Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Katica-Janeva-izjava-posle-raspit_1

Јанева со насмевка си замина од канцеларијата на Русковска

По четири и пол часа распит во Обвинителството за организиран криминал, Катица Јанева си замина со насмевка и се уште во својство на сведок. Специјалната јавна обвинителка по исказот кај Вилма Русковска не е осомничена во случајот „Рекет“. Во Обвинителството беше придружувана од адвокатот, Стеван Павлески, кој истовремено е адвокат на осомничениот Цветан Панделески во случајот „Империја“.По завршувањето на распитот Јанева даде штура изјава , без да открие детали што точно изјавила за случајот „Рекет“. Постојано повторуваше дека не смее да зборува, бидејќи се уште трае истрагата.„Може да бидете стрпливи. Ова е истрага, треба да знаете и тоа е општо познато дека за истрага не се споделуваат информации. Се надевам дека ќе има судење на кое ќе бидете присутни и ќе се гледаме уште почесто.“Новинарите ја прашаа дали чувствува вина за случајот „Рекет“, на што таа одговори дека не чувствува. По прашањето зошто барала спогодба за случајот „Империја“, реагираше нејзиниот адвокат кој ја посоветува некои работи да премолчи со зборовите: „Не си на распит“, по што ја испрати до службеното „Пежо“.Повеќе на ИРЛ.мк

Македонија | пред 6 години

saso-tasevski

Нема да има судење за „Рекет“ оти немаат докази, Боки ќе добие 2 години затвор, пишува Тасевски

Ништо од судењето за Рекет. Ќе излезе немаат доволно докази. Ката веќе не признава дека е нејзин гласот. Не признава дека го форматирала телефонот, не признава дека дала оставка во СЈО, не признава дека е женско. Очигледно на плажа се договорија. Ќе добијат по две години затвор, само Боки и Зоки. Ќе излезат по петнаесет месеци ко ништо да не било.Ќе се стави уште еден бројчаник за 1,5 милиони на Орце. Каде се и во кого се да брои. Ќе се чека знак од Америте за пржинска влада до изборите. Тие ќе притискаат и да добиеме датум за ЕУ како дијазепам за сите потресени од Рекет. А тука, во потресените спаѓа и ЕУ.Е сега, ако ја пукнат Италијаните новата бомба, ќе биде држ ме мајко... Судејќи по она што се збори дека има на неа. Но, и тие како да лапнаа некое дијазепамче, читај, милионче, па се смирија и останаа на закани.Ќе биде тоа уште едно забошотување во низата, од атентатот на Киро, Октоподот, преку војната 2001, до актуелните Че си лежите и Рекет.Правда и мир ќе има... На Куково лето.Сашо Тасевски - актер (Фејсбук статус)

Коментари | пред 6 години

120190420_222536

Сопственичка на сајт за попусти ќе биде нова министерка за финансии?

Владиниот кабинет ќе претрпи измени со назначувањето министерка за финансии, пишува Алсат. На чело на ова министерство, како што неофицијално дознава Алсат, во трката меѓу трите жена, Нина Ангеловска, Татјана Штерјова и гувернерката Анита Бежовска Ангеловска, предводи Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата Групер.Од разрешувањето на Драган Тевдовски во јуни, со Министерството за финансии управува заменик-министерката Ширет Елези, а политиките во овој ресор ги води премиерот Зоран Заев. Заев првично предложи тој да биде и министер за финансии, но од Антикорупциската комисија излегоа со мислење дека тој нема право биде и премиер и министер.Исто така, како што дознава Алсат, од фунцијата заменик министер за економија ќе се повлече Кире Наумов. Тој заминува на друга позиција во Македонската Банка за подршка на развој а на негово место, во ресорот што го предводи Крешник Бектеши доаѓа една од кандидатките кои се споменуваат за финансии, пишува Алсат.

Македонија | пред 6 години

grcija

Се урна хеликоптер во Грција

Приватен хеликоптер, во кој освен пилотот се превезувале уште две лица, од засега непознати причини, попладнево се урна во близина на грчкиот остров Порос.Портпаролот на грчката крајбрежна служба, Никос Лагадианос, говорејќи за државната телевизија ЕРТ, истакна дека според првичните информации, во хеликоптерот имало три лица, пилотот кој е Грк и двајца патници – странски државјани.Хеликоптерот тргнал од месноста Галатас наспроти островот Порос, а крајната дестинација бил атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“.Лагадианос наведе дека во акцијата на грчката крајбрежна служба на местото каде што се урна хеликоптерот, пронајдени се остатоци, но не и кабината.Според првичните неофицијални информации, хеликоптерот најверојатно удрил во далновод и паднал во морскиот дел на островот Порос што се наоѓа 58 километри јужно од атинското пристаниште Пиреас.По падот на хеликоптерот, на островот во прекин е снабдувањето со електрична енергија.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

„Мој познаник се обиде да ја силува ќерка ми“: Скопјанка го откри и идентитетот на насилникот

На 19.08.2019 во 12:30 часот во СВР Скопје, А.А.(51) од Скопје пријавила дека нејзин познаник И.Н. се обидел да изврши обљуба врз нејзината ќерка.За среќа, според пријавата, не успеал во злобната намера.Полицијата информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Egejska_2008201903-900x600

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ЕГЕЈСКА“ ВО ОХРИД Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА

Во текот на нередните неколку дена треба да финишираат градежните активности од Проектот за реконструкција на улицата „Егејска“ од улицата „7-ми Ноември“ до крстосницата со улицата „Железничка“.Овој проект е дел од Годишната програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид и неговата вредност е 9 милиони денари или околу 140.000 евра.Во рамки на првиот дел од реализацијата на проектот, од страна на екипите на ЈП „Нискоградба“ беше извршено поставување на атмосферска канализација, по што следуваше нивелирање на сите 17 улични шахти.Во рамки на вториот дел од реконструкцијата, веќе се врши уредување на тротоарите од двете страни на улицата со поставување на нови рабници и бехатон плочки. Тротоарот од едната страна на улицата е веќе комплетно завршен, а останатата тротоарската површина ќе биде поплочена во текот на наредните неколку дена.Во моментот се врши комлетно асфалтирање на коловозот на улицата, во вкупна должина од 530 метри. Активностите за поставуавње на асфалтот се очекува да бидат завршени во текот на денешниот ден.Во текот на наредните денови ќе се изврши поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација, со што ќе биде комплетиран целиот проект за реконструкција.Според планираното, за околу две недели треба да започне и реконструкцијата на улицата „АСНОМ“ од пресекот со булеварот „Туристичка“ до пресекот со улицата „Карпош Војвода“.  Улицата е во ширина од 9 метри и должина од 650 метри, а Проектот за реконструкција предвидува целосно обновување на коловозната лента и уредување на тротоарите.

Македонија | пред 6 години

69266579_977083496017320_8670182581297217536_n

Новинар до Јанева: Каде се парите од Камчев земени ? 

Катица Јанева бегаше од Кристијан Ландов, новинар на „Мак Факс“ кој трчаше по неа и ја прашуваше:„Госпоѓо Јанева каде се парите.. од Камчев земени ?“

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Трчаше по Груевски, „се лизна“ на Боки 13

Шефицата на СЈО Катица Јанева денеска во 10 часот треба да се појави во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во својство на сведок во истрагата за „Рекет“. Јанева е повикана на распит точно еден месец и пет дена по отворањето на истрагата, иако нејзиното име досега се споменуваше во речиси секоја вест за овој случај.„Рекет“ ја разболе ЈаневаИстрагата за случајот „Рекет“ беше отворена на 15 јули. Истиот ден специјалната јавна обвинителка објави оставка за која рече дека ќе стане активна во моментот кога политичките партии ќе се усогласат за иднината на СЈО. До ден денес оставката не е формално поднесена до Советот на јавни обвинители. Веднаш потоа Јанева се разболе и неколку дена ја немаше на работното место, што дополнително ги подгреа шпекулациите за нејзина поврзаност со „Рекет“. По враќањето во СЈО, Јанева ги свика медиумите и испрати порака дека е чиста, а Боки 13 и други го злоупотребувале нејзиното име.Од обраќањето на Јанева не помина ниту една недела, кога СЈО повторно стана вест. По аларм од вработени, „360 степени“ објави дека Јанева наредила ИТ-секторот да спроведат т.н. „форензичко бришење“ на компјутерите во Специјалното јавно обвинителство. Од СЈО првично демантираа, но по неколку дека признаа дека веќе се трајно форматирани неколку компјутери во оваа институција и дека процесот е запрен „за да се оттргнат сомнежите за какви било други мотиви“.  Со бришењето не биле зафатени документите сместени на тие компјутери, но неповратно се избришани информациите за „сообраќајот“ – кој, кога и што работел на тие машини.Бомбите на „Ла Верита“ Катица ги коментираше од плажаНа почетокот на месецов италијанскиот весник „Ла Верита“ почна со објавување видео и аудио материјали за операцијата „Рекет“ во кои се слушна и гласот на Катица Јанева. Во еден од разговорите меѓу бизнисменот Орце Камчев и шоуменот Боки 13 (сега првоосомничен во „Рекет), се вклучува и Јанева, која му вели на Камчев „да не се грижи за ништо зашто се ќе биде во ред“.Во друга снимка Камчев, од куќен притвор, му кажува на Боки 13 дека му треба пасошот за да оди во Турција. Боки 13 и реферира на Јанева дека гаранциите за враќање на пасошот ќе бидат предадени, но и дека Камчев се плаши од Лиле Стефанова, предметната обвинителка во „Империја“.„Многу сум ангажирана, затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене таа (Лиле Стефанова) не може ништо“,вели Јанева во аудио снимката.Специјалната обвинителка ја потврди автентичноста на разговорите. Додека жолтиот печат се полнеше со нејзини фотографии од грчките плажи, Јанева во два наврати преку веб-страницата на Специјалното јавно обвинителство порача дека го врбувала Јордан Камчев да стане сведок-соработник во друга предистрага и тоа преку посредник назначен од него (алудирајќи на Боки 13).Целиот текст на https://360stepeni.mk

Македонија | пред 6 години

720

Лепа Лукиќ се огласи за Боки 13 по случајот „Рекет“ и порача: „И на мене ми средуваше„ тезги

Боки 13 кој е првоосомничен за случајот „Рекет” и е во притвор заедно со бизнисменот Зоки Кичеец, имаше многу пријатели на српската естрада, а една од нив беше Лепа Лукиќ.Таа е една од ретките кои дале изјава за српските медиуми за Боки13 по апсењето.– Јас Боки го познавам девет години. Го запознав  кога учествувавме во реалното шоу, Големиот брат. Оттогаш се слушаме и гледаме понекогаш. Бев на отварањето на неговата телевизија во Македонија, а неколку пати ми среди за тезги за Нова година и на мене, како и на други колеги. Го познавам како многу фино момче, можам да кажам се најдобро за него. Е сега што било и што направил тој за да го уапсат, немам појма, изјавила Лепа за српските медиуми.Таа рекла дека за неговото апсење не знае ништо и дека слушала и читала само по медиумите.

Магазин | пред 6 години

izjava-zaev.Still209-1

Катица Јанева: Се надевам дека ќе ја забрза истрагата за „Рекет“

Специјалната обвинителка Катица Јанева изутринава пристигна во Обвинителството за организиран криминал каде што треба да даде исказ за случајот „Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески за рекетирање на бизнисмени. Јанева на доаѓање во Обвинителство изјави дека се надева оти со нејзиниот денешен исказ ќе поогне да се забрза истрагата за „Рекет“. – Јас сум се уште специјален обвинител. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен. Што се однесува до мојата изјава денеска се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам изјавата, рече Јанева. Досега во Обвинителството искази дадоа специјалните обвинители Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и Бурим Рустеми, а вчера на распит во ООК беше донесен второосмничениот Зоран Милески – Кичеец, како и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13. Јавниот обвинител Љубомир Јовески најави дека инволвираните во случајот „Рекет“ ќе бидат неселективно сослушани или распитани.

Македонија | пред 6 години

janeva-2

Како ќе влезе Јанева кај Русковска, а да ги избегне новинарите?

Катица Јанева како шефица на СЈО треба да сведочи за случајот „Рекет“. Таа претходно изјави дека не учествувала во делото кое му се става на товар на Боки 13, но и за Зоки Кичеец, но не одговори на клучни прашања. Имајќи го в предвид фактот дека Јанева во изминатиот период ги избегнуваше новинарите и се криеше, се поставува прашањето, како таа денеска ќе ги избегне новинарите, имајќи в предвид, дека тие ќе ја чекаат пред зградата на Обвинителството за организиран криминал.Јанева треба да одговори на многу прашања кои јавноста ги поставува. Како телефонот кој го пријави за изгубен, се најде во рацете на нејзина роднина? Зошто телефонот е форматиран? Што сакала да каже кога му велела на Орце Камчев „Се ќе биде ок“, но и други.Постојат повеќе веројатности, како Јанева ќе влезе во ОЈО. Дали таа ќе ги користи тунелите кои водат од Граѓанскиот суд, преку споредните влезови, службениот влез или па гаражниот влез.Новинарите веќе се собираат пред седиштето на ОЈО кое се наоѓа во зградата на Апелациониот суд.

Македонија | пред 6 години

janeva-ruskovska

Катица Јанева денеска треба да и каже на Русковска што правела со Боки 13

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска во 10 часот ќе сведочи за случајот „Рекет". Во аудио снимките објавени во италијанскиот весник „Ла верита" во телефонски разговор се слуша и гласот на Јанева како му вели на бизнисменот Орце Камчев да не се секира, „сѐ ќе биде ОК". Таа не негираше дека се работи за нејзиниот глас, туку изјави дека била злоупотребена.Во случајот „Рекет“ осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец кои се во притвор. Од видео снимките објавени во „Ла верита“ се гледа како Боки 13 и Кичеец од куќата на Камчев изнесуваат еден милион евра. Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја“ на СЈО.Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Јанева ќе сведочи за поврзаноста со Јовановски и за нејзината улога во изнудата од еден милион евра од Камчев.Свои искази досега за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинители Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска и Лиле Стефанова, како и шефицата на кабинетот на Катица Јанева.Вчера во обвинителството беше сослушан и Зоки Милески-Кичеец. Кога ќе сведочи Боки 13 засега не е познато.„Рекетот не би можел да биде изведен без аминот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева“, изјави адвокатот Александар Тортевски во разговор со „Фокус“. Тој, повикувајќи се на својата (и адвокатска) интуиција, смета дека без јавување(то) од Јанева Боки 13 и Зоки Кичеец немало да можат да го спроведат „поткупот“, односно да ги наплатат парите.„За мене тоа е поткуп, а не рекет. Боки не можел да го изврши земањето на парите без сигнал од Катица. Но истрагата треба да го покаже тоа, а истрагата треба да се води со ладна глава и трезвено, настрана притисоците од јавноста. Секое лицитирање од страна на јавноста сега енекоректен притисок кон обвинителите“, смета Тортевски.Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_81

Сергеј Варошлија со емотивна роденденска порака до Боки 13

„Да сакаш на другар да му честиташ роденден, а тој да не може да ја прими искрената честитка“, напиша стилистот и ТВ-водителот Сергеј Варошлија на својот Фејсбук профил во пост во кој му го честиташе роденденот на Бојан Јовановски-Боки 13.„Можете да го нарекувате како сакате, со секакви надимаци и описни зборови, но за мене бил и ќе остане само едно име – Бојан, кое асоцира на другарство, пријателство, едно од оние ретките, едно од оние малкуте кои и јас, и сите ние ги имаме во животот, едно од оние кои се бројат на една рака!Еден од ретките кои искрено се грижеше, бореше и интересираше за сите, а „сите“ наоколу ретко, а уште помалку искрено се грижеа или бореа за него, зошто повеќе ги интересираше „што, како, зошто…“, заслепени од тие „прашања“ не можеа да ја видат неговата суштина и човечност пред се!Но, не за џабе викаат „човек на човек му е огледало”!Среќен роденден драг мој Бојан! И како вика онаа народната: „Се проаѓа“, битно да си ми жив и здрав!П.С. Благодарам на малкуте пријатели што ми се јавија – пишаа во овој период, Вие знаете кои сте!“, напиша Варошлија.

Коментари | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

„Без Катица Јанева да даде сигнал, Боки 13 не би можел да ги земе парите“

Рекетот не би можел да биде изведен без аминот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, смета адвокатот Александар Тортевски во разговор со „Фокус“. Тој, повикувајќи се на својата (и адвокатска) интуиција, смета дека без јавување(то) од Јанева Боки 13 и Зоки Кичеец немало да можат да го спроведат „поткупот“, односно да ги наплатат парите.„За мене тоа е поткуп, а не рекет. Боки не можел да го изврши земањето на парите без сигнал од Катица. Но истрагата треба да го покаже тоа, а истрагата треба да се води со ладна глава и трезвено, настрана притисоците од јавноста. Секое лицитирање од страна на јавноста сега е некоректен притисок кон обвинителите“, смета Тортевски.

Македонија | пред 6 години

d184d0b0d182d0b8d0bcd0b5-d0b7d0b0-d182d0b221-d0bcd0bed0b8d182d0b5-d0bfd180d0b5d0b4d0bcd0b5d182d0b8-d181d0b5-d187d0b8d181d182d0b8_5d5ab9c98d6c3

Фетаи тврди дека нејзините предмети се чисти, но не кажува дали се дистанцира од Јанева

Обвинителката Фатиме Фетаи за ТВ21 вели дека нејзините предмети се чиси и нема да коментира повеќе. На наше прашање дали се оградува од Катица Јанева таа даде одговор.На прашање од новинарите дали таа продолжува да работи под овластување на специјалната јавна обвинителка во заминување, Катица Јанева, Фетаи одговори дека таа се уште е главна обвинителка во СЈО.Предлозите за изземање на обвинителите Гаврил Бубевски и Фамите Фетаи до судот утрово ги поднесе адвокатот Еленко Миланов, по што беше дадена пауза,а Јанева со решение го одби барањето за нивно изземање. Следното рочиште на случајот „Титаник 3“ е закажано за 26 август.

Македонија | пред 6 години

68960115_1299583020217154_6665735564890734592_n

Мицкоски се сретна со Oвен Паун директор на Меѓународниот Републикански Институт за Македонија

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со Oвен Паун директор на Меѓународниот Републикански Институт за Македонија и претставници од ИРИ.На средбата се дискутирало за актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија како и за можните форми на соработка и потенцијалитекои постојат.Мицкоски ја истакнал бесперспективноста и разочарувањето на граѓаните од коруптивните скандали и вмешаноста на високи претставници на власта и на Специјалното јавно обвинителство во истите. Посочил дека Законот за Јавно обвинителство е од големо значење, но тој мора да биде врз принципиелни основи во согласност со уставот. Во спротивно, се ризикува новото Јавно обвинителство да биде продолжена рака на власта, а утре кога таа власт ќе замине во опозиција, истото да биде средство за одбрана од сторениот криминал од врхушката на власт.Исто така посочил дека во изминатите две години македонскиот граѓанин е осиромашен и не се продуцира додадена вредност во економијата.Одличната соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ мора да продолжи и истата треба дополнително да се продлабочи.

Македонија | пред 6 години

dete-siluvanje

Скопјанец го силувал синот

Вчера во полициската станица Дебар , жена пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг од Скопје полово го нападнал нивниот син. Вчера во 15.15 часот во Полициската станица Дебар, 50-годишна жена пријавила дека во периодот од 14.07.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР. 

Македонија | пред 6 години

Sara

Скандал: Сопругата на Нетанјаху, за време на посетата на Украина, одбила да јаде леб и сол – го фрли на земја

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата сопруга Сара во Киев на аеродром ги дочекаа три девојки во традиционална украинска облека со леб и сол.Госпоѓата Нетанјаху прво се налутила бидејќи помислила дека капетанот на летот не ја поздравил кога на разглас им се обратил на патниците.  Станала од своето седиште и тргнала кон пилотската кабина, каде според прописите не и е дозволено да влезе, што дополнително ја налутило сопругата на премиерот.Инцидентот се завршил така што капетанот на екипажот повторно го поздравил брачниот пар Нетанјаху на летот, 45 минути пред слетувањето во Киев. Но, не завршиле скандалите тука. По слетувањето во Киев, каде им било приредено традиционално добредојде, уште едно недолично однесување од страна на сопругата на Нетанјаху .Парот Нетанјаху бил дочекан од три девојки во народни украински носии со леб и сол.Додека Бенјамин Нетанјаху го ставил лебот во сол и го изел, Сара земала парче леб и го фрлила на земја.Снимката подоцна се појавила на социјалните мрежи.https://www.facebook.com/dmitri.doubov/videos/vb.565538769/10157515280838770/?type=2&video_source=user_video_tab

Свет | пред 6 години

fatime-fetai

Јанева не го прифати предлогот на адвокатот Миланов , Фетаи и Бубевски остануваат во предметот „Титаник 3"

Шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева, одлучи да не ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3". На денешното рочиште за случајот „Титаник 3“ адвокатот на одбраната Еленко Миланов побара изземање на обвинителите на СЈО од овој предмет и прекин на постапката. Миланов рече дека постои очигледна конфронтација меѓу шефицата Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски и дека последните случувања во СЈО доведоа до менување на состојбата од последната расправа до денеска.Судењето за „Титаник 3“ е пред крај, а обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои како членови на Општинската изборна комисија во Чаир, според обвинението, на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.    

Македонија | пред 6 години

hrana

АХВ со нов правилник - Најпарво соодветни безбедносни критериуми за храна, а потоа пласирање на производите до крајните потрошувачи

Фармерите и малите производители ќе можат домашните сирења, колба си, јајца, мед… да ги продаваат директно на фармите или во и во локални продавници. Тие нема да зависат од откупувачите, но притоа ќе мора да ги исполнат соодветните хигиенски и безбедносни критериуми пропишани во новиот Правилник на Агенцијата за храна и ветеринарство.Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија истакна дека при изработката на Правилникот биле консултирани сите засегнати страни и оти во него се вградени поголем дел од забелешките.– Фармерите и малите производители ќе можат да произведуваат производи од животинско потекло согласно условите што треба да ги исполнат и нема да зависат од откупувачите, бидејќи ќе може да ги пласираат до крајните потрошувачи или да ги понудат во некој маркет. Целта е да се олесни односно да можат директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, но притоа мора да ги задоволат одредените хигиенски критериуми согласно Правилникот, појасни Атанасов.При изработка на Правилникот, како што објасни директорот на АХВ, Зоран Атанасов се размислуваше за здравствената исправност и за безбедноста на овие производи.-Мора да се знае од кое одгледувалиште потекнува, датумот кога е произведен производот, таа следливост за безбедност на храната мора да е испочитувана. Целта е да им се олесни на фармерите своите производи директно да ги пласираат на крајните потрошувачи, истакна Атанасов.Правилникот ќе се презентира пред примарните одгледувачи со цел тие поблиску да се запознаат со критериумите што треба да ги исполнат за да можат да ги пласираат своите производи до крајните потрошувачи.

Македонија | пред 6 години

ohridskoezeromart

Објава на ФБ: Ако познавате некој што заслужува одмор, а неможе да си го дозволи ве молам контактирајте ме....

Несекојдневна објава на фејсбук. Истата ви ја пренесуваме во целост:„Друштво...поради ненадејната смрт на Татко ми пред 10 дена ...годинава нема да одам на одмор...ако познавате некој што заслужува одмор а неможе да си го дозволи ве молам контактирајте ме..или некој/а студент/ка што нема можност да си плати семестар...“, стои во објавата на ФБ.https://www.facebook.com/bekimasanilgbti/posts/354348832160951

Македонија | пред 6 години

gruevski

Македонски граѓани бараат туристичка агенција да организира патување до Будимпешта и средба со Груевски

На социјалните мрежеи се појави пост преку кој граѓанин пишува: Македонски граѓани бараат некоја туристичка агенција да организира туристички патувања до Будимпешта и средби со Груевски, објави pogled.mk.Над оваа објави ставена е и слика си бившиот македонски премиер Никола Груевски.Фотографијата е споделена во групата „Македонија – Македонско – Македонци“, а повеќе од 130 граѓани имаат реагирано на објавата на Т.М. Објавата има и 23 коментари.

Македонија | пред 6 години

pozar-pintija

Iзбувна пожар во селото Љубин - општина Сараj

Попладнево ј. Од скопската Пожарна информираат дека гори сува трева и борова шума. Од таму додаваат дека екипи се на терен и дека се обидуваат да го спречат пожарот да се прошири до населбите и куќите.Од Пожарна апелираат до граѓаните да бидат внимателни на отворен простор. 

Скопје | пред 6 години

xeuis9xusxurj3hgdpnc

Сослушана пензионерката Лилјана Тодоровска, на распит Зоки Кически, следен Боки 13

Второосомничениот во предметот „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец веќе два часа е на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал - јави порталот Нова.Според порталот, Милески околу 12 часот од затворот Шутка е донесен во обвинителството. Милески се сомничи за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“.Во меѓувреме во Обвинителството за организиран криминал на распит беше повикана и пенизонерката Лилјана Тодоровски која добила 720 илјади евра за идејата за европски центри за возрасни лица. Парите биле исплатени по договорот што го потпишале Меѓународниот сојуз и компанијата на Силјан Мицковски, ГП „Пелистер“, но таа тврдеше дека парите веднаш и ги зела жена од Меѓународниот сојуз на Боки 13.Се очекува на распит да биде повикан и Бојан Јовановски – познат како Боки 13.Утре на распит кај обвинителката Вилма Русковска треба да се појави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Од Обвинителството за организиран криминал велат дека освен Јовановски и Милески сите други се повикани во својство на сведок се додека со проширување на истрагата евентуално не се утврди друго својство на повиканите.

Македонија | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Регулаторна го објави новиот ценовник на горивата

Регулаторната комисија за енергетика на својата интернет страна го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи во сила од ноќеска по полноќ. Според новиот ценовник, цените на бензините Супер – 95 и Супер – 98 остануваат непроменети, ќе се продаваат по цена од 66,50 и 68,50 денари, а промена нема да има ниту во цената на дизелот, кој и следниве седум дена ќе се продава по цена од 60,50 денари.Ценовникот ќе остане во слила до следниот понеделник.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања