Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zdruzenie-na-penzioneri

Кривична пријава за претседателот и секретарот на здружението на пензионер од Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело ,,несовесно работење во службата“.Вo периодот од 2016 до 2018 година, првопријавениот, во својство на претседател на Извршен одбор на Здружение на пензионери на опшина Охрид и Дебарца, а второпријавениот во својство на секретар на истото здружение, неосновано си определиле за себе паричен надоместок по основ на присуство на седници на одборите на наведеното здружение. Во истиот период, пријавените без прибирање на понуди или распишување на оглас за набавка на услуги за превоз на членовите на здруженитео, склучиле 78 договори за превоз на патници со компанија од Охрид, со што овозможиле наведеното правно лице да се стекне со противправна корист.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кривична пријава за вработена во секторот за урбанизам во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава за (67) годишна Охриѓанка, за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“.Во период од октомври до декември 2016 година, пријавената во својство на виш соработник во Секторот за урбанизам, управување со градежно земјиште при Општина Охрид, несовесно постапувала во управен предмет за утврдување правен статус на бесправни објекти, при што без доставено правосилно оставинско решение од надлежен нотар, изготвила Решение за утврдување правен статус на бесправни објекти, урбанистичка согласност за бесправен објект семејна куќа запишана во имотен лист, со што овозможила лицетот да се стекне со целокупниот имот од нејзиниот покоен сопруг, при што била нанесена штета на неговата ќерка.

Македонија | пред 6 години

krazba-market

Кражба во маркет на ,,Туристичка“ во Охрид, повредена една вработена

На 28.07.2019 година околу 16,20  часот во СВР Охрид било пријавено дека на булевар ,,Туристичка“ во маркет едно лице се обидело да изврши разбојничка кражба односно да одземе одредени производи, но било спречено од вработените, при што една од вработените се здобила со повреда. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

pocinat

Во стан во Скопје пронајден починат 47 годишен маж

На 26.07.2019 година во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата “Бојмија“ во стан било пронајден починат С.Б.(47). Од страна на увидна екипа од СВР Скопје извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Скопје | пред 6 години

policija-123

Полициски службеник додека вршел контрола бил нападнат од совозачот во автомобилот

На 28.07.2019 година во 02,50 часот на автопатот Куманово-Скопје поточно исклучок за обиколница додека полициски службеник вршел контрола на патничко моторно возило управувано од С.Д.(55) од Скопје бил физички нападнат од совозачот И.Д.(26) од Скопје. Против И.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок. .           

Скопје | пред 6 години

tepacka-4

Скопјанец нападнат пред спортска обложувалница

На 29.07.2019 година во 01,05 часот во СВР Скопје К.А.(33) од Скопје пријавил дека на 29.07.2019 година околу 00,40 часот на улицата “Димитрија Чуповски“ пред спортска обложувалница бил физички нападнат од Н.С.(33) од Скопје. Сочинет записник за константиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Скопје | пред 6 години

avtodelovi

Кумановец чувал делови за патнички моторни возила, за кои знаел дека се предмет на криумчарење

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Љ. (48) од село Опае, Липково, и против правното лице Друштво за транспорт, трговија и услуги „Аљ Ауто Централе Еден“ ДООЕЛ Куманово увоз-извоз, со седиште во село Опае, Подружница „Ауто Централе Еден“ Куманово, лоцирана во место викано „Липковска Река“ во село Бедиње,кумановско,  за сторено кривично дело „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“.Во 2017 година првопријавениот како сопственик и управител на пријавеното правно лице, со намера да стекне противправна имотна корист, во сервисот на правно лице започнал  да чува и да растура на делови патнички моторни возила, за кои знаел дека се предмет на криумчарење, односно истите биле внесени во Република Северена Македонија со избегнување на царинска контрола и плаќање на соодветните давачки по основ на царина, акциза и данок, со што била нанесена штета на Буџетот на Северна Македонија.СВР Куманово поднесе кривична пријава против правното лице Друштво за производство, трговија и услуги „Сервис Милевски“ ДООЕЛ Куманово, Н.М.(26), сопственик на наведеното правно лице и М.М.(52), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело „Прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“. Во јули 2018 година, пријавените од непознато лице купиле патничко возило „Мерцедес Бенз“ увезено од Р.Австрија, а откако го растуриле на делови, моторот и другите делови од возилото ги сокриле, додека шасијата ја исекле на два дела и ја натовариле во товарно возило, управувано од С.Б. од Куманово, кој истоварил еден дел во неговиот склад во населба Карпош, и се упатил кон село Стрезовце, со намера вториот дел да го истовари во отпадот за автоделови, сопственост на пријавените. Притоа, на магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, од полициски службеници при извршен преглед на товарното возило, бил пронајден дел од шасијата, по возило и остатокот од шасијата, која била оставена на чување во отпадот на С.Б., биле одземени за натамошна постапка, а при извршени проверки во Царинска управа било констатирано дека возилото не е царинето и дека не се платени царинските давачки за увоз, со што била нанесена штета на Буџет на Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

boki-13-1

Боки 13 закажал нова операција во болницата на Камчев иако должи за претходната

Боки 13 денеска од затворот Шутка бил префрлен на скопските клиники, поради прегледи за претходно закажана операција. Тој придружуван од затворската полиција, бил на преглед во амбулантите на Дигестивна хиругија.Законските правила за притворените лица се дека тие прво мора да одат на државна клиника па доколку нема можности за лекување таму, може да одат на друго место или пак сами да платат операција во приватна клиника. Кога сме веќе кај желбите дознаваме дека Боки 13 сака и оваа нова операција да ја му ја извши стручниот тим од клиниката на Орце Камчев. И ова нема да е така чудно ако не се знае фактот дека токму Орце Камчев т.е „Систина“ го тужи Боки 13 за хируршките интервенции за слабеење и естетика кои беа направени во оваа клиника, а Боки не ги платил, и и останал должен на клиниката за 10.313 евра.Веќе се знае дека двете страни за овој спор ќе се соочат пред судијката Лилјана Зафировска-Петреска во скопскиот граѓански суд во септември.Инаку потсетуваме дека основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 15 јули го отвори случајот за рекетирање во кој првоосомничен е шоуменот Бојан Јовановски, попознат како Боки 13 и второосомничен бизнисменот Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец.Како што е наведено во обвинението Јовановски го искористил своето влијание кај Јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Милески е тој кој овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок.

Македонија | пред 6 години

svr

Кај Прилепчанец кој престојувал во Охрид, СВР пронајде клуч, метален алат и други предмети за отварање на блиндор врати

СВР Охрид поднесе кривична пријава Д.К.(34) од Прилеп, за сторено кривично дело „изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело“. На 22.07.2019 година во 17,40 часот, во село Пештани,охридско од полициски службеници при извршен преглед на лица и патничко возило, кај пријавениот бил пронајден и одземен клуч, метален алат и други предмети за отварање на блиндор врати или брави.

Македонија | пред 6 години

zoran-zaev-izjava

Заев: Нема да сме патриоти ако дозволиме избори, поддршката од Албанците расте

Премиерот Зоран Заев и натаму не прифаќа предвремени парламентарни избори кои ги бара опозицискиот лидер Христијан Мицковски. Тој вели „ќе бидеме непатриоти ако дозволиме избори“ „Овој е неповторлив период за државата, ќе бидеменепатриоти ако го уништиме. Ние не сме за предвремени избори, бидејќи тоа е штета на државата“, рече Заев. Заев уверува дека анкетите покажувале дека поддршката од албанското гласачко тело се зголемувала на контото на СДСМ.„Поддршката расте. Граѓаните имаат право да бидат големи поддржувачи, а некогаш негативен поддржувач. Имаме мал милион причини зошто албанското гласачко тело не поддржува. Огромен број на Албанци велат дека во минатото сите си ја сакавле својата земја, сега ја чуствуваме за своја. Колку што државата води рамноправно грижа за своите граѓани, толку повеќе ќе ја сакаат“, додава Заев.

Македонија | пред 6 години

2-2

МВР ги презема сите мерки прославата на Илинден да помине во најдобар ред

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Крушево ја посети полициската станица, а потоа имаше средба со градоначалникот Томе Христоски, со кого заедно присуствуваа и на седницата на Локалниот совет за превенција.„Безбедносната состојба на подрачјето на Крушево и воопшто на подрачјето на СВР Битола е добра и евидентно е дека имаме подобрени резултати. Бев запознаен со активностите на општината со кои се одбележува 2 Август. Станува збор за бројни активности со кои се одбележува овој исклучително значаен државен празник. Празнувањето значи оддавање почит на историјата и влог во иднината на државата и граѓаните. И оваа година очекуваме голем број граѓани и во Крушево, но и на другите локации каде ќе се празнува и во таа насока Министерството за внатрешни работи ги преземаат сите потребни мерки и активности за прославата на 2 август да помине мирно и достоинствено. Би ја искористил оваа прилика да ги поканам граѓаните да се приклучат кон прославата на Денот на Илинденското востание и со начинот на кој ќе прославиме, достоинствено и чесно да покажеме дека ја почитуваме историјата и ја сакаме сопствената татковина“, рече Спасовски.На подрачјето на Крушево во првите шест месеци од 2019 година има намалување на прекршоците во делот на јавниот ред и мир и тоа за 33 отсто, а позитивна е состојбата и во другите области. Воопшто, на територијата на СВР Битола во првото полугодие од 2019 година продолжува трендот на намалување на бројот на извршени кривични дела и зголемување на ефикасноста во расветлувањето на кривичните дела како и во претходната 2018 година, со уште подобри резултати. Во делот на недозволена трговија со дрога и оружје во првото полугодие од 2019 година е зголемена ефикасноста и се откриени 62 сторители на кривични дела  или 44 % повеќе во однос на истиот период од 2018. година. При тоа се поднесени 51 кривична пријава односно 38 % повеќе во однос на истиот период во 2018 година. Во однос на јавниот ред и мир во текот на првото полугодие  од 2019 година, на подрачјето на СВР Битола  се евидентирани 16 % помалку случаи на прекршување во однос на истиот период од 2018. година. Во делот на сообраќајот на подрачјето на СВР Битола има исто така подобрување  во првото полугодие на 2019 година во однос на истиот период во 2018 година. Сообраќајни незгоди со потешки последици се  5 % помалку во однос на истиот период од 2018 година, а загинати лица  при сообраќајни незгоди или како последица од сообраќајни незгоди во прво полугодие од 2019 година се 40 % помалку во однос на истиот период од 2018 година.МВР продолжува да работи во овој правец, со тенденција и овие бројки дополнително да се подобрат односно граѓаните да се чувствуваат уште побезбедно.

Македонија | пред 6 години

17072019_PVRM_Zaev_pres-konferencija_1

Заев: Не знам кој и што бришел во СЈО, истрагата побргу да заврши за да видиме што се случувало

Премиерот Зоран Заев запрашан за последните случувања во СЈО, каде што вработените алармираа дека шефицата Катица Јанева дала наредба за форензичко бришење податоци од сите компјутери, тој вели дека не знае ништо, а ги охрабрува институциите да истражат за што станува збор.Тој тврди дека бомбите се на сигурно.„Не се ни трудам да вртам телефони и да добивам информации. Има истрага и ние треба да дозволиме таа да тече, треба да се охрабрат институциите и истрагата побргу да заврши за да видиме што се случувало. Не знам што е форензичко бришење, кој бришел и што бришел. Читав од медиумите, а ќе треба институциите да кажат“, вели Заев. Тој порача дека што побргу треба да се донесе законот за Обвинителството за и вработените во СЈО да ја знаат својата иднина. „Тие се граѓани што чесно ѝ служеа на државата, а таа сега треба да им обезбеди иднина“, коментира Заев.

Македонија | пред 6 години

car-fire

Изгоре БМВ, од огнот делумно зафатено уште едно возило

СВР Штип денес било пријавено дека на ул.„Сремски Фронт„ во Штип настанал пожар во патничко моторно возило БМВ со бугарски национални ознаки, сопственост на З.В. од Штип.Од огнот било делумно зафатено возило Рено Меган Сценик со штипски регистарски ознаки сопственост на М.Џ. од Штип. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип.

Македонија | пред 6 години

29072019_Nacionalna_Platforma_Za_Namaluvanje_Od_Nesrekji_1

Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи

На оваа трибина воведни обраќања имаа националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија, Павле Трајанов, заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Влатко Шешов, професор д-р Марјан Ѓуровски од Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола - Факултет за безбедност, раководителот на Секторот за цивилно - воена соработка во Министерството за одбрана, Тони Петревски и Влатко Јовановски, шеф на Секретаријатот на DPPI SEE.Во своето обраќање министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски истакна „Од секогаш сум бил убеден дека државата, односно нејзините институции се должни да креираме Национална платформа што ќе може да ги задоволи сите наши потреби и да нуди реални можности за заштита на луѓето и на материјалните добра, да ги интензивира сите потребни нормативни измени во различните области, а примарно во делот на заштитата и спасувањето, кризниот менаџмент и слично.Очекувам дека и денешнава трибина односно размислувањата и дебатите во рамки на неа ќе дадат свој придонес како во изградбата, така и во имплементацијата на квалитетна Национална платформа во полза на општеството и граѓаните.“На оваа трибина за време на воведното обраќање националниот координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, Павле Трајанов кажа „Сите анализи покажуваат дека системот за управување со кризи мора да се реформира. Покрај другото, реформите подразбираат и донесување на нови законски решенија со кои ќе се обедини целокупниот систем и ќе ги опфати сите аспекти на системот за кризи, заштита и спасување. Треба да се воспостави единствен систем за управување со кризи, заштита и спасување и интегрирање на расположливите капацитети и ресурси на сите административни нивоа, како и сеопфатен пристап за поефикасно и поефективно намалување на ризиците од катастрофи. Јакнење на отпорноста на општеството од катастрофи е круцијално прашање на кое мора да работат сите субјекти на системот.“Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) од Скопје, Влатко Шешов, во своето излагање на Трибината ја потенцираше важноста од стратешкото партнерство на науката и заштитата на населението и материјалните добра од ризици од катастрофи. Се осврна на значајниот придонес на ИЗИИС низ четирите сегменти на рамката за намалување на ризици од катастрофи (хазард, изложеност, повредливост и капацитет за справување), ги потенцираше тековните значајни активности во доменот на ризиците, како и приоритетите и иницијативите на ИЗИИС во наредниот период со поддршка од државните институции. Ја поздрави организацијата на Трибината и ја потенцираше исклучителната важност на меѓуинституционалната соработка на сите чинители во доменот на справување со ризиците од несреќи и катастрофи.Проф. д-р Марјан Ѓуровски, продекан за наука и развој на Факултетот за безбедност-Скопје во неговото обраќање потенцираше„Дел од решенијата во системот за безбедност не го положија испитот на ефикасност во услови на закани, кризи и елементарни непогоди и други безбедносни ризици со кои се соочуваме речиси секоја година. Поради тоа нужно се наметнува редефинирањето на поставеноста на безбедносниот систем на државата, бидејќи истиот е нефункционален и преку неговото рекомпонирање треба да се создадат механизми за превенција и за ефикасен одговор на ризиците и заканите.  Постоењето на две, меѓусебно зависни но сосема одвоени тела, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, е неодржливо. Потребно е редефинирање преку обединување на двете дирекции, во единствен институција со која ќе раководи Владата (прва реална опција), другите можности се враќање во Министерството за одбрана или МВР што не се среќни и добри решенија за македонски услови.“ Тони Петрески, раководител на Сектор за цивилно - воена соработка при Министерството за одбрана истакна  „Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија се значајни државни институции кои во превенцијата и намалувањето на ризици од несреќи и катастрофи, придонесуваат и учествуваат согласно позитивните и важечките прописи, а своите мерки и активности ги спроведуваат преку повеќе документи и плански активности и во содејство со другите институции од Системот за управување со кризи. Министерството за одбрана и ГШ на АРСМ учествуваат со свои претставници во сите тела и нивоа на Системот за управување со кризи, односно учествуваат во работата на Главниот штаб, Групата за проценка и во Управувачкиот комитет. Армијата располага со декларирани сили кои можат да се стават во поддршка на институциите на СУК во случај на кризна состојба.“Шефот на Секретаријатот на DPPI SEE, Влатко Јовановски на оваа трибина истакна дека позитивните примери на другите земји треба да се следат и додаде „Компаративните искуства од регионот на Југоисточна Европа, се дека таму каде Националните платформи за намалување на ризици од катастрофи се активни резултатите се видливи. Тука предничи Хрватска. Националната платформа за намалување на ризици од катастрофи треба да овозможи креирање на долгорочни политики за развој на системот при тоа давајќи и можност на стручната фела да влијае врз формирањето на тие политики преку воспоставен однос на партнерство со државните институции. “ 

Македонија | пред 6 години

Foto-2-4

Пендаровски се сретна со генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, предводена од генералниот секретар, Саит Саити. На средбата беа претставени тековните активности на Црвениот крст, вклучувајќи ја актуелната кампања „Твоето незнаење чини живот“, која се однесува на давање прва помош при сообраќајни несреќи, и со која ќе бидат опфатени околу 8.000 возачи низ целата држава. Претседателот Пендаровски го истакна исклучителното значење на работата на Црвениот крст, како организација која е посветена на заштита на животот и здравјето на луѓето, особено во случај на несреќи и катастрофи. Генералниот секретар Саити го запозна претседателот Пендаровски и со активностите на Црвениот крст на Република Северна Македонија за одбележување на 75-годишнината од неговото постоење, во 2020 година.

Македонија | пред 6 години

konfederacija

КСС порачува: “Владата да се откаже од идејата за трансфер од јавен во приватен сектор”

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија веќе подолго време излегува со своето барање, кое беше многупати јавно искажано,  Владата  и Министерството за информатичко општество и администрација да се откажат од идејата за трансфер од јавен во приватен сектор, бидејќи идејата воопшто не е издржана, а уште потешко е да се имплементира во пракса.Владата треба да се насочи кон други мерки кои ќе помогнат да се пополнат дефицитарните кадри во приватниот сектор, а не преку трансфер на вработените од јавниот сектор. Да се замрзнат вработувањата во јавниот сектор, а не да се вработуваат нови партиски и нестручни кадри, а потоа да ги “трансферираат” оние кои имаат подолго искуство. Вработените во јавниот сектор се изложени на постојан притисок со „трансферот”, а досега нема предложено никаков конкретен модел.Пазарот на трудот е отворен и секој кој сака може да работи и во приватен и во јавен сектор, а Владата со конкретни мерки да помогне на работодавачите за да може приватниот сектор да биде попривлечен и одливот на вработени ќе се реши по природен пат, а не со мерка која е вештачка и не одговора ниту на работодавачите, ниту на работниците, сев вели во соопштенито од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.

Македонија | пред 6 години

IMG_1872

Костадинов: „Веруваме дека во рамки на пратеничките групи ќе се изнајде конструктивно решение за спроведување на пописот“

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање за прекината расправа за пописот што е во Комисијата за европски прашања,вели:„Јас сум секогаш оптимист. Во Собранието, како пратеници кои што одлучуват согласно сопственото убедување, верувам дека во рамки на пратеничките групи може да се изнајде решение кое што ќе биде конструктивно, кое што ќе биде во интерес на државата, особено во интерес на спроведувањето на попис, кој што знаеме дека 16 години не се спроведува, заради политички калкулации во нашата држава. Оптимист сум дека ќе се изнајде решение и конечно после 16 години ќе го спроведеме пописот како неопходна операција која што мораме да ја спроведеме во интерес на развојот и напредокот на нашата држава, секако и општините во неа“, истакна Костадинов.

Македонија | пред 6 години

USAID

Со поддршка на УСАИД ќе се реновира ентериоерот во ОУ „Ванчо Николески“ во Лескоец

Со средства на УСАИД во вредност од 1.200 000 денари и 25 % учество од Општина Охрид, ќе бидат санирани санитарните јазли и ѕидови во училниците, ходниците и холот во ОУ „Ванчо Николески“ во с. Лескоец. Ова беше заклучено на работниот состанок што денес го оствари  градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески,   со претставниците на  Проектот на УСАИД  за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Небојша Мојсоски , Лири Старова, Бојан Динески   и  директорката на ОУ „Ванчо Николески“ од с. Лескоец , Елена ел Нади.На средбата беше потпишан  Меморандум за  соработка помеѓу општина Охрид, основното училиште „Ванчо Николески“ и УСАИД.Проектот од страна на УСАИД беше одобрен во месец април годинава. Градежните зафати планирано е да се реализираат во месец август и да се завршат пред почетокот на новата учебна година.По одобрувањето на проектот на 24.04.2019 година беше одржана „Работилница за споделување на процедури и критериуми за одредување на потреби и приоритети за реновирање на училиштата“ по што следеше и увид во ОУ „Ванчо Николески“ с.Лескоец од страна на тимот  на УСАИД. 

Македонија | пред 6 години

bomba-1

Евакуирана зградата на „Слободна Далмација“ поради дојава за бомба

Евакуацијата е извршена околу 12 часот откако непознато машко лице пријавило на редакциски телефон дека е поставена експлозивна направа во објектот, поради што полицијата била повикана.Полицијата се наоѓа во зградата и врши претрес, јавија хрватски медиуми.  

Свет | пред 6 години

Mile-Janakieski

Јанакиески не правел операција на срцето – вратен е во Шутка

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески не правел операција на срцето. Иако пред неколку дена дел од медиумите пишуваа дека Јанакиески мора итно на операција, тој по направените испитувања е вратен во Истражниот затвор во Шутка, јавува МКД.МК.Есад Рахиќ за МКД.мк вели дека состојбата на Јанакиески е стабилна и дека по прегледите е вратен во затвор.- „Јанакиески беше носен во болница минатата недела и по направените испитувања е вратен во Истражниот затвор во Шутка. Врз него не е направена хируршка интервенција и здравствената состојба му е добра", вели Рахиќ за порталот.

Македонија | пред 6 години

oktopod

Стоилковски: Се кочи намерно истрагата за октоподот?

Октоподот, огромниот рекетарско – политичко – обвинителски октопод е скандал кој што Русковска-обвинителството сака да го ограничи само на прво и на второ осомничените, познати како Боки 13 и Кичеец. Не може да нема проширена истрага која што ќе зафати и во таканаречената невладина на Бојан Јовановски, што ќе открие дали таа била параванот на октоподот и каде се потрошени парите кои што ги добивале таа невладина организација под ставката „донации“, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Обвинителството мора истрагата за рекетот да ја прошири и на невладината организација „Меѓународен Сојуз“, на првообвинетиот Боки 13 и да испита дали и каква улога имала оваа организација во изнудата, заканите и рекетот кој што се правел. Јавноста веќе објави дека индиректно оваа невладина организација добивала сомнителна трансакција есента 2017 година во висина од 750 илјади евра од битолски бизнисмен. Внимавајте овој бизнисмен кој поседува градежна фирма платил толку пари на една повозрасна госпоѓа за идеја за изградба на социјални станови. Тоа му доаѓа како за идеа за топла вода да се плати стотици илјади евра.Оваа госпоѓа патем е дел од структурите на организацијата на Боки 13, исто како и голем број на функционери на СДСМ или нивни блиски роднини. Да потсетиме во организацијата на Боки 13 членуваат и Фросина Ременски која е почесен претседател во невладината, Костадин Костадинов кој што е портпарол на СДСМ, Енвер Малиќи заменик градоначалник на Град Скопје, Владо Богоев татко на градоначалникот на општина Карпош во Скопје, Стефан Богоев и други.Русковска - обвинителството мора да открие колку други бизнисмени платиле огромни суми на оваа организација под сомнителни околности и која била улогата на функционерите на СДСМ во делувањето на Боки 13.Обвинителството и да не сака, мора да го расчисти овој мега скандал, и во најмала рака, до сега требаше да ја приведе Катица Јанева, но и уште десетици други ликови од СДСМ. Не може Јанева да биде изземена од скандалот, од криминалот, особено од фактот дека и е одземен телефон односно телефоните кои се дел од истрагата. Таа очигледно е вмешана во овој криминал. Не може да бидат изземени десетици други ликови од СДСМ кои имале тесна соработка со Бојан Јовановски.Целата вистина за октоподот е невозможно да се открие без сознанија и за тоа кои се Кики, Фрики, Шеки, Раки и сличните раскажани ликови. Јасно е како ден дека Боки 13 сам без заштита од власта и без поддршка од институциите не можел да изнудува огромни суми на пари. Молкот на Русковска - обвинителството само го расне сомнежот дека се обидува да ја сокрие високата корупција и вмешаните во овој огромен скандал, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

пред 6 години

lui-viton

ВЕЧЕР: Во ташната во која Боки примил милион евра рекет ИМАЛО ВГРАДЕН ЏИПИЕС!

Vecer.mk веќе објави свои сознанија од свои извори за снимката која е правена при примопредавање на еден милион евра во кеш од страна на рекетираниот бизнисмен во рацете на Бојан Јовановски (Боки 13) при што на телефонска врска, преку спикерфон, на овој настан присустувала и тонски учествуивала и шефицата на СЈО Катица Јанева.Во еден момент бизнименот му зборува на Боки и обвинителката која учествува преку спикерфон дека парите не ги дава “сељачки“ во кеса туку во торба од убавите... Вечер дознава дека таа торба “од убавите“ била специјално спремена и опремена од разузнавачка служба на пријателска држава така што во торбата бил вграден ЏиПиЕс уред преку кој лесно, потоа, е следен патот на торбата со пари каде таа завршува. Текстот во целот на: Вечер.мк

Македонија | пред 6 години

popis-696x522

Одложена расправата за пописот

Расправата за пописот кој е планиран да се спроведе наредната година беше одложена на денешната комисијата за европски прашања поради, како што било наведено, потребата од дополнителни преговори помеѓу пратениците за почеток на дебатата.Пратеникот Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието им упати порака на пратениците од владејачкото мнозинство да не ги прифаќа политичките договори на Зоран Заев.Тој побара Предлог-законот за попис да се повлече, а предлогот го оцени како како штетен и неевропски, кој не ги исполнува критериумите на ОН за спроведување попис на население.Како што е познато, Законот за попис на населението е владин предлог со кој во посебна графа се дозволува и евидентирање на иселниците и тоа преку матични броеви. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е против ваквото решение поради што пред две недели се формирани и меѓупартиски работни групи меѓу власта и опозицијата. Засега нема исход од преговорите.

Македонија | пред 6 години

silegov-petre-1-696x365

Град Скопје објави анкети за предлози за нови имиња на топонимите

Град Скопје денеска објавува анкета за прибирање предлози за нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови,  плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти).За таа цел објавен е онлајн прашалник (https://skopjelab.typeform.com/to/tyGGmL)  преку кој на граѓаните им се овозможува да ги испраќаат своите предлози за топоними преку интернет, со одговарање на неколку прашања што одзема не повеќе од 5 минути. Прашалникот ќе биде отворен до 18.08.2019 година.Оние граѓани што не користат интернет своите предлози со кратко образложение можат да ги испратат преку пошта на следната адреса: Град Скопје, Совет на Град Скопје, бул. Илинден, бр. 82, најдоцна до 18.08.2019 година.Согласно со Законот за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, имињата на градските топоними „можат да бидат определени со географско, етнографско, историско и друго обележје, име на истакната личност од областа на историјата, науката и културата, други погодни имиња, како и име на значаен настан и датум, врз основа на листа на имиња“.Предложените имиња од граѓаните ќе ги разгледува Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје која има за задача да ја состави листата на имиња во согласност со одредбите на овој Закон и истата ја доставува во форма на предлог до Советот на Град Скопје, кој ја утврдува истата по претходно добиени мислења од општините и согласност од Владата.Граѓаните ќе имаат можност да предлагаат само имиња на топонимите, но не и локации кои би биле именувани со овие имиња. Комисијата за именување на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје ќе ги разгледа предлозите на граѓаните, но нема обврска сите предлози да ги вклучи во листата која ќе му биде предложена на Советот.Во членот 6 од истоимениот Закон пропишано е дека не може да се определи име на улица, плоштад, мост и на друг инфраструктурен објект со кое се нарушува угледот на Република Северна Македонија, се навредуваат националните чувства на граѓаните на Република Северна Македонија и на граѓаните на други држави, како и се нарушуваат односите меѓу заедниците, обичаите и јавниот морал. Во едно населено место две и повеќе улици не можат да имаат исто име. Името на топонимот не може да има повеќе од четири збора.При составувањето на оваа листа Комисијата ќе води грижа за застапеноста на предлог имињата кои означуваат личности и настани од значење за историјата, културата и науката  на граѓаните кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.

Скопје | пред 6 години

vizzar

Нови четири дестинации со „Визер“ од Скопје и Охрид

Нови четири авиодестинации се достапни за граѓаните од земјава од аеродромите во Скопје и Охрид, а кои ќе бидат оперирани од нискобуџетната компанија „Визер“.Од  среда, 31 јули се воведуваат летови од Скопје до Турку, Финска и Ларнака, Кипар, а од Охрид до Меминген и Дортмунд во Германија.Покрај новите четири дестинации в среда ќе биде промовирано и поставувањето на петтиот воздухоплов на базата на „Визер“ во Скопје.„Визер“ од двата аеродрома во земјава опслужува околу 40 дестинации. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања