Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Soobrakajci-policija

Ексвозачот на Хазби Лика пронајден мртов со рана од огнено оружје

Пред неполн час во близина на главниот плоштад во Тетово е пронајдено безживотното телото на поранешниот возач на Хазби Лика, Фатмир Тахири од Тетово, објавува АлсатМ.Телото, со прострелна рана, е пронајдено во неговиот автомобил од страна на неговиот син, недалеку од местото на живеење. Според првичните информации од увидот, на стаклото од автомобилот се забележани дупки од огнено оружје, но сè уште не е познато дали станува збор за убиство или самоубиство. Фатмир Тахири бил вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово. Засега познато е дека починатиот немал семејни проблеми, ниту пак, имал проблеми на работното место. На местото на настанот има полиција и јавен обвинител од Канцеларијата на обвинителот во Тетово. 

Македонија | пред 6 години

67105796_10219334269487408_7078197084100231168_n

(ФОТО) Сакрофагот експресно кренат, а наоѓалиштето на „Партизански одреди“ затрупано

Саркофагот кој беше пронајде при уредување на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во Карпош 4, рано утрово, експресно беше кренат, а наоѓалиштетот беше затрупано.Ова е малку чудно, затоа што во вакви случаи обично се прекинуваат градежните работи, местото се обезбедува, па се  истражува дали станува збор за некое поголемо наоѓалиште.Образложенито зошто е саркофагот е отстранет од местото е нелогично, но засега официјално. Според стручните лица него го донела некоја голема вода?  

Скопје | пред 6 години

braka

КОХА: Пуштени од затвор обвинетите за убиство на Енис, Енгин и Раметула

Наим и Рамиз Асани осудени на доживотен затвор за убиството на 17-годишниот Енис Исмаили, 14-годишниот, Енгин Исмаил и 18 годишниот Раметула Ибиши, во 2006 година во скопската населба Серава , неодамна излегоа на слобода. Веста за ова, како што пишува весникот KOHA ја споделиле многу жители на Арачиново од каде што се и обвинетите.Дури и Фејсбук профилот на СДСМ Арачиново му се заблагодари на премиерот Зоран Заев за ослободувањето доживотен затвор на Назим и Рамиз Асани, а му се заблагодари и Градоначалничката на општината, Миликије Халими.Тројното убиство, потсетува КОХА, се случи во чајчилница во населбата Серава пред 13 години, кое го потресе не само Скопје, туку целата земја. Како резултат на ова тројно убиство, тоа време во Скопје се одржуваа масовни протести. Во меѓувреме, обвинетите Наим и Рамиз Асани беа уапсени една година по овој настан, односно во 2007 година.Полициските извештаи од тоа време, објаснувајќи ги мотивите на овој сериозен настан, покажаа дека Наим и Рамиз сакај ќи да се одмаздат за убиството на Агим Асани (нивен роднина) кој беше убиен во Јануари 2006 година, пукале кон приситните во интернет кафе. Двајцата беа осудени на доживотен затвор. 

пред 6 години

National-Park-Galicica-and-Lake-Ohrid

Газди на неколку луксузни куќи во Охрид кои „живеат од плата“ ги продаваат „дворците“

Неколку куќи кои се наоѓаат на атрактивни локации во крајезерскиот дел на Охрид и се проценети на износи од околу 1 милион евра се ставени на продажба во неколку агенции за недвижности во Охрид.Како што дознаваме ваквиот зголемен интерес за продажба на овие атрактивни недвижности се појавил одеднаш и тоа во минатиот понеделник, само еден ден од како полицијата заплени пловен објект за кој подоцна медиумите информираа дека е запленет заради проширување на истрагата во мега аферата „Рекет“ и најавените проверки на потеклото на имотот кои не се знае кого се ќе зафатат, но извесно е дека ќе го зафатат и Охрид.Од агенциите за недвижности велат дека куќите се практично нови, и ги има од населбата Рача па се до Пештани, додека од Трпејца или Љубаништа сеуште нема пријавени газди кои сакаат да продадат набрзина куќи вредни милиони евра. Објектите во најголем дел се во сопственост на луѓе кои живеат од плати и официјално немаат бизниси.

Македонија | пред 6 години

saso-tasevski

Го нема Скопје одамна, зашто Скопје било скопјаните, дружењата во дворови ... Гледате нешто од тоа?

Актерот Саше Тасевски се присети како било Скопје пред земјотресот, но и какво е сега. Еве што напиша Тасевски на социјалната мрежа фејсбук.„Кое Скопје? Го нема Скопје одамна, зашто Скопје било скопјаните, дружењата во дворови и маала, солидарноста, одењето на утакмици на Вардар и Работнички секоја недела, фудбал и серва пред зграда, џамлии на сликици, гитари на секоја клупа до пет сабајле, ќебапите во Кермес и Езерце, одењето со мама и тато на езеро Треска, на Матка, зеленило и паркови на секој чекор, простор што дише.Гледате нешто од тоа?Го нема.Е па го нема ни Скопје.Знам, еуфорија, сентименталност, сеќавања на оние кои биле деца кога го преживеале земјотресот, ама вие кои сте родени по него изгледа потешко сте го преживеале, таков ви е галиба осечајот.Да не се повтори?Жалам ама ќе се повтори. Кога тогаш. Кога се силува природата и еден град со децении, казната мора да стигне во некоја форма. Закон на природата и богот на одмаздата. Ние божем скопјани, а мирно гледавме со години како Скопје ни го силуваат разни копита и уште гледаме и ќутиме. Али не е лошо да поцмиздриме секој 26 јули.Јас лично Скопје веќе не го доживувам како град во кој сум се родил и пораснал. Ова не е градот од моето детство и младоста. Ова Скопје е од најлошиот паралелен универзум“, напиша Тасевски на ФБ.

Македонија | пред 6 години

Polozuvanje-cveke26-juli-2019-1

Во спомен за загинатите во земјотресот во Скопје

На градските гробишта во Бутел, домашни  и странски делегации положија цвеќиња пред споменикот на загинатите од  катастрофалниот земјотрес во Скопје, во далечната 1963 година.Во чест на загинатите, венец положи и официјална делегација на Град Скопје, предводена од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, а составена од секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска-Мадиќ и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева. Исто така, цвеќе положи  и делегација на Советот на Град Скопје, составена од советничките Ирена Попова, Халиде Полоши и Соња Глинџарска.Со положување цвеќиња почит на жртви во земјотресот во Скопје што се случи пред 56 години, дадоа и делегација од државниот врв на Република Северна Македонија, делегации составени од претставници од политичките партии, делегации од сите општини во градот Скопје, претставници од Црвен крст на град Скопје и на СРМ, претставници од Јавните претпријатија и Јавни културни установи на Град Скопје, претставници од институции во нашава земја, граѓани на Републикава, како и делегации од странство во нашава земја. 

Скопје | пред 6 години

sudar

Верижен судар на автопатот Скопје-Велес, има повредени

На 25.07.2019 околу 11.55 часот на автопатот Скопје-Велес, во атар на с.Катланово, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Алфа Ромео“  со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(32) од Велес, патничко возило „Ауди“ со германски национални ознаки, управувано од С.Ј.(41) од СР Германија и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, запрено од С.Б.(44) с.Сопиште, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле С.С.Е.(40) и малолетник,сопатници во возилото „Ауди“, додека со телесни повреди се здобиле С.Ј. и малолетник од истото возило. Тие биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Со телесни повреди, исто така се здобиле Р.И.(59) од Велес,  Х.И.Д.(38) од Велес и две деца, сопатници во возилото „Алфа Ромео“. Тие биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

0000traktor

63 годишен беровчанец починал откако паднал од трактор

На 25.07.2019 околу 10.00 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Курилово“-Берово, Б.Т.(63) од Берово управувајќи трактор на сопствениот имот изгубил контрола, се превртел и паднал под тракторот, по што починал на местото на настанот. Увид на местото  извршил Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

Македонија | пред 6 години

mrezi

Албански државјанин затекнат при незаконит риболов во Охрид

На 25.07.2019 во 13.00 часот во СВР Охрид бил приведен Д.А. (46) од Република Албанија, поради тоа што бил затекнат при незаконит риболов во Охридското езеро. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

67325343_10156551814413263_1545433583626223616_n

ФОТО-ПРИКАЗНА: Скопје по земјотресот, како се градеше градот на солидарноста?

Градот Скоп­је денеска ја одбележува 53-та го­диш­ни­на од ка­та­стро­фал­ни­от зем­јо­трес. Утро­то на 26 ју­ли во 1963 го­ди­на, во 5 ча­сот и 17 ми­ну­ти, зем­јо­трес со ја­чи­на од 6,9 сте­пе­ни спо­ред Ри­хе­те­ро­ва­та ска­ла го срам­ни Скоп­је со зем­ја и го оста­ви гра­дот без си­те вр­ски со све­тот. За­ги­наа 1.070 ли­ца, по­ве­ќе од 4.000 беа по­вре­де­ни, око­лу 200.000 оста­наа без по­крив над гла­ва­та, 28.000 до­мови беа оште­те­ни и не­што по­ве­ќе од 15.000 ста­но­ви беа ур­на­ти. Пр­ви што им при­стиг­на­ле на по­мош на скоп­ја­ни би­ле вој­ни­ци­те и гра­ѓа­ни­те од по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски ре­пуб­ли­ки, а вед­наш по­тоа поч­на­ле да при­стиг­ну­ва­ат по­мош и спа­су­вач­ки еки­пи од це­ли­от свет. Спо­ред то­гаш­ни­те из­ве­штаи, 87 стран­ски на­ции ис­пра­ти­ле нај­раз­лич­на по­мош за Скоп­је и по­мог­на­ле во из­град­ба­та на но­во­то Скоп­је. Од то­гаш и Скоп­је го но­си епи­те­тот „град на со­ли­дар­но­ста“.Како се градеше Скопје?Обновата и изградбата на новото Скопје, односно развојот на модерната архитектура го карактеризираат неколку фази. Архитектот проф.д-р Михаил Токарев, во својот труд насловен како Историско-критички поглед на архитектурата, објавен лани по повод 50-годишнината од земјотресот, посочува дека првиот важен насатан во архитектурата е економска реформа во земја­та, со која привремено се забранува инвес­ти­рање во објекти од нестопанските деј­ности, односно во оние од високоградбата, што многу го стеснува прос­то­рот на архитектонското проектирање. Вториот важен настан претставува воведувањето на престижната Бор­би­на награда за архитектурата (1965), која уште повеќе го поттикнува нат­пре­варувачкиот дух меѓу архи­тек­тите во земјата. Професорот Токарев наведува дека развојот на модерната архитектура во Македонија од средината на 60-тите години е директно зависен од општествено-политичката состојба во СФРЈ, но и од економ­ски­те услови кои владеат во Републиката. Со економското зајакнување на земјата, во средината на 70-тите годи­ни започнува позасилена архитектонска активност, со што се создаваат рела­тив­но голем број разновидни квалитетни објекти и во Македонија.За победник на овој конкурс е прогласен афирмираниот јапонски архитект Кензо Танге, кој понудил ком­пактна изградба и релативна изолираност на градскиот цен­тар. Целата сторија на Фактор.мк

Скопје | пред 6 години

Borisav-Jovic-960x638

Измислена е македонска нација за да се создаде уште една измислена република, рече Бранислав Јовиќ од претседателството на Југославија

Претседател на претседателството на СФР Југославија од мај 1990 до мај 1991 година, Борислав Јовиќ излезе со шокантна теза за Македонија и за македонската нација во интервју за српски „Еспресо“.Од трите нации што ја сочинуваа Југославија – Срби, Хрвати и Словенци – сега постојат Македонци и Црногорци, кои беа Срби и беа обединети со Србија. Црногорците беа обединети со Србија во една држава што се викаше Србија, значи Црногорците се Срби. Измислена е македонска нација за да се создаде уште една измислена република. Таа македонска нација не ја признаваа ни грчката КП, ни бугарската КП. Јосип Броз не се грижеше многу за тоа, а сето тоа за да создаде што повеќе републики на просторите на српскиот народ, објаснува српскиот член на ексјугословенското претседателство.Оваа теза Јовиќ ја образложува во својата книга „Како Србите го изгубија векот“, во која за распадот на Југославија го обвинува пленумот на Комунистичката партија во Дрезден 1928 година.

Македонија | пред 6 години

dimitrov-riker

Рикер вели дека неговото срце ќе остане во Северна Македонија: САД секогаш ќе ве поддржува

Заменик помошникот секретар на САД, Филип Рикер, вели дека неговото срце секогаш ќе остане во Северна Македонија, а нашата држава ќе ја има поддршката од САД.-Чест ми е и радост што сум назад тука во Северна Македонија. Дел од моето срце секогаш останува тука во Северна Македонија. Вие секогаш имате поддршка од САД и секогаш ќе ја имате и мојата поддршка. Како поранешен дипломат на САД бев тука во тешкиот период на 90-тите, се вратив како амбасадор, а потоа како заменик асистент секретар за Европа. Драго ми е што сум тука да го изразам восхитот на САД за сето она што го постигнавте. Преспанскиот договор останува модел за храбри решенија. Вчера ми беше драго што можев да наздравам со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за вестите од Вашингтон. Сега ќе чекаме целиот Сенат да гласа за протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО, рече Рикер.

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva

Во телефонот на Катица пронајдени необјавени селфиња на Боки 13, коментира јавноста

Последните случувања поврзани со специјалната обвинителка Катица Јанева ја мотивираа твитер заедницата, кои преку иронични коментари ги коментираат истите.Катица Јанева беше отсутна една недела од СЈО, а потоа, се појави на прес-конференција. За истото време, извади боледување.Во меѓувреме, таа велеше дека го изгубила едниот телефон кој го бараше ОЈО како доказ во постапката за случајот „Рекет“ каде обвинет е Боки 13. Телефонот беше пронајден на сестрата од девојката на Лазар Јанев.https://twitter.com/birozvanosjo/status/1153925230567591936https://twitter.com/Nacalnice/status/1153733935085629441https://twitter.com/oneuniqueevil/status/1153637919250374658https://twitter.com/drakstor/status/1153623101852332034https://twitter.com/bonitopp/status/1153579983773818881 

Коментари | пред 6 години

zaev-ohrid

(ВИДЕО) Заев: Носењето на законот за СЈО ќе биде непријатно

Премиерот Заев посакува консензус во решавање на прашањето околу законот на СЈО и негово донесување заедно со опозицијата. Запрашан за појаснување околу неговата вчерашна изјава дека во случај да нема договор со опозицијата, законот ќе биде донесен „на непосакуван начин“, Заев вели:

Македонија | пред 6 години

222222

ВИДЕО: Песна снимена во тоалет - „Катица од Трето Три л’же, суши, лебати“

Актерот Сашо Тасевски повторно е хит на социјалните мрежи, откако доби инспирација од Катица Јанева и СЈО. Во песната за специјалната јавна обвинителка што ја објави на „Фејсбук“ Тасевски вели дека станала поголем рекет и од Новак Ѓоковиќ. Глумецот освен Јанева, спомува и политичари, новинари и обвинители, а пее на музиката и со дел од стиховите на песната „Наташа од трето три“, која во 1992 година на „Златно славејче“ ја пееше Леонид Ристев.„Катица од Трето Три л’же, суши, лебати. За мода фризура и кич, место ангел стана бич“, вели Тасевски и откри дека пее седнат во тоалет.https://www.facebook.com/sasho.tasevski/videos/10157361202442180/

Магазин | пред 6 години

riker-zaev

Рикер ја повика опозицијата да го поддржи новиот закон за Јавно обвинителство

Време е работите да се придвижат за доброто на земјата, времето за игри е поминато, истакна американскиот в.д. помошник државен секретар, Филип Рикер, на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за новиот закон за Јавно обвинителство.„Ова е клучно за процесот на евроинтеграции, но и за граѓаните. Времето да се задржува ова од страна на опозицијата треба да заврши и се надевам ќе имаат конструктивен пристап. Мора да видиме разумни напори, закон за Јавното обвинителство мора да се придвижи, а неговото усвојување сега значи дека тоа повеќе нема да биде ‘прашање‘ и ЕУ ќе може да ги отвори пристапните преговори наесен“, рече Рикер на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев по средбата во Владата.

Македонија | пред 6 години

fatime-fetai

Партијата Алтернатива на Африм Гаши ја предлага Фатиме Фетаи за шефица на новото обвинителство

Сега, кога треба да се избира новото име за управување со новото Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока, ја предлагаме обвинителката Фатиме Фетаи да раководи со него, велат од партијата Алтернатива на Африм Гаши.„Како кадар која досега не оставила зад себе траги од злоупотреба на службената должност и како професионалец во борбата за правда, убедени сме дека може да ја врати довербата во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои се толку длабоко вкоренети во нашата земја. Се надеваме дека и другите политички фактори во земјава ќе рефлектираат во однос на овој предлог и ќе ги надминат нивните етнички и политички линии за да и гарантираат на Северна Македонија правда, која ќе биде клуч и за владеењето на правната држава, но и за а долгоочекуваната евро-атлантска интеграција“, наведуваат од Алтернатива. 

Македонија | пред 6 години

apsi

Косовски државјанин баран од Интерпол уапсен на „Јажинце“

На 25.07.2019 во 17.45 часот на граничен премин „Јажинце“, на влез во РС Македонија,  бил приведен Ј.Х.(37) од Косово поради тоа што при извршена контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп листата со мерка „Лиши од слобода“ по барање на Интерпол. Во 20.45 часот лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

kokain-2

Приведени албански државјани – во автомобилот им бил пронајден кокаин

На 25.07.2019 околу 22.40 часот на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, во близина на „Ростушко анче“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Жировница ги лишиле од слобода албанските државјани К.Л.(21) и Р.С.(43). При претрес во нивното возило „Фолксфаген туарег“ со албански регистарски ознаки бил пронајден кокаин. К.Л. претходно се обидел да избега, но набргу бил фатен. Двајцата биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

los-angeles

Mасакр во Лос Анџелес - го убил татка си, братот и уште две лица

Еден 26-годишен маж од Лос Анџелес го убил својот татко, брат и уште две лица и бил уапсен после 12 часа потера. Портпарол на локалната полиција го идентификува осомничениот како Џери Зарагоза.Пукањето почнало во стан во кој осомничениот живеел со своите родители околу два часот после полноќ. Околу 45 минути потоа убил и познаничка на бензинска пумпа во северниот дел на Холивуд. Според некои медиуми, таа му била поранешна девојка.Тој пукал и во работникот на пумпата кој во тешка состојба е пренесен во болница, а потоа и во човек кого се обидел да го ограби на банкомат.Пред да биде уапсен, Зарагоза убил уште еден маж во автобус. 

Свет | пред 6 години

otpad

Голема акција за чистење на Општина Аеродром

Општина Аеродром во соработка со Град Скопје и јавните претпријатија утре ќе организира голема акција за чистење на целата територија на Општината што ќе опфати метење и миење на улиците, кастрење гранки и косење трева, како и чистење на дивите депонии на територијата на Општината.Во чистењето ќе бидат вклучени 80 работници, општинската администрација и доброволци граѓани на Општина Аеродром. Чистењето ќе се одвива од Железничка станица, па сè до населбата Ново Лисиче.Во рамките на оваа акција, во соработка со „Комунална хигиена“, ќе бидат поставени и контејнери за собирање кабаст отпад на следниве локации:улица „Коста Новаковиќ“ бр. 29 во Стар Аеродром,булевар „Јане Сандански“ бр. 72 зад ТЦ „Бисер“ иулица „Димитар Туриманџовски“ спроти амбулантата во населбата Лисиче.Општина Аеродром апелира до граѓаните совесно да се однесуваат со отпадот  и правилно да го селектираат на соодветните места.

Скопје | пред 6 години

riker-zaev

(ЖИВО) Прес конференција на премиерот Заев и помошник државниот секретар на САД, Рикер

Премиерот Зоран Заев и в.д. помошник државниот секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, ќе одржат заедничка прес конференција по денешната средба во Влада. Прес конференцијата можете да ја следите овде во живо.Темите на кои Рикер ќе се задржи, според најавата на Стејт департментот, се билатералните односи и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот. Се очекува да стане збор и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО.

Македонија | пред 6 години

ulica-koli

Возачите во Скопје и натаму возат пијани, без возачки, со нерегистрирани возила

Еден возач на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден возач на мотоцикл се здобиле со тешки телесни повреди, а 11 лица со лесни телесни повреди во осум од вкупно девет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во една сообраќајна незгода е причинета материјална штета.Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје исклучени се 25 возачи кои се движеле со поголема брзина, седум возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 19 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници.За непрописно паркирање на моторни возила се издадени 68 казни, 18 казни за нерегистрирани возила, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 55 возила.Евидентирани се и 15 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин и еден за неправилно престројување.Казнети се и девет возачи кои не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, девет за неносење сигурносен појас за време на управување на моторни возила и 18 за користење на мобилен телефон за време на управување моторни возила.

Скопје | пред 6 години

pomos_igor

Да бидеме хумани за Игор: Има болест на нервниот систем, Фондот не му ги покрива трошоците

Овој човек секогаш бил хуман, а сега истиот има потреба од нашата хуманост!Игор Петрески кој со своето семејство живее во Кичево боледува од „Мултиплекс Склероза“, болест на нервниот систем која за жал прогресира и во моментов Игор е во инвалидска количка.За таа цел потребно е да се изврши интервенција со матични клетки во соседна Србија, Белград потточно во „IM CLINIC“ каде за тој медицински зафат се потребни 18.600€Третманот со матични клетки Фондот за Здравство не го покрива бидејќи станува збор за алтернативно лекување.Да му помогнеме на Игор кој е сопруг на жена-херој Марија и татко на 3 малолетни златни дечиња, исто така беше и службено лице во редовите на МВР.Да му помогнеме за конечно да застане на нозе и повторно да му се насмевне на животот! Од денес се активни и донации преку: Т-Mobile: 143106 VIP: 143600Со секој ваш повик, донирате 100 денари.Или директно на денарска сметка:250-0320004052 – 59Шпаркасе БанкаИме и Презиме: Игор ПетрескиДа бидеме хумани, да помогнеме, сме покажале и да покажеме повторно дека сплотено и здружено можеме како и секогаш да помагаме кога е најбитно!

Македонија | пред 6 години

1921997_screenshot-2_ls-225931

Харадинај се врати од Хаг, продолжува да раководи со Владата

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај соопшти дека доцна синоќа од Хаг се вратил во Приштина и за денеска во 14 часот закажа редовна седница на Владата.Харадинај на Фејсбук напиша дека неговата невиност не може да се доведува во прашање и оти никаква злоупотреба не може да го наруши сувереното право на Косово.– Границите на Косово не смеат да бидат ничија работа. На Косово не може да му се наметне „Додик Република“. Безусловен дијалог, веднаш, објави Харадинај.Тој вели дека до него стигнале гласини оти извршувањето владини должности по оставка не е уставно, но наведува дека не може да се осуди да остави вакуум, затоа што Косово не може да сноси последици од вакуум во власта.Тој ги повика партиите кои мислат поинаку да се обратат до Уставниот суд и истакна дека ќе ја почитува одлуката на тој суд.Во меѓувреме, весникот „Зери“ пишува дека министрите од Демократската партија на Косово (ДПК) одбиле да присуствуваат на владината седница.Некои од министрите, кои се дел од ДПК, коалициски партнер на партијата на Харадинај, своето отсуство го оправдале со тоа дека се надвор од земјата.Пратениците пак, потсетија дека по оставката на Харадинај од функцијата премиер, сегашната Влада повеќе нема право да донесува одлуки.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања