Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zaev-121

Заев: Героски побара средба со мене, но еве уште еднаш ќе кажам има истражни органи, треба да оди таму да пријави

Новинарот Бранко Героски кој на некој начин го обелодени скандалот со „Рекет“, најави нова серија текстови за корупција во власта. Героски побара средба со премиерот, Зоран Заев, но на денешната прес конференција премиерот реше дека Владата стои бескомпромисно во борбата против криминалот, а на новинарот Геровски му порача сите индиции за криминал да ги достави до надлежните институции.-Борбата против криминалот и корупцијата во ниедна земја не била лесна. Тврдам дека ќе бидам прв меѓу најхрабрите во бекромпромисната борба против корупцијата и криминалот, но јас не сум истражен орган или обвинител, туку претседател на Влада која треба да овозможи услови за непречено одвивање на истраги без разлика на кого се однесуаат. Тоа го сфаќам релаксирачки, нема казна бесење, има затвор, секој кој се огрешил ќе си лежи – рече Заев.Во врска со наводите за вмешаност на обвинителката Катица Јанева и високи владини функционери во аферата „Рекет“ тој порача да се почитува пресумцијата на невиност.-Не смееме да правиме масакр врз луѓето. Новинарот Героски побара средба со мене, уште еднаш во духот на тоа што го кажав, има истражни органи, треба да оди таму да пријави. Сите документи ред е да оди да ги пријави во институциите. Јас не сум истражител, нема што кај мене, јас сум отворен и пијам кафе со секого, но на оваа тема нема што да разговара со мене, има органи каде што треба да пријави – рече Заев.   

Македонија | пред 6 години

sabina

Факиќ: Зошто Заев лично ја примил пријавата за рекет и ја проследил на Обвинителството

Аман луѓе бидете доследни! Не збудалевте, напиша на својот фејсбук профил новинарката Сабина Факиќ, по изјавата на премиерот Заев во која вели нема зошто кај него да се пријавува, затоа што тој не бил истражител. Во продолжение Факиќ вели:Заев денес изјави „Јас не сум истражител, нема што кај мене да се пријавува, јас сум отворен и пијам кафе со секого, но на оваа тема нема што да разговара со мене, има органи каде што треба да пријави.“ Ако е така зошто тогаш тој лично ја примил пријавата за рекет и ја проследил на Обвинителството.Аман луѓе бидете доследни! Не збудалевте, напиша на својот фејсбук профил новинарката Сабина Факиќ.https://www.facebook.com/sfakic/posts/2926062120797818

Македонија | пред 6 години

zatvor

Малолетни затвореници во охридскиот затвор со поплаки до омбудсманот „Не тепаат со гумена палка каде што нема камери“

Нема доволно пари, нема доволно персонал, нема добра храна и соодветна лекарска грижа, но нема ниту тортура, ова се заклучоците на анкетната собраниска комисија која засилена со невладини претставници извршила визита на три затвори во државата, пренесува Телма. Омбудсманот ги демантираше, им порача дека корупцијата во затворите е раширена, а заменичката Васка Бајрамовска рече дека има тортура, но се случува на скришни места, а на затворените им е страв да пријават.Не тепаат со бугарска гумена палка, на места каде нема камери или во трпезарија, ова било поплаката на повеќе малолетници, штитеници на охридскиот затвор., која ја упатиле на претставници на омбудсманот. 

пред 6 години

PrtScr-capture_4

Заев: И мене не ми се допаѓаше Вилма Русковска едно време

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека тој не ја назначил шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на чело на новото Обвинителство, туку дека таа била моментално на таа позиција.„И мене не ми се допаѓаше Вилма Русковска едно време”, рече Заев.Премиерот рече дека во новиот предлог-закон не е запознат дека наместо истраги се користи зборот постапки, за кои би требало да одлучува судот. 

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Во случајот Рекет да се испита и потеклото на парите на рекетираните бизнисмени

Во јавноста се повеќе се појавуваат информации дека во случајот „Рекет„ освен Јордан Камчев се повеќе и други бизнисмени  пријавувале во обвинителството случаи во кои биле рекетирани од притворените Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Дури, излегуваат и конкретни суми на рекет кои ги давале македонските бизнисмени а кои се движатт од неколку стотици илјади до милиони евра.Единствена Македонија дава целосна подршка на обвинителството за акцијата „Рекет„ но, одговор мора да има прво, за потеклото на милиони евра кои биле давани како рекет, дотолку повеќе, во Македонија во најголем дел богатството се прави од позиција на власт и блискост со луѓето од власта, и второ, истрагата да ги опфати и инспираторите и организаторите, а не да се сведе само на извршителите, оти е јасно дека на рекетарите Бојан Јовановски и Зоран Милески не би им дале еден денар рекет а не милиони евра доколку немале подршка од високи структури во државата.Македонскиот народ и поголем дел од државјаните во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледаат единствената надеж оти ветуваме вистинска а не селективна борба против криминалците.

Македонија | пред 6 години

Osloboduvanje-drvja-Orce-NIkolov-1

Скопски општини и град Скопје земаа обврска да спречат ново заробување на дрвјата

Град Скопје во соработка со општините Центар, Карпош, Чаир и Аеродром ја продолжуваат акцијата за ослободување на заробените дрвја од градежен материјал при нестручно изведени градежни активности. Tимот од Шумарскиот факултет досега прецизно мапираше точно 841 заробено дрво во градот, од кои околу 150 се веќе ослободени. Оваа акција и денеска се одвива во општините Карпош, Чаир и Центар каде што се работи со забрзано темпо. -           Општина Аеродром акцијата ја заврши во еден ден. Според моите информации, во Аеродром не остана ниту едно заробено дрво и со тоа оваа општина можеме да ја сметаме за „целосно ослободена“ во однос на заробените дрвја. До крајот на акцијата очекуваме да се ослободат најмалку 200 дрвја, што е повеќе од 25% од вкупниот број заробени дрвја во Скопје – рече денеска портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху, на акцијата што се спроведуваше на улицата Никола Тесла во општината Карпош. Тој нагласи дека скопските општини заедно со Град Скопје и градските јавни претпријатија на секој можен начин ќе спречат ново заробување на дрвја на јавните градски површини. -           Апелираме и до сите физички лица и компании кои изведуваат макар и најситни градежни активности да внимаваат на дрвјата бидејќи тие се едни од најважните чувари на нашето здравје и здравјето на нашите деца – додаде Салиху. На денешната акција за ослободување на заробените дрвја на улицата Никола Тесла присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев. Со оваа акција ослободуваме израснати и квалитетни дрвја, со што ќе овозможиме тие непречено да се развиваат. Израснатите и развиени дрвја го прочистуваат воздухот и ја задржуваат прашината и честичките за 30 до 40 проценти повеќе од помалите и неразвиени дрвја – рече Богоев.

Скопје | пред 6 години

gradon

Наташа Петровска: Надлежните органи досега не ме контактираа за случајот „Рекет“

Истражните органи досега не ме контактираа во врска со случајот „Рекет“, изјави денеска градоначалничката на Битола, Наташа Петровска одговарајќи на новинарско прашање дали е вклучена во истражните дејствија на надлежните органи за овој случај, објави Сител.– Во овие околности не сакам да зборувам за постапка и процес што ги водат други органи. Кога ќе бидам запрашана од надлежни институции ќе дадам одговор, кусо изјави Петровска, додавајќи дека доколку тоа од неа биде побарано веднаш ќе се јави пред надлежните органи.Извор: Сител телевизија 

Македонија | пред 6 години

PrtScr-capture_4

(ВО ЖИВО) Прес конференција на премиерот Зоран Заев

Прес конференција на премиерот, Зоран Заев.  Следете ја прес конференцијата овде во живо.

Македонија | пред 6 години

arsovski-za-janeva

Арсовски: Кои се другите луѓе кои рекетирале во име на Катица Јанева и на СЈО?

Катица Јанева вчера даде изјава со која обзнани дека многу други луѓе уценувале и знаела за тоа ама не пријавила.Катица Јанева призна дека освен двајцата осомничени кои што се приведени уште многу други луѓе уценувале и рекетирале повикувајќи се на нејзиното име односно повикувајќи се на СЈО, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Прашањата на кои што мора да одговори уште веднаш не само таа туку и СДСМ се следните:Кои се другите луѓе кои рекетирале во име на Катица Јанева и на СЈО?Зошто Катица Јанева цело време знаела дека и други луѓе освен Боки 13 рекетираат во нејзино име, но целиот тој период не пријавувала? Дали можеби се офајдила од она што го добивале за возрат?Дали Катица Јанева призна практично дека дел од тие луѓе односно други луѓе кои што рекетирале се и Кики и Фрики кои што се од врвот на раководството на СДСМ и исто така рекетирале во нејзино име?Колку време Катица Јанева рекетирала со овие луѓе и со Боки 13?Дали сега веќе ги пријави Катица Јанева истиве овие луѓе што рекетирале и дали можеби и за нив има постапка?Катица Јанева го претвори СЈО во рекетарски бизнис но нормално со поддршка на Зоран Заев и на СДСМ.Почитувани,Рекетот потекнува директно од СДСМ и Катица Јанева ги кријат сите овие луѓе само за да не се дознае вистината за рекетарите од врвот на СДСМ.Зоран Заев и Катица Јанева ја направија најголемата рекетарска шема каде што изрекетирале десетици милиони евра под превезот на СЈО.Веќе и на малите деца им е јасно дека ова е многу повеќе од индивидуален обид за рекет на Бојан 13-ка кој што можеби е само еден од пипците на октоподот на чие чело стои Зоран Заев.Рекетарските и криминални приказни во јавноста опфаќаат многу други имиња кои Катица Јанева треба да ги каже во обвинителството и сите заедно да одговараат заедно со нејзе и со Зоран Заев односно со поддршката од СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

danela

Уште еден бизнисмен од голема компанија жртва на рекет

Уште еден бизнисмен, член на Сојузот на стопанските комори на Македонија пријавил дека бил подложен на рекет, а претседателката на ССК Данела Арсовска бара брза разрешница на состојбата.Бизнисменот случајот го пријавил во ССК, но сепак, од таму велат дека тие не се орган за истражување и гонење. Таа истакна дека станува збор за голема компанија, без да изнесува други детали за сопственикот.- Има повеќе од еден случај кој пријавил, дали за оваа или за друга ситуација и се ќе направиме што е во наша надлежност да ги заштитеме членовите и да се потрудиме да не се повтори, бидејќи тоа е од интерес за сите нас, изјави Арсовска. 

Македонија | пред 6 години

haradinaj

(ВИДЕО) Заврши сослушувањето Рамуш Харадинај, се бранел со молчење

Косовскиот премиер во заминување, Рамуш Харадинај, го заврши распитот од страна на обвинителите на специјализираните комори во Специјалниот суд во Хаг. Харадинај рече дека бил поканет како осомничен, посочувајќи дека законскиот совет не му дозволува  да даде детали за тоа што конкретно бил прашуван на распитот, пренесува Газета Експрес.„Ја исполнив законската обврска како осомничен. Добив правен совет да не одговарам за тоа што ќе ме прашаат“, изјавил Харадинај додавајќи дека не знае за какво дело е повикан во судот.Новинарите не можеле да присуствуваат на испитувањето. Потсетуваме дека минатиот петок, по добивањето на поканата од Специјалниот суд во Хаг, Харадинај поднесе оставка од премиерската функција, порачувајќи дека пред трибуналот сака да се појави како граѓанин, а не како премиер на Косово.https://www.facebook.com/tvdukagjiniofficial/videos/2178194738975747/ https://www.facebook.com/tvdukagjiniofficial/videos/1576115342525253/

Свет | пред 6 години

hrvati

Бомбаш-самоубиец нападна возило со хрватски војници во Авганистан

Тројца хрватски војници се повредени во нападот на бомбаш-самоубиец во Авганистан. Министерството за одбрана на Хрватска објави дека еден од војниците има тешки повреди на главата и е во животна опасност. Кај едниот од војниците станува збор за прелом на нога, додека кај вториот за повреди на раката.-За жал, утринава се случи напад во Кабул над возило со хрватски војници. Имаме тројца повредени војници, од кои еден е во сериозна состојба и се бори за живот. Другите двајца се тешко повредени, но се надвор од животна опасност, истакна хрватскиот министер за одбрана Дамир Крстичевиќ.Тој објаснил дека војниците се движеле во три возила кон кампот во Лион, кога во нив се забил мотор со бомбаш самоубиец. Несреќата се случила во 8,45 часот на главната улица, пред кампот Лион. Според изјави на очевидци, забрзан трицикл, со бомбаш самоубиец, се зарил во третото возило. Набрзо од кампот излегле чувари и обезбедиле периматар и им дале прва помош на настраданите, префрлувајќи ги во медициснска установа. Двајца припадници со потешките повреди со воздушна поддршка се префрлени во најблиската болница, а третиот кој имал повреда на раката останал во кампот, на натамошен медицински третман, соопшти бригадниот генерал Тушкан. 

Свет | пред 6 години

ljupco-zlatev

Новинарот Љупчо Златев на распит во МВР за случајот со Рашковски

Новинарот Љупчо Златев бил повикан на распит во полиција.-Наместо да го гони криминалот, полицијата одлучи да ги гони оние кои го откриваат криминалот. МВР ме повика на распит затоа што како одговорен уредник на Економски Лидер ја објавив снимката на која се слуша како генсекот на владата Драги Рашковски договара тендери и провизии. Распитот ќе се обави утре, откри Златев на својот Фејсбук профил.Тој, порача дека нема да дозволи да го замолчат.https://www.facebook.com/lzlatev/posts/2592156947484419 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај 18 годишен жител од Виница пронајдена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.Д.(18) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено  производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.11.2018 во Кочани, полициски службеници извршиле преглед над М.С. од Виница, при што пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја набавил од пријавениот.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Се воведува ред на Тетовските сообраќајници

На 23.07.2019 Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе засилена сообраќајна контрола на сите учесници во сообраќајот во Тетово и Гостивар. Притоа, биле санкционирани 33 прекршоци од кои 12 се однесувале на непрописно паркирање, пет за неприлагодена брзина на движење, четири за возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања, три за лица кои управувале возило без положен возачки испит и валидна дозвола и друго. За констатираните прекршоци биле издадени 10 прекршочни, 19 мандатни платни налози и 4 писмени предупредувања.

Македонија | пред 6 години

saso-katica

Ќерката на Сашо Василевски вработена во СЈО преку Катица Јанева

Блискоста на Катица Јанева и екс директор на МЕПСО Сашо Василевски, освен со стан за речиси беспари, решиле уште едно многу битно прашање. Ќерката на Василевски , Марија Василевска ја вработиле во СЈО, објави „Република“.Дека Марија Василевска дипломиран правник, почнала да работи во СЈО во декември 2017 година, за „Република“ потврдуваат и извори од СЈО, а според нашите сознанија таа зема и солидна плата од 49.000 денари. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Турски државјани сакале да поминат на „Деве Баир“ со фалсификувани бугарски документи

На 24.07.2019 во 00.30 часот на граничен премин „Деве Баир“,  при пасошка контрола и проверка било констатирано дека Ф.К.(30) и Б.К.(32), двајцата од Република Турција, се пријавиле со фалсификувани бугарски документи. Тие биле приведени и предадени во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

janeva-pak

Јавноста до Јанева: Не сме малоумни, фатена си!

После седумдневно криење од јавноста, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денес одржа куса прес конференција во врска со скандалот “Рекет“, кажа “чиста сум“ и избега од новинарите. Но, перцепцијата, преку она што може да се види на социјалните мрежи, е дека јавноста не и верува на Јанева, ниту на нејзините тези дека таа е невина, а дека Боки13 ја злоупотребил за да изнудува милионски суми од бизнисмени, користејќи прислушкувани разговори од СЈО.

Коментари | пред 6 години

marihuana2

Кривична пријава за жител на Делчево – во домот му пронашле марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.В.(31) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 17.01.2019 во Делчево, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Јавен повик за платени обуки за оџачари во Скопје

Агенција за вработување на Република Северна Македонија објави Јавен оглас до евидентирани невработени лица за да се пријават за обука за побарувани занимања на пазарот на трудот – оџачар во Скопје.Сите заинтересирани треба да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде што се евидентирани како невработени лица, до пополнување на бројот или најдоцна до 30.08.2019 година.Обуката за оџачари ќе се спроведува од верификуван спроведувач на обука, а заинтересираните кандидати треба да се од Скопје и да се со завршено најмалку основно образование.Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавци во времетраење од еден месец. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавци) практична работа во времетраење од еден  месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавец).Лицата вклучени во обуката ќе добијат месечен надомест од 9.000,00 денари, со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.Невработените лица кои ќе ја завршат обуката, практичната работа и успешно ќе го положат предвидениот испит, ќе се стекнат со Сертификат издаден од верификуван спроведувач на обука.На корисниците на паричен надоместок и на корисниците на правото на парична помош од социјална заштита, за времетраење на обуката не го губат ова право.Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор меѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и селектираните кандидати.Обуките ќе се спроведат доколку има доволен број пријавени кандидати и спроведувачи на обука.Во обуките не може да учествуваат лица кои претходно биле вклучени во оваа мерка.Заинтересираните невработени лица можат да поднесат Пријава во Центарите за вработување, секој работен ден од 9 до 14 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон  02/3111-850 како и веб-страниците на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија www.mtsp.gov.mk 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Богдановиќ и Царовска во посета на градинката „Кочо Рацин“, платите на вработените покачени за 16%

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ, заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, вчера беа во посета на градинката „Кочо Рацин“ и објектот на новото основно училиште „Капиштец“.„Освен за некои нови проекти што ги планираме како изградба на нови капацитети разговаравме и за новото покачување коешто се случи за сите вработени во градинките, што е еден стимул за сите наши вработени, колеги, коишто се грижат за децата од претшколската возраст, да ги стимулираат што е можно подобро да ги обавуваат своите дејности“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.„Општина Центар се соочуваше со големи предизвици во предучилишното образование, како и сите други општини. Тоа значеше мал број вработени, на неопредело време, немаше вработувања, ниски плати. Но, заедно со општините, и со Општина Центар, го надминавме ова, во изминатите две години тие добија повеќе од 80 вработувања, само за тој период. Посебно е задоволството што воспитувачите, негователите и стручните соработници добија повисоки плати. Со јунската плата, со исплата во јули, тие добија за повеќе од 3.000 денари покачување на платите, што дава можност да работат многу поквалитетно и многу помотивирано“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.Градинката „Кочо Рацин“ е отворена во 2015-та година, има капацитет од 190 деца. Тука се згрижуваат деца од 0-6 години, во 11 групи.„Имаме оваа година вработувања во сите објекти на градинката, кадешто е зголемен капацитетот и на вработените и на децата“, изјави Габриела Алабашевска, директорка на градинката Кочо Рацин.Царовска и Богдановиќ го посетија и новиот објект на основното училиште „Капиштец“, кое ќе започне со работа во септември. Со современ изглед и капацитет за 500 ученици, ова е првото училиште во регионот кое е целосно адаптирано за лица со попреченост.

Скопје | пред 6 години

marihuana

Во камион пренесувал дрога на граничен премин

Основното јавно обвинителство  Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против  две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 22.07.2019 година лице на возраст од 32 години во товарно моторно возило со полуприколка неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога – марихуана во количина од 9.855 грама. Во вршењето на кривичното дело  со умисла му помогнал вториот осомничен ставајќи му на располагање средство за извршување на кривичното дело.Двајцата осомничени по претходен договор а со цел пренесување на дрога, искористиле претходно договорено патување на првоосомничениот во Република Турција каде со товарно возило со полуприколка требало да се однесе дрвена граѓа.  Ноќта пред патувањето второосомничениот ја донел дрогата во патничко моторно возило кај с.Смоквица каде се сретнал со првоосомничениот кој го управувал товарното возило. Дрогата била спакувана во  20 полиетиленски пакувања исполнети со наркотична дрога – марихуана сместени во две торби и еден куфер.  Второосомничениот кога влегол во тварното возило кое го управувал првоосомничениот ја распоредил дрогата на повеќе места во возилото. Кога осомничените во текот на ноќта, со товарното возило пристигнале на граничниот премин Стар Дојран,  при излез од Република Северна Македонија била извршена контрола од  овластените службени лица и дрогата била пронајдена.Ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетите како и можност да го повторат кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Велес кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените.  Судот го прифати предлогот на јавниот обвинител и со Решение на осомничените им е определена мерка притвор во траење од 30 дена. 

пред 6 години

kosta

Општина Охрид: Ќе разгледаме дали има можност за мораторум на градежните активности

Општина Охрид ќе ги преземе сите активности во согласност со законските прописи, со цел да се исполнат задолженијата кои Владата на Република Северна Македонија им ги додели на општините, за подобро и поефикасно спроведување на Препораките од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, кои се во насока на зачувување на статусот на Охридскиот регион како светско наследство, најави локалната самоуправа.Општинските надлежни служби ќе ги разгледаат законските можности во однос на владината препорака за прогласување на мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство. По налог на градоначалникот Константин Георгиески, во рок од 10 дена ќе биде изготвен Акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО. Веднаш по изготвувањето, овој план ќе биде ставен на дневен ред на седница на Советот на Општина Охрид. – информира Општина Охрид.

Македонија | пред 6 години

67481427_2304446529623146_5699734730677682176_o

(ФОТО) Осамнаа транспаренти во Скопје: Не си заглавен во сообраќај, ти си сообраќај!

„Секојдневно им забележуваме на градските власти, МВР и другите институции, дека не прават доволно за расчистување на сообраќајниот метеж. И од тоа не треба да се откажеме. Напротив, како граѓани и здруженија, треба постојано да бидеме будни и да правиме притисок работите да се менуваат кон подобро.Но во меѓувреме, секој еден од нас треба да се запраша, дали е дел од проблемите со кои се соочуваме во градот. Што може да направи секој еден од нас за да придонесе кон решавање на тие проблеми.Точно е дека не секој од нас може да се качи на точак и да го замени својот автомобил како превозно средство. Некои немаат точак, некои се чувствуваат небезбедно заради недостаток на велосипедска инфраструктура, некои не се доволно физички силни, но повеќето од нас едноставно се заглавени во изборот што некогаш го направиле, да се возат во автомобил безразлика на се. Макар и заглавени.Одглави се. Избери точак! Избери пешачење! Избери јавен транспорт! И притисни да се подобрат.Ајде да се менуваме и ние граѓаните на овој град.Да го менуваме градот заедно“, пишуваат од граѓанската иницијатива „На точак“.

Скопје | пред 6 години

bolnica-123

Притисоци за местење на тендерот за реагенси вреден 35 милиони евра

Министерство за здравство, тендерот за реагенси од 35 милиони евра кој не успеа да го спроведе сега се обидува да го реализира на поинаков начин, разделен на повеќе делови по болници. Но, луѓе кои се претставуваат како испратени од Министерството за здравство, вршат притисоци врз директори на болници во сите градови во земјава да го спроведат овој ист тендер но сега на барање на директоите, со нивен потпис и на нивна одговорност да побараат одредена марка апарати за биохемија, дознава „Скопје1.мк“Голем дел од директорите се револтирани и одбиле да спроведат ваква нарачка потенцирајќи дека не сакаат да учествуваат во наместени тендери. По лекарските кругови се шпекулира дека токму одредени смени кои се најавени или се најавуваат се поради одбивање да се спроведе овој тендер кој повторно е во милиони евра, но сега разделен на повеќе делови односно помали зделки.Врз директорите на болници се вршел притисок да побараат на услуга АБОТ апарати за биохемија, со што после тоа на тендерите за реагенси ќе може само една фирма да ги понуди, а со тоа да си обезбеди милионски бизнис, дознава „Скопје1.мк.Дел од директорите најавуваат дека ќе излезат со информации во јавноста за пристисоците, без разлика дали ќе бидат сменети од позициите или не. Минатата година, фирмата „АХР ЛАБ увоз – извоз ДООЕЛ“, беше единствен апликант за тендерот за набавка на апарати и реагенси за лабораториите за испитување на крв во Јавните здравствени установи низ цела Македонија и единствена која конкурираше на тендерот од Министерството за здравство во висина од 35 милиони евра, но подоцна тендерот беше поништен.Фирмата беше регистрирана пред само четири месеци пред да се објави тендерот и нема никакво искуство во оваа област. Управителот Александар Јовановски – Жути кажа дека неправедно неговото име било предмет на шпекулации бидејќи неговата компанија не била директен понудувач на тендерот, туку подизведувач на германската компанија „АБОТ“.Тој тврдеше дека АБОТ е субјектот кој ја ангажирал компанијата „АХР ЛАБ“ во која како управител се јавува Јовановски и ги отфрли сите пишувања на медиумите за неговите пријателски односи со министерот Венко Филипче. „Со министерот за здравство имам професионално-деловен однос, бидејќи сме дел од работењето во здравствениот сектор. Немам никакви лични или бизнис зделки, изјави за медиумите по пропаѓањето на 35 милионскиот тендер.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања