Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Goce_Delcev_most

Од утре нов сообраќаен режим на мостот Гоце Делчев

Град Скопје ги информира граѓаните дека од утре (26.07.2019 година, петок), поради влегувањето во нова фаза на градежните активности за реализација на проектот „Реконструкција на дилатации на мост Гоце Делчев во двата правци“, ќе има промена во сообраќајниот режим на дел од бул. Гоце Делчев.Од утре, во правец од ТЦ Мавровска кон објектот на Влада на РСМ ќе се вози по две сообраќајни летни, а градежни активности ќе се изведуваат на една сообраќајна лента во овој правец (досега беа затворени две а сообраќајот се одвиваше по една лента).Во другата насока, во правец од Центар кон ТЦ Мавровска, од утре ќе се вози по една сообраќајна лента, додека две ќе бидат затворени и по нив ќе се изведуваат градежни работи.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Скопје | пред 6 години

sestra

Пациент нападнал медицинска сестра на дијализа во Штип

Медицинска сестра на дијализа во Штип била нападната од пациент. Според портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова настанот е пријавен вчера во 15 часот во полициската станица во Штип.В.Б. (57) од Штип пријавила дека истиот ден околу седум часот, додека била на работно место, била физички нападната од 55-годишниот А.Е. од Штип. Се работи на расчистување на случајот, вели Панајотова.Таа додава дека нотирана е и уште една измама со огревно дрво, но овој пат во светиниколското село Ерџелија-Во полициската станица Свети Николе било пријавено дека непознато лице со намера да се стекне со противправна имотна корист отишло во домот на З.М и Д.М. од село Ерџелија  и ги довел во заблуда  со лажно прикажување на факти  дека продава огревни дрва, вели Панајотова.Измамникот од ова светниколоско семејство зел 10.000 денари и заминал, откако увиделе дека станува збор за измама случајот го пријавиле во Полициската станица во Свети Николе. Инаку во рок од седум месеци ова е седма по ред измама на граѓани при купување на огревни дрва во општините од источниот регион, коишто се во надлежност на СВР-Штип.

Македонија | пред 6 години

morina

Судот во Скопје му одреди 30 дена притвор на поранешниот член на УЧК, се чека екстрадиција во Србија!

Кривичниот суд во Скопје му одреди 30 дена притвор на поранешниот член на Ослободителната војска на Косово (УЧК), Томор Морина, кој беше уапсен на граничниот премин Блаце врз основа на потерница од српскиот суд, пишува Лајм.Ова го потврдува и неговиот адвокат, Насер Рауфи, за весникот Лајм.– Судот ги игнорираше нашите аргументи и му одреди 30 дена затвор за екстрадиција. Томор сега веќе е испратен во затвор Шутка. Во рок од 24 часа ќе се жалиме на одлуката на судот, бидејќи тоа е неправедно, изјави Рауфи за Лајм.Тој ги повикува одлучувачките фактори да не дозволат екстрадиција на Томор во Србија, бидејќи таквата одлука би била неправедна.Морина беше уапсена во средата (вчера), а денес беше изваден пред суд. Конечната одлука за екстрадиција или не екстрадиција ја носи Министерството за правда. Портпаролот на ова министерство, Владимир Делов, за весникот Лајм изјави дека случајот кај нив ќе започне да се обработува откако ќе биде донесена официјалната судска одлука.Во меѓувреме, од косовската амбасада во Скопје велат дека го следат случајот и се надеваат дека Томор Морина ќе биде ослободен, слично како што порано се ослободувани поранешни припадници на УЧК уапсени во Македонија врз основа на српските потерници за апсење.

пред 6 години

DSC03315-2

Филипче: Со најновите законски измени се менуваат условите за работа на докторите

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска одржа прес конференција на која информираше за најновите измени на Законот за здравствена заштита.-Станува збор за значајни законски измени со кои се менуваат условите за работа на докторите, согласно нивните потреби и барања, а воедно се елиминираат сите пречки за кои докторската фела алармираше со години, посочи министерот Филипче.Со најновите законски измени, се скратува времето што специјализантот треба да го одработи во установата по завршувањето на специјализацијата. За разлика од претходно кога докторот беше обврзан во установата да работи двојно повеќе од времето поминато на специјализација, сега е предвидено да одработи во времетраење еднакво на должината на траењето на специјализацијата. Исто така, намалена е и висината на средствата што треба да ги надомести специјализантот ако предвреме ја напушти установата.-Важна измена е дека кадарот што е во пензија порано немаше можност да дава консултативни прегледи во своето место на живеалиште. Со измените се оттргнува ова ограничување. На здравствените работници со високо образование кои се корисници на пензија, им се овозможува да можат да бидат ангажирани во која било здравствена установа како консултанти и советници на здравствените работници, независно од местото на живеење, информираше министерот.Исто така, здравствените работници со високо образование од областа на медицината кои завршиле стаж на специјализација и положиле специјалистички испит или завршиле стаж на специјализација до денот на влегувањето во сила на измените имаат право да се запишат на супспецијализација и да го спроведат супспецијалистичкиот стаж, во согласност со плановите и програмите за супспецијализација на здравствените работници со високо образование од областа на медицината, како и да го полагаат супспецијалистичкиот испит, согласно со прописите според кои го завршиле стажот на специјализацијата.-Многу важна измена за пациентите е дека досегашното наплатување на услуга од дополнителна дејност на докторите се менува целосно. Зафатот ќе биде покриен од Фондот за здравство, а ќе се наплатува само за ангажманот на докторот и неговиот тим по однапред утврден и одобрен ценовник. На овој начин ќе се овозможи избор на доктор со многу помали давачки за пациентите.Во услови на недостиг од кадар во јавно здравствени установи се дава можност кадар од друга јавно здравствена установа да оди и пружа услуги на пациентите во ЈЗУ во општината во која живеат пациентите, за да не одат на друго место да користат здравствена заштита и услуга. Со оваа одлука, услугата ја правиме достапна до пациентите, посочи министерот.Со најновите измени на Законот за здравствена заштита се овозможува здравствениот работник, односно соработник кој е именуван за директор да може да ја врши и понатаму својата дејност со работа со дежурства, за што има право на соодветен надоместок. Целта е кадрите со големо искуство да може во целост да ги искористат своите капацитети за пружање здравствена заштита.Исто така, се бришат одредбите од Законот за здравствена заштита, кои се однесуваат на полагањето испит за директор на здравствена установа, од причина што со полагањето на предвидениот испит за директор и начинот и постапката за негово полагање не можеше да се оцени способноста на лицето за вршење на функцијата директор.

Македонија | пред 6 години

dedo-manjak

(ВИДЕО + 18) ВНИМАВАЈТЕ: Дедо манијак се самозадоволува во автобус на ЈСП

До редакцијата на курир.мк попладнево пристигнало видео на кое јасно се гледа како дедо во автобус на ЈСП Скопје се самозадоволува пред многуте патници.Станува збор за дедо кој живее во Маџари во близина на Кванташкиот пазар, а во моментот на снимањето на ова видео се возел во автобусот со број 3Б.Ваква ситуација не се случувало прв пат во автобусите на ЈСП вели нашиот сведок кој додава дека истиот дедо правел слични ситуации и во маалото во кое живее, а додава дека надлежните треба да преземат повеќе мерки за безбедноста на патниците и децата низ во целиот град.Редакцијата на КУРИР поради експлицитен материјал го замати видеото кое можете да го погледнете во продолжение. 

Скопје | пред 6 години

avtobus-1-1

(ФОТО) Кај Врање се преврте војнички автобус, најмалку 23 повредени

23 војници се повредени при превртување на автобус во близина на српскиот град Врање. Несреќата се случила околу 12.30 часот, а повредените војници се задржани во болница, јавија српски медиуми. Автобусот се движел од правец на Големо Село кон Врање.Од засега непознати причини автобусот се превртел крај коловозот. Според извори од регионалниот здравствен центар, во тек е прием на поголем број повредени, но не се прецизира за тежината на повредите.фото: novosti.rs

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Тетовската полица при претсрес на автомобил кај едно лице пронашла пиштол

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(21) од село Пршовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување,држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 17.04.2019 во атар на село Доброште, тетовско, на место викано „Ѓубриште’’, полициски службеници извршиле преглед на лица и патничко возило, при што кај пријавениот пронашле и одзеле пиштол „PIETRO BERETTA“ со калибар 7,65 мм, за кој не поседувал соодветна дозвола. 

Македонија | пред 6 години

tepacka-222

Во Градски парк се истапале 7 лица

На 24.07.2019 во 04.30 часот во Полициската станица Карпош било пријавено дека пред клуб во Градски парк бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Т.(22) од Скопје, М.А.(21) од Скопје, З.С.(39) од Скопје, Н.Ѓ.(22) од Скопје и М.Ѓ.(19) од Кочани, од една страна и М.Т.(28) од Скопје и Н.Д.(22) од Скопје, од друга страна. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

СВР Охрид од сообраќај исклучи пијани возачи и им ги одзеде возачките дозволи

На 20 и 21 јули Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид во Охрид и Струга реализираше акциска сообраќајна контрола насочена кон лица што управуваат патнички возила под дејство на алкохол. Притоа, кај 24 возачи (19 во Охрид и 5 во Струга) било утврдено присуство на алкохол во крвта поради што се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и поднесени се барања за поведување прекршочна постапка.

Македонија | пред 6 години

134301833

Нова измама со огревни дрва

На 23.07.2019 околу 12.30 часот во Полициската станица Свети Николе, З.М и Д.М. од с.Ерџелија, светиниколско, пријавиле дека биле измамени од  непознато лице. Според пријавеното, лицето дошло во нивниот дом и им понудило огревни дрва на продажба. После тоа, според пријавата, заедно со З.М. отишле во с.Ерџелија, каде наводно требало да пристигне  камионот со дрва. После тоа, лицето се вратило назад во домот и од сопругата на З.М. ги земал  парите и заминал. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

UaYct-

Кога со сопрела полиција почнал да бега и фрлил марихуана, мобилен телефон и пари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Б.(33) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нарктични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 30.03.2019 околу 20.40 часот на наплатна рампа во Гостивар, полициски службеници запреле патничко возило „Фолксваген Голф“ што го управувал пријавениот. Кога го запрел возилото почнал да бега, при што во каналот за наводнување фрлил марихуана, мобилен телефон и пари. Набргу потоа бил приведен. 

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

Алијансата до Хан: Испратете ни обвинител од ЕУ за да сериозно се бориме против криминалот и корупцијата

Aлијансата за Албанците е заинтересирана за реални и вистински реформи во правниот систем и дека ова првично треба да се направи со именување на обвинител од земјите на ЕУ кој ќе може да ја врати изгубената доверба во судскиот систем, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Не треба да се обвинуваат одредени држави во ЕУ поради тоа што не сме добиле датум за преговори бидејќи судбината на членството на земјата во Европската унија е во наши раце и лидершипот треба да сноси одговорност за тоа.Последен момент е судскиот систем да се реформира, така што судските органи да бидат слободни да осудуваат политичари кои го прекршуваат законот.Алијансата за Албанците навреме го алармираше неуспехот на судските реформи и, следствено, недобивањето датум за започнување преговори.Алијансата за Албанците ќе ја поддржи секоја иницијатива со која ќе почне спроведувањето на  реформите во правосудниот систем. Го повторуваме уште еднаш  ставот дека на чело на СЈО треба да биде назначен обвинител од некоја од државите на ЕУ, бидејќи ова е последната шанса за правдата, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Македонија | пред 6 години

25072019_PVRSM_Zaev_Sredba_Sugareski_Tuntev_Ki_2

Стандардите за безбедност во цивилното воздухопловство се важни во насока на поголема атрактивност за одржување на економскиот просперитет на државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) Томислав Тунтев, денеска, се сретнаа  со Патрик Ки, извршен директор на Европската агенција за воздухопловна безбедност (ЕАСА).На состанокот, позитивно беше оценета соработката  меѓу ЕАСА и АЦВ, во насока на  промовирање и постигнување на највисоките заеднички стандарди за безбедност во цивилното воздухопловство.Соговорниците ја истакнаа исклучителната важност на усогласеноста на домашната законодавна регулатива со меѓународните стандарди во соодветната област.Се разговараше и за активностите кои Агенцијата за цивилно воздухопловство ги презема во однос на  почитувањето на условите за безбедност како предуслов за овозможување ефикасен и одржлив воздухопловен развој на државата.Беше истакната важноста на соработката во поглед на едукацијата и стручното усовршување на воздухопловниот кадар, во насока на континуирано почитување на условите и стандардите, со цел, достигнување на поголема атрактивност за остварување на економски стабилен и просперитетен воздушен сообраќај и транспорт.   

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Општина Центар: Спроведуваме акција за чистење и собирање кабаст отпад

Утре (26.07) Општина Центар спроведува акција за чистење и собирање кабаст отпад, во соработка со ЈП Комунална хигиена и Град Скопје.Хигиената на јавните површини е многу важна за секојa заедница. Затоа, Општина Центар заедно со Град Скопје и ЈП Комунална хигиена, покрај тековните активности организира и акции како утрешната.Контејнери за кабаст отпад ќе бидат поставени на три локации: Дебар Маало (кај градинката до кружниот тек), Вучко (кај Универзална сала), Зелен пазар (до рампата на паркингот на Макпетрол). Граѓаните ќе можат да го остават отпадот на овие локации од 07:00 до 16:00 часот во текот на утрешниот ден.Повикуваме што повеќе граѓани да се вклучат во акцијата, бидејќи правилното одложување на отпадот е клучно за заштита на животната средина. Заедно да го направиме Центар почисто и поубаво место за живеење.Освен собирање кабаст отпад, акцијата вклучува чистење и миење на улиците, како и уредување на јавните површини. Општина Центар се вклучува со 100 работници и целата своја механизација со која располага, а за потребите на акцијата ќе бидат обезбедени и цистерни за миење на улиците од Град Скопје.

Скопје | пред 6 години

serija

„Нетфликс“ ќе снима серија во Македонија

Американската компанија „Нетфликс“ во октомври годинава прв пат ќе дојде во земјава за да го снима првиот дел од новата играна серија наречена „Во вечерта“, соопштија на денешна конференција Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и продукцијата „Сестри и брат Митевски“ .Серијата ќе се снима на Аеродромот Скопје. Главниот продуцент е белгиската компанија „Ентре Шиен е Лу“, раководена од европскиот продуцент Себастиен Делои. Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм, истакна дека сите кои се занимаат со филмска продукција знаат колку е тешко една компанија како што е „Нетфликс“ да дојде во една држава за да снима филм.„Нетфликс“ е многу голем, многу моќен. „Нетфликс“ има светска мапа каде ги става знаменцата од местата што ги има посетено и прв пат годинава знаменцето на нашата земја ќе биде ставено на нивната мапа. Пред да се одлучи да престојува во една држава, компанијата прави анализа каква е стабилноста на таа држава и како работи нивната Агенција за филм. Јас сум среќен што оваа компанија ја одбра Северна Македонија, ја одбраа компанијата на „Лабина“ да им биде домаќин и да им ги пржи сите сервис услуги, рече Тозија.Продуцентката Лабина Митевска истакна дека е од економско и културолошко значење еден филм да се донесе и да се работи токму во нашата држава.– Мини серијата на „Нетфликс“ наречена „Во ноќта“ е составена од осум епизоди и речиси целата првата епизода ќе се снима во нашата држава. На почетокот на октомври ќе пристигне половина од екипа, односно околу стотици луѓе. Поради тоа што во сцената има инволвирано авион, тие ќе дојдат со приватен авион. Оваа огромна продукција е фантастична за македониска кинематографија и сите македонски работници зашто ќе можеме да искусиме нешто ново и поразлично, рече Митевска.Таа додаде дека вториот филм што, исто така, ќе се снима во нашата држава е „Сирена во Париз“. 

Магазин | пред 6 години

zaev-121

Заев: „Ако им дадам да го предложат јавниот обвинител, ќе го предложат и Никола Груевски“

Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири на денешната собраниска седница на која се поставуваат пратенички прашања, го потсети премиерот Зоран Заев дека ветил дека по две години од мандатот опозицијата ќе го предлага јавниот обвинител.„Дали имате намера да продолжите јавен обвинител да се одбира по предлог на опозицијата. Имаме брилијантен предлог од Мицкоски, да се постави Владимир Панчевски, кој е се, освен синоним за правда. Тој има обвинение за залоупотреба на АКМИС системот. Дали е дојдено време да се постави обвинител по предлог на опозицијата, или да се врати зврлевски, или некој друг“, праша Зекири.Заев пред да му одговори конкретно потсети дека власта прифатила добар дел од барањата на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои се спојување на СЈО со друго обвинителство, како и неупотреба на „бомбите“ како докази во случаите отворени по истекот на 18-те месеци. Што се однесува до предлогот за Панчевски  Заев  рече:– Со ваквото однесување на опозицијата со ваквите предлози не гледам дека треба да им се даде можност. Ако им дадам да го предложат јавниот обвинител, ќе го предложат и Никола Груевски – рече Заев.   

Македонија | пред 6 години

soobrajana-nesreka

(ФОТО) Сообраќајна несреќа по тунелот кај Катланово, има повредени

Сообраќајна несреќа се случила околу 12 часот на автопатот Велес – Скопје по тунелот кај Катланово, потврдија од МВР за „А1 он“. Од полицијата велат дека случаен минувач ја пријавил сообраќајната несреќа помеѓу две возила, но дека увидот сè уште трае. Очевидци за „А1 он“ велат дека видел повредени лица на самото место. Брзо пристигнале две возила на брза помош и противпожарни возила кои се обиделе да ги извлечат патниците од возилата.Текстот е превземен од „А1 он“

Македонија | пред 6 години

zena

“Девојка нападната од таксист” - Децата треба да се учат од мали да ги почитуваат жените

Фејсбук објава на Божидар Божиновски по снимката која ги вознемири сите, а на која се гледа како маж брутално тепа жена сред Скопје.Настрана коментарите кои не се вредни да им се дава внимание на такви идиоти ова е многу поголем проблем од само еден напад. Не е еден, не е само тука. На илјадници жени тоа физичко и психички злоставување им е секојдневие. Со враќање на традиции успеавме од рамноправни членки на општеството жените пак да ги вратиме на граѓани од втор ред, робови на робот, машини за расплод и домашни слугинки. Затоа треба феминизмот, затоа треба од мали децата да се учат да ги почитуваат жените, а не да се растат со некои глупави мачо стереотипи па еден ден да земат некоја на душа, напиша на социјлната мрежа фејсбук Божидар Божиновски.https://www.facebook.com/mojokilington/posts/10220424521352409 

Македонија | пред 6 години

Ceska

Георгиески се сретна со градоначалникот на Модра - Коварик, разговараа за поблиска соработка меѓу двата града

Градоначалникот Константин Георгиески денеска имаше средба со градоначалникот на Модра од Република Чешка Мирослав Коварик. На средбата се разговараше за воспоставување на поблиска соработка меѓу двата града, особено во областа на културата и туризмот.Гостинот го информира градоначалникот Георгиески за реализацијата на проектот за откривање и популаризација на патот на Св. Кирил и Методиј во Моравската мисија и негова валоризација како културно- туристичко подрачје.Беше најавено дека на градоначалникот Георгиевски, како прв човек на Охрид, градот на Св. Климент и Наум, првите и највредни продолжувачи на делото на Св. Кирил и Методиј, ќе му пратат официјална покана за посета на градот Модра, при што подетално ќе биде запознат со проектот кој е сертифициран од Советот на Европа.

Македонија | пред 6 години

zena

МВР и по разговорот со мажот и жената не ги знае причините за инцидентот

Инцидентот со натепаната жена во центарот на Скопје се случил вчера попладнето, кога во полициска станица било пријавено нарушување на јавен ред и мир. Од МВР велат дека две лица, маж на возраст од 45 години и жена на возраст од 30 години учествувале во нарушување на јавниот ред и мир. Полицијата извршила разговор со нив, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.Засега не се познати причините за инцидентот.

Скопје | пред 6 години

avtopat

Китанов: Ќе се забрзува интезитетот на изградбата на автопатот Кичево – Охрид

Стигна одобрувањето за останатите средства од постоечкиот кредит за автпатот Кичево – Охрид, но и одобрувањето за новиот кредит, и денеска во Владата изведувачите и подизведувачите на средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев ќе донесат програма како ќе се одвива интезитетот на работа во наредниот период на овој автопат, информираше денеска директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, објави МИА.Тој рече дека е дадена е наредба на „високо црвено светло" за програмата што ќе биде донесена на состанокот со Анѓушев, да се работи интезивно на изградбата на оваа делница и дека со изведувачите ќе се разговара за конкретни активности кои мораат да ги завршат во договорениот период.Китанов рече дека ќе се потрудат да го запазат дадениот рок за изградба на автопатот, но и дека паралелно ќе се пуштаат сите делници кои ќе бидат изградени од потегот од Охрид кон Кичево.Тој информираше дека од многуте експропријации за решавање каде поминува автопатот, останати се уште три.Извор: МИА 

Македонија | пред 6 години

grubi

ДУИ бара обвинителот на новото обвинителство да се избира со Бадентер

Шефoт на новото Обвинителство да се избира по бадентер, ќе бара преку амандман пратеничката група на ДУИ.Претеникот Артан Груби даде свој коментар по однос на најавата на премиерот обвинителката Рускоска да биде прв човек на обвинителството:„Немаме резерва кон ниту една личност, но работа на Советот на обвинители е да избира обвинител, не е работа на Ахмети, Груби, Џафери. Па зашто да не е и Албанец новиот обвинител“, рече Груби.Тој појасни дека барањето за Бадентер се темели на претходното решение кога обвинителот на СЈО Катица Јанеца беше избрана со такво, двојно мнозинство. 

Македонија | пред 6 години

DSC_1437

Мрежа од фирми со години ги лови рибите во Охридско Езеро

Новиот концесионер на Охридско Езеро, Милорад Чавкоски, кој треба да го заштити рибниот фонд, има бизнис-релации со досегашниот концесионер Ристе Танаскоски, чија концесија беше одземена. Чавкоски е сопственик на „Летница-Белвица“, новоизбраната фирма концесионер на езерото, а истовремено сè уште е управител на „Пастрмка - 2013 Струга“ подружница на „Пастрмка 2012“, компанија на која лани ѝ беше одземена концесијата поради непорибување и неплатени обврски кон државата, сопственост на Танаскоски.На аукцијата за концесијата, од седум пријавени, наддавале само две фирми, „Летница-Белвица“ и „ ЗЗ Охридска риба Струга“, двете поврзани со Чавкоски и Танаскоски. Двајцата се партнери во фирмата „Езерска риба“ каде сопственоста ја делат со трето лице, Пепи Винца, кој, пак, е сопственик на „ЗЗ Охридска риба Струга“, фирмата која изгубила на наддавањето.Од ова произлегува дека било сосема небитно која од двете фирми ќе ја добие концесијата бидејќи сопственоста води до истите лица. Поради тесните врски меѓу стариот и новиот концесионер, охриѓани не веруваат дека криволовот ќе биде спречен.Целиот текст на А1.он со клик Т У К А.

Македонија | пред 6 години

zaev-sobranie-1

Заев му одговори на Милошоски: „Да кажете дека Зафировски е советник оти соработувал со Заев е лага“

„Веројатно имате ваша стратегија, но она што го кажувате кажете го надвор од говорница затоа што лажете, бестрамно лажете“, му одговори премиерот Зоран Заев на пратеникот Антонио Милошоски на писменото пратеничко прашање во кое побара да се обелоденат детали за ангажманот на советникот на премиерот Љупчо Зафировски.– Да кажете дека Зафировски е советник оти соработувал со Заев е лага. Не можете сами да си креирате приказни за да исполнат некои ваши стратегии. Истото се случува и со бизнисменот. Тоа е одговорот на прашањето. Се знае дека ако некој бизнисмен бил рекетиран каде се пријавува, кај мене не дошол никој од белоруската амбасада. Ако тоа е така, на прес конференција со докази треба јавно да обелодени. Креирањето на вакви амбиенти нема да дозволиме да ви помине. Ваквите шпекулации имам обврска да ги демантирам“рече Заев одговарајќи му на Молошоски.Премиерот додаде:-Ми замерувате за советник кој го плаќаме 1.200 евра. Па на Влатко Ѓорчев сопругата за 1.800 евра ја ангажиравте. Вие ќе држите предавање за тоа кого сум ангажирал. Еве ќе ја видиме Франција како ќе гласа во октомври – рече Заев осврнувајќи се на неговото објаснување дека Зафировски бил ангажиран поради неговите контакти во кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.Само за потсететување Милошоски преку говорница кажа дека наводно бизнисмен од Битола кој во првите три месеци од годината добил тендер за РЕК Битола, функционер на власта му побарал 250.000 евра во кеш. Како што рече Милошоски, за да се заштити од ваквото барање, бизнисменот од Битола искористил лични контакти со амбасадата на Белорусија во Белград која ја покрива и Македонија. 

Македонија | пред 6 години

tunis-pretsedatel

Почина тунискиот претседател Бежи Каид Есебси

Претседателот на Тунис, Бежи Каид Есебси, почина на возраст од 92 години, според „Спутник“.Есебси вечера бил примен во воената болница во Тунис, откако била влошена неговата здравствена состојбата. Изминатиот месец, како што јавуваат светските медиуми, често бил хоспитализиран.Есебси својата политичка кариера ја започнал во 1981 година, како министер за надворешни работи.По револуцијата во 2011 година станува вршител на должноста премиер на Тунис.Во 2014 година, пак, беше избран за претседател на Тунис. https://www.facebook.com/Presidence.tn/photos/a.281368748587856/2545343532190355/?type=3

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања