Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

ubistvo

Цивил: Убиството на 17 годишното момче, од страна на својот врсник е потсетник за трулежот на општество во кое живееме.

ЦИВИЛ – Центар за слобода алармира и потсетува дека актуелните дневно-политички случувања во земјата, не можат и не смеат да бидат изговор за непочитувањето на човековите права и слободи.Последната трагедија во која животот го загуби 17 годишно момче, кое беше убиено од својот врсник е потсетник за трулежот на општество во кое живееме.Ова општество не смее да заборави на човековите права, а особено не може да си дозволи да ги занемари правата на децата! Државата, општеството, институциите, медиумите и родителите имаат обврска да работат заедно и да обезбедат максимални услови за развој и достоинствен, здрав и безбеден живот на децата и младите.Децата и младите имаат право да се развиваат во општество во кое се негува меѓусебната почит, да научат дека животот нема цена, дека никој не може ни да помисли да посегне по туѓ живот. Родителите, институциите, медиумите, јавните личности, сите заедно имаат обврска, со сопствените постапки, секојдневно да им даваат позитивни примери на децата и младите.Не смее никој да бега од одговорноста, туку да започне, секој со своите можности и ингеренции да гради здрави услови за живот и развој на децата и младите. Сега!

Македонија | пред 6 години

car-fire

На паркинг настанал пожар во возило „БМВ“, огнот зафатил уште едно возило

На 16.08.2019 во СВР Скопје, било пријавено дека пред авто сервис на паркингот кај СЦ „Борис Трајковски“ настанал пожар во возило „БМВ“ со бугарска национална ознака, сопственост на М.Ј.Р(26) од Скопје, а огнот го зафатил и возилото „Тојота Јарис“ со скопски регистарски ознаки во сопственост на Б.Г.(33) од Скопје. Извршен е увид.

Скопје | пред 6 години

kursum

Автомобил оштетен од залутано зрно од огнено оружје

На 15.08.2019 во 10,20 часот во СВР Скопје С.Ц.(47) од Скопје пријавил дека на улицата “Палмиро Тољати“ неговото возило било оштетено од залутано зрно од огнено оружје. Извршен бил увид.

Скопје | пред 6 години

tepacka-222

Тепачка на улицата “Битпазарска“

На 15.08.2019 година во 12,00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата “Битпазарска“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка меѓу Ј.Х.(60) и М.Х.(30) од едната и од другата страна Х.С.(44) од Скопје и Б.Х.(44) од Р.Турција. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

Скопје | пред 6 години

tepacka-4

Во „Сарај“ физички нападнат вработен во ЈП Водовод и канализација

На 15.08.2019 во 11,00 часот во СВР Скопје З.Г.(43) од Скопје, вработен во ЈП Водовод и канализација пријавил дека на 10.08.2019 година околу 22,00 часот при вршење на работни задачи во с Сарај, бил физички нападнат од две лица. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен полски државјанин – полицијата кај него пронајде слики од армискиот полигон „Криволак“

На 15.08.2019 во 10,00 часот на излез од капијата на армискиот полигон „Криволак“-Неготино, сопрен бил полскиот државјанин Х.Л.Р.(54). По извршените проверки и преглед кај истиот биле пронајдени слики од воениот објект. Во 12,30 часот по наредба на Јавен обвинител од полициски службеници од Полициската станица Неготино, лицето било приведено и задржано за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

tepacka2

Две групи се истепале по свадбена прослава

На 16.08.2019во 00,17 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот “Борис Трајковски“ пред угостителски објект по завршување на свадбената прослава дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу лицата: М.С.(22), С.С.(29), К.Д.(31),С.Ф.(21), С.Р.(53) и С.А.(40) и едно лице на возраст од 17 години сите од Скопје од едната страна и лицата М.С.(30), А.М.(28), С.М.(75), М.Ф.(55), А.У.(24) и Ј.М.(33) сите од Скопје од другата страна. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 ст.3 од ЗППЈРМ.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Во автомобил пронајден кокаин – кривична за Скопјанец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.М.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанциии прекурсори“. На 08.10.2018 во 22,15 часот во Гостивар, од полициски службеници, при преглед на патничко моторно возило, управувано од пријавениот бил пронајден и одземен кокаин.

Скопје | пред 6 години

marihuana2

Приведен скопјанец, полицијата му пронајде марихуана, куршум и една дробилка

На 15.08.2019 во Скопје на улицата “Црногорска“ од полициски службеници од Одделението за недозволена трговија бил лишен од слобода М.И.(40) од Скопје. При извршен претрес кај лицето биле пронајдени и одземени марихуана, куршум и една дробилка. По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

Скопје | пред 6 години

tramadol

Кривична пријава за две лица од Прилеп, полицијата им пронајде и одзеде 9.900 капсули од лекот „трамадол“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р.(50) од Прилеп и Е.А.(23) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и пуштање во промет на штетни средства за лечење“.На 15.08.2019 година по наредба на јавен обвинител полициски службеници, при претрес во домот и објекти кои ги користеле пријавените на улицата ,,Гостиварска“ и улицата „Тризла“ одземени се вкупно 9.900 капсули од лекот „трамадол“, кои ги набавувале во аптека од Велес.

Македонија | пред 6 години

Foto-3-1

Претседателот Пендаровски прими делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се сретна со делегација на Вооружените сили на Република Бугарија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал Андреј Боцев.На средбата беше потврдена соработката меѓу армиите на двете земји, но и целокупната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија на одбранбен план, при што беше констатирано дека на тој начин обете држави придонесуваат за стабилноста и безбедноста во регионот. Претседателот Пендаровски потенцираше дека искуството на вооружените сили на Република Бугарија, како земја-членка на НАТО, може да биде од корист за Армијата на Република Северна Македонија.Претседателот Пендаровски истакна дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, потпишан во август 2017-та година, внесе позитивна динамика во севкупните билатерални односи.Средбата, Претседателот Пендаровски ја искористи да му се заблагодари на генералот Боцев за поддршката од Бугарија за аспирациите на Северна Македонија за членство во НАТО, потврдена со ратификацијата на Пристапниот протокол за членство во Алијансата од страна на Собранието на Република Бугарија во февруари годинава.

Македонија | пред 6 години

bolnica-ohrid

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид: Месеци не работи лифтот во болницата во Охрид - пациентите треба да се носат на раце по скали до одделенијата?

Откако СДСМ е на власт здравството од ден на ден тоне.Во ЈЗУ „Општа Болница“ – Охрид веќе месеци не работи лифтот во стариот дел каде што се Одделот за интерна медицина и Одделот за педијатрија. Дали за директорката Славица Малеска-Стојадиновиќ и менаџерскиот тим пациентите треба да се носат на раце по скали до одделенијата?Зарем во 21 век пациентите на оваа здравствена установа тоа го заслжуваат?Дали за СДСМ ова значи достоинствено место за лекување и медицинска здравствена заштита на највисоко ниво?Апелираме веднаш лифтот да биде ставен во функција и здравјето на пациентите во прв план. За евентуалните последици по здравјето на граѓаните раководството на Болницата треба да знае дека ќе има одговорност. Ова е класичен доказ за несовесното раководење на Болницата од страна на власта на СДСМ на којашто воопшто не и е приоритет здравјето на граѓаните.Останаа само празни зборови ветувањата на СДСМ за квалитетно јaвно здравство по теркот на европското, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид кое се однесува на здравството и состојбата во ЈЗУ „Општа Болница“ – Охрид.

Македонија | пред 6 години

Huawei_P30_Pro_EISA

Huawei P30 Pro е „Смартфон на годината” според EISA

Huawei P30 Pro доби уште едно меѓународно признание - Наградата за најдобар паметен телефон на годинашните награди EISA. Huawei ја освои наградата во оваа категорија втора година по ред, со својот производ кој уште еднаш успеа да остави прекрасен впечаток на судиската комисија составена од 55 претставници од најпознатите технолошки медиуми во светот.EISA ги нарече можностите на снимање при слабо осветлување на P30 Pro „најдоброто нешто што го нуди смартфонот во моментов“. Комисијата, исто така, ги оцени леќите со ултра широк агол, режимот на портрет и перископската 5x телефото леќа, за која се вели дека „ ги надминува сите нивни конкуренти“."За нас претставува голема чест да добиеме уште една EISA награда, како и ново големо признание за P30 Pro. Со секој од своите уреди, Huawei се обидува да постави повисоки стандарди во мобилната фотографија и да им понуди на потрошувачите најнова технологија во оваа област, на тој начин продолжувајќи да ги зголемува можностите на камерите на паметните телефони“, рече Ли Чангжу, потпретседател на одделот „Handset Business” во Huawei Consumer Business Group. EISA исто така го препорача Huawei P30 Pro на секој чија страст е фотографирањето, бидејќи здружението смета дека предводникот на Huawei постави нови правила во развојот на мобилната фотографија.Huawei P30 Pro навистина ја носи мобилната фотографија на целосно ново ниво со својот иновативен SuperSPectrum сензор, оптички леќи SuperZoom, новата камера на Huawei за време на лет (ToF) и напредниот оптички стабилизатор на слика за AI.Досега невидениот состав на камери на Leica вклучува 40MP главна камера, ултра широк агол од 20MP, телефото камера од 8MP, иновативна ToF камера и предна камера од 32 MP. Новата перискоска телефото леќа овозможува поголемо зголемување на сликата без да влијае на квалитетот. Покрај тоа, главната 40MP камера нуди одлични бои, а P30 Pro нуди и стабилизатори за OIS и AIS, додека леќите SuperZoom имаат 5х оптички, 10x хибриден и 50x дигитален зум со висока резолуција и јасен приказ на детали.Елегантното, двојно заоблено 3D стакло и 6,47-инчен OLED Dewdrop дисплеј се отпорни на вода и прашина, а Kirin 980 процесорот е првиот во свет 7nm систем за мобилни чипови. Huawei P30 Pro исто така има батерија од 4200 mAh, способна да трае до 2 дена без полнење под нормална употреба.Членови на EISA се претставници на реномирани медиуми од целата индустрија од повеќе од 30 земји, од кои секој придонесува со своја експертиза во шесте категории за оценување на EISA - фотографија, мобилни уреди, Hi-Fi, домашно аудио, домашна видео-техника и автомобилски уреди. Секоја година, членовите на EISA номинираат сет на уреди за кои сметаат дека се достојни да се борат за наградата во секоја од шесте категории. Номинациите потоа се презентираат и дискутираат на посебен состанок, каде членовите на комитетот темелно го испитуваат секој од номинираните уреди пред да продолжат на конечното гласање.Наградата официјално ќе биде врачена на Huawei на церемонијата на доделувањето на наградите EISA, што ќе се одржи на годинашната изложба на IFA на 6 септември во Берлин.  

Магазин | пред 6 години

lupevska-sozen

Лупевска Созен: „Жaл ми е што многумина нe препознаа дека Катица Јанева нe е воопшто каква што се претставуваше пред јавноста“

Жaл ми е што многумина нe препознаа дека Катица Јанева нe е воопшто каква што се претставуваше пред јавноста, вели новинарката Снежана Лупевска Созен.- За карактерот на Катица Јанева: Никoгаш нe добив желба да се сликам со неа, а единствената средба со неа беше и последна. Завpшивме со кaвга по што реков дека волку непрофесионален и дpзoк обвинител не сум видела во мојата 25-годишна новинарска кариера. Буквално стана да ме избpка од својата канцеларија затоа што ја критикував. Ова првпат го кажувам јавно, а настанот има и свeдoци. Затоа нe ме чyди воопшто нејзината наредба за претрес и револтот што го предизвикала кај вработените. Жената нe е воопшто каква што пред јавноста се претставуваше и жaл ми е што многумина тоа не го препознаа особено меѓу моите колеги, напиша Лупевска на „Фејсбук“.https://www.facebook.com/lupevska/posts/10156237674120894 

Македонија | пред 6 години

POZARKUMANOVO

Кривична за 71 годишен кумановец - предизвикал пожар, кој се проширил и зафатил површина од околу 15 хектари

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ќ.(71) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 05.08.2019 околу 11,00 часот во атар на село Орашац, кумановско, кај месноста викана „Косматица“, пријавениот, на парцели со лозје и житна култура, во негова сопственост предизвикал пожар, кој се проширил и зафатил површина од околу 15 хектари сува трева и ниско стеблести растенија. 

Македонија | пред 6 години

kursum-645x360

По инцидентот на свадбата во Мала Речица, куршумот засекогаш ќе остане во градите на Адријан

Дваесет и седумгодишниот Адријан Биљали ќе го носи куршумот во градите до крајот на животот по свадбата во Мала Речица во која беше ранет со синот на пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми.Директорот на Торакална хирургија Неџати Јакупи за Плусинфо вели дека локацијата на куршумот е таква што не дозволува хируршка интервенција, односно дека доколку се пристапи кон вадење на куршумот може да се загрози животот на Биљали.– Кај него е направена опсежна оперативна интервенција на градниот кош и на абдоменот, каде е интервенирано во белите дробови, дијафрагмата и желудникот од прострелна рана од еден куршум. Локацијата на куршумот не овозможува негово хируршко отстранување, но неговото останување во организмот не го загрозува животот на пациентот, вели тој за Плусинфо.Биљали веднаш по повредата бил донесен во Клиничкиот центар во Скопје, каде бил опериран, а пред десетина дена од КАРИЛ е преместен на Торакална.Синот на пратеникот Адеми поминал со полесни повреди.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: „Мицкоски доживува тотално фијаско“

Мицкоски доживува тотално фијаско.  Нема да успеваат неговите обиди да ги одбрани криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одработуваат за тајкуните на режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, дека нема да успее да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членки на ЕУ и НАТО, а вистинските криминалци да ги спасат и замислете, пробуваат да ги претстават како жртви, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Она што беше јасно од самиот почеток, со денешната прес конференција Христијан Мицкоски го потврди. Клучниот осомничен во еден од случаите на СЈО, Империја, Мицкоски се обиде да го претстави како жртва.Единствената агенда, почитувани граѓани, на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беше и останува одбрана на криминалот на режимот. Мицкоски денеска јасно потврди дека се сретнал со лицата кои се осомничени и кои се гледаат на објавените снимки за случајот Рекет.Сега треба отворено да излезе пред јавноста и да даде одговори:Со кои две лица, кои се гледаат на објавената снимка се има сретнато?Што примил Христијан Мицкоски на рака?Дали Мицкоски се сретнал со авторот на текстовите во Будимпешта?Дали се сретнал со тајкунот осомничен во случајот Империја и зошто?Најавите на Мицкоски за некакви протести не се ништо друго туку последен обид за одбрана на криминалот на режимот, поттикнат од неговиот шеф Никола Груевски.Јасно му е на Мицкоски дека поддршка од граѓаните нема.Додека СДСМ е цело време со граѓаните, на терен, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, едноставно ги нема.Се што прават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е само ширење на лажни вести од белиот дворец, скапо платен од парите на граѓаните.Исти такви протести ВМРО-ДПМНЕ се сеќавате дека најавуваше и пред претседателските избори, се одржаа неколку и ги снема. Немаше поддршка од граѓаните и на крај остана сам со Јанко Бачев. Истото почитувани, ќе биде и сега.На Христијан Мицкоски му упатуваме јасна и недвосмислена порака:Нема да успеат твоите обиди да ги загрозиш случаите што се водат против криминалците и  криминалите на режимот, на твојот шеф, ниту вашите тајкуни.Секој, кој што се огрешил пред законот, од прв до последен ќе одговара, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Mickoski-PRESS-1608-1

Мицкоски: „Ве молам за трпение, чекор, по чекор да си ја ослободиме татковината“

По денешната прес конференција претседателот на ВМРО ДПМНе Христијан Мицкоски одговараше на новинарски прашања. Во продолжение прашањата и одговорите:Прашање: Господине Мицкоски во вашиот говор поставивте прашања до премиерот Зоран Заев, меѓутоа и на вас ви поставуваат прашања во името на опозицијата гледаме дека и во јавноста веќе се шпекулира дека имате некакви средби или сте имале со еден од осомничените Зоки Кичеец па дури и се споменува и некакви си земања на пари, но дали има ли вистина во тоа и второто прашање е во однос на изборите кои што ги споменувате се погласни се информациите за некаков можен договор со СДСМ за избори во контекст на она што го спомнавте компромис за одредени криминали?            Христијан Мицкоски: Мислам дека во овие речиси дваесет месеци откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ своите принципи ги бранам и опстојувам на тие принципи затоа што верувам дека врз основа принципиелна политика можеме да стигнеме до крајната цел честито и чесно. И така и ќе продолжам да функционирам и во иднина. Тоа што го говорам на пресовите на јавните настапи, дека немам намера за никаква амнестија за сторен криминал без разлика од кого ќе дојде, без разлика дали бил или е од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ или останатите политички партии. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи обновата на Република Македонија и ќе бори безкомпромисно против сиот криминал од минатото, но Бога ми од оваа влада. А ќе застане на потенцијалниот криминал на пат во иднина, затоа што Македонија повторно нема да има шанса, затоа ние неопходна правда и вистинска правдина во Република Македонија, почитување на законите и Уставот. Ми поставивте прашање дали и како сум се среќавал со луѓето кои што се дел од  овој мега скандал од овој Октопод, рекет кој памет речено тие самите така си го брендираа, вие знаете дека на првоосомничениот го честитав роденденот од почит спрема медиумите вклучително и таа телевизија на која што тој беше сопственик, сум се видел и со останатите кои што се дел од оваа афера. Но, она што можам да го кажам, а е и јасен одговор на вашето прашање е дека било каков доказ, било каков доказ за мое инкриминирање во насока на она бедно шпекулирање со поставување на прашање на оваа октопод влада,било каков доказ, ги охрабрувам уште денеска веднаш да го објават, доколку постои таков доказ јас сум подготвен на одговорност уште денеска веднаш. Во спротивност очекувам самите да си дадат одговор на тоа прашање и да се извинат. Јас ги разбирам дека ќе се обидат преку прашања да ми се обратат затоа што ќе сносат одговорност пред законите ако директно ми се обратат, ќе се обидат преку прашања да создадат мистика во јавноста дека еве Мицко бил замешан, дека овој бил ваму, дека овој бил тоа, тоа мене ми е јасно, ја знам таа матрица на луѓе која што тоне од ден на ден и која што се обидува со себе да ги повлече сите останати. Но за жал, во нивна жал, а за среќа на граѓаните на Република Македонија жестоко ќе бидат поразени на следните предвремени парламентарни избори и ќе треба да се соочат и да понесат одговорност за се ова што направиле изминатиов период. Што се однесува до предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период во неколку наврати побара предвремени парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ стои дека предвремени парламентарни избори се потребни час поскоро, но ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе повторам знае дека за тоа да се случи се потребни 61 пратеник во Собранието кои ќе изгласаат. За жал, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија“ ги нема тие 61 пратеник. Затоа ги повикуваме од владејачкото мнозинство да не се кријат позади некоја си виртуелна агенда, да не се кријат позади некоја си празна и опљачкана економија, да се охрабрат да излезат на предвремени парламентарни избори час поскоро и да видиме дали навистина блескаме или блеска само кругот околу владејачкото мнозинство. А сите останати мака мачат со реалните проблеми кои што се денеска за жал секојдневие во Република Македонија, и ги допираат сите граѓани без разлика на нивната политичка или етничка припадност.            Прашање: Господине Мицкоски рековте дека и до Вас стигнуваат пораки за организирање бунт, но рековте и да не се избрзува со неодговорен отпор. Кажете ми размислува ли ВМРО-ДПМНЕ за протести и за блокирање на институции, директно Ве прашувам? И второ прашање ми е дали од последната прес конференција кога бевте оптимист, а „Рекет“ не беше излезен во јавноста, сега повторно сте оптимист?           Христијан Мицкоски: Еве ќе се обидам и на двете прашања едно по друго да одговорам, како ВМРО-ДПМНЕ како Коалиција „За подобра Македонија“ логично е дека имаме подолгорочна стратегија за политичко делување. И таа стратегија најголемиот дел од нашите сограѓани успеваат да ја препознаат, да ја видат, оддаваат поддршка, но има определена група нели која што или свесно или несвесно не успеваат да ја препознаат таа стратегија. И навистина жалам, и никого тука не можам да обвинам, но политиката е таква да не секогаш ние можеме нашите чекори однапред ги соопштуваме. Едноставно некои работи зависат и од дневната, неделната, месечната динамика. Но она што го кажав и на прес конференцијата дека падот односно слободниот пад на овој криминален октопод на власт е започнат. И тука не треба никој да има дилема. Но во многу наврати во минатото сум зборувал еве и тоа ќе биде дел како одговор на Вашето прашање политичката стратегија и битка не ја замислував брз спринт на сто метри. Нити пак некој во раководството на ВМРО-ДПМНЕ, нити пак од нас некој очекува брз спринт и пораз на сто метра, туку очекуваа тежок маратон. Целта на тој маратон пред година и половина, пред 20 месеци не се гледаше, но денеска јасно се гледа таа цел и тука немаме никаква дилема ниту внатре во партијата, ниту пак на средбите со нашите сограѓани. Истовремено реков дека нема да војувам со туѓи синови во извесна иднина. Туку ветив победа на крајот од овој маратон. Не сакам да ги повтори ВМРО-ДПМНЕ, како прв човек на ВМРО-ДПМНЕ грешките од подалечната но и од поблиската историја. Но истовремено не сакам да се повторат определени опозициски дејствувања кои што завршија со неуспех во соседството од изминатиов период. Затоа ни е важно овој маратон да го истрчаме трпеливо и мудро, и секој оној кој што е доволно храбар, секој оној кој што сака да му пркоси и да се спротивстави на овој режим кој што притиска во Република Македонија е добредојден во нашиот маратон. Го трчаме последниот круг, целта јасно се гледа, сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, па и политичка припадност, разочарани од Зоран Заев и од СДСМ се добредојдени. Ве молам за трпение, чекор, по чекор да си ја ослободиме татковината. Реков во една прилика да ставиме на брза лента и да ја внесеме онаму каде што припаѓа, а тоа е семејството на европските народи. Тоа е нашата стратегија. Затоа внимателно и мудро. Ме прашавте дали сум оптимиста, јас секогаш сум оптимиста затоа што иднината, европската иднина е интерес на нашите сограѓани. И се што е наша моќ како ВМРО-ДПМНЕ ќе го искористиме во периодот кој што следи, да помогнеме во реализација на таа цел на нашите сограѓани, а тоа е Македонија да ја видат во семејството на европските народи, во Европската Унија.            Прашање: Господнине Мицковски велите дека премиерот Зоран Заев го штити криминалот во Рекет и го подржува, дали со тоа имплицирате дека и обвинителката која го води случајот Вилма Русковска и обвинителството практично го прави истото бидејќи велите Јанева треба да е во притвор треба да е предмет на истрага и второ зошто сте се гледале со Зоки Кичеец.            Христијан Мицкоски: Сум се гледал со сите слободни граѓани во Република Македонија секој кој  што ми пристапил и побарал средба со мене сум се гледал со илјадници наши сограѓани, но суштината е дека тој Зоки Кичевец на Мицко на рака му дал пари ете тоа е вака суштината да бидеме јасни и транспарентни и која е интенцијата на СДСМ и на тој начин сега сакаат да го вовлечат Мицко во целата оваа рашимунијада наречена „Рекет“. Дури до мене стигнаа информации дека дел од властодршците додека овој осомничен е таму каде што е му приоѓаат со понуда за милост да даде ваков исказ. Затоа јас велам еве дајте доказ дека тоа се случило, дека јас сум посегнал по такво нешто дека се случило тоа инкриминирачко дејство, јас сум подготвен одма да понесам одговорност доброволно во истражниот затвор да се пријавам не треба Русковска не треба Реџип Агиќ сам ќе се пријавам еден доказ да дадат. Во спротивно треба да ги повлечат тие прашања, и да дадат нови прашања пошто за овие еве добија одговор.

Македонија | пред 6 години

Mickoski-PRESS-1608-1

Мицкоски: „Сите кои ги злоупотребиле народни пари ќе одговараат пред законот“

Сите кои ги злоупотребиле народните пари ќе одговараат пред законот, најави Мицкоски на денешната прес конференција. Тој порача дека нема намера за никаква амнестија за сторен криминал.„ Не, јас затоа поставив прашање конкретно за белградската врска и повикав на пишувањата на некои соседни медиуми, ако внимателно ме слушавте и логично е да побараме одговор, затоа што јавен интерес е во прашање, бидејќи гледаме дека дел од тие луѓе кои што се дел од таа таканаречена белградска врска деновиве добија продолжување на договорот во владата како советници на првиот човек во владата. И тоа е легитимно прашање кое ние го поставуваме, можеби ќе се охрабрат од владата и ќе одговорат. Докази не се презентираат на прес конференции, докази се носат во Обвинителство. Така што ако треба за обвинителството и судството во оваа држава поголем доказ од тоа што жртвата или ајде да бидам појасен жртвите на Рекетот, притисоците и уцените, од оваа афера ги приложиле во рамките на обвинителството, а обвинителството гледаме месеци му треба да го земе телефонот на Катица Јанева да го вештачи, гледаме дека Катица Јанева си се сонча на плажите кај нашиот јужен сосед, а истовремено знаеме дека политички неистомисленици и дел од луѓе кои што се блиски до опозиционата ВМРО-ДПМНЕ за банални работи поради тоа што се политички неистомисленици се наоѓаат во притвор и ќе потсетам дека член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаат моментално во притвор, останатите се ослободени или се наоѓаат во домашен притвор или имаат некои други мерки, само овие се наоѓаат во ефективен притвор од случај кој што беше измислен за да се врши притисок врз опозицијата, односно потврда на оној политички прогон кој што го врши Зоран Заев. Знаете како тогаш веднаш реагираше обвинителството и одма изрече мерка притвор и дури според нашите информации повторно ќе кажам не велам дека се сто проценти точни велат дека тој судија и од одмор бил повикан практично за да ја изрече таа мерка за ефективен притвор. А денеска гледаме дека сето ова си се релативизира се повикуваме на некакви си битка за борба против криминалот, па завршија одморите на едниот, па завршија одморите на другиот и таканатаму, доказите и се уништуваат, гледаме дека вчера еден од обвинителите помошници на Катица Јанева вели дека вовеле метод на претрес, јас ако сум чист ако совесно си ја вршам работата од што ќе се плашам да наредувам моите соработници да бидат претресувани. И ова за никого, буквално за никого ништо не значи. Се си е фини, хармонични сме, среќни сме, си владееме, си уживаме во привилегиите. Но проблемот е што народот од ден на ден е се поразочаран. Од ден на ден тонеме како држава и не му ниту да мислите дека нашите сојузници од Европа, но и од светот тоа не го гледаат, и дека ова нема да се одрази врз процесите кои што следат за нашата татковина, а тоа се дата за отпочнување конечно, трета година по ред сме лажени дека од Зоран Заев само што не сме, дури славевме една година дека добивме дата, па излезе дека не сме добиле. Немојте да мислите дека ова нема да остави трага. Проблемот е што ја загрозуваат иднината на генерации наши сограѓани, за да можат што повеќе да се одржат на власт и да имаат што е можно повеќе политички привилегии. Затоа ние велиме ова е несериозно, овие луѓе треба да одговараат за стореното, има јасни докази и има индиции за сторен криминал, нека постапат институциите. Гледаме дека институциите се инфериорни и индолентни, и практично само ја набљудуваат од публика целата оваа ситуација“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

pjetri

Градоначалникот на Скадар кого опозицијата го обвини за шверц на дрога, се откажа од фукцијата пред да ја преземе

Новоизбраниот градоначалник на Скадар, Валдрин Пјетри поднесе оставка од таа функција поради обвинувањето на албанската полиција дека во Италија бил осуден за шверц на дрога.Веста за повлекувањето попладнево преку Фејсбук ја соопшти самиот Пјетри, кој на локалните избори на 30 јуни беше избран за градоначалник на северниот албански град.-Свесен за важноста на политичкиот имиџ и одлучен да преземам законско разјаснување на обвинувањата од позиција на обичен граѓанин, без да оптоварувам никого, решив да си дадам оставка од функцијата градоначалник на Скадар, пишува меѓу другото Пјетри.Инаку, вчера беше одложено конститурањето на Советот на Општина Скадар и давањето заклетва на новоизбаниот градоначаланик Пјетри, се додека обвинителството не донесе одлука околу веродостојноста на документите дека Пјетри бил осуден од судот во Фиренца за шверц на дрога, а потоа и протеран од Италија, што ги објави опозицијата.Лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, пак по оваа објава напиша:„Еден криминалец помалку во политиката, еден узурпатор помалку во локалната самоуправа. Ништо не се менува се додека не замине Еди Рама, водачот на политичкиот криминал“, напиша Баша.Претходно Баша обвини дека, освен Пјетри, уште 17 градоначалници се со кримнални досиеја.

Свет | пред 6 години

FullSizeRender-16-08-19-13-30

Донев: Катастрофална е реализацијата на буџетот на општина Охрид

Катастрофална е реализацијата на буџетот на општина Охрид и во овој период од годината кога станува збор остварувањето на ветените проекти пред граѓаните.До кога локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески планира да користи ЌЕ, заложба на општината е, реализацијата на програмата ќе придонесе за...?Имено, имаме околу 20% реализација на Програмата за изградба и реконструкција на улици и патишта, само 16% реализација на Програмата за туризам и најскромна реализација од само 10% за Програмата за локален економски развој кој всушност треба да биде моторот за економските активности во Охрид, истакна Сашо Донев, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.Хаосот со сообраќајот во Охрид го отсликува тоа што ништо не е сработено, односно 0% за изработка на сообраќајна студија и 0% за изработка на сообраќајни проекти и сообраќајни решенија.Граѓаните се’ уште чекаат преприклучување на водоводната мрежа и изградба на нова водоводна линија на улиците „Абас Емин“ и „Јане Сандански“.Зошто нема ништо од изградба на улична фекална канализација на дел од „Туристичка“ од бензинска пумпа Окта до улица „Ариф Мустафа“?Нема ништо од преприклучување на нова фекална канализација и изградба на улична фекална и атмосферска канализација на „Абас Емин“ и  изградба на атмосферска канализација на улица „7 Ноември“.Реконструкцијата на улиците „Асном“ и „7 Ноември“ како ветени проекти ќе почекаат подобри времиња.СДСМ и Георгиески немаат никаква успешност во реализација на Буџетот и остварување на програмите и зацртаните активности за овој период.Со СДСМ и Георгиески охриѓани не може да очекуваат проекти за подобра иднина, истакна Сашо Донев, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Филипче ги повикува ВМРО ДПМНЕ да учествуваат во работните тела за изградба на новиот Клинички центар

Со желба за конструктивност за доброто на државата, министерот за здравство, Венко Филипче упатува јавен и отворен повик до опозициската партија ВМРО ДПМНЕ со своите експерти и кадровски капацитети да се вклучат и да учествуваат во сите работни тела во проектот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје.Повикот за транспарентност има за цел да им покаже на сите дека се е јавно и дека вистински интерес се токму граѓаните и создавање функционален Клинички центар за нивните потреби, велат од министерството за здравство.-Да бидеме конструктивни за доброто на државата. Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат и да ја следат работата на сите тела вклучени во проектот за изградба на нов Клинички центар во Скопје. Ова е единствен начин ваков голем проект да успее за доброто на граѓаните на државата. Заедно да бидеме дел од еден успешен проект. Транспарентно, заеднички да покажеме дека интерес ни се граѓаните, а не собирање политички поени. Отворени сме за соработка, ве очекуваме да бидете дел од работните групи, вели министерот Филипче во својот јавен повик. 

Македонија | пред 6 години

SJO

Што се случува во СЈО, еднаш ја фалат Јанева за после сочно да ја плукаат

Афективнатата реакција на обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, со „плукање кон безбедносната камера и со сочна пцовка” поради наредбата на специјалната обвинителка Катица Јанева за претрес на вработените при влез и излез во СЈО, изненадувачки одекна во јавноста. Особено што токму Фетаи во гостувањето на 1 ТВ на 17-ти јуни годинава, лично застана во одбрана на Јанева, објави dw.com.„Како мислите да се смени Катица Јанева? Зарем таа жена од јавното обвинителство, која прва повлече нога да се направат позитивни промени во правото и правдата во Македонија, заслужува да биде сменета од челната позиција? Јас можеби и не сум толку битна, но битна е Катица Јанева која го понесе целиот товар и се соочуваше со притисоци, закани, дури беше и таа што освен за своето семејство се грижеше и за сите нас што прифативме да работиме со неа во СЈО. И реално не очекувам, и еве најотворено лично не сакам Катица Јанева да биде тргната од таа позиција“, изјави Фетаи.При очи слепи?Таа вчера не беше во можност да разговора за случката. Извори од СЈО велат дека афективната реакција и „пресвртот“ најверојатно се должат на фактот дека можеби немала информации за „мотивите“ за дружбата на Јанева со сега првоосмничениот во  „Рекет“  Бојан Јовановски, со оглед дека била дел од групата обвинители кои со „голем пиетет“ дошле на роденденската прослава на 1ТВ на 30-ти март годинава.Од друга страна, нашите соговорници тврдат дека внатрешното дистанцирање на одредени обвинители од Јанева, наводно започнало уште пред неколку месеци кога се интензивирале шушкањата околу мотивите за контраверзната и интензивна комуникација на Јанева со Јовановски, неговите посети на  СЈО,  но и нивните чести дружби во еден угостителски објект.„Некои од обвинителите уште во почетокот на годината беа свесни дека има некаков проблем, некои не. Не можам да тврдам дали навистина не го виделе проблемот или не сакале да видат. Дел беа убедени дека причината за таа дружба е што на Јанева ѝ годело да биде во ‘високото друштво’, иако баш и немаа аргументи да објаснат по кои основи Јовановски би требало да го третираме како некаков општествен крем“, вели извор од СЈО, објави dw.com.Текстот во целост на dw.com

Македонија | пред 6 години

boki-13

Истрагата за „Рекет“ ќе се прошири, има нови осомничени

Истрагата за предметот „Рекет“ мрдна од мртва точка откако обвинителите се вратија од одмор. Деновиве е раздвижено во Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое го води обвинителката, Вилма Русковска. До сега исказ дадоа обвинителките Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, а денеска сведочи и обвинителот, Бурим Рустеми, објави „Фокус“Рустеми го води предметот „Поштенска банка“, за кој исто така постојат сомневања дека е користен за да се изнуди рекет од осомничени во предметот. Со неговиот исказ и со исказот на Стефанова, Обвинителството на Русковска ги комплетира доказите кои ги има против инволвирани во аферата. Меѓу нив се споменува и името на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.Дали Јанева ќе добие статус на осомничена, се уште не се знае, но од Обвинителството потврдуваат дека истрагата ќе биде проширена на нови лица.-Веројатно ќе се прошири, но спрема колку лица во овој момент не може да се каже, неопходно е да се направи сумблимат на изведените докази и оние што следните денови ќе бидат изведени – велат од Обвинителство за „Фокус“.Текстот во целост на: „Фокус“ 

Македонија | пред 6 години

strumoca

(ФОТО) Нови табли пред Струмица: „Град на Заев, град на корупција“

Најнова табла пред влезот на Струмица (Zaev City ) ги пречекува гостите и покажува какви услуги се нудат во градот. 👇https://www.facebook.com/886604531394812/photos/pcb.2514919201896662/2514919021896680/?type=3&theater 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања