Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

vreme-16

Денеска сончево време со услови за слаб локален дожд

Денеска во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен праве, вдолж Повардарието повремено ќе се засилува.Утре. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и северозпаден правец. УВ=7

Македонија | пред 6 години

ufo

(ВИДЕО) Огнена топка над пирамидите во Египет!

Блескава бела огнена топка се спушта низ небото над египетската пирамида, кога одеднаш белата топка пука и тргнува во спротивна насока од вселенската карпа. Видеото е снимено од турист и поставено на кинескиот јутјуб-канал „Бизарен свет“ уште во јуни. Снимката над пирамидите во Египет ја споделиле корисници на социјалните мрежи кои расправале за разни теории на заговор и идејата за тоа дали станува збор за природен феномен или пак НЛО со вонземјанско потекло.Нема сомнение дека предметот на снимката е вонземски, но мислењата се разликуваат за тоа дали станува збор за природен феномен или за производ на интелигентен живот.

Магазин | пред 6 години

orce_kamcev_-_01-640x426

Камчев се повлекол од директорското место во „Орка Холдинг“

Бизнисменот Орце Камчев се повлече од раководните позиции во неговата „Орка Холдинг“, покажуваат податоците од Централниот регистар. Тој се повлекол од диркторското место, од извршен член на Одбор на директори, а останува единствено неизвршен член на Одборот заедно со неговата сестра Кристина Камчева Стојческа.На негово место како директор на „Орка Холдинг“ доаѓа Антоније Мариноски, поранешен член на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје. Орка Холдинг се јавува во сопствеништвото на десетици компании, како „Бет Сити Интернешнл“, „Монт“, клиничката болница „Аџибадем Систина“, „Орка спорт“, „Систина фармација“, „Архи“ и многу други.На барање на Специјалното јавно обвинителство, за истрагата за „Империја“ беше замрзнат дел од имотот на „Орка Холдинг“, а Камчев има забрана за располагање со уделите во компанијата.

Македонија | пред 6 години

fatime-fetai

Фатиме Фетаи ја пцуела Катица Јанева: Не може да сфатам како може да нареди да ме претресуваат

-Сочно опцув и тргнав во нејзината канцеларија за да видам зошто како обвинители кои 4 години се бориме за СЈО сега по нејзина наредба треба да бидеме претресувани. Таа беше излезена, а мене ми беше тешко и дури почнав да плачам поради таквото нејзино однесување, ни изјави телефонски обвинителката во СЈО Фатиме Фетаи, која по враќање од пауза била сопрена од полицаец на влезот во специјалното обвинителство за да и ја претресе торбата.Фетаи вели дека полицаецот и кажал како наредбата е засите вработени во СЈО и дека претресите треба да се изведуваат и при влегување и излегување во зградата на Рузвелтова.-Не може да сфатам како почна да се наредува такви работи откако ние 4 години по судници и секаде се бориме за СЈО, вели Фетаи за Телма.Претходно наредбата за претрес и за забрана за излегување на службениците во СЈО пред зградата била кажана и на вработените во специјалното обвинителство.Таа ни потврди и дека во понеделник сите присутни обвинители (бидејќи неколкумина се на одмор, а Стефанова беше на рочиште) биле на колегиум.

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Заев лаже штом ќе зине - се сретнал со дијаспората, а на средбата немаше македонски организации

Зоран Заев продолжува да влегува од лага во лага и да лаже на очиглед на целокупната македонска јавност. Заев синоќа беше жив фатен во нова лага која само потврдува дека пучистичката власт постојано се обидува да ја замајува јавноста откако стана јасно дека Македонците во земјата и во светот се определија до крај да ги бранат македонските национални интереси, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Денес владата информираше за средба на Заев со наводни македонски организации од Швајцарија, Белгија, Луксембург, Германија, Италија, Турција, САД, и нивна наводна подршка за политиките на Заев против македонската држава и македонскиот народ.Во интерес на вистината, го повикуваме Заев да ги каже со точен назив, кој македонски организации биле кај него на средба во владата за наводна подршка на неговите политики!?Одговорот на ефтината лага на Заев е однапред познат. Немаше ниту една македонска организација на средба кај него, бидејќи организациите на Македонците во странство промовираат семакедонско обединување на основа на Платформа за обединување, со цел, поништување на сите антимакедонски акти na Заев за бришење на се што е македонско, со што Македонците во земјата и светот, единствени и сплотени, јасно ја изразуваат својата намера за борба до конечна победа против предавниците на македонското дело како единствен можен начин да се спречи обидот на власта во Скопје и нивните странски ментори да ги избришат Македонците од светската мапа на нации со промена на името и идентитетот на македонскиот народ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

Levica

Левица: Нашиот советник нема да гласа за спорниот ДУП без одобрение од жителите на Трнодол

Вчера при одржувањето јавна презентација на ДУП Ј03 на општина Карпош дојде до полн израз револтот на граѓаните од непрекинатите манипулации низ годините од страна на повеќе гарнитури на општинската власт. Градоначалникот Богоев во неколку наврати повика да му се верува на зборот дека нема да никнат згради и дека процедурата за ДУП-от била само формално вклопување, односно следење на стариот ГУП што е обврска на општината.Оваа гарнитура на СДСМ и покрај сите ветувања, одби да застане на патот на градежната олигархија и токму затоа и нема никаков легитимитет да бара доверба од жителите за кои нема слух, а уште помалку политичка волја да ги реализира нивните барања. Една од главните критики спрема претходниот општински состав беше нетранспарентното носење на ДУП-ови, почнување на процедури среде лето кога повеќето граѓани се на одмор или во работно време. Во самата кампања, а и пред тоа, сегашниот градоначалник и неговите сопартијци силно ја критикуваа ваквата нетранспарентна пракса. Сега од позиција на власт, јавна презентација на ДУП се закажува сред лето, во работно време и за време на портокалова фаза кога има препорака за неизлегување на сонце. Без разлика на тоа што формално се запазени законските рокови, револтот кој го искажаа граѓаните на самата презентација против ваквата недемократска пракса е целосно оправдан, се вели во соопштението од Левица.Дополнително,едно од главните барања на граѓаните за време на изборната кампања беше стопирање на ДУП-овите донесени од претходниот градоначалник во сомнителни околности и кои општината ја претворија во нефункционално место за живеење и урбанистички хаос. Стефан Богоев потпиша и заложба дека ќе ги искористи сите правни можности да се стопира тоа што може за да се минимизира штетата. Но, кога дојде момент да се исполни ветеното и кога беше предложено стопирање на сите спорни ДУП-ови и нивна реевалуација, општинската администрација на СДСМ ги искористи сите правни алатки за таква точка да не се најде на дневен ред на Советот. За иницијативата за стопирање на дваесет и девет ДУП-ови, поднесена од нашиот советник по барање на граѓани, беше побарано мислење од државните институции кои се произнесоа дека општината нема такви ингеренции. Ова мислење апсолутно паѓа во вода сега кога советите на Охрид и Струга изгласаа слични барања.Јавноста, по примерот на Мајчин Дом, премногу пати беше изиграна од оваа влада која во спрега со градежната мафија го продолжува она што го започна претходната власт. Токму затоа жителите од општина Карпош, особено жителите од Трнодол кои се најзасегнати од ДУП Ј03, имаат целосно право и поддршка да ги искористат сите институционални и вонинституционални механизми на отпор против оваа власт која единствено ги штити интересите на неколку корумпирани локални моќници.Заради реакциите во јавноста однапред најавуваме дека нашиот советник нема да го гласа овој ДУП ако стигне до Советот во оваа форма или во било која друга форма со која не се сложуваат граѓаните од општина Карпош,  се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 6 години

policija-1

43 годишен Скопјанец пронајден починат во домот

На 14.08.2019 во 20,07 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на улицата „Драчевска“ во домот пронајден бил починат без траги на насилство  Т.Ѓ.(43) од Скопје, кој имал здравствени проблеми. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Скопје | пред 6 години

kursum

Скопјанец во двор пронашол залутано зрно од оружје

На 14.08.2019 во 10,30 часот во СВР Скопје М.Т.(29) од Скопје пријавил дека во двор на ул. “Финска“ пронашол залутано зрно од огнено оружје. Извршен бил увид и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Моторциклистпаднал на коловозот по што го прегазил автомобил кој избегал

На 14.08.2019 во 19,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата “Ферид Бајрам“ Џ.К.(60) од Скопје управувајќи моторцикл “Сузуки “ со косовски национални ознаки паднал на коловозот, а потоа бил удрен од патничко моторно возило “Хундаи Атос“ со скопски регистарски ознаки, кое го напуштило местото на настанот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

ohrid-sv-naum

Холанѓанец удрил пешак на регионалниот пат Охрид-Св.Наум

На 14.08.2019 во 20,00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум патничко моторно возило „Цитроен Ц1“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Д.Ј (24) од Холандија, удрило во  Б..Р.(54) од Охрид. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо-Охрид“ каде му е укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанка при семејна расправија со нож го прободила сопругот

На 14.08.2019 во 17,50 часот во СВР Скопје, на улица „Христо Татарчев“ била приведена В.К.(43) од Скопје поради тоа што при семејна расправија со нож му нанела убодна рана на нејзиниот сопруг М.К.(43) од Скопје.Од лекар на М.К. му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. В.К. е обезбедена  и пренесена во психијатриска болница. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

crkva

18 годишно момче осомниченo за кражби во цркви

Секторот за внатрешни работи Тетово расчисти четири тешки кражби во верски објекти (цркви) и поднесе кривична пријава против 18-годишниот З.А. од тетовското село Озормиште. З.А. се сомничи дека во мај и јуни оваа година, насилно провалил во црквите во тетовските села Радиовце, Волковија и Јанчиште и одземал пари. 

Македонија | пред 6 години

68907809_10156138440922407_7520097065070755840_n

Општина Чаир со апел: “Помогни за почиста животна средина, почни од себе и твоето семејство!

Општина Чаир со апел: “Помогни за почиста животна средина, почни од себе и твоето семејство! Почитувај ја искрената работа на работниците!“Општинските служби за одржување на јавната чистота се наоѓаат на терен вршејќи ја највредната работа работа за нашето здравје - чистењето на улиците од фрлениот отпад таму каде не му е местото и несомнено дека ја заслужуваат нашата почит.Нивната искрена работа не ја заслужува нашата негрижа. Затоа, почитувани сограѓани размислете добро пред да го фрлите ѓубрето таму каде не му е местото. Почитувај ја потта на искрените работници за твојата нога секој ден да гази низ чистите улици на општината. Помогни колку што можеш за чиста животна средина, започни од себе и твоето семејство!Денешниот работен ден го поминаа чистејќи ги следните улици:- Во населба Топанско Поле: ул. Никола Малешевски, Август Цезарец, Ѓорѓи Поп Христов и Методија Митевски- Во населба Топаана: Максут Садик, Славеј Планина и 376- Во населба Дуќанџик: Азем Хајдари и Прохор Пчињски.

Скопје | пред 6 години

naum-pred-obvinitelstvo

Стоилковски: Обвинителството наместо да работи на докажување на делата од „Рекет“ работи на обезбедување алиби на Заев и извршителите

Истрагата за „Рекет“ е компромитирана. Цел месец мина од првото апсење и приведувањето на Боки Тредичи и Кичеец, а Обвинителството наместо да работи на докажување на делата на нарачателите и на помагачите, работи на обезбедување алиби и ослободување на Зоран Заев и неговите извршители. Јанева без која воопшто и не би бил можен милионскиот рекет, е оставена да се шета по плажи и фризерски салони, да губи и да форматира телефони, да се враќа на работа како ништо да не било, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Државната мафија ја напаѓа јавноста, а Русковска и Јовески не смеат да мрднат без нејзин знак! Цел месец, телефонот на Јанева е во Обвинителството, телефонот на Тредичи цел месец е во Обвинителството, цела ЕУ го виде и слушна рекетот, сите знаат како се местат случаи и се зема рекет за правна слобода, граѓани и бизнисмени пријавуваат кражби и измами од невладината на државната мафија. А, Русковска и Јовески ја занимаваат јавноста со бледи соопштенија!Наместо ефикасна истрага, постапката се развлекува.Ако за најголемиот скандал, криминал и корупција цел месец во очи на европскиот извештај се потроши на одмори, тогаш со сигурност можеме да кажеме дека оваа власт воопшто не и е гајле за европската перспектива на Македонија. Државната мафија не само што рекетира краде и лаже. Туку е и дрска воопшто да не излезе од удобноста на својата безгрижност! Тоа е срамно, тоа е потценување!Државната мафија без никаков легитимитет, ја загрозува иднината на државата, ја загрозува безбедноста во општеството, го заложи минатото, а иднината ја завива во сиромаштија!Почитувани,Доста е игри, Зоран Заев и неговата државна мафија го киднапираа секое парче од Македонија. Зоран Заев со владината мафија одржува врски со Боки Тредичи. Зоран Заев не поттикна истрага за прислушувањето на Јавното обвинителство зад мене. Зоран Заев не побара истрага за Рашковски за местењето на тендери со Леонардо. Зоран Заев распоредува судии, процеси и пресуди. Државната мафија мора итно да биде изведена пред правдата. Но правда со овие луѓе, со Заев, со Леонардо, со Шеки, со Кики, Фрики, Коки, триада Влада, Рускоска обвинителство и Кацарска судството, правда со нив нема.Почитувани,Повикуваме на итни оставки, неопходни се итни избори за да правото се зафати со прашањата каде завршуваат парите од рекетот, кој е организатор на рекетот, кој е главата на државната мафија? Со институцијата зад мене, со институциите на Бихакќа и на Илинденска, одговор на овие прашања нема. Со нив Македонија ги живее најтемните времиња кои ќе останат врежани во колективната меморија, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Foto-3

Претседателот Пендаровски се сретна со Васил Стерјовски, пратеник со македонско потекло во Собранието на Република Албанија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со Васил Стерјовски, пратеник со македонско потекло во Собранието на Република Албанија, како и со делегација на политичката партија Македонска алијанса за европска интеграција од Република Албанија. На средбата претседателот Пендаровски изрази задоволство од изборот на Стерјовски, како дел од албанското Собрание и изрази уверување дека со неговата работа ќе придонесе за натамошно унапредување на севкупната соработка меѓу Северна Македонија и Албанија, како две соседни и пријателски држави и позитивно ќе придонесе за унапредување на положбата на македонското малцинство во Албанија. Република Северна Македонија и Република Албанија, истакна претседателот Пендаровски на средбата, имаат идентични приоритети и визија за иднината, посветени се на добрососедските односи, на регионалната соработка, на интеграцијата во европските структури. Претставниците на Македонската алијанса за европска интеграција ги претставија тековните активности на партијата, за коишто очекуваат придонес од Кабинетот на Претседателот Пендаровски, а чиј фокус е унапредување на положбата на македонското малцинство во Албанија.

Македонија | пред 6 години

boki-1-1

(ФОТО) Во каков луксуз живее Боки 13?

Аферата „Рекет“ станува се поактуелна не само кај нас туку пошироко. Додека Боки 13 кој е прво осомнечен во оваа афера, на социјалните мрежи, се појавија фотографии од луксузниот дом на Боки – 13. Локацијата на неговиот дом е во најелитниот комплекс во скопско Волково.Во една прилика, тој кажа дека се’ што има во огромниот стан е скапоцено до најситен детаљ, додавајќи дека за добар стил не биле  потребни пари, туку умеење и став.На следниов линк може да го видите раскошот во кој живее Боки 13.Извор: vistina.com.mk

Македонија | пред 6 години

sela-2

Села: „Предвремените избори треба да се случат што е можно поскоро“

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, смета дојде времето да се смени власта. Според него неопходни се предвремени парламентарни избори.„Ние како Албанци, како албанска партија, сметаме дека предвремените избори треба да се случат што е можно поскоро. Ова со цел конечно да се смени власта и на тој начин да се донесе демократија и да ја вратиме надежта на луѓето и да се запре егзодусот на младите кон ЕУ“, истакна Села.Воедно, тој упати критики кон албанската владејачка партија ДУИ, обвинувајќи ја дека владеела на незаконски начин.Села додава:„СДСМ и ДУИ, мора да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги имаат направено, затоа мора да има предвремени избори“.

Македонија | пред 6 години

Radmila_Shekerinska_VP

Шекеринска: Снимките за „Рекет“ не се сечени лепени монтирани

„Законот важи за секој од нас посебно и ние сите им даваме поддршка и очекуваме сите други институции да си ја завршат својата работа. Никој од нас нема да очекува, ниту пак ќе добие политичка заштита“, истакна по заедничка прес-конференција со командантот на Националната гарда на Вермонт полковники Грегори Најт, министерката за одбрана Радмила Шекеринска.Таа додаде:„Оваа држава се промени и во оваа држава кога ќе се појават снимки никој не тврди дека се лепени, сечени и монтирани. Оваа држава се промени и кога ќе се види криминал институциите реагираат. Кога за првпат излегоа некакви информации премиерот беше тој што ги информира надлежните институции и двајца се во притвор. Кажавме дека од прв до последен не сме заштитени. Покажавме дека никого не штитиме, туку дека дозволивме, дозволуваме и ќе овозможиме сите институиции да спроведат целосна истрага, никого да не го спасуваат и никого да не го штитат. Законот важи за секој од нас посебно и ние сите им даваме поддршка и очекуваме сите други институции да си ја завршат својата работа. Никој од нас нема да очекува, ниту пак ќе добие политичка заштита“, рече Шекеринска.На прашањето дали била на гости кај Боки 13, Шекеринска рече дека сака да дозволи истрагата сѐ да покаже.Многу лаги беа кажани. Ако дозволиме на секоја од тие лаги да реагираме, криминалците ќе се скријат, а ние ќе се занимаваме со оговарање. Ја поддржуваме истрагата и на никој начин и во ниту еден момент не сме се довеле во ситуација да поддржуваме криминал и корупција, одговори Шекеринска.

Македонија | пред 6 години

Foto-5

Претседателот Пендаровски прими делегација на Националната гарда на Вермонт

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска прими делегација на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, предводена од командантот на гардата полковник Грегори Најт.На средбата беше изразено задоволство од долгогодишната успешна соработка меѓу Армијата на Република Северна Македонија и Националната гарда на Вермонт, преку заедничкото учество во мировни мисии, реализацијата на заеднички вежби, обука и едукација на припадниците на двете армии. Во изминатите 25 години двете пријателски земји оствариле над 400 заеднички обуки, во кои биле вклучени повеќе од 450 припадници на Армијата на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски истакна дека постигнувајќи го Преспанскиот Договор, Северна Македонија направи голем исчекор и изрази очекување дека наскоро ќе заврши процедурата за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на Конгресот на САД. Полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, како што рече Претседателот Пендаровски, ќе придонесе за натамошно продлабочување на соработката со Националната гарда на Вермонт и со САД, како стратешки партнер на државата. Денешната средба претседателот Пендаровски ја искористи да истакне дека Северна Македонија е посветена на унапредување на односите со Соединетите Американски Држави, и дека ќе продолжи да дава придонес во борбата против тероризмот, како и против други закани на глобално ниво.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Катица Јанева со нови притисоци: Наредила да се претресуваат сите кои влегуваат и излегуваат од СЈО

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, преку истражител во обвинителството дала наредба за претреси и проверки на сите кои влегуваат и излегуваат од зградата, вклучетелно и обвинителите, дознава „А1он“. Порталот пишува дека наредбата на Јанева следува откако таа добила покана за распит од Вилма Русковска. Шефицата Јанева ја донела одлуката денес, а сите останати дознале откако на влез во СЈО, полицаецот ги стопирал и им барал да им ги провери торбите кои ги носеле со себе по налог на Јанева, велат извори за „А1он“.

Македонија | пред 6 години

finska

„Случајот „Рекет“ е тест за правната држава и владеењето на правото“, вели финската министерка за надворешни работи Тупураинен

Финска како актуелен претседавач со ЕУ дава поддршка за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и очекуваме тоа да се случи во октомври, изјави денеска финската министерка за надворешни работи Тути Тупураинен на заедничката прес-конференција во Хелсинки со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.– Оптимисти сме дека ако биде исполнета агендата, во октомври ќе биде донесена одлука за старт на преговорите. Сметаме дека нема причина за натамошно одложување – рече Тупураинен.Таа за сучајот  „Рекет“ вели:– Овој случај е тест за правната држава и владеењето на правото во Северна Македонија. Последниот извештај на ЕК покажа дека има прогрес во оваа област и тоа сега треба да се покаже на дело. Очекуваме објективна истрага и никој да не биде ставен над законот – порача Тупараинен. 

Македонија | пред 6 години

mia-foto

(ФОТО) Воинот на коњ стана историска фигура од Хеленската историја - Спомениците добија нови ознаки

Дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“ денеска добија ново име. Во центарот на Скопје, на плоштад Македонија се поставени нови табли под фигурите на Воинот на коњ, како и под споменикот на Олимпија и Филип Втори.На плочките пишува дека овие историски фигури им припаѓаат на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Воедно, привршува отстранувањето на шеснаесеткракото сонце од инфраструктурата, јавните згради и спомениците во Скопје.Ваквиот потег на македонските власти е резултат на склучениот Преспански договор, во чии рамки има посебен член што се однесува на симболите и историските личности што се дел од наследството на двете соседни земји.Фото: МИА

Македонија | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Денеска сослушана шефицата на кабинетот на специјалната обвинителка Јанева

Во текот на денешниот ден, во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е сослушана шефицата на кабинетот на Јанева во СЈО.Од обвинителството не откриваат детали од распитот во интерес на истрагата.Инаку очите на јавноста се вперени во обвинителката оставка Катица Јанева. Таа сеуште не била повикана да даде исказ.

Македонија | пред 6 години

bil-klinton

(ФОТО) Бизарен портрет на Бил Клинтон во домот на педофил

Џефри Епстајн, милијардерот обвинет за педофилија кој неодамна се самоуби, во својата вила на Менхетн имал бизарен портрет од Бил Клинтон.На сликата се гледа некогашниот претседател на САД Бил Клинтон кој е прикажан како седи во претседателската канцеларија во син фустан, која потсетува на оној кој го носеше Моника Левински.https://twitter.com/nypost/status/1161767696545079303?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1161767696545079303&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fbil-klinton-vo-sin-fustan-i-czrveni-potpeticzi-bizaren-portret-vo-domot-na-pedofilot-foto%2FСликата е фотографирана тајно во раскошната куќа на педофилот, која вреди 56 милиони долари, во октомври 2012 година, четири години откако Епстајн ја заклучи работата со подведување малолетници и седум години пред да биде обвинет дека управува со ланец за трговија со секс со малолетни девојки.

Магазин | пред 6 години

migranti_kola

Дваесет лица се гонат за “Криумчарење на мигранти“ во предметот „Чичек“

По сеопфатна истражна постапка што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја спроведува од февруари годинава против 21 лице, надлежен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 20 лица. Едно осомничено лице е недостапно за органите на прогонот и за него истражната постапката е запрена до негово пронаоѓање. Деветнаесет лица се товарат дека сториле кривично дело – „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ по чл. 418-в и кривично дело -“Криумчарење на мигранти“ по чл.418-б од Кривичниот законик, а едно лице е обвинето дека со умисла помогнало на организираната група во вршење на кривичното дело Криумчарење мигранти.Во мај минатата година, тројца од обвинетите создале и организирале криминална група за криумчарење мигранти на која се придружиле и останатите обвинети лица. Во периодот од мај 2018 година до февруари 2019 година групата организирала криумчарење на илегални мигранти од Авганистан, Пакистан, Ирак и Бангладеш. Организаторите на криминалната група во нашата држава заедно со организатори на криминална група во Р.Грција го договарале бројот на илегалните мигранти што треба да бидат пренесени од Р.Грција на македонска територија, времето и местото на преносот. Тие го определувале бројот и видот на возилата што ќе бидат употребени за прифаќањето и превозот на мигрантите, распоредот односно редоследот на движење на возилaта во двата правци, вршеле поделба на задачите на секој член од групата и го определувале начинот на меѓусебна комуникација.Мигрантите, најнапред со помош на водичи т.н. “качаци“ како предводници на групата илегално пеш преку т.н. “зелена граница“ биле пренесувани од Р.Грција до договорена локација во околината на Гевгелија, Богданци, Дојран, Струмица и Радовиш. Таму други членови на групата со патнички и товарни моторни возила ги преземале и се упатувале кон кумановско – липковскиот регион. При превезувањето, дел од членовите имале улога на т.н.„чистачи“ и преку „телефонска – конференциска врска“, ги известувале возачите за поставеноста на полициски патроли на рутата по која се движеле возилата и им давале насоки да го сменат правецот на движење кон некоја од претходно извидените попатни локации. Мигрантите биле времено сместувани и засолнувани, во објекти на соработниците на криминалната група во с.Ваксинце и с.Лојане, а потоа преку македонско – српската граница заминувале на територијата на Р.Србија од каде биле криумчарени кон државите на Европската Унија.Еден од организаторите остварувал контакти и средби со обвинетиот полициски службеник од кој добивал известувања за поставеноста на полициски патроли, контроли или заседи, информации дали криминалната група е предмет на истрага, како и насоки за прикривање на криминалното делување. За помошта полицискиот службеник добивал паричен надомест во износ од 200 евра по возило. За криумчарењето преку македонската територија главните организатори наплаќале од 150 евра до 300 евра по лице – илегален мигрант, кои парични средства понатаму биле распоредувани на членовите на криминалната група во зависност од нивната улога во извршениот транспорт.Воедно со Обвинителниот акт, надлежниот обвинител достави и Посебен предлог за продолжување на мерката притвор за девет обвинети лица.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања