Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Во близина на надвозник Виничани од камион истоварени 61 мигрант

На 22.07.2019 околу 19.20 часот било пријавено дека на автопатот Неготино-Скопје, во близина на надвозник Виничани, било забележано како од товарно возило со скопски регистарски ознаки, кое било застанато и од кое се симнуваат повеќе лица.Полициски службеници излегле на местото и во близина на возилото пронашле 61 мигранти(од Пакистан 45, од Авганистан девет, од Бангладеш шест и еден од Индија). За настанот е известен Јавен обвинител, а мигрантите биле пренесени во Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија и Прифатниот центар за странци во Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

car-fire

Пожар во патничко возило „Опел Корса“

На 23.07.2019 во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Вамбел“ настанал пожар во патнилко возило „Опел Корса“, сопственост на Ј.С. од Скопје. Увид бил извршен. 

Скопје | пред 6 години

2

Пожар во Издризово

На 22.07.2019 во 09.53 часот во СВР Скопје било пријавено дека во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје, во делот на бањата, настанал пожар во кој била зафатена кровната конструкција. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица. Увид бил извршен.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Физички нападнал полициски службеници

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Л.Т.(57) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.На 13.07.2019 на улица „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, пријавениот физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. 

Македонија | пред 6 години

stomak

Деновиве хара исклучително интензивна стомачна вироза, изолирајте се и активно рехидрирајте се

Доктор Ненад Лазаров преку ФБ напиша совети како да се справиме со стомачниот вирус кој овие денови зема замав.„Дечки, деновиве хара исклучително интензивна стомачна вироза, целата слика на дијареа со или без повраќање трае 3-4 дена, настапува нагло со грозници и општа слабост.Бидете рационални, останете дома, изолирајте се и активно рехидрирајте се.Миење на раце по секое одење во тоалет е задолжително!Препорачувам пробиотици со ладни чаеви или цедевита, голтка по голтка, и лесна храна со мирување, тоа е основен третман.На лекар јавете се по барем 2-3 дена домашно лекување, со секое прерано и непотребно одење по амбуланти само придонесуваме за ширење на вирусот.На сите мои пациенти им стојам на располагање онлајн и на телефон за консултации, ве молам за соработка во општ интерес“, напиша Лазаров на ФБ.https://www.facebook.com/Dr.Nenad/posts/10216124051513240

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Управувајќи мотоцикл изгубил контрола и паднал на коловозот

На 23 јули околу 8 часот и 30 минути на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на отворените сепарации, 54-годишниот Е.М. од гостиварското село Балиндол, управувајќи мотоцикл „Трува“ со гостиварски регистарски таблици, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Е.М. и бил пренесен во гостиварската болница. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар. 

Македонија | пред 6 години

janeva-3

Јанева оздраве, им кажала на колегите дека секојдневно ќе доаѓа на работа

Шефицата на СЈО во заминување, која во вторникот отвори боледување, денес го застворила и ги известила колегите дека редовно ќе доаѓа на работа.Ова следува откако вчера, таа беше снимена во фризерски салон.Пред една недела, во понеделникот, Обвинителството за организиран криминал и корупција ја отвори истрагата „Рекет“,  а за чии што потреби беше одземен телефонот на Јанева. Таа засега нема статус на осомничен, односно осомничени се само Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кицеец. Според сомнежите на Обвинителството, осомничените од бизнисменот Орце Камчев зеле 1,5 милиони евра, а за возврат требало да се издејствува против него да запре кривичниот прогон во случајот „Империја“, или да добие олеснителни околности.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Катица Јанева имала и трет мобилен телефон, а девојката на нејзиниот син работи во СЈО

„360 степени“ дознава  дека Јанева имала и трет телефон, кој синот Лазар го изгубил во Белград. Според нашите извори, тој апарат најверојатно никогаш не го користела. Инаку, девојката на Лазар Јанев е работно ангажирана во СЈО.ОЈО за гонење организиран криминал и корупција денеска соопшти дека со издадено барање  до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронашле мобилниот телефон кај друго лице. Притоа лицето изјавило дека телефонот е добиен на подарок. Пронајдениот мобилен телефон ќе биде даден на вештачење.Ова е втор мобилен телефон кој Обвинителството ѝ го одзема на Јанева за се види нејзината комуникација со првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски (Боки 13). Јанева засега не е осомничена во истрагата, а по еднонеделно отсуство, специјалната јавна обвинителка денеска изјави дека нејзиното име се поврзува со рекетирањето бизнис-моќници бидејќи Бојан Јовановски го злоупотребувал нејзиното име.

Македонија | пред 6 години

500-denari

Три лица пуштиле во промет 193 фалсификувани банкноти

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.Ч.(27), Љ.Т.(30) и С.О.(20), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“.Во текот на јуни 2019 пријавените набавиле 193 фалсификувани банкноти од по 500 денари, 41 банкнота од по 1.000денари и банкнота од 2.000денари, по што второпријавениот дел од нив пуштил во оптек во Кавадарци, а дел од нив во износ од 40.000денари им ги предал на еден малолетник и на трето пријвениот со обврска да му дадат надомест од 3.000 денари. По ова, тие, дел од фалсификуваните банкноти ги пуштиле во промет, а додека останатите банкноти ги изгореле.

Македонија | пред 6 години

36bf0a61253253.5aa285c9e0c8d

Предрасудите во Македонија, со се зависниците

Не за помош на зависници.Не за помош на мигранти.Не за деца со посебни потреби во школите.Не за педери.Не за лезбејки.Не за трансродови лица.Не за Роми, никаде.Не за Албанци во македонски средини.Не за Македонци во албански средини.Не за вегетаријанци.Не за вегани.Не за провинцијалци во Скопје.Не за скопјани во Охрид.Не за турбофолкери.Не за пари за култура.Не за сингл во 30-ти.Не за брак без деца во 30-ти.Не за во брак во 20-ти.Не за брак со деца во 20-ти.Не за самохрани родители.Не за средени жени, пошто се курви.Не за несредени жени, пошто се баталени.Не за средени мажи, оти се педери.Не за несредени мажи, оти се сељаци.Не за дебели, пошто се свињи.Не за слаби, оти се костури.Не за кучиња скитници.Очигледно во ова општество единствено да е за криминалот и омразата.(@Моџо Клингтон)

Македонија | пред 6 години

oruzje

Кај тетовец пронајдени: Автоматска пушка, пиштол, куршуми...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Р.(64) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи‘’ и „загрозување на сигурноста“.На 19.07.2019 во Тетово, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле автоматска пушка, пиштол „Глок’’ со шест куршуми, 29 куршуми од автоматска пушка со калибар 7,62 мм, 25 парчиња пиштолска муниција со калибар 7,62 мм и седум куршуми „Магнум 357“. Додека во јуни 2019 во домот на неговиот братучед Р.И., пријавениот во два наврати упатил закани по животот на Р.И. и животот на членовите од неговото семејство.

Македонија | пред 6 години

janeva_pred_mvr_noke1-670x3601-e1563869690461

Зошто Јанева излажа дека телефонот и е изгубен, кога тој е пронајден кај девојката на нејзиниот син?

„А1 он“ од извори во истрагата донава дека вториот телефон Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го пронашло во Гевгелија, кај девојката на синот на Катица Јанева.Телефонот што беше пронајден денеска, а за кој што извести и Обвинителството, во моментот кога полицијата го побара при претресот на нејзинот стан, таа кажа дека е изгубен.Денеска, образложениeто кога е пронајден телефонот бил дека мобилниот апарат бил подарен.

Македонија | пред 6 години

janeva-2

Јанева со изгубен поглед, личеше дека ќе се сруши пред камерите ако остане секунда повеќе

По прес-конференцијата на Катица Јанева, новинарката Јорданка Ивановска-Јоци пишува дека обвинителката била со едноличен тон во гласот и изгубен поглед, што укажувало на тоа дека таа лажела.„Оф. Со лош едноличен тон во гласот и изгубен поглед - не је знајала. Боки излезе капо ди тути капи. Туку, што правиме со гласот преку интерфонот ? Ах, да. Не одговара госпоѓата на новинарски прашања.  Пошто личеше ко да ќе се сруши пред камери ако останеше уште една секунда повеќе. Ништо не и` верувам“, пишува Јоци.

Коментари | пред 6 години

Osloboduvanje-drvja-Orce-NIkolov-1

Шилегов: Во иднина ниту едно дрво нема да биде заробено

Градот Скопје во соработка со општините Центар, Карпош, Чаир и Аеродром денеска почна акција за ослободување поголем број заробени дрвја од градежен материјал при нестручно изведени градежни активности на јавните површини. Акцијата почна на улицата Орце Николов во Дебар Маало, каде што има голем број заробени дрвја со бекатон-плочки и друг градежен материјал. Во јануари годинава со Шумарскиот факултет потпишавме меморандум за соработка за ослободување 841 дрво, дрвја кои се заробени со градежен материјал. Со задоволство можам да истакнам дека до крајот на оваа сезона сите 200 дрвја кои се во надлежност на Град Скопје ќе бидат ослободени. Им помагаме и на општините да влезат во засилен процес на ослободување на дрвјата. Најмногу заробени дрвја има на територија на Општина Центар, особено овде, во Дебар Маало. Во лудата урбанизација на овој дел од нашиот град во целост беше заборавена животната средина. Големите и развиени дрвја се природен прочистувач на воздухот и ние ќе направиме се што е во наша моќ да ги заштитиме тие дрвја – рече градоначалникот Шилегов, на почетокот на денешната акција. Тој додаде дека е интересно што во општината Аеродром се мапирани само 20-тина заробени дрвја, па се очекува во таа општина акцијата да заврши во текот на денешниот ден.Управувајќи со системот на Град Скопје, при градежните работи што ги изведуваме водиме сметка повеќе ниту едно дрво да не биде заробено и годинава да успееме да ги ослободиме сите заробени дрвја кои беа мапирани – нагласи Шилегов  

Скопје | пред 6 години

janeva-6

Арсовски: Катица Јанева е еден од пипците на октоподот

Катица Јанева е еден од пипците на октоподот. Без нејзина поддршка и поддршката на Зоран Заев и други функционери од власта Боки 13 не можел да рекетира милиони евра од бизнисмени.Катица Јанева ја завршува кариерата онака како и што ја почна. Политички и по нарачка се обидува да го минимизира рекетарскиот скандал што ја разголи целата власт на Зоран Заев и начинот на владеење изминатите години. Катица Јанева само за плата во овие четири години од граѓаните има земено преку 150.000 евра, а не почувствува потреба да одговори на прашањата што ја интересираат јавноста, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Јанева практично призна дека СЈО го претворила во рекетарски бизнис и дека таму се сместени најголемите криминалци во државава вклучително со нејзе. Слушнавме дека знае и за други лица кои рекетираат во нејзино име, но Јанева одлучи да ги заштити и да не каже кои се тие, практично уште еднаш покажува и докажува дека она е соучесник и она им дава поддршка на тие лица да рекетираат и да го вршат тој криминал. И практично е виновна за тоа.Катица Јанева одби да објасни и зошто лажела дека нејзиниот телефон е украден кога истиот телефон самата Катица Јанева наводно го подарила.Дали Јанева имала контакти со Заев, Кики или Фрики и за што разговарале со тој телефон?Катица Јанева не кажа дали одлуката да се укине притворот за бизнисменот Камчев е нејзина или одлука на обвинителката Лиле Стефанова?Катица Јанева не почувствува ниту срам, ниту одговорност за ова што се случува во моментов, но тоа што е потрагично во моментов е фактот дека ништо сомнително не гледа ниту обвинителката Русковска, практично се обидува да ги заштити.Низа нелогичности во постапката која ја води обвинителството во врска со аферата рекетарско-политичко-обвинителски октопод, покажува тенденција истиот да биде забошотен и практично да се заврши со минимална штета што е невозможно бидејќи целата јавност знае кој и како рекетира.Истрагата е се освен непристрасна и професионална. Начинот на кој што Вилма Русковска ја води оваа истрага укажува дека таа има намера да ја заштити главата на политичко-медиумскиот-рекетарски октопод.Дали лажниот исказ на Катица Јанева даден во истрагата во врска со телефонот не е индиција дека и таа е инволвирана, односно и против неа треба да бидат преземени посебни истражни мерки односно ПИ мерки?Дали Русковска со непокренувањето постапка против Катица Јанева свесно и остави време на Катица Јанева да ги уништи доказите и пораките што ги разменувала со оштетените, рекетарите или пак функционерите на СДСМ од кои ја добива поддршката?Дали бришењето пораки од апликации е причината поради која не е побаран и телефонот од Зоран Заев? И дали неговата комуникација со Катица Јанева, Боки 13, Кики и Фрики е главната причина поради која што Заев го смени бројот и протоколите односно начинот на комуникација?Очигледно е дека Боки 13 не е најголемиот мафијаш во државава. Се знае во државава кој е капо ди тути капи и заради кого се плаќа рекет. Боки 13 е само извршител, или само еден од пипците на овој октопод.Веќе и на малите деца им е јасно дека ова е многу повеќе од индивидуален обид на Боки 13 да рекетира. Рекетарските и криминални приказни во јавноста опфаќаат многу имиња како Кики и Фрики, но и нови како Раки, Шеки, Џеки, Каки, Заки, Трики и кој уште не, што најверојатно јавноста многу брзо ќе ги дознае. Секој што помага да се забошоти случајот ќе одговара за своите постапки кога ќе биде вратена правната држава, а тоа ќе биде многу брзо. Бидејќи ваква голема афера и вакво криминално дело односно кривично дело не застарува и сите ќе одговараат, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

zapaleno-kuce

Парична казна до 3000 евра или една година затвор за оние кои измачувале и спалија куче

Полицијата сеуште трага по сторителите на немилиот настан во кој во Стојаково куче беше измачувано и спалено живо.Во разговор со Наталија Миленкова од Здружението за заштита на животни – „Анима Мунди“, таа ни посочи дека делото кое се случи во Стојаково е казниво по два закона, Кривичниот и Законот за заштита и благосостојба на животните.„Во кривичниот законик на Р.М. ова дело е предвидено во чл.233 кој гласи: (1) Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година. (2) Тој што со нехранење, непоење или на друг начин изложува животно подолго време на тегобна состојба, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.Додека пак, со Законот за заштита и благосостојба на животните во чл. 67 е предвидена глоба од 3000 евра за физичко лице кое ќе предизвика болки, патење или повреди, сурово и нехумано се однесува кон животните и ги убива спротивно со одредбите од овој закон (член 4 став (6))“ вели Наталија од „Анима Мунди“.Од Здружението додаваат и дека бројот на процесирани пријави за вакви дела не е на посакуваното ниво, што од неедуцираност на надлежните органи, а многу често Полицијата не сака да излезе на терен и да собере докази, со што пријавите завршуваат во фиока. 

Македонија | пред 6 години

avstralija-metamorfin

Во Сиднеј полицијата заплени метамфетамин вреден над 140 милиони долари

Момчето од Австралија на возраст од 28 години е уапсено денеска со метамфетамин во вредност од 140 милиони долари, кога со комбе удрил во паркиран полициски автомобил.При претресот на комбето полицијата пронајде скриени прегради во кои се наоѓале 273 килограми метамфетамин. Вредноста на запленетата дрога изнесува повеќе од 200 милиони австралиски долари, односно 140 милиони американски долари.Видеото може да го погледнате тука.

Свет | пред 6 години

mobilen

Телефонот на Јанева бил пронајден кај девојката на нејзиниот син

Телефонот кој специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева наводно го изгубила бил пронајден кај девојката на нејзиниот син. Информацијата ја објавува порталот а1он повикувајќи се на извори од истрагата.Кога Обвинителството го пронашло телефонот образложението било дека тој бил подарен. Претходно како што обелодени обвинителката Вилма Русковска, синот на Јанева тврдел дека телефонот е изгубен во Белград. 

Македонија | пред 6 години

mile-janakieski

Миле Јанакиески има проблеми со срцето мора да се оперира

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески има проблеми со срцето. Како што дознава КУРИР од негови блиски, Јанакиески мора да биде опериран.Тој минатата недела имал лекарски преглед, во кој што бил дијагностициран проблем кој барал итна интервенција.Како што дознава КУРИР, во лекарскиот наод е наведено дека Јанакиески има вродена аномалија, каде што ѕидот на преткоморите е истенчен за 70 % и мора да се направи детално, комплицирано испитување.Екс-министерот Јанакиески има фамилијатна историја на здравствени проблеми. Дополнително има и покачен холестерол, а треба да се прави и коронарографија.  

Македонија | пред 6 години

janeva-3

(ФОТО) Катица Јанева пред да излезе на прес гледала во живо на медиумите што се случува во СЈО

Јавната обвинителска Катица Јанева конечно се појави пред јавноста, но дојде, прочита и си замина. Таа пред да се соочи со новинарите како се подготвуваат новинарите во живи на преносот на Макфакс.

Македонија | пред 6 години

janeva

Јанева: Ни свесно ни несвесно не сум ја злоупотребила службата

Катица Јанева денеска се појави во Специјалното јавно обвинителство откако со службеното возило беше доведена и влезе низ гаражните простории. Таа прифати да даде изјава за новинарите. Во продолжение прес конференцијата на Јанева која ја превземаме од Макфакс. https://www.facebook.com/makfax/videos/2057818631181406/

Македонија | пред 6 години

23072019_Zaev_Dion_sredba-3

Заев се сретна со специјалниот пратеник на канадскиот премиер, Дион

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Стефан Дион, специјален пратеник на премиерот на Канада за Европската Унија и Европа.На средбата е пренесена поддршка од канадскиот премиер, Џастин Трудо на прогресивните политики на премиерот Зоран Заев, коишто, како што е оценето бележат напредок во клучни области, како што се заложбите за владеењето на правото, економијата, одржлив развој на земјата.Изразена е поддршка од Канада, како еден од најдобрите партнери на ЕУ, на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија, откако Канада даде поддршка за членството на нашата земја во НАТО, преку веќе ратификуваниот Протокол за членство во НАТО.Констатирано е дека е важно да продолжат процесите на европските интеграции за државите од Балканот, коишто работат на имплементацијата на европските вредности, како придонес во стабилноста и развојот на Балканот, а и на самата ЕУ, но и во име на почитувањето на принципот на вреднување на сработеното и заслугите.-Низ консензус ги изгласавме клучните реформи во правосудството, безбедносните служби, јавната администрација, борбата против корупцијата. Денес и низ конкретен пример ја покажуваме нашата цврста определба за справување со корупцијата и примената на законите еднакво за сите. Очекуваме и за важниот Закон за јавно обвинителство до крајот на август да биде изнајдено заедничко решение. НАТО интеграциите веќе се одразуваат на растот на економијата. Нашите очекувања се дека во октомври ЕУ ќе го овозможи нашиот следен чекор во интеграциите со што државата ќе ја добие значајната мотивација да продолжи напред по вистинскиот пат, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев изрази благодарност до канадскиот премиер Трудо и до специјалниот пратеник Дион за поддршката од Канада во евроатланските процеси и за принципиелната поддршка од Канада во сите досегашни демократски процеси.На средбата е разговарано за развој на економската соработка и за можноста за нови канадски инвестиции во државава. Во таа насока се разговара за зајакнување и подобрување на правната рамка што го овозможува тоа.Заеднички е констатирано дека Република Северна Македонија и Канада се пријателски земји, коишто споделуваат исти демократски и развојни вредности и дека тој потенцијал е база за проширување на соработката меѓу двете држави. 

Македонија | пред 6 години

janeva-2

Јанева: Секојдневно сум цел на напади, а не сум ја злоупотребила службата

Катица Јанева денеска се појави во Специјалното јавно обвинителство откако со службеното возило беше доведена и влезе низ гаражните простории. Таа прифати да даде изјава за новинарите, но не и да одговара на новинарски прашања.Во кусата напишана изјава која ја прочита пред новинарите Јанева рече:„ Од моментот на мојот избор за СЈО мојот професионална биогрифија приватниот живот се цел на обиди на препукувања и политички инволвирања. Секојдневно сум цел на напади, а ни свесно ни несвесно, не сум ја злоупотребила службата. Ја депонирав мојата оставка и ќе стане за активна кога политичките партии ќе го одберат мојот наследник. Покажувам висока професионална свест, и со мојата оставка покажувам дека нема на ников начин да влијаам во случајот „Рекет“. СЈО е поголемо и позначајно од мојата сегашна функција. Ова обвинителство беше  и е симбол во борбата против организиран Криминал, рече Јанева.„Во наследство по мојата оставка како Специјален обвинител оставам десетина готови, завршени истраги, кои може брзо да бидат процесирани во обвиненија. Тие ќе го дадат одговорот зошто некој толку жестоко се спротивстави јас да бидам реизбрана на функцијата“, рече Јанева.Таа во изјавата ги охрабри надлежните органи да ја истераат постапка до крај и им порача на граѓаните да направат разлика меѓу тоа како изгледа кога си чист и како кога некој е виновен и бега од јавноста. 

Македонија | пред 6 години

katitsa-janeva

Јанева ги избегна новинарските прашања, јавноста повторно не доби одговори

Катица Јанева избегне да  одговара на новинарски прашања. Таа не даде одговор на најважните прашања  кои  се во интерес на јавноста како што се: Дали оставката е поради случајот „Рекет“ , Зошто нејзиниот син лажеше кога кажа дека вториот телефон е загубен во Белград, а истиот со избришани податоци беше беше пронајден вчера.Инаку Катица Јанева е единствениот овластен потписник во СЈО.  На Јанева, која на 15 јули депонираше оставка, а веќе утредента отвори боледување, минатата недела ѝ беше одземен едниот телефон за да се провери нејзината комуникација со првоосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, а вчера Обвинителството за организиран криминал и корупција го најде и вториот телефон, за кој таа тврдеше дека ѝ бил изгубен.

Македонија | пред 6 години

IMG-6009fa3d2fefee8ad7c92de360483971-V-01

Потпишан протокол за соработка во областа на борбата против трговијата со луѓе со Република Бугарија

„Борбата пртив организираниот криминал не познава граници, што не упатува на заедничка акција. Мигрантската криза со која се соочија нашите држави во изминатите години го зголеми ризикот од трговија со луѓе, при што согледавме дека се потребни дополнителни напори преку креирање на зајакнат билатерален и регионален пристап. Свесни сме дека единствено преку градење и имплементација на заеднички иницијативи ќе се создадат цврсти темели за добрососедските односи, засновани на меѓусебно почитување и доверба“, рече министерот Оливер Спасовски по денешното потпишување на протоколот за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе со Вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов во Охрид.Протоколот за соработка помеѓу Владата на Република Бугарија и Владата на Република Северна Македонија во областа на борбата против трговијата со луѓе отвара нови можности за продлабочување на соработката во однос на превенцијата, идентификацијата и заштитата на жртвите на трговија со луѓе.„Со потпишување на протоколот јасно ја изразивме нашата подготвеност за интензивирање на размената на информациите во однос на превенцијата и борбата против трговијата со луѓе, како и за спроведување на заеднички активности за идентификација на новите трендови за трговија со луѓе и креирање на погодни механизми за соодветен одговор. Исто така, со овој протокол се отвараат можности за спроведувањето заеднички јавни кампањи за подигнување на свеста на јавноста за превенција на трговијата со луѓе, како и спроведување на заеднички проекти, обуки и размена на искуства со цел јакнење на капацитетите за борба против трговија со луѓе“, рече Спасовски.Покрај засилената регионална соработка, Република Северна Македонија настојува во континуитет да ги зајакнува и своите национални капацитети за борба против трговија со луѓе.„ Под раководство на јавните обвинители и со активно партиципирање на околу 50-тина полициски службеници, пред само една година воспоставиме Task Force за криумчарење мигранти и трговија со луѓе и од оваа перспектива можам да изразам задоволство што приоритетите се реализираат и во пракса даваат резултати“, рече Спасовски.Вицепремиерот Каракачанов потенцира дека и потпишувањето на протоколот е уште еден показател за добрососедските односи и истакна дека очекува наскоро добри вести за Република Северна Македонија односно започнување на преговорите со Европската унија„Република Северна Македонија има пријател и поддржувач во Република Бугарија“, рече Каракачанов.Спасовски и Каракачанов ја потенцираа одличната соработка меѓу двете држави, која ќе продолжи и во наредниот период.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања