Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Mile-Janakieski

Итна операција ќе му биде извршена на Јанакиевски, откако СЈО три пати бараше притвор и го ослободуваше од Шутка

Миле Јанакиески од истражниот затвор Шуто Оризари е пренесен во приватната болница каде што треба да му се прави оперативен зафат. Јанакиевски е во притвор по барање на СЈО, поради како што велат, неодговорно доделување на државни плацови.Според неговите адвокати, тој ќе мора да биде опериран, а неофицијално станува збор за проблеми со преткомората на срцето. Јанакиески минатата недела имал лекарски преглед, по што било дијагностицирано дека има потреба од итна интервенција на срцето.Тој досега три пати беше во притвор во Шутка по разни основи, а до пред една недела штрајкуваше со глад, кој го прекина откако така му беше препорачано од лекарите.

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Боки 13 не би можел да изнуди рекет без Јанева, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Криминалниот октопод на СДСМ на чие чело е Зоран Заев ги протега своите пипци низ секоја пора на македонското општество. Граѓаните се жртва на криминалната банда на власт, која безмилосно работи единствено за своите лични интереси, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.-Катица Јанева е само еден од пипците на октоподот, без кој Боки 13-ка не би можел да изнудува милионски рекет и да уценува македонски бизнисмени, политичари граѓани. На сите во Македонија им е јасно дека главата на криминалниот октопод е аболицираниот Зоран Заев. Ниту еден граѓанин во Македонија не може да поверува дека Зоран Заев не е дел од оваа мега афера. Како би можело човек кој три пати амнестиран за тежок криминал да пропушти ваква криминална зделка или да верува дека лик како Боки 13 без поддршка ја рекетирал или заплашувал цела држава?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата велат дека Јанева на својата вчерашна прес конференција призна дека СЈО го пртворила во рекетарски бизнис. По скандалот со наводно изгубениот телефон, Катица повторно застана на патот на правдата и истата ја попречи со тоа што не откри кои други лица рекетирале во нејзини име. Со ова таа само ги потврдува сомнежите дека е соучесник во рекетот.-Јанева мора да одговори дали била во контакт со Зоран Заев, со инфамозните Кики и Фрики и за што разговарале на ,,загубениот” телефон? Таа мора да одговори дали е лично нејзина одлуката за укинување на притворот на бизнисменот Јордан Камчев? Целата македонска јавност е свесна дека Боки 13 не е најголемиот мафијаш во Република Македонија. Се знае кој е на чело на мафијата во државава, кој е капо ди тути капи и поради кого се плаќа рекет. Јовановски е само еден од пипците на криминалниот октопод на кој главата е Зоран Заев. Секој еден кој се огрешил пред законот ќе одговара по промената на власта во Македонија. Никој нема да биде поштеден, ниту амнестиран, правдата е слепа и таква и ќе остане, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

67360781_604020293424612_7992066936714297344_n

(ДА ПОМОГНЕМЕ) Сара и Марко од Струга имаат големо срце: Ги продаваат играчките за обнова на едриличарскиот клуб кој изгоре!

Две мали дечиња од Струга, на штанд ги продаваат играчките за да соберат средства за реновирање на запалениот едриличарски клуб во Струга, кој изгоре пред неколку дена.Објавата се шири на социјалните мрежи, а корисниците велат дека им се кршат срцата кога ги гледаат, пред се, поради нивниот хуман потег.Ве замолуваме, сите кои сте во можност донирајте за обвнова на едриличарскиот клуб во Струга кој беше лоциран на „Машка плажа“ и изгоре пред неколку денови.ДА ИМ ПОМОГНЕМЕДонациска сметка 200003476774193Назив: Донации за снегар Стопанска банка

Македонија | пред 6 години

katica-janeva-telefoni

Мобилниот на Катица пронајден во печено полнето зајче

Не стивнуваат шегите за изгубениот телефон на обвинителката Катица Јанева. На социјалните мрежи постојано се објавуваат нови коментари, откако се обзнани дека вториот телефон на Катица Јанева е пронајден кај сестрата од девојката на Лазар Јанев.https://twitter.com/Shoeder006/status/1153922231094956032https://twitter.com/GLASche____/status/1153921526275682305https://twitter.com/AdvokatNikolco/status/1153912866170384384https://twitter.com/Slatkorechiv/status/1153821511150555137https://twitter.com/Hank___Chinaski/status/1153816404618969088https://twitter.com/LepceSoSalamce/status/1153789454881923074https://twitter.com/NemaPariNemaMir/status/1153764134657363972https://twitter.com/TheSoulBlightR/status/1153751580002398208https://twitter.com/Dz1Dze/status/1153747959026257921https://twitter.com/BarbarossaXx/status/1153718841563844613https://twitter.com/TheFitzzz/status/1153709958023827456https://twitter.com/svetlin_a/status/1153681104232243201https://twitter.com/mojokilington/status/1153645599595610112https://twitter.com/DaltonistaRetro/status/1153623799474139137 

Коментари | пред 6 години

ilija-dimovski

Димовски: Провери ли некој дали во СЈО какви документи имале за секој од рекетираните и уценуваните?

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ бара да се направи контрола во работата на СЈО и материјалите кои тие ги поседуваат. Ова следува по оставката на Катица Јанева и нејзина евентуална поврзаност со случајот „Рекет“ која таа ја негираше.„Направи ли некој контрола во СЈО? Што имале од материјали, што недостасува, дали се правени копии, колку луѓе имале достап до материјалите, какви документи имале за секој од рекетираните и уценуваните, сама Катица работела или и други и помагале?“, прашува пратеникот Димовски.

Македонија | пред 6 години

ohrid-12

Владата бара мораторум за градење во Охрид и Струга

Владата бара мораторум за градење во Охрид и Струга се донесување на Планот за управување со природното и културно наследство. Ваквата одлука беше изглсана на седница на Владата, каде исто така беше повлечен од процедура на донесување Законот за управување со културно наследство во охридскиот регион.Од Владата бараат и план кој ќе го изготват Охрид и Струга, а каде е дадат рокови кога ќе ги спроведат препораките на УНЕСКО.

Македонија | пред 6 години

azmanov

Азманов му се извинува на Кирацовски, откако пратеникот најави тужба

Бев погрешно информиран дека Кирацовски не дозволувал да се тргнат некои наслови и затоа се извинувам за таквата изјава во врска со Кирацовски за Инфомакс. Вака одговорил Зоран Азманов откако „Доказм“ му забележал што го вмешал Александар Кирацовски околу влијанието врз порталот.Како што пишува „Доказм“, бизнисменот дознал од трето лице дека Кирацовски имал влијание врз овој портал, а тоа директно не му било предочено од сопственикот на порталот и затоа го кажал во интервјуто за Инфомакс.

Македонија | пред 6 години

IMG_2177

Кирацовски: Азманов лаже, ќе го тужам

Откако вчера, бизнисменот Зоран Азманов рече дека пратеникот Александар Кирацовски имал влијание над портал кој објавувач вести за бизнисменот, пратеникот најсви тужба.“Трендот на лажни вести мора да запре.На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај. За лагите и клеветите (на ниво на глупости), кои господинот Зоран Азманов ги искажа во интервјуто за извесен портал, ќе добие соодветна тужба, секако после шансата да се извини. Демократија Да, анархија од лаги и измислици Не”, напиша Кирацовски на “Фејсбук”.

Македонија | пред 6 години

bogdan-ilievski-betmen-velit-640x360

Бетмен Велит: Губиш телефон во Белград и го наоѓа баш сестрата на девојката на синот, каква среќа

Богдан Илиевски или во јавноста познат како Бетмен Велит на социјалните мрежи со доза на ироничност објави статус за изгубениот телефон на Катица Јанева, кој беше пронајден кај сестрата на девојката од нејзиниот син, Лазар Јанев.„Гинеш телефон во Белград, град од два милиони жители. Го пронаоѓа друг човек во друга земја, исто со два милиони жители, баш кај сестрата на девојката на синот. Каква среќа!!! Со ваков зар, треба лото да уплати, ќе ја затвори лотарија“, се вели во статусот на Богдан Илиевски.

Коментари | пред 6 години

katica-janeva-telefoni

„Твитер“ за Катица Јанева и четириестте телефони: Сестрата на девојката на синот на Катица била швалерка на Кирацовски

По објавата на Обвинителството дека е најден вториот телефон на Јанева за кој нејзиниот син кажал дека е изгубен, а пак медиумите дознаа дека е одзеден од сестрата на девојката од Лазар Јанев, на „Твитер“ почнаа со коментари.https://twitter.com/Nikollinna2/status/1153780272942452736https://twitter.com/LepceSoSalamce/status/1153779437227454464https://twitter.com/Ibe_Palikukja/status/1153777450536579073https://twitter.com/MkShlem/status/1153775800791048192https://twitter.com/MkShlem/status/1153775257062379521https://twitter.com/Vujkoto_Vane/status/1153773683388952577 

Коментари | пред 6 години

janeva-3

Азманов: Зошто немаше претрес во домот на Јанева, таму се доказите за рекетот

Бизнисменот Зоран Азманов во интервју за „Инфомакс“ вели дека е иритиран бидејќи приватни снимки од Катица Јанева биле дадени на Бојан Јовановски познат како Боки 13, кого бизнисменот го обвини дека му барал рекет.-Јас сум иритиран тоа што Катица Јанева му давала приватни мои снимки, бидејќи бизнис снимки нема за мене, бидејќи никогаш не сум работел со државата, ниту пак сум имал телефонски разговори со финкционери, вели Азманов за Инфомакс.мк-Катица Јанева и СЈО го избравме да брка криминал, а не да поддржува криминал, вели Азманов.Азманов запраша зошто се забрани претресот во станот на Јанева? Бидејќи како што вели тој ќе се биле најдени доказите за целиот случај.– Да се забрани да се направи претрес во станот на Катица Јанева да не се најдат парите што се земени како рекет. Бидејќи тие пари Боки не ги земал само за себе, дел навистина останале кај него, меѓутоа најголем дел продолжиле и се најверојато во станот. Бидејќи она не смее да ги стави на трансакциска сметка, бидејќи Антикорупциска одма ќе ги види. Тие во кеш се движат пари. Зашто се забрани станот на Катица Јанева да не се претресува, за да не се најдат доказите од тој криминал? – прашува Азманов.

Македонија | пред 6 години

azmanov-boki

Азманов раскажа како бил рекетиран од Боки 13: Кирацовски контролирал портал кој пишувал невистини за бизнисменот

Бизнисменот Зоран Азманов во интервју за Инфомакс раскажува како бил рекетиран од Бојан Јовановски Боки 13.– Не се секирај, имам докази, зад мене стојат СЈО и Финансова полиција. Вака ми кажа Боки кога му се јавив да го прашам зошто објавува за мене дека сум бил градежна мафија. Јас немам ниту една фактура кон државата. Милион евра годишно плаќам данок на државата. Боки 13 не платил во животот едно денарче данок. Ние го плаќаме СЈО. Тоа што се случуваше во 1 ТВ не е за леб, туку за преку леб погача. Зошто се забрани да не се претресе станот на Јанева? – прашува тој.– Еднаш реагирав до порталот Доказ да симне објавени невистини, но уредникот ми рече не можам ништо да избришам додека не ми каже Кирацовски! Замислете! – вели Азманов во интервјуто.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_2

СЈО е како паштета со поминат рок која смрди, вели Милевски по изјавата на Јанева

Бизнисменот и граѓански активист Роберт Милевски вели дека е најавата на Катица Јанева на денешната прес конференција дека ќе бидат отворени 10 нови предмети е бесмислена„Катица на пресот изјави дека ова и го правеле заради десетте нови истраги кои ќе ги обелоденела за кратко време. Кои нови истраги црна Катице! Ти и СЈО немате никакво законско право да водите истраги, ниту да покренувате нови обвиненија! Не смеете ни да трошите државни пари за нови истраги, оти и за нив ќе одговарате! Вие сте како паштета со поминат рок од 18 месеци, а рокот измина уште средината на 2017-та! А знаеме како смрди ако се обидеме да отвориме расипана паштета со поминат рок! Еве, сите ја осеќаме реата“-напиша Милески на социјалната мрежа „Фејсбук“

Коментари | пред 6 години

fatime-fetai

Фетаи ги поддржа колегите, кои се оградија од Јанева

Согласна сум со ставовите на колегите од СЈО и стојам на ставот кој беше обелоденот минатата недела на прес конференцијата во Специјалното јавно обвинителство, вели за Фактор обвинителката Фатиме Фетаи. Таа се уште е на годишен одмор, но е во земјава, додека за време на тоа обраќање на обвинителката Ленче Ристовска била во странство.И сега потврдува дека стои зад тие ставови и дека очекува истрагата побрзо да заврши. Дополнителни коментари СЈО заеднички ќе соопштува. Засега не се коментира настапот на Јанева од денеска.

Македонија | пред 6 години

mkd-369498

(ВИДЕО) Слушнете ја песната „Катица од трето три“: Место ангел стана б*ч, рекет појак од Џокович

Актерот Сашо Тасевски на социјалните мрежи објави видео, од направена преработка на песната „Наташа од трето три“. Песната ја посветува на обвинителката Катица Јанева, на која и пее „За мода и фризура - кич, место ангел стана бич, рекет појак од Џокович. СЈО го вртат чудни закони, еј како врти, Катица од трето три“.Во продолжение слушнете ја неговата нова песна посветена на Јанева која ја наслови „Катица од трето три“.https://www.facebook.com/sasho.tasevski/videos/10157361202442180/

Македонија | пред 6 години

saso-katica

A1on: Екс-директорот на МЕПСО, близок до Јанева, купил имот кој единствен не бил замрзнат во истрага на СЈО

Сашо Василевски, ексдиректорот на МЕПСО, купил стан од фирма на осомничен во истрагата „Поштенска банка“, имот кој СЈО не побарало судот да го замрзне, објави „А1ОН„Порталот пишува дека од преписот во скопскиот катастар кој го добиле и од дополнителната проверка во електронскиот систем може да се види дека станот од 109 квадрати и пет квадрати гаража, Василевски, кој важи за близок човек до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, го купил на 30 октомври 2018 година по цена од 80 илјади евра.Целиот текст можете да го прочитате ТУКА  

Македонија | пред 6 години

lugje-plostad-skopje

На младите од Северна Македонија им е достапен уште еден фонд на ЕУ

На денешната седница е усвоен Предлог-законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија за учество на Република Северна Македонија во “Европскиот корпус на солидарност”, и да го достави на усвојување до Собранието.Со ратификацијата на Спогодбата за учество на Република Северна Македонија во “Европскиот корпус на солидарност” младите лица од нашата земја на возраст од 18-30 години ќе се стекнат со можност во државите-членки на ЕУ да реализираат волонтерски активности во времетраење од 2-12 месеци, додека  за солидарните проекти е карактеристично што се единствени проекти кои може да се реализираат без партнерска организација од друга држава-учесник од ЕУ и се однесуваат на клучните предизвици во локалната средина и за промоција на европските вредности. Во име на групата млади лица, за овие програми ќе можат да аплицираат општините, училиштата, универзитетите, библиотеките, граѓанските организации и др.

Македонија | пред 6 години

tutunski-kombinat

Овозможена е постапката за рестартирање на Тутунскиот комбинат Куманово

На денешната седница Владата на РСМ ја разгледа и усвои информацијата за Објавата за продажба на недвижни ствари во Куманово, Ваксинце и Лојане, како и движни ствари машини, како имот што му припаѓал на Тутунскиот комбинат „Боро Петрушевски Папучар АД – Куманово“, по пат на електронско наддавање.Огласот за продажба на имотот на некогашниот тутунски комбинат од Куманово доаѓа откако беше спроведена постапката за консолидирање на вкупниот имот на комбинатот кој беше во сопственост на различни правни субјекти со што се создадоа услови за реализација на одлуката на Владата на РСМ од 1 октомври 2018 Тутунскиот комбинат „Боро Петрушевски Папучар АД“ да биде понуден на продажба и да се рестартира неговата работа.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Општините Охрид и Струга добија 10 дена да подготват акциски план по препораките на УНЕСКО

На оваа своја седница владата ја усвои информацијата за учество на делегацијата на Република Северна Македонија на 43-тиот состанок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан и уште еднаш ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на Охридскиот регион како светско наследство впишано во листата на УНЕСКО.Во таа насока, на денешната седница Владата донесе одлука да го повлече Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и им препорачува на општините од регионот да прогласат мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство.Истовремено, Владата им препорачува на општините Охрид и Струга, во рок од 10 дена да изготват акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО за обврски од надлежност на општините и во рок од два дена по усвојување на акциските планови од страна на советите на општините, да ги информираат Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за животна средина и просторно планирање.Овие министерства со одлука на денешната седница добија задолжение да ја координираат меѓуинституционалната активност за спроведување на препораките на УНЕСКО и еднаш месечно да ја информираат Владата за прогресот во имплементација на препораките.

Македонија | пред 6 години

sjo

Новиот Закон за Јавно обвинителство е пуштен во Собрание

Владата на Република Северна Македонија на денешната 146-та седница, со која претседаваше премиерот Заев, го усвои новиот текст на Предлог - законот за Јавното обвинителство и е донесена одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка.Министерството за правда предложи, а Владата на РСМ денеска прифати во собраниска постапка да биде пуштен и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија заради терминолошко усогласување со Предлог Законот за Јавно обвинителство.

Македонија | пред 6 години

izvod

Нови правила при издавање на извод - Јас сум роден во коса црта!

Управата за водење на матични книги до сите подрачни одделенија испратила известување каде детално се објаснува како треба да се внесуваат новороденчињата. Имено:„Согласно потпишаната спогодба помеѓу Република Македнија и Република Грција при издавање на извод од МКР, во полето на државјанство кое е задолжително, ве известуваме дека треба да се пишуваат коси црти за лицата родени пред усвојување на конечната спогодба и уставните амандмани и уставниот закон, односно за лицата родени до февруари месец 2019 год, додека за децата родени по февруари месец 2019 год во графата „државјанство“ треба да пишува „Република Северна Македнија“, стои во дел од известувањето.Ова известување наиде на негативни коментари на социјлните мрежи. Бизнисменот Роберт Милески на социјалната мрежа Фејсбук напиша:„Јас сум роден во коса црта! Абе племето ваше предавничко! Сите ќе одговарате за ова! Сите! До еден! Многу од вас, како оваа Јасна Пецевска, ќе се вадат тогаш како што се оправдувале германските војници кои што вршеле злосторства - дека едноставно прателе наредби. Ама наредбите можат да се одбијат“, напиша Милески на ФБ.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10220240606304755&set=a.10202128106703585&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

krazba

(ВИДЕО)Хит снимка – Цело семејство брка двајца разбојници

Двајца разбојници околу 7 часот ограбиле менувачница во Хрватска, а притоа го нападнале и сопственикот и украле засега непознат износ пари. М.Ш. сопственик на менувачницата кој над неа има стан, нападнат бил во ходникот од зградата додека се спуштал кон своите работни простории.Надзорните камери покажуваат дека двајца напаѓачи го чекале, еден облечен во црно од глава до пети со црна кацига на глава и друг кој во црна кратка маица и кратки бели шорцеви чекал на скутер.Меѓутоа, на нив веднаш скокнала и сопругата на сопственикот, а потоа и сопственикот, неговиот син кој бил во долна облека, и на крајот и малото бело куче.За жал, не успеале да ги фатат крадците.Погледнете го видеото:

Свет | пред 6 години

asfalt-koridor

Напукна асфалтот на новиот автопат Е-10 низ Грделичка клисура

Иако од отворањето на јужната траса на Коридорот 10 за Северна Македонија не поминаа ни три месеци, на делницата помеѓу Царичина долина и тунелот Манајле, напукна асфалтот.Кон крајот на мај со музика и огномет, беше отворен Коридорот 10 за сообраќај, а српскиот претседател Александар Вучиќ тогаш кажа дека е отворена најтешката, но и најубавата делница од автопатот низ Србија.Од Коридорите на Србија соопштија дека пукнатините се појавиле на површинскиот слој и дека проблемот ќе се реши во следните два дена, додавајќи дека автопатот е безбеден за сообраќај.Српски медиуми потсетуваат дека изградбата на автопатот преку Грделичка клисура бил проследен со бројни проблеми – од постојан пробив на роковите, паѓање на косините, до промена на проектот.-По отворањето, граѓаните се пожалија дека косините низ Грделичката клисура не се безбедни, а властите потоа рекоа дека тие не паднале, туку само така изгледа-објавија медиуми во Србија.„Експертите оценија дека работите на Коридорот 10 доцнат поради слабата подготовка на работите и на проектната документација, нереалните ветувања дадени од политички причини, но и поради недостатокот на домашни градежни фирми кои ќе ја извршат оваа задача на најсоодветен начин”, наведуваат медиумите.   

Свет | пред 6 години

joci-111

Јоци: Мобилниот на девојката на Лазе паднал во шолја, и се уништил

Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци преку свој Фејсбук статус го кажа својот коментар по пресс конференцијата на Катица Јанева.„Вака било.Док готвела специјалитет викан ,,Рекетлари со шампињони во сос од Орце" чула вресок од ве-це. Мобилниот на девојката на Лазе паднал во шолја. И се уништил.Како добра домаќинка и шефица, 'ваа, разбираш Блажо, и` го подарила широкоградо својот втор мобилен сосе стасано 8 ниво од ,,Кенди краш". Без да и` го врне некогаш.Срцка е она.Што се тиче до третиот мобилен, кој до вчера се водеше ко втор, Лазе коа бил у Београд на сплав, док кршел чаши на ,,Зашто су ти косе побелеле друже" и држел за гз некоја старлета, оваа успеала да му го земе, без овој да осети.Така некако вториот мобилен кој денеска доби име трет, уште е некаде у Београд и плови немирно на некоја лаѓа.ПОРКА МИЗЕРИЈА “, напиша новинарката Ивановска – Јоци. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Калеска-Ванчева: Сите пратеници да покажат одговорност и да го поддржат новото законско решение за ЈО

Денеска до Собранието на Република Северна Македонија се доставува Предлог законот за Јавното обвинителство што е во интерес на реформите и правдата. Со новото законско решение Специјалното јавно обвинителство станува дел од новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција. Токму тоа беше предлог на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО да стане дел од Јавното обвинителство кој што беше прифатен, истакна Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ.Предлогот обвинителката Вилма Русковска да го води новото Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција не е одлука на партиите туку логичен след на настаните. Русковска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.Предлог законот предвидува спојување на обвинителствата и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката која веќе ја извршува оваа функција. Затоа очекуваме сите пратеници, а особено колегите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат ова законско решение. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство.Мицкоски доаѓа од партијата што и донесе неправда на земјата, тоа ја прави неговата одговорност уште поголема. Со месеци ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одбиваа дијалог за компромис за Законот за јавно обвинителство кој ќе обезбеди СЈО како структура да ја продолжи својата работа, а случаите во нивна надлежност да бидат до крај расчистени во фер судска постапка. Борбата против криминалот не познава партиски и други бои.Треба да се докаже дека  принципиелно и бескомпромисно сме за борба против него. На потег е Мицкоски, да докаже дали е за правда или е за криминал, истакна Снежана Калеска-Ванчева, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања