Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

hvar

Сопственикот и капетанот на бродот од Хвар може да добијат казна затвор од 8 години

Откриена „мистеријата“ за бродот во Хвар, на кој едно лице почина поради труење со јаглерод моноксид и две деца се животозагрозени.Сопственикот и капетанот на бродот се уапсени. Тие пет дена пред трагедијата неправилно вградиле агрегат во машинското одделение на бродот, што довело до истекување на токсичен гас, објави хрватската полиција.Станува збор за бензински генератор што се користи во градежништвото и на отворено и е забранет за пловни објекти.На уапсените им се заканува казна затвор од осум години.

Свет | пред 6 години

tomor-marina

(ВИДЕО) Со тапани и трубачи, Косово го пречека Морина како народен херој

Поранешниот припадник на УЧК, Томор Морина кој е обвинет за вршење воени злосторства врз србите на Косово вчера во својот роден град Ѓаков беше дочекан како народен херој со зурли и тапани.Врховниот суд во Скопје оваа недела одлучи да не го екстрадира Морина на Србија. Тој на 24 јули беше уапсен од на граничниот премин Блаце по потерницата од Интерпол по што му беше одреден притвор во кој помина 3 недели. Властите во Белград оценија дека македонските правосудни институции со одлуката за ослободување на Морина го прекршиле меѓународното право и, како што велат, со тоа уште еднаш се покажало дека политиката е над законот.

Свет | пред 6 години

AZ4I7491-01

Блескаво музицирање на октетот „Игњац Фукс“

Хрватскиот октет „Игњац Фукс“ прозвучи прекрасно и со својата романтична мелодиозна интерпретација, поетика и емотивни бранувања создаде  релаксирачна атмосфера вчеравечер вo црквата „Света Софија“.Овој ансамбл не е првпат на „Охридско лето“, но секој нивни настап  е празник за фестивалската публика.  Блескавото музицирање избиваше од длабочината на  осумтемина музичари кои и годинава изненадија со изборот на програмата со која се претставија во акустичната црква. Тие го избраа првиот романтичен композитор, Франц Шуберт(1797-1828), кој во својот кус животен век од 31 година напишал околу 600 соло песни,симфонии и камерни дела  од голема уметничка вредност.-Годинава доаѓаме во состав на октет и го отсвиривме Октетот на Шуберт во ф-дур Д 803 кое е едно од најмонументалните дела во камерната класична музика. Станува збор за многу познто дело во класичните кругови што траеше час и половина. Шуберт е еден од најголемите композитори на класична музика и со големо задоволство го изведовме Октетот, вели познатиот македонско-хрватски контрабасист Илин Диме Димовски, иницијатор за формирање на ансамблот „Игњац Фукс“ и негов уметнички раководител.Минатата година овој музички состав настапи на „Охридско лето“ како квинтет со дела од класичната и неокласичната музика.-„Игњац Фукс“ е мешовит камерен ансамбл. По потреба, поради концерти, турнеи и проекти, ние го менуваме составот на ансамблот, односно бројот на членови,но основните членови секогаш се трудиме да ги задржиме, додава Димовски.Ансамблот „Игњац Фукс“ е формиран во јуни 2016 година по иницијатива на контрабасистот Димовски и на српскиот кларинетист Александар Тасиќ, кога на нивно гостување во Макао со театарско-оперската група “Third World Bunfight” им се укажува можност за дополнителен концерт на камерна музика во соработка со Хонгконгшката пијанистка Жаклин Леунг.Оттаму се јавува идејата за флексибилен ансамбл во кој членуваат најистакнатите класични музичари од бившите југословенски простори, како што е и случајот со ансамблот на “No Borders Orchestra”, каде што Тасиќ и Димовски се запознаваат. Во исто време, флексибилен ансамбл значи поголема уметничка слобода во креирањето на програмата за еден концерт и помага во промовирањето на камерната музика, која е врвот на западно-класичниот музички израз.Следната година „Игњац Фукс“ го очекува голема балканска турнеја во овој состав, гудачки квинтет и дувачко трио со кларинет, фагот и хорна. Името на ансамблот е  всушност првото има на познатиот хрватски композитор Ватрослав Лисински. 

Магазин | пред 6 години

Alexander-Gadjiev

Младиот пијанист Гаџиев ќе музицира на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“продолжува вечерва со концерт на младиот пијанист Александар Гаџиев што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Александар Гаџиев, потекнува од семејство на музичари, неговите родители се професори по пијано.  Роден е во Гориција во Италија, природен крстопат на бројни култури и јазици, и уште од детството е задоен со квалитетите на централно-европската култура и поднебје. Пијано започнува да учи под менторство на неговиот татко, познат руски професор, и првиот настап со оркестар го има на деветгодишна возраст, а солистички рецитал остварува на 10 години. Во 2013г. година настапува на 30 –от јубилеен натпревар „Премио Венеција“, на кој се натпреваруваат најдобрите млади пијанисти од Италија и го освојува првото место. Оваа победа му овозможува бројни рецитали низ Италија но и во Лондон, Париз, Мадрид, Даблин.Само две години подоцна, во 2015 година на престижниот натпревар Хамаматсу во Јапонија, жирито составено од: Марта Аргерич, Акико Еби и Сергеј Бабабјан меѓу останатите му ја доделува првата награда, а истовремено ја добива и наградата од публиката по што е редовно канет концертно да настапува во Јапонија, и на значајни фестивали како фестивалот Вербие, „МиТо“ фестивалот во Торино, „Шопен“ фестивалот во Душники, Интернационалниот фестивал „КлавиКелн“ во Дизелдорф, фестивалите во Кордоба, Љубљана, Болоња, Виченца, Париз,  Равена и фестивалот за камерна музика во Салцбург.Во октомври 2018 година Гаџиев само го потврдува своето место на интернационалната музичка сцена победувајќи на натпреварот за пијанисти во Монте Карло на кој шанса да се натпреваруваат имаат само лауреати на светски натпревари. Претседателот на жирито Филип Ентремонт му ја доделува наградата „Принц Рение III“ која му обезбедува бројни концерти во Франција и низ Европа. Гаџиев настапувал во некои од најзначајните концертни сали во Италија, но и во Токио, Осака, Сапоро, Париз, Москва, Солт Лејк Сити, Истанбул, Барселона, и со оркестри како Симфонискиот оркестар во Токио, оркестрите во Кјото и Нагоја, Прашкиот симфониски оркестар, Оркестарот во Ерусалим, како и оркестарот на Централна Европа. Имал привилегија да соработува со исклучителни диригентски имиња како што се: Јуриј Темирканов, Казуки Јамада, Марек Пијаровски, Антон Нанут, Ен Шао, Џанлука Мартиненги, Тицијано Северини и многу други.Неговото следно снимено издание со наслов „Литературни фантазии“ ќе биде објавено во септември и содржи дела од Шуман и Лист.Александар Гаџиев моментно студира со Павел Гилилов на престижната академија „Моцартеум“ во Салцбург, а се усовршува на мајсторски курсеви на Епан Пијано Академијата и на академијата која е дел од фестивалот Вербие во Швајцарија. 

Магазин | пред 6 години

burim-rustemi

Одложено сведочењето на Рустеми за случајот „Рекет“

Се одложи сведочењето на јавниот обвинител од Специјалното јавно обвинителство, Бурим Рустеми, кој денеска требаше да даде исказ за случајот „Рекет“ во Јавното обвинителство за организиран криминал.  Најверојатно планираниот распит ќе се случи утре, а одложувањето е поради неговите обврски на денешното рочиште за случајот „ТНТ“.Неделава искази за истиот случај дадоа обвинителките, Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска. 

Македонија | пред 6 години

FullSizeRender-15-08-19-12-00

Пуроски: Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, неколкукратно ги зголемил своите расходи за репрезентација

Недомаќинското и неодговорно работење е синоним за Локалната власт на СДСМ. Трошењето народни пари за функционерите од СДСМ е аминувано од градоначалникот Константин Георгиески. Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски неколкукратно ги зголемил своите расходи за репрезентација. Покрај останатите трошоци како рекламен материјал, најголеми се трошоците направени по хотелите и рестораните, истакна Јордан Пуроски од Ок ВМРО ДПМНЕ Охрид.Дали директорот Грданоски чувствува одговорност каде и како ги троши парите на граѓаните?Со тие пари зарем немаше да се реши проблемот со стационарот и бездомните кучиња во градот?Го охрабруваме да им објасни на охриѓани колку потрошил за угостителски услуги за 2018 година?Бројките зборуваат дека од 57 илјади денари во 2017 година, расходите за репрезентација се зголемиле на 230 илјади денари во 2018.  Додека трошоците за репрезентација се зголемени за четирипати повеќе отколку во 2017 година никнуваат диви депонии на секој чекор, а контејнерите низ градот се преполни со ѓубре.Зошто се’ уште градоначалникот Георгиески нема побарано одговорност и не го разрешува директорот Грданоски?Георгиески и Грданоски цела летна сезона не можат се справат со запалената депонија Буково и за жал повторно одлагаат отпад на депонијата на Мауцкер. Охрид и охриѓани не заслужуваат ваква неодговорна и неспособна Локална власт, истакна Јордан Пуроски од Ок ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Македонија | пред 6 години

6762-rada

Шекеринска за „Рекет“: Никого не штитиме

Законот важи за сите, никого не штитиме и овозможуваме сите институции да спроведат целосна истрага, вели вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во врска со случајот „Рекет“.„Ние кажавме дека од прв до последен не сме заштитени, покажавме дека никого не штитиме, туку дека дозволивме, дозволуваме и овозможуваме сите институции да спроведат целосна истрага никого да не го спасуваат и никого да не го штитат. Законот важи за секој од нас. Никој од нас нема да очекува, ниту пак ќе добие политичка заштита“, рече Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања, по заедничката прес-конференција со полковник Грегори Најт, кој ја предводи делегацијата на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, која е во посета на Македонија.

Македонија | пред 6 години

flamingo3

(ФОТО) Започна изградбата на живеалиштето за фламинга и пингвини

ВоЈУ „Зоолошка градина Скопје“ започнаизградбатанаживеалиштетозафламинга и пингвини.Ова живеалиште ќе се гради етапно, а според рокот на изградба се очекува фламингата да пристигнат во октомври, додека пак пингвините напролет. Финансиите за живеалиштето ги обезбеди Град Скопје.Зоо Скопје конечно за прв пат станува дом на омилените егзотични птици, кои ќе живеат во дом правен по светски с тандарди.

Скопје | пред 6 години

kosmos

Ексградоначалникот Тони Трајковски побара изземање на Катица Јанева од случајот „ТНТ“, поради случајот „Рекет“

На денешното судско рочиште за случајот „ТНТ“, поранешниот градоначалник на Гази Баба, обвинетиот Тони Трајковски, побара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е застапник на обвинението.„Во моментов е актуелен случајот „Рекет“ не само овде, туку и во целиот свет. Ние во поднесокот за изземање објаснуваме за фирмата „Дрим билдинг“, каде овластено лице е Адриан Амзоски, инвеститор во „Космос“. Во делот на сумата ова лице преку “Дрим билдинг“ има уплатено средства на организацијата „Меѓународен сојуз“, каде претседател е лицето Бојан Јовановски. Уплатената сума од над 16 милиони денари, е повисока од вкупниот годишен приход на „Дрим билдинг“, рече обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба Тони Трајковски.Судијата Огнен Ставрев рече дека денешното судење ќе продолжи, а судот дополнително ќе се изјасни по барањето, кое како што рече, немал време да го разгледа.Инаку во предметот „ТНТ“, кој се однесува на уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Македонија | пред 6 години

policija-22

Две лица повредени откако со автомобил удриле во објект

На 14.08.2019 околу 06,20 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека на локалниот пат с.Богородица-с.Стојаково К.П.(32) од с.Стојаково управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во објект сопственост на З.П. од с.Стојаково. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле К.П. и сопатникот В.П.(24) од с.Стојаково, кои биле пренесени во комплексот клиники,, Мајка Тереза’’. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Гевгелија.   

Македонија | пред 6 години

stativa

Малолетничака од Хрватска почина во Куманово откако врз неа паднала статива на ракометен терен

На 14.08.2019 година во 17,15 часот во СВР Куманово, било пријавено дека во Медицинскиот центар во Куманово била донесена 13 годишна малолетничка од Р.Хрватска, со привремен престој во Република Северна Македонија, со повреди на главата, кои ги здобила при пад на статива на ракометно игралиште на улицата „Народна револуција“. Од здобиените повреди девојчето починало.  По наредба на  јавен обвинител телото на почината е предадено на семејството.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Прегазен пешак – пренесен во “Мајка Тереза“

На 14.08.2019 во 10,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата “Џон Кенеди“ и улицата “Благоја Паровиќ“ патничко моторно возило “Опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Љ.(63) од Скопје, удрило во Р.Д.(79) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Со моторцикл излетал од патот – возачот и сопатникот повредени

На 14.08.2019 во 18,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Мајка Тереза (Обиколница) К.Р.(41) од Скопје управувајќи моторцикл “Хонда ЦБР“ изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и сопатникот Г.С.(42) од Скопје и биле пренесени во Градската општа болница “8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. 

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

51 годишен работник се здобил со повреди при изведување на градежни работи

На 14.08.2019 во 18,30 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека на улицата „ЈНА“, на објект во изградба,  Е.А.(51) од с.Врабјани, се здобил со повреди при изведување  на градежни работи. На Е.А. му била укажана лекарска помош во  Медицинскиот центар во Гостивар. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициска станица Гостивар.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Со автомобил излетал од патот – возачот повреден

На 14.08.2019 во 06,50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кочани-Штип, на место викано „Солак“ В.Ѓ.(44) од с.Соколарци-О.Чешиново управувајќи патничко моторно возило “Форд“ со кочански регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршла увидна екипа од СВР-Штип.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Низ Скопје се вози без возачки дозволи, под дејство на алкохол,се зборува на телефон, не се почитуваат правилата - МВР денес

Во текот на изминатиот ден (14.08.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 31 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 15 возачи од кои: пет возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 10 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четворица возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица возачи поради неправилно престројување, еден возач поради недавање на првенство на минување во зона на крстосница, пет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкциониран е еден пешак. Во текот на изминатиот ден издадени се 116 мандатни платни налози.

Скопје | пред 6 години

policija-1

36 годишен возач почина – со товарно моторно возило влекач излетал од патот

На 14.08.2019 година во 18,45 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Дрма, поточно на регионален пат помеѓу с.Идризово и с.Петровец Д.Т.(36) од с.Ржаничино-скопско управувајќи товарно моторно возило влекач „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот. На местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба  на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

kucinja-kuce

Кучиња скитници каснаа маж во Центар и жена во Гази Баба

На 14.08.2019 во 17,30 часот во Полициската станица Центар Ж.Б.(49) од Скопје пријави дека на  Кеј “13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница. На 14.08.2019 година во 10,30 часот во Полициската станица Гази Баба С.Ѓ.(34) од Скопје пријавила дека на улицата “Јани Лукроски“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 6 години

granata

Битолчанец во нива пронашол артилериска граната

На 14.08.2019 во 08,08 часот во СВР Битола, Ќ.С. од Битола, пријавил дека во атар на с.Магарево, при изведување земјоделски работи во нива негова сопственост, пронашол една артилериска граната од 75мм од Првата Светска војна. Од страна на пиротехничар од ДЗС пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Србин приведен на „Меџитлија“

На 14.08.2019 во 11,00 часот на Граничниот премин „Меџитлија“ на излез од РСМ, при извршена проверка на патничко моторно возило “Фолксваген пасат“ со српски национални ознаки, управувано З.Г.(47) од Р.Србија констатирано едека ВИН бројот не се совпаѓа со бројот на возилото. Поради  постоење основи на сомнение дека се работи за сторено кривично дело  „фалсификување исправа“ лицето било приведено, а потоа со возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен 33 годишен маж кај кого е пронајдена марихуана

На 14.08.2019 околу 21 часот, на улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода 33-годишниот Љ.С. од Порој, кај кого при преглед е пронајдена марихуана.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во „Ауди А6“ СВР Тетово пронајде кокаин

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово на 14.08.2019 во 22:40 часот во близина на угостителски објект во тетовското село Жеровјане, запреле патничко моторно возило „Ауди А6“ со гостиварски регистарски таблици, што го управувал 36-годишниот гостиварец Ш.Б, а во кое како совозач се наоѓал и 42-годишниот М.Ј, исто така, од Гостивар. При нивен и преглед на возилото, пронајден е кокаин. Двајцата се приведени во Полициската станица Тетово, а по документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

61341127_435364663944061_1041329702976880640_n

Кошаркарскиот Клуб АЛБЕС во потрага на квалитетни кошаркари за Втора Лига

Кошаркарскиот клуб АЛБЕС, кој како новоформиран клуб успеал да ги надминува финансиските проблеми со кои се соочуваше, сега и официјално ја достави својата апликација да биде дел од Втората македонска кошаркарска лига.Имињата на оние што го презедоа спонзорството на клубот ќе бидат објавени во наредните денови, откако ќе се вратат од годишниот одмор, каде е планирано да се одржи прес-конференција за медиумите.Во врска со аспирациите на Клубот, К.К АЛБЕС најавуваат дека се по потрага на квалитетни кошаркари, со кои атакуват да бидат дел од најдобрите четири екипи воВторатаЛига. Сите заинтересирани кошаркари можат да контактират на е-поштанаклубот kbalbes2018@gmail.com

Спорт | пред 6 години

Нема фотографија

Пет години затвор му се закануваат на момчето кое уби свој врсник

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Членот предвидува најмалку пет години затвор за оној што друг ќе лиши од живот.„Имено, осомничениот, со употреба на опасно орудие – нож на расклопување, лишил од живот едно оштетено лице. Настанот се случил околу половина час по полноќ на 14 август, на улицата „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче. По претходна расправија меѓу 18-годишниот осомничен и негов другар од една страна и поголема група лица од друга страна, осомничениот се дал во бегство кон зградите во населбата. Неколку лица трчале по него и во момент кога му се доближиле, тој го извадил ножот со кој на оштетениот му задал еден удар во пределот на градниот кош. Повредениот бил пренесен во болница, каде подоцна починал.

Македонија | пред 6 години

ubistvo

Вујкото на убиениот тинејџер: Твој убиец вујче ќе ти го прати во пеколот, да му гори душата

Вујкото на убиениот тинејџер, кој пред два дена беше усмртен со нож во скопската населба Ново Лисиче, се огласи на Фејсбук:-Ноќва ми е убиен внукот Никола Христовски – Кољо, анѓелот на вујче. Вујче едно само ќе ти обеќа, дека тој твој убиец вујче ќе ти го прати во пеколот, да му гори душата. Поздрав вујче, анѓелу мој, напиша вујкото Сашо.За потсетување:Осомничениот, со употреба на опасно орудие – нож на расклопување, лишил од живот едно оштетено лице. Настанот се случил околу половина час по полноќ на 14 август, на улицата „Февруарски поход“ во населбата Ново Лисиче. По претходна расправија меѓу 18-годишниот осомничен и негов другар од една страна и поголема група лица од друга страна, осомничениот се дал во бегство кон зградите во населбата. Неколку лица трчале по него и во момент кога му се доближиле, тој го извадил ножот со кој на оштетениот му задал еден удар во пределот на градниот кош. Повредениот бил пренесен во болница, каде подоцна починал, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања