Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

vucic

Две лица уапсени поради закани за децата на Вучиќ

Во Шабац денеска била уапсена жена која се сомничи дека преку Твитер упатила брутални закани за ќерката и синот на српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ зборувал за заканите кон синот Данило и ќерката Милица во денешната утринска програма на ТВ Прва.Уапсената 49-годишна  А.Ј.А. тврди дека нема никаква врска со Сојузот за Србија. Српските медиуми пишуваат дека уапсената жена, била ќерка и сопруга на лица од српското криминално подземје.Но, откако утрово српската полицијауапси жена која е осмничена дека на Твитер упатила закана до децата на претседателот  Вучиќ, сега српските медиуми пренесуваат дека полицијата открила  уште едно лице кое исто така упатувало закани до претседателот.Според овие информации српската полиција идентификувала втора личност која упатила закани до претседателот на државата, Александар Вучиќ.

Свет | пред 6 години

ohrid-sonce-vreme-vremenska

Денеска сончево и топло, а попладне пороен дожд и грмежи

Денеска во земјава ќе се задржи топло време, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.Утринската температура ќе се спушти помеѓу 12 и 21, а дневната ќе достигне од 30 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.Во Скопје, претпладне сончево и топло, а во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 36 степени.Сончево и топло,ќе биде и утре. Попладне пак ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. УВ=9

Македонија | пред 6 години

milososki-antonijo

Милошоски бара почесниот конзул на Белорусија да ја повлече изјавата и да му се извини

Пратеникот Антонио Милошоски побара од почесниот конзул на Белорусија во Македонија да ја повлече изјавата и да му се извини, во спротивно ќе поднесе тужба за клевета. Тој вели дека поставил прашање до премиерот дали е точно дека на бизнисмен, кој што добил тендер во РЕК Битола му бил побаран рекет од 250.000 евра, а не дека го тврдел дека. Милошоски со видео линк потсетува на поставено пратеничко прашање.Неговиот демант го пренесуваме во целост:„Почитуван почесен конзул на Белорусија, г-н Борче Марковски (сопственик на „Марковски компани“ од Битола),во прилог ви го доставувам линкот од настапот во Собранието во кој можете да го чуете моето прашање до Премиерот, а тоа е дали се точни информациите и наводите што ги пренесуваат медиумите дека на бизнисмен кој што добил тендер во РЕК Битола му бил побаран рекет од 250.000 €. Доколку внимателно сте ја следеле седницата и сте ги следеле вестите пред почетокот на седницата тој ден, сигурно сте имале можност да забележите дека таквите наводи и информации беа пренесени од најмалку 5 медиуми, и е сосема легитимно за секој пратеник до Владата да постави прашање од јавен интерес дали тие медиумски наводи за барање на рекет на фирмите кои работат во РЕК Битола се точни.Сепак, Вие сте одлучиле со известување во име на почесниот конзулат, без претходно да побарате информација од мене, без претходно јавно да реагирате до медиумите кои пренеле наводи за барање на рекет на фирми во РЕК Битола како тема од јавен интерес, да тврдите дека ‘од страна на пратеник се извадени лажни вести’, што не одговара на вистината и го сметам за навреда и клевета со која се нанесува штета на угледот во работата и извршувањето на моите обврски како пратеник. Дали Вие ќе полемизирате или ќе ги демантирате медиумите кои дојавуваат дека на приватни фирми им се бара рекет за тендери, не Ви се мешам, тоа е Ваша лична одлука и како почесен конзул, и како стопанственик ‘Марковски компани’. Повеќе детали и објаснување на оваа тема ќе добиете на вашата официјална e-mail адреса од страна на мојот адвокат.Во меѓувреме, согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, барам од Вас јавно повлекување на изјавата изнесена во известувањето од почесниот конзулат на Белорусија и јавно извинување во предвидениот законски рок од 48 часа. Согласно законот Ви предлагам повлекувањето на изјавата и извинувањето да го објавите на ист начин и преку истите медиуми до кои сте го дистрибуирале Вашето известување од 26.07.2019 година. Во спротивно ќе ги преземам преостанатите законски можности за заштита на угледот како пратеник при вршењето на мојата службена должност да поставувам прашања за теми од јавен интерес, како што се корупцијата и барањето на рекет од фирми.Со почит, Антонио Милошоски, пратеник во Собранието на Република Македонија“

Македонија | пред 6 години

Odbelezuvanje-26-juli-2019-2

Одбележани 56 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Со голем број на настани и манифестации, вчеравечер /26 јули 2019 година  (петок)/, се одбележа 56 годишнината од катастрофалниот земјотрес што со својата уривачка сила во 1963 година го претвори Скопје во урнатина и голем број граѓани ги остави без своите домови.Централната манифестација се одржа во Градскиот парк во Скопје, а пред присутните се обрати градоначалникот Шилегов.- Секоја година 26-ти Јули не потсетува на солидарноста на скопјани и на солидарноста на светот кон Скопје. За само неколку часа по катастрофата, почна големата акција во која што сите светски сили ја дадоа својата помош, а целиот свет се солидаризираше и мобилизираше да му помогне на Скопје и неговите граѓани.  Покажаната хуманост беше толку голема што ги надмина предрасудите и политичките убедувања, така што, Скопје стана место на прва средба на воените единици на Советскиот Сојуз и на САД во екот на Студената војна. Заслугите на домашната и меѓународната помош стануваат видливи штом ќе се спомене дека како израз на сочувство и на поддршка на граѓаните, уште на самиот ден на земјотресот и во следните денови во Скопје, допатувале највисоките сојузни раководители, а на 27 јули, ден по катастрофата, допатувал и претседателот на СФРЈ Јосип Броз-Тито, кој соочен со трагедијата на градот и на неговите жители, порачал: „Скопје доживеа невидена катастрофа. Но, Скопје повторно ќе го изградиме со помошта на целата наша заедница. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност“ - кажа Шилегов.Во рамки на програмата на Школка во Градски парк, пред присутните настапија Градскиот мешан хор „Вардар“,а потоа настапија Биг Бендот под водство на Љупчо Мирковски, поп ѕвездата Канита Сума, познатиот грчки хармоникаш Танос Ставридис, српската пејачка на изворни песни Биља Крстиќ и нашиот Влатко Стефановски.Претходно, одбележувањето на годишнината од катастрофалниот земјотрес започна со положување цвеќиња на Споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел, каде цвеќе положија делегации составени од претставници од политичките партии, делегации од сите општини во градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје и на СРМ, претставници од Јавните претпријатија и Јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, граѓани на Републикава, како и делегации од странство во нашава земја.Младинскиот културен центар во рамки на програмата за одбележување на 26 јули го спроведе настанот „МКЦ за Скопје“ со целодневна програма, каде покрај двете работилници за деца за креативно пишување, илустрација и цртање, беше организирана проекција на најновото остварување на Раде Шербеџија „Ослободување на Скопје“.Традиционално во Дом на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ се одржа крводарителска акција.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Истрага за две лица кај кои беше пронајден кокаин

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело - Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Осомничените, албанските државјани на возраст од 21 и 43 години, на  25.07.2019 околу 22.40 часот на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, во близина на „Ростушко анче“,  во нивното возило „Фолксфаген туарег“ со албански регистарски ознаки превезувале 25 грама наркотична дрога кокаин. Дрогата била пронајдена при претрес од страна на полициски слижбеници, по што лицата биле задржани во полициска станица и за нив по документирање на случајот   поднесена е кривична пријава во Основното јавно обвинителство Гостивар.Со цел обезбедување на  натамошно непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.​

Македонија | пред 6 години

antonio_govornica

Белорусија го демантира Милошоски, велат пратеникот шири лажни вести

Почесниот конзулат на Република Белорусија во Скопје и Амбасадата на Република Белорусија во Белград преку допис до медиумите ги демантираа информациите што ги изнесе пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на вчерашната собраниска седница за пратенички прашање и објавија дека тоа се лажни вести.Соопштението од Почесниот конзулат на република Белорусија во Скопје, ви го пренесуваме во целост:„На 25 јули се изведени лажни вести од страна на пратеник на Собранието на Република Северна Македонија, господин Антонијо Милошоски, па поради погоре искажаните лажни вести од негова страна, кои беа проследени во електронските медиуми, ве известуваме дека ни во минатото ни сега до Амбасадата на република Белорусија во Белград и неговата екселенција амбасадорот Валериј Брилјев, ни во Почесниот конзулат на Република Белорусија во Скопје не се доставени никакви жалби. Исто така, ниеден стопанственик што бил примен на разговор не се пожалил за никакви проблеми, од каква било природа и какви било размери.Сакаме да посочиме, воедно и да потврдиме дека сѐ што беше искажано се едноставно лажни вести.Во моментот се подготвува Нота од страна на Амбасадата на Република Белорусија во Белград до Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија за погоре искажаните лажни вести”, пишува во соопштението од Почесниот конзулат на република Белорусија во Скопје.Милошоски на вчерашната седница праша дали наводно на бизнисмен кој добил тендер за РЕК Битола функционер на власта му побарал 250 илјади евра по што тој се јавил кај амбасадорот на Белорусија во Белград да побара заштита, што предизвика остра расправа.

Македонија | пред 6 години

stoj-na-raka

(ФОТО) Стој на рака во кабинетот на Пендаровски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Државата Израел, Дан Орјан.Покрај официјалниот дел од средбата, Орјан имаше можност на претседателот да му покаже и дел од своите способности. Тој во кабинетот на Пендаровски направи стој на една рака.„Оваа фотографија, "стој на раце" со израелскиот амбасадор Дан Орјан, нека биде мотив и причина повеќе зашто вежбањето е многу важно, а најчесто и забавно“, напиша Претседателот на социјалната мрежа фејсбук по средбата со Орјан. :)За потсетување  Амабасадорот Ориан е познат по вакви "акробации" кои често ги правеше во Скопје, Охрид и Битола.Инаку на средбата во официјалниот дел беа разменети мислења за севкупните односи меѓу Северна Македонија и Израел и беше констатирано дека двете држави во континуитет негуваат блиски пријателски односи, засновани на меѓусебна доверба и почит.Двајцата соговорници се согласија дека Северна Македонија и Израел градат плодни економски релации, притоа изразувајќи подготвеност за интензивирање на соработката во областа на безбедноста, науката и новите технологии, земјоделството, како и во областа на културата и туризмот.Претседателот Пендаровски изрази задоволство од цврстата поддршка и помош што Државата Израел во континуитет и ја дава на Република Северна Македонија, порачувајќи дека Израел во нашата држава секогаш ќе има искрен пријател и партнер.Амбасадорот Орјан упати честитки до претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста, притоа реафирмирајќи ја неговата лична заложба за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете држави.    

Македонија | пред 6 години

dsc3-1

Николоски учествува на најголемиот летен младински камп во Европа

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски учествува на 30тиот Балвањос летен камп во Тушнад Романија. Тоа е најголем летен младински камп во Европа на кој учествуваат околу 80 илјади учесници. Кампот е меѓународен настан кој се смета за форум на прекуграничната соработка и политички дијалог, спротивставени аспекти и размислувања во јавните и политички прашања. Поканетите говорници дебатираат за актуелните политички теми и прашања.На настанот ќе земат учество голем број политичари, претседатели на невладини организации, тинк тенкови и фондации, професори од повеќе светски универзитети. Дел од учесниците кои ќе се обратат се Кларк Џудџ од Америка, унгарскиот министер за земјоделие Иван Наѓ, унгарскиот министер за финансии Михали Варга, Јудит Варга министерот за финансии, европратениците Лорент Винсе и Андреа Босцкор како и унгарскиот премиер Виктор Орбан.Потпретседателот Александар Николоски има обраќање на тема „Застапување на државите во меѓународни организации“ каде што со млaдите од цела Европа ќе го сподели своето долгогодишно искуство на оваа тема, особено од неговата долгогодишна активност во Совет на Европа.Покрај своето обраќање потпретседателот ќе има и бројни билатерални средби со министри на европски држави, претседатели на тинк-тенкови и фондации и европратеници. На средбите ќе информира за актуелната политичка состојба во Македонија, економскиот неуспех на Владата, огромната корупција во државава како и за националното обезличување на македонскиот народ.

Македонија | пред 6 години

Foto

Пендаровски ја прими претседателката на „Глас за Македонија“, Солза Грчева

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска, на нејзино барање, ја прими претседателката на политичката партија Глас за Македонија, Солза Грчева. Грчева ги пренесе ставовите на нејзината политичка партија во врска со изборниот систем, финансирањето на политичките партии, и медиумското претставување на политичките партии во изборниот период. Претседателот Пендаровски го повтори својот став дека дава поддршка на иницијативата на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до Кабинетот на Претседателот, за изборниот модел преку измена на изборниот законик. Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, смета дека демократскиот развој, еднаквоста, владеењето на правото, и правото на фер и слободни избори, се важен фактор за европските интеграции на државата, а во функција на просперитетот на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

vulkan

Еруптираше вулканот на Јава, Индонезија - издадено предупредување за опасност

Вулканот Тангкубан Параху, кој се наоѓа во близина на третиот најголем град во Индонезија, денес проработи и фрлаше пепел неколку стотици метри во воздух, по што е издадено предупредување за опасност, објави „Ројтерс“.Локалните телевизии емитуваат снимки од автомобили и мотоцикли кои се оддалечуваат од вулканот по патиштата прекриени со пепел.Агенцијата за помош при катастрофи објави дека туристичкото место во близина е затворена и дека се проценува статусот на предупредување за опасност од вулкан.

Свет | пред 6 години

motorna-pila

Починал откако се повредил со моторна пила

На 25.07.2019 во 08.44 часот во Полициската станица Гевелија, од болницата во Гевгелија било пријавено дека кај нив би донесен починат С.Р.(23) од с.Казандол, валандовско. Според пријавеното, тој се здобил со повреди додека сечел дрва со моторна пила во атар на с.Серменин и потоа починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

missing

МВР трага по 41 годишен скопјанец кој заминал од дома

На 25.07.2019 во 15.15 часот во Полициската станица Карпош, Л.Т.(67) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син З.Т.(41) од Скопје. Се преземаат емрки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 6 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Тетовец преку лажен профил на ФБ го нарушил угледот на друго лице

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.Х.(28) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во текот на 2019 на социјалната мрежа „Facebooк“, пријавениот креирал лажен кориснички профил на име И.С. и во негово име комуницирал со негови пријатели, нанесувајќи му штета на честа и угледот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заедно излегле, па го прободил другарот со остар предмет и побегнал

На 26.07.2019 во 00.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Трипун Хаџи Јанев“  бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Н.(49) од Скопје и Д.К.(26) од Свети Николе, кои претходно биле заедно излезени. Д.К. со остар предмет му нанел телесни повреди на Д.Н., по што побегнал. Д.Н. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош. Подоцна, Д.К. сам се пријавил во Полициската станица Гази Баба и се пожалил на повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Таму, тој почнал да се однесува агресивно и физички нападнал полициски службеници. Потоа Д.К. е задржан во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Со „Ауди Q7“ пренесувал 21 мигрант од Пакистан, Ирак и Сирија

На 25.07.2019 во 21.50 часот на автопатот Табановце-Куманово, кај обиколница Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „Ауди Q7“, но возачот не застанал и побегнал со возилото. После тоа, по пребарување на теренот, во близина на влез на село Лојане, биле пронајдени 21 мигранти од Пакистан, Ирак и Сирија, кои биле предадени во Транзитниот центар Табановце за натамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Починал 42 годишен затвореник во затворот во Штип

На 25.07.2019 околу 09 часот во СВР Штип, од Казнено поправната установа Штип било пријавено дека Д.Ч.(42) од Штип, кој бил на издржување на казна затвор, починал. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип и Јавен обвинител. Смрт без траги на насилство констатирал доктор од Итната медицинска помош Штип и телото на починатото лице било предадено за обдукција.

Македонија | пред 6 години

IMG-4d0cc4ecf108d31a6cc8ea6e21e2216e-V

Реновиран објектот на ПО Групчин, подобрена ефикасноста на СВР Тетово

„Кога го преземав МВР во 2017 година еден од приоритетите беше подобрување на условите за работа на полициските службеници затоа што подобрите услови носат и подобри резултати во работата, односно поголема безбедност за граѓаните. Затекнавме објекти во кои не било интревенирано и по четири децении. Сега, во 2019 година можеме со гордост да кажеме дека најголем дел од објектите ги саниравме и реновиравме и тоа со средства на МВР, а до крајот на годината очекувам да се завршат и објектите кои се наоѓаат во планот за реновирање“ рече министерот Оливер Спасовски по денешната посета на Полициското одделение Групчин, каде заврши реновирањето на објектот на полициското одделение.Додека другите објекти се реновирани со средства на МВР, карактеристично за објектот во Групчин е што е реновиран со донации на жителите, кои придонесоа  еден објект после четиридецениско егзистирање сега да биде комплетно инфраструктурно и градежно саниран. Целосно подновена е надворешноста на објектот со нова фасада. Поставени се нови подови во просториите, нови врати и прозорци, поставено е и надворешно осветлување на објектот, а соодветно решени се и сите надворешни инсталации, а уреден е и дворот пред објектот, со нови бекатонски патеки и зеленило.„Денеска со полициските службеници од ПО Групчин разговаравме и за тековното работење, со цел остварување на што поквалитетни резултати во заштитата, безбедноста и сигурноста на граѓаните и нивните материјални добра. Навистина радува фактот што СВР Тетово, во чија што организациона поставеност припаѓа и полициското одделение Групчин бележи повеќе од добри резултати во работењето“, рече Спасовски.Во изминатите шест месеци од годинава на подрачјето на СВР Тетово значително подобрена е ефикасноста во расветлувањето на кривичните дела или искажано во проценти таа изнесува 71 процент, во делот на т.н класичен криминал каде предничат имотните деликти, а исто така зголемен е и бројот на расветлените дела од областа на недозволена трговија со дрога за 72 проценти. Во сферата на јавниот ред и мир годинава се бележи намалување на евидентираните прекршоци за 25 проценти, а евидентиран е позитивен тренд и во областа на сообраќајната безбедност, каде е присутно намалување на бројот на сообраќајните несреќи за 18 проценти, споредбено со истиот период лани. 

Македонија | пред 6 години

DSC_2505

Општина Кисела Вода со помош на Градот Скопје ја уреди својата територија

Општина Кисела Вода заедно со Градот Скопје спроведе голема акција за уредување на својата територија.На сите јавни површини исчистен е сметот, целосно измиени се улиците и тротоарите со цистерна, искосени се нараснатите тревни површини, исечени се исушените дрвја кои беа опасност за граѓаните, а исчистени се и поголемите диви депонии. Граѓаните во поставените контејнери на ул. „Ратко Митровиќ“ кај спортската сала, во паркот „Пушкин“ и на крстосницата на ул. „Христо Татрчев“ со ул.„ Дебарска“, поточно кај „Гет кафе“ денеска имаат можност да го одложат својот кабаст отпад.Со акцијата опфатено беше и санирање на ударните дупки на поголем дел од улиците.Оваа голема акција Општина Кисела Вода ја изврши со помош на Градот Скопје и неговите јавни претпријатија „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“, „Водовод и канализација“ и комуналната компанија „ЕКО Клуб“. Истите ангажираа голем број работници и сопствена механизација.За успешно завршување на активностите голем придонес дадоа ангажираните сезонски работници и дел од администрацијата на Општина Кисела Вода.На акцијата за уредување на територијата на општината присуствуваа градоначалниците на Кисела Вода и Град Скопје, Филип Темелковски и Петре Шилегов. Присутни беа и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ, советникот Стамат Стаматовски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамет Шабани.- Станува збор за масовно чистење во кое се вклучени сите технички и човечки потенцијали на градот и на јавните градски претпријатија, помогнати од општините. Во секоја општина веќе се поставени по 3 пункта за одлагање кабаст отпад каде што граѓаните ќе можат да го остават својот отпад од ваков тип. Оваа акција ќе биде проследена и со засилен инспекциски надзор со цел да се спречи повторното создавање диви депонии на истите места. Можам да кажам дека за првпат во историјата на Град Скопје денеска е напишана првата кривична пријава за неовластено фрлање смет. Станува збор за лице фатено на самото место, на улицата Александар Урдаревски во општината Бутел. Градскиот инспекторат во соработка со Министерството за внатрешни работи изврши увид, земени се сите докази и е поднесена кривична пријава. Нема да правиме компромис со никого кога станува збор за чистотата во нашиот град. За чистотата во нашиот град ќе се грижиме сите заедно, зашто сите заслужуваме да живееме во многу поубаво и почисто Скопје – рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на денешната акција за чистење на улицата „Христо Татарчев“, во Кисела Вода.Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за почитување на Законот за јавна чистота, да не фрлаат отпадоци надвор од поставените корпи и контејнери за отпад.

Скопје | пред 6 години

26072019_PVRSM_Zaev_Butaris

Заев се сретна со солунскиот градоначалник Бутарис

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, кој накрајот на летото го завршува својот градоначалнички мандат.На средбата е констатирано дека се остварени заложбите на премиерот Заев и на солунскиот градоначалник Бутарис за пријателство меѓу граѓаните на двете држави, низ политики на искрена меѓусебна соработка и доверба, уште пред потпишувањето на Договорот од Преспа.Констатирано е дека ќе биде запаметено, дека во специфични политички околности имаше луѓе кои поддржуваа дијалог што е база на денешните воспоставени добрососедски односи.Оценето е дека политиките на конфликт значат загуба за две страни, исто како што заедничките обиди за изнаоѓање решение, значат придобивка за двете страни.Премиерот Заев рече дека солунскиот градоначалник, Бутарис, кој е голем пријател на нашата држава, е вграден во постигнатиот Преспански договор.-Денес, нашите две држави имаат голема иднина пред себе, со многу можности. Договорот од Преспа е стратешко партнерство за области значајни за граѓаните на двете земји. Придобивките веќе се чувствуваат, преку соработката во земјоделството, енергетиката, новите инвестиции, соработката на бизнис заедниците, размената на искуства во областа на екологијата и туризмот, заложбите за олеснувања на граничните премини. Од воспоставените добрососедски односи имаме само бенефити. А начинот на доаѓање до решение, низ искрен дијалог, за чувствителни прашања, што се постигна со Договорот од Преспа  е придобивка на целиот регион, рече премиерот Заев.На состанокот е заклучено дека отворените перспективи меѓу државите и соработката меѓу градовите допрва ќе ги даде вистинските позитивни резултати.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Доколку Филип Рикер вака подмукло и безобразно се заканува во нормални држави, веднаш би бил протеран

Единствена Македонија силно ги осудува заканите на помошниот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер, за време на неговата посета на Република Македонија.Рикер вчера го посети градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, и тоа не заради убавините на Кавадарци туку подмукло да прати порака до Христијан Мицкоски дека ако не биде послушен ќе следи негова замена на лидерското место со разрешениот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев.Рикер денеска на прес конференцијата со неговата марионета Заев со изјавата до опозицијата дека „времето за политички игри и истакнување, и големи гестови како и играње со перспективите и идеите на граѓаните веќе е поминато“ испрати безобразна закана до опозициските лидери на партии дека мора да бидат послушни.Со Рикер дојде потврдата дека во изминатите 30 години со Македонија управуваат марионети купени и контролирани од странски центар. Сепак, Рикер е среќен човек оти доколку вака подмукло и безобразно се заканува во нормални држави, веднаш би бил протеран.Македонскиот народ и поголем дел од државјаните ма Република Македонија во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж. Со новата легална власт на Единствена Македонија времето на марионети станува минато. Доаѓа времето на народни водачи кои ќе работат во интерес на Македонците и државјаните на Република Макеоднија, а не во интерес на странците, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

Barta.Balazs

Ноќно фотографирање со телефон – неколку совети од професионален фотограф!

Го прашавме меѓународниот амбасадор на Leica, Кристијан Доулинг да ги сподели своите совети за ноќно фотографирање врз основа на неговото искуство со P30 Pro.Според него, две од најважните атрибути на повеќето фотографи се потребата да се изолираат субјектите од позадина и да се слика добро при слаба осветленост. Фотографирањето при слаба осветленост се потпира само на способностите на фотоапаратот, како и на самите фотографи. Снимањето во режимот на професионална работа на P30 Pro нуди многу можности при слаба осветленост, бидејќи ви овозможува да изберете високи ISO и брзини на објективот за снимање при слаба осветленост.Избегнување на мали брзини при слаба осветленост е приоритет ако снимате без статив. Ова осигурува стабилен кадар, но исто така гарантира дека ќе го „замрзнете“ секое дејство кое може да се случи.[caption id="attachment_56350" align="alignnone" width="3968"] rbsh_vivid[/caption]Во моменти кога е екстремно темно и немате статив, или ако снимате со неонски или обични светла, треба да снимате во детали, a новиот Ноќен режим со HDR способност е вистински избор. Ноќниот режим дава серија на слики за задоволителен временски период со користење на долга експозиција и ги составува автоматски.Во минатото ви требало статив за ова, но се додека го одржувате уредот "релативно" стабилен, сликата ќе излезе со детали што не би можеле да ги видите ни со свои очи - навистина е неверојатно и нешто што не е достапно дури на професионални камери - додава Кристијан Доулинг.Мобилната фотографија ви помага да ја пронајдете убавината ...Huawei отсекогаш се залагал за извонредна фотографија достапна за секого во секое време. Затоа, брендот, со цел да им понуди на потрошувачите најквалитетни леќи и да ги помести границите на фотографијата со паметни телефони, ја воспостави долгорочната соработка со легендарниот производител на фотоапарати  - Leica. Со своите серии P и Huawei P30 Pro, брендот одговара на потребите на ентузијастите на мобилната фотографија, кои ги бркаат и доловуваат секојдневните неверојатни моменти.Дали ја сакаш фотографијата? Учествувајте во Huawei InFocus Award - натпревар за мобилна фотографија и следете ги вашите соништа!Дали некогаш сте доловиле уникатен момент и сте посакувале да проверите што мислат професионални фотографи за вашата слика? Наградната игра на Huawei InFocus е одлична можност да ги тестирате вашите вештини за фотографирање и да го покажете вашиот талент на светот! Освен континуираниот развој на своите уреди и потрагата по врвно доживување на фотографирањето, Huawei им оддава признание на љубителите на правењето фотографии и надежните таленти.Натпреварот се состои од 6 категории, вклучувајќи 5 поврзани со фотографија и 1 категорија посветена на видео формат:Emotion Tag - Изразување на инстант емоции со помош на фотографија.Hello, Life! - Споделување на емоции или инспирација во секојдневните искуства.Faces – Експериментирање со идентитетот и моќта на портретот.Going the Distance  - Откривање нови места и нови искуства со користење на нови функции на паметни телефони, на пример, теле-објектив, супер широк агол или макро-фотографирањеStoryboard – Раскажување приказна во 9 рамки - колаж на фотографии што создаваат значаен или интригативен наративLife Now  - снимање приказни за помалку од 30 секундиШто добиваат победниците?За победникот на Grand Prix наградата  - Huawei MateBook 13, Watch GT и 10.000 евра, код за е-ваучер за патување за Trip Advisor вреден 250 долари, како и објавувањето на фотографијата  во времетраење од една недела како слика на почетната страница на следниве домени за TripAdvisor: Шведска, Полска , Данска, Австрија, Норвешка, Финска, Чешка, Грција, Унгарија, Израел, Србија, Словачка и Турција.o За добитниците на првата награда во секоја категорија - Huawei MateBook 13, Watch GT, Huawei P30 Pro и 2.000 евра, код за е-ваучер од 250 долари за Trip Advisoro За добитниците на 2. награда во секоја категорија - Huawei P30 Proo За добитниците на третата награда во секоја категорија - Huawei P30o Добитник на наградата од публиката ќе добие Huawei P30 Pro и Watch GTСите детали за наградниот натпревар можете да ги најдете на следниот линк : https://campaign.consumer.huawei.com/infocusawards/mk/

Магазин | пред 6 години

Foto-1-5

Претседателот Пендаровски го прими амбасадорот на Државата Израел, Дан Орјан

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими амбасадорот на Државата Израел, Дан Орјан.На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу Северна Македонија и Израел и беше констатирано дека двете држави во континуитет негуваат блиски пријателски односи, засновани на меѓусебна доверба и почит.Двајцата соговорници се согласија дека Северна Македонија и Израел градат плодни економски релации, притоа изразувајќи подготвеност за интензивирање на соработката во областа на безбедноста, науката и новите технологии, земјоделството, како и во областа на културата и туризмот.Претседателот Пендаровски изрази задоволство од цврстата поддршка и помош што Државата Израел во континуитет и ја дава на Република Северна Македонија, порачувајќи дека Израел во нашата држава секогаш ќе има искрен пријател и партнер.Амбасадорот Орјан упати честитки до претседателот Пендаровски за стапувањето на функцијата и му посака успех во вршењето на должноста, притоа реафирмирајќи ја неговата лична заложба за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете држави.

Македонија | пред 6 години

Akcija-za-cistenje-vo-Kisela-Voda-juli-2019-4

Скопје прави генералка – поднесена правата кривична пријава за недозволено фрлање отпад

Големата акција за чистење и уредување на јавните површини која ја реализираат Град Скопје, градските јавни претпријатија и десетте скопски општини денеска се одвива во општините Кисела Вода, Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Сарај. Денеска е поднесена и првата кривична пријава за неовластено фрлање смет со што Град Скопје ја потврдува заложбата за почиста и поздрава животна средина.- Станува збор за масовно чистење во кое се вклучени сите технички и човечки потенцијали на градот и на јавните градски претпријатија, помогнати од општините. Во секоја општина веќе се поставени по 3 пункта за одлагање кабаст отпад каде што граѓаните ќе можат да го остават својот отпад од ваков тип. Оваа акција ќе биде проследена и со засилен инспекциски надзор со цел да се спречи повторното создавање диви депонии на истите места. Можам да кажам дека за првпат во историјата на Град Скопје денеска е напишана првата кривична пријава за неовластено фрлање смет. Станува збор за лице фатено на самото место, на улицата Александар Урдаревски во општината Бутел. Градскиот инспекторат во соработка со Министерството за внатрешни работи изврши увид, земени се сите докази и е поднесена кривична пријава. Нема да правиме компромис со никого кога станува збор за чистотата во нашиот град. За чистотата во нашиот град ќе се грижиме сите заедно, зашто сите заслужуваме да живееме во многу поубаво и почисто Скопје – рече градоначалникот Петре Шилегов, на почетокот на денешната акција за чистење на улицата Христо Татарчев, во Кисела Вода.Акцијата за чистење и уредување на градот ќе опфати расчистување на дивите депонии, метење и миење на сите градски и општински улици, кастрење дрвја и косење трева и пополнување ударни дупки. Во општината Кисела Вода денеска ќе бидат расчистени неколку диви депонии, ќе се чисти Усјанскиот канал, ќе се пресечат неколку стари и исушени дрвја, а ќе бидат исчистени и повеќе улици.На почетокот на акцијата за чистење на улицата Христо Татарчев присуствуваше и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.Акцијата за генерално чистење на Скопје продолжува и утре, во другите 5 градски општини.

Скопје | пред 6 години

bebe-se-doi

Доењето - најдобар начин за исхрана на доенчињата и основа за добро здравје и во адултната возраст

Во пресрет на Светската недела на доење, што традиционално се одбележува од 1-7 август, претседателката на поткомитетот за промоција, заштита и поддршка на доењето, д-р Мими Кимовска Христова, информираше за активностите на поткомитетот, со цел потенцирање на важноста на доењето од медицински и општествен аспект.- Оваа година, мотото на Светската асоцијација за доење (WABA) е „Поддршка на родителите за да се одржи доењето“ (Support parents-enable breastfeeding), со што се потенцира потребата од давање поддршка на семејствата и мајките да го одржат доењето, како и од сите чинители во општеството. Со цел доењето биде успешно, на мајките им е потребна континуирана поддршка во сите фази од мајчинството, почнувајќи од претконцепцискиот период, во текот на бременоста и особено по породувањето, вклучително и на работното место. Токму заради важноста на оваа тема, не само за неделата на доење, туку и во тек на овој месец, па и оваа година ставаме силен фокус и за таа цел во периодот што следува ќе се организираат гостувања на стручни експерти од областа на доење на националните медиуми. Исто така, е планирана и сеопфатна кампања со пораки за важноста и бенефитите на доењето - од членови на покомитетот, реномирани лекари, педијатри, гинеколози, во текот на август, кога се одбележува неделата на доење, а истовремено кон средината на месец август ќе се одржи тркалезна маса во која ќе бидат вклучени повеќе чинители и тоа Министерството за здравство, претседателот на поткомитетот за доење и негови членови, претставници од УНИЦЕФ, граѓански здруженија и стручната јавност, информираше д-р Кимовска Христова.Д-р Кимовска Христова потсети дека доењето е еден од најважните начини за унапредување и чување на здравјето. Тоа е најдобриот начин на исхрана на доенчињата, ја поставува основата за добро здравје не само во периодот на детството, туку и во адултната возраст, воедно носи и голем број бенефити за мајките и за општеството во целост придонесувајќи кон остварување на сите 17 цели за одржлив развој на ОН. Во согласност со препораките на Светската здравствена организација (СЗО) доењето треба да е екслузивно во првите 6 месеци од животот, да трае до 2 години и подолго, паралелно со воведување други видови храна по 6-от месец.Досега се имплементирани голем дел од препораките на Светската здравствена организација, кои имаат за цел да го промовираат и заштитат доењето и тоа: имплементација на иницијативата „Болници пријателки на бебињата“ , формиран е национален комитет за доење, постојната легислатива е прилагодена во насока на имплементација на меѓународниот код за забрана на рекламирање на замената на мајчиното млеко, како и во однос на траење на породилното отсуство и правото на вработените мајки на доење.Континуирано, преку Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата се спроведуваат активности, кои имаат за цел промоција и заштита на доењето, како и обуки на здравствените работници, одбележување на светската недела на доење, изготвување информативни материјали за мајките итн.Патронажната служба и превентивните советувалишта во здравствените домови, со тим од лекар и сестра се постојано на располагање во давањето стручна помош за справување со сите предизвици поврзани со доењето.

Македонија | пред 6 години

momce-spric

(ФОТО) Момче со шприц колабираше во центарот на Скопје

Момче во несвесна состојба лежеше на клупа на плоштадот ВМРО во центарот на Скопје. По дојава од минувачи, реагираше брзата помош, кои го земаа и транспортираа во болница. Лицето со себе имаше и шприц.Екипа на Брза помош пристигна на местото, но од таму не дадоа информации дали човекот е жив или мртов.фото: Макфакс

пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања