Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

katica-janeva

Катица Јанева во просториите на СЈО?

Специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева, денеска се очекува да се појави во просториите на СЈО, дознава Алсат. Дополнителни информации сѐ уште не се откриваат, но пред влезот на Специјалното обвинителство веќе се собираат новинарски екипи.Во меѓувреме, од Јавното обвинителство информираа дека е обезбеден и другиот телефон на Јанева, за кој се тврдеше дека е загубен. Пронајден е кај лице коешто изјавило дека му бил даден на подарок.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Законот со кој Русковска ќе ја замени Јанева може да се излгаса и пред септември, вели Џафери

На брифинг со новинари веднаш по средбата со амбасадорката, Џафери соопшти дека новиот закон, со кој се решава статусот на СЈО може да биде донесен и до крајот на август, ама дека тоа зависи од позициите на политичките партии, со оглед на тоа што законот треба да се донесе со 80 гласови.Се очекува владата на денешната седница да го донесе законот што минатата седмица го најави премиерот Зоран Заев и тој веднаш да биде доставен во парламентот.

Македонија | пред 6 години

katitsa-janeva

Податоците од вториот телефон на Јанева се избришани, пронајден е во Скопје синот тврдеше дека го изгубила во Белград

Лазар Јанева, синот на Катица Јанева, тврдеше дека неговата мајка телефонот го изгубила во Белград, Србија. Ова го кажа откако Обвинителството обзнани дека полицијата не може да го заплени вториот мобилниот апарат, кога во понеделникот вршеше претрес во нејзината куќа.Телефонот на Јанева е најден во Скопје, наместо во Белград, неофицијално дознава „Скопје1.мк“. Уредот бил подарен на трето лице соопшти Обвинителството, но не се знае од каде е набавен, односно кој и кога го подарил.Со тоа што телефонот бил изгубен, а потоа пронајден кај трето лице, податоците од него се целосно избришани, а непознато е дали ќе можат да се вратат со помош на „бекап“ алатка.По дадени насоки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден е пронајден вториот мобилен телефон на јавниот обвинител по кој се трагаше.По издавање на првата наредба за одземање на мобилните телефони, беше пронајден само еден мобилен телефон и беше дадена информација дека вториот мобилен телефон бил изгубен. Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице. 

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Стотици казни за возачи во Скопје: Поради пијанство, голема брзина, поминување на црвено, нерегистрирани возила

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 69 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај исклучени се 22 возачи од кои: двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, 19 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач почетник затоа што не се придржувал на законските ограничувања.Исто така, исклучени од сообраќај се и 20 возила затоа што 19 не биле регистрирани  и едно затоа што било техничи неисправно.Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престигнување, 22 возачи на мотоцикли затоа што не носеле заштитен шлем-кацига, 19 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 14 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците, санкционирани  се шест пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 69 мандатни платни налози и 48 возила се подигнати со специјално возило „пајак". Во текот на изминатиот ден се случиле 21 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобиле со тешки телесни повреди и осум лица се здобиле со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

polov-napad-dete

Пронајдено детето од Скопје кое избега од дома, откако се скарал со мајка му

На 22.07.2019 околу 22.00 часот на ул.„Народни Херои“ во Скопје, полициски службеници го пронашле малолетникот за кој на 20.07.2019 неговата мајка Н.В.(36) од Скопје пријави дека се оддалечил од домот по семејна расправија.Тој бил предаден на неговата мајка.

Скопје | пред 6 години

uapsen

Албанец уапсен бидејќи се барал со потерница од Интерпол

На 22.07.2019 во 12.10 часот на граничен премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишиле од слобода C.A.(42) од Република Албанија затоа што се барал по распишана меѓународна потерница од Интерпол.Тој бил здржан и предаден во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сообраќајка меѓу моторцикл и автомобил во Скопје, едно лице во тешка состојба

На 22.07.2019 околу 14.30 часот на бул.„8-ми Септември“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.Ј.(42) од Скопје и патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(41) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот Б.Ј. и бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

marihuana2

Млад битолчанец заработи пријава од полицијата оти со себе носел марихуана

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Т.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нарктични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 11.07.2018 во Битола полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

droga-prodazba

Гостиварчанец заработи кривична оти продавал кокаин

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.С.(26) од село Речане, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на нарктични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.На 04.02.2019 во село Равен полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.

Македонија | пред 6 години

ubistvo

Жена со умисла го убила својот сопруг скопско Студеничани, Обвинителството покрена обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт  против  едно лице на возраст од 50 година поради извршено  кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.Обвинетата на 1 мај 2019 година, во својот дом во Студеничани,  при вршење семејно насилство, со умисла го лишила од живот својот сопруг. По претходна расправија, таа ја зела секирата која била во близина и во дворот на семејната куќа  му задала три удари со сечивото на сега починатиот.Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до судот достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор  бидејќи ценеше дека постои опасност од криење и бегство на обвинетата.

Македонија | пред 6 години

srpska-policija

Владата ќе одлучи дали ќе има ветинг на полицајците, со цел да се декримиализираат и департизираат

Владата на денешната седница треба да ја разгледа Информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во Министерството за внатрешни работи.Ветингот во МВР, како што повеќепати најави министерот Оливер Спасовски, е потребен за да се зацврсти интегритетот на полицајците и нивната отпорност кон какви било влијанија кои се спротивни на законите. Целта е декриминализирана и депаритизирана полиција која ќе го штити интересот на граѓаните и полицајци кои професонално и одговорно ќе си ја вршат својата задача.Ветингот во полицијата треба да се базира на три столба. Прво – вработувањето и кариерата на секој полициски службеник, второ – имотната состојба и трето – интегритетот и профресионалноста во извршувањето на работните задачи. Ќе се проверува стручното образование, интегритетот, имотната состојба и евентуално криминални активности.

Македонија | пред 6 години

Hranazasite_memorandum0723201902-843x900

Градоначалникот Георгиевски ќе соработува со здружението „Храна за сите“

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, и претседателот на здружението „Храна за сите – Банка за храна МК“, Душко Христов, потпишаа меморандум за соработка. Оваа соработка е во рамки на реализацијата на проектот „Нула глад во општина Охрид“.Согледувајќи ги проблемите на значајна група сограѓани од една страна и вишокот храна кој се појавува од разни оператори со храна – производители, дистрибутери па и трговци, Локалната самоуправа одлучи да се приклучи во борбата против фрлањето храна од една страна и борба против сиримаштијата и гладот од друга страна. Основните начела за вклучување во акцијата НУЛА ГЛАД во Општина Охрид се впишани во Меморандумот за соработка.Во наредниот период ќе се преземат конкретни заеднички чекори.

Македонија | пред 6 години

zaev-121

Борисов не го викнал Заев за да разговараат за Камчев, тврди премиерот

Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев, кој е под истрага. Тој не би дозволил такво нешто, бидејќи тој е европски премиер и го почитува владеењето на правото, изјави премиерот, Зоран Заев, во интервју за бугарската телевизија БГНЕС, прашан за случајот „Рекет“ и објавените инфрмации во медиумите дека Софија наводно бара да биде заштитен Камчев кој е под истрага.–Ние сме европска земја и сакаме да зборуваме за иднината и да направиме модерна политика. Ова е политика што ја прават Макрон и Меркел, политика ориентирана кон иднината, која им дава перспективи на младите – рече Заев.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Пронајден вториот телефон на Катица Јанева, лицето кај кој е пронајден кажал дека му го дале како подарок

Обезбеден е и вториот мобилен телефон во истрагата за противзаконито влијание и перење пари.По дадени насоки на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден е пронајден вториот мобилен телефон на јавниот обвинител по кој се трагаше.По издавање на првата наредба за одземање на мобилните телефони, беше пронајден само еден мобилен телефон и беше дадена информација дека вториот мобилен телефон бил изгубен. Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице.По што, со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен. Притоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет ги преземеа сите дејствија и мерки во насока на целосно расчистување на кривично правниот предмет.Со цел утврдување на натамошни факти, мобилниот телефон по наредба на обвинителството ќе биде предмет на вештачење. Истовремено, обвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Македонија | пред 6 години

tramp-111

САД експресно ќе ги депортира мигрантите, без право да застанат пред судија

Владата во САД донела одлука со која експресно ќе се забрза процесот на депортација на емигрантите без потребни документи. без право да застанат пред судија.Согласно тоа, секој емигрант кој не ќе може да докаже дека се наоѓа на тлото на САД континуирано најмалку две години, ќе може веднаш да биде депортиран.Уредбата денеска треба да стане официјална, а нејзино оспорување најави американскиот Сојуз за граѓански слободи.Досега на итна депортација беа подложни само емигрантите фатени на територија до 160 милји од границата, кои на американско тло минале помалку од две недели. Мигрантите кои биле приведувани во другите делови на САД мораа да се изведат пред суд и имаа право на адвокат.

Свет | пред 6 години

ahmeti

ДУИ даде имиња за нови директори на Клиника за гинекологија, Македонија пат и други институции

Познати се шест имиња на директори предложени од страна на ДУИ откако шефот на Владата, Зоран Заев , минатата недела најави промена на десетици управители, нивни заменици и членови на одбори.Како што објави Алсат, за Македонски железници инфраструктура се предлага Фестим Халили, Биро за јавни набавки – Елвадина Дика, Агенција за странски инвестиции – Арбен Вила, Македонија пат – Армир Садику, Клиника за гинекологија – Ајрула Мустафа и Банка за обнова и развој – Фарук Исмаили.До сега МЖ Транспорт го предводеше Ирфан Асани, Биро за јавни набавки беше раководено од Бардуљ Насуфи, додека Вулнет Адеми, Гајур Кадриу и Ваљон Беља беа директори на Агенција за странски инвестиции, Македонија пат и ЈЗУ ГАК.

Македонија | пред 6 години

janeva-frier

ВИДЕО: Село гори, Катица се чешла (ремикс)

По објавата дека Катица Јанева додека користи боледување, оди по фризерски салони за да се разубави, на социјалните мрежи има низа од негативни коментари.Додека сите се прашуваат што ќе биде со СЈО и со предметите кои ги отвори, Јанева се крие од јавноста. Од тука и констатацијата, „село гори, а баба се чешла“.https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/2315901725390249/

Магазин | пред 6 години

21-pompeo

Велика Британија сама да ја осигура безбедноста на своите бродови, вели американскиот државен секретар

Велика Британија треба самата да ја осигура безбедноста на своите бродови во Персискиот залив, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервју за „Фокс њуз“.Коментирајќи го запленувањето на британскиот танкер од иранската револуционерна гарда во петокот во Ормутскиот теснец, Помпео истакна дека првенствено одговорноста да се грижи за своите бродови е на Велика Британија.„САД имаат одговорност да ја одиграат својата улога, но светот, исто така, има голема улога во тоа да ги чува отворени овие поморски патишта“, рече Помпео.Тој додаде дека САД не сакаат не сакаат војна со Иран, но бараат од нив да се однесуваат како нормална држава.Танкерот со екипажот во моментов е задржан во иранското пристаниште Бандар Абас. Велика Британија синоќа најави заштитничка поморска мисија со сојузниците од ЕУ во Ормуската Теснина.

Свет | пред 6 години

sela

Села не сака Русковска да ја замени Јанева, зошто?

Алијансата за Албанците се уште нема став дали ќе го поддржи предлог Законот за јавно обвинителство, кој денеска ќе влезе во собраниска процедура, каде е потребно двотретинско мнозинство за да биде изгласан.Претседателот на Алијансата, Зијадин Села, најавува дека пратениците од оваа партија ќе се вклучат во собраниската дебата со неколку амандмани. Како што велат од таму, Села има забелешки за владиниот предлог, освен Русковска, Села вели дека ќе се обидат да интервенираат амандмански во неколку главни области.Села бара прислушуваните материјали да се користат како докази и во новото обвинителство што го наследува СЈО. Освен тоа пратениците на Алијансата ќе побараат и во Советот на јавни обвинители да не смее да има партиски членови и поранешни државни функционери кои биле членови на партија. Освен тоа ќе предложат јавниот обвинител да биде експерт од странство.„Законот кој се предлага има за цел да се амнестираат и да не се користат како материјални докази сите прислушувани разговори кои беа предмет на политичката криза. Ние како партија заинтересирана за вистински реформи сме во многу тешка ситуација. Не поддржувајќи го законот, амнестирани ќе останат корумпираните и оние што ја злоупотребиле службената положба, а гласајќи за ваков предлог закон ние пак ќе ги амнестираме сите, бидејќи законот важи отсега па натаму”, вели Села

Македонија | пред 6 години

janeva-ruskovska

СДСМ објасни зошто бараат Русковска да ја замени Јанева

„Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски мора да покажат одговорност пред граѓаните и државата и да гласаат за Предлог Законот за јавно обвинителство кој денеска влегува во собраниска процедура е значаен за реформите, правдата и државата. Предлог токму на ВМРО-ДПМНЕ беше Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во рамките на Јавното обвинителство и е беше прифатено. Со тоа СДСМ покажа конструктивност и одговорност“, се вели во соопштението испратено од СДСМ.„Предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води ново Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција не е одлука на политичарите. Рускоска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Предлог законот предвидува спојување на обвинителствата и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката која веќе ја извршува оваа функција.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство. Борбата против криминалот не смее да познава политички бои. Секој за кој во постапка ќе се утврди дека работел спротивно на законските мора да одговара. Владеењето на правото мора да биде независно и неселективно“, се дополнува во истото.

Македонија | пред 6 години

policija-krazba

Откако со фантомки ограбија скопско казино, Обвинителството реши дека ќе ги гони за разбојништво

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека извршиле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Еден од осомничените го сторил делото како соизвршител, додека второто осомничено лице помогнало во вршењето на кривичното дело.Осомничениот 22-годишен скопјанец, на 20 јули 2019 година , околу 22.00 часот, заедно со едно засега непознато лице – негов соизвршител, со употреба на  пиштол се заканиле на двајца вработени во казиното „Адмирал“ лоцирано на улица „12 Македонска Бригада“. Притоа тие, маскирани со фантомки, влегле од задната врата на казиното и одзеле  парични средства во вкупен износ од 126.161,00 денари. Во исто време, второосомничениот, 19-годишен скопјанец ги чекал двајцата сторители во возилото   марка „Ауди А5“ кое го ставил на располагање за обезбедување превоз , со што помогнал во вршењето на кривичното дело. Откако осомничените излегле од казиното, биле пресретнати од овластени службени лица по што се дале во бегство.Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценеше дека се исполнети законските основи за обезбедување на непречено водење на кривичната постапка, па до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за првоосомничениот  и мерки на претпазливост за второосомниченото лице. Предлогот на обвинителството беше прифатен од судот, по што на осомничениот кој се гони за соизвршителство  му е определен притвор со траење од 30 дена. На осомничениот кој помогнал во вршењето на кривичното дело му се определени мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува  на определено службено лице во надлежен државен орган и одземање на патна исправа, односно забрана за нејзино издавање.

Македонија | пред 6 години

lile-stefanova-960x479

Лажна вест е дека е приведена обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова!

На социјалните мрежи се појави вест дека е приведена обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова. Според информациите на „Скопје1.мк“ од институциите, веста е целосно неточна и станува збор за дезинформација.Веста е пренесена од социјалните мрежи на интерет порталите, без претходно да се консултира Обвинителството кое издава ваков налог, но и МВР кој го спроведува налогот. 

Македонија | пред 6 години

iskluceni-pratenici-696x343

Заев за предлог-законот за обвинителство и Русковска ќе добие поддршка од осумте независни пратеници

На денешната владина седница, на предлог на Министерството за правда ќе биде разгледан Предлог – законот за јавното обвинителство, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, соопштија утринава од Владата.Се уште е неизвесно, дали Заев ќе има 80 пратеници за да се изгласаат овие закони во Собранието. Според неофицијални информации, поддршката ќе ја бара од осумте пратеници дел од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овие закони не смеат да се донесат без опозицијата.Како што претходно најави премиерот, Зоран Заев, новиот предлог Закон за јавно обвинителство предвидува интегрирање на СЈО во Обвинителството за организиран криминал и корупција, што го води обвинителката Вилма Русковска. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, вчера најавија дека ќе бараат нов состав на Советот за јавни обвинители, кој ќе избере нов шеф на ова Обвинителство.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пијан швеѓанец нападнал рецепционер, кршел инвентар и ги вознемирувал гости

На 21.07.2019 година околу 20.20 часот во Полициската станица Центар бил приведен С.А.Ј.(25) од Шведска поради тоа што под дејство на алкохол кршел инвентар и ги вознемирувал гостите во угостителски објект, а физички го нападнал и рецепционерот Б.Ѓ. во хотелот во кој бил гостин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

1921997_screenshot-2_ls-225931

Косовскиот премиер во оставка заминува на суд во Хаг

Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, денеска ќе замине за Хаг. Харадинај таму ќе биде интервјуиран од страна на Специјалниот суд. Ова го потврди самиот Харадинај синоќа во емисијата “Pressing ” во Т7.– Да, утре патувам во Хаг – рече Харадинај.Харадинај минатиот петокот доби покана од Специјалениот суд во Хаг да биде интервјуиран. Ова беше, исто така, и причината поради која тој поднесе оставка од функцијата премиер, бидејќи изјави дека не сака да оди во својство на шеф на Владата на Косово, пренесува Газета Експрес.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања