Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

thumbnail_image1

СДСМ: Успешните аграрни политики донесоа повисоки откупни цени, помали трошоци и повеќе пари за земјоделците

Развојните и одржливи аграрни политики на Владата предводена од СДСМ даваат позитивни резултати. Вредноста на клучните извозно ориентирани земјоделски производи е зголемена, а  истовремено расте и побарувачката за македонските земјоделски производи, дома  и на странскиот пазар. Оваа година, откупната цена на краставицата во јули е зголемена за 145,8 проценти. Ако се спореди со  јуни 2013, кога ВМРО-ДПМНЕ го водеше земјоделскиот сектор, цената на краставицата е зголемена за 240 проценти, се вели во соопштението од СДСМ.Кај доматите, откупната цена од минатата година е зголемена за 85,5 отсто. Во споредба со јули, 2015 година, цената на доматите е зголемена за 143 отсто. Кај лубениците е забележан пораст на откупата цена за 115%, споредбено со јули 2015 година.Оваа година, откупната цена на белото грозје е зголемена на 50 денари, а во 2016 година била 30 денари за килограм. Тоа е зголемување од 67 отсто. Откупната цена на сливите, во јули оваа година е зголемена за 18,8 отсто споредбено со минатата година.За 31 отсто зголемена е откупната цена на пиперката.Повисоки откупни цени значат повеќе пари за земјоделците и повеќе средства во економијата. Зборот важи, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

jove-kekenovski

По „Рекет“ и Катица Јанева, требаше предвремени избори, вели Кекеновски

Работните тимови на власта и на опозицијата деновиве повторно ќе седнат на маса во обид да ги доближат ставовите за законот за обвинителството предложен од Владата, кој следниот вторник ќе се најде пред пратениците. Еден ден пред распитот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која ќе треба да одговара што знае за случајот „Рекет“, позициите на двете страни остануваат непроменети. Власта остава простор за договор по барањата на ВМРО-ДПМНЕ, но потенцираат оти компромис со криминалот не може да има, алудирајќи на можноста да се затворат случаите на СЈО. Од опозицијата, пак, велат оти нема шанси да прифатат Јанева и останатиот дел од специјалното обвинителство по автоматизам да бидат преселени во новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција. Неделава ќе продолжат и разговорите за пописот. Информациите се оти тука побрзо и полесно ќе се стигне до заедничко прифатливо решение отколку за законот за обвинителство. Кога е во прашање изборниот модел, тој е последен на листата на приоритети и ќе зависи од тоа како ќе одат преговорите во однос на претходните две теми.Аналитичарите се согласуваат дека предвремени избори во моментов не смеат да бидат приоритет, но нагласуваат оти следните чекори на политичката сцена во земјава ќе зависат од Брисел, но и од разврската за „Рекет“.„Ако имавме сериозна опозиција, досега сигурно ќе имавме и предвремени избори“, коментира професорот Јове Кекеновски.Поранешната пратеничка Софија Куновска смета дека аферата „Рекет“ уште на самиот почеток излета од шините на правото и се најде во полето на политичките игри помеѓу власта и опозицијата. Наместо околу неа жестоко да реагираат правосудните органи, аферата сè повеќе служи за маркетинг на политичките партии со што, според неа, се потврдува впечатокот за нефункционалност на институциите во Македонија.Повеќе на Независен.мк

Коментари | пред 6 години

pozari-1

Изгореа 15.000 домови до Дака, Бангладеш

Во голем пожар во Дака, престолнината на Бангладеш, изгореа 15.000 домов, а 50.000 луѓе останаа без покрив на главата.Пожарот избувнал во сиромашна населба, каде поголем дел од бараките се изградени од лесно запаллива материја, пренесе Би-би-си. Според податоците, нема загинати, а неколку луѓе се потешко повредени.Причината за пожарот не е позната, а Владата на Бангладеш најави помош на сите кои останаа без своите домови.

Свет | пред 6 години

lugje-plostad-skopje

„Тоше Проески, Есма, Горан Стефановски, Ванчо Петрушевски“, какви имиња предлагаат Скопјани за улиците?

Заврши анкетата во која скопјани можеа да предлагаат нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти). Анкетата ја објави Град Скопје на 29 јули годинава, а беше отворена до вчера, 18 август.Граѓаните имаа можност да предлагаат само имиња на топоними, но не и локации кои би биле именувани со овие имиња.На веб-страницата на Град Скопје беше објавен онлајн-прашалник преку кој граѓаните можеа да испраќаат свои предлози за топоними преку интернет, со одговарање неколку прашања. Оние граѓани што не користат интернет, имаа можност своите предлози преку пошта да ги испраќаат до Град Скопје, најдоцна до вчера.Согласно Законот за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, имињата на градските топоними „можат да бидат определени со географско, етнографско, историско и друго обележје, име на истакната личност од областа на историјата, науката и културата, други погодни имиња, како и со име на значаен настан и датум врз основа на листа на имиња“.Предложените имиња од граѓаните ќе ги разгледува Комисија за именување на улици, полоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје, што има задача да ја состави листата на имиња во согласност со одредбите на овој Закон. Листата во форма на предлог се доставува до Советот на Град Скопје, кој ја утврдува по претходно добиени мислења од општините во согласност со Владата.Комисијата за именување на улици, полоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје ќе ги разгледа предлозите на граѓаните, но нема обврска сите нив да ги вклучи во листата што ќе му биде предложена на Советот.Постоеше голем интерес кај скопјани да се вклучат во анкетата. Граѓаните со кои МИА разговараше, велеа дека веќе го пополниле онлајн-прашалникот. Нивните предлози, како што ни изјавија, најчесто се однесуваат за личности кои придонеле за афирмација на Скопје и на државата. Меѓу предлозите се Тоше Проески, Есма, Горан Стефановски, Ванчо Петрушевски…

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

По викендот, границите со Грција без гужви

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).– Од денеска ќе се изведуваат градежни активности при поставување индуктивни јамки на автопат, наплатна станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово во времетраење од два дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, соопшти АМСМ.Од денеска ќе се почне и со изведување градежни активности за поставување електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.Од АМСМ информираат дека од денеска ќе почне изведување градежни активности на дел од улицата „Ѓорче Петров“ од крстосница со булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“ до БС Макпетрол, патен правец Скопје – Тетово, во времетраење од десет дена. За таа цел ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП „Скопје“.Иако собраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

nokno-rabotenje-skopje-696x522

Шилегов ноќе го асфалтира Скопје

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, спроведува летна градежна офанзива во градот. За да не се блокира сообраќајот, голем дел од работите низ сообраќајниците се одвиваат ноќе.Градежните работи на булевар „Кочо Рацин“, пред Црвен крст ќе се одвиваат без престан 36 часа, со цел денес наутро крстосницата целосно да е проодна и сообраќајот да се одвива без застој во центарот на градот. Реконструкцијата на целиот булевар ќе заврши во текот на наредната недела.Мостот „Гоце Делчев“, исто така, според најавите, целосно ќе биде завршен и од денес се очекува непречено одвивање на сообраќајот во тој дел од градот. Шилегов информираше и за други реконструкции на улици и сообраќајници, за нивно обележување и за миење на улиците.

Скопје | пред 6 години

boki-13

Директорот за затворот во Шутка: Бoки 13 не барал преместување на психијатрија, за таму се тие што ги прават овие вести

“Боки13 живееше луксузно, а сега во затвор бара помош и прима инјекции за смирување. Очајниот Јовановски се закани: Носете ме во лудница или ќе пропеам за Заев.”Вака гласи насловот на статијата на српскиот портал Курир која беше објавена вчера, а во која се наведува дека осомничениот во Рекет Бојан Јовановски испратил порака до македонскиот државен врв да се премести во психијатриското одделение, а ако тоа не биде направено во рок од три дена, тој ќе изнесе докази за нивната вмешаност во рекетирањето. Оваа објава ја пренесоа и дел од македонските медиуми. Есад Рахиќ директорот на затворот во Шутка, каде се наоѓа Јовановски за Канал 5 категорично ги негира овие информации.-Не вреди да се коментира, се е измислено. Ако е некој за психијатрија тоа се ликовите што ги прават овие вести. Ниту прима инекции, ниту доаѓала брза помош, ниту барал да биде преместен на психијатрија.Случајот Рекет во последниов период стана непресушен извор на дезинформации и лажни вести, пласирани најчесто во дел од српските портали, а серијалот за Боки 13 се претвори во своевидна медиумска сапуница, во која доминираше префиксот „екслузивно и скандалозно“. За тоа дали умее македонската јавност и македонските медиуми да ги препознаат разговаравме со специјалистот за односи со јавност и нови медиуми Бојан Кордалов. Тој вели дека зад ваквите објави покрај заработката од кликови, најчесто се кријат и други интереси. Но, најважна во борбата против лажните вести е улогата на институциите кои треба да кажат која е нивната страна на приказната.Бојан Јовановски се наоѓа во притвор од 16ти јули. Тој беше уапсен на граничниот премин Богородица, а е осомничен за изнуда на 1.5 милиони евра и перење на пари.

Македонија | пред 6 години

dimitrov

Димитров: Дискредитацијата на СЈО преку аферата “Рекет” повторно е на истата линија

Нападот на Собранието, најцрниот ден на македонската демократија, беше за да се избегне одговорност за снимките како индиции за масовна злоупотреба и планина од криминал. Да и’ се избега на правдата. Бојкотот на референдумот имаше иста цел. Да се факторизираат пратениците, за да се тргува со одговорноста. Да и’ се избега на правдата. Дискредитацијата на СЈО преку аферата “Рекет” повторно е на истата линија. Да и’ се избега на правдата, напаѓајќи ја институцијата специјално формирана токму да испорача правда. До тука имаме континуитет на политичка агенда на неказнивост или со правен израз - повторување на (не)делото.Но, тоа што криминалот сака да го дискредитира својот гонител не треба да не’ чуди. Зачудува до бес што некој изгледа дозволил жедта за правда да биде искористена за да се згасне жедта за пари. Можното соучесништво на обвинител од оваа институција во трговијата со одговорноста, максимално ја зголемува потребата од целосно и одлучно расчистување со сите валканици што излегоа на виделина, кон кого и да водат. Иако целата приказна згрозува до апатија, ако тој кој требало да го гони криминалот, се ставил на страната на криминалците, тоа мора да биде само дополнителен мотив во борбата за правда, а не дигање раце. Расчистување и правда и за “рекет”, но и за сите криминали во снимките и вон снимките. “Рекет” всушност е раскрсница. Едниот пат води кон иднина, другиот пат кон бездна. Можеби дојде време да се преброиме.Од сето ова има само еден заклучок: продолжувањето по патот на одговорноста за сите е највисок државен интерес! Влогот не може да биде поголем. Да се биде патриот значи да се биде борец за правда. Особено денес.ПС. Да бидеме начисто, бидејќи има премногу “сите”: јас ниту сум имал средба, ниту фотографија, а уште помалку меморандум со Боки 13. Ова се разбира само по себе не е ни за фалење де, освен што изгледа сум имал правилно претчувство што пропуштам  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Патниот правец Скопје-Тетово со посебен сообраќаен режим

АМСМ информира дека „Виадукт Трејд“ денеска ќе започне со изведување на градежни активности на дел од ул. “Ѓорче Петров” од крстосница со бул. “Кузман Јосифовски Питу” до БС Макпетрол, патен правец Скопје – Тетово, во времетраење од 10 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај (пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП).

Македонија | пред 6 години

janeva-ruskovska

Јанева утре ќе се соочи со Русковска за „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе сведочи за случајот „Рекет“ откако нејзиниот глас се слушна во објавените разговори меѓу Боки 13 и Орце Камчев.Поканата која ја добила Јанева е за вторник во 10 часот, потврдија од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Денеска пак на распит е обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми, кој го води предметот "Поштенска банка" за кој според писмената изјава на Обвинителката Лиле Стефанова, требало да биде затворен по барање на специјалната обвинителка Катица Јанева.На распит во обвинителството во средата беше и Стефанова, а ден претходно исказ даде и Обвинителката Елизабета Јосифовска.Вчера пак во својство на сведок во обвинителството беше повикана и шефицата на кабинетот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Македонија | пред 6 години

pozarna

Изгаснат пожарот кај Пинтија

Пожарот кај населбата Пинтија е изгаснат, информираат утринава од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Пожарот избувна вчера околу 11:30 часот во шумскиоит реон над Пинтија и зафати поголема површина мешана шума.Последните денови во скопските планини имаше неколку пожари. Најчести причини за проширувањето на огнот се високите температури и силниот ветер.

Скопје | пред 6 години

pcinja

15 годишно момче се удави во Пчиња, кај кумановското село Шупли Камен

Петнаесетгодишно момче од кумановското село Љубодраг се удави во реката Пчиња, во селото Шупли Камен. Немилиот настан се случи денеска околу 16 часот, кога детето заедно со своите другарчиња влегло да плива во еден од вировите  длабок околу 3,5 метри. Притоа го повлекла водата и пропаднало.Луѓето кои биле со него се обиделе да го пронајдат, но безуспешно.Веднаш била известена полицијата која пристигнала и заедно со мештаните ја започнала потрагата.По еден час било извадено безживотното тело на несреќното момче. Увид на лице место извршила полицијата и јавен обвинител.

Македонија | пред 6 години

meso

АХВ со нов правилник за промет на храна од животинско потекло

Во Стопанската комора на Македонија денеска ќе се одржи прес-конференција на тема: Дефинирање на условите за ставање во промет на храната од животинско потекло наменета за директно снабдување до крајните потрошувачи од страна на производителите согласно новиот правилник на АХВ.Како што соопштија од Стопанската комора, на прес-конференцијата најавено е присуството на Ванчо Новоселски – в.д. раководител на Секторот за инспекциски надзор во Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници на АХВ, претставници од работната група која учествуваше во изработката на новиот правилник, и Јован Дабевски од компанијата „Трница“ ДОО.

Македонија | пред 6 години

titanik

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Претходното рочиште беше одложено поради отсуството на членот на судечкиот совет, судијата Огнен Ставрев.Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.Ново рочиште денеска треба да се одржи и за предметот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој пустоши низ Македонија

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој пустоши низ Македонија. Институциите се целосно притиснати и ставени во служба на криминалот на Заев и неговите соработници, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Најдобар доказ за тоа е постапувањето на Јавното обвинителство овие четири месеци откако Вилма Русковска ги има сите докази за рекетот на проектот на Заев и негов штитеник Боки Тредичи и разно разните Кики, Фрики и Шеки.Зоран Заев, притиснат до ѕид од сите докази, преку неговиот мегафон Костадинов упорно се обидува да си ја ишне мувата од капата , со бесрамни лаги дека ВМРО го измислило Боки 13 и функционери на ВМРО го примале по кабинети, се фотографирале со него и му биле грб во рекетарските походи. Уште потрагично е тоа што Јавното обвинителство влезе во неговиот филм и четири месеци се обидува да ги игнорира сите траги кои водат кон Заев. Четири месеци Русковска обвинителството ги убедува граѓаните дека Боки на своја рака и без поддршка од власта рекетирал.Срамно и долно. Со вакво деградирање и девалвирање на институциите на системот, целосно се урива довербата на граѓаните во нив, а членството во ЕУ е недостижно, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

toplo-vreme-768x556

Времето денеска, сончево и топлло

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. УВ индексот ќе биде 8. Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 34 Целзиусови степени.Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и топло време со постепен пораст на температурата на воздухот.Темпаратурата ќе се движи од 30 до 38 степени.

Македонија | пред 6 години

nikogas-severna

(ФОТО) Македонците со маичка им одговорија на Грците: Ги поразивме во 338 г. п.н.е. и ќе го направиме тоа повторно!

Грците добија соодбетен одговор. Маичка со маичка.По провокацијата која ја објавија Грците по социјлните мрежи на која има Гркинката ја објави на Твитер, се појави исто така маичка со македонски одговор. На фотографијата на маичката покрај 16-кракото Сонце од Кутлеш, споменикот на Александар Македонски во Скопје и споменикот од Херонеја, каде што неговиот татко Филип Втори Македонски им нанел тежок пораз на Атињаните и на Тебанците, а во битката учествувал и Александар, пишува:– Ги поразивме во 338 г.п.н.е. и ќе го направиме тоа повторно!Најдолу во текстот е и хаштагот: „Никогаш Северна, само #Македонија“. 

Македонија | пред 6 години

brod-hvar

Децата затруени јаглерод моноксид на бродот во Хрватска се будат од кома

Здравјето на двете деца на возраст од 5 и 14 години кои се затруле на брод во близина на Хвар е стабилно, па тие се исклучени од респиратори и дишат самостојно. По три дена, лекарите во сплитскиот Клинички центар започнале да ги будат од кома, пренесе ХРТ. Децата се затруја од јаглерод моноксид од неправилно вграден генератор во едреник со кој  тргнале на крстарење по Јадранот.Сопственикот и капетанот на бродот, се осомничени дека предизвикале трагедијата во која загина 57-годишниот Евгенио Винчи, а две деца се во животно загрижувачка состојба.На 13 август, 57-годишен маж почина од труење со јаглерод моноксид на брод на Хвар, а петмина биле пренесени во болница во Сплит поради здравствени проблеми. Меѓу нив имаше и две деца чии животи беа загрозени. Сите шестмина затруени на бродот на Хвар се италијански државјани.

Свет | пред 6 години

grk-ostavka

Грчкиот митрополит што организираше протести против Преспанскиот договор - поднесе оставка

Контроверзниот грчки митрополит од Калаврит, Амвросиос, кој важи за жесток грчки конзервативец, денеска поднесе оставка, пренесуваат грчките медиуми. Тој е познат по острите изјави против оние за кои тврди дека делуваат „нехристијански“, вклучително и хомосексуалците, мигрантите и политичарите.Амвросиос (81) објави оставка за време на денешната литургија. Тој беше митрополит во Калаврит, во јужна Грција, од 1978 година.Амвросиос го привлече вниманието со поддршката на крајната десничарска, анти-имигранстка партија „Златна зора“, која сега е во распад, а нејзините функционери се на судење или во затворите.Оваа година, судот го осуди Амвросиос поради говор на омраза кон ЛГБТ лицата. Доби само условна казна од 7 месеци затвор.Минатата година изјави дека смртоносниот пожар со стотина загинати во близина на Атина, бил „божја казна“ за тогашниот „атеистички“ левичарски премиер, Алексис Ципрас.

Свет | пред 6 години

pozar-1

(ВИДЕО) Пожар на Канарските острови - евакуирани над 4.000 лица

На шпанските Канарски осрови изби шумски пожар поради кој е евакуирано местото Гран Канарија. Експертите тврдат дека постои опасност од проширување на огнот. Над 4.000 лица се евакуирани поради пожар, пренесува АП.Најновиот пожар започна во саботата попладне во близина на градот Валесеко на островот Гран Канарија, кој се наоѓа во Канарскиот архипелаг во Атлантскиот Океан.Властите стравуваат дека постои опаснот огнот да се рашири. Температурите на островот последниве денови биле околу 40 степени, со влажност под 30 проценти и силен ветер, што според експертите, создале идеални услови за ширење на огнената стихија.

Свет | пред 6 години

infuzija

Пациент на психијатрија, со држач од инфузија убил 4 пациенти

Со држач за инфузија еден пациент уби четворица други во болница во романската општина Сапока, пренесуваат медумите. Тој ги нападнал другите пациенти само три дена откако доброволно се пријавил во оваа психијатриска установа.Крвавиот напад се случил утрово околу три часот по полноќ, во две различни одделенија. Пациентот (38) најпрво го нападнал својот цимер со стативот за инфузија. Потоа влегол во женскиот оддел, каде што почнал да ги удира пациентките со истиот статив.Убил четири лица, додека ранил девет, од кои двајца паднале во кома.Сите жртви имале над 60 години и страдале од разни психички проблеми.Пациентот е уапсен, а во моментот на неговото апсење, тој сè уште во раце држел дел од стативот за инфузија со кој ги убивал пациентите.

Свет | пред 6 години

sonce-grci

(ФОТО) Грците по социјалните мрежи си играат мајтап со нас

а десетици портали и на социјалните мрежи беше објавена провокативна вест со иста фотографија и речиси идентичен наслов во кој меѓу другото пишува дека „Грците ликуваат“, „Ова е понижување“, како коментар за сликата на која, наводно, девојка од Грција е облечена во маичка со која се мајтапи со бришењето на Сонцето (Ѕвездата) од Вергина (Кутлеш), пишува „360 Степени“.Личноста која ја објавила фотографијата, според тоа што го пишува или го проследува на своите профили на Фејсбук и на Твитер е грчки шовинист. Таа е речиси и непозната, со оглед дека има многу мал број следбеници, меѓу кои најголем дел се со слична определба, а има и неколкумина кои се од спротивниот табор, тврди македонски националисти.Текстот во целост на епени“ на „360 Степени“. 

Македонија | пред 6 години

pozar-pintija

Пожарот над Пинтија локализиран

Авиони на Дирекцијата за заштита и спасување се активираа во гаснењето на огнената стихија над скопска Пинтија. Пожарот кој избувна нешто пред пладне се одржува под контрола велат од противпожарната бригада на Скопје.Ветрот огнот го насочил кон Сопиште. Се интервенира со осум возила, дополнителна помош доаѓа од општина Кисела Вода, но и од месното население.Покрај скопска Пинтија, денеска пожари има и во скопските села Мојанце, Долно Блаце и над Арачиново. Оганот таму е со помал интезитет, а пожарникарите интервенираат на трите локации.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

ОК ВМРО ДПМНЕ Струга: Ниту едно ветување кое што им го дале функционерите на СДСМ на стружани, досега не го исполниле

По повод неодамнешната посета на Струга, од страна на актуелните функционери на СДСМ, Дарко Каевски и Сања Лукаревска, и нивните моментални ветувања, како и многубројните досега, би сакале да ги потсетиме дека ниту едно ветување кое што им го дале функционерите на СДСМ на стружани, досега не го исполниле.За жал, веќе три години граѓаните на Струга добиваа ветувања за реконструкција на затворениот пливачки базен, но сите сме сведоци дека ништо околу тоа не е направено, иако овој проблем претставува рак-рана за стружани, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО - ДПМНЕ, OK- Струга.Во однос на немилиот настан, неодамнешниот пожар во кој целосно изгоре и беше опустошен едриличарскиот клуб ,,Снегар" од Струга, добро е што актуелниот директор на Агенцијата за млади и спорт даде ветување дека најдоцна до месец дена клубот ќе биде обновен и ќе биде ставен во функција, но повторно би сакале да го потсетиме него, како и сите други функционери од власта дека штом ќе дадеш збор, истиот треба и да го исполниш.Се надеваме дека овој случај нема да заврши како случајот со затворениот пливачки базен за кој што се ветуваше многу, а работите три години не се мрднати од мртва точка.Како и во претходната наша реакција за пожарот во едриличарскиот клуб ,,Снегар", така и сега би сакале да го потсетиме министерот Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи да се ангажираат малку посериозно и да се откријат виновниците за овој немил настан затоа што им ветивте на стружани и повторно ништо до овој момент не е направено од Ваша страна.Впрочем, вие сте тука за граѓаните, а тие досега ништо не виделе од сите ваши ветувања.Граѓаните од вас очекуваат вистински дела и затоа конечно активирајте се и решете некој вистински проблем, а брусењето на шахтите заменете го со некоја поблагородна дејност, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО - ДПМНЕ, OK- Струга.

Македонија | пред 6 години

Kolinda-Grabar

Ограбен службениот автомобил на хрватската претседателка Колина Грабар Китаровиќ

Службениот автомобил на хрватската претседателка Колина Грабар Китаровиќ е ограбен.Обезбедуваето го оставило отклучен и крадците ја однеле целата опрема, пишува „Нова Тв“.Обезбедувањето било повикано на одговорност, но тие се правдале дека имале премногу работа и оти во моментот на кражбата се вршело примопредавање на смената. 

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања