Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Pancevski-so-sudot-2

Јавноста: „Немам ништо Панчевски да ја замени Јанева штом се врати од затвор“

Јавноста и коментарите на социјалните мрежи сакаат да му пресудат на опозиционерот Христијан Мицковски откако тој го предложи судијата Владимир Панчевски да ја замени Катица Јанева во новото обвинителство.https://twitter.com/MkShlem/status/1154249871290982400https://twitter.com/samarxiski/status/1154090924101779457https://twitter.com/TriGoltki_Vino/status/1154077900695658497https://twitter.com/RagingDemon1/status/1154260570826248192https://twitter.com/ABavcov/status/1154161656374747136https://twitter.com/schwein4e/status/1154113222359879681https://twitter.com/atortevskitorte/status/1154101592423063555https://twitter.com/mrchatorishte/status/1154102795542261760https://twitter.com/TriGoltki_Vino/status/1154077900695658497https://twitter.com/IgorKulavkovski/status/1154057083714723840https://twitter.com/rnixn/status/1154049007015960578https://twitter.com/svetlin_a/status/1154048287046901763https://twitter.com/QbraveheartQ/status/1154046014136786945https://twitter.com/IlkoIlija/status/1154046211420069895 

Коментари | пред 6 години

bogdan-ilievski-betmen-velit-640x360

Бетмен Велит до Русковска: Катица имала семејство, а нас штркот ли не донел!?

Богдан Илиевски (Бетмен велит) еден од предводниците на граѓанската иницијатива “За унитарна Македонија“ притворен 4 месеци во Шутка, суден и и амнестиран за настаните на 27 април, се огласи на Фејсбук по објаснувањето на обвинителката Вилма Русковска дека шефицата на СЈО, Катица Јанева, имала семејство па и затоа не очекува од неа да ја нaпушти државата, бидејќи има деца, внуци…„Имала семејство! Амииии? Да, а? А шо, ние другиве на улица најдени сме? Штрк не донел или пак на мајмуни ви личиме? Пошо ак ви личиме, кажите, на пописов да се озакониме, па Анима мунди бар ќе не бранит. Ние неаме мајки, жени, браќа, сестри, деца чии животи се уништиле со рекетарски обвиненија и монтирани процеси? Миле го шетате најбезобразно и најнечовечки на релација дома-шутка-дома-шутка-дома-шутка, па денес и срце ќе оперират ко притвореник…’ пишува Илиевски на социјалните мрежи. 

Коментари | пред 6 години

janeva-2

Непотизам во СЈО?: Катица вработила внук, ќерка на ексдиректор, балдската на синот

Во јавноста кружат информации дека во Специјалното јавно обвинителство се вработени внкукот на Катица Јанева, ќерката на ексдиректорот на МЕПСО, Сашо Василевски, сестрата на девојката на Лазар Јанев. Токму ова е и причината што ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа кадарот на СЈО да биде дел од новото обвинителство, бидејќи смета дека роднините на сегашната шефица на СЈО не смеат да бидат дел од новиот систем.Опозиционерот Христијан Мицковски вчера кажа дека во новото Обвинителство треба да има нов кадар, кој ќе ги води предметите, пред се, оние насочени против ексфункционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

haradinaj

Харадинај поради воените злосторства не може да биде премиер, ниту да носи одлуки

Рамуш Харадинај, кој во петокот поднесе неотповиклива оставка на премиерската функција заради појавување на сослушување во Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг, повеќе не може да се смета за премиер, изјави синоќа поранешниот претседател на косовскиот Уставен суд, Енвер Хасани.Поранешниот претседател на Уставниот суд е дециден дека Харадинај веќе не може да донесува било какви одлуки, па ни, како што кажа, да доаѓа во премиерскиот кабинет.-Може да влезе во зградата на Владата, да биде во некоја од канцелариите, бидејќи тој само што поднесе оставка, но не е премиер на власт, рече Хасани.Зборувајќи за можноста Кадри Вејсели, како носител на листата на коалицијата ПАН, предложи уште еден мандат за Харадинај, Хасани вели дека косовскиот Устав не му дозволува таква можност за лидерот на Демократската партија на Косово.

Свет | пред 6 години

avtobuska-lugje-partizanska-vreme-leto

Пеколни денови со висок УВ индекс и темепратури

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ индексот ќе биде 9.Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 33 Целзиусови степени, Маврово 25, Охрид 29, Битола 31, Кавадарци 34, Крива Паланка 29, Берово 28, Дојран 35 степени.Временската прогноза и за утре е сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. УВ индексот ќе биде 9.Дневните температури ќе се движат од 26 степени во Маврово, 30 во Охрид , 35 во Скопје, до 36 во Кавадарци и 37 во Дојран.

Македонија | пред 6 години

maicki-sjo

„Бомбите“ ќе им пресудат на ексфункционерите од ВМРО-ДПМНЕ иако СЈО ќе згасне

Прогонот за кривичните дела што се поврзани со неовластеното следење на комуникациите во периодот од 2008 до 2015 година е само една од надлежностите што ќе ги преземе новото јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција, доколку се обезбеди потребното мнозинство за донесување на последното законско решение за јавното обвинителство, кое завчера го усвои Владата, а вчера стигна и во парламентот. Новото обвинителство, кое ги спојува СЈО и Обвинителството за организиран криминал и ќе функционира во составот на редовното обвинителство, ќе ги преземе случаите што произлегуваат од „бомбите“ во која било фаза од постапката.Ова е, всушност, една од клучните точки околу кои се кршеа копјата меѓу власта и опозицијата, со оглед на барањата на ВМРО-ДПМНЕ да се поништат сите случаи што СЈО ги отвори или покрена обвиненија за нив по 30 јуни 2017 година. Меѓу нив е и предметот „Талир“ кој се однесува директно на поранешната владејачка партија. Временското ограничување за подигање нови обвиненија во сегашниот закон за СЈО, практично, му ги врза рацете на ова Обвинителство, особено откако и Врховниот суд донесе начелно мислење дека не се дозволени нови истраги и обвиненија по 30 јуни 2017 година.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

vane-cvetanov

Функционерот од институционалните ешалони на Груевски, Ване Цветанов, му се заблагодари на Заев за функцијата

Поранешниот директор на Агенцијата за перење пари Ване Цветанов,  Ване Цветанов му се заблагодари за укажаната доверба на премиерот Зоран Заев откако вчера беше именуван за в.д. претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата од страна на Владата.„Благодарност за дадената доверба од страна на Премиерот Зоран Заев. Ќе дадам максимум од себе, да ја оправдам довербата и професионално да одгововорам на овој предизвик, кој што е чест за мене.“, напиша Цветанов доцна синоќа на својот профил на Фејсбук.Цветанов беше функционер во поранешните институционални ешалони на Никола Груевски.

Македонија | пред 6 години

treska

Kај езерото Треска општина Сарај ќе се гради спортско-рекреативен центар

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 147 седница, ја разгледа и усвои Информацијата врз основа на која донесе одлука за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место  за изградба на спортско-рекреативен центар Треска КО Глумово и КО Шишево, општина Сарај.Со оваа одлука се овозможува Општината Сарај да ја започне постапката за изградба на спортско рекреативен центар во близина на селото Глумово, кој ќе го опфати и езерото Треска, и кој вклучува изградба на викенд населба, хотелски комплекс и спортско рекреативен центар за развој на еко туризам.

Македонија | пред 6 години

svinska-cuma

Африканската свинска чума сега засега пред македонската граница, ќе стане ли таму? АХВ со засилени контроли

Африканската свинска чума се приближува до македонската граница. Откако, во соседна Бугарија се појави ново жариште на болеста во областа Русе, Агенцијата за храна и ветеринарство ги подигна мерките на безбедност. . Оваа болест не е опасна за човекот, но е смртоносна за стоката и каде ќе се појави животните мора да бидат уништени.Со цел заштита од внесување на вирусот во земјава, АХВ презема повеќе мерки, но и едукативни активности за одгледувачите на свињи. Постојано се проверува и контролира биобезбедноста на фармите, а домаќинствата кои одгледуваат свињи не смеат да ги пуштаат на отворено. Се врши и мониторинг на присуство на чумата кај дивите свињи, бидејќи тие се најчестите преносители на болеста.Од АХВ апелираат граѓаните да не внесуваат храна од животинско потекло во земјава.Африканската свинска чума се појавила во 2007 година во Казахстан, а во моментов е присутна во Бугарија, Романија, Унгарија и други држави од Источна Европа. Болеста предизвикува големи економски штети и загуби во свињарството, не се лекува и не постои вакцина за заштита.Инаку во Бугарија досега се откриени 19 случаи на свинска чума на фармите. Сите свињи на овие фарми ќе бидат заклани.Експертите велат дека поради епидемијата на високо заразната болест би можеле да настрадаат околу 500.000 свињи.Војската и полицијата се мобилизирани во битката против вирусот и во заштитата на други фарми. Се врши дезинфекција на фармите, ограничена е продажбата на свинско месо, а се контролираат и граничните премини. 

Свет | пред 6 години

ubistvo

(ВИДЕО) Брутална ликвидација на турски дипломат – во него пукале тројца напаѓачи

На социјалните мрежи појави вознемирувачко видео на кое наводно е прикажана ликвидацијата на туркиот дипломат во Ербил на 17 јули. На видеото се гледа како дипломатот седи заедно со неговиот пријател во локал во троговски центар, а на масата до нив седи момче и наизглед незаинтересирано си гледа во мобилниот телефон. Момчето во еден момент станал и од ранецот извлекол пиштол, па пукал кон диполоматот, на само неколку сантиметри одалеченот. Побегнал од ресторанот оставајќи го ранецот.На мажите пукале уште двајца напаѓачи, а сите користеле пригушувач и пукале од непосреде близина. Линкот со убиството е веднаш повлечен од социјалните мрежи, но еве што објавуваат медиумите за бруталното  убиство. 

Свет | пред 6 години

vlada-zname-nato

Еве кои директори, в.д. директори и членови на управни и надзорни одбори ги разреши Владата

На денешната седница Владата на Република Северна Македонија донесе повеќе одлуки за разрешување и именување на директори, в.д. директори и членови на управни и надзорни одбори на агенции, инспекторати, управи, државни претпријатија и јавни установи. Еве кои се директори се разрешени: Висарa Риза за в.д. директор на Агенција за лекови и медицински средства МАЛМЕДМилан Запровски за в.д. директор на Државен инспекторат за земјоделствоЕмил Крстевски за в.д. директор на Државен архив на Република Северна МакедонијаАрбен Вила за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМДејан Богоевски за в.д. директор на Управа за сигурност во железничкиот системПајазит Лика за в.д. заменик директор на Дирекција за технолошки индустриски развојни зониАрмир Садики за в.д. директор на Биро за јавни набавкиВане Цветанов за в.д. претседател на Совет за унапредување и надзор на ревизијата на РСМРефик Мустафа за в.д. директор на Управа за електронско здравствоМарјан Огненовски се разрешува од должноста од управител на Трговско друштво Нафтовод ДООЕЛ - СкопјеЗоран Исајловски за управител на Трговско друштво Нафтовод ДООЕЛ – СкопјеМилутин Станиќ се разрешува од должноста директор на Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедницитеСлавица Тодорова за директор на Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците ЧЛЕНОВИ НА УО и НОДаниел Пауновски за Член на УО во Агенција за катастар на недвижностиБлажо Костов за Член на УО во Агенција за катастар на недвижностиМилан Данилоски за Член на НО во Друштво фабрика за шински возила Велес ДООЕЛ ВелесЗинија Фејзули за Член на УО во ЈЗУ Здравствен дом Русе Бошковски – РостушеМаја Срезоска за Член на НО  во ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиштаАлександар Стефановски за Член на УО во Фонд за иновации и технолошки развојНиколче Мијаковски за Член на УО во ЈЗУ Здравствен дом Демир ХисарБилјана Босилкова за Член на УО во ЈЗУ Општа болница ВелесТомислав Секуловски за Член на УО во ЈЗУ Општа болница ОхридДраган Каровски за Член на УО во Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на РСМСтефанија Ташевска за Член на УО  во ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон СкопјеЗлатко Маркоски за Член на УО во ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патиштаЛидија Николовска Ташковска за Член на УО во ЈП за стопанисување со државните шуми НАЦИОНАЛНИ ШУМИ  СкопјеКире Туџаров за Член на УО во ЈЗУ Центар за јавно здравје СтрумицаАна Милкова Катарова за Член на УО во ЈП за водостопанство Лисиче ВелесВлатко Величковски за Член на НО во ЈП Службен весник на РСММарина Панчурова за Член на УО  во ЈЗУ Здравствен дом СтрумицаГордана Заринска за Член на УО во ЈЗУ Општа болница СтрумицаОрхидеја Шурбановска за Член во Национална комисија за учебнициРухан Илјази за Член на УО во ЈУ од областа на здравството за потребите на јавните установи универзитетски клиники завод и ургентен центар СкопјеАсим Дали за Претседател на совет на Институт за акредитација на РСМАлександар Давидовски за Член на одбор на директори во Акционерско друштво Водостопанство на РСМ во државна сопственостСоња Петрушевска за Член на НО во Развојна Банка на Северна МакедонијаМартин Велинов за Член на УО во ЈУ Центар за традиционална кинеска медицина – ШтипЕмилија Вачева за Член на УО во ЈУ Центар за традиционална кинеска медицина – ШтипЉубица Зафирова за Член на УО во ЈУ Центар за традиционална кинеска медицина – ШтипИгор Петков за Член на НО во АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост ЕСМФросина Крстевска за Независен член на НО во АД за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија во државна сопственост ЕСМДрагољуб Филиповски за Член на НО во АД за аеродромски услуги „Аеродроми на Република Северна Македонија“ во државна сопственостВиктор Андонов за Член на УО во Дирекција за технолошки индустриски развојни зониИлмија Шабани за Член на одбор за контрола на материјално-финансиско работење во ЈУ Национален парк Маврово, Маврови АновиМаријан Стојковски се разрешува од должноста член на УО во ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологијаВероника Кокоромановска за член на УО во ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологијаАна Рандевска се разрешува од должноста член на УО во ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургијаСузана Јовановска Илиева за член на УО во ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија На денешната седница на Владата се донесени и Препораки до УО, и тоа: Се препорачува на Управниот одбор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонијапат”- Скопје, за директор на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонијапат”- Скопје да го/ ја именува  Беким Мемет. Се препорачува на Управниот одбор на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ – Скопје, за директор на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ – Скопје да го/ ја именува Фестим Халили.   

Македонија | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Инспекторат ќе врши надзор на примената на Законот за употребата на јазиците

На денешната седница Владата на Република Северна Македонија го утврди Предлог-законот за Државниот инспекторат за употреба на јазиците, и донесе одлука да биде пуштен во постапка за усвојување во Собранието.Закон за инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците во Република Северна Македонија, кој треба да ја гарантира рамноправноста, еднаквоста и непристрасноста при примена на инспекцискиот надзор како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.Бидејќи станува збор за формирање на нов орган во состав на Министерството за правда, законски е предвидена и организациската поставеност на инспекторатот, како и условите кои треба да се исполнат за избор на Директорот и инспекторите во рамките на инспекторатот.Министерството за правда денеска на дневен ред го постави и Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, а Владата го усвои и донесе одлука и тој да биде пуштен на усвојување во собраниска постапка.Основната цел на предлагањето на овој закон е содржана како стратешка цел во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор дефинирана како воедначување на судската пракса преку зголемен обем на обуки на судиите во рамките на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, нови законски критериуми за состав на органите на управување и раководење на Академијата, како и за редефинирање на начинот на полагање на приемниот и завршниот испит врз основа на мерила и објективни критериуми за проценка на  знаењата на кандидатите.

Македонија | пред 6 години

ohrid-dzamijata-minare-6

Фирмата на Нефи дава најниски цени и на тендери и на приватни компании

Тендерите не се местени, цените биле реално најниски !Погрешен е впечатокот со се креира во јавноста дека компанијата на политичарот Нефи Усеини добивала тендери преку неговата функција советник во општинскиот Совет бидејќи фирмата „Нефи Ик“ реално дава најниска цена при изведбата на работите.Покрај најниските цени со кои тој учествувал на тендерите, „Нефи Ик“ има најниски цени и кон приватните компании па така неговата градежна фирма врши ископ скоро на сите градежни објекти каде инвеститори се приватни компании бидејќи на пазарот има најниска цена, па затоа скоро низ цел Охрид се среќаваат табли со името на фирмата „Нефи Ик“ бидејќи приватните инвеститори сакаат да работат со фирмата на Нефи.„ Кај мене тој урна стар објект и изврши ископ бидејќи има најниска цена. На повеќе објекти со него работам и задоволни сме и од сработеното и од цената“ коментира за „Скопје 1“ инвеститор во недвижнини од Охрид.„Антикорупциска комисија“ побара Локаланта да ги раскине сите тендери со фирмата на советникот Нефи Усеини бидејќи комисијата по претходно пристигнати преставки од истражувачки центри и партија, оцени дека се прекршени законски одредби и има судир на интереси.Нефи Усеини последните месеци е постојано присутен речиси во сите медиуми во земјава.

Македонија | пред 6 години

dksk_0_0

ЕКСКЛУЗИВНО: „Антикорупциска“ побара раскинување на сите договори со фирмите на Нефи Усеини

Институциите кончено се подразбудија !„Антикорупциската комисија“ преку официјален допис испратен до власта во Охрид побара да се раскинат сите договори со фирми во сопственост на советникот во Советот на општина Охрид, Нефи Усеини.Ваквиот епилог доаѓа од како еден реномиран новинарски истражувачки центар поднесе документи до комисијата, а истото го стори и опозициската ВМРО ДПМНЕ.Комисијата констатирала дека има судир на интереси  жи повреди на законите, и од утре градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски и директорите на јавните претпријатија мора да ги раскинат договорите со фирмите во сопственост на Нефи Усеини, по што ќе мора за истите набавки повторно да распишат тендери.Компании на Нефи имаат шест тендериКомпании во сопственост на Нефи Усеини имаат најмалку шест тендери кои во моемнтов се спроведуваат во ЈП „Охридски Комуналец“ и во ЈП „Градски Гробишта“.Медиумите преполни со текстови за Нефи УсеиниПо почетокот на градбата на пицеријата кај охирскиот стар чинар и градбата на бетонската база Нефи Усеини од бизнисмен кој со години беше повлечен и речиси непознат во меидумите, преку ноќ стана „електронска ѕвезда“ и неговото име со месеци наназад е присутно на порталите и телевизиите. Неретко има денови кога тој е главен медиумски лик во вестите на медиумите, а некогаш неговата слика доминира на „ Фејсбук“ на постовите од порталите и ги потиснува сите политичари.Интерес за активностите на советникот покажуваат сите медиуми и до денес тој од медиумите на некој начин „одмори“ само во деновите кога изби аферата „Рекет“.

Македонија | пред 6 години

IMG-9b56bf15007533bccf44af35042bef5f-V

Целосно е реновирана спортската сала Независна Македонија

Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „За стопанисување со спортски сали и објекти - Кисела Вода“, целосно ја реновираше спортската сала „Независна Македонија“.Во салата беше извршено молерисување, полирање и лакирање на спортскиот терен/подот.Тревните површини пред салата се хортикултурно уредени, збогатени се со повеќе висококвалитетни дрвја и цвеќиња.Претходно, во истата сала подобрено беше осветлувањето и реконструирана беше стаклената конструкција. Со ова корисниците добија видно подобри услови за спортување.Во „Независна Македонија“ се одржуваат меѓународни турнири, учениците ја користат за одигрување на училишни натпревари, а во неа се натпреваруваат и тренираат обојкарски и кошаркарски клубови од македонските лиги.

Скопје | пред 6 години

gdu

ГДУ: Дали Заев навистина им објавува војна на лажните вести или ака да ги поткупи и дисциплинира медиумите?

Дали премиерот Зоран Заев навистина им објавува војна на лажните вести и дезинформациите или пак сака да ги поткупи и дисциплинира медиумите? После неговата денешна прес-конференција на која го претстави акцискиот план, ГДУ изразува сомнеж за вистинската намера на власта, односно дали таа индиректно најавува цензура, се вели во соопштението од ГДУ.Прво се отвора сомнеж дали Владата преку ваквиот план се обидува да купува медиуми? Второ нејасно е на кој начин Владата ќе спроведува програми и тренинзи за медиумска писменост и не се знае колку пари ќе се потрошат. Трето дали Владата со тоа што ќе воведува јасни критериуми за акредитирање на новинарите кои ги следат владините настани, сака да се заштити од незгодни новинарски прашања? Дали за аферите и скандалите кои се објавуваат, од Владата ќе се покриваат дека се лажни вести? Четврто дали власта со акцискиот план всушност најави и дека ќе брише објави и профили на социјалните медиуми? И петто кој ќе утврдува што е лажна вест и дезинформација, а што вистина?Притоа сакаме да потенцираме дека вината не треба да ја барате само во медиумите и социјалните мрежи. Лажни вести шират и политичарите. Истиот проблем го има и Европа, па затоа ќе го цитираме Доналд Туск, кој во една прилика говорејќи на темата лажни вести истакна: „Во Европскиот совет многу јасно ставив на дознаење дека некои од премиерите кои таму седат и самите се извори на лажни вести“.Предупредуваме внимателно со плановите. Да не се обидува власта да ги замолчи медиумите, ниту пак да се осмели да ги поткупува преку некакви си кампањи. Мора да се почитува правото на слобода на говор и критика, во спротивно џабе зборувате за европски препораки, се вели во соопштението од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_28-2

Згаснува ли 1ТВ?: Последно издание на вестите, вработените мораат на принуден одмор

Новинарите и другите вработени од 1 ТВ заминуваат на колективен, принyден одмор, а вечерва ќе се емитува последното издание на Дневникот на телевизијата, пишува Независен.Колективниот одмор официјално почнува од денеска но вработените дошле за последното издание на вестите.Засега, неизвесно е дали понатаму ќе има други информативни изданија. Вработените што останаа во телевизијата остануваат во работен однос, но после 15 август ќе се знае дали ќе ја земат јулската плата.Сметката на телевизијата е блокиpaна, а на медиумот кој се претставуваше како брзорастечки, му се зakaнува згaacнување откако неговиот неформален сопственик Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13 беше yaпсен и ocомничен за случајот „Peкет“ што го отвори Обвинитeeлството за гонeeње на организиран kpиминал и kopупција.

Македонија | пред 6 години

siluvanje

Две момчиња од Радовиш силувале девојка

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против С.А.(19) и Е.Б.(17), двајцата од Радовиш, кои се осомничени за сторено кривично дело силување. СВР – Струмица извести дека на 17 овој месец, во близина на Радовиш, двајцата извршиле обљуба врз 19-годишна девојка од тој град. 

Македонија | пред 6 години

Pancevski-so-sudot-2

Мицковски со предлогот Панчевски да биде шеф на новто СЈО сака да го врати „сваровски“ судството, велат од СДСМ

„Христијан Мицкоски уште еднаш докажа дека не му грижа за правдата, не му е грижа за владеењето на правото, неговата единствена грижа е да го одбрани криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Предлогот на Мицкоски, Владимир Панчевски да биде прв човек на новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција е предлог за враќање на „Сваровски“ судството кое работеше по инструкции од белиот дворец. Мицкоски останува посветен на одбрана на криминалот и дејствување против правдата, против интересите на граѓаните и државата. Заврши времето кога политичари бираа јавни обвинители. Панчевски е олицетворение на „Сваровски“ судството преку кое ВМРО-ДПМНЕ ја урнисуваше правната држава и ги погазуваше човековите права и слободи.  Мицкоски е олицетворение на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кој го инсталираше таквото судство“, велат од СДСМ.„Додека сите работат на изнаоѓање законско решение кое ќе ја зајакне борбата против организираниот криминал, Мицкоски „мртов – ладен“ го кандидира Панчевски, кој е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот и кој давал насоки кој предмет кај кој судија да биде распределен. Јавноста многу добро знае кој е Владимир Панчевски, човекот кој во центарот на Скопје градеше дивоградби кои потоа сам ги уриваше, човек кој беше осуден за мобинг врз судии. Тоа се репутацијата и кредибилитетот на Панчевски за кои денеска зборува Мицкоски. Мицкоски очјано посакува враќање на „Сваровски“ судството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, но тој филм нема да го гледа. Борбата против корупцијата и организираниот криминал е бескомпромисна и не познава партиска припадност“, додаваат од владеачката партија.

Македонија | пред 6 години

67399920_10217330857137154_5844851848724348928_o

ФОТО: Повторно се сечат дрва во Аеродром, градоначалникот едно ветува - друго прави

Попладнево работници сечеа дрва во близина на хотелот Хилтон во Скопје.Неофицијално причината за сечата е пробивање на нов булевар во Аеродром. Пресечени се сите дрва од пред хотелот до крајот на булеварот.Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин од СДСМ, пред локалните избори ветуваше повеќе зеленило. Сега, револтот кај граѓаните е сосема оправдан бидејќи пред нивни очи се случува токму спротивното. 

Скопје | пред 6 години

policija-1

Пронајден штитеник од дом кој претходно беше пријавено дека избегал

На 23.07.2019 во 15.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци го пронашле тринаесетгодишникот од Кавадарци, штитеник на домот „25 Мај“ од Скопје, за кој претходно беше пријавено дека самоволно ja напуштил установата. Тој бил предаден на надлежните служби.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Мигранти се испотепале меѓусебе?

На 24.07.2019 во 02.10 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во село Ваксинце, општина Липково, има повредени странски државјани. Полициски службенци излегле на местото и ги затекнале А.Р.(23), М.К.(20), Х.А.(23) и Н.Т.(24), сите од Пакистан, кои имале повреди по телата. Според нивно кажување тие биле нападнати од неколку други лица од Пакистан кои побегнале потоа. Лицата биле пренесени во Ургентен центар Куманово, каде им била укажана лекарска помош, по што А.Р. и Х.А., кои имале убодни рани во пределот на ногата, биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека останатите биле задржани за лекување во болницата Куманово. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

momce-plocki

(ФОТО) Потресна приказна на Скопјанец: Дете лежело на плочки со саати, сите го одминувале како да не го гледаат

Жител на Скопје сподели потресна случка на социјалните мрежи. Вчеравечер, додека шетал, забележал момче кое лежело на плочките од патеката во Скопје. Се обидел да го разбуди, но не успеал. Веднаш реагирал и викнал Брза помош. За разлика од него, многу минувачи го одминале младото момче.„Јас реагирав, ги узурпирав минувачите, се викна Брза помош, чија екипа констатираше дека детето било само во длабок сон. Колку часа спиело вака на плочките и колку минувачи поминале покрај него како да не го применуваат, не знам. Знам само, дека судбината на оваа категорија гладни семејства, на чии деца земјата им е постела, а небото покривач, не треба да биде грижа на хуманите граѓани, туку на државата. Особено кога таа се нарекува социјална држава!“, напиша тој на социјалните мрежи.

Коментари | пред 6 години

20.4.kamcev

Бугарија се откажа од номинацијата на Камчев за почесен конзул

Бугарија се премисли. Нема да го номинира бизнисменот Орце Камчев, осомничен во случајот „Империја“ и сведок во аферата со рекетот, за почесен конзул во Македонија.Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за Канал 5, вели дека ваквата одлука ја донеле по реакциите во македонската јавност и противењето на владата.Минатата година Камчев беше номиниран за бугарски почесен конзул, со аргумент дека тој е човек кој економски е многу влијателен, има свој авторитет во Македонија. Но кога македонските власти не ја поддржаа таа идеја, како што гледате Бугарија не го отвори тоа прашање, бидејќи како што гледате се работи за граѓанин на Р. Македонија. Инаку Бугарија го номинира, но кога Македонија кажа дека тој не е прифатлив за нас, нема проблем, на крај го имаме на ум вашето мислење.Каракачанов вели дека со внимание ја следата аферата „Рекет“, но ги демантира сите шпекулации за некаква поврзаност на Бугарија со случајот.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Со автомобил удрил пешак, со тешки телесни повреди пренесен во болница

На 23.07.2019 во 17.45 часот на крстосница од улиците „Железничка“ и „Винковачка“ во Охрид, П.Т. (35) од Битола, управувајќи патничко возило „Сеат“, удрило во пешакот Љ.Н.(70) од Охрид. Во незгодата Љ.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања