја објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. Од неа се гледа, пак, дека боледувањето е во период од 30 дена, односно од 16 јули до 15 август, со што пратеникот го отвори и прашањето како може да се даде боледување од толкав период без пациентот да оди на комисија?Текстот во целост на: Плусинфо

Македонија | пред 6 години

nefi-tepacka

МВР за инцидентот со советникот Усеини: Поритв него и против вториот напаѓач ќе поднесеме пријава

Министерството за внатрешни работи се огласи по вчерашниот инцидент во кој учствуваше советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини. Тие велат дека е нарушен јавен редот и мирот, а Усеини и Илјаз Илјази биле повикани во станица.„На 29.07.2019 околу 10 часот, на улицата „Сатеска“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.У.(44) и уште едно лице врз И.И.(60) од Охрид. Н.У. е повикан во полициска станица и извршен е службен разговор и против него и вториот напаѓач ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.Советникот Нефи Усеини натепал професор од Универзитетот на Југоисточна европа, Илјаз Илјази. Нападнатиот 60-годишен професор случајот го пријавил во полиција.Професорот Илјаз Илјази вели за „А1он“ дека советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, го удирал со тупаници, што резултирало со повреди. Илјази додава дека се чувствува загрозено бидејќи Усеини му се заканувал дека ќе го убие, влечејќи го пред неговата зграда. 

Македонија | пред 6 години

vucic-1-1024x683

Скандал во Србија: Вучиќ бил нелегално прислушкуван 13 години, откри тамошното МВР

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, изјави дека претседателот Александар Вучиќ континуирано бил пpислушуван во периодот од 1995 до 2000 година, потоа повторно од 2000 до 2003, и уште еднаш, на исклучително софистициран начин, во периодот од 2007 до 2012 година.Прислушувањето било нeлeгално, бел никаков cyдски налог или некаква наредба односно мерка заснована на законот.Стефановиќ истакна дека и по paзоткривањето на аферата не е поднесена kpивична пријава, ниту е покрената било каква постапка, што укажува дека се работи за пpислушување од политички противник.Стефановиќ на прес конференцијата рече дека Вучиќ бил пpислушкуван преку лица со кои бил во контакт, а кои биле означени како еkстремисти.Меѓу лицата и Горан Весиќ и Владимир Ѓукановиќ, и уште неколку други чии имиња не беа објавени.Овие лица биле приcлушувани, а нивните електронски комуникации биле под надзор со единствена цел, да се следи нивната комуникацијат цо Вучиќ.Цел на следењето не било откривање на kpивично дело, туку следење на политички пpотивник.

Свет | пред 6 години

eksplozija-avtobus

ВИДЕО: Експлодираше автобус со патници во Белград

Експлозија во градски автобус го потресе Белград. Нешто пред 11 часот, во Дедиње, Белград, експлодирал компресор за воздух.Според првичните информации, внатре имало дваесетина патници, од кои, засега се знае дека тројца се повредени.Од силната експлозија распукале стаклата, поради што, патничка се здобила со расекотина.Автобусот бил на приватен превозник.На местото каде се случила несреќата има полиција, а повредените итно се префрлени во болниците.

Свет | пред 6 години

mence

Уште еднаш се покажа дека заедно можеме се - Агонија на младата Менче ќе заврши- закажана операцијата

Долгогодишната агонија на Стаменка Менче Трповска конечно ќе заврши. По апелот за помош од хумани граѓани беа собрани средствата за операција за Стаменка да може да живее нормален живот без болки и ограничување.-Драги пријателчиња, штотуку добив и официјално потврда од болницата Атлас од Београд и од др. Црнобариќ дека на ден 07.08.2019 година ќе биде и дооолго очекуваната операција. Конечно цела моја долгогодишна агонија ќе заврши!!!Пред се сакам поединечно на секој од вас да ви се заблагодарам од срце бидејќи без вас сево ова немаше да успее. Се гледаме на славење после операцијата и тоа на штаки 😂 Ве сакам!!!, напиша Стаменка на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

FullSizeRender-30-07-19-11-02

Божиновски: Нема ден да не снема вода за пиење во Охрид, покрај тоа дали Георгиески видел како непречистената вода со фекалии се влева директно во езерото

Со Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески нема ден, а граѓаните на Охрид да не се изложени на проблеми. Тоа е неодговорно, недозволиво и нехумано.Нема ден да не снема вода за пиење во дел од градот. Секојдневното живеење на граѓаните и туристите е отежнато. На жителите на Лакочереј им се ускратени основните услови за живот преку зачестените проблеми со водоснабдувањето иако навремено ги подмируваат обврските.Оваа Локална власт наместо да ги решава проблемите на граѓаните најпрво ја зголеми цената на водата, а сега ги скрати средствата за изградба на системи за водоснабдување за 4.400.000 денари на сметка на враќање на долговите, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид..Зошто Георгиески дозволи кратење на средствата за водоснабдување за сега жителите да се соочуваат со проблеми?Георгиески да не дозволеше минус 1.000.000 денари за изградба на водоводни линии и минус 300.000 денари за појачување на водоводни мрежи, изградба и реконструкција на резервоари за вода во рурални средини сега жителите немаше да имаат вакви проблеми.Дали Георгиески бил во Подмоље да види како непречистената вода со фекалии се влева директно во езерото од која се шири неподнослива миризба?И сето тоа кај една од пумпните станици на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро. Доколку навистина се спроведуваат преораките од УНЕСКО треба да се реагира.Се додека приориетет на директорот на МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“, Алексијоски ќе бидат репрезентациите по кафани и фудбалските клубови, а не проблемите на граѓаните сите ветувања на власта ќе останат само празни зборови.ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш од „Водовод“ да ги реши проблемите со водоснабдувањето во Лакочереј и да им овозможи на жителите непречено снабдување на вода за пиење.Локалната власт на СДСМ и Георгиески работи недомаќински. Таа е синоним за неработење и нерешавање на проблемите на граѓаните.=, истакна Божиновски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања