Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Mijalkov-Sasho

Судот денес одлучува за пасошот на Мијалков, неговата здравства состојба е животнозагрозувачка

Основниот суд Скопје 1 денес ќе одлучува за барањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, да му биде вратена патната исправа, за да може да замине во странство, со цел да му биде укажана лекарска интервенција која не се изведува во Македонија.Евентуалното неизвршување на интервенцијата може да предизвика животнозагрозувачка состојба на пациентот, категорична е одбраната. Барањето се базира на веќе воспоставената пракса и на конвенциите за човекови права, кои се почитуваат од страна на судовите. Разликата во однос на барањето од крајот на минатата година е тоа што после девет месеци здравствениот проблем прогресирал и сега е многу посериозен, а судот има пракса според која во неколку случаи веќе даде залено светло за лекување во странство, при што лицата не го злоупотребија тоа.Почитај повеќе на Плусинфо.мк

Македонија | пред 6 години

festival

Најмалку три лица загинаа и 15 се повредени на фестивал за храна во Калифорнија

Најмалку три лица се убиени и 15 се повредени во пукање на фестивал за храна во Гилрој, Калифорнија. Полицијата трага по неколкумина осомничени за пукањето.Фестивалот се одржува секоја година и трае три дена. Гилрој, 176 километри југоисточно од Сан Франциско, е место на илјадници љубители на лук и вкусна храна.Според очевидци, празникот се претворил во кошмар, луѓето во паника бегале кога се слушнале пукотници.Дион Брако, член на локалниот општински совет, за „Њујорк тајмс” изјави дека има осомничен за пукањето, околу 30-годишен маж, кој е уапсен.

Свет | пред 6 години

ruskovska-skopje1

Партиите зборуваат на празно, Русковска напишана и во законот за новото СЈО

Откако Обвинителството за гонење на организиран и криминал и корупција и сегашното Специјално јавно обвинителство се спојат во една институција, Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, тие заедно  ќе го гонат криминалот на „белите јаки“. Обвинителите од организиран криминал и од СЈО ќе го спојат знаењето и ресурсите, но се уште не е одредено кај ќе бидат сместени – дали во старата зграда на Обвинителството на Вилма Русковска  во рамките на Апелацискиот суд или,пак, Русковска со своите обвинители ќе се смести во новата зграда на СЈО на „Рузвлетова“. Новиот закон за јавно обвинителство што го предложи Владата е јавно објавен на веб страницата на Министерството за правда. Иако се уредени сите аспекти на новото реформирано СЈО, откако беше објавен стана мета на политички пресметки и различни толкувања.Премиерот, Зоран Заев првично ја промовираше Русковска за шеф на новото СЈО, но откако опозицијата го нападна, Заев ретерираше и рече дека изборот ќе го прави Советот на јавни обвинители и таму ќе конкурираат сите што сакаат корупција и не гледа друга поента во него, освен да се создаде хаос. Префрлањето да застанат на чело на реформираното СЈО. Сепак во една од преодните и завршни одредби на новиот предлог закон пишува дека Вилма Русковска ќе го води новото Обвинителствот чија мета треба да бидат високите функционери.

Македонија | пред 6 години

nevreme-albanija

(ВИДЕО) Силно невреме на албанското крајбрежје, две лица загинаа

Невремето кое беше најавува за Балканот веќе погоди неколку од земјите во регионот. Во Албанија зафатено е крајбрежјето, а како што јавува телевизијата A2 CNN, две лица ги загубиле животите.Моторен чамец бил погоден од брановите во Ѓири и Лазит и како последица, лицето кое управувало со чамецот, им подлегнало на повредите во болницата во Драч.Исто така во Драч го загубила животот и една жена на 50-годишна возраст, која била извлечена од водите од туристите и била однесена во болница каде и починала, а постои сомнеж дека имала здравствени проблеми.Други туристи во Велипоја, од кои едно од нив било дете, биле спасувани од високите бранови, кои се појавиле како последица од невремето.Од албанската гранична полиција биле спасувани 14 лица, од кои девет чешки граѓани кои биле блокирани во лагуната во Велипоја.

Свет | пред 6 години

vreme

Времето денеска претпладне променливо облачно со повремен локален дожд, а попладне облачноста ќе се намалува

Според управата за худромеорлошки работи  времето денеска во првата половина од денот ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура до 35 степени. од  УВ=7Утре пак ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, попладне со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура до 35 степени. УВ=8. 

Македонија | пред 6 години

smet-grasnica

(ВИДЕО) Каде ни е совеста? Огромни количини ѓубре во црни вреќи се фрлаат во Езеро

Охрид имаше среќа, но до кога?  На специјалната сесија на светската организација Унеско во Баку, Охрид не се најде на листата на загрозени подрачја. Но, според препораката УНЕСКО му даде рок на градот до февруари следната година да ги спроведе препораките а заштита на природните богатства.Препораката од УНЕСКО е да се прогласи мораторим на сите видови урбани трансформации на брегот од Охридското езеро, како и сета урбанистичка трансформација на градот.Но, што правиме еден месец подоцна. Ниту се уриваат дивоградби, ниту некој контролира што прават несовесните граѓани.Имено, на социјлните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа како огромни количини смет во црни вреќи се  фрла во езерото кај  Грашница.Погледнете го видеото.

Македонија | пред 6 години

elence-2

(ВИДЕО) Еленче плива во Охридското езеро кај Свети Наум

Мало еленче кое најверојатно се спуштило од планината Галичица, решило да се освежи од летните горештини во водите на Охридското езеро кај Свети Наум.Во продолжение погледнете го краткото видео и уживајте.https://twitter.com/tindomiell/status/1155423394311081984?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1155423394311081984&ref_url=https%3A%2F%2Fohrid24.mk%2F%3Fp%3D7764

Македонија | пред 6 години

rudnik

Загинатиот рудар бил вратен од пензија поради недостаток на минери

Во вчерашната несреќа во рудникот поранешна „Тораница“ животот го загуби еден рудар, а двајца беа повредени после минирање.Маре Анчева, генерален секретар на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството во своето гостување на Телма истакна дека загинатиот рудар бил вратен од пензија поради недостаток на минери. Таа вели дека вработените во Тораница и Злетово не се членови на синдикатот од кога и двата рудника беа преземени од бугарската „Булмак 2016“.-Ние имаме регистрирано синдикална организација меѓутоа немаме синдикални раководства во двата рудника, на суптилни начини компанијата тотално го обесхрабри понатамошното синдикално делување. Така што не сме директни учесници во организирањето на рударите од двата рудника. Многу ми е жал, најискрено сочуство до семејството. Моите информации велат дека починатиот веќе го искористил правото за пензионирање според измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, за кои што синдикатот долго време се бореше и лобираше, што овозможува порано да се пензионриаат рударите од подземна експлоатација. Меѓутоа заради недостаток од квалификувани извршители од неговата област на работа тој бил повторно ангажиран во рудникот, рече Анчева за Телма.  

Македонија | пред 6 години

kurir-kolona

Километарски колони од Стража кон Гостивар, полиција нема никаде

Со часови се чека од Стража кон Гостивар. Километарски колони со автомобили вечерва го запреа сообраќајот на патот кој од Охрид води кон Скопје. Од каменоломите речиси е невозможно да се движите со автомобилот, огромен број на граѓани се буквално заглавени на патот, објави курир.мк.Порталот додава дека полиција нема никаде и покрај тоа што во овој дел од патот, возењето е ризично бидејќи несовесни возачи често претркуваат во лентата која вози во спротивен правец.  

Македонија | пред 6 години

grom

Гром удри во алпинистка во Австрија

Алпинистка од Босна и Херцеговина (29) се здобила со лесни повреди по удар од гром во Австрија.Спуштајќи се, таа се задржала на челична сајла, која во моментот изненадно била погодена од молња.Иако имала болки, продолжила да се симнува. Во меѓувреме побарала помош, а спасувачката екипа успеала да ја лоцира и нејзиниот придружник и да спречи да се случи голема трагедија, бидејќи таа веќе не можела да се движи.Спасувањето траело четири часа, а девојката била примена во болница во Гмунден. 

Свет | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Катица отворила боледување поради растројство, открива Милошоски

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на својот фејсбук профил сподели информација која е од јавен интерес. Милишоски напиша:Бидејќи СЈО и Владата кријат и не ги известуваат граѓаните за прашања од јавен интерес, дозволете да им помогнеме:- Катица Јанева од нејзин познат лекар добила боледување за периодот од 16.Јулу до 15.Август 2019 година.- Боледувањето е дадено врз основа на констатирана анксиозност растројство (F40-48), но засега не се знае дали е полесен случај или состојба која може да влијае на степенот на работната способност.- Таинственоста создава сомнеж дека боледувањето може да биде подготовка на околности за неопределување на мерка притвор.https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/posts/2772406502788611

Македонија | пред 6 години

risric-1

(ФОТО) Ристиќ: „Еве ја и онаа другата реалност со која се соочувавме у бекстејџот“

Актерката Ирена Ристиќ преку социјалната мрежа фејсбук сподели искуство за кое пишува: „Еве ја и онаа другата реалност со која се соочувавме у бекстејџот, покрај тремата и адреналините... Та, нели, другари сме и све си делиме“, пишува Рисиќ, на својот фејсбук профил.Во продолжение таа додава:„Покрај гадостиве на сликиве кои ни беа секојдневие дури бевме на проби у театарот у Охрид, редно е да се каже и тоа дека од фестивалот Охридско лето никој не дојде да не удостои со едно здраво, како сте, дан требит нешто, од театарот дојде само еден дечко кој фактички и не е вработен таму, а не се најде ниту јунак да им каже на околнитекафанџии дека песните од типот "отвори ми бело Ленче" и "пајдушкото" кои трештеа на сет глас, не се соодветни за припрема и одржување на тензијата на сцена... не се појави ниту селекторот на фестивалот.Заменикот министер за култура, кој се појави на нашата премиера (оној кој со службено ауто помина на две полни линии, ви текнува) допушената цигара ја фрли на земја и ја изгаси со нога.Инаку, да, премиерата на #NSFW во изведба на екипата на Драмски, помина фантастично, пред преполна сала и со стоечки овации“, напиша Ристиќ на ФБ.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157575915834726&set=pcb.10157575916649726&type=3&theater 

Македонија | пред 6 години

karakacanov

(ВИДЕО) Каракачанов за Канал 5:Имаме еден услов- да запре фалсификувањето на бугарска историја

Вицепремиерот на Бугарија, Красимир Каракачанов, во интервју за Канал 5 истакна дека Бугарија секогаш ја поддржувала Македонија и тоа не треба да се заборави.Тој додава дека Бугарија има еден услов-  да запре фалсификувањето на бугарска историја и дека компромис со фактите во историјата не треба да се прави.Каракачанов додава дека изјавата на претседателот Пендаровски за Гоце Делчев е многу точна. Бугарскиот вицепремиер во интервјуто најави дека уште во септември за Македонија може да има добри вести.

Македонија | пред 6 години

ljubljana

Љубљана се гордее со антички гробишта, а ние затрупуваме место каде беше пронајден саркофаг од античко време

Во Скопје, пред неколку дена, при преуредување на тротоар на Партизански одреди кај Карпош 4 беше пронајден саркофаг од античко време. Под изговор дека саркофагот тука го довлечкал некој нанос, артефактот беше кренат, а наоѓалиштето затрупано и тоа под итно. На местото се работи и денеска, во недела.Пред неколку месеци, и во Љубљана, на улица Госпостветска, граданочалникот сакал да постави нови канализациски цевки. Ја раскопале улицата и… наишле на антички гробишта. Гробишта како гробишта, што ќе ви се, можеле да ги затрупаат и да продолжат со канализацијата. Но, не, еве погледајте од фотографиите (патем, за наодот словенечките медиуми пишуваат со месеци, а јавноста се гордее, а не се срами од археолошките локалитети) што направиле.Текстот во целост на: denesen.mk

Свет | пред 6 години

pozar-bukovo

О2 Иницијатива: Три недели гори и чади депонијата во Буково, и не се работи интензивно како што изјавуваат од ЈП „Охридски Комуналец“

Три недели гори и чади депонијата во Буково. И не, не се работи интензивно како што изјавуваат од ЈП Охридски Комуналец. Никој не работи, викенд е, а и што да се брзаат, инспекторот им дал рок до 2 август да ја изгаснат, има време. До тогаш нека се разгорува оганот и нек се шири токсичниот чад, пишуваат на својата официјална фејсбук страница од организацијата за заштита на животната средина, О2 Иницијатива.Според нив не се работи интензивно ниту во работно време понеделник до петок. Вчера кога жители од соседното село биле во посета, никој не работел.Како е можно алармантна состојба да се третира на овој начин, прашуваат од О2 Иницијатива.-Пчелар од селото Горно Крушје со кого зборувавме вели дека пчелите не му одат на прскана јаболкница, а сега три недели не даваат мед. Три недели откако гори депонијата. Токсична состојба за нив. Тоскична состојба за сите. Деца играат во селото. Кога чадело интензивно било како среде густа магла. Од општина Охрид им рекле ако им пречи чадот, нека се преселат на друго место. Жителите на Горно Крушје кажуваат дека депонијата не горела последниве 10 до 15 години, дека тогаш кога се запалила го блокирале патот и биле мирни до ова палење. Сега исто два-три пати го блокирале патот кај депонијата. Чекаат 2 август да се уверат дека ќе биде угасната до тогаш, пишуваат од О2 Иницијатива и додаваат:„Водата што ресенчани ја пијат доаѓа токму од тука. А во селото кое има 50-60 жители, починале над 15 жители од рак низ годиниве. Не може да се поигрувате со животите на луѓето на овој начин. Ова што се случува е без преседан, свесно труење и свесно убивање на сопствен народ. Со сите депонии кои се палат и чадат и функционираат без стандарди. Ова е криминал за кој никој не одговара. Сè уште. Но, за сè има прв пат.“https://www.facebook.com/o2inicijativa/videos/486467378564760/извор: О2 Иницијатива

Македонија | пред 6 години

struga-smet

(ФОТО + ВИДЕО) Струга затрупана во смет

Струга стана вистинска депонија. Во екот на летната сезона во Струга никогаш не било позагадено и позатрупано со ѓубре. Стружани бесни на локалната власт и комуналното јавно претпријатие кои очигледно не знае што му е работа, секојдневно на социјлните мрежи објавуваат фотографии од смет натрупат во центарот на градот.Попладнео беше објавено и видео на кое се гледа како некои граѓани обидувајќи се да го решат проблемот со сметот, прават дополнителен и посериозен.https://www.facebook.com/kukunes/videos/10219773750515402/UzpfSTExMzY1MzQwMTc6MTAyMTgwMjQ1NzQ5NDI3MTk/На тема „Струга никогаш не била позагадена и позатрупана со ѓубре“ вчера прес конференција одржа и ОК на ВМРО ДПМНЕ.„Центарот на градот и чаршијата наликуваат на депонија, а од неа, на далеку се шири непријатна миризба.Добро сесеќаваме на предизборните ветувања на СДСМ и градоначалникот на град Струга, РамизМерко, дека депонијата ќе биде дислоцирана.И да е иронијата уште поголема, депонијата е дислоцирана, но за жал,во срцето на градот, посочија од ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга. 

Македонија | пред 6 години

elenapapandreu5

Грчката гитаристка Елена Папандреу: Охрид е живописен град исполнет со мир и спокој

Сум слушала за Охрид, но благодарение на фестивалот „Охридско лето“ првпат имав прилика да се запознаам со културно историското богатство на градот, вели воодушевено грчката гитаристка Елена Папандреу, која вчера прошета низ Охрид  со туристичкиот водич на „Охридско лето“.Грчката музичарка со богата кариера во Охрид остана два дена кои ги искористи за незаборавни прошетки, но и пливање во Охридското Езеро.-Првпат бев во посета на Охрид, многу ми е драго, едноставно имав среќа  што останав еден ден повеќе,  а фестивалот „Охридско лето“ ми овозможи да ги видам културно -историските споменици.  Градот е фантастичен, убаво живописно место исполнето со мир и спокој. Многу зеленило, свеж воздух и прекрасно сино езеро. Многу пријатни луѓе, пријателски расположени кон гостите.Пливањето во Охридското Езеро беше прекрасно искуство. Задоволна сум и ми беше чест што бев дел од фестивалот „Охридско лето“. Можам да кажам дека ова беше  патување исполнето со прекрасни спомени, вели Папандреу.Со професионален туристички водич  грчката музичка ѕвезда  прошета низ Стариот дел на Охрид, но го посети и Заливот на коските во Градиште и манастирскиот комплекс  Свети Наум. Таа уживаше и во вкусната традиционална македонска храна.Фестивалот „Охридско лето“, преку уметниците кои со себе ќе ги понесат незаборавните спомени и ќе ги пренесат позитивните искуства, го промовира Охрид ширум  целиот  свет.  

Магазин | пред 6 години

francija

Франција е Светски младински ракометен шампион

Заврши младинското СП во Шпанија, а нов шампион е селекцијата на Франција, која ја совлада Хрватска со (28-23)  и за која ова е втор златен медал. Најпријатното изненадување на првенството, репрезентацијата на Египет со (37-27)  го освои бронзениот медал, по убедливата победа против Португалија.https://twitter.com/ihf_info/status/1155501935044304906?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1155501935044304906&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Ffrancuzite-go-osvoija-mladinskiot-mundijal-martinovikj-e-mvp-na-turnirot%2F

Спорт | пред 6 години

sisinja

(ВИДЕО) Реката Вардар преполна со пластични шишиња

Треба само ветар да дувне за да ни исплива „културата“. Тоа го покажува последното видео објавено на социјалната мрежа фејсбук на Скопје - Skopje. Вака изгледа нашата еколошка култура..https://www.facebook.com/MetropolaSkopje/videos/350414749184712/UzpfSTgzOTI4Mzc2OToxMDE1NzQ1ODIyNTAzODc3MA/

Скопје | пред 6 години

kuce

(ФОТО) Уште едно куче „исфрлено“ на улица - зошто ги земате кога немате љубов за нив?

Во последно време се почесто гледаме постови, фотографии, слики, видеа, на кои се гледа како домашни миленици се оставаат или „фрлаат“ на улица од страна на нивните сопственици.Предмалку на групата „Миленичиња домашни и улични“  беше поставен пост во кој пишува:„Пред 15 минути во Н.Драчево пред мојата куќа пуштија т.е. фрлија кучето од кола.Кучето е маламут мажјак со железен ланец.Колата беше БЕЛ ПИКАП!Луѓето (психопатите) не ги видов затоа што беа на улица со колата.Не можев да ја видам регистрација заради тоа што јас бев кај мене во двор, тие само застанаа го видоа знакот ПАЗИ КУЧЕ и го фрлија кучето и со голема брзина продолжија.Во примив кучето му дадов храна се најаде и пиеше вода и морав да го пуштам пак надвор заради тоа што и јас имам куче мажјак и да не се здават.Ова мора да запре!АКО НЕКОЈ ВИДИ БЕК ПИКАП ВО НАСЕЛБА ДРАЧЕВО, ОБАВЕЗНО ДА МЕ КОНТАТКТИРА, стои во објавата на социјлната мрежа фејсбук.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2682113951881714&set=pcb.2361132507314713&type=3&theaterКучето е најдобар пријател на човекот. Со ова се сложуваат оние кои им ја пружат сета љубов на своите миленичиња, а тие пак чувствувајќи, ја возвраќаат во многу поголема мера. Домашните миленици бараат љубов и храна и ништо повеќе.Но, за жал има и такви кои ги земат затоа што станува „мода“ да се има домашен миленик. Но,  по кратко време сакаат да се ослободат од него. Ваков пример обелоденет беше на 26 јуни .  Во видео поставено на истата група на ФБ се гледа како од автомобил „исфрлаат“ куче и му заминуваат, а тоа обидувајќи се да ги стигни „сопствениците“ трча по нив.Но, кога веќе имаме проблем со кучињата скитници кој никако властите неможат да го решат и  да им изнајдат начин да ги згрижат, ова станува дополнителен проблем.Ветеринарите пак се категорични, домашно куче кога ќе се остави на улица станува опасно и агресивно. Тоа според нив се наоѓа во нова средина во која мора да се бори за храна, но и се соочува со многу поразлични услови за живост од оние кои ги имало до тогаш.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Утре без струја делови од Аеродром и Карпош

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром и Карпош, соопшти РЦУК.Во период од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Методија Шаторов Шарло“ бр. 30, во општина Аеродром, а од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел ул. „Момин Поток“, ( Хотел Виргина и околината) во општина Карпош.

Скопје | пред 6 години

nesreka-123-4

Татковците на децата кои загинаа во Србија имале сообраќајка на истото место пред 30. години

Четири пријатели од Србија, три девојчиња и момче на возраст од 18. и 19. години загинаа во страшна несреќа вчера кога излетаа со возилото, се превртеа и удрија во бандера покрај патот.Српскиот Курир пишува дека загинатите на лице место во несреќата се 18-годишната Сара Л. 18-годишната Ивана Б. 18-годишната Тања Л. и 19-годишниот Миодраг Ј. 20-годишната Маја која управувала со возилото е повредена и однесена во болница.Инаку, несреќата се случи вчера во 5 наутро кога друштвото се враќало од журка, а автомобилот под неразјаснети околности се излизгал, излетал, се превртел неколку пати и се забил во бандера.Трите девојчиња и момчето починаа на лице место, телата се најдени до автомобилот излетани од него, а сведоците велат било траорно.Инаку српските медиуми објавуваат дека Татковците на две од децата пред 30. години имале сообраќајка на истото место каде им починаа децата.Тие биле повредени, едвај ги спасиле, но останале живи. Сега нивните деца загинаа заедно. 

Свет | пред 6 години

aleksandra

(ВИДЕО) 15 годишната девојка пред да ја убијат барала помош на европскиот број за итни случаи, но не ја сфатиле сериозно

Романскиот министер за внатрешни работи му даде отказ на шефот на полицијата откако во едно село на југот од земјата беше убиена тинејџерка, која имала испратено повеќе телефонски повици за итна реакција, но истите биле занемарени.15 годишната Александра Макесану е девојката за која цела Романија се крена на нозе. Таа била нападната од манијак, малтретирана и убиена. Таа беспомошно се обидувала да повика помош но службите не ја сватиле сериозно и ,мислеле дека се шегува.Александра била грабната додека стопирала за да стигне до своето село од градот Каракала.На полицијата и беа потребни 19 часа за да ја лоцира девојката и да влезе во куќата во која пронашле и остатоци од луѓе и накит што девојката го носела, по што привеле 65-годишен маж на испитување, јави Би-Би-Си.Полицијата се сомнева дека посмртните остатоци што ги нашле се на 15-годишната Макесану и на 18-годишната девојка од блиското село која исчезна во април, но форензичарите допрва треба да го потврдат нивниот идентитет.Илјадници Романци синоќа протестираа против владата, огорчени заради неадекватната реакција на полицијата.  

Свет | пред 6 години

rudnik

Булмак: Несреќен настан во рудникот „Тораница“

При поставување експлозивни средства за минирање во јама на рудникот „Тораница” – Крива Паланка вчера во попладневните часови се случи несреќа, во чии рамки беа повредени тројца рудари од овој рудник.Kако последица на сериозноста на повредата и видот на ранувањето, еден од нашите вработени подлегна на повредите, додека останатите двајца беа пренесени во ЈЗУ Општа Болница "Куманово", информираат од компанијата „Булмак 2016" ДООЕЛ Пробиштип.Одговорни лица од нашата компанија, порачуваат, се во континуиран контакт со болницата и ја следат состојбата на повредените колеги.-За овој трагичен настан компанијата „Булмак 2016" веднаш ги извести сите надлежни институции и органи кои пристапија со истражна постапка на местото на несреќата. По завршување на целата истражна постапка од страна на надлежните органи, компанијата „Булмак 2016" ќе преземе дополнителни мерки за утврдување на околностите на несреќата во соработка со компаниите – добавувачи на експлозиви и детонатори кои се користат во рамки на редовната работа во рудникот, порачуваат од компанијата и изразуваат искрено и длабоко сочувство и жалење до семејството на починатиот колега, а на другите двајца им посакуваат што поскоро заздравување.

Македонија | пред 6 години

administracija

Нови огласи за вработувања во државни институции

Нови вработувања во државните институции. Преку агенцијата за администарција ги објавија огласите .  Во моментов, Агенцијата за администрација има распишано огласи за вработување на 40-тина луѓе во разни дирекции, центри, државни агенции, национални културни установи. Сето ова се случува во момент додека Владата тврди дека сака дел од службениците да ги префрли во приватниот сектор нудејќи им поволни пакети, за да го намали преобемниот државен апарат, секојдневно се објавуваат  огласи за вработување во администрацијата.Најголем број вработувања – 13 ќе има во новоформираната Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните. Македонци, Албанци, 1 Турчин и 1 Ром, за примања што варираат од 20 до 38 илјади денари ќе работат како државни советници за преведување и лекторирање, раководители на сектори и одделенија, помлади соработници.8 нови вработувања ќе има и во Дирекцијата за заштита и спасување, платите таму почнуваат од 21 до над 28 илјади денари. Во Центарот за управување со кризи предвидени се 7 вработувања за кои следуваат плати од 15.500 до 37 илјади денари.Агенцијата за вработување распиша оглас за 5 работни места, од кои 4 за раководители на центрите за вработување во Охрид, Струга, Ресен и Валандово за плати од 28.300 денари месечно. Агенцијата за супервизија на осигурувањето распиша оглас за двајца советници, Турчин и Албанец, за плата од скоро 42 илјади денари и помлад соработник Албанец за плата од 29.500 денари. И Агенцијата за енергетика бара да вработи еден Албанец како помлад соработник в оодделението за енергетска ефикасност за плата од 19.750 денари и еден Турчин како советник со примања од 25 илјади денари.Највисоки убедливо се платите во Агенцијата за цивилно воздухопловство, но и квалификациите што се бараат од вработените што се бараат се најголеми. Платите на тројцата ново вработени ќе се движат од 45.600 до дури 117.600 денари месечно.Огласи за вработувања има и во националните културни установи во градовите во внатрешноста.Јавниот сектор брои 130 илјади лица. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања