Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

Мицкоски призна дека се сретнал со осомничениот во „Рекет“, велат од СДСМ

„Христијан Мицкоски да не се крие зад статуси на социјалните мрежи со кои се обидува да избега одговори на прашањата за кои треба да се изјсани.Особено, откако призна дека се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет”, споменатиот Зоки Кичеец. Нема бегање од вистистината Мицкоски. Како што призна еднаш, треба да излезеш пред граѓаните и да одговориш. Дали си се среќавал со Никола Груевски во Будимпешта?Дали во Унгарија и во Словенија Мицкоски си се гледал со уште некој и кој е тој? Каква врска имаш со новинарот од италијанскиот весник? Граѓаните, јавноста, очекуваат одговори на овие прашања“, се вели во соопштението СДСМ.

Македонија | пред 6 години

kosmos

Јанева го ослободила Азмоски од обвинение за изградбата на објектот „Космос“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Пред неколу дена медиумите обелоденија  дека има отворен сомнеж за платен рекет од 260.000 евра од страна на Адријан Амзоски на хуманитарната фондација на Боки 13, а за возврат Катица Јанева преземала надлежност врз обвинение од основното јавно обвинителство. Истото тоа обвинение го повлекла во една кривична постапка која се водела против истиот Адријан Амзоски, ова денеска преку соопштение го соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.-Имено во март 2017 година е поднесен обвинителен акт од ОЈО против Адријан Амзоски и фирмата „ФИНЕ“ ДОО Скопје поврзана со изградбата на објектот „Космос“ каде што Адријан бил инвеститор. Само една недела по доаѓањето на власт на СДСМ во јуни, Боки 13 го отвора „Меѓународен сојуз“ и на самото отворање се редат сите инволвирани во случајот „Рекет“. Катица Јанева откако добива надлежност без никакво образложение, без ниту едно рочиште, го повлекува обвинителниот акт врз Адријан Амзоски. Сето ова докажува дека постои шема од Катица Јанева, Заев и останатите за да се вршат притисоци и да се рекетираат пари, потенцираат од партијата.Во партиското соопштение додаваат дека поради сето ова што се случува во Република Македонија потребни се предвремени парламентарни избори, за да се стави крај на рекет, мито и сите лудории и криминали кои што ги прави Владата на Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

PrtScr-capture_4

Заев го честита Денот на Армијата: Благодарам за посветеноста и професионалнсот

Нашите војници покажуваат еднаквост во партнерството со нашите сојузници и способност заеднички да го гарантираат регионалниот и меѓународниот мир и стабилност, порачува премиерот Зоран Заев во честитката по повод 18 Август, Денот на Армијата.-Почитувани припадници на Армијата, почитувани граѓани, Со особена чест и задоволство го честитам денешниот празник, упатувајќи искрена благодарност за вашата континуирана посветеност, професионалност и несебичниот ангажман за заштита на територијалниот интегритет и безбедноста на нашата држава, се вели во честитката од Заев.На денешен ден, се додава, во 1943 година на Славеј планина е формиран првиот партизански одред баталјонот „Мирче Ацев”, кој подоцна во Народно ослободителната војна (НОВ) прерасна во војска која ја ослободи територијата на нашата држава, пожртвувано оставајќи печат вграден во темелите и независноста на татковината.-Денеска, 76 години подоцна, нашата Армија на највисоко професионално ниво, заедно со војниците на земјите-членки на НАТО, дејствуваат согласно стандардите на Алијансата, учествуваат во меѓународни мировни мисии и даваат свој придонес во зачувување на глобалниот мир и безбедност. Почитувани граѓани, Пораката за својата подготвеност, за што сме особено горди и благодарни, нашата Армија ја испрати и со учеството во најголемата воена вежба „Одлучен удар”, кога нашите војници со претставници на уште пет земји-членки на НАТО покажаа дека имаат капацитет за изведување комплексни теренски вежби, се посочува во честитката.Република Северна Македонија, се потенцира, ќе биде идната, 30-та членка на НАТО алијансата, а нашите професионални војници и офицери покажаа дека се партнери со нашите сојузници, со способност заеднички да го гарантираат регионалниот и меѓународниот мир и стабилност.

Македонија | пред 6 години

ohrid-kej-lugje-turisti-guzva

Топлото време се враќа

Времето денеска ќе биде сончево сo слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а дневната температура од 24 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесув 8.Во Скопје и околината сончево време со утринска температура до 14 степени, а дневна температура до 33 степени.

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Геровски: Не поседувам бомби за „Рекет“, во мај дознав дека постојат

Новинарот Бранко Геровски одговори на 10 прашања што му ги поставил Јане Ѓоргиоски Рибаро.„Поради упорните атаци и хејтерски коментари, на Фејсбук го блокирав Јане Ѓоргиоски (Рибаро), но секако нема да му останам должен и ќе му одговорам на сите негови 10 божем "непријатни" прашања, што ги пренесоа неколку портали:1 ПРАШАЊЕ: Ако Героски не слушнал ниту една снимка „бомба“ за „Рекет“, врз основа на што пишувал за „Бомбашки пленум“ (негова колумна од мај), и од каде знаел дека постои „цврст доказен материјал за рекетот“, ако како што вели, немал слушнато и не е во дослух со бомбашите и нарачателите?ОДГОВОР: Повторувам дека никогаш немам слушнато ниту еден нелегално или легално прислушуван разговор, пред да бидат јавно објавен. Вклучувајќи ги и разговорите што ги објави "Ла Верита", Од веродостојни извори, некаде во април или мај, дознав дека постои таква снимка. Ми беше кажано и што би можело да биде содржина на снимката. Изворите ми веруваат мене, јас им верувам на нив. Затоа и напишав дека имам сознанија дека доказите се цврсти. Ги слушнавме снимките и се потврди дека сум бил во право. Што се однесува до мојот апел Заев да свика "бомбашки пленум" и да ги затвори сите дупки од кои истекуваат нелегално или легално прислушувани разговори, сега се гледа дека беше паметно да ме послуша.2 ПРАШАЊЕ: Зошто уште во мај кога немаше објавено ни една снимка, во таа истата колумна ја цитира „народната“, „ко се бомбе лати, од бомбе ќе погинути“, ако не чул како што тврди ниедна „бомба“ пред да биде објавена?ОДГОВОР: Јавна тајна е дека неколку центри на моќ во Македонија поседуваа и поседуваат "бомби". Беше прашање на време кога таргет ќе стане и "бомбашот" Зоран Заев. Повторувам, требаше да го послуша моето предупредување и да реагира. Ако можел...3 ПРАШАЊЕ: Ако со Орце Камчев немал разговарано за „Империја“ и „Рекет“, зошто тогаш пишуваше дека разговарал со него и дека бил убедуван дека Орце Камчев е невина „сведок-жртва"?ОДГОВОР: Прецизно кажав кога сум се видел со Камчев и за што сум разговарал. Случајот сакаше за двете средби да имам сведоци. Инаку, Камчев за рекетирањето од страна на Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милевски Кичеец пријавил кај Заев и подоцна кај обвинителката Вилма Русковска (и Заев пријавил кај Русковска, така кажа и му верувам). Русковска Камчев го смета за сведок кој пријавил рекет, согласно со законот. Сево ова беше јавно соопштено. Не од мене. Јане да се информира подобро.4 ПРАШАЊЕ: Ако пак не добил изјава од Орце Камчев, туку од „неговите соработници“, зошто тогаш кажа и излажа „ми рече“?ОДГОВОР: Многу изјави сум добил од Заев преку неговата прес-служба. Иако веројатно одговорите ги пишувале Роберт Поповски или Забрчанец, сум ги атрибуирал на Заев. Тоа е нормална пракса. Единствената изјава што ја добив од службата на Камчев и ја цитирав во колумна на 15 јули, ја добив од неговите соработници во периодот кога физички не бев во можност да се сретнам со Камчев (бев во Грција, можам да приложам доказ). Нормално е дека изјавата е атрибуирана на Камчев. Ова го разбира секој школуван новинар.5 ПРАШАЊЕ: Зарем јавноста нема право да знае кои се соработниците на Камчев кои му биле извор, дали тие соработници се исто така обвинети во некој случај (нели за да знаеме колку се веродостојни), дали се дел од одбраната на Камчев, или дали се негови бизнис партнери?ОДГОВОР: Моите извори не се обвинети во никој случај. Дури и да се, тоа не е никаков проблем. Има филм за американска телевизиска екипа која го интервјуира Садам Хусеин среде војната со САД. Тоа се смета за новинарски подвиг. Кате Блажевска го интервјуираше Али Ахмети во Шипковица за време на војната во 2001 година. Тоа беше новинарски подвиг. Работа на новинарите е да разговараат со сите достапни извори и да ја оценуваат нивната веродостојност. Моите извори беа и се веродостојни и тоа го покажа истрагата. Денеска тоа го кажа и колешката Лупевска. Дали јавноста има право да знае кои се моите извори? Не, никој нема право да знае. Освен ако некој од нив самиот не одлучи поинаку. Моја должност е да ги заштитам своите извори.6 ПРАШАЊЕ: Ако е вистина дека не поседувал „важни докази“ за рекет освен тие што ги објавил за „Меѓународен сојуз“, тогаш врз основа на што ги изнесува тешките обвинувања за дузината лица што ги спомнува во неговите колумни?ОДГОВОР: Врз основа на исказите на моите извори. Истрагата потврдува и ќе допотврди дека за се сум бил во право. Најдобар доказ за тоа е рекетот во Битола - се потврди дека за се сум бил во право.7 ПРАШАЊЕ: Ако е вистина дека „сė што знам и дознавам во врска со аферата “Рекет” го споделувам со моите читатели“ зошто тогаш не сподели навреме дека не се сретнал со ЈК, дека не разговарал, и дека не слушнал нитуе една „бомба“ пред да биде објавена?ОДГОВОР: Нека извини Јане, ама прашањето е глупаво. Јас имам обврска да кажам што сум направил, а не што не сум направил. Тоа би било како да кажам - јас не сум слетал на Месечината, јас не сум се качил на Монт Еверест... Бесмислено е тоа.8 ПРАШАЊЕ::Ако е вистина тоа што го тврди кога вели „Моите извори ми веруваат“, и ако подеднакво им верува на неговите извори, зошто не се обиде да добие информации и изјави и „од другата страна“, од лицата кои отворено ги сомничи за вклученост во „Рекет“?ОДГОВОР: Лицата за кои прашува Јане јавно ги посоветував да се јават кај обвинителката Русковска во врска со аферата "Рекет" и кај Зоран Заев во врска со својата политичка одговорност. На осомничените и на нивните блиски соработници не им се јавив, бидејќи знаев дека се води истрага и не сакав да и наштетам на истрагата. Тука ја вклучувам и Катица Јанева. Јавно побарав средба со Заев, јавно бев одбиен. Тоа е тоа.9 ПРАШАЊЕ: Ако е вистинито неговото тврдење „Јас не тргувам со информации и со влијание“, зошто тогаш изнесува информации главно од лица осомничени или обвинети за криминал (или нивни соработници), кои имаат сериозни мотиви да влијаат на истрагите покренати против нив?ОДГОВОР: Пак извинување до Јане, но прашањево е со теза која не е точна и е чисто подметнување. Значи, лага е дека изнесувам информации главно од лица осомничени или обвинети за криминал или од нивни соработници. Веќе одговорив дека моите извори не се такви лица - никој не е осомничен или обвинет за ништо. Истовремено, Плусинфо екстензивно пренесува информации од најразлични извори, со мое знаење секако, кои се релевантни за скандалот. Се што кажал Заев, на пример, е пренесено. Се што кажале сите обвинители е пренесено. А тие не се ни осомничени ни обвинети. Инаку, само во Македонија се смета дека е забрането или неетички да се пренесуваат информации од обвинети и осомничени и од нивните бранители. Обратно е, новинарите имаат обврска да ги сослушаат сите страни. Така е во цивилизираниот свет.10 ПРАШАЊЕ: Ако е вистина дека само Боки 13 „го инволвира Заев во скандалот“, тогаш зошто постојано го споменува Заев во неговите колумни за Рекет, и тоа пред да биде објавена „бомбата“ за која самиот тврди дека не ја чул?ОДГОВОР: Секогаш кога сум го спомнал Заев сум бил јасен и прецизен: Заев не е ни обвинител ни судија, но е политички најодговорен оравосудните институции да дејствуваат слободно и согласно со законот. Дејствувајќи во таа насока, Заев можеше, а можеби уште може, да придонесе скандалот да се расчисти и да се намалат штетните политички последици за оваа власт.Ете, тоа се моите опширни одговори на конкретните прашања. Злобните коментари на Јане Ѓорѓиоски ќе ги игнорирам. Очекувам порталите кои ги пренесоа прашањата, да го пренесат во целина и овој мој пост со одговорите. Тоа би било професионално и коректно од нивна страна“, напиша Геровски.

Македонија | пред 6 години

68812615_10217316253871461_563516279219027968_n

Во Охрид покрената иницијатива просторот пред „Палас“ да е бесплатно капалиште

Од како со години целиот брег е противправно окупиран со кафани, иницијатива Охрид да има барем една слободна ( бесплатна ) плажа !Нуркачот Никола Паскали од клубот Акватек преку социјалните мрежи пласира една интересна иницијатива со која се предлага просторот кај некогашното пристаниште пред „Палас“ да се уреди како што бил во минатиот век и да ја има истата намена.Овој предлог на Никола Паскали предизвика лавина позитивни реакции на Фејсбук и по се изгледа им се допаѓа на граѓаните на Охрид.Просторот пред „Палас“во минатиот век бил уредено капалиште и претставувал свратилиште каде бесплатно и слободно секој граѓанин или турист можел да ужива во езерото, да се разладува, или спортува без да се плаќаат лежалки или да мора да пие кафе или сок за да седи на плажата.

Македонија | пред 6 години

promocija-5

Промовиран романот „Пеколот на ангелот“ од младата писателка Славица Шајноска од Радожда

Во Радожда промовиран романот „Пеколот на ангелот“ од современата македонска писателка Славица Шајноска од Радожда.Ова е прв роман на младата писателка Шајноска. „Пеколот на ангелот“ е лесно читлив, ја доловува сегашноста од нашето живеење, пред се на младите. Романот се чита во еден здив и претставува еден вид лекција за младите. Книгата е пишувана во период од 3 месеци. Главната тема и поука е до сите родители, како не треба да се однесуваат спрема своите деца. Станува збор за семеен, љубовен роман.Силниот талент на младата авторка го потврдија промоторите на книгата Митре Мангоски Радождански и новинарот Наум С. Кутаноски.И двајцата се категорични дека Славица Шајноска  влегува во редот на млади и надежни амедонски писатели пред кои има светла иднина.Инаку Славица Шајноска е родена на 16 август 2001 година во Струга. Ученик е во Општинското средно училиште "Нико Нестор" - Струга, економска струка. Кога животот приредува разни пречки, знае преку пишување да го искаже тоа што го чувствува и мисли, сочувствувајќи се со сите оние кои плачат нечујно, длабоко во себе. Никој да не почувствува колку всушност се кревки и можат да се скршат. Никој да не ги исмева за нивните емоции и чувства и да ги искористи нивните слабости. Листот и пенкалото се нејзините верни и ќе бидат вечни другари кои ги познава уште од мали нозе. Ужива во читањето книги, проследено со насмевки и солзи.

Магазин | пред 6 години

sahti

Истече рокот за отстранување на „Сонцето од Кутлеш“ од шахтите, од следнава недела ќе „фрчат“ казни

Според договорот од Преспа, од ова недела повеќе не смее да се упоребува „Сонцето од Вергина“. Сите оние кои со вакво знаме ќе се појават на спортските натпревари, но и доколку овој симбол сеуште го има на грбовите на општините, спомениците или било кои други јавни површини ќе бидат казнети.Изминатава недела тимови од Јавните претпријатија работеа „Сонце од Вергина“, да го избришат од шахтите на плоштадот Филип Втори. Сонцето од Вергина го има на споменици во центарот на Скопје, на шахти на водовод, на подземна електрика, на плочници во Скопје и други градови во земјава, спортски сали и игралишта, а го има и на неколку општински знамиња и грбови. Највпечатливо беше тоа на тепихот во кабинетот на директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, кое по потпишувањето на Договорот од Преспа е отстрането.

Македонија | пред 6 години

turisti-spanija

Албанските медиуми ја обелоденија причината поради која шпанските туристи беа трауматизирани

Албанската телевизија „Репорт“ ја објави причината поради која шпанските туристи биле трауматизирани од сопственикот на угостителски објект во Порто Палермо, кај Химара.Според видеото кој молскавично се шири по социјалните мрежи домаќинот се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета со нив преку искршената шофершајбна.– Туристите во комбето, со кое управувал Албанец, се преплашени. Освен петмината Шпанци, во него се наоѓаат уште двајца Албанци, кои не можат да ја разберат будалштината на Михаил Кокдима, сопственикот на ресторанот, наведува телевизијата.Шпанците прво физички биле нападнати во ресторанот кога му се пожалиле од лошиот квалитет на храната. Тој почнал да фрла тврди предмети со кои ја напукнал шофершајбната па кога тие заминувале скокнал врз хаубата на која се забележува и крв.Возилото било забележано од припадници на специјалната единица за брза нтеревнција, кои со автомобил се движеле во тој регион, по што им притекнале на помош. Двајца од туристите добле и потребна здравствена заштита, а биле посетени и од министерот за туризам Бленди Кљоси.Шпанските туристи биле петчлено семејство кое во Саранда пристигнало со јахта.Албанската полиција соопшти дека насилникот е уапсен, а ресторанот затворен.Премерот Еди Рама го осуди однесувањето на сопственикот на ресторанот, кого го нарече „варварин“ и ја засрамил целата нација, бидејќи го „прекршил светиот код на албанското гостопримство“.Во продолжение уште еднаш видеото:https://www.facebook.com/albeucom/videos/461534684701489/

Свет | пред 6 години

bolka

Научниците открија нов орган преку кој луѓето чувствуваат болка

Шведски научници открија претходно непознат орган преку кој луѓето детектираат опасности од околината, а кој може да биде одговорен за одредени видови болка. Се наоѓа под горниот дел на кожата. Овој орган досега непознат за науката се состои од мрежести Шванови клетки кои се наоѓаат во близина на нервите, влегуваат во нервните клетки за да ги одржат во живот.Структурата на органот е непосредно под површината на кожата. Откритието беше објавено во списанието Science, а органот доби име ноцицептивен глионеуронски комплекс (NGNC). NGNC формира уникатна испреплетена мрежа со блиските нервни клетки по целото тело, што истражувачите ги наведува да тврдат дека треба да биде и официјално именуван како орган.Научниците биле изненадени со ова откритие затоа што долго време се верувало дека завршетоците на нервните клетки во епидермисот се голи и немаат обвивка.Ова откритие може да доведе до развој на нови лекови против болка.

Магазин | пред 6 години

peter-fonda-2

Почина Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст по битка со рак на белите дробови, соопшти неговото семејство. Фонда, кој се прослави со легендарниот филм ,,Голи во седло“, снимен во 1969 година, починал во сон во неговиот дом во Лос Анџелес.Питер Фонда е роден на 23 февруари во 1940 година во Њујорк. Одигра улоги во 125 остварувања, а славата ја стекна по филмовите од 60-те години на минатиот век што му донесоа статус на икона на контракултурата.Особено се прослави со улогата во филмот „Голи во седло“ од 1969 година по сценарио што го напиша заедно со Денис Хупер и Тери Саутерн за што беше номиниран и за Оскар.Питер Фонда играше и во филмот „Ghost Rider“ во 2007 година. Последната улога ја имаше во филмот „The Last Full Measure“ со Семјуел Л. Џексон и Морган Фримен чија премиера во кино салите во САД е најавена за октомври.

Магазин | пред 6 години

milijarder

Aутопсијата потврди - Епстајн извршил самоубиство

Резултатите од аутопсијата за причината за смртта на милијардерот Џефри Епстајн е самоубиство со бесење. Ова и официјално е потврдено од њујоршката патологија. Аутопсијата покажала дека вратот на Епстајн бил скршен на повеќе места.Епстајн минатата сабота беше пронајден мртов во својата ќелија во затворот на Менхетн, каде го чекаше судењето за трговија со луѓе и сексуално злоставување. Во обвинението против Епстајн се наведува дека тој намамил десетина малолетнички во своите луксузни куќи и им плаќал за сексуални услуги.Неколку дена пред смртта тој минал два часа "со млада и убава" жена, открил неименуван извор.Епстајн наводно му платил на својот правен тим за осум часа да седи со него за да може да излезе од ќелијата. Меѓутоа, изворот не знае која е таинствената жена.Милијардерот и жената биле сами во собата која се користи за состаноци на затвореници и нивните правни застапници.Според процедурите, оваа соба се заклучува во текот на состаноците и на затворениците им се вадат лисиците.

Свет | пред 6 години

pistol-vperen

Французин убил келнер - оти нарачан сендвич не бил приготвен толку брзо колку што тој сакал

Маж убил келнер во еден ресторан во општината Нуаси-ле-Гран во департманот на француската престолнина, бидејќи неговиот нарачан сендвич не бил приготвен толку брзо колку што тој сакал, пренесуваат француските медиуми.Инцидентот се случил синоќа во едно предградие на Париз. Очевидци тврдат дека незадоволниот гостин во ресторанот го застрелал 28-годишниот келнер во грбот.Куршумот предизвикал сериозна повреда и екипата на итна медицинска помош, која пристигнала на местото на инцидентот, само констатирала смрт.Напаѓачот избегал, а полицијата трага по него.

Свет | пред 6 години

skolo

Независниот синдикат за образование и наука бара поголеми плати во образование

Независниот синдикат за образование и наука бара од Владата и Министерството за образование и наука уште овој месец да имплементираат покачување на плата соодветно на покачувањата на плата извршено во детските градинки уште во јуни.На пресот кој се одржа пред Министерството за образование и наука, потпретседателот на синдикатот Енвер Ајдини истакна дека платите на просветните работници се под државниот просек и стојат во место, освен незначителното ланско зголемување од пет отсто. Тоа покачување, рече Ајдини, не ги реши проблемите во образованието, а наставниците се на маргините на егзистенцијата и немотивирани за работата.Од Независниот синдикат за образование и наука соопштија дека заедно со Конфедерацијата на синдикални организации ќе ги планираат идните чекори, а истовремено најавија дека ќе упатат барање за средби со претставници на Министерството за образование и наука и министерот Адеми Арбер.Само за потсетување платите на стручниот кадар во градинките, почнувајќи од јуни годинава, пораснаа за околу 15 %, или по околу 3.000 денари по вработен.

Македонија | пред 6 години

macka

Откриена вакцина против алергија на мачки, но „HypoCat“, сеуште не е за комерцијална употреба

За сите љубители на животни, поточно мачки, кои поради алергии не можат да престојуваат во близина на своите миленичиња, научниците открија вакцина која ја лекува алергијата на мачки.Лицата кои имаат дијагностицирана алергија на мачки всушност се алергични на протеинот Фел-д1, кој се наоѓа во крзното на животното. Овој протеин се закачува на првутот на мачката и на тој начин се шири низ просторот во кој се наоѓа мачката. Кога протеинот Фел-д1 ќе влезе во организмот на лицето кое е алергично, тогаш доаѓа до зголемено производство на хистамин и предизвикува црвенило во очите, кивање и отежнато дишење. Тоа е посебно опасно за лицата кои боледуваат од астма или некој друг облик на болест што влијае на дишните патишта.Вакцината наречена „HypoCat“ е решение за сите лица кои го имаат овој проблем. Научниците ја развивале вакцината повеќе од десет години, а според нив, досегашните истражувања и експерименти покажале дека е многу делотворна. Вакцината се инјектира во мачките, го зајакнува нивниот имунолошки систем, помагајќи им на тој начин да го елиминираат протеинот Фел-д1 од организмот.Вакцината сеуште не е достапна за комерцијална употреба.

Магазин | пред 6 години

tepacka-222

Инцидент пред зградата на Советот на општина Кочани

На 15. 08. 2019 во ПС Кочани И. Х. (41) од Кочани пријавил дека  А.М. од Кочани околу 10 часот, пред зградата на Советот на општина Кочани, прво започнал расправија, а потоа и го турнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен 31 годишен маж кај кого бил пронајден кокаин

На 17.08.2019 година околу 04,40 часот во с.Боговиње запрено било патничко моторно возило “Мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Ш.С.(31) од Гостивар. При извршениот преглед кај него бил пронајден и одземен кокаин. Лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Кај двајца Гостиварци пронајдени марихуана, шприц и семки од марихуана

На 16.08.2019 околу 22,00 часот во Гостивар на улицата “Боге Вељановски“ од страна на полициски службеници лишени од слобода биле Ш.А.(52) и Ќ.Ф.(47) двајцата од Гостивар. При извршениот преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана, шприц и семки од марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Малолетник нападнат на улица

На 17.08.2019 година во 00,40 часот во СВР Скопје Б.Л.(41) од Скопје пријавил дека на 16.08.2019 година околу 22,30 часот на улицата “Борис Бојаџиски“ А.Н. физички го нападнал неговиот малолетен син. Се работи на расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

tepacka2

Шест лица се истепале поради користење на патот до нивните куќи

На 16.08.2019 во 19,55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата “Герника -1“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу лицата Д.С.(58), Ж.С.(32) и Т.В.(51) од една страна и С.С.(31), С.С.(22) и М.С.(42) од друга страна, поради недоразбирање околу користење на патот до нивните куќи. Сочинети записници за констатиран прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.

Скопје | пред 6 години

pretepal-do-smrt

Скопјанец нападнат во дискотека во Градскиот парк

На 17.08.2019 во 04,30 часот во Полициската станица Карпош А.К.(30) од Скопје, пријавил дека во дискотека во Градскиот парк со В.А.(33) и Е.Н.(24) сите од Скопје, биле физички нападнати од неколку лица. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Двајца гостиварци лишени од слобода, полицијата им пронашла марихуана

На 17.08.2019 околу 02,15 часот во Гостивар на улицата “Железничка“ од страна на полициски службеници лишени од слобода биле А.Б.(30) и В.Ф.(25) двајцата од Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Скопјанец приведен, полицијата кај него пронашла марихуана

На 16.08.2019 во 23,05 часот од полициски службеници во Полициската станица Гази Баба лишен од слобода бил Б.Ѓ.(36) од Скопје поради тоа што кај истиот била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

fekalii

Фекалии излеани на плажи во Црна Гора, десетици хоспитализирани, од нив најмногу деца

Десетици лица се заболени од кои повеќето деца, со стомачни инфекции деновиве ги полнат болниците во делови од Црна Гора. Само во последниве десетина дена поради инфекции од ротавируси заболеле 38 лица, од кои дури 36 се деца на возраст до четири години.Цревните заразни болести поради високите температури, кои се погодни за развој на микроорганизмите, најчесто се јавуваат во летниот период.Неколку граѓани изјавиле дека децата, кои престојуваат во будванската населба Бечиќи, се заразени со ротавируси, бидејќи дошло до излевање фекалии на плажата и шеталиштето, а тврдат и дека се инфицирале капејќи се во морето.Од Институтот велат дека не може да се тврди дека се заразени поради капењето во море, бидејќи во Будва заболеле пет лица, колку и во Цетиње.https://twitter.com/Vijestime/status/1155854043962642437?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1155854043962642437&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alsat-m.tv%2Fmk%2F%25d1%2584%25d0%25b5%25d0%25ba%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b8%25d0%25b8-%25d0%25b8%25d0%25b7%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d0%25bb%25d0%25b0%25d0%25b6%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2586%25d1%2580%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b3%25d0%25be%25d1%2580%2F

Свет | пред 6 години

avion-mal

(ВИДЕО)Мал авион принудно слета на автопатот кај Загреб

Авион од марката „цесна 150 м“ морал принудно да слета на автопатот Загреб – Риека. Според хрватските медиуми, во леталото се наоѓал пилот инструктор и една жена којашто ја обучувал.,,Тој започна да го обиколува небото над нас, се спушти многу ниско, но сепак мислевме дека е нормално. Тогаш сфативме, така што тој навистина ќе слета таму! Авионот малку одеше лево – десно по патот се додека неговото крило не удри во оградата, по што застана во стоп-лентата. Од авион излегоа преплашени маж и една жена”, велат очевидци на настанот.За среќа, слетувањето на авионите не предизвика несреќа и никој не е повреден во инцидентот. Поради несреќата, има застој во сообраќајот во правец на Риека.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2452752911638972&id=1694915584089379Видео од овој настан можете да погледнете на овој линк.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања