Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

katitsa-janeva

Отворени низа дилеми, како Катица добила 30 дена боледување, била ли хоспитализирана?

Објавените слики од страна на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонијо Милошоски во врска со боледувањето на Катица Јанева, отвораат низа дилеми, за тоа како специјалната обвинителка добила 30 дена можност да отсуствува од работа поради спреченост, по препорака на избран матичен лекар, објави макрес.мк.После ова, се отвараат и низа на прашања за отвореното боледување, од причина што матичен лекар може да издаде боледување до седум дена (за одредени дијагнози со документација од дополнителни испитувања може да даде и 15 календарски денови), лекар - специјалист може да издаде боледување за две календарски недели а потоа пациентот треба да биде прегледан од лекарска комисија која треба да одлучи дали согласно дијагнозата боледувањето треба да се продолжи до и над 30 дена.Текстот во целост на: макпрес.мк

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski-intervju-8-Custom-960x686

Расте интересот за средби со Христијан Мицкоски

„Прелетачи“, бизнисмени, функционери, бивши функционери, бараат прием кај Христијан Мицкоски.Се повеќе лица од земјава бараат прием кај Христијан Мицкоски, а во напливот на заинтересирани за средби со лидерот на опозицијата се појавуваат најразлични категории на граѓани од обични луѓе, до бизнисмени, поранешни функционери па се до лица со сомнителен бекграунд кои официјално во моментов се доближани до СДСМ.Средби со Мицкоски барале одредени бизнисмени чии имиња се актуелизираа во јавноста во последните седмици, а прием барале и познати новинарски имиња, но и сопственици на медиуми. Некои од нив барале средбите да се незабележителни, да се во четири очи и да не допрат до јавноста.Од ВМРО ДПМНЕ за „Скопје1.мк“ потврдуваат дека секојдневно имаат барања за средби со првиот човек Христијан Мицкоски.„Интерес за средби секогаш има, тоа можеби е поинтензивно деновиве, но интересот е присутен цело време. Претседателот излегува во пресрет колку што е можно временски да се сретне со лица кои барале прием, а најгмногу сепак се среќава со народот, насекаде низ Македонија на неговите секојдневни активности низ градовите и селата, кои се приоритет и имаат предност пред средбите во кабинетот“ - велат од партијата. 

Слајдер | пред 6 години

Нема фотографија

Велковски: ВМРО-ДПМНЕ ја урниса економијата, денес парите се враќаат кај граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ со 11 годишното криминално и расипничко владеење зад себе остави урнисан систем на социјална заштита, сиромаштија и економска стагнација. Заради задоволување криминални интереси, ВМРО-ДПМНЕ остави илјадници граѓани со ниска, недостојна социјална помош. ВМРО-ДПМНЕ со години ги дискриминираше вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија кои добиваа недолична минимална плата од 9.000 која беше значително пониска од законски утврдената плата за другите стопански гранки, истакна Диме Велковски, пратеник на СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ свесно го игнорираше проблемот со стечајните работници, оставајќи ја оваа група граѓани без приходи и на маргините на општеството. Поради неодговорното и расипничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ економијата во последниот квартал од нивното владеење беше во минус од 1,8 отсто. За разлика од таквиот однос, денес Владата презема мерки што се во интерес на економијата и граѓаните.Со социјалната реформа, социјалната помош за граѓаните порасно до 300 отсто. Минималната плата порасна на 12.500 денари и таа е иста за сите, вклучително и за вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија. Решен е проблемот на стечајните работници. Денес, над 10.000 стечајни работници добиваат месечен надоместок од над 7.500 денари.Растот на БДП изнесува 4,1 отсто.Очиледна е разликата меѓу криминалниот и расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ. Како одговорна партија остануваме посветени на реализација на мерките што носат економски раст, нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани, истакна Диме Велковски, пратеник на СДСМ.

пред 6 години

zemjodelci

Трипуновски: Власта предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, во време кога во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци

Квази мерката зелена нафта на Зоран Заев е уште една неефективна популистичка мерка, од која земјоделците нема да имаат никаква корист.Власта предвидува поделба на 55.000 картички за зелена нафта, во време кога во Македонија има преку 100.000 регистрирани земјоделци. Да само за половина од македонските земјоделци ќе има таканаречена зелена нафта. Во нормални услови ќе прашавме по кои критериуми истите ќе се делат, но земајќи ја во предвид ситуацијата дека картичките и не овозможуваат големи поволности, заклучокот е едноставен, ова е класично замачкување на очи на македонските земјоделци, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Имено според направените пресметки намалувањето на трошоците кое ќе го имаат земјоделците во нивното производство со оваа таканаречена мерка изнесува помеѓу од 1 до 3%.Зелена нафта е само козметичка мерка. Истата не ги решава проблемите на македонските земјоделци. Земјоделците имаат проблем со пласманот и со цената на земјоделските производи.Доколку власта навистина сакаше да им помогне на земјоделците со зелената нафта, ќе овозможеше достапност на сите земјоделци до картички и до оваа мерка, и ќе ја намалеше односно ќе ја укинеше акцизата за нафтата од 3.5 денари со што ќе го донесеше македонскиот земјоделец во рамноправна положба.Поради лошите политики во земјоделието. Поради се попразните села и необработените ниви, поради младите кои се иселуваат од Република Македонија, СДСМ мора да си замине. Потребни се итни предвремени парламентарни избори, истакна Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

пред 6 години

avtobus-3

(ФОТО) Автобус пол со патници се превртел во Црна Гора, 37 лица се повредени

Синоќа околу 23 часот, автобус на превозникот „Глушиќ превоз“ излетал од патот и се превртел кај местото Плевља, северна Црна Гора. Како што јавува црногорската информативна агенција МИНА, во несреќата повредени биле 37 патиници. Неофицијално, никој од повредените не е во животна опасност, но во болница биле примени лица со тешки телесни повреди и скршеници.Во незгодата учествувало и помало патничко возило, со кое најверојатно автобусот дошол во контакт пред да излета од патот.Во автобусот се возеле околу 40 патници.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

И овој месец, 150 семејства во социјален ризик добија прехранбени пакети

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски, во склоп на проектот “Нула Глад“, денеска поделија прехранбени пакети на лица од 150 семејства со висок социјален ризик, кои живеат на територија на Центар.Оваа активност се спроведува по шести пат во рамки на Националната акција „Нула глад“, во соработка со здружението Банка за храна. Целта е да се обезбеди храна и да се олесни секојдневието на семејствата на кои најмногу им треба помош.Пакетите се делат секој месец, на лица од семејства со висок социјален ризик. Секој пакет содржи прехранбени производи за еден месец, односно 25-30 оброци од пакет.Упатуваме голема благодарност верните донатори, кои и овој месец ја покажаа својата хуманост:  маркетите Тинекс, Веро, Кам, Рамстор, Гранап, Стокомак, Кит-го и Жито.

Скопје | пред 6 години

migranti_kola

Курир: Бизнисот со мигранти поисплатлив од тој со дрога

Сирија, Авганистан, Ирак, се само дел од воените жаришта на Блискиот Исток. Милиони луѓе останаа без домови, но и стравуваат за своите животи и за животите на своите деца, па затоа ги напуштаат своите земји и решаваат животот да го побараат во некои од развиените европски земји. Преку Турција и Грција па се до Македонија која е земја транзит за мигрантите. Се повеќе мигранти се осмелуваат границата да ја поминат преку нелегалните канали, а ова е како идеја за нов бизнис во нашето подземје, па се фатија за работа, објави курир.мк.Според некои меѓународни извештаи нелегалните шверцери на мигранти земаат минимум 500 евра по човек, а за малолетно дете сумата стига и до 1000 евра. Па така доколу во едне автомобил има 15 мигранти и истите платиле по 30.000 денари тоа ќе бидат 450.000 денари или околу 7.500 евра тура.Цената на чист кокаин како најскапа дрога во Македоја се движи до 18.000 денари за грам (ретко кој може да плати за оваа услуга) најчесто се плаќа од 50 до 70 евра за грам, а цената по мигрант е повеќе од 30.000 денари, речиси дупло од онаа за најскапиот грам кокаин. Па оттука бизнисот со мигранти станува лидер во нелегалните бизниси во Македонија.Текстот во целост на: Курир.мк 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Регулаторна одлучи - неделава возиме по стара цена!

Нема промена на цените на горивата во Македонија. Ова е одлуката која Регулаторната Комисија за енергетика ја донесе денеска, една недела по последната промена на цените на горивата.Ценовниците остануваат исти, па така Бензин супер 98 се продава и понатаму за  71,50 денари литар, додека Бензин супер 95 – 69,50 денари литар.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Докторите се сомневаат дека рускиот опозициски лидер Навални е затруен во затворот

Лидерот на руската опозиција, Алексеј Навални, можеби бил отруен, изјави денеска докторката Анастасија Василиева, која го примила во болница.Четириесет и тригодишниот Навални минатата недела беше осуден на 30 дена затвор поради прекршување на строгите закони за протестирање. Повеќе од илјада луѓе беа уапсени викендов на протестите што Навални незаконски повика да се одржат. Од болницата кажаа дека неговата состојба сега е стабилна.Василева побарала примероци од кожата и косата на Навални да бидат тестирани на хемикалии.

Свет | пред 6 години

369514-vo-sreda-kje-se-prska-protiv-komarci-129781

Во среда почнува четврта фаза на прскањето против комарци

Градот Скопје информира дека четвртата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне на 31.07.2019 година, среда (авионско) и на 04.08.2019 година, недела  (терестрично). Имено, авионската дезинсекција ќе се одвива на 31.07.2019 година (среда) и на 01.08.2019 година (четврток), во раните утрински часови.Терестричната дезинсекција ќе почне на 04.08.2019 година (недела) и ќе заврши најдоцна до 07.08.2019 (среда). Оваа дезинсекција ќе се одвива  во периодот од 23 до 04 часот, наредниот ден.Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

„ДВ“: Се зголемува иселувањето на Македонците во Германија

Бројот на македонски државјани кои се иселуваат во Германија од година во година повторно се зголемува, пренесува „Дојче Веле“, повикувајќи се на податоци од германското Биро за статистика.Според податоците, во 2018 година, во оваа европска земја среќата ја побарале 18.478 македонски државјани, од кои 7.812 не се вратиле во својата земја.Во однос на претходната, 2017 година, нето бројот на оние кои останале да работат и живеат во Германија е зголемен за 30 проценти. Споредувајќи ги податоците, може да се забележи дека рекордната 2015 година, кога беа забележани преку 24.000 заминувања од државава, од кои 12.000 не се вратија, сѐ уште не е достигната, но бројот на наши државјани кои се иселуваат во Германија од година во година повторно се зголемува.Како што пренесува „Дојче Веле“, германската статистика покажува дека растот на бројот на доселеници од Македонија започнува во 2011 година. Тогаш во земјата пристигнале 5.679 имигранти, но останале само 495. Веќе следната, 2012 година, се бележи драстичен пораст. Од нешто над 11 илјади имигранти, во Германија останале нешто помалку од половината, односно- 5.351. Растечкиот тренд продолжил и во следните години.Извор: Дојче Веле

Македонија | пред 6 години

reka

Нивоата на Треска, Бабуна и Сатеска тројно пониски од јулскиот просек

Трипати пониски од просекот за јули се нивоата на реките Сатеска кај Ботун, Бабуна кај Богомила и на Треска кај Македонски Брод, покажуваат денешните хидролошки мерења.Двојно намалени се Лепенец кај Скопје и Крива Река кај Крива Паланка, а снижување, иако не драстично под просекот, покажуваат и Црн Дрим кај Ложани, Црна Река кај Р.Б.Мост, Пчиња кај Пелинце, Струмица кај Ново Село,…Вардар кај Јегуновце, пак, е двојно повисок од јулскиот просек.Нивоата на езерата, Охридското, Преспанското и Дојранското, се околу просечните вредности.Извор: МИА 

Македонија | пред 6 години

popis

Втора шанса за пописот, предлог законот пред собраниската Комисија за европски прашања

Денеска собраниската Комисија за европски прашања треба да расправа по Предлог-законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2020 година, во прво читање.Како што стои во предложениот текст, согласно Законот за државната статистика и Петгодишната програма за статистички истражувања 2018 – 2022, Државниот завод за статистика во април 2020 година треба да го спроведе деветтиот попис.Според Предлог-законот, се предвидува дека за пописот ќе бидат потребни 522.751.000 денари од кои 221,315,000 за 2019 година и 301,436,000 за 2020 година.

Македонија | пред 6 години

ekaterina

(ВИДЕО) Убиена познатата блогерка – пронајдена гола во куфер

Екатерина К.(24), која учела за дерматолог, yбиeна е кога некој и го пресекол вратот во нејзиниот стан во Москва, велат полицијаците.Имала неколку убoдни paни. Нејзиното тело пронајдено е спакувано во куфер, во станот кој го имала изнајмено во Москва. Таа се натпреварувала во Москва како блогерка за убавина, велат извештаите.Нејзиниот Инстаграм налог на име Катти, има 80.000 следбеници. Работела во градската болница. Нејзините следбеници велат дека имала сличност со модната икона Одри Хепберн.Нејзините родители се загрижиле кога Екатерина прeстанала да одговара на нивните телефонски повици, по што го замолиле незјиниот станодавач да го провери нејзиниот стан и тогаш го пронашле нејзиното гoло тело во куфер. Полицијата го истражува нејзиниот љубовен живот, како би пронашла тpаги од yбиецот. Познато е дека ја пpекинала врската со 32 годишниот љyбовник и започнала врска со постар маж. Таа и 52 годишниот маж сакале да одат во Холандија.Досега никој не е yaпcен.

Свет | пред 6 години

pijan-1

Пијан Холанѓанец оштетил автомобил во Охрид

На 28.07.2019 година околу 04.30 часот, на улицата „Партизанска“ во Охрид, Д.С.Ј (18) од Холандија го нарушил јавниот ред и мир. Тој, во алкохолизирана состојба извршил оштетување на патнички автомобил по што, е приведен во полициска станица. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 6 години

velosiped

Со „Пежо 106“ удрил во велосипед, велосипедистот пренесен во болница

На 28.07.2019 годинa во 09,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Цветан Димов“ и улицата „Коста Абрашевиќ“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Пежо 106“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ.(60) од Скопје и велосипед управуван од Н.С.(60) од Скопје. Н.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.  

Скопје | пред 6 години

izletal-od-pat

Државјани од Украина и Русија кои живеат во Радовиш повредени во сообраќајна несреќа

На 28.07.2019 година во 15,20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип-Радовиш кај с.Лакавица патничко моторно возило „Мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.Б.(65) од Украина, со живеалиште во Радовиш, излетало надвор од патот. Возачот и сопатникот И.Ф.(63) од Русија, со живеалиште во Радовиш биле пренесени во Клиничката болница во Штип каде им била укажана лекарска помош и кај В.Б. констатирани биле телесни повреди, додека кај И.Ф. констатирани биле тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.   

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Малолетник изгубил контрола над мопедот и паднал – пренесен на клиника

На 28.07.2019 година во 22,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“ малолетник од Скопје управувајќи мопед „Пијаџо“ со скопски регистарски таблици изгубил контрола над мопедот и паднал. Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје. 

Скопје | пред 6 години

stop-policija

Само викендов СВР Скопје од сообраќај исклучи 124 возачи, еве зошто

Во текот на изминатите денови (26,27 и 28.07.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 156 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 124 возачи од кои: 37 возачи затоа што управувалe возило под дејство на алкохол, 76 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и 11 возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 62 возила кои не биле регистрирани. Санкционирани се 17 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, 43 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 26 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 131 мандатен платен налог и 95 возила се подигнати со специјално возило "пајак". 

Скопје | пред 6 години

migranti-grcija-1-1

Во камион се обидел да пренесе 79 мигранти, возачот лишен од слобода

На 28.07.2019 година во 12,15 часот од страна полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор „Богородица“ со полициски службеници од Р.Унгарија, во Гевгелија на место викано „Касарна“, сопрено било товарно моторно возило „Мерцедес Атего“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ќ.(25) од Богданци-Стојаково. По извршената проверка било утврдено дека возилото било сопственост на И.С.(32) од Скопје. Во возилото биле пронајдени 79 лица- мигранти, а возачот на возилото  бил лишен од слобода за натамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Платите продолжуваат да растат

Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на реформите што ги унапредуваат системите на детска и социјална заштитата. Платите продолжуваат да растат, се вели во соопштението од СДСМ.Со јунската плата, стручниот кадар во градинките доби покачување од над 3.000 денари, со што над 3.100 лица кои се вработени како воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници-педагог, психолог, логопед, дефектолог и други за вршење на работи поврзани со дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст добиваат значително повисоки плати.Исто така, усогласено со Колективниот договор, повисоки плати добива и помошно техничкиот персонал во градинките. Продлжува и реализацијата на реформите кои го  унапредуваат системот на социјална заштита, се враќа достоинството на професијата. Од јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во просек по вработен. Зголемувањето на платите се спроведува согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 вработени.Веќе во септември предвидено е ново зголемување за 5 отсто. Како одговорна партија остануваме посветени на унапредување на социјалната и детската заштита, градиме систем кој се грижи за децата и граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Фирмите уплатиле 1/3 помалку данок на добивка во вториот квартал 2019, во однос на истиот квартал лани

Економијата е на дното. Фирмите уплатиле 1/3 помалку данок на добивка во вториот квартал 2019, во однос на истиот квартал лани. Економијата тоне, а се помалку пари има кај граѓаните и бизнисмените.Бизнисот е закован на дното. Покрај од лошите економски политики, стопанството страда и од рекетот кој го врши власта на чело со Заев.Не може да има раст, кога Криминалниот октопод на власта, на чие чело е Зоран Заев рекетира кого ќе стигне. Нема бизнис во државата кој не е изрекетиран. Нема граѓанин кој не е понижен.И додека економијата страда. Граѓаните се во постојан грч. Од затвор се пуштаат убијци и тешки криминалци, а во затвор завршуваат граѓани за сторен прекршок кога немаат пари да си ја платат казната.Владата на Зоран Заев донесе само понижување, немаштија и неработа. Зоран Заев заедно со целата влада треба да си одат од власт. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

пред 6 години

gliser

(ВИДЕО) На Халкидики експлодирал глисер со кој се возело семејство од Србија

Српско семејство преживува хорор на одмор во Сионија, на Халкидики во Грција. Според грчките медиуми, петочлено семејство од Србија биле в глисер кој се запалил и експлодирал додека се возеле.Едно од децата било исфрлено во водата од експлозијата, мајката скокнала со двете други деца, а таткото и инструкторот се обиделе да го пренесат глисерот до брегот.Семејството било пренесено во најблиската болница, а едно од децата е префрлено во клиничкиот центар во Солун.Грчките крајбрежни служби и полицијата ги испитуваат причините кои довеле до овој настан.

Свет | пред 6 години

mesi

(ВИДЕО) Лионел Меси нападнат во ноќен клуб на Ибица

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси присуствувал на забава на Ибица, кога бил нападнат од неименуван напаѓач. После вербалниот напад, пробал и физички да го нападни, но не успеал. Обезбедувањето на забавата брзо реагирало.Набрзо по инцидентот Меси го напуштил ноќниот клуб.Меси веќе неколку денови се наоѓа на одмор на Ибица со својата сопруга.

Магазин | пред 6 години

Tabanovce

ВО ЖИВО: Од Македонија до Србија се застанува само на една граница

Донесени се одлуките на ниво на влади и од идната недела на граничниот премин Табановце кон Србија за влез и за излез ќе почне да се применува заедничкото цариниење.Така наречениот (One-stop shop) кој подразбира при излез од земјава или при влез од Србија наместо да запрете на две посебни гранични контроли тоа да се одвива само на една што во голема мера се очекува да го намали времето поминато на границите како за граѓаните така и за транспортерите. И денеска на граничниот премин ја имаше вообичаената гужва за овој период од годината која според транспортерите е штетна за бизнисот бидејќи се губи непотребно време.Од први август од кога е најавено дека ќе стартува новиот начин со заеднички контроли практично ќе значи дека ќе функционираат заедничките контроли само во контролните пунктови кои се за влез во земјата.СЛЕДЕТЕ ГО ВЛЕЗОТ И ИЗЛЕЗОТ ОД ЗЕМЈАВА НА ГРАНИЧКИОТ ПРМИН ТАБАНОВЦЕ - ТУКА.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања