Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

tepacka-1-1

Тепачка меѓу штитеници во дом

На 28.07.2019 .во 01.00 час Т.Н(33) вработена како педагог во ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение,пријави дека на 27.07.2019 во 22.30 час на ул.Перо Наков во просториите на ЈУ за згрижување деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение Ранка Милановиќ еден  штитеник бил нападнат од друг штитеник. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

pozar-kola

„Фолксваген Голф“ се запали на ГП „Богородица“

На 27.07.2019 во 16,05 часот на Граничен премин Богородица, на влез во Република Северна Македонија се запалило патничко моторно возило  „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки. Возилото било управувано од К. Д. (65), а сопатник била неговата сопруга К. Д. (71)., кои не се повредени. Извршен е увид.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Повредена жена пешак, со тешки телесни повреди пренесена во болница

На 27.07.2019 околу 21.00 часот на раскрсница помеѓу регионалниот пат Гостивар с.Градец со локалниот пат за с.Дебреше се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ,,Фолксваген Венто“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Ќ.Р(64) од Гостивар удрило во С.И(61) од село Дебраште. С.И. била пренесена во Медициснки центар Гостивар, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Извршен увид од екипа на СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

tabanovce

Полски државјанин го нарушил јавниот реи мир на „Табановце“

На 27.07.2019 во 20,45 часот на на Граничен премин  Табановце  на излез од  Република СевернаМакедонија поради основано сомнение за нарушен јавен ред и мир приведен е Л.Т. (34) од Република Полска и задржан во полициска станица од општа надлежност Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во локал на автопатот Скопје- Тетово, уапсени 12 танчерки

На 28.07.2019 во 02:30часот при акциска контрола во угостителски објект лоциран во близина на автопатот Тетово-Скопје од страна на полициски службеници од Тетово лишени од слобода се 12 женски лица на возаст од 20 до 40 години од Србија, Албанија, Бугарија. Лицата се приведени во Полициската станица во Тетово по што ќе бидат предадени во Отсек за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка.  

Македонија | пред 6 години

Goce-vlahov

Почина актерот Гоце Влахов

По долга и тешка борба со ракот денеска почина актерот Гоце Влахов, член на ансамблот на Македонскиот народен театар (МНТ), . Неговото семејство соопшти дека погребот ќе се изврши на 30 јули во 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.Колеги актери, режисери, културни работници и новинари се збогуваат со актерот кој со децении беше нераздвоен дел на македонскиот филм, театар и телевизија.Неговиот матичен театар, Македонски народен театар, каде Влахов работеше до пензионирањето, емотивно се збогува со еден од доајените на македонското глумиште.„Гоце Влахов ќе остане запаметен по вештината со која го создаде секој лик карактеристичен, секогаш сигурен во играта и страста кон театарот и претставата. Таа константност на играта му обезбедува важно место, место за паметење“, стои во објавата на МНТ.https://www.facebook.com/MakedonskiNarodenTeatar/posts/2542462052454207 

Македонија | пред 6 години

naum-za-budzet

Стоилковски: Податоците од Министерството за финансии за извршување на буџетот покажуваат дека Македонија е далеку од Заевото блескање

Податоците од Министерството за финансии за извршување на буџетот за првата половина од годинава покажуваат дека Македонија е далеку од Заевото блескање или пак година на економијата. Собирањето данок точно ги покажува економските активности, растот и економската моќ на граѓаните.Даночните приходи, собирањето на данокот во вториот квартал од 2019 година номинално забележале просечен пад од 3,4%, ова е податок од киднапираното министерство за финансии. Притоа, согласно планот на министерството, за цела оваа година растот на даночните приходи треба да изнесува 6,6%. Остварувањето во првата половина од оваа година укажува дека таков раст не само што не е достижен, туку и дека министерството за финансии веројатно годинава ќе наплати помалку даноци од лани, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ваквиот тренд упатува на можност за сериозна буџетска криза и неопходност од значителна и болна фискална адаптација во следниот период. Односно болен ребаланс! Сето ова е резултат на лошата бизнис клима, што е далеку од Заевото блескање!Според финансии, најголем е падот кај данокот на добивка, фирмите во Република Македонија во април, мај и јуни годинава уплатиле за 32% помалку данок на добивка. Една третина помалку, во однос на истото тримесечие лани. А, годинава проектиран е раст од 3,5% кај приходите од данок. Ова е огромен непредвиден пад кај наплатата на данокот на добивка, за што министерството нема информации за причините на падот.Дополнително, во вториот квартал нaплатата кај нето-ДДВ е за 4,4% пониска од истата во вториот квартал лани, а во услови на проектиран раст по истиот основ од 5,8% за цела година. Кај бруто ДДВ растот на приходите е скромни 2,5%. Пониски приходи, почитувани, по основ на ДДВ значи пониска потрошувачка во Република Македонија, а следствено и пониски стапки на раст.Релативни приходи во вториот квартал од 2019 година се забележани по основ на данок на личен доход, и тоа веројатно заради тоа што СДСМ воведе прогресивен данок и втора даночна стапка од 18%, но да потсетиме дека и дополнително го зголеми данокот по основ на наемнини, капитални добивки и дивиденди за цели 50%.Дополнително на сето ова, капиталните инвестиции за првите 6 месеци се само 20%. Во вакви услови на ниска наплата на даночни приходи и ниско ниво на капитални инвестиции, буџетскиот дефицит веќе изнесува 40% од планот.Ова е сериозен пад во економската динамика со сериозен можен удар и повисок буџетски дефицит од планираниот. Ваквиот тренд упатува на можност за сериозна буџетска криза и болно фискално прилагодување!Ова се сериозни потфрлања. Огромен пад на данокот на добивка - значи пад на економска активност на компаниите, пад на ДДВ - значи пад на економската моќ на граѓаните, огромен пад на капиталните инвестиции, и раст само кај даночењето на личните примања и добивките на граѓаните! Така е тоа со октопод на власт кој што со трет буџет повторно нема инвестиции туку криминогени скандали и рекети! На Македонија, почитувани, и е неопходна итна обнова за да се избегне понатамошно задолжување и осиромашување на граѓаните, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

Dimce-121

Арсовски: Бараме, носење нов реформски закон според принципите на правото и правдата и Уставот

Замислете Катица Јанева побарала форензичко бришење на компјутерите во СЈО.Очигледно, после ваков скандал Катица Јанева има нешто да сокрие, а штом сеуште молчат сите и обвинителството и власта, и не се наоѓа Катица Јанева на распит во обвинителството, тоа значи дека некој сака и нејзе да ја скрие и да го премолчи целиот овој скандал и инволвираноста на Катица Јанева во истиот скандал „Рекет“, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Власта, СДСМ и Зоран Заев сакаат да го прикријат криминалот на Катица Јанева. Тоа потврдува дека и Зоран Заев и Катица Јанева и Кики и Фрики и сите останати се вмешани во случајот „Рекет“.Затоа ниту СЈО може повеќе да продолжи со својата работа, ниту пак Катица Јанева да биде обвинител. Замешана е во скандал за рекетирање тежок милиони.Бараме, носење нов реформски закон според принципите на правото и правдата и Уставот.Најпрвин детална истрага за случајот „Рекет“, да ја видиме инволвираноста и на Катица Јанева и на другите обвинители и истражители на целото СЈО.Потоа согласно законите бараме враќање на сите обвинители и истражители на нивните матични работни места од каде што доаѓаат и дури потоа доколку ако ги исполнуваат критериумите да конкурираат во новото обвинителство за гонење висока корупција и криминал. Не дозволуваме со закон, скокање по неколку скалила на обвинителите.Бараме сите предмети од процесите коишто се започнати на ниво на обвинение до 30.06.2017 година, истите да бидат превземени од државниот јавен обвинител и истите да се прераспределат согласно процесите и советите на експертската јавност, онаму каде тие дела истите припаѓаат, односно треба да припаѓаат според нивната тежина.ВМРО-ДПМНЕ предвидува финансиска независност за целокупното Јавно обвинителство и тоа од 0,8 до 1 процент од државниот буџет, кој што се гласа секоја година, да се одвојува за потребите на државното јавно обвинителство.Ова се суштинските реформи кои треба да ја донесат неселективната правда.Намерите на СДСМ и Зоран Заев, верувајте дека не се искрени. Тие само сакаат да се амнестираат и да се заштитат по падот на власта на СДСМ, како што гледаме во моментов дека ја амнестираат Катица Јанева, односно сите други инволвирани.Македонија мора да се рестартира и мора да тргне напред. И тоа веднаш, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

potkup

Приведени двајца цариници за поткуп

СВР Куманово, Одделение за Криминалистичка полиција, Отсек за Економски криминалитет во содејство со Секторот за професионална одговорност - Одделението за внатрешни истраги при Царинска Управа на РСМ постапуваше по пријавено кривично дело по чл.357 од Кривичниот законик на РСМ “Примање поткуп” од страна на царински службеници на граничниот премин Табановце. На 28.07.2019 во 03:00 часот примена е дојава од оштетено лице за давање на поткуп на царински службеници на  ГП Табановце при влез во Република Северна Македонија, по што од страна на Отсекот за економски криминалитет веднаш е постапено и при личен претрес на царинските службеници З.Ј. од с.Отља и Т.М. од Куманово, и при претрес на службените простории на Царинската управа на ГП Табановце пронајдени се 1670 евра и 190 швајцарски франци. Царинските службеници се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 6 години

Finalno-asfaltirawe-Lazar-Licenoski-5

Финално асфалтирање на улица Лазар Личеноски

Денеска се изведува финалното асфалтирање на коловозот на улицата Лазар Личеноски, а во наредните неколку денови ќе се изврши и целосната санација на  пешачките патеки.Со ова ќе заврши првата фаза од проектот за фазната реконструкција на улицата Лазар Личеновски. Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот на потег во вкупна должина од 493 метри и поставување на нов асфалт со површина од 4.565 квадратни метри. Дополнително на оваа улица ќе се асфалтираат тротоарите и ќе се постават нови бетонски рабници. За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 10,6 милиони денари со пресметан ДДВ.Во финална фаза влегува и проектот за реконструкција на дел од булеварот Партизански одреди, на потег од мостот Обединети нации до бул. 8 Септември во должина од два километри. На оваа делница останува да се асфалтира уште една делница, по што остануваа поставувањето на хоризонталната и вертикална сообраќајна сигнализација. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Над 200 казнети возачи во Скопје: брзо возење, алкохол…

На 27.07..2019 година (сабота) во периодот од 06.00 до 24.00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи спроведе контрола  на брзина на движење на моторни возила. Од извршената контрола од страна на  полициски службеници  утврдено е дека 37  возачи ја пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 71 останати прекршоци.На 27.07 во периодот од 21.00 до 24.00 часот беше спроведена контрола за прекршоци што ги чинат возачи на мотори ,при што беа откриени и санкционирани 26 прекршоци. Покрај то, констатирани се уште 43 останати прекршоци.На 28.07.2019 (недела) во периодот од 00.00до 05.00 часот беше спроведена контрола за откривање возачи кои управуваат под дејство на алкохол, при што од страна на полициските службеници кај 13 беше утврдено присуство на алкохол. Откриени  се и 37 останати прекршоци. 

Скопје | пред 6 години

nevreme-hrvatska

Опасни метеролошки појави во текот на денот

Во следните 24 часа над Балканот и регионот поточно над Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија како и на север, североисток и запад од Македонија ќе се случи судир на две воздушни маси (многу посвежата од север и многу топлата од југ). Токму поради ова се очекуваат во голем дел од овие споменати држави силни атмосферски процеси кој ќе бидат застапени во форма на невреме, локално и изразено, истото ќе биде проследено со интензивен пороен дожд кој има опасност да услови и локални поплавувања, олуен ветер, силни и чести електрични празнења како и појава на град кој би можел да биде и од поголема величина (покрупен).Како што кажавме погоре кај нас и тоа особено на север, североисток и на запад се очекува нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално не се исклучува можноста за појава на невреме проследено со силен ветер и услови за појава на град.Издаваме сериозно предупредување до голем дел од регионот во случај на појава на невреме граѓаните да бидат крајно претпазливи, исто така и кај нас во случај на појава на електрични празнења, односно на појава на невреме граѓаните да бидат крајно претпазливи и да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така кај нас во следните часови ќе започне на повеќе места да дува засилен ветер и тоа од југозападен правец на југозапад и на запад а од јужен правец во останатите предели од државава. истиот повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час.

Македонија | пред 6 години

madzoski

Спомените никогаш не згаснуваат – сведоштво на Бригадирот Душко Маџоски

Некогашниот студентски бригадир Душко Маџоски го памети скопскиот земјотрес по страв и викотници. По избезумени и расплакани луѓе. Го памети и по храбри и солидарни луѓе кои помагаат разурнато Скопје да се издигне од пепел. По 54 години, за него работните бригади се двигател, симбол на обнова. Помагаа на скопјани со срушени домови, ги вадеа повредените и мртвите, пееја песни за мотивација… Студентите ги поставуваа темелите на новото Скопје, објави radiomof.mk.Душко Маџоски е возрасен скопјанец, своевремен секретар на Сојузот на резервни воени старешини. Секогаш ќе ве сретне насмеан. Поткривнува со бастумот, вика „нежен сум со здравјето“, ама е насмеан. Се додека не почне да раскажува за земјотресот од 26 јули, 1963 година. Тогаш гледате како старец се претвора во студент. Цел се вкочанува. Погледот е отсутен, бега далеку од клупата и игралиштето каде седнавме да поразговараме.„Во тој период бев дел од студентската работна бригада ’Мирче Ацев’, која учествуваше на изградбата на автопатот ’Братство – единство’ на делницата Белград – Параќин. Работевме заедно со бригадата ’Мите Богоевски’. Тоа беа студенти од Правен, Градежен, Земјоделски, Филозофски, Медицински факултет од главниот град“, раскажува Маџоски,Вели, тензијата се чувствувала меѓу сите бригади. И оние од Сараево, Загреб, Љубљана, меѓу мешаните бригади… Имале убава дружба, развиле сплотеност и заеднички дух. Ги испратиле на автопатот со песни и разиорени знамиња, мотивирани за изградба. Но, сега веста била застрашувачка за сите. Ги стаписала. Особено оние со родители и пријатели во Скопје.„Веднаш беше организиран превоз, ни обезбедија исхрана и здравствена заштита. Разделбата беше мачна. Не’ испратија со солзи. Во автобусот никој од студентите не зборуваше. Молк и неизвесност. Многу од бригадирите беа потресени, но подготвени за предизвикот“, се присетува Маџоски.Како што се доближувале до Скопје чувствувале грозна атмосфера. Кон градот се упатувале санитарни, здравствени и спасувачки возила од цела Југославија. Од Скопје, пак, излегувале екипи за евакуација. Вели, сеќавањето не испарува ниту по 50 години, раскажува Маџоски за radiomof.mk.„Сега, многу сум вознемирен од земјотреси. И од годинешните, и од ланските потреси на скопското тло. Ме ‘пресекуваат’. Знам што значи да се спасуваат граѓани, да се работи на разрушени објекти. Сите мои колеги, студенти дадоа прилог во спасувањето на Скопје“, нагласува Маџоски.  Текстот во целост на: radiomof.mk 

Скопје | пред 6 години

zoran-krstevski

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Љубовен избор

Пишува Зоран Крстевски за vecer.press (авторот е доцент доктор по филозофски науки и универзитетски професор)Прашањето за присуството на љубовта во животот на луѓето е актуелна тема за која постојат најразлични одговори. Индивидуалниот став е основен за важноста на љубовта, бракот и семејството, бидејќи не постојат општи правила за приоритетите во љубовните односи.Луѓето се суштества кои сакаат да бидат во сооднос со другите, така што копнежот и потребата да се доживее љубов и да се пронајде сродната душа се исклучително значајни. Зашто копнеж, бидејќи воопшто не е лесно да се оствари љубовна врска со партнер со кој идеално ќе се сложуваме. Ако ја оствариме, тогаш сé е полесно, зашто покрај себе имаме лице со кое заемно ја чувствуваме убавината и топлината на љубовта. Доколку ја пронајдеме сродната душа, тогаш припадноста го зазема местото на илузијата и површноста.Најтешкиот предизвик на љубовта е да ја воспоставиме припадноста. Тоа подразбира да оствариме спој на две срца во едно тело, но не како страст, туку како духовна, емоционална и ментална поврзаност. Илузорно е да сметаме дека со доживување на телесната (интимна) припадност, понатаму сé ќе биде совршено. Кога не постои соодветна емоционална поврзаност, неизбежно ќе опадне и интензитетот на страста, зашто без емоции, страста не може константно и квалитетно да го одржува односот.На почетокот од врската, најчесто не поставуваме доволно прашања, ниту се интересираме за нивото на ментална поврзаност со партнерот. За да дојдеме до емоционална поврзаност потребна е ментална поврзаност, а за да го постигнеме тоа, неопходен е разговор, комуникација и сродност на духовен план. Треба да знаеме дека ако оствариме врска со ментално и духовно некомпатибилен партнер, тогаш неминовно ќе се соочиме со љубовни кризи во односот.Затоа, клучно е да се поставуваат доволно прашања, да се согледаат афинитетите на партнерот, да се испита неговото семејно потекло, какви вредносни начела негува, дали има капацитет за личен развој и за етичко воздигнување на личноста или е склон на стагнација, егоизам и негативна перцепција.Корисно е уште од самиот почеток да испитаме со кого си имаме работа, а не откога сме длабоко навлезени во врската. Може да согледаме дека сме во врска со лице кое физички нî привлекува, но на духовен план сме максимално поразлични. А кога духовно сме оддалечени, не може да постои среќа, хармонија и задоволство во односот.На почетокот од врската, освен што е битно да поставуваме доволно прашања, треба да согледаме дали партнерот е зависен од одредени нешта. Некој може да биде зависен од родителите, друг од пријателите, трет од алкохолот, четврти од пренагласената потреба за успех во кариерата итн. За да се заштитиме од многу стресови, неопходно е да преиспитаме и дали партнерот е „луд” за контролирање. Има луѓе кои се крајно посесивни и љубоморни и тие мошне негативно влијаат врз психофизичката состојба на нашата личност. Кога сме во однос со партнер кој е опседнат со потребата за контрола, ние немаме личен развој, туку имаме страв, несигурност и психофизичка блокада.Треба да согледаме и дали партнерот е со ореол на жртва, односно дали има високи критериуми, поради кои со ништо не се задоволува. Може целосно да се вложиме и дадеме во љубовта, но тој со ништо да не биде задоволен, зашто смета дека е жртва во односот. Причината поради која овие поединци го негуваат ореолот на жртва, можеби произлегува од емоционалната оштетеност во детството, недостигот на самопочит и личната несигурност, кои длабоко се всадиле во карактерниот профил на нивната личност. Исто така, корисно е да преиспитаме дали партнерот е емоционално затворен, алчен и премногу оддаден на материјалното, зашто тие лица знаат и другите да ги третираат како предмет. За градење хармоничен однос, значајно е и дали партнерот сексуално ни одговара, односно дали е заинтересиран да ја споделува страста.Најважно од сé е да не дозволиме лицето кое поседува свест за жртва и нас да не направи жртва, но уште поважно е да ја согладеме менталната состојба на партнерот и дали е склон на психички растројства и емоционални фрустрации. За да го осознаеме сето ова потребно е време, но добро е да знаеме што сакаме и на што треба да внимаваме, зашто „ѓаволот ни ора, ни копа” така што ништо не смееме да оставиме на случајот.За перспективата на љубовниот однос е најопасно ако емоционално, ментално и сексуално се отуѓуваме од партнерот и избегнуваме да бараме решение за проблемите. Во таква ситуација, некои излезот го наоѓаат во неверства и љубовни излети надвор од бракот или врската. Сметајќи дека ќе се спасат себеси, тие пропаѓаат уште подлабоко во „живиот песок” на љубовната нефункционалност. Таквата определба може да ги направи агресивни, критички ориентирани, нервозни и неспособни за градење хармонична семејна заедница.Клуч за излез од љубовните проблеми е да ги преиспитаме причините за појава на конфликтите и недоразбирањата. Решение може да се пронајде ако имаме заеднички интереси; разговараме еден со друг; со позитивен пристап се обидеме да ги разрешиме несогласувањата; сфатиме дека и кризите се составен дел од животот. Кога афирмативно дејствуваме шансите за стабилизирање на врската максимално се зголемуваат.Кога кај другиот ги восприемаме позитивните нешта, тогаш многу повеќе ќе придонесеме за надополнување на тие вредности, но полесно ќе се справиме и со неговите/нејзините слабости. Само кога искрено и посветено работиме на проблемот, може да најдеме решение за проблемот.Во љубовта, како и во животот, е битно да умееме да ги перцепираме позитивните вредности, а не само да ги гледаме и преувеличуваме негативните околности. Ако одлучиме критички да пристапуваме и исклучиво да ги забележуваме неубавите нешта, тогаш ќе создадеме причина за негативно да се чувствуваме. Друга ситуација е ако се чувствуваме потиснати, несреќни и неисполнети и ако партнерот со своето однесување нé води кон егзистенцијалното дно. Тогаш мора да се заштитиме и да го спречиме падот во животот.Денес мошне брзо и лесно се распаѓаат браковите, но и потешко се склучуваат, па многумина на подоцнежни години започнуваат живот во брачна заедница. Можеби причината се крие и во желбата да се пронајде вистинскиот партнер.Сакаме да бидеме во љубовен однос со совршен партнер, без да се запрашаме, дали ние сме совршени.Денес е мошне битно партнерот да биде материјално ситуиран, да има висок статус во општеството или капацитет да напредува. Проблемот е што секој не може да има висок статус, да биде ситуиран или да има успешна кариера. Наместо да се фокусираме кон надворешните аспекти, многу подобро е да ги препознаеме внатрешните квалитети на личноста, какви што се морална воздигнатост, одговорност, посветеност и чувство за градење хармонична семејна заедница. Клучот е да избереме партнер со етички вредности и капацитет за себеразвој и духовно себеусовршување.Високите стандарди може да создадат големи проблеми во остварувањето на зацртаниот идеал. Да подразмислиме малку! Колку луѓе на Земјата истовремено поседуваат физичка привлечност, статус во општеството, материјална реализираност, успех во кариерата, духовна изграденост, интелектуална и морална воздигнатост, емоционална посветеност и моќна еротска енергија? Дали е возможно сите овие вредности да се пронајдат кај една личност и токму таа личност да стане наш љубовен партнер, со кој ќе го поминеме остатокот од животот?Значи, нема среќа, успех и хармонија доколку се претерува со идеалите и желбите – секогаш и во сé да бидеме исполнети, задоволени и реализирани. Тоа, ниту било, ниту некогаш ќе биде, зашто животот е полн со подеми, падови и со многу несовршености и потешкотии.

Магазин | пред 6 години

Hazbi_Lika_VP

МВР: Се самоуби поранешниот возач на Хазби Лика

Педестиседумгодишен маж од Тетово со иницијали Ф.Т е најден мртов во возило со рани од огнено оружје. Телото било најдено од страна на неговиот син на крстосницата на улицата Киро Ристовски-Дрнц и Андреа Стојановиќ во Тетово, информира полицијата-Извршен е увид од страна на екипите на СВР Тетово и јавен обвинител по што е констатирано дека станува збор за самоубиство на лицето Ф.Т (57). Самоубиството е потврдено и од јавниот обвинител, информираат од СВР Тетово.Случајот во тетовската полиција е пријавен во 11 часот. Човекот бил вработен во општина Тетово. 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Сообраќајна несреќа, две лица со тешки телесни повреди пренесени во болница

На 26.07.2019 околу 12.25 часот на локалниот пат Куманово-с.Горно Коњаре, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(52) од Куманово,  и  патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А. Ф. (22) од с.Горно Коњаре-Куманово.По незгодата Г.Ј., А.Ф. и сопатничката во возилото ,,Пежо“  М. Ф. (41) биле пренесени во Ургентен центар-Куманово,  каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од ПС за БПС-Куманово.

Македонија | пред 6 години

njemac-traktor1

Дебрчанец паднал од трактор и се здобил со тешки телсни повреди

На 26.07.2019 во 12,00 часот од Општа болница Дебар било пријавено дека е примен Б. С. (47) од Дебар со повреди здобиени при паѓање од трактор во с. Кривци. Од страна на лекар му се констатирани  тешки телесни повреди и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

Сообраќајна несреќа – повредени две лица

На 26.07.2019 околу 20,35 часот во Штип на ул.„Брегалничка“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „Фиат браво“  со штипски регистарски ознаки,  управувано од Ѓ. В. (30) од с.Долни Балван – општина Карбинци и патничко моторно возило „БМВ“  со швајцарски регистарски ознаки, управувано од В. К. (55) од Штип. Ѓ.В. бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде од страна на доктор  констатирани му се  тешки телесни повреди. На В.К. му се  констатирани телесни повреди. Увид на лице место извршила екипа од ПС за БПС-Штип.

Македонија | пред 6 години

dimce-1111

Арсовски: Бараме детална истрага за срамниот случај „Рекет“, проверка на инволвираноста на Катица Јанева

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се води од принцип на владеење на правото, почитувањето на законите, почитување на Уставот, меѓународното право.ВМРО-ДПМНЕ има предлог закон за јавно обвинителство кој што го образложивме вчера на прес конференција од страна на претседателот Мицкоски, кој што е достоен и подготвен да биде во функција на бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупција, кои што во моментот во државата се случува на ангро. Овој закон е реформски и значи неселективна правда за граѓаните, Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Најпрвин фузијата на двете обвинителства е сугестија на ВМРО-ДПМНЕ во текот на преговорите на работните групи и тоа е прифатливо.ВМРО-ДПМНЕ е против грубо кршење на законот Катица Јанева да биде унапредена во Републички Јавен обвинител, односно да добие неколку скалила повеќе. Сите обвинители од дувлото на непотизам наречено СЈО, во кое што во моментов е такво какво што е, каде што работат снаи, ќерки, синови, внуци роднини, пријатели на обвинителите и на СДСМ, треба да се вратат во матичните обвинителства односно институции, од онаму каде што дошле, па дури потоа да конкурираат доколку исполнуваат услови и доколку се квалитетни. СДСМ со нивниот предлог закон сака да ги унапреди своите и роднините на обвинителите од СЈО, што е грубо кршење на правото и потценување на интелигенцијата на народот.Бараме детална истрага за срамниот случај „Рекет“, проверка на инволвираноста на Катица Јанева, дали и колку е инволвирана во целиот случај, која е нејзината релација и врска со двајцата осомничени кои се наоѓаат сега во притвор, но не и помалку значајна нејзината релација со определени псевдоними за кои што јавноста веќе шпекулира, а кои што се дел од раководството односно од врхушката на власта на СДСМ. И врапчињата веќе знаат кој се е вмешан во „Рекет“, само Јавното обвинителство во моментов молчи и не презема никакви чекори. Дури потоа обвинителите од СЈО ако не се инволвирани во случајот „Рекет“ ќе може да конкурираат за во новото обвинителство притоа исполнувајќи ги другите услови кои што ќе бидат поставени и согласно законите кои што ги предвидуваат за јавен обвинител.ВМРО-ДПМНЕ се залага за транспарентен процес на избор на најквалитетните луѓе коишто треба да бидат истражители или друг тип на административен кадар во рамките на новото обвинителство.Бараме сите предмети од процесите коишто се започнати на ниво на обвинение до 30.06.2017 година, истите да бидат превземени од новиот обвинител којшто ќе го води обвинителството, притоа почитувајќи го Уставот и законите. ВМРО-ДПМНЕ се залага сите тие предмети во фаза во која што се, дали е доказна постапка, дали е распит на сведоци, дали се завршни зборови или некоја друга фаза од текот на постапката, да ги преземе државниот јавен обвинител и истите да се прераспределат согласно процесите и советите на експертската јавност, онаму каде тие дела истите припаѓаат и треба да припаѓаат.ВМРО-ДПМНЕ предвидува финансиска независност за целокупното Јавно обвинителство и тоа од 0,8 до 1 процент од државниот буџет, кој што се гласа секоја година, да се одвојува за потребите на државното јавно обвинителство.ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се сложи со предлог закон на СДСМ кој има две единствени цели и е правен со две неискрени намери од страна на Заев и на власта. Првата е пресметка со политички неистомисленици во случајот како што гледате изминатите години со ВМРО-ДПМНЕ односно со опозицијата, и втората заштита на криминалот на сегашната врхушка на власт односно сегашното раководство, кога ќе се сменат политичките прилики, а тоа ќе биде многу скоро во нашата држава.Намерите на СДСМ и Зоран Заев се се но само не се искрени. Тие само сакаат да се амнестираат и да се заштитат по падот на власта на СДСМ.Македонија мора да се рестартира и да тргне напред. И тоа уште веднаш, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

tepacka2

Две лица нападнале 34 годишен маж во угоистителски објект

На 26.07.2019 околу 23,05 часот В.П (34) пријавил дека во угостителски објект во Скопје  бил физички нападнат од две лица кои ги познавал од претходно. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Скопјанец тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 26.07.2019 во 15.10 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Ѓорѓе Андреевиќ Кун“ и ул.„Горно Лисиче“ во сообраќајна незгода бил повреден И. Д. (76)  од Скопје, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплекс клиники Мајка Тереза, каде му била укажана лекарска помош. За настанот известен  е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

prevrten

(ФОТО) Превртен автомобил BMW X5 на скопската обиколница

Автомобил марка BMW X5,стои превртен на скопска обиколница, во близина на клучката Стајковци, од правецот Тетово кон Велес на  патот што води кон Смилковското езеро.Неофицијално повредени се две лица. Увидот е во тек се чекаат детали од МВР.

Скопје | пред 6 години

zena

(ВИДЕО) Девојката нападната од таксистот вели дека ја натепал поради банална причина - немал да и врати кусур

Немилиот настан кој се случи во средата, а се обелодени вчера сеуште ги полни социјалните мрежи со секакви коментари. Станува збор за инцидентот кој јавноста го виде преку видео снимано со мобилен телефон во близина на поранешниот скопски саем, кај хотелот Континентал, па објавено на социјалните мрежи. На видеото се гледа дека таксист тапа девојка во Скопје.На почетокот на видеото изгледа како жената да сака да направи штета на автомобилот, а потоа насилникот доаѓа и жестоко ја турка, по што таа полугола паѓа на тротоар.Коментари има различни, од оние кои бараат на таксистот да му се одземе лиценцата, потоа оние кои претпоставуваат која била причината, до трети кои вината ја пронајдоја во девојката.Но, како и да е и која да е причината, онакво однесување никако не е прифатливо.Канал 5 успеја да ја пронајде девојката инволвирана во настанот. Станува збор за 30- годишната Добрила Стефановска која за Канал 5 ја објаснува причината за инцидентот.Стефановска за Канал 5 раскажа дека била натепана од таксистот за банална причина, односно тој немал да и врати кусур.Сторијата ја има Канал 5 

Скопје | пред 6 години

17072019_PVRM_Zaev_pres-konferencija_1

СДСМ повторно се фали со покачени плати, овој пат во градинките

„Владата предводена од СДСМ и Министерството за труд и социјална политика продолжуваат со реализација на мерките што се во интерес на граѓаните и даваат реални резултати.Со исплатата на јунската плата, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 отсто што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен.Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени над 3.100 вработени, односно воспитувачи, негователи, стручни работници и стручни соработници-педагог, психолог, логопед, дефектолог и други за вршење на работи поврзани со дејноста згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст“, соопштуваат од СДСМ.„Истовремено се зголемуваат и платите на помошно техничкиот персонал во градинките, покачување што е усогласно со Колективниот договор.Со планираното покачување од 5 отсто во септември годинава вработените во детската заштита ќе добијат уште едно зголемување со што вкупното покачување на платите ќе биде 21 отсто што е најголемо до сега.Во изминатите две години отворени се 24 нови градинки, а досега се обезбедени 1.400 согласности за вработувања во градинките.Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство продолжуваат да вложуваат во подобрување на условите за работа во детската заштита и да спроведуваат мерки за унапредување на раниот детски развој којшто е клучен за понатамошниот развој на секое дете“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

vlada-amandmani-2

Нов раст на платите за над 3.000 денари за социјалните работници, најавува СДСМ

„Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на реформите со кои се унапредува социјалната заштита и условите за работа на стручниот кадар.Покрај растот на платите на вработените во градинките за 16 отсто, односно за над 3.000 денари, растат и платите на социјалните работници и останатите даватели на услуги во секторот социјална заштита.Почнувајќи од јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во пресек по вработен.Со ова зголемување, самостоен стручен работник зема за 4.316 денари повисока плата, односно нето платата расте од  23.196 на 27.512 денари.Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени, односно 76,5 отсто..Покрај  ова зголемување на платите, следува уште едно во месец Септември во висина од 5 отсто, со што вработените во секторот социјална заштита оваа година ќе имаат за 27 отсто повисоки плати.Владата предводена од СДСМ и ресорното министерство остануваат посветени на унапредување на социјалната заштита и враќање на достоинството на професијата социјален работник“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања