Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

lence-ristoska

Ленче Ристоска пред еден месец пријавила над 1.5 милион денари во банка

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска во 2017 година преку договор за купопродожба се стекнала со земјоделско земјиште во селото Долно Дупени. Според анкетниот лист кој го доставила до Антикорупциската комисија, од целото земјиште, таа поседува само 1/4. Ристоска пред скоро еден месец пријавила и банкарски депозит со кој се стекнала на друг начин (не е опишано каков) во вредност од 1.700.000 денари.Според пријавениот анкетен лист, Ристоска поседува скромен имот. Таа псоедува градежно земјиште во Скопје од 480 метри квадратни кое исто така го стекнала со договор за купопродожба. Од подвижен имот има „Рено Каптур“ вредно 973.400 денари купено во 2015 година.Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Ленче Ристовска, во саботата на својот профил на Facebook објави статус на англиски јазик во кои посочува дека со „продолжено или панично движење, подлабоко се тоне во живиот песок“.„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша Ристовска, без да алудира на кого конкретно се однесува објавата.Сепак, оваа реакција следи по наредбата на шефицата на СЈО, Катица Јанева, за претрес на обвинителите при влез и излез од зградата на ова обвинителство, што предизвика реакции кај дел од обвинителите.

Македонија | пред 6 години

antonijo

Кој е охриѓанецот Мариноски, кој ќе ја води „Орка Холдинг“?

Охридското банкарско чудо – човекот што се истакнал на сите скалила во банкарската хиерархија на „Сосиете Женерал“ во земјава и во Албанија сега е соочен со нов голем предизвик – да ја води „Орка Холдинг“ фирмата која контролира или учествува во управувањето на 20 домашни компании членки на холдингот што го поседува семејството Камчеви, објави faktor.mk.Амбициозен, регионално успешен банкар, чии менаџерски и финансиски вештини се препознаени и признаени на високи директорски позиции во најголемата француска банкарска групација „Сосиете Женерал“. Човекот што се печел на сите скалила во хиерархијата на македонската аквизиција на „Сосиете Женерал“. Антоније Мариноски, 47 годишен охриѓанец, оженет и татко на две деца, е новиот Извршен член на Одборот на директори на „Орка Холдинг“ компанија која контролира или учествува во управувањето на 20 домашни фирми.Мариноски на местото Извршен член на Одбор на директори во „Орка Холдинг“ доаѓа од позицијата член на Управниот одбор во „Охридска банка Сосиете Женерал“ на која бил од февруари годинава. Јордан Камчев останува на позиција Престедател на Одборот на директори на „Орка Холиднг“ и неизвршен член на директорскиот борд, со што практично го контролира холдингот, објави faktor.mk.Текстот во целост на: faktor.mk

Македонија | пред 6 години

lence-press

Ленче од СЈО со порака: Со паника побрзо се тоне

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Ленче Ристовска, во саботата на својот профил на Facebook објави статус на англиски јазик во кои посочува дека со „продолжено или панично движење, подлабоко се тоне во живиот песок“.„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша Ристовска, без да алудира на кого конкретно се однесува објавата.Сепак, оваа реакција следи по наредбата на шефицата на СЈО, Катица Јанева, за претрес на обвинителите при влез и излез од зградата на ова обвинителство, што предизвика реакции кај дел од обвинителите.Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристоска придружувана од колегите обвинители, минатиот месец порача дека постапките на поединци не смеат да го загрозат интегритетот на постапките на ова обвинителство.Ристоска се обрати во име на целиот персонал на СЈО. Кажа дека нема стапено во контакт со Катица Јанева, а за нејзината оставка, вработените во СЈО дознале во исто време кога таа да се објави во јавностОд средината на јули СЈО и Јанева се во фокусот на скандалот ,,Рекет” во кој нејзиониот близок пријател Бојан Јованоски е осомничен за рекетрирање бизнисмени кои биле под истраги во предметите на СЈО. Досега, од СЈО петмина вработени добиле покана за распит за случајот „Рекет“. Изјави дадоа шефицата на кабинетот на Јанева и обвинителите Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми. Во вторник на распит треба да се појави и Катица Јанева

Коментари | пред 6 години

svr-ohrid

Охриѓанец прегазен од своето возило, откако не го паркирал прописно, тоа само се придвижило наназад

На 16.08.2019  во 14,15 часот било пријавено дека во Охрид, на локалниот пат кон место викано Чекоштина, кај крстосницата која води кон „Сончева порта“ и локален неасфалтиран пат за с.Орман, Л.В.(59) од Охрид, го паркирал возилото ,,Хјундаи Аксент“ со охридски регистарски ознаки и излегол од него. Бидејќи возилото не било обезбедено, почнало да се придвижува наназад, по што Л.В. се обидел да влезе во него, но не успеал, а возилото продолжило да се движи прегазувајќи го. Л.В. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Со автомобил удрил пешак и избегал

На 16.08.2019 во 08,00 часот, било пријавено дека во Тетово, на крстосницата од булеварот „Видое Смилески Бато“ и улицата „Браќа Миладиновци“ за сега непознато патничко моторно возило удрило во пешакот В.И. (24) од Тетово, по што го напуштило местото на настанот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Тетово.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Вработен во ЕВН, изведувајќи работи починал од струен удар

На 16.08.2019 во 12,00 часот било пријавено дека во с.Подржикоњ-Крива Паланка, на место викано Косачи, С.Ѓ.(48) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, изведувајќи работи починал од струен удар, констатирано од лекар на Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. 

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Во магацински простор во маркет се запалил кабел од комора за фрижидер

На 16.08.2019 година во 14,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“,во магацински простор во маркет се запалил кабел од комора за фрижидер. Пожарот со противпожарнен апарат бил изгаснат од вработениот Г.Ј.(38) од Скопје, кој додека интервенирал вдишал од чадот, по што бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Скопје | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Фокус: Сите докази што ја влечат Јанева кон затвор!

Обвинителката Вилма Русковска има доволно докази врз основа на кои има основано сомневање дека шефицата на СЈО, Катица Јанева, била дел од аферата „Рекет“. Ова е информацијата до која дојде „Фокус“ од упатени во истрагата, а која засега ги улови само Боки 13 и Кичеец.Ова, по автоматизам, не значи дека против Јанева подоцна ќе се поднесе и обвинение, бидејќи тоа ќе зависи од целокупната анализа на доказите, но дека во моментот и таа треба да добие покана од Русковска и тоа не за сведок, туку за осомничена, речиси и да нема дилемаПишуваВалентина ВУРМОТекстот може да го прочитате во најновиот број од неделникот „Фокус“ кој може да го купите и во електронска форма на овој линк.

Македонија | пред 6 години

janeva-2

По Катица Јанева и „Рекет“ - ќе се основа ли новото СЈО?

Следната недела ќе има нова средба меѓу работните групи на власта и на опозицијата за да се испеглаат разликите околу законот за обвинителство. По паузата поради летните одмори, претставниците на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе седнат на маса, но сега во уште потешка политичка атмосфера отколку пред дваесетина дена. Аферата „Рекет“ и улогата на специјалната обвинителка, Катица Јанева во целиот случај дополнително го искомплицира процесот, па станува јасно оти дури и нејзиното повлекување од новиот закон и од функцијата во Републичкото јавно обвинителство по оставката во СЈО, ќе биде недоволен маневар да се постигне договор, анализира „Независен весник“Во владејачката партија велат дека изминатиов период немало никакво помрднување на ставовите, но подготвени се да преговараат за сите забелешки на опозицијата за предложениот текст на законот, па и за иднината на Јанева.Ќе се видиме со колегите од ВМРО-ДПМНЕ, па ќе разговараме дали и каде може да се најдеме. Новиот закон за обвинителство, кој што ја одредува и иднината на СЈО, можеби не е клучен за добивањето датум за преговори со Европската унија што се надеваме ќе се случи во октомври, но е исклучително битен за борбата против високата корупција и организираниот криминал. Такви пораки добиваме секојдневно од нашите партнери во меѓународната заедница, веруваме оти тоа го знаат и во ВМРО-ДПМНЕ и ќе успееме да го протуркаме законот, велат од СДСМ.Но, во најголемата опозициска партија велат оти последните настани и снимките што излегоа со гласот на Катица Јанева во разговорите со Орце Камчев потврдиле оти законот каков што го предлага владата не смее да помине.Замислете, во едно од од решенијата на законот на СДСМ се предлага Јанева да биде префрлена во државното јавно обвинителство. Да бевме правна држава барем малку, таа одамна ќе беше во притвор. И не само таа, туку и други нејзини колеги и колешки од СЈО. Токму затоа рековме никој од обвинителите и другите вработени во СЈО не може по закон автоматски да биде префрлен во новиот оддел во Обвинителството за гонење висока корупција и организиран криминал. Таму секој со секого е роднина, вработени се луѓе на СДСМ. Нека се пријават на конкурс, па да видиме дали ќе ги изберат, децидни се во ВМРО-ДПМНЕ.Целиот текст на Независен весник.

Македонија | пред 6 години

SJO

Криминалот во втор план, откако Катица, Фатиме и Ленче почнаа со „препукувања“

Судските процеси што ги води Специјалното јавно обвинителство продолжија по судската ферија. Неделава имаше неколку рочишта за „Титаник“ за изборните нерегуларности што ги правеле функционерите од поранешната власт, и рочиште за ТНТ. Но, по аферата со милионите во која се споменува и името на специјалната обвинителка Катица Јанева, криминалите на претходната власт ги потиснаа изјавите на обвинителите кои веќе почнаа да одат на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за да кажат што знаат за вмешаноста на нивната шефица во аферата.Случаите на СЈО ги засенија и кавгите меѓу обвинителите кои испливаа во јавноста откако обвинителката Фатиме Фетаи соопшти дека Јанева наредила претрес на сите што влегуваат и излегуваат во СЈО. Од прес-службата на СЈО остануваат на ставот дека немало издадено наредба за претрес, а истото го тврди и Катица Јанева. „Не е точно дека сум издала таква наредба, се работи за недоразбирање. Не сум расположена за повеќе разговор“, изјавила Јанева за „А1он“.Вчерашното рочиште за случајот „Титаник“ се одложи бидејќи судијата Огнен Ставрев е на боледување, но новинарите не испуштија да ја прашаат обвинителката во овој случај, Лиле Стефанова, дали нејзината шефица требало да комуницира со првоосомничениот во случајот „Империја“, Орце Камчев. Додека новинарите ја бркаа Стефанова со камерите, успеаја да извлечат само кратки одговори од обвинителката.„Катица ќе ја прашате за сè. Јас не сум експерт за криминал, јас сум експерт против криминал. Прашајте ја Катица, тоа се нејзини методи“, изјави Стефанова. Таа завчера не била работа во Специјалното јавно обвинителство, не знае дали е точно дека се правеле претреси. Сепак вели дека нема да дозволи никој да ја претресува при влезот на СЈО.Таму завчера не бил ниту обвинителот Бурим Рустеми. Тој потврди дека неговата стручна соработничка му донела документи за случајот ТНТ во судот, но вели дека тие документи му биле потребни за судењето и во нив немало никакви доверливи документи. Рустеми вчера на пладне беше на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал како обвинител во случајот „Поштенска банка“. За разлика од неговата колешка, Стефанова која даваше исказ пет часа, неговото сведочење беше пократко, но пред медиумите не соопшти детали.„Дадов изјава во својство на сведок во случајот ‘Рекет’ во врска со прашања поврзани со истрагата ‘Поштенска банка’, таа истрага јас ја водам во СЈО. Одговорив на сите прашања за кои се интересираше обвинителката, ги дадов сите информации. Ја кажав вистината и сметам дека мојот исказ ќе придонесе за развој на истрагата, во делот на настаните поврзани со предметот ‘Поштенска банка’“, изјави Рустеми.Неговото име беше споменато во соопштението на обвинителката Стефанова, која тврди дека Јанева им наредила да ги затворат истрагите за случите за „Империја“ и „Поштенска банка“, да ја пресметаат штетата, а осомничените да не одат во затвор. Рустеми сепак беше воздржан и не сакаше да зборува за заканите на шефицата на колегиумот кој се одржал во понеделникот.„Јас нема да откривам детали од тоа заедничко пиење кафе на колегиумот со Јанева. Можам да кажам само дека јас лично не почувствував закана или влијание од некого за што да кажам или што да не кажам во денешното сведочење во истрагата ’Рекет‘“, рече Рустеми.Тој е трет обвинител кој се појави како сведок во Обвинителството. Прва исказ даде заменичката Јанева, Елизабета Јосифоска, која по налог на Јанева го потпишала решението за да му биде вратен пасошот на Орце Камчев, а втора беше Стефанова.Обвинителката Ленче Ристоска, која е во Шкотска, на Фејсбук напиша „Со панично движење, подлабоко се тоне во жив песок“ и објавата сите ја поврзаа со последните случувања.Повеќе прочитајте на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

next-time2

ФОТО: Некст Тајм го истакнаа знамето од Кутлеш на својот настап во Охрид

Популарното дуо „Некст Тајм“ уште еднаш предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, по својот нов настап, во кој повторно ја освоија публиката.На својот инстаграм профил, вокалот Стефан Филиповски пее со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш, тема која е актуелна деновиве, откако поради Преспанскиот договор, се повлекува овој симбол од сите јавни места.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Прв случај на западнонилска треска во Македонија, скопјанец се бори за живот на Инфективната клиника

Во земјава е регистриран прв случај на заразен со западнонилска треска, предизвикана од вирус којшто го пренесуваат тигрестите комарци. Болеста лабораториски била потврдена кај 66 годишен пациент, кај кого дошло до тешки компликации, поради што се бори за живот на Инфективната клиника.Пациентот една недела дише со помош на апарати.  Болеста му ја откриле пред една недела во Градската општа болница 8-ми Септември, а откако му се влошила состојбата, со воспаление на мозокот е префрлен на Инфективна. Заразениот е на возраст од 66 години. Со вирусот кој го пренесуваат комарците најверојатно се заразил пред еден месец на излет во планина, покрај езеро. Болеста се манифестира со клиничка слика на грип, но најголемиот број случај поминуваат без изразени симптоми.

Македонија | пред 6 години

slika

(ФОТО) Откриена тајна по 500 години - Под сликата на Да Винчи било скриено друго ремек дело

Националната галерија во Лондон објави дека конзерваторите нашле цртеж скриен под една од најпознатите слики на Леонардо да Винчи „Богородица во карпите “, стара 500 години. Откриено е дека на истото платно Да Винчи започнал цртеж, а потоа се откажал и над него го насликал делото на кое човештвото се восхитува повеќе од пет векови.„Напуштената композиција“ на Леонардо Да Винчи пронајдена е под една од неговите најпознати слики „Богородица во пештерата“, соопштила Националната галерија во Лондон.„Богородица во пештерата“ е предвидена како централен експонат на изложбата посветена на ренесансниот гениј која се подготвува во лондонската галерија. Експертите кои работеле на подготовките на ремек делото, односно кои што го поставувале, случајно забележале дека под нејзината површина таа крие вистинско богатство.На платното се воочени почетните потези на ангел и бебе Исус, како и отпечатоци од рака на уметник или асистент. Цртежите се откриени затоа што се изработувани од материјал со цинк кој е видлив под X-зраци.https://www.facebook.com/thenationalgallery/photos/pcb.10162057909415557/10162057907315557/?type=3&theater   

Магазин | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Анкета: Катица Јанева треба да заврши во притвор за „Рекет“

На анкетата од „Скопје 1“ на прашањето „Дали Катица Јанева треба да одговара за 'Рекет'?“ над 80% од испитаниците, односно 3652 лица одговориле со „Треба да заврши во притвор“. 9% од нив, односно 423 испитаници одговориле со „Да, треба да биде разрешена од СЈО“.Само 10% од сите кои гласале на анкетата велат дека засега Јанева не треба да одговара за „Рекет“. 8% од нив, односно 369 анкетирани одговориле со „Не, доколку нема други докази дека била инволвирана“ и 2%, односно 106 гласачи одговориле со „8.11% .Анкетата беше спроведена на 4550 испитаници во периодот од 12.08.2019 до 16.08.2019. Истата беше објавена на порталот „Скопје1.мк“, а гласањето беше анонимно.

Македонија | пред 6 години

grenland

Гренланд му порача на Трамп: „Отворени сме за бизнис соработка, не за продажба“

Гренланд порача дека „не е на продажба“ откако претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека би сакал да го купи тој најголем остров во светот, пренесува Би-би-си.Трамп наводно на состаноци со соработници и советници ја разгледувал идејата за купување на Гренланд, автономна територија на Данска. Меѓутоа, гренландската влада ја отфрли идејата, изјавувајќи: „Отворени сме за бизнис соработка, не за продажба“.

Свет | пред 6 години

120190420_222336

ВМРО ДПМНЕ: „Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен“

Системот во Република Македонија е нападнат од силна криминална ерозија до тој степен што не функционира. Во државата имаме згазени закони, згазено обвинителство кое што наместо да гони, го штити и прикрива криминалот. Имаме безброј конкретни примери каде владата и премиерот се ставени во функција да заштитуваат криминал, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Сомнежите дека Заев го штити овој криминал, се:Катица Јанева не е во притвор, а истата може да избега, може да влијае на сведоците и може како прв човек на СЈО да го повтори делото. Сведоци сме дека истото ова обвинителство барало притвор и за несразмерно помали случаи кои ги воделе. Се разбира Катица Јанева е само продолжена рака на главниот во овој октопод.Зоран Заев е свесен дека „Меѓународниот сојуз“ на еден од обвинетите важи на извесен начин за чедо на СДСМ. Во тие структури се луѓе од оваа партија, а сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на криминал, уцени, изнуда и рекет.Заев во моментите кога ќе го притисне оваа афера со евидентни докази, е во состојба да се откаже од сите, само да се спаси себе си.Сега е јасно зошто Заев инсистира на катастрофалниот предлог за реформите за обвинителство. Тој сака ова компромитирано СЈО да го преслика во новиот обвинителен сектор. Да добиеме ново СЈО но со зголемени овластувања за зголемени злоупотреби.Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе победат убедливо, зошто таква победа е неопходна, за да Македонија ја обновиме од овој криминален ураган на власта. Одговорност, мора да има.Заев е на колена, а оваа влада веќе нема кредибилитет бидејќи тоне во корупција. Неговиот пад и заминувањето на оваа влада не е избор на Заев, туку одлука на народот.Октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

5-2

На ГП Богородица се чека до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од АМСМ информираат дека е забележана зголемена фреквенција на возила на ГП Богородица каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. Колоната автомобили, главно со македонски, српски и понекоја грчка таблица, се протега дури до кабините на грчката граница.На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ информира дека од 14 до 17 август ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат А2, наплатна станица Глумово – Скопје, поради што ќе има промена на режимот на сообраќај. 

Македонија | пред 6 години

arm

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Армијата согласно Правилото за воен протокол во Армијата, а во врска со одбележувањето на „18 Август – Денот на Армијата, денеска во Скопје ќе изведе две артилериски стрелби.Со почеток во 19.05 часот, од касарната ,,Илинден“ во Скопје, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.Претходно, во периодот од 15 до 18 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден истрел од 6 артилериски орудија. 

Македонија | пред 6 години

devojce

Во Белград прегазени четиригодишно девојче и дадилка

Четиригодишното девојче е  тешко повредено откако било прегазено од автомобил кој се движел наназад. Девојче било примено на детската клиника во Белград каде му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, односно фрактура на черепот.Полицијата за кратко време го идентификувала возачот, 22-годишниот Милан Ш и автомобилот кој го прегазил детето, кој имал оштетување на задната страна.Возачот бил сослушан по налог на Второто јавно обвинителство поради тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај и против него била поднесена кривична пријава. 

Свет | пред 6 години

Mickoski-PRESS-1608-1

Што подготвува опозицијата? Мицкоски вели: „Власта ќе се изненади од нашите потези“

Власта ќе се изненади од нашите потези, вели претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој најави можни блокади на институциите но и протести, а не е исклучено дури и напуштање на Парламентот.-Власта со нашите чекори ќе биде изненадена. Сите демократски потези ќе ги преземеме како опозиција ако е неопходно. Масовни протести но и блокада на институциите, истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ.Мицкоски обвини дека криминалот во случајот Рекет не е можен без поддршка на власта, а како што истакна доказ за тоа е што Катица Јанева не е во притвор. Таа е само продолжена рака на главниот во овој „октопод“ рече Мицкоски, додавајќи дека невладината Меѓународен сојуз важи за чедо на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

press-goce-serafimov

ОО СДСМ Кочани: ДПМНЕ во Кочани врши невиден терор

Деновиве сме сведоци на невиден терор што го врши ДПМНЕ во Кочани. Вчера, член на Советот на Општина Кочани и почесен претседател на оваа партија , физички нападна директор на образовна институција. Друг советник од истата партија, му упатуваше погрдни зборови, се закануваше и го омаловажуваше во салата на Советот, истакна Гоце Серафимов, претседател на ОО СДСМ Кочани.Неодамна пак, актуелниот претседател на кочанското ДПМНЕ насилно влезе и во партиските простории на СДСМ – Кочани и незаконски снимаше наши активисти и симпатизери.До кога овие офајдени партиски ликови ќе го тероризираат овој град и демократијата? Одовде сакаме да им порачаме дека физичките и вербалните напади не можат да го скријат криминалот и злоупотребите што ги вршеа повеќе од десет години. Така не ќе можат да  го скријат нивното расипничко однесување во сите сфери,  посебно во образованието, од каде црпеа енормни суми за лични и партиски профитирања.Бараме институциите да постапат согласно законските  рамки и да нè  заштитат  од  насилството. До нив  ќе се  поднесат сите докази за претходните случувања.Бараме јавно извинување од  претседателот на ОК ДПМНЕ за неадекватно однесување кон наши функционери и оградување од насилниците  и криминалците од своите редови.Ние како партија веруваме во институциите  и ќе оставиме  тие да го решат овој проблем. Заедно со  секој слободен и чесен човек  ќе градиме  едно општество за сите, без фаворизирање на едни или други, а против криминалот и сите криминални структури, истакна Гоце Серафимов, претседател на ОО СДСМ Кочани.

Македонија | пред 6 години

tirz

Од 3 то на 18 место - Македонија има пад од 15 места за две години во однос на странски инвестиции

„Фајненшл тајмс“ во својот специјализиран сервис го објави индексот за успешност на Гринфилд  инвестициите ФДИ за 2019. Македонија е помалку атрактивна за странските гринфилд инвестотори од пред 3 години. Од високото трето во 2016, оваа година земјава се најде на 18 место на ранг листата на Фајненшл тамјс. Лидери на листата за оваа година се Србија и Црна гора.Според ранг листите за странски директни инвестиции Македонија бележи огромен пад за само 2 години во делот на инвестиции во ТИРЗ зоните но и надвор од нив.За илустрација во 2016 година бевме на високото 3-то место за само 2 годни подоцна да доживееме пад од 15 места и сега сме на 18-то место.

Македонија | пред 6 години

kocijas

Коѕијас преку „Твитер“ порача: „Во Скопје поставена табла дека Александар е Грк“

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас на социјалната мрежа „Твитер“ објави фотографија од ново поставените табли на спомениците во Скопје.„Знак на кој пишува дека Александар Велики е грчки херој денеска се најде под споменикот на Александар во Скопје. Ова е уште еден доказ за пријателство меѓу народите“, напиша Коѕијас на Твитер.Инаку таблите кои објаснуваат дека припаѓаат на античката Хеленска историја и цивилизација, наидоа на револт кај граѓаните воз емјава. Таблите експресно беа искршени, по што беа заменети со нови. За да истото не се случи и со новите пред секој споменик со ваква табла ќе има и лица кои ќе ја чуваат.За разлика од кај нас, во Грција, тешко или никао не се спроведува Преспанскиот договор.Кај нашиот сосед нема никакви активности во правец на исполнување на преспанските обврски. 

Свет | пред 6 години

bektesi

Косово забрани увоз на компири и мед од земјава - Бектеши најави итен состанок

Косово забрани увоз на компири и мед од земјава. Оваа одлука на властите од Приштина следи како контрамерка на македонската забрана за увоз на икри и млади риби од Косово. Министерството за економија во понеделник организира состанок со повеке надлежни органи и институции во насока на решавање на проблемот што настана со воведувањето на мерката околу извозот на компири и мед од Македонија во Косово. На состанокот покрај претставници на Министерството за економија, ќе учествуваат и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Царинската управа, Агенцијата за храна и ветеринарство и други институции.На состанокот се очекува да се преземат активности за разрешување на последиците од воведената мерка од страна на Косово.

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

Алијанса за Албанците: Филипче денес ги повика само „експертите на ВМРО да се вклучат во работни групи за изградба на новиот Клинички центар“

Скандалите на министерот Филипче не престануваат. Денес ги повика само „експертите на ВМРО да се вклучат во работни групи за изградба на новиот Клинички центар во населбата Ѓорче Петров во Скопје“ заобиколувајќи ја Алијансата за Албанците и нејзините здравствени експерти од Комисијата за здравство .Почитуван министер, новиот Клинички центар нема да биде власништво само на СДСМ или ВМРО, или пак на било кој друг, туку ќе биде заеднички за секој граѓанин на Република Северна Македонија, без оглед на националноста, религијата или која било друга припадност, сакате вие или не. Вие денес изјавивте „Заедно да бидеме дел од еден успешен проект“ но со половична покана и елиминирање и заобиколување на Албанците и нивните вистински претставници, Алијансата за Албанците како најголема албанска опозициска партија во Република на Северна Македонија и така го осудивте на неуспех овој голем капитален проект.Затоа, уште еднаш ве покануваме вас и вашиот заменик „слика без тон“ на телевизиски дуел со експертите на Алијансата за Албанците каде ќе ги изнесеме нашите факти и предлози како и грешките во чекори што ги правите секој ден кои ќе не чинат многу во квалитетот на здравствените услуги на болниот здравствен систем, се вели во соопштението од комисијата за Здравство на Алијанза за Албанците.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања