Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

bogdan-ilievski-betmen-velit

Бетмен Велит за деновите поминати во затвор: Рекетот ќе се истражува, а во ќумезот добив браќа

„Знаете кога ми станаа браќа? Во Шутка. Во ќумезот. Претходно не ги ни познавав. На ден на притварање се запознавме. Во суд. Но... станавме браќа по судбина. Мојата и на дузина законски ослободена, нивната политички масакрирана. А не обвинуваа дека сите ние заедно! со "усогласени и координирани дејствија"! сме планирале "терористичко загрозување на уставниот поредок на Македонија"!!! Господ на помош.И се додека тие мои браќа по судбина се внатре, нема да се смирам. Бидејќи и тие се нечии татковци, браќа, сопрузи, деца. Не се луѓе најдени на улица со кои ќе си игра кој како сака. Без оглед што Југ ме закачаше дека сум комунист или што Оливер1 и Оливер2 тачно и да не ги знам повеќе од едно "Здраво. Лудо време е. Ќе го јадеме ни криви ни дужни". Младен го запознав откако го собрале од мекици за детето. Провороденче. Мите Пешов го запознав на шетња, комшија ми беше. Малолетното дете не смееше да му доаѓа во визита. Но беше цврст, стамен и тврд. Јане... Јане е епитом за Македонската судбина. И на дедо му му суделе удбаши, и нему. Горан ако е терорист, командант Вентиљи е Брејвик. Тоа е вистината, другари. Ништо друго што ќе чуете. Тоа се моите браќа по судбина, кои во моментов се во зандани за тероризам, затоа што некој така решил дека треба,а не затоа што тоа го сториле.Рекетот за измислениот тероризам на 27ми допрва ќе се истражува. Целта на сите им е јасна. Но, вистината нема да умре. Ќе излезе на виделина. Тачно и да треба животот да го посветам на тоа. А ако мене ме снема има 500 луѓе (отприлика) кои ќе продолжат каде сум застанал. Така што сосема сигурно можам да кажам дека "нема да умрам" додека не излезе вистината на виделина. А откако ќе излезе, паднатите за Македонија ќе живеат вечно. Подолго, мноооогу подолго од квислинзите кои силувале цели семејства за сопствен рачун.А вистината е... како шило. Еден ден ќе излезе на бело видело“, пишува предводникот на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит.

Коментари | пред 6 години

janeva-3

Катица Јанева побара да се избрише се од сите компјутери во СЈО

КАтица Јанева побарала од вработените во ИТ-секторот да спроведат т.н. „форензичко бришење“ на компјутерите во Специјалното јавно обвинителство, дознава „360 Степени“ од извори во СЈО.Барањето за бришење на компјутерите се случува во период во кој ОЈО за гонење организиран криминал и корупција води истрага во случајот „Рекет“Целата сторија прочитајте ја на 360степени.мк

Македонија | пред 6 години

boki-13-1-800x565

Боки 13 земал 750 илјади евра од битолски бизнисмен, по тоа се отворил случајот “Рекет”

Првата сомнителна трансакција поврзана со рекетот се случила есента 2017-та година, потврдуваат за Телма од повеќе институции задолжени за откривање на криминал.Според  телевизијата, трансакцијата не била сомнителна само поради висината на префрлената сума од 750 илјади евра, туку сомнеж предизвикале и учесниците во трансакцијата, позната градежна фирма чиј сопственик е од Битола уплатил 750 илјади евра на сметка на повозрасна жена која живеела во центарот на Скопје. Жената била дел од структурите на Меѓунаордниот сојуз, хуманитарната организација основана само неколку месеци претходно од Бојан Јовановски-Боки 13.Повеќе ќе прочитате ТУКА

Македонија | пред 6 години

race

(ФОТО) Дан Ориан ве поздрави од Охрид

Нерезидентниот амбасадор на Државата Израел денес со акробација од Охрид. Амбасадорот Ориан е познат по неговите несекојдневни фотографии кои ги прави во градовите каде престојува, а оваа предмалку ја испрати од Охрид.

Македонија | пред 6 години

sjo

За новиот статус на старото СЈО пратениците ќе расправаат по одморите

За новиот статус на старото СЈО пратениците ќе расправаат по одморите. Собранискиот спикер го стави владиниот предлог на седница на 27-ми август, објави Телма. Со тоа им дава шанса да постигнат политички консензус, кој засега е закочен во партиските препирки. ВМРО-ДПМНЕ одбиваат да разговараат за законот на владата, а својот што го презентираа вчера, се уште на го доставиле до пратениците. СДСМ, пак, не сакаат да разговараат за закон што не е доставен по собраниска процедура.Текстот во целост на: Телма 

Македонија | пред 6 години

ilinden-2

„Сите сме деца на Илинден“ е мотото кое што ги обединува чествувањата на Денот на Републиката – 2 Август

На предлог на Организациониот одбор, Владата на Република Северна Македонија на својата редовна 146-та седница ја утврди Програмата за одбележување на Денот на Републиката - 2 Август Илинден, за која е задолжена Владата на РСМ, и која, во координација со Собранието на Република Северна Македонија и со Претседателот на Република Северна Македонија, предвидува голем број свечености, чествувања и обраќања.Слоганот под кој се обединети сите чествувања, е „Сите сме деца на Илинден“ како концепт кој ги опишува заедничките вредности кои сите ги славиме, празнуваме, кои не обединуваат и поврзуваат, не прават горди и сплотени граѓани на нашата заедничка држава.Свеченостите по повод Денот на Републиката започнуваат со активностите на Претседателот на Република Северна Македонија, кој заедно со делегациите ќе положи свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев и ќе се поклонат пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто.Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, заедно со Сојузот на борците ќе положи цвеќе на Алејата на славните, по што ќе следува прием за гостите и за делегацијата на борците во претседателската вила на Водно, каде што Претседателот на Република Северна Македонија и претставник на Сојузот на борците ќе имаат и свои обраќања по повод празникот.Одбележувањето на празникот истиот ден се чествува и во Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце. На свеченоста по повод Денот на Републиката – 2 Август, и по повод 75 годишнината од првото заседание на АСНОМ ќе говори претседателот на Собранието на Република Северна  Македонија, Талат Џафери, по што следува културно-уметничка програма.Централната свеченост по повод државниот празник Ден на Републиката – 2 Август во Крушево ќе се одржи на Мечкин Камен, каде после положувањето свежо цвеќе на споменикот на Мечкин Камен, следува обраќање на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев. По обраќањето е предвидена и свечена културно-уметничка програма.Како дел од Програмата за одбележување на Денот на Републиката – 2 Август, се и активностите во Смилево, со кои ќе се одбележат 116 години Илинден и 77 години од првата борбена акција на Битолско – Преспанскиот Партизански Одред „Даме Груев“.  Свечената програма предвидува положување на свежо цвеќе на спомен обележјата, по што следи посета на меморијалниот музеј Смилево. 

Македонија | пред 6 години

mars-ilinden

Годинава три девојки на традиционалниот Илинденски марш

Вечерва од општина Аеродром тргнува традиционалниот Илинденски марш.Коњаничкит марш на втори август ќе пристигне во Крушево на прославата на најголемиот македонски национален празник Илинден.Дваесет коњаници се избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш што оваа година ќе се одржи по 41-ви пат, под покровителство и финансиска поддршка од општина Аеродром и Град Скопје, а годинава меѓу нив три девојки.Драгана Каловска трета година по ред учествува, Елена Мишева втора година, а за прв пат нив ќе им се приклучи и 17 годишната Марија Стамболиска. Пред да тргнат на пат, тие имаа подготовки, објави  Фактор.Инаку, организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.  

Македонија | пред 6 години

soraja-vucelic-3

(ВИДЕО) Ламборџинито од Сораја заврши в базен - и се лизнала штиклата

Српската манекенка и старлета Сораја Вучелиќ имаше незгода со скапото Ламборџини. Старлетата не можела да закочи па со скапото Ламборџини завршило на дното на базенот.,,Кога ќе ти се лизне штиклата од кочницата , па лимбо завршува во базен. “ , напиша Сораја на Инстаграм по незгодата што се случила во Кан.https://www.instagram.com/p/B0USURZCBkP/

Магазин | пред 6 години

ohrid-carsija-lugje-leto-guzva2

Превентивна кампања на СВР Охрид: ,,Лето без пожари“

Секторот за внатрешни работи Охрид, преку отсекот за превенција, а во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување и Територијалната противпожарна единица Охрид,  денеска и утре ќе ја реализираат превентивната кампања ,,Лето без пожари“. За таа цел, вечерва (27.07.2019) од 19 часот, на градското пристаниште ќе биде изведена показна вежба и демонстрација на опремата со која располага ППЕ и ДЗС, а на поставените штандови ќе се делат флаери, брошури и друг едукативен материјал за превенција од пожари на отворен простор. Кампањата ќе продолжи утре од 09 до 11 часот на плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.

Македонија | пред 6 години

skrebatno-1

(ФОТО) Во излетничкото место во село Скребатно, денеска се одржа манифестацијата „Охридска софра“

Во излетничкото место  во село Скребатно, денеска се одржа традиционалната манифестација „Охридска софра“ што ја организира општина Охрид. Целта  на настанот е  збогатување на туристичката понуда преку промција на специјалитети од традиционалната македонска кујна со акцент на ѓомлезето.Од раните утрински часови 10-те  домаќинки кои учествуваа во натпреварувачкиот дел  ја започнаа подготовката на ѓомлезето.   Тричлената комисија за најдобро го прогласи ѓомлезето на Кристина Богданоска, втората награда ја понесе Лиле Кароска, а трето наградена беше Добринка Џуклеска.Пред бројните посетители на манифестацијата се обрати градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски.– Во ова  место  со божји  спокој  каде природата може да се доживее со сета своја раскош,идеален декор се содржините на  манифестацијата  „Охридска софра “. Седма година по ред преку ова туристичко – промотивно случување   ја презентираме  нашата традиционална кујна со   вкусните  специјалитети приготвени од вредните раце на нашите домаќинки. Убавините на природата на умешен начин поврзани со вкусот на  традиционалните рецепти се  уникатен туристички производ кој  од година во година станува се  попривлечен  како за домашните така и за странските посетители и гости. Креирајќи ја туристичката  стратегија  со вакви случувања битно допринесуваме во развојот на руралниот како битен дел  од алтернативниот туризам. Денеска посебна благодарност упатувам до домаќинките и останатите учесници во натпреварувачкиот дел кои од рано утрово   го приготвуваат еден од највкусните  специјалитети на македонската кујна – ѓомлезето. Приготвени со   труд и  многу љубов  сите ѓомлезиња –  се  подеднакво вкусни на свој начин, затоа нека победи најсреќниот. Убавата  разгледница од Скребатно денеска е пошарена благодарение и на останатите чинители, екипата на телевизиската емисија „Вкусот на традицијата“, врвни готвачи од “Гастромак“,  производители на здрава храна и многу други  драги луѓе.На сите вас ви посакувам да уживате во остатокот од денот, да понесете  со себе дел од овдешната чудесна енергија и   да  „украдете“ дел од   природните убавини кои секогаш ќе ве враќаат во Скребатно.  Ние како одговорна локална  власт  во иднина ќе  ги надградуваме  постоечките и ќе креираме нови  попримамливи туристички понуди за “колекционерите на земји“ кои секогаш сакаат    да имаат печат плус во нивниот пасош –рече градоначалникот Георгиевски.Во текот на неколкучасовната програма,  готвачите од Гастромак  имаа специјално “Cooking Show”, а беше снимена и телевизиската емисија „Вкусот на традицијата“ со Адријана Алачки. Пријатната  атмосфера беше надополнета со настапот на   дуетот Селимова – Желчески и Ансамбл „Билјана“.

Македонија | пред 6 години

most

„Илинденска“ да се преименува во Петро Порошенко, а Мостот „Гоце Делчев“ во мост Бојко Борисов

Од денес преку анкета граѓаните ќе можат да предложат нови имиња за улиците, булеварите, мостовите и плоштадите, рекол градоначалникот Петре Шилегов на одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, пренесува САКАМДАКАЖАМ.По оваа информација граѓаните почнаа да даваат предлози. Најдобрите секако се на социјлните мрежи. Еве што предлагаат:https://twitter.com/2Lapev/status/1155049231511687168?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1155049231511687168&ref_url=http%3A%2F%2Fskopjeinfo.mk%2Filindenska-da-se-preimenuva-vo-petro-poroshenko

Скопје | пред 6 години

Screenshot_1-1

Костадинов: Срамни се лагите на Милошоски, не е достоен за функцијата пратеник

Антонио Милошоски симболот на лажните вести вчера уште еднаш ја посрамоти државата, Собранието, институциите и граѓаните. Милошоски ја злоупотреби собраниската говорница и пратеничките прашања, за бесрамно да шири лажни вести што и официјално беа демантирани, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.Почесниот Конзулат на Белорусија во Република Северна Македонија официјално ја демантираше лажната вест на Милошоски дека наводно бизнисмен од Битола бил рекетиран и барал помош во Амбасадата на Република Белорусија во Белград, Република Србија.За таквата бесрамна лага на Милошоски, во официјалното известување од Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија, јасно е наведено цитирам:  „Се што беше искажано се едноставно лажни вести“.Ваквото однесување на Милошоски е неодговорно и недостојно на функцијата што ја извршува.Но ова не е првпат Антонио лажни вести Милошоски да ја лаже и манипулира јавноста.Неодамна, тој излажа дека дури седум земји членки на Европската унија биле против тоа нашата држава да ги започне преговорите со Унијата. Таа лага веднаш беше демантирана од високи претставници на ЕУ.Лагите на Милошоски се срамни, го нарушуваат меѓународниот углед на државата и се спротивни на интересите на државата и на граѓаните.Милошоски е срам за нашата земја и за граѓаните и нема дилема дека мора да замине од функцијата пратеник.  Милошоски мора да си даде оставка од функцијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува.Потврдено е, дека од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат само лажни вести, невистини, измислени и конструирани случаи кои се против интересите на Република Северна Македонија  и граѓаните, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Привремен сообраќаен режим на дел од улицата Лазар Личеноски

Град Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи утре ќе се воведе привремен сообраќаен режин на дел од улицата Лазар Личеноски.Поради нанесување завршен асфалтен слој на дел од трасата на улица Лазар Личеновски, од утре (28.07.2019 година, недела) па до завршувањето на градежните работи, целосно за сообраќај ќе биде затворен делот од улицата од раскрсницата со улица Самоулова и бул. Гоце Делчев до сервисната улица за влез на парккингот кај СРЦ Кале.Овие градежни активности се реализираат во рамките на проектот за фазната реконструкција на улицата Лазар Личеновски. Со овој проект е предвидена целосна реконструкција на коловозот на потег во вкупна должина од 493 метри.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Скопје | пред 6 години

istra

(ВИДЕО) Силно невреме во Истра и Кварнер, за два часа удриле дури 8.000 молњи

Силното невреме ноќеска ги изненади жителите на Истра и Кварнер, пишува „Истрамет“. Градовите биле погодени од пороен дожд, силен ветер, а за два часа биле забележани над 8.000 молњи.За цело време дувал силен ветар, на одделни места со удари на бурата со јачина и до 86 километри на час, гласно југозападни, наведе Хина.На одделни места врнеше и пороен дожд, па така во Умаг и Новиград наврнаа дури 32 милиметри, а станицата во Пореч регистрира 15 милиметри, во центарот на Пула имаше 13 милиметри дожд, додека темературата во цела Истра се намали за пет степени.

Свет | пред 6 години

el-ceka-protest

МВР за инцидентот на плоштадот Скендер бег: Има пријавено само еден физички напад

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека во врска со вчерашниот протест на плоштадот Скендер бег во Скопје има пријавено само еден физички напад од НН лице врз И.Г., кому му била укажана помош во ГОБ Наум Охридски. Други пријави за физички напад на вчерашниот протест до сега во МВР нема. Апелираме доколку има сторено било какво дело врз безбедноста и сигурноста на било кој граѓанин, тоа да го пријави во најблиската полициска станица, врз основа на што Министерството за внатрешни работи според професионалните стандарди ќе преземе соодветни мерки за расчистување на случајот, како и во било кој друг случај.

Македонија | пред 6 години

lisici

Албански државјанин баран од Интерпол приведен на Ќафасан

На 27.07.2019 во 00.10 часот на Граничен премин -Ќафасан, поради меѓународна потерница од страна на Интерпол-Тирана Република Албанија, приведен е К.С. (51) од Елбасан –Албанија. Тој е задржан во полициската станица од општа надлежност -Струга за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кривичнa пријавa за 21 годишно лице од Гевгелија кај кого била пронајдена марихуана

Полициската станица Гевгелија поднесе кривичнa пријавa против Т.Ј.(21) од село Негорци, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 16.12.2018 на улица „Деко Ковачев“ во Гевгелија полициски службеници извршиле контрола на лица и патничко возило „Опел“, управувано од М.С., во кое како сопатници биле пријавениот и уште две лица. Притоа, кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Денеска во Скопје посебен сообраќаен режим еве каде и зошто ....

Денеска во времето од 15:30 до 19:00 часот ќе се одржи велосипедска трка по повод денот на општината „Илинден’’- 2-ри Август, организиранa од страна на oпштина Илинден на следните релации:Велосипедска трка за рекреативци со почеток во 15:30 часот, со старт спортска сала „Гоце Делчев“ – Марино –Илинден улица „9“ – улица „8“ – спортска сала „Гоце Делчев“;Велосипедска трка за професионалци со почеток во 16:00 часот, со старт од спортска сала „Гоце Делчев“ – општинска зграда Илинден – надвозник во н. Илинден - Ајватовци –Мршевци – Дељадровци – Текија – Миладиновци – Кадино – Марино – спортска сала „Гоце Делчев“ (трката ќе заврши околу 19:00 часот).Од  тие причини Одделението за Безбедност  на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведените траси, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.За таа цел МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот. 

Скопје | пред 6 години

zname

Финишираат подготовките за чествувањето на 2-ри Август

На 2-ри Август 2019 година, во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, со почеток во 11:30 часот ќе се одржи централна манифестација по повод државниот празник 2-ри Август – Ден на Републиката, на која ќе се обратат Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и претставник на главниот одбор на Сојузот на борците.На свеченоста во Кабинетот на Претседателот се поканети членови на Сојузот на борците, претставници на институции и на политички партии во државата, како и членови на дипломатскиот кор, акредитирани во Република Северна Македонија.Претходно, во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во Скопје ќе се одржат неколку настани во рамки на чествувањето на 2-ри Август - Ден на Републиката.Во Алејата на великаните, на градските гробишта Бутел во Скопје, претседателот Пендаровски заедно со претставници на Сојузот на борците, во 10:00 часот ќе положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ, а ќе се поклони и ќе оддаде почит на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генерал Михајло Апостолски.Делегација од Кабинетот на Претседателот, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, во 8:45 часот ќе положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец, во 09:00 часот пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија, и во 09:15 часот пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на градскиот плоштад во Скопје.Свеченостите за чествување на 2-ри Август - Илинден во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија ќе бидат отворени за медиумите, а од централната свеченост во Вила Водно, Кабинетот на Претседателот, ќе се врши и директен пренос на јавниот сервис.

Македонија | пред 6 години

67408027_378879976104220_5686944575768231936_n

(ФОТО) Струга никогаш не била позагадена и позатрупана со ѓубре

Во екот налетната сезона во Струга никогаш не било позагадено и позатрупано со ѓубре.Центарот на градот и чаршијата наликуваат на депонија, а од неа, на далеку се шири непријатна миризба.Добро сесеќаваме на предизборните ветувања на СДСМ и градоначалникот на град Струга, РамизМерко, дека депонијата ќе биде дислоцирана.И да е иронијата уште поголема, депонијата е дислоцирана, но за жал,во срцето на градот, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга.Е па, почитувани господа од власта, ова не е европска Струга, а уште помалку европска Македонија.Европска Струга треба да биде чиста и средена и за време на летната сезона, но и прекуцелата година!Го повикуваме директоротна ЈП Комунално, Иван Клечкароски, да направи увид и да види, во каква состојба е градот.И да го потсетиме дека треба да води евиденција за јавниот простор и неговото уредување, не само да се води како директор, а да неработиништо!Струга веќе го допредното!Од град на поезијата, СДСМ успеа да направи град на нечистотија!Ова не го заслужува никој од нас!Заслужуваме чист град, онака како што му доликува, со сите епитети и природни убавини кои го красат, се вли во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, ОК-Струга.

Македонија | пред 6 години

danela

Дилеми за трансферот од јавна администрација во приватен сектор

Јавно – приватниот дијалог за реформите на јавната администрација е во тек, со крајна цел подигнување на квалитетот на работењето на администрацијата, зголемување на нејзината ефикасност и ефективност како професионален сервис кој треба да биде во функција на потребите на приватниот сектор и на граѓаните, се наведува во соопштението од Сојузот на стопанските комори на Македонија.Во продолжение на истото се наведува:Деновиве се погласно се зборува за идната имплементација на моделот за премин на вработените од јавната администрација во приватниот сектор, кој е најавуван од страна на Министерството за информатичко општество и администрација. Овој процес за кој е неопходна сеопфатна анализа и сериозни преговори, го отпочна ресорното министерство, кое во изминатата година покажа подготвеност за дијалог и соработка со деловната заедница, земајќи го предвид интегрирањето на дел од нашите забелешки за измени на законски решенија во негова надлежност. Она што е предмет на дискусија во последно време и на кое треба да се посвети големо внимание, е најавата за трансфер на службеници од јавен во приватен сектор, лица за кои ќе се оцени дека нема повеќе потреба во јавната администрација. Се поставува прашањето како ќе се прецизираат критериумите за овие лица, дали анализите кои се прават прецизно ќе утврдат какво образование и вештини поседуваат, како би биле атрактивни за премин во приватниот сектор. Приватниот сектор со оглед на континуираниот одлив на квалификувана работна сила со кој се соочува, активно бара на пазарот на труд лица со дефицитарни и специфични занимања, пред се од техничките и строго специјализирани струки. Се отвораат важни прашања, како ќе се одвива самиот процес во моделот на премин од јавен сектор во приватен, кој за прв пат ќе се применува во земјава, дали ќе биде овозможена извесна доквалификација или преквалификацијата на овие кадри и кој ќе го изврши истото, колку време би траел тој процес на адаптација за ново работно место и кој би бил очекуваниот степен на продуктивност по преквалификација за оние работни места за кои приватниот сектор има потреба.Предизвиците кои ќе треба да се надминат во овој процес се бројни, како мислењето особено на младата популација за високиот степен на атрактивност за вработување во јавната администрација, општото мнение дека работата во јавниот сектор нуди поголема сигурност, но и дека помалку труд се вложува за разлика од приватниот сектор. Воедно согласно анализите, со исклучок на одредени сектори како ИТ и енергетскиот сектор, платите во јавната администрација се во просек повисоки во споредба со платите во приватниот сектор, што креира дисторзија во перцепцијата за атрактивност на работните позиции. Затоа можеби и треба да се запрашаме дали ќе успее моделот од аспект на тоа дали вработените од јавната администрација воопшто ќе сакаат да преминат во приватниот сектор. Тука клучна улога ќе имаат и синдикатите кои ги застапуваат правата на работниците од управата, со кои е потребно темелно да се разговара за тоа кои се нивните ставови по овие важни прашања кои се отвораат. Очекувањата се во следниот период отворено да се дискутира по овие точки особено откако ќе се види анализата и предлог моделот на Министерството за информатичко општество и администрација, по што одговори ќе има на голем број дилеми кои се отворија во изминатиот квартал.Обезбедување ефикасна и ефективна администрација е барање на приватниот сектор, кој континуирано бара спроведување на неопходните структурни реформи, чие отпочнување и реализација е приоритет за идна интеграција во Европската Унија. За сите мерки независно од чија страна се предложени, потребно е да се демонстрира волја и слух за потребите на засегнатите страни во процесот, во спротивно сигурно нема да се постигне посакуваниот епилог. Економија со здрави темели, пазарно ориентирана, со конкурентен приватен сектор кој ќе биде високо продуктивен и ќе генерира нови и повисоко платени работни позиции, треба да биде крајната цел на овој процес, се наведува во соопштението од ССК..

Македонија | пред 6 години

tramp

Врховниот суд му одобри на Трамп 2,5 милијарди долари за изградба на ѕидот

Врховниот суд на САД соопшти дека претседателот Доналд Трамп може да користи средства од Пентагон во висина од 2,5 милијарди долари за изградба на дел од ѕидот на јужната граница со Мексико.Судот, во кој конзеравативците имаат мнозинство, со пет наспроти четири гласа во целост ја блокира пресудата на сојузниот судија од Калифорнија со која на републиканскиот претседател му се забранува трошење пари, бидејќи Конгресот децидно не му одобрил средства за проектот за изградба на ѕидот.Трамп, на кого изградбата на ѕидот на границата со Мексико му беше централната тема во неговата претседателска кампања во 2016 година, на Твитер ја поздрави одлуката на Врховниот суд , нарекувајќи ја „победа за сигурноста на границата и владеењето на правото“.

Свет | пред 6 години

turizam-atrakcija

(ФОТО) Охрид ова не го заслужува – каде ви е совеста?

Нова атракција за туристите во Охрид. Споменик на несовесноста и негрижата за градот. Каде се инспекциските служби, владее ли законот во Охрид? Охрид ова не го заслужува! (фото FB Здравко Чорбески)

Македонија | пред 6 години

Foto

Солза Грчева: Гледам бурни реакции за мојата посета кај Пендаровски

По средбата на Претседателот Стево Пендаровски,  и претседателката на политичката партија Глас за Македонија, Солза Грчева, низа реакции. Ова беше причина Грчева да се огласи на социјлната мрежа фејсбук. Таа напиша:Гледам бурни реакции за мојата посета кај Пендаровски. Е сега вака:Сакате враќање на името и на атрибутите на македонскиот народ?Очекувате тоа да го направат овие кои продадоа се, изведувачот со подизведувачот?Знаете дека во секој изборен циклус, иако гласаат, над 100.000 граѓани немаат свој претсавник во Собранието? Ова е неправда.Ако ви се јасни овие работи, треба сите заедно да бараме промена во изборниот модел (една изборна со отворени листи), скромно финансирање на сите партии (а не со баснословни суми со кои купуваат гласови) и еднакво медиумско претставување.Ако сте за ова погоре, речете му благодарам на Глас за Македонија кој ја отпочнува оваа тешка и неизвесна битка против оние кои сложно си го прават Изборниот законик за да владеат бесконечно.За ова одлучува ДИК, претседателот и сите парламентарни партии. Кај сите сме испратиле писма и ќе одиме и ќе го бараме ова. Не да молиме, туку да испорачаме барања!Тажно е што некои од неразбирање, а некои од партиска заслепеност не ја ценат или не ја разбираат оваа наша битка.А нормално ви е да се среќаваат “лидерите“ со Хан, Рикер и да се мајмунираат по амбасади?https://www.facebook.com/solza.grceva.7/posts/1110584052468715

Коментари | пред 6 години

5-3

Ванковска за Грчева: Вака не се гради “трета” опција, туку идејата се сведува на ситни партиски пазарења

Еве како професорката Билјана Ванковска, гледа на средбата Грчева - Пендаровски. Ванковска на ФБ напиша:Немаше да коментирам настан кој го сметам за тотално безначаен во морето многу драматични настани, но ме испровоцираа. Станува збор за посетата на Грчева на Пендаровски. Мнозина ме прашуваа а и таа реагираше. Работите стојат вака: некој кој бојкотирал претседателски избори (заради Северна) и не го поддржа кандидатот на опозицијата, одеднаш прави salto mortale. Прво, му дава легитимитет, и второ - чука на погрешна врата. Измените на Изборниот законик се во рацете на собранието и партиите, но никако во рацете на претседателот кој спиред устав не може ни да предложи закон. Конечно, во време на замолчување на секоја слободна мисла, битката за статусот на малите партии е речиси исто така невкусен како договорите на мастодонт-партиите за нивната привилегирана положба во системот.Вака не се гради “трета” опција (која е веќе компромитирана од Палчовци и слични), туку идејата се сведува на ситни партиски пазарења. Еј, и тоа со Стево!!!???https://www.facebook.com/biljana.vankovska/posts/10219049338487328 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања