Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

mickoski

Мицкоски до Рикер: Ќе имам можност да ви образложам кој игра политички игри и детално да го образложам тоа

По денешната изјава на помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер, преку која и порача на опозицијата да престане со играње политички игри, во на ист начин му врати и лидерот на опозицита Христијан Мицкоски. Тој кажа дека на средбата која треб ада се оствари попладне ќе му објаснел кој е тој кој игра политички игри.-Ќе имам можност за неколку часа од сега да му кажам на господинот Рикер кој игра политички игри и детално да го образложам тоа. А господинот Рикер, како искусен дипломат, слушајќи ги двете страни се надевам ќе донесе правилна одлука – рече Мицкоски на денешната прес конференција.

Македонија | пред 6 години

DSC0889

(ВИДЕО) Мицкоски пред Рикер ја изрази својата загриженост поради лошата економска и политичка состојба на земјава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски оствари средба со вршителот на должност, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија г. Филип Т. Рикер.На средбата се разговараше за потенцијалот за развој на меѓусебните односи, актуелната политичка состојба и реформските процеси важни за државата.Соговорниците ја истакнаа важноста за развој на македонско американското стратешко пријателство и поддршка на процесите важни за Република Македонија.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги објасни деталите и аспектите на предлог законот за организирање на обвинителството кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ и важноста за бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот од секаков тип.Мицкоски на средбата ја изрази својата загриженост поради лошата економска и политичка состојба и ја нагласи потребата за засилени реформи во процесот на исполнување на стратешките приоритети на Република Македонија.Претседателот Христијан Мицкоски ја потврди заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка соработка и развој на македонско американските односи. 

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Средбите на Мицкоски и Заев со Филип Рикер се тажен ден, извршено е предавство

Средбите на Зоран Заев и Христијан Мицкоски со Филип Рикер се тажен ден за Македонија, извршено е предавство врз суверенитетот на државата со признанието на лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека Рикер ги носи одлуките за Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македнија.Марионетската власт на Зоран Заев веќе и не крие дека е инсталирана и купена од странски центар која работи на бришење на се што е македонско.Но, сега дојде потврдата и за Христијан Мицкоски кој пред средбата со Рикер на прес конференција рече: „Ќе имам можност за неколку часа од сега да му кажам на господинот Рикер кој игра политички игри и детално да го образложам тоа. А господинот Рикер, како искусен дипломат слушајќи ги двете страни се надевам ќе донесе правилна одлука„ со што Мицкоски несвесно призна дека Рикер ги носи одлуките за Македонија.Единствена Македонија ги прашува Заев и Мицкоски, дали се слушате што правите и зборувате. Заев е премиер а Мицкоски претендира да стане премиер. Знаете, или би требало да знаете дека премиерите се државна власт која ги носи одлуките за Македонија, а не дипломати како Рикер.Единствена Македонија не дава празни ветувања. Ние нема да се предадеме, за новата народна власт која доаѓа времето на марионети во Македонија станува минато. Како што му порачавме на американскиот министер за одбрана Џејм Матис дека ќе ги победиме за референудмот кога дојде во Скопје да му помага на Заев за референдумот од наводно руско мешање, така ич око нема ни трепне на дипломати како Рикер да им кажеме дека не смеат да се доближат до државните институции и може само да кружат околу во радиус од најмалку 500 метри, се вели во соопштението од Единствена Македнија.

Македонија | пред 6 години

arsovski-za-katica

За ВМРО-ДПМНЕ прифатлив е законот за СЈО, тие не се согласуваат со предлогот на Заев Русковска да биде нов обвинител

Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски одовараше на новинарски прашања. Во продолжение прашањата и одговорите на Арсовски: Прашање: Кои се тие бизнисмени чии возила завршиле кај роднините на премиерот и Која е оценката на ВМРО-ДПМНЕ за предложениот закон за ЈО?Димче Арсовски : Во однос на првото прашање, медиумите веќе пишуват кои се тие бизнисмени, но јас би ве упатил да се обратите до Јавното обвинителство па да се одважи конечно ЈО и да ги изнесе со име и презиме сите оние кои што да речам на еден начин се офајдиле од целиот рекет од бизнимените кои биле оценувани и морале да го платат. За волја на вистината биле рекетирани директно од дружината на Зоран Заев.Во однос на второто прашање за законот, практично Зоран Заев потврди уште еднаш дека сето она што го зборевме година, две откако е направено СЈО, дека е полно со криминал и корупција и дека не може да одговори на висина на задачата за која што е направено. Практично сега со угаснувањето на СЈО Зоран Заев го потврдува криминалот кој што го правеле и ги потврдува сите оние намери кои што ги имало СЈО да уценува и да биде од политички интерес на СДСМ и на Зоран Заев. Со спојувањето на СЈО во ЈО, односно со припојувањето, на некој начин со влегувањето тоа е практично прифатливо и тоа е една од да речам оние можности кои што беа понудени. Во однос на деталите на законот веднаш што биде анализиран ќе излеземе со конкретни забелешки, бидејќи треба време за целиот закон да видиме колку е поразличен од оној ние што го подготвувавме, колку е поразличен од точките кои беа разговарани на средбите на преговарачките тимови итн. А во однос на предлогот на нов практично Јавен обвинител како што го нарече Специјален јавен обвинител, Вилма Русковска, Зоран Заев ушт еднаш ја потврди спрегата помеѓу СДСМ, него и Русковска обвнителството, односно ушт еднаш потврди дека неговиот предлог за нов обвинител, наместо Катица Јанева е негов личен избор, односно човек кој што целиот изминат период работел за интересите на СДСМ и на оваа влада, и практично беше дел од таа селективна правда која што ја нарачуваше Зоран Заев од канцелариите на владата, а Русковска обвинителството и Кацарска судството ја исполнуваа на дело односно сите оние кои што беа против Зоран Заев, кои што ќе се обидеа да кренат глава против Зоран Заев,Русковска и Кацарска ги обвинуваа и ги судеа. Така да тоа е една лична желба на Зоран Заев која што за нас е далеку од прифатлива.Прашање: Ако Русковска за вас не е прифатлива, кој е прифатлив?Димче Арсовски: Рано е да се разговара за тоа, затоа што додека ги изнесеме забелешките од предлог законот кој што испрати владата до Собранието и до политичките партии, до тогаш може повторно да потенцирам дека ние остануваме фокусирани на две работи, едната е да работиме на нашиот предлог закон, односно документот кој што веќе изјавивме јасно дека ќе го поднесеме до Собранието. А втората работа е дека настојуваме за разговор за датум за предвремени парламентарни избори бидејќи сега се повеќе потребни од било кога претходно.Прашање: Дали ова значи дека остануваа две верзии една што ја предложи вчера премиерот и една која вие ќе ја предложите до Собранието и ќе ја објавите и пред пратениците ќе се најдат две верзии ?Димче Арсовски: Нас ни е и повеќе од важно да течат реформите во Република Македонија за кои што Зоран Заев одамна покажа дека не е подготвен да ги спроведе, односно не е подготвен да работи на нив. Веќе месеци наназад тимови од ВМРО-ДПМНЕ и тимови од Министерството за правда работат заеднички со дијаметрални ставови на изработка на Законот за ЈО. До моментот додека не излеземе со конечна анализа односно забелешки негативни, позитивни страни на нивниот закон, ние остануваме фокусирани на изработка односно дофиниширање на нашиот. Во моментот кога ќе излеземе со забелешките и негативностите, бидејќи само што почна да се анализира, ќе видиме колку е спротивен, колку е различен,а колку е ист тој закон кој што го има предложено Зоран Заев со нашите ставови, за веднаш  потоа да излеземе да понудиме не конечно решение, меѓутоа прилично опфатлив за сите политiчки партии, а се со цел за директен бенефит на граѓаните и неселективна правда да има во Република Македонија.Прашање:Вчера имавте средба со лидерот на БЕСА Касами. Во кој насока е средбата? Дали можеби се договара некаква предизборна соработка или станува збор за редовни средби и дали такви средби имате со останатите партии?Димче Арсовски :Видете лидерот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски веќе самиот наназад изјави дека како лидер на најголемата политичка партија во опозиција, има средби буквално со сите важни  политички чинители вклучително и од албанскиот блок. Да не ве чуди доколку лидерот Мицкоски се сретне и со лидерите на другите албански партии се со цел за обединување, за  конечно обединување да се порази ова зло кое што во моментот и се случува на Република Македонија. Така да сите оние кои што ги делат нашите ставови во однос на не само критики, туку и реални проблеми кон оваа влада можат комотно да седнат со нас, да разговараат, да ни се приклучат и заедно ја поразиме оваа влада на Зоран Заев и овој октопод на СДСМ, кој што како што гледаме секојдневно рекетира, тепа граѓани, како нивните градоначалници, шверцува, нарачува полче. Така да таа е една од редовните средби, меѓутоа да не ве зачуди доколку и во наредниот период се случат и други такви средби.Прашање:Какви сигнали доаѓаат, има ли простор за соработка, гледате ли простор за некакво заедничко делување?Димче Арсовски : Како што реков тоа се сега само средби на кои што се разговараат реалните проблеми. Како што знаете сите политички партии во опозиција, освен власта која што во моментот дивее низ Република Македонија ги имаат истите проблеми како нас, ги делат истите проблеми и сите имаме една заедничка цел а тоа е да се порази оваа влада на СДСМ и конечно да дојде нова влада предводена од подготвени и кадарни луѓе кои што ќе ја понесат Република Македонија напред во реформите и ќе можат конечно да ја доближат кон Европското семејство. Во однос на сигналите би можел само да кажам дека сите оние кои што имаат исти размислувања против власта заедно со нас, се тука заедно со нас да седнат на маса и да разговараат на сите отворени опции, дали е за понатамошна соработка, дали е за заеднички размислување итн, ние сме подготвени и ние сме тука.Прашање:Бидејќи се откажа лидерската средба а една од темите беше Пописот, кој е сега вашиот став за пописот дали ќе се одржи?Димче Арсовски : Очекувам најпрвин да бидат прифатени нашите забелешки кои што се во согласност со ЕУРОСТАТ. Тоа е меѓународна организација која што е задолжен за бројките. Во однос на пописот како што беше предложено во април или наредната пролет мај 2020 година очекувам дека тој период, тие месеци би имало предвремени парламентарни избори така да пописот реално би требало да се одвива на почетокот на една декада тоа е дури 2021 година, како што реков согласно препораките на ЕУРОСТАТ. Никакви политички пазари кои што ги правел Зоран Заев во минатото за да дојде на власт, нема да можат да го попречат нормалното функционирање и нормалното регулирање на пописот во државата. Така да останува во 2020 година на пролет да очекуваме предвремени парламентарни избори, Заев да се охрабри а во однос на пописот да се откаже од таа луда намера која што му била можеби и пред изборите коалиција или договор и конечно во 2012 година да го реализира според европските начела.Прашање: Дали сметате дека треба да прекинат сите отворени  случаеви на СЈО?Димче Арсовски: Видете едно е јасно дека во моментот со потврдата на Зоран Заев дека Катица Јанева, односно дека СЈО треба да се затвори потврдува дека до сега, до моментот СЈО работело на принцип на рекет на уцени и не се водени истрагите како што треба. Во однос на сите други ставови дали треба, како треба и што треба ќе излеземе кога ќе се анализира целиот закон тоа би било наредните денови и тогаш ќе можеме да одговориме на сите подетални прашања. Инаку како што рековме претходно така и сега за нас е важно да има неселективна правда и нормално секој кој што се огрешил пред законот да одговара, а оној кој што не се огрешил да не биде предмет на политички притисоци, политички уцени само заради тоа што не размислува како Зоран Заев или само затоа што не го платил рекетот кај Катица Јанева.   Ви благодарам

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Никој не може да ја убеди јавноста дека човек како Заев, три пати аболициран за тежок криминал не е вмешан во случајот Рекет

Република Македонија е жртва на криминалниот октопод на чие чело е аболицираниот Зоран Заев. Македонската граѓани се жртва на СДСМ кој своите криминални пипци ги рашири во секоја пора од општествениот живот.Никој не може да ја убеди јавноста дека човек како Зоран Заев кој е веќе три пати аболициран за тежок криминал не е вмешан во случајот Рекет. Јавноста не верува дека Зоран Заев не е главата на криминалниот октопод на СДСМ. Одговори мора да има кои високи државни и партиски функционери на СДСМ се вмешани во скандалот со изнудата и рекетот на политичари, бизнисмени и граѓани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Одговор мора да има зошто ниту еден обвинител не е осомничен во овој случај и покрај признанието на Вилма Рускоска дека на доказите кои обвинителството ги поседува се слуша гласот на уште едно лице, обвинител?Дали овој обвинител е Катица Јанева, за која се шпекулира дека веќе ја има напуштено државата? Зошто доколку се работи за Јанева таа не е осомничена и не се наоѓа во притвор?Одговор од обвинителството мора да има и за тоа дали некои други луѓе од власта се вмешани во аферата рекет и доколку има за кои лица станува збор.Обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта и да постапува во согласност законите. Правдата мора да важи подеднакво за сите, вклучувајќи ги и високите државни и партиски функционери од СДСМ. Доколку обвинителството не е на ниво на задачата и не се одважи да донесе правда во Македонија, правдата ќе се врати кога Зоран Заев ќе си замине. Кога правдата во Македонија ќе се врати ќе одговараат сите оние кои го прекршиле законот и оние кои биле должни да го гонат криминалот, а наместо тоа се ставиле во заштита на истиот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

dimce-arsovski-katica-janeva

ВМРО-ДПМНЕ крои нов закон за обвинителство: Постоечкиот е закон предложен од Заев кој е најкриминалното суштество

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вели дека неговата партија спремила нов предлог-закон за обвинителство.„Тој предлог закон е во финална фаза, односно се финишира. Од поодамна е започнат да се прави од страна на нашите правни тела во партијата, меѓутоа во моментот кога ќе завршиме со анализа на законот кој што е предложен од страна на Зоран Заев тогаш ќе излеземе веднаш со нашиот предлог закон односно со целиот концепт како ние е направен и сложен“, вели Арсовски.Предлог-законот кој Владата го достави до Собранието е во фаза на анализа од страна на опозицијата.„Ова е закон предложен од Зоран Заев а знаеме дека Зоран Заев моментално е најкриминалното суштество кое што се обидува да се спаси. Така да треба да се прочита со внимание за да се видат сите скриени намери кои што веќе добро ни се познати на сите, односно да се заштити самиот. Така да во текот на наредните денови ќе излеземе со конечен став во однос на законот“, додава Арсовски.ВМРО-ДПМНЕ се уште нема нивни предлог за шеф на новото обвинителство кое ќе гони криминал и висока корупција.„Најпрвин во законот треба да се дефинираат сите оние постулати и принципи кои што ги предложивме до СДСМ а тоа се принципи и постулати на кои што почива меѓународното право однос европското право, веќе се етаблирани и концепциски направени и веднаш потоа ќе стане збор и за предлог јавен обвинител, меѓутоа предлог јавен обвинител кој што нема да биде во блиска корелација со Зоран Заев. Предлог обвинител кој што ќе може на вистински начин да ја донесе правдата во Република Македонија а не да гледаме како сега да биде предмет кој што ќе уценува и ќе биде продолжена рака на Зоран Заев и СДСМ“, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

ruskovska-skopje1

ВМРО-ДПМНЕ не бараше прекин на мандатот на Русковска, велат од СДСМ

Зад наводното неприфаќање обвинителката Рускоска да продолжи да го води Јавното обвинителство се крие само уште едно алиби на ВМРО-ДПМНЕ за неприфаќање на новиот предлог закон.Единствената цел на Христијан Мицкоски е да го брани криминалот на Никола Груевски.„Во амандманите што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше дадено на претходниот текст на Законот за јавно обвинителство во работните групи предлагаа спојување на СЈО во ОЈО.Во ниту еден амандман не се бараше прекин на мандатот на обвинителката Рускоска, односно, како што е и со сегашниот предлог, да продолжи да ја врши функцијата.Тоа што не им сметало сега одеднаш им смета, со што се потврдува дека само бараат алиби за неприфаќање на законското решение.Јавноста знае дека обивнителите ги бира Советот на јавни обвинители. Предлог законот предвидува спојување и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката којашто веќе ја извршува оваа функција.Јасно е, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат криминалот, а СДСМ бескомпромисно се бори против криминалот и корупцијата.Христијан Мицкоски побегна од лидерска средба но од правдата нема бегање.Секој што го прекршил законот ќе се соочи со правдата“, пишува во соопштението испратено од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

boki-13

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Русковска се обидуваат да ја измамат јавноста дека Боки 13 бил најмоќниот човек во државата

Една недела по обелоденувањето на вториот октопод на СДСМ, Зоран Заев и Вилма Русковска се обидуваат да ја измамат јавноста дека Боки 13 бил најмоќниот човек во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ„Заев и Русковска ги потценуваат граѓаните убедувајќи дека Боки 13-ка сам на своја рака, без никаква поддршка од власта и моќниците изнудувал милиони евра од бизнисмени. Односот на СДСМ кон граѓаните и медиумите е срамен и понижувачкиНиту еден граѓанин на Република Македонија не верува дека човекот кој во својата политичка кариера три пати беше амнестиран за тежок криминал не бил вклучен во најголемата криминална афера во поновата македонска историја.Зоран Заев е главата на криминалниот октопод на СДСМ, тој е човекот кој го собра кај себе целото криминално подземје и подари држава на мафијата, нашата држава Република Македонија.Зоран Заев како и во сите претходни случаи на милионски криминал, стои зад аферата „Рекет“. Негова десна рака е обвинителката Катица Јанева која за него досега го спроведуваше политичкиот прогон во Република Македонија, а потоа благодарение на бомбите на Заев рекетираше македонски политичари, бизнисмени граѓани.Кики и Фрики, Боки 13 и Зоки Кичеец се само пипците на овој криминал на столетието, пипците на октоподот каде главата е Заев.За да се стави крај на безвластието во Македонија Зоран Заев мора да си замине. За да се врати правдата и да одговорат сите оние кои се огрешиле пред законот, Заев мора да замине во политичка пензија“, се вели во соопштението.

пред 6 години

zaev-mickoski

Заев е криминален октопод, а СДСМ промовира криминал, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако од СДСМ обвинија дека нема никаква промена во ВМРО-ДПМНЕ, а Христијан Мицкоски и раководството на опозициската партија по секоја цена се обидуваат да ја попречат правдата, реагираа од опозицијата.„Граѓаните сe жртви на криминалното работење на СДСМ. Криминалниот октопод на СДСМ на чело со Заев со своите пипци навлезе во сите пори на општеството. СДСМ го промовира и штити криминалот. Обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта и да постапува во согласност законите и правото. Правдата мора да важи подеднакво за сите, вклучувајќи ги и високите државни и партиски функционери од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе воспостави неселективна правда и тогаш сите вклучувајќи го и Зоран Заев ќе одговараат пред правдата и законот“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

ВМРО-ДПМНЕ до Заев: Гледајте си рекетот, подобро се снаоѓате отколку со историјата

„Гледајте си рекетот. Повеќе се снаоѓате во криминалот отколку во историјата. Вам ви е местото со Боки, Кики, Фрики, Рашковски, Дудуш и останатите членови на октоподот што го формиравте. Вие сте срам за Македонија. Колку порано заминете, толку подобро и за државата и за народот.Залудно објаснувате колку бавно и тешко ги разбирате работите. Залудно се правдате и дообјаснувате. Тоа е ваш проблем и што побргу треба да престане да биде проблем на Македонија. Веќе не ви поминуваат извинувањата до небо или од дното на душата.Вие сте штетник и го пробивате дното секогаш кога граѓаните мислат дека не може да паднете подолу“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по фејсбук статусот на премиерот Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

PrtScr-capture_4

Заев перфектно го владее криминалот, местото му е заедно со Боки, Кики, Фрики, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Зоран Заев е срам за Македонија. Зоран Заев е штетник и крадец, а не македонскиот народ кој си ја знае, почитува и негува историјата. Да се обвини сопствениот народ дека присвојувал туѓа историја, а со пот и крв се изборил за своја држава и идентитет и покрај сите угнетувања, е одвратен чин на човек одроден од своите сограѓани и предци. Со секој изминат ден Зоран Заев нанесува се поголема штета на сопствениот народ и сопствената држава. Откако стана премиер, Заев во континуитет го гази достоинството и го навредува македонскиот народ. Само за да се додвори на неговите нови пријатели во Грција, Заев бесрамно ги нарече крадци Република Македонија и македонската нација. Очигледно Заев се води само од лични цели, па затоа веќе две години ги нарушува македонските црвени линии и го продава она што генерации го граделе и го создавале“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ„Секогаш кога македонските граѓани ќе помислат дека Заев не може подолу тој упорно го пробива дното. Откако го промени името на Република Македонија, ги продаде јазикот идентитетот, културата, традицијата и историјата, тој ги обвини граѓаните дека со години наназад им ја крадат историјата на соседите.  Заев кој е опкружен во криминал мисли дека сите се крадци како него па си зема слобода да ги навредува граѓаните и државата. Македонските граѓани се чесни луѓе и не се крадци како што ги нарекува Зоран Заев. Единствениот кој краде е токму Заев, кој заедно со неговиот криминален картел направија пустош во државата. Можеби историјата на Заев не му е најсилна страна но затоа криминалот му е нешто што перфектно го владее. На Заев му е местото заедно со Боки, Кики, Фрики, Рашковски и Дудуш. Целата јавност го виде како бара поткуп, а сега сме сведоци и на најголемата афера „Рекет“ каде Заев е главата на октоподот кој уценувал и земал пари од бизнисмени во Македонија. Зоран Заев заедно со неговата криминална дружина ја испокрадоа државата и им донесоа беда на македонските граѓани.  Време е Зоран Заев и СДСМ да си заминат и да се стави крај на агонијата, бедата и понижувањата кои ги нанесуваат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги кочи реформите во медиумите, сака да ги зачува своите партиски кадри во МРТ и АВМУ

Илија Димовски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обидуваат да ги блокираат реформите во медиумите. Димовски кој е претседател на Комисијата за избори и именувања, упорно одбива да закаже седница на која ќе започне јавна и транспаретна постапка за избор на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и членови на Програмскиот совет на МРТ, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Со тоа ВМРО-ДПМНЕ свесно веќе неколку месеци го кочи  изборот на членови на Советот на АВМУ и програмскиот совет на МРТ и свесно ги кочи медиумските реформи. Очигледно дека единствената цел за таквото однесување е зачувување на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ во АВМУ и МРТ кои доведоа до катастрофалната состојба со медиумите во која беше нашата држава.За потсетување, состојбата во МРТВ е единствена критика од Извештајот на Европската комисија, а потребата од реформи во јавниот сервис е нотирана и во извештајот на Репортери без граници.Од друга страна, директорот на АВМУ кој патем е и некогашен советник од ВМРО-ДПМНЕ јавно ширеше лажни вести кои официјално беа демантирани од страна на Министерството за внатрешни работи.Професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за реформата на медиумите и унапредување на демократските вредности во државатаОд таа причина,  Илија Димовски и ВМРО-ДПМНЕ мора да го почитуваат законот и постапката за избор на членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ и седницата да започне веднаш, да ја свика и да започне расправата.Напредокот што го постигна нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

mickoski-3

Заев врши гони новинари наместо криминал, ова е удар за слободата на говорот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Наместо да гонат криминал, институциите по налог на Зоран Заев, гонат медиуми и вршат притисоци врз новинари кои објавуваат сомненија за корупција на власта.Вчера во полиција беа повикани двајца новинари, а еден медиум заврши со емитување на програма затоа што Заев, негови функционери, СЈО и сопственикот на медиумот рекетирале милиони евра.За аболицираниот Заев не беше доволен политичкиот прогон кој го вршеше врз опозицијата, па удира и во медиумската сфера“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.„Криминалната банда на чело со Заев се обидува да ги замолчи и цензурира медиумите кои ги разоткриваат криминалите и корупцијата на власта. Акцискиот план на човекот кој е синоним за лаги и дезинформации, за борба против дезинформирањето не е ништо повеќе од класичен обид за цензурирање на медиумите во Република Македонија.Слободата на медиумите во Македонија е загрозена, слобода на говор нема, а со ваквото нецивилизирано однесување на власта се загрозува и европската иднина на државата.Случајот „Рекет“ е најголема потврда за уцените и заканите со кои се користи власта во пресметка со неистомислениците. Најголемите непријатели на лажгото Заев се оние кои ја говорат вистината за неговото владеење, новинарите.Откако новинарите Љупчо Златев и Горан Момировски и го обзнанија на јавноста мега скандалот со местениот тендер „Leonardo will win“, тие беа повикани на распит во МВР. Наместо обвинителството да го истражи овој случај, на мета на институциите се најдоа оние кои го обзнанија криминалот на власта.Лагите на Заев веќе не минуваат во јавноста па оттаму произлегува причината да се дискредитираат сите оние кои ја говорат вистината за неговото владеење преку обвинувања за лажните вести.Ваквите орвелови чекори на криминалната власт за општа цензура, само го забрзуваат нејзиниот пад. Во Македонија ќе дојде време кога граѓаните, новинарите, медиумите ќе можат слободно да се изразуваат, а тоа ќе се случи кога Зоран Заев ќе си замине од политичката сцена во Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Boki-13-Zoki-Kiceec

Кои се Кики и Фрики, зошто не е проширена истрагата за рекет?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Аболицираниот Заев ја укина правната држава, стави крај на правото и правдината во Република Македонија. Нашата држава е единствена во Европа во која во затворите има политички затвореници, додека вистинските криминалци ги тероризираат улиците ширум државата, а дел од нив се сместени на Илинденска бб.Институциите под контрола на Заев наместо да го гонат криминалот и сторителите, ги гонат оние кои известуваат за истиот и ги обелоденуваат на јавноста криминалните зделки на челниците од власта. Новинарите, слободата на изразување и вистината се најголемите непријатели на лажгото Зоран Заев.Поминаа речиси две недели, истрагата за случајот Рекет се уште не е проширена. Jaвноста се уште не знае кои се високите функционери од СДСМ, Кики и Фрики кои дел од злосторничкото здружување што рекетирало македонски политичари, бизнисмени и граѓани. Главата на криминалниот октопод се уште е на слобода.Катица Јанева веќе две недели има слободен простор да влијае на сведоците и доказите, поради нејзината службена положба.Русковска обвинителството не ни помислува да тргне по главата на криминалниот октопод. Не истражуваат бидејќи е јасно дека на врвот на оваа криминална банда е аболицираниот Заев.Вилма Русковска повторно го амнестира човекот кој веќе три пати е аболициран за тежок криминал, Зоран Заев. Русковска ја амнестира главата на криминалниот октопод одговорен за случајот Рекет, Зоран Заев.Со Зоран Заев како премиер во Република Македонија не може да има правда. Со Кацарска судството и Русковска обвинителството Македонија не може да биде правна држава. Правда ќе има кога оваа криминална банда ќе замине од политиката во Македонија, а тогаш ќе одговараат сите кои сториле криминал, како и оние кои требале истиот да го казнат, а го амнестирале“, пишува со соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

120190420_222432

ВМРО ДПМНЕ: ОЈО не поведува постапка против Драги Рашковски, иако има сомненија дека сторил милионски криминал

Правда во Македонија нема. Убиецот на Мартин Нешковски е на слобода, а луѓе лежат за обичен прекршок кога немаат пари да ја платат казната.Двајцата убијци од Арачиново се ослободени, за убиството на три деца, а на Зоран Заев му се заблагоруваат за ослободувањето. Власта не кажува кои се Кики и Фрики, а нема фирма која не е изрекетирана, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.ОЈО не поведува постапка против Драги Рашковски, иако има сомненија дека сторил милионски криминал, а новинари се викаат во станици и им се врши тортура. Обелоденет е најголемиот рекетарски скандал, бизнисмени јавно говорат, изнудувани се милиони во период од неколку месеци, а Катица Јанева во чие име е вршен рекетот се шета на слобода.Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој ја има запоседнато државата последниве три години. Зоран Заев е гаранцијата за неказнивост на сите криминалци и мафијаши кои ги мачат граѓаните. Зоран Заев мора да си замине. Граѓаните заслужуваат да живеат мирен живот.Потребни се итни предвремени парламентарни избори, и ЈО кое ќе биде финансиски независно и ќе може да биде непристрасно, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

gdu

ГДУ: Како ги вадат од ракав имињата за шеф на новото обвинителство, ова е циркус

Како ги вадат од ракав имињата за шеф на новото обвинителство, човек да не може да поверува. Едните ја предлагаат Рускоска, другите Панчевски, третите Фетаи, четвртите странец  да дојде да ни го оправи обвинителството, а премиерот згора на се, уште се шегува ако и се оставело можност на опозицијата да избере обвинител можела да го избере и Никола Груевски. Каков циркус. А сите забораваат или пак свесно игнорираат дека ниту еден политичар нема право да назначува и да предлага обвинители, туку дека тоа е работа на Советот на обвинителите, се вели во соопштението од ГДУ..ГДУ предупредува да се престане со ваквиот однос, со предлозите и изјавите кои не го решаваат проблемот, туку само доплнително го продлабочуваат. Ова што го гледаме и слушаме е класичен пазар. Сите партии имаат свои барања, а никој не ја слуша правната фела и јавноста. Новиот закон за обвинителство не може да го донесат само политичарите, без за тоа да бидат консултирани експертите, невладините. Притоа ваков закон не може да се донесе по скратена постапка. Ова е премногу сериозна работа.Интерграцијата на земјата зависи од тоа дали политичарите ќе успеат да ги тргнат рацете од обвинителството и наместо да го штитат криминалот, да ги остават обвинителите да си ја вршат својата работа.Бараме за законското решение да се слушне и мислењето на експертите и граѓанскиот сектор, во спротивно само ќе се докаже уште еднаш дека не постои вистинска волја за справување со криминалот и корупцијата, се вели во соопштението од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

guru

Исмет Гури за Алсат: Јас бев жртва на протестот

Алсат го контактираше Исмет Гури за да ја добие неговата верзија на денешниот инцидент што му претходеше на протестите на членовите на семејството на Ел Чека, инцидент за кого братот и мајката на Ел Чека обвинуваат дека Исмет Гури ги нападнал. Сепак, Гури вели дека жртвата во инцидентот денес е тој. Тој рече дека купувал цигари во близина кога некој го удрил од зад грб и го оставил во несвест. Потоа, како што вели Гури, полицијата интервенираше да го заштити него од толпата и потоа бил испратен во болница. 

Македонија | пред 6 години

samuil-fortress

Охридско Езеро: Загрозено светско наследство

Извор: doma.edu.mkНеконтролираното градење, узурпацијата на крајбрежјето, загадувањето со отпадни води и друг отпад, неодржливите туристички практики. Ова се некои од проблемите кои го загрозуваат Охридско Езеро - едно од најстарите и најразновидните езера во светот. Експертите предупредуваат дека ако се продолжи да се управува со езерото како досега, тоа што ние го имаме сега, со сигурност ќе го немаат нашите деца. Еко активистите, пак, посочуваат дека исклучиво Владата е одговорна и должна да го заштити Охридскиот регион, кој е прогласен од УНЕСКО за природно и културно светско наследство. 

Македонија | пред 6 години

brat-el-cela

Ел Чека му испрати закана на Али Ахмети : Ја допревте мојата внука, сега не очекувајте добро однесување

Ел Чека на Фејсбук напиша: „Допревте едно 3-годишно девојче, ја допревте мојата внука како што ми се заканивте, сега не очекувајте добро однесување, не очекувајте културни зборови, се гледаме о Али, се гледаме о Исмет, ќе се видиме и со вашите семејства“.

Македонија | пред 6 години

kosana-1

Експратеничка на ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за лекарска грешка поради која почина нејзиниот сопруг: Спиете ли мирно доктори?

Косана Мазнева , поранешна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ се присети на големата семејна несреќа која им се случи пред точно 10 години.  Таа сеуште бара одговорност за направената грешка. Во својот фејсбук статус ги наведува имињата на докторите кои ги посочува како виновни за трагедијата која и се случи на неа и нејзиното семјество.„На 26.07.2009 во 22:15 згасна животот на мојот сопруг Благојче Мазнев, татко на моите две ќерки Ана и Михаела. Денес е 26.07.2019, 22:15. И после точно 10 години од неговата смрт по кристално јасен случај на лекарска грешка, корумпираното здравство, во спрега со корумпираното тогашно и сегашно судство се уште молчи, „Спиете ли мирно др. Слободан Ристовски и др. Виктор Камиловски?Спиете ли мирно „часни“ суде?„Јас и моите деца НЕ! За Вас знам, Ве заболе за сите човечки судбини! Како мојот, така и сите останати случаи ќе бдеат над сите Вас, уште долги, долги годинии. Ова не се заборава. Почивај во мир Баже.“, напиша Мазнева на својот „Фејсбук“ профил.https://www.facebook.com/mazneva.kosana/posts/10214293401270925

Коментари | пред 6 години

babi-pazar-2

ФБ статус: Инспектори со полиција бркаат од пазарот стари жени и им пишува казна

Зелен Пазар, Скопје, стари жени си донеле набрани билки за чај си продаваат, друга во кофа донела сливи од двор, трета донела кошница со домашни јајца од село...И доаѓаат инспектори со полиција и ги бркаат од пазарот како стока да се, на едната од нив и ја тегнеа кофата со сливи за да и ја земат, на друга и бараа лична карта да и пишат казна...Да ве прашам вака јавно, дали овие жени од преку 70 години дојдоа на пазар на овие пекол температури, од мака? - Секако дека од мака дојдоа, затоа што да имаа достоинствен живот немаше тоа да го прават.Млад новопечен инспектор, со трето одделение што те вработиле од некој смрден партиски штаб, на стара жена и ги влечеш кофите и се дереш демек јак к...рац си некој?Дали мислите бе дека некој нормален ќе ве гласа веќе, вас и некој сличен на вас?!Македонија е земја искрадена до коска, узурпирана од криминалци, имате неразјаснети убиства, тежок организиран криминал, непотизам од болни размери, очаен животен стандард и бидејќи вие средивте све, ви остана уште бабите од Зелен пазар да ги тегнете.Едната од нив денес извади од престилката 80 денари и му ги даваше на инспекторот- земи, земи, му рече, за тебе се париве, од чајот ги земав, ама немам казна да платам... 

Коментари | пред 6 години

shh

Девојка си ја отвори душата на ФБ: Државен службеник што го замолив да не ме турка буквално ми ја затна ,,муцката” со раце

Социјалните мрежи се место каде граѓаните си ги пишуваат сите случи, правди и неправди кои им се случуваат. Една од нив раскажува млада девојка која објаснува за  претрес кој го извршила полиција на журка.„Државен службеник што го замолив да не ме турка буквално ми ја затна ,,муцката” со раце. Според него тоа беше соодветно за да не ме фрли по скалите како што заслужувам. Знаете што ќе смени ова, ништо. Ќе продолжиме да си живееме во земјава, кај што насилство иде по заслуга, особено кога не преќутуваш“, стои во објавата на социјалната мрежа фејсбук.https://www.facebook.com/sar3.mil3/posts/10217778818376561

Коментари | пред 6 години

DSC_5857

Калеска Ванчева: Платите растат, над 4.300 вработени во системот на детска и социјална заштита добиваат повисоки плати

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат унапредување на системот на социјална и детска заштита и обезбедуваме повисоки плати за стручниот кадар.Со јунската плата, стручниот кадар во градинките доби покачување од над 3.000 денари, со што над 3.100 лица кои се вработени во градинките добиваат повисоки плати, истакна Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ.Усогласено со Колективниот договор, повисоки плати добива и помошно техничкиот персонал во градинките. Истовремено, со јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во просек по вработен.Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени.Ова значи дека над 4.300 лица вработени во детските градинки и социјалната заштита добиваат значително повисоки месечни примања.  Веќе од септември следува уште едно зголемување на платите во висина од 5 отсто.Ова е јасен доказ за заложбата да го унапредиме системот на социјална заштита и доказ да обезбедиме достојни услови за работа на стручниот кадар. Како одговорна партија остануваме посветени на реализација на мерките што носат повисоки плати и обезбедуваат систем кој вистински се грижи за граѓаните, истакна Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

filipini

(ВИДЕО) Серија силни земјотреси на Филипини

Најмалку осум лица се загинаа, а многу се повредени по двата силни земјотреси кои утрово удрија во архипелагот Батанес на Филипините со јачина од 5,9 и 4,5 степени според Рихтеровата скала.Шефот на локалната канцеларија за вонредни ситуации Роланд Есдикул за американските медиуми изјави дека во потресите, кои го пробудиле локалното население, има урнати куќи, што биле изградени од камен и дрво.

Свет | пред 6 години

arizona

Пронајдени делови од човечки тела оставени во фрижидер, а на еден од машките трупови имало зашиено женска глава - рација на ФБИ

Делови од човечки тела, натрупани во фрижидер, биле откриени во рација на ФБИ во сојузната американска држава Аризона.Како што информираат американските медиуми, упадот бил извршен во поранешен центар за донација на органи. Во овој центар агентите пронашле фрижидер полн со пениси и машко тело, на кое била му сошиена глава од жена.Според судските документи, кои докажуваат дека во овој центар се случувале настрани работи, продажбата на човечки органи се одвивала од 2014 година, а на случајот работат 33 обвинители.Сопственикот на компанијата, Стивен Гор, ја призна вината за илегална работа во 2015 година кога беше откриено дека продавал заразено ткиво и користел делови од тело на начин на кој донорите не допуштаат.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања