Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Граѓаните расчистија со темните улички на Груевски, во затвор ќе има уште повеќе време за статуси, смајлиња и срценца

Криминалецот во бегство, Никола Груевски во негов, препознатлив кукавички стил се прави јунак од тастатура, далеку од своите сограѓани. Дојди Груевски и соочи се со гневот на граѓаните,  се вели во соопштението ос СДСМ.Македонците и сите заедници од земјава расчистија со темните улици на Груевски, сега одиме напред по светли патишта. Таа светлина Груевски не може да ја почувствува скриен од својот народ. Таа светлина е светлина на напредокот. Светлина на економски раст од 4.1 отсто, раст на платите и пензиите, намалување на невработеноста на историски најниски 17,8 отсто, на рекорден раст на странските инвестиции.Од друга страна е темнината на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, темнина на криминал, корупција, отворени судски предмети за тешки кривични дела и правосилни затворски пресуди за неправдите и криминалите што ги правеа врз својот народ цели 11 години. Во затворот кој го чека, Груевски ќе се соочи со казната за тоа што го газеше народот.Груевски, дојди во родната земја да ја отслужиш казната за злоделата, во затвор ќе имаш уште повеќе време за статуси, смајлиња и срценца, се вели во соопштението ос СДСМ.

Македонија | пред 6 години

67371427_2382613935139578_3884645387763449856_n

(ФОТО) Водно претворено во индустриска зона: За бизнисмените-политичари се е на распродожба во име на профитот

Од граѓанските иницијативи „Го сакам Водно“ и „Во одбрана на Дебар Маало“ и натаму реагираат на сечата која му се случува на Водно поради изградба на гасоводот. Градежните работи и натаму течат, а активистите велат дека Водно е претворено во индустриска зона.„Од заштитена шума, Водно претворено во индустриска зона. Шумата која се садеше со работни акции на младинци и работници во едно похумано социјалистичко општество, не ја одбранивме. За бизнисмените-политичари се е на распродажба во име на профитот на малкумината“, велат од иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“.Од другата иницијатива велат дека не успеале во целост да ја спречат сечата на Водно.„Не терен си тече се.. Нешто бај д бук, нешто не. Како и да е, ние сме тука. Пратиме и што се сече и колку се сече. И мериме колку се уништува (метрото е задолжително со нас). Со грутка во грло, бидејќи Водно изгледа многу тажно.. Спустот на Шишево е сеуште горечки проблем, како што многу пати беше нагласено и бевме игнорирани.  Мина година дена. Што можевме спасивме од сечење, тоа што се исече боли, но заврши. И ќе престанат и овие бушења, минирања, копања, заварувања“, пишуваат од иницијативата „Го сакам Водно“.

Скопје | пред 6 години

02.08iliden-krusevo-fokus

Две прослави за Илинден во Крушево, една на Владата, една „македонска“: Понесете труби и свирчиња, Македонија на Македонците

Иницијативниот одбор за македонската прослава на Мечкин Камен најавува паралелна прослава на националниот празник Илинден на 2 август.На Мечкин Камен ние Македонците ќе имаме своја бина, свое озвучување, своја програма, свои настапи, пишува во објавата во која уште се вели: “Нема да бидеме дел од прославата на северџаните туку ќе ги исвиркаме”.Во другиот дел од објавата, пишува:“Затоа ве повикуваме да дојдете во што поголем број со знамињата македонски, не со вентилатори. Со себе понесете и труби и разни свирчиња. Инаку свирчиња ќе се поделат и на Мечкин Камен. Не наседнувајте на било какви провокации и заплашувања, не ни можат ништо. Да ги пречекаме македонските коњаници на наша прослава. Македонија е на Македонците. Никогаш северна , само Македонија Се гледаме на Илинден на Мечкин Камен во 11.00 часот на македонска бина, на македонска прослава”.Паралелно, на Маечкин Камен ќе се одржи и прославата на Владата

Македонија | пред 6 години

micotakis

Мицотакис: Затворивме врата на популизмот, ја враќаме гордоста на Грција

Грција, пред три седмици го одбра патот на силен развој. Неодамнешните избори ја затворија вратата на популизмот, на демагогијата и на уназадувањето и дадоа силен мандат за автономен тек кон излез од кризата, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во говорот на свечената вечера во Никозија, во негова чест приредена од претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис.Премиерот на Грција истакна дека најважно од сѐ е што „конечно се враќаат оптимизмот и надежта за горда и стабилна татковина“.-Исцртуваме линија што нѐ разделува од минатото и конечно, по 10 години криза, со оптимизам гледаме кон иднината. За силна Грција, а силна Грција, драг Претседателе, значи и силен Кипар, силна Грција значи силен хеленизам насекаде во светот, рече Мицотакис.Во неговиот говор се задржа на односите со Турција и кипарското прашање за кое рече дека решавањето е прва цел на грчката надворешна политика.-Ве уверувам дека овој национален приоритет има поддршка не само од политичкото и државното раководство на Грција, туку и од сите Грци. Остануваме посветени на ставањето крај на окупацијата и на изнаоѓањето комплетно решение, фер, одржливо и функционално. Врз основа на одлуките на Советот за безбедност на Обединетите нации и спроведувањето на европското законодавство на целата територија на Кипар. И, им ја ставивме до знаење на сите инволвирани, нашата централна заедничка позиција: не може да постои напредок без целосно укинување на гаранциите и повлекување на окупаторските трупи, рече грчкиот премиер и додаде дека желбата е слободен, одново обединет просперитетен Кипар.

Свет | пред 6 години

povredeno-lice-crven-krst

Црвен крст-Охрид спаси повреден велосипедист од Холандија кој паднал на Трпејчко поле

Група планински велосипедисти од Хиландија во Црвениот крст-Охрид пријавиле дека едно лице паднал при искачување на Трпејчко поле, при што се здобил со повреда во пределот на десниот колк. На ова, веднаш интервенирале екипи, а велисопедистот е однесен во болница.„Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид доби повик од страна на група планински велосипедисти од Холандија, кои јавија дека при пад во близина на Трпејчко поле, југо-источно од Пештани, нивниот пријател се здобил со повреда во пределот на десниот колк. Тричлена екипа од ПСС со теренско возило веднаш излезе на терен, за кратко време лицето беше лоцирано, имобилизирано и транспортирано до с. Пештани, од каде во 14:45 часот го превзеде возило на итната медицинска помоши го пренесе во специјалната болница за ортопедија Св. Еразмо во Охрид“, велат од Црвениот крст-Охрид.

Македонија | пред 6 години

pozar

Изгореа домови на семејства со малолетни деца: Глетката беше страшна, среќа што навреме ги извлекоа дечињата

Во пожарот што се случи во неделата во социјална зграда во Берово изгореа два стана на семејства со малолетни деца.Глетката за време на пожарот, како што тврдат очевидци била страшна и само присебноста на пожарникарите и полициските службеници спасиле вистинска катастрофа. Тие навреме ги извлекле малолетните дечиња од нивните домови. Во моментот семејствата кои останаа без својот дом, како што информираше сосетка на опожарени семејства, ноќта ја поминуваат во неколку околни објекти без основни услови за живот.-Страшно беше овде во неделата, се спасуваше жива глава во домот на Шехерзад Арифовска и Сенад Чиндаровски. Поради тоа што мораше итно да се реагира и два други стана се оштетени. Среќа што се спасија дечињата, вели нивната сосетка, Мерлина Зекировска.Додава дека семејствата, ноќите по пожарот ги поминале вон секакви човечки услови.-Едното од семејствата спиеше во плевна, а бидејќи се им изгоре во пожарот, останатото семејство немаше ниту едно ќебе да се покрие во текот на ноќта, додава Зекировска.

Македонија | пред 6 години

potkup

Цариници кои земаа поткуп од 70 евра завршија во притвор

Основното јавно обвинителство Куманово поведе истражна постапка против две лица кои како соизвршители сториле едно кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.На 28.07.2019 година околу 02,50 часот на Граничниот премин „Табановце-Патен“ во својство на службени лица-царински службеници вработени во Царинската Управа на Република Северна Македонија, побарале и примиле подарок за да не извршат службено дејствие што би морале да го извршат.Осомничените при вршење царинската контрола на возачот на патничко моторно возило „Фиат Дукато“ со германски регистарски ознаки, побарале и примиле парични средства во висина од 70 евра. Паричните средства биле примени за да не извршат службени овластувања и надлежности кои произлегуваат од нивните работни места, односно доколку се исполнети законските услови на возачот и сопатниците да им пресметаат и наплатат задолжителни царински давачки при внесување стока. Откако бил примен подарокот, осомничените на лицето му дозволиле непречен влез во државата без да биде извршена редовната царинска контрола и без да биде извршена проверка на стоката која ја носел.При извршен претрес од страна на полициски службеници во службените простории се пронајдени и други парични средства кои се предмет на натамошно  преземање дејствија во рамки на истрагата на обвинителството.Постапувајќи по поднесената кривична пријава, надлежниот јавен обвинител  донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и поднесе Предлози за определување на мерка притвор за секој од осомничените. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

dokumenti

Кривични за физичко и правно лице поради фалсификување исправи

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С. (56) од Куманово, и Друштво за производство, трговија и услуги ПЕТРОС ДОО Куманово, за сторени кривични дела „фалсификување исправа“  и против М.М. (55) од село Ропаљце, Липково, за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.На 14.07.2019 година, првопријавениот, вработен во пријавеното правно лице, со намера за стекнување на противправна имотна корист за правното лице, работел надвор од пропишаното работно време во истото правно лице, при што му овозможил на  Е.И. вработен во правното лице Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги АФРИМ-КОМЕРЦ ДООЕЛ увоз-извоз со седиште во село Ропаљце, Општина Липково, со товарно возило марка „МЕРЦЕДЕС –БЕНЗ“ без присуство на одговорно лице да натовари и изнесе минерални суровини, без да биде  издадена кантарна белешка за истото, со што пријавеното правно лице постапило спротивно на одредбите од  Законот за минерални суровини.По ова, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, при извршена контрола од полициски службеници, товарното возило кое било натоварено со минералните суровини, било одземено, додека возачот Е.И. бил приведен за натамошна постапка. Од страна на третопријавениот вработен во правното лице Друштво за производство, градежништво, трговија и услуги АФРИМ-КОМЕРЦ ДООЕЛ увоз-извоз со седиште во село Ропаљце, Општина Липково била доставена Испратница со невистинита содржина од 14.07.2019 година, која била неовластено издадена од  првопријавениот, додека третопријавениот се потпишал на местото од возачот, при што во истата била наведена количина на суровини.По преземени мерки и извршен увид во Книгата за водење на произведените количини на минерални суровини констатирано дека на 14.07.2019 година не е евидентирана предметната продажба на минерални суровини.

Македонија | пред 6 години

aerodrom-1-219117

Уапсен маж на аеродромот во Скопје

Вчера попладнето Граничниот премин „Меѓународен aеродром- Скопје“ на влез во РСМ при пасошка контрола и проверка на А.М.(33) од Скопје констатирано било дека евидира во ОЕ со мерка “Апси“ по барање на МВР–СМПС- Потраги.Лицето било предадено на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за спровод до КПУ-Идризово-Скопје.

Македонија | пред 6 години

koli-vozila-ulica-ramstor-skopje

Полицијата без милост: Низа казни во Скопје, поради разни прекршоци

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 63 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 21 возач од кои: шест возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи затоа што биле возачи-почетници.Исто така, исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи 11 биле нерегистрирани и едно возило било технички неисправно.Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престигнување, 21 возач на моторцикли поради неносење заштитен шлем, четворица поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во текот на изминатиот ден издадени се 49 мандатни платни налози и 43 возила се подигнати со специјално возило "пајак". Изминатиот ден се случиле 13 сообраќајни незгоди во кои пет лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

kompjuter

67-годишен скопјанец заработи пријава, бидејќи му ја загрозил сигурноста на Заев

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против В.З. (67) од Скопје, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по пат на информатички систем.На 25.07.2019 година,  на социјалната мрежа Facebook пријавениот, преку своето корисничко име, објавил коментар со заканувачка содржина кон премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

vreme

Нестабилно време со дожд и сонце

Променливо облачо време предвидуваат синоптичарите претпладне за денеска, со локални врнежи од дожд, попладне се очекува облачноста да се намали.Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен вдолж Повардарието каде повремено ќе засилува. УВ индексот ќе биде 7.Утринските температури во земјава ќе се движат од 13 до 19 степени, додека дневните температури се очекува да се движат во интервал од 24 до 36 степени целзиусови.Во Скопје се очекува слично време, претпладне облачно со повремен дожд, а претпладне се очекува да се намали облачноста. Дневните температури на воздухот во главниот град ќе достигнат максимални 31 степени.

Македонија | пред 6 години

zaev-cipras-pres-860x680

Грција нема да ја блокира Македонија, но има свои услови

Грчката страна нема да каже „не“ на никој (Северна Македонија, Албанија), но ќе постави свои услови, рекол за весникот „Катимерини“, „извор што има пристап до премиерската палата“ во однос на европската перспектива на Скопје и Тирана и можноста за добивање датум за почнување пристапни преговори со ЕУ во октомври.Грчкиот весник во текстот под наслов „Кон Брисел само преку Атина“, анализира дека доколку не се случи нешто непредвидливо, тогаш „Атина нема да биде пречка за пристапниот процес на соседните земји“, но ќе постави услови и ќе побара нешто во замена, јави дописничката на МИА од Атина.– За Северна Македонија, според информациите, ќе побара строго спроведување на Договорот од Преспа, а веројатно и некои уверувања од Берлин за олабавување на суфицитот како „возвратен подарок“, а од Албанија гаранции за строго почитување на предвиденото од меѓународните договори и стандарди за заштита на малцинските права на тамошниот хеленизам. Погледот на Скопје и Тирана веќе е насочен кон Атина, очекувајќи од новата влада да ги отвори нејзините карти во пресрет на самитот во октомври, пишува „Катимерини“.Во однос на проширувањето на ЕУ, весникот коментира дека Европејците се поделени меѓу оние кои сакаат (Германија, Италија, ЕК, земји членки од источниот блок) Западен Балкан да биде дел од ЕУ и другите (Франција, Холандија, Данска и др.) кои инсистираат на тоа дека „не треба да им се даваат ни надежи“.-Опциите за самитот во октомври, според информации од Брисел, во врска со почетокот на пристапни преговори за двете земји, се следните две: ново одложување на дискусијата за подоцна или разделување, да се задоволи барањето на Северна Македонија, а тоа за Албанија да се одложи за подоцна. И едната и другата опција ќе имаат цена, пишува грчкиот весник, пренесе МИА.

Македонија | пред 6 години

colage-bolni-696x696

Пред да влезат во затвор, сите се разболуваат: Миле, Сашо, Боки 13, Сеад се лекуваа по разни дијагнози

Сите обвинети кои не можеа да останат бремени, се разболеа. Оваa шега, која се врти низ социјалните мрежи, ја отсликува здравствената состојба на звучните имиња од политичката елита кои треба да одат во затвор или се веќе таму. Последен во болница заврши обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13. Вчера попладне со полициска придружба тој беше донесен во Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да направи контрола, односно подготовка за веќе закажана втора операција. Иако и втората операција Боки требало да ја направи во приватната болница која се поврзува со Орце Камчев, самиот побарал да му биде направен преглед во државна болница и таму да ја направи.Во приватна болница се лекуваше и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески на кого му беше одреден притвор за нелегална продажба на државно земјиште, случај којшто го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Иако неговите адвокати тврдеа дека мора да оди итно на операција на срцето, тој по направените испитувања е вратен во Истражниот затвор во Шутка. Според информациите од затворот, здравствената состојба на Јанакиески е стабилна, му биле направени испитувања, но не и хируршка интервенција, односно операција.Пред да оди во затвор се разболе и бизнисменот Сеад Кочан. Неколку дена пред 17 јули, датумот што беше одреден за Кочан да почне со издржување на затворската казна, тој беше примен во приватна болница и достави медицинска документација до судот со која побара да му биде одложено издржувањето на казната.Кривичниот совет треба да донесе одлука и за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков дали ќе му го врати пасошот или не, кој Мијалков го побарал бидејќи, наводно, имал закажано операција на хранопровод во странство.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

49946856_1984427608320840_1346930271198380032_n

Пратениците одат на одмор кој ќе трае скоро цел месец

Собранието денеска треба да ја одржи 109-та седница, која според собраниската агенда е последно пленарно заседание пред летната пауза што ќе трае до 27 август.На дневен ред на денешната седница, меѓу другото, се Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан, Предлог законот за изменување на Законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование, во прво читање, како и Предлог законот за изменување на Законот за Македонската академија на науките и уметностите, исто така во прво читање.На дневен ред на оваа собраниска седница се и Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за возила, како и Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за воздухопловство.Пратениците на оваа седница треба да ги разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за виното и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, Годишниот извештај за работата на ЈП Македонската радио телевизија за 2018 година, како и Извештај за реализација на годишна програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2018 година.

Македонија | пред 6 години

sv-marina

Света маченичка Марина: Откријте го значењето на името и оние кои го носат

Марина е женски облик од латинското име Мариус, а значи „од морето“, од латинскиот збор „mare“. Марина е називот за местото каде се паркираат бродовите на пристаништето.Името Марина, иако звучи како да е со локален карактер, е со мултикултурен карактер и е многу популарно во Италија, Аргентина, Франција.За името Марина има многу песни, а една од најубавите е онаа на „Прљаво казалиште“.Од верско гледиште, денеска се празнува Светата маченичка Марина (позната како Огнена Марија).* Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабошци. Дури во својата дванаесетта година слушна за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крстна смрт и славно воскресна. Нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ и таа се заветуваше дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакаше да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво. Татко ѝ ја замрази заради нејзината вера и не ја сметаше за ќерка. Кога царскиот намесник Олимвриј дозна дека е христијанка, побара од неа најпрво да му биде жена. А кога го одби, ѝ нареди да им се поклони на идолите, на што света Марина одговори: „Нема да им се поклонам ниту ќе им принесам жртва на безживотните и мртви идоли, кои ниту самите знаат за себе ниту пак знаат дали ние ги чествуваме или ги бесчестиме: не им ја давам онаа чест што Му припаѓа само на мојот Создател“. Тогаш Олимвриј ја стави на маки, па целата изнаранета ја фрли во затвор. Во затворот Марина Го молеше Бога и по молитвата ѝ се јави најпрво ѓаволот како страшна змија што ѝ се намотка околу главата. Но, штом светителката се прекрсти, змијата се распукна и исчезна. Тогаш ја заблесна небесна светлина и ѕидовите на затворот заедно со покривот исчезнаа и се јави крст, висок и блескав, а на неговиот врв бела гулабица, од која се слушна глас: „Радувај се, Марино, словесна гулабице Христова, ќерко на севишниот Сион, зашто дојде денот на твојата радост.“ Тогаш, со силата Божја, беше исцелена од сите рани и болки. Другиот ден безумниот судија ја мачеше во оган и во вода, но Марина сè претрпе како во туѓо тело. Најпосле ја осуди на смрт со меч. Пред смртта ѝ се јави Господ Исус со ангели. Беше заклана во времето на царот Диоклецијан, но со душата и силата остана да живее на небото и на земјата. Една рака од света Марина се наоѓа во манастирот Ватопед на Света Гора. Во Албанија пак, на планината Ланга, над Охридското Езеро, се наоѓа манастир на света Марина со дел од нејзините чудотворни мошти. Во овој манастир се случуваа и се случуваат многубројни чуда и за нив сведочат не само христијаните туку и муслиманите. Кон оваа светителка Турците имаат толкава почит, што никогаш не посакале да посегнат по светоста и имотот на манастирот. Едно време тутор на овој манастир беше Турчин.

Магазин | пред 6 години

20.4.kamcev

Камчев не барал заштита од Бугарија

Бугарските власти тврдат дека не биле информирани од македонските колеги за случајот со бизнисменот Јордан Камчев, ниту тој барал помош од нив.Минатата година Софија го предложи токму Камчев за почесен конзул.Официјална Софија тврди дека немала контакт со бизнисменот Јордан Камчев кој е сведок-жртва во случајот „Рекет“ кој го отвори македонското Јавно обвинителство. Според информациите до кои дојде Дојче веле, Камчев ги снимал разговорите со двајцата осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски, кои го уценувале за случајот Империја на СЈО. Аудио и видео снимките од разговорите, Камчев потоа им ги предал на бугарските служби како гаранција доколку нешто му се случи, а од тамошната влада, побарал и добил и заштита.Бугарските власти одбиваат да ги коментираат ваквите информации, а формално тврдат дека од Камчев не добиле никакво барање за заштита од него, иако тој е бугарски државјанин.Софија „нема коментар“Во одговор на барање на Дојче веле, од прес-центарот на бугарското министерство за надворешни работи соопштуваат дека „Орце Камчев не барал помош од МНР на Република Бугарија“. Според Специјалното јавно обвинителство, Камчев поседува бугарски пасош и бугарско државјанство, како и фирма во Бугарија. Таквите сознанија беа наведени во едно од барањата на СЈО за определување притвор за Камчев како осомничен во случајот Империја.Од бугарската влада велат дека тие не биле формално информирани од властите во Северна Македонија за тековниот кривичен прогон и преземените мерки кон Камчев, а за нив дознале од објавеното во медиумите.„Г-н Камчев не испратил никакво барање кон бугарскиот премиер и кон бугарските власти за каква и да е заштита. Овој случај не може да влијае на односите на пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“, додаваат од бугарската влада.Во бугарската Агенција за национална безбедност (ДАНС) велат дека го следат случајот, но официјалниот одговор оттаму гласи: „Без коментар“. 

Македонија | пред 6 години

ilija-dimovski

Илија Димовски има забешеки за концептот на пописот кој го направи Владата

Опозицијата има сериозни, суштински и значајни забелешки за Законот и концептот за новиот попис. Не се мали, напротив, но се клучни за пописот да може да биде на ниво на стандардите на ЕУ и Еуростат. Само таков попис може да биде попис кој ќе биде од корист на сите, порачува на Твитер Илија Димовски, пратеник на ВМРО – ДПМНЕ.Опозициската партија вчера побара предлог-законот за попис да се повлече затоа што е штетен и неевропски и не ги исполнува критериумите на ЕУ и Еуростат, но нивното барање не беше ставено на гласање на комисиската расправа во Собранието.

Македонија | пред 6 години

5-2

Нови колони на граничниот премин со Грција

На граничниот премин Богородица, за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Економијата го допре дното откако Заев дојде на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ откако дојде на власт македонската економија го допре дното.Според последните информации во вториот квартал оваа година, фирмите во земјата уплатиле 1/3 помалку данок во однос на истиот квартал лани.Даночните приходи во вториот квартал од 2019 година номинално  забележале просечен пад од 3,4%. Најголем е падот кај данокот на добивка. Фирмите во Република Македонија уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5% кај приходите од овој данок за цела 2019 година.Поради лошите политики на Зоран Заев над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и не мислат како власта дека економијата блеска.Поради лошата економија околу 18.500 македонски државјани кои лани заминале за Германија, приближно 8.000 не се вратиле.Втор месец по ред, градежништвото во Република Македонија забележува двоцифрени стапки на пад, поточно пад од 10% во април и дополнителни 20% во мај.Не може да има раст на економија, кога криминалниот октопод Зоран Заев рекетира кого ќе стигне. Нема бизнис во државата кој не е изрекетиран.Парите секојдневно во државата се трошат на рекети и наместени тендери. Оваа влада донесе само понижување, немаштија и неработа.Оваа влада поради корупција, лоши политики треба си поднесе веднаш оставка, потребни се предвремени парламентарни избори што е можно поскоро, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

Ruski-komichari-kniga-480x306

Руските пранкери: Заев е неверојатен, никого не сме мамеле така речиси цела година

Владимир Кузњецов – Вован и Алексеј Стољаров – Лексус или руските пранкери кои го насанкаа премиерот Зоран Заев, но и други лидери од европските земји, во ексклузивно интервју за српскиот весник „Политика“, зборуваат за мајтапењата со политичарите и тврдат дека не се руски шпиони.– Макрон е прилично умерена и фина личност. Гуаидо (самопрогласениот претседател на Венецуела) во разговорот не ни остави впечаток дека е независен политичар. Борис Џонсон е интелигентен и ладнокрвен. Харадинај се обидува да остави впечаток на љубезен дипломат, но слабо му успева. Но, премиерот Заев е навистина неверојатен: ниеден политичар пред него не сме успеале да го мамиме на таков начин речиси цела година – велат пранкерите.

Македонија | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски: Понекогаш ми доаѓа да фатам и да го бранам Заев

Понекогаш ми доаѓа да фатам да го бранам: „луѓе, па јас навреме ви кажав дека мора да ја “свиткаме кичмата”, дека на СДСМ не им личи да бидат патриоти, ви кажав и дека живи луге ќе јада, ме чувте на едно видео и како кажувам дека со странски служби соработувам, праќав и пораки кои ги видовте дека однадвор ме спремаат…знаевте се за мене…знаевте и дека после обвинението за “Глобал”, согласно Законот за легализација на диви градби уредно се поднесе барање до општината и како градоначалник си го легализирав Глобал и така потврдив дека било дивоградба, ене го, блеска, како економијата и инвестициите… Јас навреме ви се претставив… Ви се извинувам до небо ако не сум бил доволно јасен, вели пребегнатиот поранешен премиер Никола Груевски на Фејсбук.

Македонија | пред 6 години

ubistvo

Старец кој живеел сам убиен во неговиот дом во Кичево

Во текот на вчерашниот ден, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со службени лица од полицијата, по пријавен настан вршеше увид на лице место во семејна куќа во село Црвевци, кичевско каде беше пронајдено починато лице.  Починатиот, 75-годишен жител на селото живеел сам во куќата. Поради сомнение за причините за смртта која настапила кај лицето, јавниот обвинител нареди обезбедување на трагите на лице место и вршење обдукција на телото на починатиот. Од обдукцијата произлезе дека починатиот настрадал од насилна смрт – давење.Во насока на целосно расчистување на кривично правниот настан, денеска  по издадена наредба на обвинителството повторно се врши увид на лице место со цел прибирање траги и докази од местото каде е извршено кривичното дело.

Македонија | пред 6 години

nefi-tepacka

Професорот Илјази за А1 Он: Советникот Усеини ме тепаше и ми се закани дека ќе ме убие

Професорот Илјаз Илјази за „А1он“ вели дека советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, го удирал со тупаници, што резултирало со повреди.  Илјази додава дека се чувствува загрозено бидејќи Усеини му се заканувал дека ќе го убие, влечејќи го пред неговата зграда. До инцидентот дошло откако Илјази како претседател на куќен совет пријавил во „Водовод“ дека имаат проблем со водата, а екипи утврдиле дека некој на диво се приклучил на нивната мрежа.Професорот Илјази вели дека Усеини не разговарал со него, туку веднаш физички се пресметал.Текстот во целост на: „А1он“

Македонија | пред 6 години

29072019_ZMP_Oliver-Ristovski_izjava_1

Ристовски: Околу новиот Закон за Јавното обвинителство со опозицијата имаме приближување на ставовите

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски, денеска, по средбата во Владата меѓу претставници на Владата и опозицијата, околу новиот Закон за Јавно обвинителство, со кој треба да се регулира и статусот на СЈО, изјави дека со опозицијата биле отворени темите за финансирање на Обвинителството воопшто и темата за одговорноста на обвинителите.„Тука имаме приближување на ставовите, во делот на зголемувањето на Буџетот што би го имало Обвинителството во Република Северна Македонија. Значи да го зголемиме Буџетот на Обвинителството, како би добиле поголема самостојност како орган. Разговаравме и за изнаоѓање модуси за поголема одговорност на вработените и на самите обвинители. Во овој момент имаме приближување на ставовите, мислам дека тука можеме да изнајдеме заедничко решение во Законот“, рече заменик министерот Ристовски.Тој додаде дека состаноците и разговорите за Законот за Јавното обвинителство, кој е во собраниска процедура, а за кој меѓународната јавност даде позитивна оценка за текстот, ќе продолжат и во текот на оваа недела и дека  измените кои ќе се договорат, ќе одат амандмански во Собранието. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања