Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

bankomat-12

Не работат сервисите на Комерцијална банка

Од Комерцијална банка АД Скопје попладнево испратено е соопштение во кое се вели дека поради технички проблеми, не се достапни услугите за нивните клиенти.Наскоро ќе функционираат сите банкомати на Комерцијална банка. Активностите поврзани со функционирањето на останатите сервиси се во тек, за што дополнително ќе известиме, соопшти Комерцијална банка.

Македонија | пред 6 години

CAE094F6-E86E-418F-BE9F-13F75A85D978

(ВИДЕО) Скопје тагува: 56 години од кобните 20 секунди кога градот беше погоден од катастрофалниот земјотрес

И по 56 години од катастрофалниот скопски земјотрес сѐ уште се свежи сеќавањата на старите скопјани. Велат болката по загубените семејства е голема. Иако поминал повеќе од половина век, раскажуваат за разурнатите домови и објекти кои како кули од карти згаснувале пред нивните очи.„Беше мугра. Одеднаш се слушна силно мјаукање на мачки, лаеж на кучиња, а страотни крикови на животни се слушаа дури и од Зоолошката градина. Јата птици во хаотичен лет одлетаа од покривите...На улицата се појави наезда на стаорци кои бегаа од подрумите на сите страни. Веднаш потоа завладеа страшна, злокобна тишина. А по неа, силен татнеж. Облак од густ прав ја покри улицата. Кога правот се сталожи, видов дека се е претворено во пепел."Ова е само едно од многуте сведоштва за утрото на 26-ти јули 1963-та година, кога земјотрес со јачина од 9 степени според меркалиевата скала во 5 часот и 17 минути го разбуди и го разруши Скопје. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 150.000 квадратни километри, најсилно низ долината на реката Вардар (5-6 степени), но и низ цела Македонија (4-5 степени), па и во соседните држави. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1070 негови граѓани, а биле повредени над 4000 граѓани. Штетата од земјотресот е проценета на 15% од БДП-то на цела Југославија за таа година или во денешна вредност помеѓу 3 и 5 милијарди долари, односно повеќе од целиот годишен буџет на Република Македонија. Апаратите до крајот на денот регистрираа 122 потреси, а уште 411 до крајот на годината. Земјотресот траел 20 секунди.

Скопје | пред 6 години

FCA136BA-FD0A-4685-A4A5-607F34985B5B

Денеска е празнкот св. Архангел Гаврил, овие работи не смеете да ги правите

Денеска е Свети Архангел Гаврил, во народот овој празник е познат и како летен Архангел, а за него се врзуваат и многубројни обичаи. На оние кои ја почитуваат верата на тој ден им е забранета скоро секаква работа.Свети Архангел Гаврил се празнува веднаш по празникот Благовештение како учесник во настанот, односно како гласник на зачнувањето на Спасителот. А денес црквата се сеќава и ги слави сите негови јавувања на човечкиот род од почетокот на времето се до денес. Инаку, овој празник е најверојатно за прв пат востановен во деветтиот век на Света Гора Атонска.Именден празнуваат: Гаврил, Габриела и др.Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога.Поради тоа се верува дека на денот на Свети Архангел Гаврил треба да се одмори и дека не треба да се работи за себе или за пари, но и дека ова е најдобро време за отпочнување на каква било доброволна работа.Св. Архангел е посветен на доброто и давањето, па така и луѓето треба да се сетат на своите блиски како и на оние кои имаат помалку од нив.

Магазин | пред 6 години

Branko-Geroski-zoran-zaev

Геровски за борбата со лажни вести: Дечки кој ве учи вака? Ја загрозувате слободата на говор

Ова веќе е сериозен теоретски придонес во развојот на политичкиот и правниот волунтаризам во Северна Македонија, ова преку Фејсбук статус го потенцира новинарот Бранко Героски во врска со новиот план на Владата за цензура на медиумите.-И сега, претпоставувам, кога Акциската група ќе презема активности за “одбрана на демократијата”, како дефиниција на тоа што е “напад врз демократијата” ќе го користи овој ФБ статус на Забрчанец. Дечки, кој ве учи вака? Вака ли се градат демократски институции и практики? Не другарчиња, ова е класичен политички и правен волунтаризам. Поткопување на темелите на демократијата. И сега ќе ви дадам една куса, бесплатна лекција – за повеќе да се пријавите во надлежниот факултет во Скопје! – за да сфатите колку сте несериозни и неуки. А првиот чекор кон знаењето е човек да сфати дека ништо не знае. Ова мора да сте го чуле, реферирам на мисла на познат грчки од нас неукраден филозоф…Значи, вака стојат работите:Според Европската конвенција за човекови права, слободата на јавно изразување може да се ограничи заради заштита на некои општествени вредности (државни интереси, државна тајна, јавниот морал и слично – сите прецизно се назначени), но посебно е нагласено дека ограничувањата на оваа слобода МОРА ДА СЕ ПРОПИШАТ СО ЗАКОНИ. Не е дозволено слободата на јавно изразување да се ограничува поинаку, со владини одлуки, волунтаристички и на друг начин што не е пропишан со закон.Забрчанец веројатно не знае, но во нашиот правен поредок, со неколку закони веќе е ограничена слободата на јавно изразување – Кривичниот законик тоа го прави во неколку кривични дела (говор на омраза, на пример, е едно од нив), клеветењето и навредувањето е санкционирано со граѓански закон итн.Никој нема право да ја ограничува слободата на изразување на поинаков начин освен со закон. Нашето општество е пермисивно, а тоа значи дека сė што не е забрането со закон, дозволено е.Предупредувам дека секоја активност на Акциската група според разбирањето на Забрчанец, секое дејсвтвие кое нема да има подлога во законските ограничувања, може и ќе биде оспорено како противуставно, односно како кршење на членот 16 од Уставот кој забранува цензура.Им препорачувам на Забрчанец и на неговиот шеф, премиерот Зоран Заев, да си ангажираат сериозен правен ескперт да им ја објасни праксата на Европскиот суд за човекови права, кој суди врз основа на конвенција чиј потписник е и Македонија.Па потоа, ако инистираат на оваа глупава флоскула, некаде, во некој закон, да го опишат делото “напад врз демократијата” и да го санкционираат.А министерката Рената Десковска ја замолувам уште утре изутрина на Забрчанец да му објасни што значи правниот принцип “nullum crimen sine lege”.Доста глупирање!, стои во неговиот статус на Фејсбук.

Коментари | пред 6 години

avtobuska-lugje-partizanska-vreme-leto

Избегнувајте да шетате надвор: Времето ќе биде сончево со температури до 37 степени

Во нашата земја денеска времето ќе биде сончево и многу топло, со локален развоој на умерена облачност.Температурата ќа се движи од 18-37 степени. Во Скопје ќе има слично време, со максимална температура до 36 степени. УВ индексот ќе достигне 9.Во наредниот период ќе се задржи топло време. Од сабота во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Катица Јанева има недвижен имот во Грција, а еден од осомничените за рекет во Хрватска

Патетично е веќе да слушаме од владините пропагандисти дека ризикуваме оти медиумската врева против Заев и неговата Влада, ќе го вратела ВМРО-ДПМНЕ на власт. Мицкоски и неговата партија која е заробена во заштитништвото на режимот и Фамилијата, денес се поживи од кога и да е, не поради медиумската врева, туку со огромна заслуга на Катица Јанева и Зоран Заев, двата симбола на борбата против злотоСЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“ ДОБИВА МЕЃУНАРОДНИ ДИМЕНЗИИОткако биле информирани за случајот со изнуда на пари, амбасадите на две земји-членки на ЕУ алармирале до двата најголеми светски центри. Според сознанијата со кои располагаме, тоа иницирало истрага од страна на надлежен европски орган, која досега утврдила дека еден од осомничените во случајот поседувал недвижен имот во Хрватска, а обвинител имал имот во соседна ГрцијаСЕ СТЕСНУВА ОБРАЧОТ ОКОЛУ КАТИЦА ЈАНЕВАЌе ја седне ли случајот „Рекет“ и шефицата на СЈО, Катица Јанева, на обвинителна клупа? Ова е најчестото прашање, кое во изминативе десетина дена си го поставува јавноста. Нејзиното правдање дека „не е знајала“ што Боки ѝ правел зад грб, не увери, ама баш никогоРИЧАРД БЛЕР: СЕКОГАШ ПОСТОИ МОЖНОСТ ДЕМОКРАТИЈАТА ДА БИДЕ ЗЛОУПОТРЕБЕНА ЗА ЛИЧНИ ИНТЕРЕСИЕдинствениот наследник на Џорџ Орвел, неговиот посвоен син, Ричард Блер, во ексклузивно интервју за „Фокус“ говори за својот славен татко, кој го памети малку зашто починал од туберкулоза додека тој имал шест години, за најважните пораки од прочуените книги „1984“ и „Животинска фарма“, за Фондацијата Орвел што ја води и книжевната награда што секоја година ја доделува, за иднината на Британија надвор од ЕУПрочитајте го целиот текст во НЕДЕЛНИКОТ ФОКУС И Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

filip-riker

Секретарот на САД со државниот врв ќе ги решава проблемите на државата

Вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во работна посета на нашата држава, денеска во Скопје ќе има средби со државниот врв, а ќе разговара и со претставници на опозицијата.Предвидено е Рикер да има средби со претседателот на државата Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери, со премиерот Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, за време на посетата на Собранието, покарј со Џафери, ќе има средби и со пратениците од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Македонија | пред 6 години

avtobus-1-1

Снимки од несреќата кај Врање, во билница завршија 21 војник

На брдото Прзар над Врање се преврте автобус во кој се превезувале повеќе од 20 лицa, пренеусва Танјуг според изјавите на Брзата помош од Врање. Министерството за одбрана соопштува дека сите повредени се надвор од животна опасност.Несреќата се случила околу 13 часот и 30 минути, а на местото на несреќата пристигнале шест лекарски екипи кои хоспитализирале 21 пациент во болница, наведуваат од Брзата помош во Врање.Според нивната проценка две лица се тешко повредени. Како што пренесуваат медиумите, автобусот кој се превртел превезувал припадници на Српската војска. Исто така станува збор за автобус кој се движел од правецот Голема Села кон Врање.Министертсвото за одбрана соопштило дека во автобусот се возеле 23 припадника на 21 бататаљонот на копнената војска кои се враќале од редовна задача и дека сите повредени се надвор од животна опасност.ВИДЕОТО ВИДЕТЕ ГО ТУКА 

Свет | пред 6 години

64333563_470565253504830_2840116900518690816_n-696x463

Новата амбасадорка на САД се сретна со Митко Јанчев

Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Заедно со неа на средбата во Кавадарци допатува и помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер.Според Јанчев, средбата била работна и се случила во неговиот кабинет.-Ова е моја прва средба со новата амбасадорка Кејт Мари Брнз. Голема чест ми е што бев домаќин на високи политички претставници, како што се господинот Рикер и госпоѓата Брнс. Нивната посета е од големо значење за Кавадарци – ни изјави градоначалникот.Кејт Мери Брнз е наследничка на функцијата од нејзиниот претходник Џес Бејли.Таа има 26 – годишен стаж во Дипломатската служба на Стејт департментот и има добиено осум награди за Највисока чест и за Заслуги и Награда за служба, како и две награди за заслуги за цивили службеници од Одделот за Армија на Министерството за одбрана на САД. Потекнува од Сарасота, Флорида, и е во брак со Лари Скот Гејџ, пензиониран полковник на Морнарицата на САД.За средбата, прочитајте повеќе на Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

Summerland-1

Шилегов два дена ќе чисти, а ако фрлате ѓубре - ќе ве казни

Утре и задутре градот Скопје генерално ќе се чисти најави градоначалникот Петре Шилегов. Акцијата ќе биде реализирана со сите ресурси и капацитети на јавните претпријатија и пет општини.„Оваа акција ќе ги вклучи сите технички и човечки потенцијали кои ни стојат на располагање, ќе се метат и мијат улиците, ќе се крпат дупките и ќе се поткаструва зеленилото. Ги повикуваме граѓаните кои сакаат да живеат во чист градот да се вклучат во акцијата. После ваквата акција за масовно чистење на нашиот град ќе следи засилен инспекциски надзор и од Градот и од Општините, со цел да се спречи создавање на диви депонии“, рече Шилегов.Генералката ќе опфати чистенје на депонии миење на улици рече Шилегов и додаде дека по чистењето ќе бидат засилени инспекциските контроли и казни од несовесните граѓани кои ќе продолжат да фрлаат ѓубре и да ја загадуваат околината. 

Скопје | пред 6 години

siromastija

Во државава нема пари ни за храна: Над 70.000 јадат само 2-3 пати неделно

Откако на седницата на 5 јули, Владата ја усвои Информацијата за изготвување закон за донирање на вишокот на храна, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби задача до 5 август да го достави Нацрт-законот, а Министерствата за труд и социјална политика и за локална самоуправа се задолжени, во рок од 15 дена да изградат заеднички став во однос на дефинирањето корисници на храната што ќе биде донирана, односно, да определат критериуми што треба да ги исполнуваат корисниците на храната што ќе биде донирана, како и во однос на мониторингот на распределбата на вишокот на храна до крајните корисници.Работната група за изработка на Закон за донирање вишок храна беше составена од претставници од петнаесеттина институции и четири граѓански организации, а координатор беше Агенцијата за храна и ветеринарство.Според дел од активистите, битен сегмент од предлог законот е дека институциите и координаторската АХВ, се согласиле да се востанови терминот „вишок храна...“, што досега го немало во ниеден закон, ниту правилник во актите кои ја уредуваа оваа материја.Прочитајте ја целата анализа на „Гласот на Америка“

Македонија | пред 6 години

zaev-sobranie

Заев: Нема лекови оти доктори даваат рецепти, а пациентите ги препродаваат апчињата

Претседателот на Владата Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања обелодени причини откриени низ анализа, зошто граѓаните во државава не можат да дојдат до лекови на рецепт во текот на целиот месец, туку само на почетокот на месецот.-Еден дел на проблемот се јавува кога се издаваат фиктивни рецепти од страна на лекари и истовремено, со добро организирана форма, аптеки, фиктивните рецепти ги примаат и лековите доаѓаат кај луѓе без пари, потоа се тргува со нив во државава и во земји надвор од државава. Тие се незаконски криминални активности, правиме сериозни истраги, ги засиливме мерките на контрола. Од 1 септември до 1 октомври мислам дека ќе го имаме решението. Целта е граѓаните да добијат лекови во кој било дел од месецот, рече премиерот Заев.

Македонија | пред 6 години

Ejup-Alimi

Пратеникот на ДУИ, Алими: Срам ми е што сум дел од Собраниево, апсете ме, а вие премиере засрамете се

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими на денешната седница за пратенички прашања во Собранието, бурно реагираше на апсењето на поранешниот припадник на ОВК, Томор Морина.Тој вчера беше уапсен врз основа на потерница на Интерпол издадена од соседна Србија.„Мене ми е срам што сум дел од ова Собрание. Апсете ме слободно, еве го повикувам министерот Спасовски да го стори тоа. Да се избришат постапките на Милошевиќ, а вие премиере Заев треба да се засрамите“, истакна Алими.

Македонија | пред 6 години

52412044_10218109992082545_7752636597455028224_n

Адвокат за инцидентот со таксистот и жената: Направено е насилство, не прекршок!

Адвокатот Драган Пешевски вели дека се исполнети условите таксистот кој натепа жена на улица, да одговара за насилство, а не за нарушување на јавниот ред и мир.„Дали настанот со нападот врз жената предизвика чувство на страв и несигурност - да. Епа драги другари од МВР тоа е исполнување на битието на кривичното дело по член 386 од Кривичен Закон на Р.М. или преведено насилство а не прекршок. П.С. ако госпоѓата се задобила со телесни повреди или недајбоже тешки телесни повреди го прават делото квалифицирано односно од потежок тип. НЕ за насилство!“, напиша Пешевски.

Коментари | пред 6 години

raskoski

Рашковски е недопирлив, а Заев нема причина да побара оставка од секретарот

Апсолутно не видов никаква причина да прифатам оставка од Рашковски, кој двапати дојде и ми рече „не ја разбирам политиката, јас доаѓам од Универзитет, не сум бил политички на раководни функции, ако е политички исправно јас сум подготвен да заминам“, одоговори денеска премиерот Зоран Заев, на 107-та седница на Собранието, на прашање од пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, зошто не побарал одговорност од Рашковски по скандалот со објавените видеа.– Набавката на радарската опрема во МНАВ, комплетно со одлука за избор на јавна набавка, е завршена во 2016 година. Владата и генералниот секретар се во канцеларијата на Владата од 1 јуни 2017 година. Јавната набавка е завршена тогаш, од директор, кој е татко на поранешниот министер за надворешни работи Никола Попоски. Разговорот се водел со цел да се убедат директорите на МНАВ да потпишат договори и да одат во имплементација. Но знаејќи дека бандитска власт била претходно и не е така лесно, но влегле во имплементација и затоа се закажани состаноците. Јас имам одржано состанок со МНАВ на ова прашање зборувајќи „ајде луѓе треба да се реализира, имате пари, кредитна линија, Европска банка за обнова и развој беше консултант во целата постапка и треба да се реализира. Апсолутно не може да се каже дека некој барал провизија прво на затворено, а второ на осум луѓе кои седат на состанок, истакна премиерот.Заев нагласи дека се спроведува истрага и во Антикорупциска и во Обвинителство за евентуална злоупотреба, но оти постои и истрага за неовластено снимање и пуштање во промет на снимки.– Апсолутно не сум видел одговорност, за да побарам одговорност или да прифатам понудена одговорност, потенцираше премиерот.Затуроска, посочи дека наместо одговорните да ги гонат тие што направиле криминал тие ги гонат оние кои што го откриваат криминалот.– Така, на тој начин и господинот Рашковски кажа – лепеле, монтирале и така натаму… Не може да владеете три години на начинот на кој што владеете. Да го стегате народот за да можете вие така слободно да пливате во водите на криминалот. Не може вие да го амнестирате Рашковски за нешто што целата јавност го слушна. Само кај нас имаме вакви изместени вредности во сферата на правото додека ЈО, што требаше да се занимава со овој случај, гледаме никаде го нема, се мачи Антикорупциска, прибира некои материјали, тоа е се со цел за да се одолговлечи процесот и наместо одговорните да ги гонат тие што направиле криминал тие ги гонат оние кои што го откриваат криминалот. Такви изместени вредности имаме во нашата држава. Поради тоа сакате да го оставите господинот Рашковски кој што ви оди во вашиот терк, а ние ќе сечеме, ќе монтираме, ќе лепиме и ќе додаваме, истакна пратеничката.

Македонија | пред 6 години

tramp-111

Турција се заканува на САД

Турција ќе се повлече од Договорот со ЕУ за реадмисија на мигрантите, склучен во 2016 година, како одговор на санкциите на Брисел против Анкара поради истражувањето гас во кипарските води. Тоа во интервју за турска телевизија го изјави министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.Додека САД размислуваат за санкции спрема Турција заради неодамнешното купување на руски ракети, Анкара предупредува дека американската употреба на критична воздухопловна база може да биде доведена во прашање.САД со децении ја користи базата Инџирлик, која се смета за инсталација од витално значење и за израз на стратешките односи меѓу двете НАТО членки.

Свет | пред 6 години

wizzair-1-750x400

Важна инфомација од „Визер“ за евтините летови

Основачот на авио-компанијата Виз ер Јозеф Варади ги советува клиентите да уживаат во ниските цени на картите, затоа што нема така долго да останат евтини.На конфереција во Виена, тој рече дека предвидува поскапување на авио-картите во следната година. „Цените ќе се стабилизираат“, додаде Варади.Унгарската авио-компанија се стационира на виенскиот аеродром во пролетта минатата година, а иако закумнините се скапи, сепак Варади порачува дека оваа нискобуџетна компанија ќе остане во главниот град на Австрија.Варадаи на конференцијата зборувал и за амбициозните планови на Виз ер. „Визер“ воведува нов лет од Охрид до Дортмунд Нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ воведува нова линија Охрид-Дортмунд.На новата релација „Визер“ ќе лета двапати неделно, секој вторник и сабота. Таа е дел од четирите нови авиолинии што ги воведува авиокомпанијата од аеродромот „Св. Апостол Апавел“ во Охрид предвидени со Договорот за субвенционирање со Владата, покрај кои се воведоа и четири нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје.Од двата македонски аеродроми, во Скопје и Охрид, Виз ер опслужува 39 рути до 16 држави. Од месец март годинава исто така се лета со цени од 20 евра до Малме и Милано.Со овие авиолинии оперира Визер а покрај тоа што станува збор за нискобуџетни летови, билетите ќе бидат уште поевтини, затоа што се работи за нивно субвенционирање, откако „Виз ер“ го доби новиот оглас на Министерството за транспорт и врски, а услов да се добијат петте милиони евра во наредните три години беше воведувањето на нови линии, особено од Охрид.„Визер“ превезе преку 1,4 милиони патници на своите летови од и кон Македонија во 2018 година, што претставува раст од 14,4 проценти во однос на претходната година. Авиокомпанијата имаше пазарен удел од 62 отсто, а во 2018 година на неа отпаднаа 85 отсто од сите патници кои патувале со нискобуџетни превозници во Македонија

Магазин | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Катица од СЈО имала швалер, мене ми диши задната на точакот - секој со своите проблеми, вели твитер заедницата

Не стивнуваат рекациите на јавноста за специјалната обвинителка Катица Јанева. Твитер заедницата продолжува со шеги на нејзина сметка, откако таа претходно, тврдеше дека го изгубила телефонот кој Обвинителството за организиран криминал го бараше да го одземе како доказ во постапката за „Рекет“. Потоа се откри дека телефонот бил кај сестрата на девојката на Лазар Јанев.Дел од реакциите во продолжние:https://twitter.com/Yoda_mk/status/1154488605714206721https://twitter.com/Moskopole/status/1154422263493664769https://twitter.com/zojastoja/status/1154391695443845120https://twitter.com/Yoda_mk/status/1154491245840011265https://twitter.com/bonitopp/status/1154439271350190080  

Коментари | пред 6 години

soobrajana-nesreka

ФОТО: Две лица тешко повредени, шест со полесни повреди по сообраќајката кај Катланово

Две лица се тешко повредeни, а уште шестмина се здобиле со полесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи претпладнево на автопатот Велес – Скопје, меѓу две патнички возила, едното од Велес, друго од Германија и товарно возило со скопски таблички, потврдија од МВР.Според податоците на МВР, околу 11:55 часот на автопатот Велес – Скопје, атар на село Катланово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“, со велешка регистрација кое го управувал 32 годишен велешанец, патничко возило „ауди“ со германски национални ознаки кое го управувал германски државјанин и товарно возило „ивеко“ со скопски таблици кое било запрено од 44 скопјанец.Со тешки повреди се здобиле двајца сопатници во возилото „ауди“ од Германија, а возачот и уште една сопатничка во аудито се здобиле со телесни повреди, како и четири сопатници во возилото „алфа ромео“.СВР Скопје направи увид на местото на сообраќајната несреќа.

Македонија | пред 6 години

zaev-121

Владата не трпи критики и сака цензура или и сметаат само лажните вести?

Власта сака да ги замолчи новинарите, обвинува најголемата опозициска партија, по вчерашниот предлог на Владата да формира Акциска група во борба против лажните вести. Според ВМРО ДПМНЕ, планот на премиерот Заев да отвори фронт против пласирање на дезинформации во јавноста е план за вовед во целосна цензура.Во одбрана на новата мерка, од СДСМ повторуваат дека таа нема намера да воведе никаква цензура, ниту пак ограничување на слободата на говорот.Предлог планот на Заев за спречување на лажните вести не наиде на одобрување ниту кај новинарскиот еснаф. Од Здружението на новинари на Македонија посочуваат дека дел од мерките во планот на Владата се проблематични и загрижувачки.Првичната оценка содржи точки поради кои изразуваме загриженост. Во насока на исклучување на сомнежи за злоупотреба на обврската на Владата да ја гарантира слободата на изразување, од исклучителна важност е процесот на консултации за овие теми да биде максимално инклузивен и транспарентен од самиот почеток. Освен тоа, Владата треба да знае дека дефинирање на професионални стандарди и оценката за тоа дали некој новинар или медиум е етичен, може да ги прави исклучиво новинарскиот еснаф и јавноста, а не владина институција или каква било работна група во рамки на Владата, наведуваат од ЗНМ.Токму отсуството на претставници од новинарската фела во Акциската група за борба против дезинформациите е една од главните забелешки. Дали нешто ќе биде оценето како лажна вест, предвидено е да определуваат разни владини претставници, кои ќе ја сочинуваат оваа група.Планот на Владата во борба против лажните вести опфаќа и низа безбедносни мерки кои треба да ги спроведат релевантните институции.

Македонија | пред 6 години

zena

По инцидентот со натепаната жена, Јоци: Видовме класично насилство, прекумерна сила и агресија

Откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како таксист претепа жена, бурни реакции пристигнаа од јавноста. Меѓу нив и од новинарката Јорданка Ивановска-Јоци.„Да им појаснам на македонскиве мажи и жени кои не разбираат што е насилство, па за денешниов настан со таксист и бутната жена на тротоар велат ,,ако, така и' треба, му ја кршеше колата, од која заработува".1. Правниот систем под кршење на бришач, подразбира прекршочно дело, а буткање на земја, ваков физички контакт со друго лице каков што видовме, кое паѓа на земја и може да има здобиени повреди е насилство ,,бај д бук" и е кривично дело.2. Самоодбрана е дозволена.Денеска немаше самоодбрана.Пад на земја, доведува и до повреди на тело, скршеници, повреди на глава, и можен излив во мозок, хематом, смрт.3. Ви советувам да не влегувате во физички контакт со било кого во живот, бидејќи потоа животот може да ви стане пекол.  Доколку влезете, пошто не читате книги и немате појма од животов, а притоа жртвата е пописмена од вас и помоќна на општествено ниво, реши да ве влечка до пеколот и назад, нека ви е со среќа. Пошто нема да се извлечете.Ова денеска што го видовме е класично насилство, прекумерна сила и агресија. Без разлика како почнала причата. Се вади клуч од кола и се ѕвони на 192.4. Тука дијазепами не помагаат.И веќе кога сме на темата, во Македонија секоја трета жена е жртва на семејно насилство, физичко и психичко. Ова се официјални податоци“, пишува Јоци.

Коментари | пред 6 години

han-i-vuchik

Хан го искара Вучуќ поради застојот во дијалогот со Приштина

Датумот во октомври  ке го добиете, но Македонија ке  мора да докаже дека цврсто гази по патот на правдата,  порача еврокомесарот Хан во Скопје. Според него, во следниве два месеца е клучно   да се донесе  закон за  јавно обвинителство кој ке биде функционален во борбата против корупција.  Унијата при тоа има и црвени лини: никој не смее да биде амнестиран ако се огрешил од законот, вели Хан.Еврокомесарот за проширување, по посетата на Скопје, денеска попладне пристигна во дводневна посета на Белград и веднаш по пристигнувањето се сретнал со претседателот Александар Вучиќ, пренесува Курир.рс.Според овие информации, Вучиќ и Хан посебно разговарале за застојот во дијалогот меѓу Белград и Приштина и новосоздадената ситуација после оставката на премиерот на Косово Рамуш Харадинај.

Свет | пред 6 години

dimitrov-riker

(ФОТО) Димитров и Рикер слават со вино: Наздравје за идното сојузништво со САД

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Филип Рикер е во дводневна посета на земјава. По посетата на Грција која траеше од понеделникот, тој денеска беше во Битола, каде што имаше средба со градоначалничката, Наташа Петровска. По средбата немаше изјави, туку само соопштение.Во меѓувреме, министерот за надворешни работи, Никола Димитров објави фотографија каде тој заедно со Рикер наздравува со чаша вино за ратификацијата за нашето членство во НАТО во Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД.„Помина ратификацијата за нашето членство во НАТО во Комитетот за надворешни односи во Сенатот на САД. Наздравје со Филип Рикер за идното сојузништво!“, напиша Димитров

Македонија | пред 6 години

ZAEV-FAKENEWS

Закон за „фејк њуз“ и пропаганда: Па нека допишат таму и дека смее само да се фали Заев и решен проблем, вели јавноста

https://twitter.com/istoricarizsk1/status/1154429276541870080Најавената „борба“ на Владата против дезинформациите не може да се спроведува еднострано – за предлог акцискиот план да биде доследен во спроведувањето клучна алка лежи кај медимската јавност која не смее да биде исклучена едногласни се од ЗНМ и Советот за едика во медиумите.Токму најавата за оваа „борба“ од страна на премиерот Зоран Заев наиде на бурни реакции кај јавноста и твитер заедницата.https://twitter.com/Hank___Chinaski/status/1154483066506817537https://twitter.com/Badijaldzija/status/1154465739144757248https://twitter.com/istoricarizsk1/status/1154429276541870080https://twitter.com/DonRoko1/status/1154385861351530496https://twitter.com/saltwatered/status/1154366479804055552https://twitter.com/boni99943/status/1154359027385688065https://twitter.com/ABavcov/status/1154350347953090560https://twitter.com/Sulimanovic/status/1154341413733175297https://twitter.com/aerodrom1312/status/1154473431238242304https://twitter.com/PravednaTavita/status/1154463970180440064

Коментари | пред 6 години

han-zaev-2-36l3ledj0e1is34f73qfi8

Заев по пресот со Хан добил закана „куршум во глава“, случајот го пријавил во МВР

Премиерот Зоран Заев денеска од собраниската говорница ги информира пратениците дека ја пријавил заканата, која во порака на социјалните мрежи била напишана во коментар по пресот со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.-Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне, гласела пораката која ја прочита од својот мобилен телефон пред пратениците во Собранието, појаснувајќи дека коментарот во порака му го испратила неговата ќерка.Тој ова го кажа одговарајќи на пратенички прашања поставени од пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласковска, кои меѓу другото се однесуваа на четири случаи на мобинг.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања