Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

inspektor-ilievski-696x445-2

Инспекторот Илиевски ќе биде распределен на пониско работно место

Ѓорѓи Илиевски, Вишиот просветен инспектор и раководител на одделението за инспекциски нaдзоp во високото образование, научните институти, ученичките и студентските домови ќе биде распределен на пониско работно место, односно деградиран пренесува „Факултети.мк“.Одлуката ја донел директорот на Државниот просветен инспекторат(ДПИ), Томе Спировски, откако диcциплинската комисија му ја предложил оваа мерка бидејќи Илиевски сторил пpекршок.Од Државниот просветен инспекторат за порталот изјавиле дека диcциплинската комисија утврдила дека Илиевски сторил пpекршок и со тајно гласање донела одлука со предлог за изpекување на диcциплинска мерка пpотив него која гласи: „Раcпределување на работно место во нeпосредно пониско место“.-Никакво рeшение не ми стигнало на домашна адреса. Ниту од диcциплинската комисија, ниту ова за моето дeгрaдирање. Од вас слушам за ова. Секако дека ќе ја обжaлaм оваа одлука, како и начинот на кој беше водена целата постапка од страна на диcциплинската комисија – изјави Илиевски за „Факултети“.Дисциплинската постапка против инспекторот Илиевски е бидејќи објави дека незаконски биле унапредени јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули). 

Македонија | пред 6 години

antonio_govornica

Милошоски: Советникот Зафировски нема врска со Макрон, туку тој е помошник на фирмите на Заеви да извезуваат во Србија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Молошоски, од собраниска говорница денеска обвини дека советникот на премиерот, Љупчо Зафировски, нема никакви врски со кабинетот на францускиот претседател, Емануел Макрон, како што претходно изјави Заев.Заев нешто крие со тоа што не сака да ја сподели биографијата на Зафировски,рече Милошоски, потенцирајќи дека тој нема никакви врски со претседателот Макрон туку дека им помага на Заеви за извезување на прехранбени производи во Србија и Франција.„Но, очигледно е дека премиерот нешто крие. Што крие премиерот? Во Собранието премиерот говореше дека Љупчо Зафировски има посебни дипломатски контакти со кабинетот на претседателот Макрон и со луѓе во владата во Франција. Но, кој е всушност Љупчо Зафировски после некои истражувања. Љупчо Зафировски во 99 година основа фирма за надворешна трговија со прехранбени производи која што фирма се вика Фортуна регистрирана во Скопје. Љупчо Зафировски после одредено време фирмата Фортуна ја регистрира Фортуна и во Струмица за трговија со земјоделски и прехранбени производи. Љупчо Зафировски почитувани граѓани нема никакви врски со претседателот Макрон или пак со негови советници во кабинетот во Париз. Љупчо Зафировски има врски со Заеви кои се занимаваат со производство на храна и им помагал, и се уште им помага да извезуваат прехранбени производи и храна во Србија и Франција. Затоа се крие биографијата на Зафироски и не се кажува кој го потпишал неговиот договор“, рече Милошоски. 

Македонија | пред 6 години

mirjana-najcevska

Најчевска: Незаконски и неправно се врши блокирање на сметките на граѓаните

Професорката и доктор по правни науки, Мирјана Најчевска, во интервју за „Независен“, вели дека извршителството не смее да стане приватен бизнис. Таа објаснува дека незаконски и неправно се врши блокирање на сметките на граѓаните.„Во целата оваа работа, посебна улога имаат банките. Според мене, крајно незаконски, неправно се врши блокирање на сметките на граѓаните. Дури и тогаш кога имаат средства на своите сметки, станува збор за многу мали суми, наместо согласно законот тие средства да бидат подигнати од одредена сметка, се врши блокирање на сметките и граѓаните се изложуваат на непотребни трошоци за нивно деблокирање, со што се богатат само банките и тоа крајно незаконски“, истакна Најчевска.Притоа, таа упати низа критики кон актуелната владејачка гарнитура во врска со извршувањето.„Ништо не променија, заради тоа што упорно се зборува дека извршителите се јавни службеници, но тоа е една од најголемите лаги. Тие не се ниту под законот на јавни службеници ни под законот за административни службеници. Значи, тоа се приватни структури кои најприватно го вршат она што се вика изнудување на долг. И автоматски, единствена цел, мотив им е да заработат што е можно повеќе, како и секој приватник што влегол во одреден бизнис. Во моментот кога извршувањето се префрла од она што претставува извршување на судски одлуки во она што претставува бизнис-сфера, во тој момент се атакува врз граѓаните и всушност многу често слушаме дека овој систем е поефикасен и дека државата е многу задоволна. Но, не е работата државата и власта да бидат задоволни туку граѓаните да бидат задоволни. Во случајов токму граѓаните, и тоа токму оние што се статусно и социјално незаштитени, се најизложени на атакот на извршителите“, додаде Најчевска. 

Македонија | пред 6 години

boki-13-1

Боки 13 си го стеснувал кај Орце, а лажел во српски медиуми дека се оперирал во Лондон

Нa 6 ноември годинава во скопскиот граѓански суд треба да се појават неформалниот сопственик на „1 ТВ“, Бојан Јовановски и неговиот правен застапник и адвокатoт на приватна скопска болница во судска парница поради неплатена здравствена интервенција.Неофицијално Орце Камчев т.е „Систина“ го тужи Боки 13 за хируршките интервенции за слабеење и естетика кои беа направени во Македнија, а за кои Боки лажеше дека му се правени во Лондон.Српски курир пишува:„Имаше 130 килограми, носеше штикли, се шминкаше, па ослабе 60 килограми: Боки 13 во Лондон даде многу пари за овој третман. Кога ќе видите како сега изгледа ќе останете без текст. Со сличен наслов и другите српски медиуми пишуваа за Боки 13. Инаку, Боки 13 останал должен за 10.313 евра кон „Систина“.Двете страни ќе се соочат пред судијката Лилјана Зафировска-Петреска во скопскиот граѓански суд во септември.

Македонија | пред 6 години

zabrcanec

Забрчанец: „Ништо не научиле, ништо не промениле, тргнале "напред" со Панчевски на чело“

Марјан Забрчанец, кој е дел од кабинетот за односи со јавност во Владата на Фб објави статус во кој вели:“Што ќе си помислиш кога деценискиот цензор и спружувач се разбудил и го квалификува предлог планот за борба со дезинформации како план за цензура?Ништо, освен дека си погодил во целта! Дезинформаторите се вознемирени што демократските капацитети се мобилизираат против манипулацијата. За нив одбраната на демократијата е дно.Ништо не научиле, ништо не промениле, тргнале "напред" со Панчевски на чело“, напиша  Забрчанец. :)“https://www.facebook.com/zabrcanec/posts/10158550236821754

Македонија | пред 6 години

1-1-1

Рикер и Петровска разговараа за актуелната состојба во државата, осврнувајќи се на соработката на Битола со американската амбасада

Во посета на Општина Битола денес престојуваше висока делегација од САД и амбасадата на САД во Република Северна Македонија, предводена од амбасадорот Филип Рикер, вршител на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. На средбата во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, присуствуваа и амбасадорката на САД во Република Северна Македонија Кејт Мари Брнз, специјалниот асистент на амбасадорот Рикер, Лахлин Сопер, како и шефот од политичко-економскиот оддел Шенон Рунион.Поранешниот амбасадор на САД во нашата земја Филип Рикер изрази задоволство што повторно има можност да ја посети Битола и да ја претстави новата амбасадорка на САД Кејт Мари Брнз, која за прв пат престојува во официјална посета на Општина Битола.На средбата со градоначалничката Наташа Петровска, тие разговараа за актуелната состојба во градот и државата, осврнувајќи се на одличната соработка која градот Битола го има со американската амбасада во Република Северна Македонија. Битола е градот кој има стратешка позиција и во економскиот и во политичкиот живот во земјава, истакна вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер.Градоначалничката Петровска ги посочи заложбите за натамошна соработка и се заблагодари на поддршката која градот Битола секогаш ја добива од страна на САД, како што е случај и со оваа посета на високата делегација предводена од амбасадорот Рикер.Филип Рикер од денес е во посета на Република Северна Македонија, а по Битола, во текот на утрешниот ден ќе се сретне со државниот врв и претставниците од политичките партии во земјава.  

Македонија | пред 6 години

arsovski-press

Арсовски:Заев упати јасна порака до граѓаните и до седмата сила, а тоа е да замолчат или можно е сите да одат во затвор

Зоран Заев со вчерашната прес конференција, во ист ден кога се викаат на распит и замолчување двајца новинари, упати јасна порака до граѓаните и до новинарството односно до седмата сила, а тоа е дека треба што побрзо да замолчат или можно е сите да одат во затвор, Димче Арсовски–Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев вчера претстави план за цензура.Со вчерашниот план Заев и СДСМ напоменаа дека сакаат да не направат нас тука како Северна Кореја, земја во која што граѓаните не знаат што се случува во сопствената држава, а не пак надвор.Заев и СДСМ се плашат да бидат откриени за целиот свој криминал што го прават, па затоа носат вакви планови од кој е згрозена целата јавност, каде што медиумите се соочуваат со уцени, закани и со цензура.Ако некој треба да се справи со лажните вести, тоа се граѓаните кои секој ден се лажени од Зоран Заев и од власта.Такви вести ги има многу секојдневно.Лажна вест е дека Зоран Заев не знае кои се Кики и Фрики.Лажна вест е дека СДСМ не стои позади рекетот.Лажна вест е дека Курто Дудуш не малтретирал и не тепал и навредувал свој сограѓани.Лажна вест е дека секретарот на Владата на Заев не учествувал во незаконски разговори за тендер тежок 7 милиони евра.Лажна вест е изјавата на Заев дека Македонија лани во јуни доби датум за преговори односно за почеток на преговори.Лажна вест е дека Заев додека дише нема да го смени уставното име и дека ќе ги штити идентитетот и жицата македонска.Зоран Заев ангажирајќи ги сите државни институции под негова контрола, сака да го угнете народот, новинарите и медиумите, и како што гледате сака да воведе цензура.Планот на Заев за диктатура во Република Македонија не може и не смее да успее. И нема да дозволиме да успее.Зоран Заев и СДСМ мора што побрзо да си одат власта и да бидат сменети на предвремени парламентарни избори, Димче Арсовски–Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Slika-Jagoda-28-02-2019

Шахпаска: Со измените на Законот за здравствена заштита го олеснуваме пристапот до здравствени услуги

Собранието вчера ги усвои измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои се унапредува квалитетот на здравствените услуги, како и условите за работа на медицинскиот персонал.Измените на Законот обезбедуваат придобивки за пациентите и олеснет пристап до здравствени услуги на секое ниво и до секој граѓанин, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.Се надминува проблемот со недостиг на кадар во одредени јавни здравствени установи. Со измените се дава можност здравствени работници  од една јавна здравствена установа да одат и пружаат услуги на пациентите во друга јавна здравствена установа согласно потребите на граѓаните.Наместо пациентите како досега, да патуваат до големите болници, сега со измените, специјалистите ќе доаѓаат каде што е потребно.Уште една измена што е во корист на пациентите е измената во делот на дополнителната дејност. Со оваа измена, во цената на услугата остварена како дополнителна дејност, пациентите кои се осигуреници ќе ја плаќаат само цената на тимот, а услугата ќе биде покриена преку Фондот.Се воведуваат измени што се во интерес на медицинскиот персонал и специјализантите.Со измените, значително се намалува времето што специјализантите треба да го одработат доколку се вработени во јавна здравствена установа. Претходно, ако специјализацијата траела до 5 години, специјализантот одработува 5 години, а ако траела над 5 години специјализантот одработувал 10 години. Сега, со измените периодот на одработувањето ќе биде еднакво на годините колкушто траела специјализацијата.Паричниот надоместок доколку не го одработат договорениот период од петократен се намалува на двократен износ. Ова е мерка да се стимулираат младите доктори да специјализираат и останат да рсботаат во државата. Со измените здравствениот работник, односно соработник кој е именуван за директор може да ја врши и понатаму својата дејност со работа со дежурства, за што има право на соодветен надоместок. Истовремено се укинува и менаџерскиот испит за директори, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.Ова се само дел од придобивките од измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита. Како одговорна партија остануваме посветени на развој и унапредување на здравствениот систем, подобри услови за работа и квалитетни здравствени услуги за сите граѓани, додаде Шахпаска 

Македонија | пред 6 години

aneta-molika

(ВИДЕО) Анета Молика ја отпеја евровизиската „Proud“, па им ги затвори устите на сите што ја критикуваа

Битолската група „Молика” и нивната вокалистка Анета Мицевска на својата официјална страница споделија видео на кое таа ја пее евровиската песна на Тамара Тодевска „Proud”.Под видеото пишува:„Пред некое време на еден наш настап нашето славејче Анета ја испеа песната „Proud“ во живо, па од тука имаше многу позитивни ама имаше и негативни коментари кои тврдеа дека не е во живо, па дека пее Тамара итн. Бевме приморани да ви докажеме дека Анета не пее на „плејбек“. Поздрав“.Слушнете како Анета ја пее песната покажувајќи ги своите извонредни вокални способности. https://www.facebook.com/52418871661/videos/2346669472242738/

Магазин | пред 6 години

milioner

(ВИДЕО) Милионер педофил пронајден со повреди на вратот во затворска ќелија, се обиде да се самоубие или?

Милијардерот Џефри Епштајн, обвинет за сексуално малтретирање на малолетни лица, беше пронајден во полусвесна состојба и со повреди на вратот во затворска ќелија во Њујорк. Медиумите тврдат дека тој се обидел да се самоубие.Извори тврдат дека Епстајн можеби се обидел да се обеси во ќелијата.Меѓутоа, друг извор рекол дека повредите на Епстајн не биле сериозни и укажал на можноста тој да го користи инцидентот за да се обиде да добие трансфер од затворот.Четврт извор за телевизијата NBC тврди дека затворските власти не ја исклучуваат можноста тој да бил нападнат.

Свет | пред 6 години

zena

(ВИДЕО) Маж брутално претепа жена сред Скопје

Жена била нападната од таксисит во близина на Универзитетот св. Кирил и Методиј во Скопје. На социјалните мрежи е споделено видео, каде жената застанува пред такси возило, а потоа, непознат маж истрчува и ја фрла на земја.Во близина има и едно лице кое се обидува да го оттрге мажот од жената, но безуспешно.Според неофицијални информации, тоа е таксистот на возилото.Погледнете го видеото:https://twitter.com/JaNicharce/status/1154289152952872960?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1154289152952872960&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F314218%2Fincident-vo-skopje-zena-fizicki-napadnata-vo-blizina-na-kontinental

Скопје | пред 6 години

skopje-zemjotres

56 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Секоја година 26-ти јули не потсетува на солидарноста на скопјани и на солидарноста на светот од 1963 година  кога катастрофалниот земјотрес со својата уривачка моќ однесе многу човечки животи и  го претвори  Скопје во урнатина. Овој  датум е врежан во колективната меморија за Скопје  како еден од најтешките моменти во неговата историја и постоење.Одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, ќе започне со положување цвеќиња  во 10 часот на Споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел.Во 19.30 часот, на Школка во Градски парк, со концерт на Градскиот мешан хор „Вардар“ ќе започне концертот со кој Град Скопје оваа година го одбележува 26-ти јули, а потоа ќе следуваат Биг Бендот под водство на Љупчо Мирковски, поп ѕвездата Канита Сума, познатиот грчки хармоникаш Танос Ставридис, српската пејачка на изворни песни Биља Крстиќ и нашиот Влатко Стефановски.Дополнително, градските институции секоја година се вклучуваат во одбележувањето на 26 јули. Така, МКЦ го подготвува настанот „МКЦ за Скопје“со целодневна програма. Покрај двете креативни работилници за деца коишто ќе започнат во 18:30 часот  за креативно пишување, илустрација и цртање и богатата музичка програма. Посетителите точно на полноќ ќе имаат можност да ја погледнат и проекцијата на најновото остварување на Раде Шербеџија „Ослободување на Скопје“.Во Музејот на Град Скопје во тек е изложбата на фрескокопии од Скопскиот регион.Утревечер во 19 часот во Градскиот парк на  Школка ќе се одржи и работилница за деца „Обој го Скопје“, инспирирана од боенката „Скопје 091“.Одбележувањето на овој ден е потсетник за сите нас  за подадената рака од хуманите луѓе и за тоа што се направи светот за нас во тие тешки и трагични моменти.

Скопје | пред 6 години

kidnapirani

И по 18 години сеуште никој не знае кој ги киднапира 12-темина Македонци за време на конфликтот во 2001

Букети свежи цвеќиња пред споменикот на киднапирани Македонци положија семејствата, роднините пријателите на киднапираните, но и преставници на здруженија, политички партии и разни организации, по повод 18 години од одбележуавњето на овој трагичен ден.Властите ги кријат сите немили случки од 2001 години, и ја лажат јавноста дека преку законот за амнестија изгласан во собранието случаите од воениот конфликт се затворени, вели Војо синот на Крсто Гоговски еден од киднапираните.Посмртните останки на Крсто Гоговски и Васко Михајловски и двајцата киднапирани од Непроштено, 14 години беа во Институтот за судска медицина. Лани нивните семејства се одлучија да ги подигнат и да ги погребаат на селските гробишта.Во Институтот има останки на уште двајца киднапирани, кои нивните семејства одбиваат да ги подигнат, а за уште 8 исчезнати нема и трага ни глас.Од одборот на бранители, велат дека властите имаат сознанија за целиот случај и вистината еден ден мора да ја откријат. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

„Фејсбук“ ќе плати рекордна казна од 5 милијарди долари поради кршење на приватноста

Федералната комисија за трговија го казни Facebook со рекорди 5 милијарди долари. Ова е највисока казна за нарушување на приватноста во историјата. Причината за казната е случувањето со Cambridge Analytica и останатите пробивања на приватноста. Но предвид е земен и постојаниот неуспех за заштита на податоците на корисниците од трети страни. Од Фејсбук соопштуваат дека се согласиле да ја платат казната.Казната од 5 милијарди долари е највисоката во историјата, но не е доволна за дел од агенцијата. Тие бараа казни и одговорност и од  директорите и основачот на Facebook. За нивна среќа засега успеаја да го избегнат ова и не опфатени со било какво барање за одговорност.Во соопштение од американската Трговска комора се нагласува дека социјалната мрежа е задолжена да ги подобри налчините за заштита на личните податоци.Комората бара од ФБ да сигнализира за инциденти поврзани со информации на 500 или повеќе корисници. Компанијата ќе треба да ги решава проблемите и да документира за тие сигнали во рок од 30 денови. 

Свет | пред 6 години

morina

Косовското МНР го осуди апсењето на поранешниот војник на УЧК во Македонија

Косовското Министерство за надворешни работи го осуди апсењето на поранешниот војник на УЧК, Томор Морина во Македонија, кој беше приведен заради српската потерница за него. Ова го изјави Џетлир Зиберај од Министерството за надворешни работи на Косово преку својот Фејсбук профил нагласувајќи дека ова е уште еден пример на политичка злоупотреба од страна на Србија, известува Клан Косово.Го осудуваме апсењето на поранешниот војник на УЧК, Томор Морина, од полицијата на Северна Македонија, според дојавата на Интерпол, спонзоризирана од српската држава. Ова е уште еднаш пример за политичка злоупотреба која Србија ја прави со системот на потерници. Ние ќе го покренеме прашањето до Европската унија и ќе бараме итни мерки за спречување на ваквите случаи на злоупотреба од Србија, во спротивно ќе бидат преземени контрамерки од страна на Косово. Ние сме во контакт со властите во Скопје и веруваме дека случајот наскоро ќе се реши во духот на тесната соработка што ја имаме со Северна Македонија. Благодарност до сите авторитети во Северна Македонија, особено за тамошното албанското раководство, пишува Зиберај. 

Свет | пред 6 години

lisici

Британец баран од Интерпол уапсен вчера на Долно Блаце

На 24.07.2019 година во 11.30 часот на граничен премин „Долно Блаце“, при влез во  Р.С.Македонија, од слобода бил лишен Т.M.(51) со место на живеење во Велика Британија поради тоа што при проверки било констатирано дека се наоѓа на Стоп листата  со мерка „Апси“ по барање на Интерпол. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за натамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

По сообраќајна несреќа двајца возачи пренесени во болницата во Прилеп

На 24.07.2019 во 21.20 часот на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б.(32) од Прилеп и патничко возило „Алфа“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Х.(29) од с.Мало Коњари, прилепско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и биле пренесени во болницата во Прилеп, каде им била укажана помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител  и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. 

Македонија | пред 6 години

soobrakajka-1

Сообраќајна несреќа повредени две лица

На 24.07.2019 во 09.30 часот на регионалниот пат с.Кривогаштани-с.Житоше, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(40) од Прилеп и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.К.(43) од с.Локвени, прилепско. Во незгодата, возачот на возилото „Голф“, Ј.К. се здобил со тешки телсни повреди, додека возачот на возилото „Пасат“ се здобил со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во болницата во Прилеп, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Пијани возачи, непочитување на сообраќајни правила, неправилно паркирани возила – што затекна МВР за 24 часа?

Во текот на изминатиот ден (24.07.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 46 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај исклучени се 34 возачи од кои: шест возачи управувале возило под дејство на алкохол, 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и четири возачи почетници затоа што не се придржувале на законските ограичувања. Исто така, исклучени од сообраќај се и 21 возила затоа што не биле регистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, шест поради неправилно престигнување, еден поради неправилно престројување, двајца возачи поради недавање првенство на минување на возила на крстосница, 13 возачи на мотоцикли затоа што не носеле заштитен шлем-кацига, 20 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани  се тројца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден поради поминување на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 60 мандатни платни налози и 63 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Во текот на изминатиот ден се случиле 10 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди и пет лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

uapsen

Бугарин приведен на „Деве Баир“

На 24.07.2019 во 03.00 часот на граничен премим „Деве Баир“ бил приведен М.Ф.А.(48) од Република Бугарија поради постоење сомнение за сторено кривично дело по член 211 став 1 и 2 од Законот за странци. Тој бил предаден во Полициската станица Крива Паланка за натамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

zzzzzt

Заев и Хан за „Рекет“ категорични: Никој нема да биде привилегиран и амнестиран

Заев, и Хан, на енешната прес конференција проговорија и за случајот „Рекет“ за кој веќе е покрената истражна постапка. И премиерот и еврокомесарот категорични дека никој не смее да биде амнестиран и дека истрагата треба да продолжи без разлика дали ќе води кон обвинители или политичари.-Во врска со актуелните настани сведочиме на одлучна и бескомпромисна борба против високиот криминал и корупцијата. Пораката е дека никој нема да биде привилегиран и амнестиран, го охрабрувам јавното обвинителство да ја продолжи постапката за „Рекет“ без разлика до кого ќе стигне.Дефинитивно конкретниот случај на борба против криминалот и корупцијата, случајот „рекет“, незаконската продажба на тутун, шпанските скали, покажуваат одлучна и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, без разлика дали ќе водат кон обвинител, политичар, или газда на медиум, никој не може да биде изземен пред законот “истакна премиерот Зоран Заев.Еврокомесарот пак рече дека сите партии и државни тела треба да покажат нула толеранција на корупцијата.-Дојдов да дискутирам за реформите со политичките лидери, владеењето на правото, независното судство и потребата за одговорност, би сакал да го потенцирам ова особено во поглед на последните настани – рече Хан.

Македонија | пред 6 години

Ljupco-Zikov

Љупчо Зиков предложен за нов финансов директор на МЕПСО

Новинарот и директор на неделникот „Капитал“ е предложен за директор на финансии и комерција во МЕПСО, дознава „Фокус“.-Секако дека сум информиран, и ја прифаќам оваа покана, сепак треба да поминат законските процедури за да бидам избран на оваа позиција, вели Зиков за „Фокус“.Текстот во целост на: „Фокус“

Македонија | пред 6 години

Foto-1-1-1

Пендаровски ги потпиша законите за ратификација на спогодбите за отворање на два нови гранични премини со Република Грција

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги потпиша указите за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден во Република Северна Македонија и Промахoи во Република Грција, и на Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање на еден граничен премин во Регионот на Преспанското Езеро. Претседателот Пендаровски смета дека отворањето на Граничниот премин Мајден – Промахои и Граничниот премин Маркова нога – Лемос меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, ќе придонесе за натамошен развој на севкупните билатерални односи меѓу двете држави, ќе придонесе за развој на прекуграничната соработка и ќе ја олесни комуникацијата на населението што живее во регионот на двата гранични премини. Претседателот Пендаровски очекува од надлежните институции да дадат максимален придонес за реализација на предвидените активности и за што поскоро отворање на двата гранични премини.

Македонија | пред 6 години

864A0ED5-7588-43AF-BDDE-FE754C1D0745_w1023_r1_s

Хан: Жалам за јуни, но блиску сте за да направите голем чекор во октомври

Блиску сте за да направите голем чекор во октомври, рече еврокомесарот Хан на денешната пресконференција. Хан додаде дека корупцијата и оранизираниор криминал се главните точки на кои треба да биде фокусирана владата. Еврокомесарот беше дециден веднаш да се преземат чекори и да се обезбеди независно обинителство.Премиерот Зоран Заев пак истакна дека Еврокомесарот Хан е искрен поддржувач за нашето членство во ЕУ.Нашите очи се фокусирани на октомври очекуваме ЕУ да го одржи зборот и тогаш да ни даде датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, рече премиерот Зоран Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.Тој го рече дека носењето на новиот закон за Јавно обвинителство, како придонес кон владеењето на правото во државата. Никој не  е привилегиран, никој нема да биде амнестиран, порача Заев.Тој заврши со зборовите Македонија се докажа и покажа како земја во која владее правото. 

Македонија | пред 6 години

han-zaev-2-36l3ledj0e1is34f73qfi8

ВО ЖИВО: Хан и Заев за корупцијата и СЈО

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, денеска е во посета на Македонија. Тој ќе се сретне со државниот и политички врв во земјава.За во 9.15 часот е закажана и заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.Неа можете да ја проследите во живо во видеото во продолжение.https://www.facebook.com/a1onmk/videos/504172426989248/

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања