Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Lile-stafanova-2

Стефанова:„Не сум експерт за криминал“

„Не сум експерт за криминал“, рече обвинителката Лиле Стефанова, откако новинарите ја прашаа дали е правилно обвинител да комуницира со осомничен во предмет, повикувајќи се на случајот во кој специјалната јавна обвинителка Јанева, комуницирала со бизнисменот и осомничен во случајот „Империја“, Орце Камчев.

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva

Катица Јанева за “А1он”: Не наредив да ја претресат Фатиме Фетаи

Шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева, за „А1он” вели дека било недоразбирање претресот кој полицијата го вршела на обвинителката Фатиме Фетаи.-Не е точно, не сум издала таква наредба. Станува збор за недоразбирање, рече  Катица Јанева.Текстот во целост на: А1он. 

Македонија | пред 6 години

turija

МВР го расчисти убиството во кое во метален камионски резервоар за гориво беше пронајден машки труп - еве ги деталите

Секторот за внатрешни работи Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против М.В (54) од с.Добрејци,поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело   “Убиство “,  по  член 123 ст.2т.1 од  КЗ   на   РСМ извршено од користољубие на подмолен начин врз А.М (62) од Струмица.На 13.10.2018 во СВР Струмица,  од страна на роднина  на А.М пријавено е дека  на лицето му се губи  трага. Од страна на СВР-Струмица во координација со јавен обвинител преземени се низа оперативно-тактички мерки и активности.Утврдено е дека на 09.10.2018, покојниот АМ. остварил телефонски контакт со пријавениот, по што се сретнале  и заедно отишле во адвокатска канцеларија  во Струмица, каде бил изготвен писмен меѓусебен договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу АМ како продавач и пријавениот како купувач,  за цена од 18.200 евра. Договорената сума на пари за купопродажба на имотот не била исплатена во адвокатската канцеларија, а  од страна на адвокатот пријавениот бил предупреден дека треба парите да ги исплати на трансакциска сметка.На 09.10.2018, пријавениот го извршил убиството врз А.М. во неговиот деловен објект во с.Добрејци, каде го има повикано со изговор да му ги исплати парите за купената деловна просторија, така што го застрелал со огнено оружје со калибар 5,6 мм, а потоа го ставил телото во метален камионски резервоар за гориво, и го потопил во водите на брана Турија на место викано “Рајанци“.На 05.08.2019 околу 15.00 часот, на брана „Турија“ кај место викано “Рајанци“ пронајден е метален камионски резервоар за гориво  со машки труп во него. Од извршената обдукција во Судска медицина Скопје утврдено е дека пронајдениот машки труп е А. М.. При обдукцијата бил изваден проектилот со кој бил застрелан  при што е  утврдено дека се работи за проектил со калибар 5,6 мм, исто како во случајот со претходно убиство на Р.И. од Струмица, чие тело беше пронајдено исто така во водите на брана Турија во непосредна близина на местото каде е пронајден А.М., за што СВР Струмица веќе поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица поради основано соменавање дека пријавениот сторил кривично дело „убиство“.По наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица пријавениот се наоѓа во притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело “Убиство“ по чл.123 од КЗ. 

Македонија | пред 6 години

zaev-za-JO

Заев преку ФБ најави инвестиции од околу пет милијарди евра

Премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук најавува дека во Република Северна Македонија следува инвестициски циклус од околу пет милијарди евра.– Проектирани се една милијарда во патишта, над една милијарда во железница, над една милијарда во енергетика – со ХЦ Чебрен, со далекуводот кон Албанија и со гасоводот. Инвестираме и во нов Клинички центар, во земјоделството и руралниот развој, во пречистителни станици за отпадна вода, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки и други проекти за реалните потреби на сите граѓани, напиша премиерот Заев во објавата на Фејсбук.https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.243039092931/10157714318727932/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

foto-1

Денеска во Вевчани започнува фестивалот за народна култура „,Пображење“

Денеска во Вевчани започнува 9-тиот по ред Фестивал за народна култура ,,Пображење,, во организација на Културно уметничкото друштво,,Дримкол,, од Вевчани. Од денеска и во наредните три дена, 500 уметници од различни држави ќе ја презентираат народната култура пред Вевчанската публика и пред многубројните туристи и гости кој токму овие денови престојуваат во Вевчани и регионот.Фестивалот започнува вечерва во Домот на културата со презентација на Етнолошки документарни филмови, а како учесници оваа година со свои авторски дела ќе се претстават: др. Владимир Боцев ( ,,Возот за Мартолци,,), Елзи Иванчич Дунин и Даниел Петровски ( Са О Рома ) и Бојан Петковски( филмувана реконструкција ,,Лазарице,,).Свеченото отворање е утре на летната сцена каде во наредните денови својот фолклор ќе го презентираат Македонски ансамбли и фолклорни ансамбли од Германија, Естонија, Словачка, Хрватска, Полска, Србија.Покрај сценско уметничката презентација на  орската, инструменталната и вокалната култура, во рамките на фестивалот секоја година се реализира и програмската содржина: ,,Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници,, а учесник оваа година е Аница Китаноска-Вевчанска, студент на академијата за убави уметности во Равена,Италија.Во Вевчани овие денови се подготвува и слави Преображението Христово, слава на населбата, та, затоа пред години одлучивме такватапразнична радост да ја збогатиме со дополнителни весели содржини кој позитивно ќе влијаат на таа празнична атмосфера како и на целокупното живеење во Вевчани. Одлучивме тоа да се содржини од народната култура, бидејќи токму тие ги отсликуваат традиционалните духовни и материјални вредности на еден народ. На Вевчани му прилегаат настани кој имаат за цел да ја зачуваат традицијата, впрочем, Вевчани низ вековите го докажал тоа, та токму затоа целта и на овој фестивал еда ја афирмира  Македонската духовна  култура и традиција, да овозможи запознавање со народната културата на други земји низ светот, а воедно да ја збогати туристичката понуда на општината- изјави м-р Тошо Чочороски, претседател на КУД ,,Дримкол,, од Вевчани.Стручниот совет на фестивалот во состав: проф.др. Мирјана Мирчевска, проф.др. Велика Стојкова - Серафимовска, проф.др. Даворин Трпевски, Јовица Блажески и Наташа Кукоска ќе ги оценуваат сите ансамбли, а за најдобриот ансамбал организаторот доделува плакета ,,Чувари на традиција,,.Фестивалот завршува на празникот Преображение Христово на  19 август со етно звуците на Вокално инструменталниот состав ,,Аманет,, од Скопје и Фолклорниот ансамбал при центарот за традиционална култура од Вараждин, Хрватска.Фестивалот е под покровителство на министерството за култура и на Општина Вевчани. 

Магазин | пред 6 години

AZ4I7617-01

Александар Гаџиев-млад пијанист со врвен артизам

Младиот пијанист Александар Гаџиев со своето маестрално музицирање ја воодушеви публиката на фестивалот „Охридско лето“ синоќа во црквата „Света Софија“, покажувајќи врвен пијанистички артизам .Уметникот чии родители се професори по пијано, со брилјантната техника на музицирање, нагласениот музички сенс, како и со својата креативна фантазија го освои концертниот аудиториум уште на почетокот од вчерашната програма.-Охридско лето е фестивал со долга традиција каде настапуваат големи имиња од светот на музиката. Затоа сум почестен што настапувам овде. Инаку доаѓам првпат во Македонија.Мојот концерт во кој се надевам уживаше публиката го започнав со сонатата „Валдштајн“ од Лудвиг Ван Бетовен, а потоа следуваше сонатата „Данте“ од Франц Лист, вели младиот виртуоз на пијано Гаџиев.Во прекрасниот амбиент во црквата „Света Софија“, во вториот дел од концертот тој долови композиции од руски композитори. Публиката уживаше во фасцинантната изведба на „Варијациите“ од Петар Илич Чајковски, како и во Сонатата број 6 оп.82 во А-дур од Сергеј Прокофјев.-Ме чека реализација на многу проекти, особено во Велика Британија каде што сум избран во новата генерација млади  уметници  од страна на Би Би Си. Живеам во Германија, па така, ќе одржам концерти и таму. Планирано е да музицирам и во Париз, Лондон, Братислава, Љубљана, најавува младиот уметник Александар Гаџиев кој синоќа приреди прекрасно музичко патување за публиката на „Охридско лето“.Александар Гаџиев  е роден во Гориција, Италија, природен крстопат на бројни култури и јазици, и уште од детството е задоен со квалитетите на централно-европската култура и поднебје. Пијано започнува да учи под менторство на неговиот татко, познат руски професор, и првиот настап со оркестар го има на деветгодишна возраст, а солистички рецитал остварува на 10 години. Во 2013 година настапува на 30 –от јубилеен натпревар „Премио Венеција“, на кој се натпреваруваат најдобрите млади пијанисти од Италија и го освојува првото место. Оваа победа му овозможува бројни рецитали низ Италија но и во Лондон, Париз, Мадрид, Даблин.

Магазин | пред 6 години

krazba

Кривични пријави за Тетовец кој извршил 18 тешки, 8 кражби и 1 обид за тешка кражба

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно расчисти и документира 18 тешки, 8 кражби и 1 обид за тешка кражба, за чие извршување се сомничи 38-годишниот тетовец Ј.Ц, против кого се изготвени и ќе бидат поднесени кривични пријави. Ј.Ц. се сомничи дека во јуни, јули и август оваа година во Тетово насилно провалувал во возила, продавници, деловни и други објекти, од кои најчесто одземал парични средства, музичка опрема, компјутери и други предмети, противправно стекнувајќи се со вкупна имотна корист која се проценува на околу 525 илјади денари. Најголемиот број од одземеното е пронајдено и веќе им е вратено на нивните сопственици, односно на оштетените.

Македонија | пред 6 години

filip-vtori-spomenik

Таблата за Александар скршена, а за Филип Втори воопшто ја нема

Само еден ден откако беа поставени таблите на спомениците на Филип Втори, Олимпија и Александар Велики, во центарот на Скопје, истите се оштетни. Таблата пак од споменикот на Филип Втори воопшто ја нема.Таблите инаку беа поставени вчера согласно договорот од Преспа, и истите содржеа текст кој појаснува дека претставените личности припаѓаат на атничката хеленска историја и култура, што за дел од јавноста е откажување од дел од македонската историја.Покрај револтот поради поставување на новите табли јавноста изразува револт и поради бришењето на сонцето од Вергина на јавните простории, вклучувајќи ги и шахтите. Некои граѓани самоиницијативно со спреј го враќаат симболот од местата од каде што е отстранет. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Од Западен Балкан само минатата година во земјите од ЕУ заминале 228.000 лица

Во Европската Унија минатата година легално се доселиле 228 илјади граѓани на земјите од Западен Балкан – Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Косово, покажуваат податоците на Еуростат, кои ги пренесуваат регионалните медиуми.Најмногу иселеници во ЕУ заминале од Албанија 62.000, потоа од БиХ 53.000 како и 51.000 Срби. Од територијата на Косово се иселиле 34.500 луѓе, а од Северна Македонија 24.300 и од Црна Гора 3.000.Од Албанија најголем број граѓани се иселиле во Италија (23.000), Грција (17.000) и Германија (10.000). Од БиХ најмногу заминале за Германија (16.000), а другите во Словенија и Хрватска.Од Србија минатата година најмногу граѓани се иселиле во Германија (16.000), потоа во Словенија 5.100 и Хрватска и Словачка има по 4.900 иселеници.Од Косово, кое во овој документ е наведено како територија на ОН според Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, најмногу луѓе минатата година заминале за Германија, речиси 19.000, што е повеќе од половина, а потоа следат Словенија и Хрватска.Од Северна Македонија најмногу луѓе се отселиле во Германија (11.500), а потоа следуваат Италија и Словенија.

Македонија | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Катица е незаменлива? - Обвинителите во СЈО, според законот, се само помошници на Јанева

Со поканата за распит, Катица Јанева се приклучува на низата обвинители и соработници од СЈО кои деновиве даваат исказ во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, како дел од истрагата за случајот „Рекет“. Сите од СЈО засега се повикуваат како сведоци. Но, ако Обвинителството стигне до доволно докази, сведок може лесно да се трансформира во осомничен, па дури и да станува збор за обвинител(ка), објави 360stepeni.mk.Што ќе се случи ако сведокот Катица Јанева стане осомничена? Кој ќе раководи со СЈО, во кое Јанева со закон, практично, е изедначена со институцијата и е единствен овластен застапник на обвиненијата. Одговорите на овие дилеми ги нема во Законот за СЈО.Статусот на другите обвинители во СЈО е различен од статусот на обвинителите во редовното обвинителство. Обвинителите во СЈО, според законот, се само помошници на Јанева и самостојно не можат да решаваат за отворање или затворање предистраги, истраги или подигнување обвиненија. Соодветно, и замениците назначени од Јанева не се тоа во полна смисла на зборот ниту можат да се изедначат со замениците што со годишните распореди за работа се именуваат во редовните обвинителства. Тоа значи дека автоматско супституирање на евентуално отсутната Јанева со заменик од редовите на СЈО, не е можно, објави 360stepeni.mkТекстот во целост на: 360stepeni.mk

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Во сообраќјна несреќа на паркинг, тешко повредено дете пешак

На 15.08.2019 во 22,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на  булеварот „АСНОМ“, се случила сообраќајна незгода во која учествувале  патничко моторно возило „Пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(34) од с.Сингелиќ-скопско и патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И. (50) од Скопје, а  при тоа било удрено малолетно лице (пешак) од Скопје, кое е пренесено во ГОБ „Св. Наум Охрдиски“, каде и се констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

pozar

Пожар „проголта“ кровна конструкција и еден кат од куќа

На 15.08.2019 во 18,50 часот во с.Црник-Пехчево, во куќата сопственост на Б.Џ.(60), настанал пожар во кровната конструкција кој се проширил на катот од куќата. Во 20,40 часот, од екипи на Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат. Нема повредени лица. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Возач излетал од патот и починал на местото на несреќата

На 15.08.2019 во 22,40 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово после „Неготинска петла“, Б.Ј.(26) од с.Топлица-о.Врапчиште, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки излетал надвор од коловозот. Во незгодата возачот починал на местото на настанот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гостивар. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

21 лице во Скопје управувале автомобил а немале возачка дозвола

Во текот на изминатиот ден (15.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 56 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 22 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 21 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 17 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање на првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издаден е 131 мандатен платен налог. Изминатиот ден се случиле девет сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а четири лица поминале со телесни повреди.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Во „Лада“ без регистарски таблици огревни дрва без документација , две лица приведени

На 15.08.2019 во 18,00 часот во атарот на с.Степанци извршена е контрола на возило марка „Лада“ без регистарски таблици, управувано од Е.Ќ.(20) од Прилеп,  во кое имало огревни дрва без документација. Возилото со товарот и моторна пила се одземени, а возачот и неговиот сопатник И.Ќ.(21) се приведени во Полициската станица – Чашка. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај лице од тетовско Горно Седларце пронајден кокаин

На 15.08.2019 околу 16 часот и 50 минути,  на улица „Вонвардарска “ во Тетово лишен од слобода е 29-годишниот И.И. од тетовско Горно Седларце, кај кого е пронајден кокаин. По документирање на случајот, против И.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Кај 25 годишен тетовец пронајдена марихуана дробилка и ризла

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, на 15.08.2019 околу  14 часот извршиле претрес во домот на 25-годишниот Г.А, на улица „Александар Јовановски-Журчин“ во Тетово. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдена е марихуана, дробилка и ризла, по што Г.А. лишен е од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. Против Г.А. ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведен скопјанец - во автомобилот и домот полицијата му пронашла оружје и муниција

Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за недозволена трговија поднесе кривичнa пријавa противИ.К.(27) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ.На 13.08.2019 од страна на полициски службеници на ул. „Џон Кенеди“ во општина Чаир, сопрено било моторно возило управувано од осомничениот. По извршениот  преглед, под седиштето пронајден бил пиштол, празна рамка и празна кутија за муниција. Лицето било лишено од слобода во Полициската станица Бит Пазар, а врз основа на судска наредба, извршен бил претрес во неговиот дом, при што пронајден бил еден револвер 357 Магнум (4,5мм) и шест куршуми  непозната марка и калибар за кои  таткото на пријавениот се изјаснил дека биле негова сопственост. Пронајдените предмети со потврда се одземени за вештачење. 

Скопје | пред 6 години

evija

(ВИДЕО) Дали пожарот на островот Евија е подметнат?

Напорите за гаснење на големиот шумски пожар во природен резерват на грчкиот остров Евија продолжуваат и денес, четврти ден по ред, при што надлежните органи се сомневаат дека пожарот може да бил и подметнат, пишува „Катимерини“.Вработени во специјалниот отдел за пожари од грчката противпожарна служба откриле предмети кои се лесно запаливи и кои се употребуваат при палење на оган, материјали кои се користат при палење на оган, пластики, лименки, натрупени дрвја и деланки.Околу 400 пожарникари се борат на непристапниот терен за да го локализираат пожарот. И покрај сите овие напори, пожарот сè уште беснее низ клисурата уништувајќи огромен број на дрвја. Грчките власти предупредуваат на голем ризик од пожари и следните денови.

Свет | пред 6 години

tabla

Искршена таблата на „Воинот на коњ“

Новата табла на „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“, не го дочека новиот ден. Таа синоќа беше искршена.Јавноста реагира затоа што согласно Преспанскиот договор, на новопоставената табла се „дообјаснува“ дека Александар Велики е дел од античката Хеленска историја. На таблата поставена вчера попладне пишуваше:„Во чест на Александар Велики, историска фигура која припаѓа на античката Хеленска историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство. Овде е претставен како воин на коњ“.Според договореното од Преспанскиот договор, треба да се отстранат сите симболи Сонцето од Вергина, а на спомениците како „Воин на коњ„ и „Олимпијада“ и уште неколку во неколку други градови, треба да се постават табли дека тие фигури припаѓаат на античката хеленска култура. 

Македонија | пред 6 години

burim-rustemi

Обвинителот Рустеми денеска ќе даде исказ во обвинителство за „Рекет“

Обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство денеска треба да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет”. Тој требаше да сведочи вчера, но сослушувањето беше одложено поради рочиштето за предметот „ТНТ”, каде Рустеми се јавува како застапник на обвинението.

Македонија | пред 6 години

grenland

Трамп сакал да го купи Гренланд

Претседателот Доналд Трамп сака да го купи Гренланд. За ваквата намера тој во повеќе наврати контактирал со данската влада, а ваквата можност ја разгледувале и советниците во Белата куќа, изјавија два извори за Си-Ен-Ен.Вол стрит џурнал напиша дека некои советници на Трамп ја поддржале идејата како добар економски чекор, додека други фасцинирано ја отфрлиле. Гренланд со 56.000 жители е дел до Данска. САД таму имаат воена база која е лоцирана на 1.000 километри од Арктичкиот круг. Во 1946 година САД се понудија да го купат островот за 100 милиони долари, но беа одбиени.

Свет | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Нови 43 градинки низ целата територија на државата, зајакнување на кадарот и зголемени плати

 Како одговорна партија СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат квалитетно предучилишно образование. Во периодот од мај 2017 до мај годинава Владата предводена од СДСМ преку Министерството за труд и социјална политика изгради и опреми вкупно 31 објект од кои 24 се градинки, а 7 Центри за ран детски развој,  се вели во соопштението од СДСМ.Градинките се во: Василево, Гратско, Конче, Кривогаштани, Мл. Нагоричане, Куманово, Пробиштип, Чашка, Пласница, Каласлари, Кравари, Виница, Врапчиште, Гази Баба, Зрновци, Прељубиште, Кавадарци, Бардовци, Козле, Новаци, Прилеп, Ресен, Ростуше и Чучер Сандево.Центрите за ран детски развој се во Радовиш, Виница, Равен, Форино, Гајре, Тркање, Бродец.Дополнително во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти од кои 8 се градинки и четири центри за ран детски развој. Градинките се во: Чешиново Облешево, Кондово, Корешница, Железара (Гази баба),  Врапчиште, Јурумлери, Марена и Шуто Оризари.Центрите за ран детски развој се во Кривогаштани, Бела Црква, Бистрица, Рача (Охрид) и село Бучим (Крушево). Тоа се вкупно 43 градинки низ целата територијата на државата.Освен во изградба на нови објекти, се зајакнува кадарот во градинките, им се враќа достоинството на воспитувачите, се зголемуваат платите и се подобруваат условите за работа. Почнувајќи од јунската плата, стручниот кадар или над 3.100 вработени добија зголемување на платата во просек од 16 % што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен. Развојот и унапредување на системот на детска заштита за СДСМ останува врвен приоритет, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

sahti-1

Граѓаните ја враќаат ѕвездата од Кутлеш!

Граѓаните пронајдоја начин да го вратат симболот од Кутлеш на металните капаци од шахтите.„Ај брусете сега“, ова е пораката на граѓанин на Битола кој со шаблон и боја го враќа симболот од Кутлеш на металните капаци од уличната инфраструктура во градот.https://www.facebook.com/goran.m.bozinovski/posts/1636594469805810

Македонија | пред 6 години

120190420_222336

ВМРО ДПМНЕ: Судот и обвинителството мора да се ослободат од стегите на власта

Истрагата за најголемата криминална афера во модерната македонска историја е компромитирана! Сите индиции велат дека во криминалниот октопод се вмешани лица од највисоките ешалони на извршната и судската власт, кои во изминатиот месец имаа доволно време на располагање да влијаат на истрагата и сведоците во случајот „Рекет“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Очигледно е дека Русковска работи на тоа аболицираниот Зоран Заев и неговата криминална банда да бидат амнестирани. Русковска изминатиот месец стори се за главата на криминалниот октопод, Зоран Заев да биде ослободен од вина за милионскиот рекет.Заев знае дека е виновен, знае дека времето на неговото криминално владеење е завршено и токму поради тоа е во паника. Тој напаѓа новинари и јавно ги навредува неговите довчерашни најблиски соработници, а цело ова време Русковска и Јовевски чекаат негова команда, кој следен чекор да го преземат.Судот и обвинителството мора да се ослободат од стегите на власта и да постапат согласно нивната законска обврска. Судот и обвинителството наместо да го штитат мора да започнат да го гонат криминалот, во спротивно стануваат соучесници во криминалот и еден ден и самите ќе одговараат за тоа што го сториле.Македонија веќе трета година е заложник на аболицираниот криминалец, Зоран Заев и неговата криминална банда. Македонските граѓаните веќе трета година се жртви на криминалниот тоталитарен режим на чело со Заев. Се ближи крајот на криминалната банда, секој еден кој се огрешил пред законот  ќе одговара. Како што Заев милува да каже, најтешката казна во Македонија е затворот, кој сторил криминал ќе си го одлежи своето. Зоране време е ти да си одлежиш своето, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања