Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

policija-123

Жител од Дебар нападнал полициски службеник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривичнa пријавa против Н.И.(35) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 08.07.2019 во Дебар, на улица ,,8-ми Септември”, пријавениот физички нападнал полицискиот службеник кој вршел службени дејствија.

Македонија | пред 6 години

zapaleno-kuce

МВР ќе го испитува случајот на куче полиено со бензин и запалено

На 21.07.2019 во 11.40 часот во Полициска канцеларија Богданци, Н.Р.М (41) - адвокат од Здружение за заштита на животни „Анима мунди“, пријавила дека на излез од село Стојаково, општина Богданци било пронајдено починато куче кое имало видливи траги на мачење по телото. За настанот е известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

krazba-na-kola-701x466

Скопјанец украл „БМВ Х5“ и нападнал полициски службеник

На 21.07.2019 полициски службеници го привеле О.А. (29) од  Скопје поради извршена кражба на возило. Веднаш по добиена пријава од Е.К. Г. (33) дека во близина на трговски центар во Скопје му е одземено возило „БМВ Х5“, преземени се соодветни мерки и возилото е сопрено на крстосница од ул.„Жан Жорес“ со ул.„Благоја Стефковски“, а О.А. е приведен. При приведувањето О.А: физички нападнал полициски службеници, но бил приведен во ПС Гази Баба и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 6 години

zlato-vo-torba

Од стан стан во Прилеп укарена рачна торба во која имало пари и златен накит

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против П.Т.(25) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Во периодот од 09.00 часот на 24.05.2019 до 20.50 часот на 26.05.2019, пријавениот со употреба на сила и подесен алат влегол во станот на Р.З. од Прилеп на ул.„11 - ти Октомври“ и одзел рачна торба во која имало пари и златен накит. 

Македонија | пред 6 години

seca

Во џип пронајдени и одземени огревни дрва, моторна пила и дигалка

На 21.07.2019 околу 21.00 часот на земјен пат во месноста „Муратски дол“ над тетовското село Челопек, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово запреле џип „УАЗ“ без регистарски ознаки, што го управувал 29-годишниот Б.Р. од Челопек. Во возилото биле превезувани огревни дрва без потребните документи и поради тоа со потврда e одземено, како и моторна пила и дигалка, a нешто подоцна предадени и се на Шумска полициија за натамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

DSC02921-2

Нова медицинска опрема на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија

Современа медицинска опрема, која се состои од два столба - специјални апарати за лапароскопска хирургија и нови хируршки инструменти од денеска се ставени во употреба на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија.Станува збор за т.н столбови, кои се наменети и ќе најдат примена во прецизната лапароскопска хирургија. Покрај столбовите, за оваа Клиника се набавени и хируршки инструменти, како и нова современа технологија која ќе се употребува секојдневно во трите операциони сали.За таа цел, министерот за здравство, доц.д-р Венко Филипче ја посети Клиниката, а заедно со лекарите и персоналот беше презентирана новата опрема.- Ако земеме во предвид дека станува збор за многу софистицирана технологија,  тоа значи дека набавката на оваа опрема значително ќе го унапреди квалитетот на пружање здравствена заштита. Истовремено набавката е важна со оглед дека столбовите за лапароскопска хирургија со години не се обновени. Поконкретно, столбовите не се обновени во изминатите 27 години (од 1992 година). Но, со новите апарати и инструменти на лекарите ќе им биде олеснета работата, а пациентите ќе добијат поквалитетна услуга, истакна при посетата министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и додаде дека средствата за оваа намена се обезбедени од Министерството за здравство.Директорот на Клиниката за дигестивна хирургија, д-р Зоран Караџов вели дека новата опрема е врвот во развојот на технологијата во лапароскопската хирургија и овозможува изведување на најсовремени минимално инванзивни процедури, од кои најголема полза имаат пациентите.-Ние како тим, имаме обврска и задоволство што ни е дадена можноста да ги следиме најсовремените трендови во областа на дигестивната хирургија, се за доброто на пациентите. Во име на вработените на Клиниката за дигестивна хирургија би сакал да изразам благодарност на Министерството за здравство и на министерот Венко Филипче за реализацијата на овој проект, изјави директот на клиниката.За потсетување, покрај вложувањето во софистицирана опрема, Универзитетската клиника за дигестивна хирургија е комплетно реновирана со што значително се подигнати стандардите за лекување и третман на пациентите во оваа установа.Станува збор за реновирање на двата спрата на Клиниката за дигестивна хирургија, односно оддел А и оддел Б.Покрај ова, реновирани се сите тоалети со нова санитарија на овие два оддели и заменети се старите со нови врати. Во рамки на реконструкцијата, се направени и нови пултови, поставени се нови држачи во ходниците, а комплетно се репарирани и бојадисани сите внатрешни врати. Одделението е реновирано со помош на Јапонска амбасада, но и со донации од општествено одговорни компании и лица.Оваа клиника претставува успешен пример, како со добро менаџирање и заедничка соработка, може да се унапредат условите за престој и третман на пациентите.

Македонија | пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Десковска ќе летува, ама нема да се опушта

Министерката за правда Рената Дескоска, неможе многу да се опишти оваа година за време на годишниот одмор. Таа одреден период ќе помине во Охрид, но сеуште нема конкретен датум кога ќе одмара поради претстојните разговори за Законот за Јавно обвинителство. 

Македонија | пред 6 години

Mila_Carovska_Minister

Царовска во Турција, Манчевски во Италија, Адеми во Грција

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски  својот годишен одмор ќе го помине во Италија и тоа на  почеток на месец август. И министрката за труд и социјална политика ќе летува надвор од земјава, но како дестинација за одмор со семејството ја избра Турција и тоа на почетокот од месец август. Министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, најавува дека оваа година ќе оди на 7 дневен одмор во Грција. Министерот за надворешни работи Никола Димитров до сега нема одлучено дали и каде ќе оди на годишен одмор, исто како и министерот за здравство Венко Филипче.

Македонија | пред 6 години

katica

Заврши вештачењето на телефонот на Јанева

Завршено е вештачењето на одземениот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, изјавија од Обвинителството за весникот Вечер.Според обвинителството, денеска е завршено вештачењето, но во интерес на натамошната истрага, деталите засега, нема да се споделат во јавноста.Што е констатирано при вештачењето, ќе биде обелоденето кога ќе се создадат услови за тоа, изјавија од обвинителството за весникот Вечер.Едниот телефонот на Јанева и беше одземен по барање на судот дента кога беше уапсен Бојан Јовановски. Вториот мобилен, како што објави обвинителката Вилма Рускоска, повикувајќи се на изјава на синот на Јанева бил изгубен во Белград.извор: Вечер 

пред 6 години

Pocetok-na-rekonstrukcija-na-bul.-Koce-Racin-3

Од денеска се реконструира булеварот Кочо Рацин

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа реконструкцијата на коловозот на булеварот Кочо Рацин, еден од најфреквентните булевари во централното градско подрачје. На оваа сообраќајница ќе се отстрани постојниот оштетен асфалт и ќе се постави нов асфалтен слој на должина од 880 метри, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј. Реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин ќе се одвива во наредните 40-тина дена. Продолжуваме да го применуваме истиот принцип на брза и квалитетна работа со цел да го намалиме сообраќајниот метеж. Оваа година градежните работи на главните градски сообраќајници завршуваат во рекордно кратко време, со што се овозможува сообраќајот во нашиот град да се одвива непречено и по реконструирани коловози кои ја гарантираат безбедноста на сите учесници во сообраќајот – рече градоначалникот Шилегов на увидот во градежните работи на булеварот Кочо Рацин. Додека траат градежните работи, на булеварот Кочо Рацин ќе се воведе привремен режим на сообраќај. Шилегов апелираше граѓаните на дневна основа да ги следат информациите на Град Скопје за воведување привремен сообраќаен режим на градските сообраќајници и за можните застои. 

Скопје | пред 6 години

Oliver-Spasovski-Koco-Angjusev-Nikola-Dimitrov-1-bg_resize

Спасовски не знае каде ќе оди на одмор, Анѓушев ќе му ја „здувне“ во Грција

Заменик претседателот во Владата на РСМ и министер за внатрешни работи - Оливер Спасовски нема одлучено дали ќе оди и каде би одел.Заменик претседателот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, само неколку дена од својот одмор ќе ги помине во Грција на почетокот на август.

Македонија | пред 6 години

sekerinska-1

Шекеринска 10 дена на одмор во Скандинавија

Заменик претседателката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска оваа година ќе биде на годишен одмор од 25 јули до 5 август.Од Владата инфромираат и ќе замине на одмор во Скандинавија.

Македонија | пред 6 години

67246828_10157145324695499_5439711539357548544_n-960x720

Заев после втори август на одмор во Охрид, па во Грција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев дел од годишниот одмор ќе го искористи во деновите после празникот 2 Август, Илинден.Премиерот Заев и неговото семејство деновите од одморот ќе ги поминат во Охрид и во Грција, информираат од Владата

Македонија | пред 6 години

lilePopovska

Лиле ДОМ до Заев: Неприфатливо е да се посипуваме со пепел како Македонци

Неприфатливо е да се посипуваме со пепел како Македонци, ни криви ни должни, вели актуелната пратеничка од ДОМ Лилјана Поповска, во однос на изјавата на премиерот Зоран Заев за грчката телевизија Алфа дека земјава присвојувала светска, балканска и туѓа историја.„Никогаш Македонците ниту присвојувале туѓи територии, ниту туѓа историја. Било обратно, зашто нашите соседи пред нас формирале свои држави и обезбедиле моќни сојузници. Се уште има живи сведоци за македонските голготи и неприфатливо е некогашните завојувачи да ни држат придики. Напротив, во духот на европските вредности за меѓусебно почитување и толеранција, треба да ја прифатат историјата каква што била и да им се извинат на Македонците за сето зло и болка што им го нанеле“, напиша Поповска на фејсбук.Таа е поранешна претседателка на ДОМ, која е дел од владејачката коалиција на чело со СДСМ на Заев.

Македонија | пред 6 години

Foto-5-2

Пендаровски во посета на Сојузот на стопански комори на Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари посета на Сојузот на Стопански комори на Македонија. На средбата со стопанствениците, претседателот Пендаровски се осврна на неколку најважни работи, за кои како што нагласи, треба да има договор и консензус, а пред се треба да се работи на подобар амбиент за компаниите. „За жал во изминативе години и децении ние политичарите не ви помогнавме многу во таа смисла. Себеси не се изземам од таа категорија на луѓе затоа што јас сум над 20 години активен во јавниот живот, иако сум само 2 месеци Претседател. Значи, ако можам на некој начин да се извинам во името на сите претходни генерации политичари што не ви го направиле животот и бизнисот полесен, за да на сите нас понатаму ни биде полесно, еве тоа го правам. Најмалку во лично име. Значи навистина мислам дека во изминативе 30 години како независна држава, политиката правеше се, и преку оваа поларизација и на многу други начини, да го попречи бизнисот или што е најтрагично да го стави под своја капа. Бизнис под политичко менаџирање е со ефект само за оние кои го менаџираат, не и за народот, не и за граѓаните. Јас се надевам дека последниве две години имаме позитивни исчекори во спротивна насока, дека бизнисот треба постепено да се ослободува од политичките стеги“, нагласи Претседателот. Претседателот Пендаровски се осврна и на крупната афера од последните десетина дена. „Последниве денови сме сведоци на една крупна афера која има многу шпекулации, која очигледно оди низ многу слоеви на нашето општество, и економски, и криминални, и политички, за жал. Јас од оваа позиција не гледам политички притисок ако кажам дека инсистирам државните органи во таа таканаречена ситуација или случај „Рекет“ да ја истераат работата што е можно побрзо, до крај, навистина до крај, за да не се остави ни најмал простор за сомнеж дека некој некого штити или дека повторно се рециклираат некои лоши практики од минатото, кога одредени политички фактори штитеа бизниси, односно беа заштита за криминалните бизниси, и на тој начин знаеме до кое дереџе дојдовме. Значи, Европската комисија во својот извештај во 2017 година не дефинира како заробена држава, имено најмногу заради политичка поларизација, меѓутоа и заради тоа што бизнисот се знаеше кој може да го прави и кој смее да влезе воопшто на тоа поле“, рече претседателот Пендаровски. Тој истакна дека пред неколку дена го комплетирал економскиот тим, кој ќе му помага во истакнување на економскиот аспект на надворешните односи и на дипломатијата, а кој бил запоставен од почетокот на нашата независност, при патувањата надвор. Претседателот нагласи дека ќе настојува со него да бидат и економските министри, без разлика која гарнитура е на власт, а од бизнис секторот да добива информации за состојбите и нивните барања. Тој рече дека задача на Претседателот е да се намали поларизацијата и поделеноста во државата. „Моја задача, бидејќи сум платен од вашите пари, е тоа да се обидувам да го правам до крајот на мандатот и тука нема суети, нема повредено его. Јас морам да се јавам кај тие луѓе кои се актери на политичката сцена со кои досега не сум направил комуникација, а кои се битни за вкупниот амбиент, да се обидувам да ги добијам. И јас ќе ги барам и бидете убедени дека ќе направам се да ги намалам тие тензии, бидејќи мислам дека барем за неколку работи кои се стратешки битни за државата, не треба да се расправаме“, рече претседателот Пендаровски, посочувајќи ги нашите стратешки приоритети,  економскиот развој, комплетно интегрирање во ЕУ и НАТО и меѓуетничките односи. „Северна Македонија мора да биде комплетно интегрирана во евроатлантските структури. Членството во НАТО е битно како предуслов за безбедност, па понатаму за економски развој. Значи тука партиите не смеат да имаат разлики. Нашето интегрирање или приближување кон НАТО оди со задоволителна брзина. Имаме многу позитивна најава од американскиот Сенат дека во наредниве два месеци можеме да ја завршиме и таа ратификација на практично клучната држава во Алијансата и во почетокот на декември да станеме полноправна членка. Тоа е битно затоа што на тој начин, по дефиниција истиот момент, амбиентот за правење бизнис станува предвидлив. А во однос на Европската унија сите заложби и јавни искажувања се дека ние ќе добиеме датум за преговори до крајот на годината, како што беше планирано.  Да ги завршиме што е можно побрзо тие преговори со Европската унија и низ тие преговарања да ја направиме државата подобра, се разбира побогата“, рече претседателот Пендаровски. Претседателот јасно посочи дека нема да потпише ниту еден указ на закон ако бизнис заедницата смета дека не е во нивен интерес и во интерес на граѓаните. Битно е, рече, да им се даде шанса на младите за нивно прво вработување во земјава. Со Владата се почнати разговорите за нови дипломатски претставници, бидејќи во моментов во 27 држави сеуште нема назначено прв човек во дипломатско конзуларните претставништва на државата. Претседателот подвлече дека високата политика треба да го отстапи местото за луѓе кои ја разбираат економијата. Претседателот посочи дека нема отворени прашања со соседите, по двата потпишани договори, и дека идната година не очекува мирна година. Независно од информациите, рече претседателот, нема да се вратиме назад кон поделби и кавги, и нема показатели дека се влегува во нови безбедносни закани и ризици.

Македонија | пред 6 години

dimsa-za-katica

Арсовски: Помина цела недела како никој не знае каде е Катица Јанева

Денеска е 7-ми ден, ни помина цела недела како никој не знае каде е Катица Јанева. Спасовски се прави недоветен зошто би ја следел, а пред очи ни се случува најголемата криминално-политичка афера каде што Катица Јанева е директно вмрежена со првоосомничениот и второосомничениот.Имаме директни јавни признанија од обвинителката Вилма Русковска дека Катица Јанева контактирала со првоосомничениот Боки 13 за конкретниот рекет и се уште никој не знае каде е Катица Јанева, а не пак да биде приведена и сослушана, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Според признанијата на обвинителката Русковска, Катица Јанева до сега требаше да биде сослушана и да биде заедно со нејзиниот син во притвор.Дали Зоран Заев, Оливер Спасовски и Вилма Русковска ја штитат и ја кријат Катица Јанева од органите на прогонот?Има неколку нелогичности во целиот случај и постапка. Русковска јавно призна дека знаела цели два месеца за разговорот помеѓу Катица Јанева и Боки 13 и што се се разговарало во него, но не преземала ништо по тоа прашање два месеци еве не презема се уште.Да потенцираме, дека во моментов додека Катица Јанева се крие заедно со еден од нејзините телефони кој што никој не знае каде е, може да влијае на сведоци, може да избега, може да уценува, да рекетира и се останато.Заев, Русковска и Спасовски, свесно и даваат простор и време, на Катица Јанева, но и на нивните блиски Кики и Фрики да се исперат од целиот случај.Јавноста заслужува одговори.Зоран Заев треба да си даде оставка веднаш. Бидејќи Зоран Заев го понижи народот и ја уништи Република Македонија.Зоран Заев е главата на овој криминално-политички октопод кој рекетирал се живо и диво изминативе години под превезот на СЈО.Затоа, оставка на Зоран Заев и предвремени парламентарни избори се решението на сите проблеми и кризи кои ги направи оваа неспособна криминална Влада на СДСМ и Зоран Заев.            Коментар во врска со изјавите на Зоран Заев во однос на крадењето на историјата:            Македонија и македонскиот народ не се крадци. Единствениот кој краде во моментот е Зоран Заев. И човекот краде на ангро и тоа се гледа во целата јавност. Украдени се милиони за овие две -  три години, но потрагично е што човекот им ги украде достоинството, честа и иднината на граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува изјавите на Заев дадени за грчките медиуми дека македонскиот народ крадел и присвојувал туѓа историја. Заев е штетник кој не го сака и не го почитува сопствениот народ и сопствената држава. Секогаш кога мислиме дека го допрел дното срамејќи ја сопствената држава тој не демантира и тој покажува дека може да оди и подолу. Време е Заев да си замине и да се стави крај на оваа тригодишна агонија, истакнаДимче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

grubi

Груби: Не е работа на политичките партиите да разговараат за шеф на новото Обвинителство

Не е работа на Владата или на Собранието да назначуваат шеф на новото Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, рече денеска пратеникот од ДУИ, Артан Груби, коментирајќи ја изјавата на премиерот Заев, преку која предложи прв човек на новото обвинителство да биде обвинителката Вилма Рускоска.-Не е работа на политичките партии да навлегуваат во кадровски решенија за нов обвинител. Кога тоа го направија пред 4 години, гледаме сега што излезе. - додава Груби.Тој од името на ДУИ порача дека партијата го смета новиот закон како добра основа за компромис кој треба да се постигне со парламентарна дебата.  

Македонија | пред 6 години

princ

Принцот Џорџ наполни шест години

Британскиот принц Џорџ денес полни шест години, а неговите родители по тој повод на социјалните мрежи објавија негови фотографии. Џорџ е најстариот син од трите деца на принцот Вилијам и неговата жена, војвотката Кејт Мидлтон.По повод прославата, Кенсингтонската палата веќе традиционално објави две нови фотографии на момчето снимени во градината на палатата. Малиот принц беше фотографиран од неговата мајка, војвотката Кејт. Кралското семејство потоа објави фотографии на официјалниот твитер-профил на Кенсингтонската палата.https://twitter.com/KensingtonRoyal/status/1153055006590984192?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1153055006590984192&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2F%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25b8%25d0%25bd%25d1%2586%25d0%25be%25d1%2582-%25d1%259f%25d0%25be%25d1%2580%25d1%259f-%25d0%25b3%25d0%25be-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25bb%25d0%25b0%25d0%25b2%25d1%2583%25d0%25b2%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25b2%25d0%25be%25d1%2598%25d0%25be%25d1%2582-6-%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25b4%2F

Магазин | пред 6 години

zbogar

Жбогар: Случајот „Рекет“ покажува дека Јавното обвинителство се бори против корупцијата на високо ниво

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денес во Новаци рече дека случајот „Рекет“ покажува дека Јавното обвинителство се бори против корупцијата на високо ниво и го поддржуваат да работи на вакви случаи.„ Во државата нема причини за политичка криза, институциите функционираат, Јавното обвинителство е функционално, а функционира и Специјалното јавно обвинителство. Точно е дека специјалната јавна обвинителка Јанева поднесе оставка и тоа го имаме предвид и свесни сме за тоа, но СЈО ќе продолжи да функционира до 15 септември. Дотогаш има доволно време политичките лидери да размислат на кој начин ќе продолжи работата на СЈО, а една од можностите е тоа да биде интегрирано во рамки на општото јавно Обвинителство и има време тоа се реши, истакна амбасадорот  Жбогар.На прес-конференцијата во Општина Новаци, Жбогар појасни дека знае за многу шпекулации во однос на оставката на Јанева. 

Македонија | пред 6 години

spanec

(ФОТО) Шпанец низ цела Европа на велосипед со своето куче

Шпанецот Хуан со велосипед на кој го носи и своето куче ќе ја помине цела Европа. На социјалните мрежи објавена е и фотографија на која се гледа среќниот Шпанец во моментот кога оди низ Крива Паланка и вози накај границата со Бугарија , по што следи Турција.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157668961471042&set=gm.2350493131711984&type=3&theater

Магазин | пред 6 години

60884111_2336498276595038_888330383639183360_n

Катица Јанева на „Фејсбук“: Ако не можеш да играш на терен, обично викаш од трибини

Цитатите за подигање на самодовербата се доста застапени помеѓу објавите на Катица Јанева уште во времето пред да биде избрана за специјален обвинител.„Никој не може да ги осудува моите избори, ниту моето мислење, бидејќи никој не ги пробал моите чувства и моите болки . Ти не си изгубена. Само така се чувствуваш понекогаш. Ти се движиш низ промените, имај храброст и знај дека твојата душа те води по патот. Подобро помеѓу празни ѕидови, отколку помеѓу празни луѓе. Ако ја бараш личноста која ќе ти го промени животот, погледни во огледалото“ се само дел од мудростите кои гевгеличанката ги објавувала во времето додека се уште работеше како обвинител во ОЈО Гевгелија.Обвинителката која мистериозно ,,изчезна” од јавноста и веќе една недела успешно се крие, додека јавноста со право ги чека нејзините одговори во врска со случајот ,,Рекет,,, се приклучила кон социјалната мрежа Фејсбук во септември 2014 година.Прочитајте ја анализата на Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

grasnica-ezero

Езерската вода кај Грашница во Охрид исправна за капење

Водата во Охридското Езеро на потегот на плажите „Лабино”, „Градска плажа-Мизо” и „Партизан” е од втора категорија, што значи дека може да се користи за капење, спорт и рекреација. Ова го утврдиле последните анализи за проверка на физичкиот, хемискиот и микробиолошкиот квалитет на површинската езерска вода, кои ги изврши Центарот за јавно здравје од Охрид.Подобрувањето на квалитетот на езерската вода се должи на активниостите кои ги презедоа службите на МЈП „Прокава” за зголемување на протокот на вода, со удвојување на капацитетот на препумпните станици кај Далјан и Подмоље, до 400 литри на вода во минута. Исто така, извршени се и санации на дел од полжните пумпи, а со помош на службите на ЈП „Нискоградба” извршено е и чистење на секундарната канализација во потегот на крајбрежјето кај Грашница.Во текот на понатамошниот период, постојано и тековно ќе бидат преземени активности за нормално функционирање на колекторскиот систем во овој потег на Охридското крајбрежје, со цел да не се повтори состојбата со загаденост на езерската вода, која беше евидентирана во првата половина на месец јули.  

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

ФОТО: Боки 13 во Шутка, Катица Јанева осамена на плажа

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи поврзани со Боки 13 и Катица Јанева. Корисниците споделуваат фотографии кои се обработени на „Фотошоп“ од тоа каде се наоѓаат и како изгледаат двајцата. Шегите на нивна сметка почнаа откако се обзнани дека Боки 13 користејќи ја блискоста со обвинителката Катица Јанева, изнудувал пари од бизнисмени.

Коментари | пред 6 години

marihuana

Две лица се обиделе да пренесат марихуана преку граничниот премин Стар Дојран

На 22.07.2019 на граничниот премин Стар Дојран приведени се Е.М.  и Е.Х., двајцата од с. Долна Бањица, Гостивар поради обид да пренесат марихуана преку граничниот премин.  Е.М. управувајќи товарно моторно возило „Ман“ со скопски регистерски таблички  и Е.Х., како сопатник во возилото имале намера да излезат од Република Северна Македонија  на граничниот премин Стар Дојран, но при извршената контрола во возилото пронајдени се 20 кеси со марихуана.Лицата се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заев за грчката телевизија Алфа ja обвини Македонија дека преземала светска, балканска и туѓа историја како наша

Премиерот Зоран Заев во интервју објавено на грчката телевизија Алфа, а снимано во Скопје, три дена пред изборите во Грција говори за точките регулирани со договорот со Грција, во однос на јазикот и словенските корени.Оваа изјава предизвика силна реакција на социјалните мрежи, а граѓаните му забележуваат на премиерот кој, како што велат, за да им се додвори на соседите, изјави, дека сме ја присвојувале светската и балканската историја како наша, македонска.– Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО – рече Заев.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања