Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

kamion-zapalen-pozar

Се запали камион “Даф“ со бугарски национални ознаки

На 17.08.2019 година во 19,05 часот било пријавено дека на магистралниот пат во правец од Крива Паланка кон Граничниот премин „Деве Баир“, кај место викано .„Долна маала“-с.Узем, во движење се запалило товарно моторно возило “Даф“ со бугарски национални ознаки, управувано од Л.С.В.(56) од Р.Бугарија. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.

Македонија | пред 6 години

instagram

Малолетнички од Охрид превзеле фотографии од „Инстаграм“ од три девојчиња со недолични содржини ги објавиле

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело  „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе известување против четири малолетнички, на возраст од десет до четиринаесет години, сите од Охрид. Тие, во текот на јули оваа година, од социјалната мрежа „Инстаграм“, неовластено презеле фотографии од три малолетнички од Охрид, ги обработиле и со недолични содржини ги објавиле на „Инстаграм“. 

Македонија | пред 6 години

Naum-IZJAVA-1808-2

Стоилковски: Дали Костадинов се плаши од содржините најдени во телефонот на осомничен во „Рекет“ со срамна содржина?

СДСМ и до гуша заглавениот во криминал Зоран Заев се во паника и демонстрираат нервоза. Заради тоа што живи се фатени во случајот „Рекет“, наместо да побараат одговорност тие водат борба за заштита на криминалот. Затоа се и тие панични прес конференции каде што се конструираат и креираат, сеат лаги,  истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Во тоа предничи портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов кој што според сомневањата има и лични причини за тоа.Имено, отворено прашуваме и отвораме дилема, дали причините заради кои што Костадинов манипулира и лаже на прес конференциите за случајот „Рекет“ е содржината на еден од телефоните на осомничените?Дали во еден од телефоните кои што се форензичат има инкриминирачки пораки и фотографии од Костадинов?Дали Костадинов лаже на прес конференции затоа што се плаши од содржините во телефонот на еден од осомничените, а се со неморална и срамна содржина?Дали затоа Костадинов ниту еднаш не повика, не побара за побрзо вештачење и побрзо расчистување на истрагата?Од што точно се плаши Костадинов кој што често беше фотографиран во друштво на еден од осомничените?За нивната блискост и соработка сведочи и фактот што Костадинов е прогласен за Почесен член на владината невладина токму на еден од осомничените во „Рекет“.Дали телефонот на осомничениот крие лични тајни заради кои сега Костадинов на дневна основа панично манипулира со јавноста?Јасно е дека СДСМ го штити криминалот на главата на октоподот, а сега треба да одговори и дали Костадинов го крие и штити сопствениот срам, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев го честита денот на АРМ: Тажно и опасно, Армијата се става на погрешна страна на историјата како топовско месо на НАТО

-„Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, дозволете најпрвин да го честитам денешниот празник и да ја потенцирам вашата континуирана посветеност во заштитата на територијалниот интегритет на државата. На денешен ден во 1943 година е формирана првата воена единица на НОВ, „Мирче Ацев„ во славната Дебарца која прерасна во македонска војска која заедно со славната советска Црвена Армија се избори за слобода на нашата држава и победа на фашизмот.Денеска, 76 години подоцна е тажен и опасен ден за македонските војници оти се ставени на погрешната страна на историјата. Марионетската власт во Скопје очајнички по секоја цена го турка приемот на Република Македонија во НАТО со што македонските војници ќе се користат како топовско месо и нејзината територија како НАТО база во интерес на геноцидни проекти на НАТО со кои се рушат држави и народи во светот.Војниците во Армијата на Република Македонија да бидат спокојни. Доаѓа ново време, врема на  новата легална власт на Единствена Македонија која ќе ја споречи оваа налудничава идеја на марионетската власт во Скопје и нема да дозволи македонски војници во рамките на НАТО да гинат за туѓи цели. Дозволете ми уште еднаш, почитувани претставници на Армијата, од мое лично име и од име на Единствена Македонија да го честитам Денот на Армијата! - се нагласува во честитката од Бачев по повод Денот на Армијата, се вели во честитката од Центарот за комуникации на Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

festival

(ФОТО) Отворен фестивалот ,,Пображење”

Синоќа на отворената летна сцена на новиот Анфитеатар во Вевчани, свечено беше ОТВОРЕН 9-тиот ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНА КУЛТУРА ,,ПОБРАЖЕЊЕ”- ВЕВЧАНИ. Фестивалот за отворен го прогласи Др.Владимир Боцев претставник од Музеј на Македонија, а народната култура од своите земји презентираа фолклорни ансамбли од: МАКЕДОНИЈА, ГЕРМАНИЈА, ЕСТОНИЈА, СЛОВАЧКА, ХРВАТСКА. Пред свеченото отворање, учесниците со музика и танци со фестивалско дефиле ги развеселија улиците низ Вевчани, а Вевчанци традиционално со бокал вино пред куќите ги поздравуваа драгите гостите уметници. На свеченото отворање организаторите приредија и голем огномет како поздрав за сите учесници и за многубројната публика. Новиот анфитеатар синоќа беше претесен да ги прими сите Вевчанци, гости и љубители на народната култура. Уживајте во атмосферата на Пображење во Вевчани преку нашата фото галерија.

Македонија | пред 6 години

Prentovic

Прентовиќ: Значително зголемени откупните цени, се вреднува и се цени трудот на земјоделците!

После 11 години потценување на  земјоделците, развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати. Се вреднува и се цени трудот на земјоделците. Тоа го потврдуваат и официјалните податоци.  Зголемена е вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи. Истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома и но и на странскиот пазар, истакна  Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.Оваа година, откупната цена на краставицата во јули е зголемена за 145,8 проценти. Ако се спореди со  јуни 2013, кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти. Кај доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто. Во споредба со јули, 2015 година, цената на доматите е зголемена за 143 отсто.  Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година.Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм. Тоа е зголемување од 67 отсто.  Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година. За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката.Овие податоци се особено важни за овој период кога тече откупот на сезонското овошје и зеленчук. Правилните политики во земјоделството и напредокот на земјава на евро-интегративниот пат ја зголеми побарувачката на нашите производи на странските пазари.Извозот на конзервиран зеленчук во 2018 година е зголемен за 6% и изнесува 42.4 милиони евра. За 19% е зголемена вредноста на извезената краставица и тоа најмногу на пазарите на ЕУ. Пораст на извозот од 16 отсто има и кај праските.Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата. Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерствот за земјоделство остануваат посветени на понатамошен развој на земјоделството во интерес на земјоделците.  ЗБОРОТ ВАЖИ,  истакна  Татјана Прентовиќ, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

kolev

Колев: Сонот за создавање на македонска држава, со сите нејзини атрибути, денеска е реалност

По повод 18-ти Август, Денот на Армијата на Македонија, дозволете ми од мое име и од името на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, да упатам честитки до сите припадници на нашите вооружени сили и до граѓаните на Македонија.Сонот за создавање на македонска држава, со сите нејзини атрибути, денеска е реалност. Сопствена армија, како неразделен дел од државноста, за која Македонците мечтаат,  која ќе биде гарант на суверенитетот, територијалната целост но и гордост за сите граѓани на нашата земја, денеска е факт.Армијатата ја чува нашата безбедност и безбедноста на нашите најблиски. Со својот професионализам  и постигнатите резултати во мировните мисии, припадниците на нашата Армија, покажаа дека поседуваат голема способност и можат да учествуваат во процесот за гаранција на регионалниот и меѓународниот мир и стабилност.  Им посакувам на нашите воени лица да продолжат да докажуваат дека нивниот врвен професионализам прекрасно ќе се вклопи со стандардите наложени од нашите сојузници во НАТО.Им посакувам здравје, сила, храброст и истрајност во борбата за зачувувањето на територијалниот интегритет и меѓународниот авторитет на Македонија.Честит празник, се вели во честитката од  претседателот на ГДУ, Петар Колев, по повод Денот на Армијата.

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski-intervju-8-Custom-960x686

Мицкоски до АРМ: Доаѓа ново време кога вие ќе бидете вреднувани!

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку честитка им се обрати на припадниците на Армијата, на кои им порача дека тие заслужуваат највисока почит.„Почитувани припадници на Армијата на Република Македонија, почитувани граѓани, дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да Ви го честитам денот на Армијата на Република Македонија.Денес се одбележува и формирањето на првата регуларна воена единица на НОВ, батаљонот „Мирче Ацев“, формиран во далечната 1943 година на 18 август, во месноста Славеј на планината Караорман, во Дебарца, од партизанските одреди „Даме Груев“, „Ѓорче Петров“ и „Димитар Влахов“.Нивната борба беше за слобода на Македонија, а АРМ како наследник на таа пркосна и слободарска идеја е и мора да остане нејзин најверен чувар.Преку учеството во антифашистичката борба, кога македонскиот народ заедно со сојузниците се избори за слобода и победа на фашизмот, преку учеството во мировните мисии предводени од сојузниците во НАТО, македонската армија покажа и докажа дека има капацитет да се сноси со сите предизвици. Бевте и ќе бидете секогаш на вистинската страна на историјата.Имајќи ги во предвид жртвите кои ги давате во вашето служење за татковината, и како човек кој поминал низ нејзините структури ја заслужувате нашата највисока почит, но и третман од државата.А, условите во кои дејствувате се несразмерни со трудот и интензивниот ангажман кој го давате. Затоа мора да се работи на подобри услови и подобар стандард. Доаѓа ново време, време за обнова на Македонија, кога секој ќе биде вреднуван“, пишува во честитката испратена од Мицкоски. 

Македонија | пред 6 години

Foto-6

Пендаровски до АРМ: Ќе инсистирам на подобрување на вашиот животен и професионален стандард

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се обрати на централната свеченост што по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија се одржа во Армискиот центар за обука на вода, во Охрид. Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето.„На денешен ден, на 18 август 1943 година, на Славеј Планина бил формиран првиот баталјон именуван во чест на паднатиот борец и народен херој, член на Главниот штаб на народноослободителната војска и партизанските одреди ‒ Мирче Ацев.Формирањето на оваа прва голема воена формација е особено значајно и токму затоа, по прогласувањето на нашата независност, 18 август е избран како ден на современата македонска армија.На самите свои почетоци, Армијата започна скромно и во крајно неповолни услови и опкружување. Меѓутоа, за кратко време се консолидираше, а веќе во средината на 1990-тите отпочна со структурните реформи, со цел, да се трансформира во армија на идна земја членка на НАТО.Членството во Алијансата е наш стар стратешки приоритет уште од почетоците на нашата независност, кога беше донесена Резoлуцијата за влез на земјата во НАТО, одлука која во 1993 година во тогашниот парламент беше поддржана од сите парламентарни партии. Во ноември 1995 го потпишавме Рамковниот документ за пристапување кон програмата Партнерство за мир, а две години подоцна бевме примени и во Евроатлантскиот партнерски совет. Во јуни 1996 година ја отворивме Канцеларијата за врски, а при крајот на 1997-та и нашата Постојана мисија во седиштето на НАТО во Брисел. Во април 1999 година, на Самитот на НАТО во Вашингтон, се стекнавме со кандидатскиот статус за членство, по што започнавме со реализација на Акциониот план за членство.До денес, оваа стратешка цел претставува еден од најголемите кохезивни фактори во нашето општество, поддржан од широк национален консензус зад кој стојат сите релевантни политички партии, огромното мнозинство граѓани од сите етнички заедници, а силна поддршка даваат и невладиниот сектор и бизнис-заедницата. По повеќе од две децении реформи и решавање на долгогодишниот спор околу името со Грција, со потпишување на Преспанскиот договор, дојдовме на само еден чекор до исполнување на целта за која напорно работевме толку години – Република Северна Македонија да стане 30-та земја членка на НАТО.Нашата армија, преку десетици ротации и учество на илјадници свои припадници беше и сè уште е дел од многу меѓународни воени мисии, со долгогодишно присуство во меѓународните операции во Ирак, Авганистан, Либан, АЛТЕА во Босна и Херцеговина и како клучен сегмент, долги години, од статусот на земја ‒ поддршка на КФОР на Косово, покажувајќи дека можеме да бидеме интероперативни со армиите на сите партнерски земји и да ги исполнуваме обврските со цел ‒ придонес во колективните системи на одбрана и безбедност.Патот кон НАТО е изоден преку макотрпни реформи, лични вложувања и максимална посветеност на генерации и генерации припадници на вооружените сили. Мажите и жените кои служат во нашата армија и во администрацијата која работи за поддршка на исполнување на одбранбените реформи сите овие години покажаа капацитет, човечки интегритет и истрајност, дури и во моментите кога се намалуваше одбранбениот буџет и во периодите кога политиката нè оддалечуваше од членството во НАТО.Ние, многу одамна, решивме да ги прифатиме вредностите на Северноатлантскиот договор кој нè обврзува да ги чуваме „слободата, заедничкото наследство и цивилизацијата на народите засновани на принципите на демократија, индивидуална слобода и владеење на правото“, како основа на системот на колективна одбрана и заштита на мирот и безбедноста. Со членството во НАТО ќе се зголеми нашата одговорност и кон граѓаните и кон сојузниците. Владеењето на правото е неопходен услов за функционирање на демократијата и за развојот на слободното општество. Затоа, наш апсолутен приоритет е да го издигнеме владеењето на правото во наша врвна вредност и да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите и во државата. Само на тој начин ќе бидеме одговорен и сигурен партнер и на нашите НАТО-сојузници.Реформите во одбраната и во безбедноста се постојан процес и ние ќе продолжиме со нив и по членството во НАТО. Почитувани војници и старешини, како ваш врховен командант сакам да ви кажам дека секогаш ќе ја имате мојата поддршка за опремување и модернизација на вооружените сили, но и за подобрување на условите за живот и работа. Еден од приоритетите во овие реформски процеси ќе биде насочен кон декларираните НАТО-единици. Во овој контекст, целосно ги поддржувам заложбите на Владата, како идна НАТО-членка да издвојуваме 2% од БДП за инвестирање во одбраната и во рамките на моите надлежности ќе направам сè, оваа цел да ја достигнеме во предвидениот рок ‒ најдоцна до 2024 година.Како врховен командант ќе инсистирам на подобрување на вашиот животен и професионален стандард. Како што вие одговорно, посветено и професионално го исполнувате вашиот дел од обврските, така и ние политичарите и носителите на одлуки мора да ја исполниме нашата обврска кон вас. Доволно е да се сетиме на вашиот несебичен ангажман при справувањето со елементарните непогоди, како и при обезбедувањето на јужната граница при соочувањето со огромните мигрантски бранови во 2015 и 2016 година.Сквадронот на транспортни хеликоптери од воздухопловната бригада на Здружената оперативна команда е една од единиците со кои се гордееме. Сквадронот има особени заслуги и исклучителен придонес за јакнење на одбранбената способност, зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на нашата држава, како и за успешно претставување и афирмирање на Армијата на Република Северна Македонија во меѓународни рамки.Ефектот од реформите во Армијата е резултат на опсежните реформи кои ги правевме како резултат на стратешката определба да станеме членка на НАТО. Меѓутоа, во тој процес не бевме сами. На тој пат имавме постојан сојузник што нè потсетуваше на обврските, ги нудеше најдобрите решенија и нè охрабруваше да продолжиме со несмалено темпо. Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје скоро две децении ги поддржува и помага во реформите во одбранбениот сектор што беа неопходни за да ги достигнеме високите критериуми и стандарди за остварување на полноправното членство во НАТО. Благодарение на тие насоки и совети од нашите сојузници, реформите беа со додадена вредност. Имено затоа, денес имаме ефикасна и мобилна армија подготвена да се соочи и да ги извршува и најкомплексните задачи.Тоа се главните причини зошто одлучив да ги одликувам Сквадронот на транспортни хеликоптери и Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје со Орден за воени заслуги. Тоа е нашата благодарност за нивниот труд.Вие многупати ја оправдавте довербата и на нашите граѓани и на нашите сојузници. Затоа, во нивно име, честитајќи ви го празникот, ви благодарам за професионализмот, посветеноста и дисциплината во извршувањето на задачите.

Македонија | пред 6 години

Foto-1-4

Пендаровски именуваше жена за Аѓутант на АРМ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на централната свеченост во Охрид по повод одбележувањето на 18 Август - Денот на Армијата на Република Северна Македонија, со Орден за воени заслуги ги одликуваше Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје и Сквадронот на транспортни хеликоптери од Воздухопловната бригада од Здружената оперативна команда при Армијата на Република Северна Македонија.Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје се одликува со Орден за воени заслуги за континуирана поддршка и помош на Република Северна Македонија во процесот на пристапување и исполнување на критериумите и стандардите за остварување на полноправното членство во НАТО.Сквадронот на транспортни хеликоптери од Воздухопловната бригада од Здружената оперативна команда при Армијата на Република Северна Македонија се одликува со Орден за воени заслуги за особени заслуги и за исклучителен придонес во јакнењето на одбранбената способност, зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Северна Македонија, како и за успешно претставување и афирмирање на Армијата на Република Северна Македонија во меѓународни рамки.Претседателот Пендаровски ја постави полковник Билјана Блажеска за Аѓутант на Врховниот командант на Вооружените сили на Република Северна Македонија во Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.Полковник Блажеска била учесник на повеќе меѓународни обуки и вежби како припадник на Армијата, вклучувајќи го учеството во меѓународната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан во периодот од јуни 2018 до јануари 2019 година. Завршила специјализација за командни и штабни должности на Воената Академија во Скопје, курс за стручно оспособување и усовршување на офицери за служби на копнената војска на Армијата 2000-2001 во втората генерација на жени во Армијата.Во Армијата работела во областа на логистика и била активно вклучена во проекти за развој и унапредување на опремувањето на Армијата, унапредување на логистичката поддршка на единиците на Армијата во мир и во воена состојба како и при упатување во мисии надвор од земјата.Добитник е на медал за учество во мировната мисија „Одлучна поддршка“ и златна значка на Армијата за залагање во работата.

Македонија | пред 6 години

vo-zivo-sk1-oh1-3

ВО ЖИВО ОД ОХРИД: 10 километарска трка во Охридското Езеро

Во Охрид, во водите на Охридското езеро за прв пат се одржува кружна 10-километарска трка во рамките од серијата LEN Open Water. Трката во Охрид која ја организира Пливичката федерација на Северна Македонија (ПФСМ) со поддршка од Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Општина Охрид. Таа е претпоследна од петте трки кои се на програмата од ФИНА и се очекува голема борба за првите позиции на пиедесталот. Преносот во живо започнува во 12 часот.Целиот настан следете го во живо:

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Пороен дожд го зафати Истанбул, невремето зеде една жртва - Капали чаршија под вода

Поројни врнежи го погодија турскиот град Истанбул, а поплавени се улиците и подрумите, а пореметен е железничкиот и траектниот сообраќај. Медиумите јавуваат за еден загинат човек, чие тело било пронајдено во поплавен подвозник.Истанбулските градски власти го запреа превозот на траектите преку Босфор, а во прекин се и некои трамвајски линии во мегалополисот.Локалните медиуми пренесуваат и дека еден автомобил паднал во јаз поради пропаѓање на дел од коловозот како последица од поројните врнежи, но дека патниците во него не биле повредени.https://twitter.com/sputnik_TR/status/1162714947077464064?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1162714947077464064&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alsat-m.tv%2Fmk%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25b3%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25bc%25d0%25be-%25d0%25bd%25d0%25b5%25d0%25b2%25d1%2580%25d0%25b5%25d0%25bc%25d0%25b5-%25d0%25b8-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bb%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25b8-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25b8%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25bd%2Fhttps://www.dailymotion.com/video/x7gelns

Свет | пред 6 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

ВО ЖИВО: Метарска колона на граничните премини со Грција

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничниот премини Табановце за влез и излез од државата се чека околу 30 минути, додека на Богородица се чека триесетина минути само за излез.Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Особено да се внимава на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Каква е моменталната ситуација на граничните премини можете да следите и во живо ТУКА.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_2

(ВИДЕО) Истанбул под вода: Улиците се поплавени, сообраќајот е во прекин – има и жртви

Обилни врнежи го погодиле Истанбул вчера, а поради тоа улиците биле поплавени, а имало и отежнат сообраќај.Имено, едно лице било пронајдено мртво во внатрешноста на поплавен подвозник, јавила приватната новинска агенција ДХА, пренесува АП.Телевизијата Абертурк известила дека дождот го поплавил и историскиот град Гранд Базар, комплексот на атрактивни улици со бројни продавници.https://twitter.com/jaberaboras/status/1162693220792504320?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1162693220792504320&ref_url=https%3A%2F%2Fdnevno.mk%2F%25d0%25b8%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25b1%25d1%2583%25d0%25bb-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b4-%25d0%25b2%25d0%25be%25d0%25b4%25d0%25b0-%25d1%2583%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2586%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b5-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25bf%25d0%25bb%25d0%25b0%25d0%25b2%25d0%25b5%25d0%25bd%2FВластите го запреле траектниот превоз преку Босфор, а укинати биле и некои трамвајски линии.Абертурк јавил дека и еден автомобил упаднал во јама поради рушење на патот, но дека патниците не биле повредени.

Свет | пред 6 години

kabul

(ВИДЕО) Бомбашки напад во Кабул: Убиени 63 жители, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските медиуми. Меѓу жртвите има деца и жени. Според информациите, бомбаш самоубиец активирал експлозив за време на веселбата.Нападот бил извршен во сала за свадби во западниот дел од Кабул во шиитски кварт. Речиси 1.200 луѓе биле поканети за свадбата.Талибанците негираа дека се вмешани и го осудија нападот.

Свет | пред 6 години

1-radijacija-blizu-chernobila

Русија криела дека лекувале луѓе од радијација, 60 лица од болницата во опаснсот

Руските власти скриле дури и од лекарите во регионалната болница Архангелск дека трите жртви од експлозијата на местото Нинокса примени на лекување биле изложени на радиоактивно зрачење.Еден од лекарите детектирал цезиум-137 радионуклид во мускулното ткиво. Околу 60 припадници на болничкиот персонал ќе бидат пратени на испитување во Москва, пренесува The Moscow Times.На 8 август, при неуспешен тест на ракета со нуклеарен мотор се случи експлозија, по што радијацијата во реонот се зголеми најмалку 16 пати над дозволеното ниво. Според различни извори, меѓу 7 и 15 лица загинале, но точниот број не може да се знае, бидејќи властите кријат информации.Трите жртви биле пренесени во болница голи, сместени во проѕирни пластични кеси. Иакопациентите биле во сериозна состојба, медицинските лица не биле информирани за околностите вокои се здобиле со повредите, освен дека имало експлозија на воено место.Извори велат дека е направен обид да ги евакуираат во Москва, но двајца починале на патот конаеродромот.Лекарите зборуваат дека станува збор за зрачење, но никој не сака да потврди. Според руски медиуми, тимот за лекување подоцна добил оловони престилки, но ниту тие не се сигурна заштита.-Персоналот бил шокиран, изјавил лекар за „Москва Тајмс“, наведувајќи дека болницата е цивилна, а не воена. Болнички извори велат дека собите во кои престојувале жртвите подоцна биле третирани противрадиоактивно загадување.Портпарол на „Нордик њуз“ тврди дека приемниот оддел и оперативната единица биле затворени неколку дена поради внесената радиоактивна прашина. Лекарите кои оствариле контакт со пациентите потпишале изјави за доверливост, пренесува „Москва тајмс“.Сите податоци за озрачените пациенти се избришани од записите во болницата

Свет | пред 6 години

policija-1

Патот Струмица-Валандово во прекин поради сообраќајка

Сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Валандово, кај селото Костурино од 11 часот е во целосен прекин.Од Авто-мото сојузот посочуваат дека сообраќајот е во прекин поради сообраќајна незгода.

Македонија | пред 6 години

guzva-kej-ohrid-turisti

Македонија ќе има двојно повеќе топли денови за 46 години

Скопје летово беше во портокалова фаза, а термометрите покажуваа и до 45 Целзиусови степени. Ефектите од глобалното затоплување веќе се реалност и се случуваат, а тоа во иднина само ќе се влошува, пишува МИА.Летово цела Европа беше зафатена од топлотен бран со рекордно високи температури. Во Париз беа измерени рекордни 42,6 Целзиусови степени, со што се надмина претходниот рекорд од 40,4 степени измерени пред повеќе од 70 години. Некои делови од Централна и Западна Европа имаа за десет степени повисоки дневни процеси над вообичаените температури.Скопје до крајот на столетието може да очекува меѓу 26 и 65 жешки денови во годинатаКако што светот се затоплува поради човечките активности кои влијаат на климатските промени, така поголемиот дел од жителите на Земјата може да очекуваат се повеќе топли денови со температури над 32 Целзиусови степени во иднина.Скопје и околината во 1960 година во просек имале седум дена годишно со температура над 32 степени, а до крајот на ова столетие може да очекува меѓу 26 и 65 вакви многу жешки денови.„Њујорк тајмс“ во статијата насловена „Колку потопол станува твојот роден град?“ пишува за влијанието на климатските промени и нуди интерактивна мапа на која може да се види како се затоплува градот во кој сте родени и колку може да очекувате да се зголемат температурите во иднина.Жителите на Скопје и околината во 1985 година можеле да очекуваат околу седум дена во годината да достигнат до 32 Целзиусови степени, за во 1995 таа бројка да се искачи на 11 и во 2005 година на 13 денови.Денес жителите на Скопје и околината може да очекуваат околу 16 дена со температури над 32 Целзиусови степени во текот на една календарска година, додека во 2065 година, оваа бројка според проценките на истражувањето ќе достигне до 31 ден во годината, додека проектираниот опсег е меѓу 23 и 54 денови годишно.Проекциите прикажани во анализата, се под претпоставка дека државите ќе ја намалат емисијата на штетни гасови согласно Договорот за клима од Париз.Најтопло било во 2007 година, измерени 45,7 степениНајтопло лето откако се мерат температурите во земјава имало во 2007 година, кога се измерени рекордни 45,7 Целзиусови степени.Температурниот максисмум е регистриран во Демир Капија на 24 јули 2007 година. Рекордот и за Скопје е во истиот тој ден, кога температурата се искачила до 43,3 степени. Тој ден се измерени и рекордни 45,3 степени во Гевгелија, 43,5 степени во Штип и 40,2 степени во Крива Паланка.Повеќе на Независен.мк

Македонија | пред 6 години

20190716011906

Законот за новото СЈО не е ниту на повидок, „Рекет“ може да предизвика криза

Закон за Јавно обвинителство не е на ниту повидок, преговорите меѓу власта и опозицијата за повеќе клучни теми и прашња со месеци не се помрднале од мртва точка а барањата за предвремени избори се се погласни и појасни. Случајот „Рекет“ дополнително ја испроблематизира политичката состојба во државата па затоа се поставува прашањето дали скандалот може да предизвика нова политичка криза во Македонија, пишува Телма ТВ.Политикологот Ненад Марковиќ смета дека „Рекет“ единтсвено може да предизвика политичка криза доколу се утврди вмешаност на политичари, и доколу се одолговлекува истрагата со што се отвара простор за шпекулации.Сепак „Рекет“ влијае врз преговорите околу законот за Јавно обвинителство и статусот на СЈО, закон за кој Брисел е дециден дека мора да се донесе и од кој и зависи одлуката во октомври.Кога станува збор за предвремени избори, Марковиќ е дециден дека може да се одржат нарајно на пролет индата година.На 27 август на дневен ред на собраниската седница е владиниот предлог закон за Јавно обвинителство, според кој СЈО треба да се спои со постоечкото обвинителство за гонење на организиран криминал а сите обвинители да продолжат да работат во него. ВМРО ДПМНЕ не прифаќа на чело на оваа институција да биде обвинителката Рускоска и инсистираат да биде прифатен нивниот предлог закон кој бил подготвен согласно стандардите на Советот на Европа. За усвојување на законот неопходно е да се обезбеди подршка од 80 пратеници, која во моментов ја нема.

Македонија | пред 6 години

genjganjrgregre-217846

Платата која ја зема секој десетти Германец – со неа и официјално се сметате за богати

Секој кој во Германија има плата од 3.440 евра официјално се смета за богат.Ова го покажуваат податоците на Бизнис иститутот од Келн.Оваа плата е достапна за секој десетти Германец. За богат се смета самецот кој ја зема оваа плата, а пак за семејства границата е 5.160 евра.Но, луѓето кои ги имаат овие примања себе си се сметаат дека припаѓаат на средна класа.

Магазин | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Нови цени на горивата - покачување или намалување?

Регулаторната комисија за енергетика утре напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат по полноќ.Со последната промена на цените минатата недела, поевтинија бензинот и дизелот во Македонија.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалија за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 ден/лит.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 05.08.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.Останува утре да видиме дали не очекува ново намалување на цените.

Македонија | пред 6 години

kucinja-kuce

Маж и жена каснати од куче во Скопје, пријавиле во полиција

На 17.08.2019 во 22,00 часот во Полициската Карпош М.Т.(74) пријавил дека на улицата “Бранислав Нушиќ“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.На 17.08.2019 во 20,50 часот во Полициската станица Центар А.Г.(35) од Скопје, пријавила дека на булеварот “Македонија“ била касната од куче скитник во пределот на левата потколеница.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

Автомобил заврши во ендек во Битола, возачот со тешки повреди

На 17.08.2019 во 23,28 часот било пријавено дека на патот за с.Егри-битолско патничко моторно возило „Опел астра“, со битолски регистарски ознаки управувано од Б.М.(58) од Битола излетало од патот.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 6 години

Soobrakajci-policija

Судар меѓу трактор и автомобил во Струмица, едно лице со тешки повреди пренесено во болница

На 17.08.2019 во 20,45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Ново Село, на место викано „Сушичко стопанство“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Волво“ со швајцарски национални ознаки, управувано од М.К.(56) од с.Н.Коњарево, и трактор „ИМТ 533’, управуван од С.Т.(54) од с.Сушица.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, кој бил пренесен за укажување лекарска помош во Медицинскиот центар Струмица.Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Претреси во Делчево: Пронајдена марихуана и мешавина со тутун

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.И.(25) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.На 04.08.2018 година во Делчево на улицата „Кузман Јосифовски-Питу”, од полициски службеници, при претрес во домот биле пронајдени и одземени  марихуана и мешавина од тутун и марихуана.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања