Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Kejt-Brns-670x496

Новата амбасадорка на САД ќе оди на кафе кај Џафери

Новоименуваната амбасадорка на САД во земјава Кејт Мери Бернс денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија каде ќе има средба со спикерот Талат Џафери.Покрај тоа, Џафери денеска во законодавниот дом ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која се разговара за тековните и идните активности на Собранието. 

Македонија | пред 6 години

49400041_1836833746443994_4151677673652879360_n

Собранието ќе заседава со полна пареа, почнува и првата фаза од носењето на законот за обвинителство

Предлог-законот за Јавно обвинителство Владата денеска ќе го испрати во Собранието. Од Министерството за правда очекуваат пратениците своите ставови да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани.Од Министерството за правда велат дека очекуваат поддршка од сите пратеници, но ги зачудува измената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со предлогот Вилма Русковска да биде на чело на новото Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција.„Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот предложи СЈО да биде дел од Јавното обвинителство за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Русковска да ги води случаите на СЈО. Сега зачудува измената на нивниот став по ова прашање“, истакнуваат од Министерството за правда.Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за Деловнички и мандатно-имунитетни прашања, за Земјоделство, шумарство и водостопанство, за Надворешна политика, за Економски прашања и Законодавно-правната комисија.Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања е Извештајот на Државната изборна комисија за преземените работи согласно член 153 од Изборниот законик, за прифаќање на остатокот на мандатот за пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ги разгледаат  Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште во второ читање и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во прво читање.

Македонија | пред 6 години

SJO

Сите обвинители од СЈО подготвени да сведочат за Јанева, но не се повикани

Ниту еден обвинител од Специјалното јавно обвинителство засега не бил повикан во Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупција да даде исказ за скандалот во кој е вмешана нивната шефица, специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева. Официјално, од Обвинителството велат дека до овој момент обвинителите немаат дадено исказ, но меѓу двете обвинителства имало комуникација за случајот во кој засега има двајца осомничени, неформалниот сопственик на 1ТВ, Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец.Неофицијално, обвинители од Специјалното јавно обвинителство коментираат дека сите обвинители се отворени за соработка со нивните колеги, како што порача и обвинителката Ленче Ристоска. Еден ден по оставката на Јанева и по отворањето на случајот „Рекет“, обвинителката Ристоска ја потврди спремноста за соработка со институциите, но под превозот на тајноста што ја предвидува законот, не одговори дали обвинителите знаеле дека нешто се случува во обвинителството. 

Македонија | пред 6 години

plostad-vremenska-toplo-vreme-fontana-skopje

Сонце и топло време со високи температури

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Температурите ќе се движат од 25 до 36 степени.Утринската температура ќе се спушти помеѓу 12 и 20, а дневната ќе достигне од 28 до 36 степени.УВ-индексот ќе изнесува 8.Во Скопје, сончево и ветровито умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 33 степени. 

Македонија | пред 6 години

kata-i-devojkata

Девојката која ја сними Јанева во фризерски салон: Сега треба да ме стават шефица на СЈО (ВИДЕО)

Девојката која ја сними обвинителката Катица Јанева во фризерско студио, на шала коментира дека сега таа треба да биде шефица на специјалното јавно обвинителство.„Отидов да ја уловам, сега треба да ме стаат за шефица на СЈО“, пишува девојката.[embed]Специјаланта јавна обвинителка Катица Јанева е снимена додека се разубавува во фризерски салон. Снимките покажуваат како Јанева најпрво ја мие косата, а потоа се фенира.

Македонија | пред 6 години

boki-13

На „Твитер“ објавена листата со функционерите за кои се тврди дека се Кики, Фрики, Жаки, Рики

Иако новинарот Бранко Геровски не ги објави имињата на функционерите, кои се кријат зад всевдонимите Жаки, Рики, Кики, Фрики, тоа го направија корисниците на социјалната мрежа „Твитер“ кои тврдат дека идентитетот кој се крие зад всевдонимите е точен.Откако се разви дебата, корисникот Виктор Стевич објави целосна листа, која истовремено ја ажурира, со вистинските имиња на функционерите.ЛИСТАТА ОБЈАВЕНА НА ТВИТЕР МОЖЕТЕ ДА ЈА ВИДИТЕ ТУКАИанку, Геровски со всевдоними пишуваше за моќници и функционери кои имаат вмешано прсти во рекетот кој го изнудувале Боки 13 и Кичеец.*Скопје1.мк не превзема одговорнсот за точностса на Твитер статусот, ниту пак стои зад објавениот статус. Како медиум, го пренесовме она што е објавено на социјалните мрежи од кое во целост се оградуваме.

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Геровски: Ако има некој снимка како земам рекет, нека ја објави

По обвинувањата дека новинарот Бранко Геровски земал рекет од бизнисмени за да ги објавува приказните за Кики, Коки, Фрики и другите лица, тој побара доколку некој има таква снимка, јавно да ја објави.„Прво Миленко тропна за некакви 25.000 кеш што божем сум ги зел од некој "олигарх". Па Саше будалиот се залета ко вол у трње и го спомна Камчев, па сега ќе мора на суд да докажува.Еве го и Боки Бургија, доставувачот од СЈО, тресе глупости за некакви 75.000 евра рекет. Имало видео, на Јутјуб ќе се појавело. Па уште ме "советувал" да стапам во контакт со "имателот" на видеото, да се пазарам, што ли...А бе шапшали едни недоветни! Ви кажав и пак ќе ви кажам - џабе везете. Кај мене нема едно евро рекет! Никогаш и од никого! Немам со кого да разговарам и да се пазарам. Кој се курчи дека има некаква снимка, веднаш нека ја пушти! Да видиме што сте смислиле.Доста бре паничите и паламудите“, пишува Геровски.

Коментари | пред 6 години

janeva-frier

ВИДЕО: Катица Јанева снимена во фризерски салон, иако е на боледување

Специјаланта јавна обвинителка Катица Јанева е снимена додека се разубавува во фризерски салон. Снимките покажуваат како Јанева најпрво ја мие косата, а потоа се фенира.Локацијата каде е снимена Јанева засега е непозната, а снимките се објавени на фејсбук профил кај девојка која била во истиот фризерски салон. Засега не е познато ниту кога е снимено видеото. Девојката која го снимила видеото, тоа го правело скришно, за да не ја откријат.Кај корисникот кој ги објави снимките пишува дека живее во Париз, Франција, а дека потекнува од Скопје.Јанева користи боледување издадено од матичен лекар. Таа не се појавила на своето работно место од минатиот понеделник, кога и поднесе оставка, а истовремено, ги уапсија Боки 13 и Зоки Кичеец.

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Јоци за телефонот на Јанева: Јавноста ќе дознае само колку сметки скенирала Ката, оти треба НАСА да даде листа од повици и смс пораки

Заврши вештачењето на телефонот на Катица Јанева. Како што информираат од обвинителството за Сител, извештајот веќе е во рацете на обвинителката Вилма Рускоска но што има во него, како во интерес на истрагата нема да соопштат во овој момент.На ова реагираше новинарката Јорданка Ивановска-Јоци. Таа иронично вели дека треба да почекаме за да видиме до кое ниво е стигната Јанева на играта „Кенди краш“.„Го вештачевме мобилниот. Да. Јавноста треба да почека да видиме шо игрици играла Ката, кое ниво е на ,,Кенди краш", колку руски вируси закачила од ФејсАпп т.е. да добиеме сознанија дали соработува со Путин, потоа колку сметки искенирала за ,,Мој ДДВ"...Знаете, не е нималку лесно да вештачите мобилен. Еве, виберот и месинџерот се избришани на пример. Тоа е нешто ко операција на мозок. Не сте свесни. Од др.страна, моравме и до НАСА да се обратиме, да ни кажат дали е подобро да гледаме у телефонот или сепак е полесно да побараме листа на повици и смс пораки од мобилен оператор за двата телефона и да откриеме комуникација меѓу обвинителката со осомничените. Да. Многу е тешко.  Сега сме до петто ниво на ,,Кенди краш"“, пишува Јоци.

Македонија | пред 6 години

ivor

Новинарот Мицковски: Заев сака да каже дека Груевски крадел историја

Скандалозната изјава на премиерот  Зоран Заев дека Македонија ја присвојувала туѓата историја, дочекана со радост во Бугарија. Бугарските медиуми со задоволство пишуваат дека  македонската страна конечно признала дека им се краде историјата.На ова реагираше и новинарот Ивор Мицковски.„Заев гледам разбрал и се соочил, не Македонија, туку Груевски крадел историја.Одлично, упростено, есенцијално, тоа и баравме да го конкретизираш.Не разбирам зошто само требаше да го потикнеме на оваа нужна прецизација, ама сум презадоволен како ја имаат срочено“, напиша Мицковски.

Македонија | пред 6 години

intervju-zoran-zaev-alpha-1-1024x576-747x420

ВИДЕО: Целото интервју на Заев за грчка телевизија кое предизвика револт кај јавноста

Интервјуто на премиерот Зоран Заев за грчката телевизиска станица „Алфа“ кое беше емитувано на 20 јуни 2019 година, веќе предизвика низа коментари во македонската јавност. „360 Степени“, во соработка со овластен преведувач од грчки јазик, ви го пренесува инегрално целото интервју на Зоран Заев емитувано на 20 јули 2019 година на Алфа ТВ од Грција.-Нашиот јазик е со словенско потекло и е дел од групата на јужнословенски јазици. Тој јазик е верификуван уште ’74 година во Обединетите нации и, точно е, како дел од групата на јужнословенски јазици. Да, ’77 година, веројатно да. И што кажува ова, дека преку Договорот ние го потврдуваме она што го чувствуваме – немаме никакви претензии спрема Грција, го почитуваме целосно грчкото наследство, коешто го има, затоа што грчкото наследство е и светско богатство, но секако ние немаме намера или аспирации тоа наследство да го превземеме. Ние си имаме наше посебно, ние сме млада нација којашто нашите корења ги влече од јужнословенската историја и култура којашто дефинитивно го отсликува и нашиот јазик како македонаски јазик, како дел од словенската група јазици, вели Заев на едно од прашањата.Целото интервју можете да го погледнете на овој линк.

Македонија | пред 6 години

vladimir-staic

Познат е уште еден бизнисмен кој бил рекетиран од Боки 13 или Зоки Кичеец

Сопственикот на „Супертрејд”, бизнисменот Владимир Стајиќ за „Фокус“ потврди дека бил жртва на еден од двајцата осомничени во случајот „Рекет“.Стајиќ не прецизира кој и како го рекетирал, но најавува дека деновиве ќе најде начин да воспостави комуникација со Јавното обвинителство во интерес на вистината.-Мојата компанија постои од 1991 година како успешен семеен бизнис и е во моја стопроцентна сопственост. Ги отфрлам сите сите невистини за било каква бизнис поврзаност, за што се шпекулираше во нарачани текстови, објаснува тој.Во врска со лажните наводи на Миленко Неделковски за дел од неговиот имот, Стајиќ најавува тужба за клевета.-Очекувам надлежните органи да постапат според законот и против сопствениците на некои портали и против некои новинари, кои се однесуваат на ист начин како и осомничените во аферата „Рекет”, вели сопственикот на „Супертрејд”.Друштвото за производство, промет и услуги Супертрејд ДООЕЛ Скопје е основано во 1991 година. Приоритетна дејност е трговијата на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи.До 2011 година, Супертрејд ДООЕЛ главно е фокусиран на развој на малопродажниот сектор на нафта и нафтени деривати и друга трговска стока, преку својата сопствена бензинска пумпа, а од 2012 година, Друштвото врши промена на стратегијата и започнува со увоз на нафта и нафтени деривати.

Македонија | пред 6 години

Ahmeti-Dzafeti-Bejli

Се плаши ли ДУИ од Рускоска?

Сите партии имаат свои барања, но заеднички именител им е противењето, обвинителката Вилма Рускоска да раководи со новото обвинителство.Од БЕСА, пак, испорачаа пакет услови, од кои клучен е датум за предвремени парламентарни избори.ДУИ велат дека, предлогот е добра основа за да се најде компромисно решение, но за Рускоска се воздржани.Осумтемина пратеници од независната пратеничка група, не сакаа да се изјаснат денеска, а од Алијанса за Албанците најавија дека ќе поднесат амандмани во најмалку три члена од законот. Бараат и главниот обвинител да биде човек делегиран од ЕУ, а сите обвинители вмешани во криминал да заминат од обвинителството.Поддршката за законот ќе зависи од тоа дали ќе им бидат прифатени амандманите. И покрај сите овие условувања, од СДСМ се убедени дека ќе го постигнат неопходното двотретинско мнозинство од  80 пратеници, иако не откриваат како.

Македонија | пред 6 години

Makedonski-pasos

Македонскиот пасош на 46. место по моќност, може да се патува во 123 држави

Во најновата „Хенли енд партнерс“ листа на најмоќни пасоши, што се смета за најмеродавна на светот, првото место го делат Јапонија и Сингапур, а Македонија се наоѓа на 46. место.Додека граѓаните во Јапонија и Сингапур без виза може да патуваат во 189 земји, граѓаните од нашата земја може без пречки да патуваат во 123 држави.Од земјите во регионот најдобро котира Словенија, која се наоѓа на 10. место, чии граѓани може да патуваат без визи во 179 земји, а зад неа е Хрватска на 20. место со 167 земји, пренесе новинската агенција „Танјуг“.Србија се наоѓа на 41. место, а српските граѓани може да патуваат во 131 земја без виза.Зад нас се Црна Гора со 122 земји, потоа Босна и Херцеговина на 51. место (116) и Албанија на 52. место, каде без виза може да се патува во 113 земји.Меѓу првите места што ги делат повеќе држави се наоѓаат Јужна Кореја, Финска, Данска, Германија, Италија, Луксембург, Франција, Шпанија, Велика Британија, САД, Белгија, Канада, Грција, Ирска, Норвешка.На последното место е Авганистан, а меѓу најслабите пасоши спаѓаат и пасошите на Ирак, Сирија, Пакистан, Сомалија, Јемен, Либија, Палестина, Непал, Бангладеш, Иран, Судан и на Северна Кореја.Како што се наведува на интернет-страницата, резултатите од листата се засновани на податоците од Меѓународната асоцијација за воздушен сообраќај (ИАТА), која одржува најголема база за патни информации во светот.

Македонија | пред 6 години

zatvor-10

Затворениците се сместени во руини и во нечовечки услови, а во затворите избилува корупција и насилство

Трошни, влажни, небојадисани, руинирани. Такви се ќелиите во блоковите Б и Ц во истражниот затвор Скопје во Шутка. Исто онака како пред скоро триесет години. Ова го призна директорот на затворот Есад Рахиќ на денешната јавна дебата во Собранието за состојбата во затворите во Македонија.Култниот „Тетовирање“ и денес совршено ја отсликува состојбата во казнено поправните домови низ земјава. А, ако се продолжи со ова темпо, токму тоа ќе ни биде пречка и за преговори со Европската Унија, алармираше денеска на собраниска дебата, новиот директор на затворот Шутка.Нечовечки услови, дефицит на финансии и кадар, отсуство на здравствена заштита и мерки за ресоцијализација. Ова се дел од болните точки што ги нотирале и пратениците, кои биле во посета на затворите. Дел од надлежните пак, велат наследиле систем од долгови, па побараа повеќе пари за инвестиции.„По посетите во затворите, верувајте ми, четири-пет дена не можев да дојдам при себе, не се чувствував добро.“ - изјави Мирсада Емини Асани – пратеничка од ДУИ.„Потребен е ребаланс на буџетот и за 2019-та година и зголемување на буџетот за 2020 година.“ - потенцираше Билјана Зефиќ – заменик директор на Управата за извршување на санкции.Сепак, освен инфраструктурата, аномалиите на казнено-поправниот систем се подлабоки - корупција, дискриминација, насилство.

Македонија | пред 6 години

fetai

Фетаи предвреме се вратила од одмор, откако дознала за оставката на Јанева и поврзаноста со случајот „Рекет“

Обвинителката Фатиме Фетаи, која беше на одмор кога шефицата на СЈО, Катица Јанева даде оставка, предвреме се вратила во земјава, дознава „Скопје1.мк“.Според нашите извори во СЈО, Фетаи била затекната од ситуацијата и информациите за случајот рекет, по што го прекинала одморот и се вратила во земјава.За оставката и вмешаноста на Јанева во ректетот  кој го изнудувале Боки 13 и Зоки Кичеец, дознала од медиумите.Минатата недела, тимот на Катица Јанева се огради од неа. Обвинителката Ристовска рече дека тој став делат и обвинителите кои не се присутни во СЈО, меѓу кои и Фетаи.

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva11

Која е улогата на Јанева во рекетот на Боки 13 и Кичеец?, прашува Калајџиев

Универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев бара одговори од Обвинителството за случајот „Рекет“. Според него досега познатите податоци доволно упатуваат на тоа дека Јанева е вмешана во случајот, а колку и како треба да покаже истрагата.“ Очигледно е тоа дека таа на некој начин е инволвирана во случајот да речам првообвинета, бидејќи уште немаме формална постапка, ама немаме ни демант од СЈО. Имавме една несреќна прес-конференција каде што нејзиниот тим се огради од нејзе, тоа е еден сериозен проблем сам по себе. Во крајна линија тимот е нејзин и тимот не би можел ниту правно, ниту политички да се претопи во некој друг  тим без неа. Тимот е нејзин и таа стои позади тимот и тие ја делат нејзината судбина“, вели универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.По оставката на Јанева, беше објавен и нов предлог закон за Јавното обвинителство, кој повторно ги отвори дилемите што ќе се случува со веќе отворените предмети и истраги на СЈО.

Македонија | пред 6 години

shutka-1

Директорот на затворот во Шутка ги тешел пратениците кои биле во шок од лошите услови во затворите

Казнено-поправните домови имаат недостиг од финансии за соодветно управување, недоволен број на вработени, пренатрупаност, слаба ресоцијализација, недостиг на здравствени услуги, незадоволителен квалитет и количина на храна, слаб контакт на затворениците со семејствата.Ова се дел од заклучоците на работната група на собраниската Постојана комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, кои беа презентирани на денешната Јавна расправа на тема: Состојбата со човековите права во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија.Претседателот на Комисијата, Фадил Зејнели со работната група од повеќе пратеници посетиле три затвори и тоа во КПУ Идризово, Штип и Охрид, во период од јуни 2018 до јули 2019 година.Дел од говорниците на расправата имаа забелешки на третманот и условите на затворениците додека пак претставниците на Казнено-поправните установи реагираа на лошите услови за работа како што се недостигот на средства и човечки ресурски за справувањето со претходно наведените забелешки.Заменик народниот правобранител Васка Бајрамоска рече дека при нивната посета на затворите која следела по посетата на пратениците забележале дека во затворите владее корупција и дека многу лесно затворениците добиваат мобилен и дрога, дека постои физичко насилство врз нив, а посебно врз малолетниците во охридскиот затвор. Таа имаше забелешка на ресоцијализација, за која рече дека не постои, како и за констатацијата за здравствената заштита на притворените лица и децата сместени во затворот Охрид, каде се обезбедува само од еден лекар кој работи во итната медицинска помош и доаѓа само еднаш неделно да изврши преглед.– Сметаме дека улогата на лекарот во постапување со затвореници како специфична категорија на пациенти е многу поголема и не смее да биде сведена на вршење на рутински прегледи и препишување терапија – истакна Бајрамовска.Заменик директоркарта на Управата за извршување на санкции Билјана Зефиќ во однос на лошите услови за работа на Казнено-поправните установи како главна причина ја наведе високата стекната задолженост на затворите од 148 милиони денари како и исплатените побарувања.

Скопје | пред 6 години

zaev-121

Заев: „Не може мене да ми се накалемува нешто што не јас, туку Груевски и неговата идеолошка машинерија го правеа“

Интервјуто  на премиерот Заев за грчка Алфа во кое тој вели дека сме ја присвојувале туѓата и балканска историја како своја предизивика силни реакции во јавноста.Токму поради тоа попладнено преку социјалната мрежа се огласи премиерот. Тој на ФБ напиша:„Јас многу често и подолго време јавно говорам за злоупотребата на историјата во политички цели. Така беше и на интервјуто за грчката телевизија Алфа на која бев прашан и одговарав за минатите штетни политики на национализам и антиквизација.Не може мене да ми се накалемува нешто што не јас, туку Груевски и неговата идеолошка машинерија го правеа 10-11 години.Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во мемдиумска офанзива да оправдаат идентитетски инжинеринг.Не македонскиот народ, туку Груевски и неговата пропаганда спроведоа идентитетски инжинеринг за да насадат нешто што не е природен, ниту суштински дел од македонскиот национален корен.Спроведоа масивна и масовна културолошка операција наречена антиквизација за да букефализираат цел еден народ и со тоа да нѐ скараат со сите соседи. Им успеа цела деценија да нѐ држат во изолација.И додека врвеа и ги поттикнуваа наводните дебати за тоа кои сме и што сме, нѐ фрлија во изолација и ги фрлија во мрачните подруми нашите приоритети - ЕУ и НАТО. Го уназадија и блокираа целиот процес.И додека го правеа тоа, зад таа димна завеса, ги извршија сите криминали и политички злосторства заради кои сега се соочуваат со правдата.Јас ја вложив целата моја политичка сила за да решам прашања за иднината и за сите идни генерации.Нашата земја и нашиот народ се справија со антиквизацијата и јас ќе продолжам да зборувам јавно за потребата од мир и соработка на Балканот, но и за моментите од заедничката историја кои ги спојуваат и поврзуваат нациите“, напиша премиерот Зоран Заев на социјалната мрежа фејсбук. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Новиот закон за ЈО предвидува и формирање на специјализираното судско одделение

Новиот предложен закон за Јавно Обвинителство со кој СЈО ќе се спои со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, предвидува и формирање на специјализираното судско одделение каде ќе им се суди на случаите отворени од досегашното СЈО и новоформираната Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, објави civilmedia.mk.Ова се предвидува со членот 30 алинеа 4 на првичниот текст на предлогот кој власта му го испрати на ВМРО-ДПМНЕ за време на преговорите, а како што дознава ЦИВИЛ Медиа, истото решение било пренесено и во финалниот текст на предлог законот кој утре ќе влезе во собраниска процедура.“Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапува пред специјализираното судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупција, во Кривичниот суд Скопје”, се вели во првичниот текст кој се најавува дека е пренесен и во најновиот предлог закон, пишува civilmedia.mk..Текстот во целост на: civilmedia.mk 

Македонија | пред 6 години

MAD_3639

И Шилегов ќе скенира сметки за „Мој ДДВ“

По повод мерката враќање на 15% од пресметаниот ДДВ,  во трговскиот центар „Веро Џамбо“ во Скопје се отвори штанд на проектот „Мој ДДВ“ на кој скенираше фискална сметка и градоначалникот  Шилегов.- Задоволство ми е да се приклучам во промоцијата на проектот „Мој ДДВ“ кој бележи одлични резултати. Апликацијата Мој ДДВ ја симнале околу 170.000 граѓани, скенирани се точно 4.604.000 фискални сметки со кои е остварен промет од околу 2,5 милијарди денари. Секој граѓанин може, секој граѓанин би требало да сака да биде на свој начин контролор на фискалниот промет во нашата држава. Ваквата акција овозможува секој од нас да придонесе за збогатување на нашиот семеен буџет, но исто така да придонесеме за зголемување на буџетот на државата, на градот и на општината. Тоа значи повеќе пари во буџетот на државата, со кои се градат нови улици, булевари, градинки, училишта, паркови и слично - рече Шилегов.Градоначалникот Шилегов ги повика граѓаните да се приклучат на проектот и да скенираат сметки затоа што така сите заедно ќе овозможиме поквалитетен живот.

Скопје | пред 6 години

portugalija

Португалија гори, над 1800 пожарникари на терен

Околу 1800 пожарникари веќе трет ден се обидуваат да го изгаснат големиот пожар во Португалија, во кој до сега се повредени 31 човек. Во гаснењето учествуваат и 13 авиони, 243 противпожарни возила и војската.Полицијата во Португалија уапси 50 годишен маж под сомнение дека во областа Кастело Бранко го предизвикал пожарот што потоа се прошири на соседната област Сантарем.Според полицијата, постапките на осомничениот довеле во опасност човечки животи, домови и шуми.“Пожарот избувна  на три фрона во областа Кастело Бранкос, 125 милји североисточно од Лисабон“ – соопшти Агенцијата за цивилна одбрана на Португалија.Пожарникарите се поддржани од 19 противпожарни авиони и стотици возила.  

Свет | пред 6 години

17072019_PVRM_Zaev_pres-konferencija_1

ВИДЕО: Сите го „плукаат“ Заев, по изјавата дека Македонија присвојувала туѓа историја

Интервјуто  на премиерот Заев за грчка Алфа во кое тој вели дека сме ја присвојувале тугата и балканска историја како своја предизивика силни реакции во јавноста.Академикот Божин Павловски  на премиерот му порача дека вакви изјави можат да го разорат целиот образовен систем, кој и без тоа минува низ криза.99 проценти од македонската наука, култура и уметност е беспрекорно коректна кон сите свои соседи. Доказ се над 70 илјади наслови на книги и публикации во нашите библиотеки и архиви. Зошто толку лаички и смртно опасно го поткопуваш нашиот духовен живот? , напиша ПавловскиРеагираше и режисерот Милчин.Ме вџашува леснотијата со која демонстрирате скудно познавање на историјата и ги навредувате Македонците кои паметат или знаат колку и кои војски газеле овде и што оставиле зад себе, напиша на социјалните мрежи МилчинЉиљана Поповска од Дом потсети дека Македонците ниту присвојувале туѓи територии, ниту туѓа историја. Било обратно, зошто нашите соседи пред нас формирале свои држави и обезбедувале моќни сојузи.Реакции дојдоа и од  наголемата опозициона партија.Изјавата на Заев за  преземање на тугата историја беше пренесена во сите балкански медиуми. 

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski

Героски: Жаки, Коки и Раки - 400.000 евра рекет?!

Новинарот Бранко Героски синоќа на својот фејсбук профил објави статус во кој вели:ЖАКИ, КОКИ И РАКИ - 400.000 ЕВРА РЕКЕТ?!Жаки, важна фаца во телекомуникацискиот бизнис, дал изјава каде што треба, дека Коки му изрекетирал 400.000 евра. 300.000 евра зел Коки, а 100.000 евра биле за Раки, важен човек од власта. Така признал Жаки. Така ми шепна врапчето денеска...https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2295387307249618

Македонија | пред 6 години

Civil

Цивил: Пред да дивеат, националистите и хулиганите треба да го прочитаат Крушевскиот манифест

Во изминатиот период, ЦИВИЛ бележи голем број изрази на говор на омраза и повици на насилство врз основа на етничка и верска припадност, политичка определба и сексуална ориентација. Говорот на омразата и повиците на насилство најмногу се бележи на социјалните мрежи, но неретко е присутен и на интернет порталите.Еден од најновите повици на насилство со употреба на експлицитен говор на омраза се нотира и по повод прославата на Илинден на Мечкин Камен, на 2 август. Еден од нив е Фејсбук настанот: „Топло да ја поздравиме стоката северџанска на Мечкин Камен“.„Ова не е единствен повик на насилство врз институциите и врз националните симболи, од структури што ги има и во македонската и во албанската етничка заедница. За среќа, тие се малубројни, но нивната деструкција има несогледливи размери. Институциите секогаш мора да реагираат навремено и решително. Јасно е дека зад „храбрите“ поединци се кријат поголеми и посериозни политички и финансиски спонзори. Тие мора да се соочат со полната сила на законот. На тие што организираат вакви наци настани, им порачувам: Илинденското востание им припаѓа на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија. Нека го прочитаат Крушевскиот манифест за почеток“ - изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.ЦИВИЛ ги осудува сите повици за насилство и говор на омраза и бара од релевантните институции да реагираат навремено и соодветно на своите законски ингеренции, преземат итни мерки за санкционирање на сите кои повикуваат на насилство.Воедно, ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да продолжат со пријавување на случаи на кршење на човековите права, корупција, говор на омраза и лажни вести на онлајн формуларите на веб страницата Граѓански објектив. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања