Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

skolo

Од септември се основа ново училиште во Oпштина Центар со назив „Киро Глигоров“

На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата и даде позитивно мислење за основање на ново општинско основно училиште „Киро Глигоров“ во Општина Центар, кое првите генерации ученици ќе ги прими во текот на претстојната учебна 2019/2020 година.

Скопје | пред 6 години

apteka-kvoti-lekovi

Намалено ДДВ-то кај одредени лекови и кај топлинската енергија

На денешната седница  Владата ја усвои  Предлог - одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, со што се намалуваат цените на одреден број на лекови, вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина и се пропишува повластена даночна стапка од 5% за топлинска енергија за греење, која беше усвоена на една од претходните седници на Владата на РСМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од септември платите во основното, средното и високото образование и во научните институти, повисоки за 5%

На 150-тата седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за покачување на платите во основното, средното и високото образование во Република Северна Македонија за 5% почнувајќи од исплата за септември 2019 година и го задолжи министерот за образование и наука Арбер Адеми да ги потпише Спогодбите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) за реализација на предвиденото покачување на платите.Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија дополнително го задолжи министерот за образование и наука да изготви решение за новите коефициенти за покачување на платите и кај јавните високообразовни установи и јавни научни институти за 5%, почнувајќи од исплата на платата за месец септември 2019 година.

Македонија | пред 6 години

Foto-3-2

Средба на претседателот Пендаровски со Јакуб Ал-Атики, aмбасадор на Државата Кувајт

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Јакуб Ал-Атики, aмбасадор на Државата Кувајт за Република Северна Македонија, со седиште во Софија. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Кувајт, при што беше изразена заемна подготвеност за продлабочување на соработката како на политички, така и на економски план. Претседателот Пендаровски ја истакна потребата од унапредување на соработката меѓу двете држави, со внесување нови содржини и форми, а во функција на отворање на нови можности за зголемување на економската соработка, трговската размена и инвестициите. Во тој контекст, на средбата беше посочено на потребата од размена на посети на високо и на највисоко ниво. На средбата беа разменети мислења за состојбите на Блискиот Исток. 

Македонија | пред 6 години

016

Потпишани протоколите за имплементација на „One stop shop“ на „Табановце“

Со цел  подобрување на движењето на граѓаните и трговијата и олеснување на сообраќајот преку државната граница помеѓу Р.Северна Македонија и Р. Србија, денеска во Скопје беа потпишани засебни протоколи за имплементација на Спогодбата  за воспоставување на  заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце ( Р.Северна Македонија) – Прешево(Р. Србија), помеѓу надлежните институции на Република Северна Македонија и Република Србија . Денешното потпишување на протоколите следува по потпишувањето на Договорот меѓу владите на Република Северна Македонија и Република Србија во Белград на 12 јули за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај Табановце-Прешево од страна на министерот Оливер Спасовски и неговиот српски колега Небојша Стефановиќ.На денешното потпишување на протоколите делегациите ги предводеа државните секретари на двете министерства: м-р Магдалена Несторовска и м-р Милосав Миличковиќ.„One stop shop е проект на кој сме особено горди и искрено се надевам дека ове ќе биде добар пример за сите држави во регионот. Потпишувањето на протоколите за спроведување на Договорот  помеѓу Владите на Република Северна Македонија  и Република Србија за заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај се доказ дека заедничките сили, соработка и вклученоста на институциите на крај резултираат со успех кој ќе биде од полза на граѓаните од двете држави“,рече м-р Несторовска во своето обраќање.Директорот на Царинската управа Ѓоко Танаскоски  изрази задоволство од потпишувањето на протоколите, потенцирајќи дека поблиската соработка меѓу службите резултира со поуспешно откривање на нелегални прекугранични активности, а со тоа се зголемува безбедноста.Државниот секретар Миличковиќ рече дека граничниот премин Прешево-Табановце е еден од најпрометните премини, особено во текот на летото кога голем број на граѓани на Република Србија преку него се упатуваат кон Грција, па со „One stop shop“ значително ќе се скрати чекањето на граничниот премин.„Од воспоставувањето на заедничка контрола ќе имат дирекна корист граѓаните на Србија и Северна Македонија. Ова е јасен показател дека раководствата на двете земји носат решениај за секојдневните проблеми на граѓаните“, рече Миличковиќ.По завршувањето на останатите формалности, наскоро ќе почне да функционира „Оne stop shop“ на ГП Табановце-Прешево.

Македонија | пред 6 години

krazba

19 годишен Кумановец се сомничи дека извршил 5 тешки кражби

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Р.(19) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил пет кривични дела „тешка кражба“ по член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 и едно кривично дело „тешка кражба“ по  член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Пријавениот во периодот од 23.05 до 09.08.2019  извршил тешки кражби на различни локации во Куманово.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

СВР Тетово со засилени сообраќајно-контроли за брзина во и надвор од населено место

Секторот за внатрешни работи Тетово во периодот од 15 до 18.08.2019 спроведе засилени сообраќајно-контролни активности за брзина во и надвор од населено место. Притоа, откриени се вкупно 100 прекршоци, односно пречекорувања на дозволената брзина, од кои 64 на тетовското и 36 на гостиварското подрачје. Најголемиот број од нив (78) регистрирани се надвор од населено место (ТЕ-42 и ГВ-36). За сите прекршоци поднесени се соодветни поднесоци. Покрај тоа, откриени се и 22 други видови прекршоци (ТЕ-5 и ГВ-17). 

Македонија | пред 6 години

DSC_3515

Децата и вработените во објектот „Мимоза“ на ЈДГ „Весели цветови“ ќе добијат подобри услови

Денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски со заменик-министерката за финансии, Ширет Елези во Министерството за финансии потпиша договор за реализација на проект за енергетска обнова на ЈДГ „Весели цветови“, објект „Мимоза“.Објектот „Мимоза“ ќе добие целосно обновена фасада со термичка изолација, нови прозори и надворешни врати изработени од 5 коморни ПВЦ профили, нови олуци, нови банци и нови опшивки. Во внатрешниот дел на градинката ќе се постави плафонска изолација од стиропор д=10 см. Со оваа обнова децата и вработените кои поголемиот дел од денот го поминуваат во објектот ќе добијат позатоплени простории, а ќе се заштедат и финансиски сретства кои во иднина ќе се пренаменат во други цели. Покрај ова постоечката ограда на градинката ќе се бојадиса.Општина Кисела Вода условите во градинката ќе ги подобри преку Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка.Градоначалникот Филип Темелковски продолжува да работи во насока на подобрување на условите на најмладите во градинките и училиштата во надлежност на Општина Кисела Вода.

Скопје | пред 6 години

Foto-5-1

Пендаровски се сретна со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ)

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари средба со раководството на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности на МАСИТ, како стопанска комора којашто во себе обединува компании од сите ИКТ сектори, како и со нивните заложби за раст на ИКТ бизнисот во Северна Македонија, негова препознатливост, а со цел посилна, поорганизирана и прогресивна ИКТ индустрија. На четвртата по ред средба со стопанските комори, претседателот Пендаровски посочи на потребата при неговите посети надвор од Северна Македонија да учествуваат и претставници од стопанството, а при посети на странски државници да се организираат бизнис-форуми или да се овозможи директна комуникација, со цел вмрежување и разгледување на можностите за соработка. Претседателот ја истакна потребата Северна Македонија да се поврзе со светот, за што очекува придонес од ИКТ индустријата. Како важен предуслов за тоа ја посочи потребата од стабилна политичка состојба, за која рече дека во последните години се движи во добра насока. „За да биде напредна државата, мора да имаме стабилна политичка состојба. Во последните години ние одиме по добар пат кон политичка стабилизација, одиме забрзано кон НАТО интеграцијата. Идното членство на државата во НАТО ќе има позитивни импликации за развојот на економијата и за влез на странски инвестиции. За Европската унија очекуваме датум за почеток на преговорите, но сакам да нагласам дека вие мора да бидете вклучени во пристапните преговори, барем во половина од поглавјата“, рече претседателот Пендаровски. Претседателот Пендаровски посочи дека нема да потпише ниту еден донесен закон, што ќе биде негативно оценет од страна на комората. Информираше дека поранешната Народна канцеларија во центарот на Скопје ќе биде пренаменета за проектот „МЛАДИХАБ – Дигитална младина”, поддржан од Британската амбасада, Националниот младински совет и МАСИТ.„Со поддршка на оваа програма се надевам дека ќе создадеме мотивирачка средина дека и младите кај нас ќе имаат шанса за успех“, рече претседателот Пендаровски. Тој ги запозна присутните дека по иницијатива на Кабинетот на Претседателот, тим од практичари ќе работи на создавање на стратешки документ "Северна Македонија 2030", кој ќе има за цел да ги постави приоритетите за развој на економијата во следната деценија. Од страна на претставниците на МАСИТ беше истакнато дека претседателот Пендаровски е прв Претседател што остварил средба со нив и покажал интерес за соработка. Од своја страна, претседателот Пендаровски го прифати барање на МАСИТ да биде промотор на ИКТ индустријата.

Македонија | пред 6 години

kanabis

МВР пронајде 180 стебла канабис

На 19.08.2019 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од други единици при СВР Скопје како и полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Блаце“ во атарот на с.Блаце кај место викано „Вражји вир“ пронајдоа 180 стебла од канабис, како и опрема за одгледување.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

parking-5

Се санира паркингот кај Спортската сала

Започна санацијата на ударните дупки на паркингот кај Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Екипи на КЈП „нискоградба“ деновиве ќе го санираат просторот кој е дел од паркинг зоната на новото јавно претпријатие за паркинзи во рамките на општината, ЈПП ЈЛП Битола.  Екипите на КЈП „Нискоградба“ на терен ќе вршат порамнување и асфалтирање на оштетените делови на паркингот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Шилегов: Оваа сезона без палење стрништа

Град Скопје воведува програма за бесплатно собирање на остатоците од бербата и засилени инспекциски контроли за несовесните земјоделциГрадот Скопје е прва единица на локална самоуправа која започнува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, со цел намалување на загаденоста на воздухот и зачувување на плодноста на почвата.-До сега, стрништата, плевелите и другите растителни отпадоци беа палени поради тоа што на земјоделцити не им беше понудена алтернатива за одлагање на отпадот од бербата, независно од тоа што палењето ја уништува плодноста на почвата и создава штетни материи кои го загадуваат воздухот и претставуваат опасност по здравјето на сите, а особено на оние што се во близина - кажа денеска Шилегов на прес-конференцијата за медиумите.Тој додаде дека палењето стрништа, плевели и други растителни отпадоци ја уништува и микрофлората и фауната во обработливиот слој на почвата - она што ја прави земјата жива, плодна и самообновувачка. Исто така, нагласи дека палењето на стрништа и земјоделски површински во временски услови кога имаме високи температури, се фактор кој има голема улога во појавата на пожари, коишто покрај огромната штета што ја нанесуваат на земјоделските култури, преставуваат и сериозна опасност за човечкиот живот.Во соработка со градските претпријатија, УНДП и МДЦ-Ти.нет, спроведуваме кампања за едукација од штетните последици од палењето на стрништата и за прв пат ќе им понудиме решение на земјоделците за бесплатно одлагање на отпадот од бербата. Во период до 30-ти септември Градот Скопјеќе им биде на располагање на сите земјоделци кои имаат каков било отпад од берба и со наша помош, бесплатно истиот да го отстраниме од полињата како би се спречило негово палење - рече Шилегов.Сите земјоделци од скопските општини  може да се пријават на телефонскиот број 071 395 395 и на вработените во Град Скопје да им ги остават своите податоци секој работен ден од 08 до 20 часот, а Градот по претходно утврден план и редослед, реонски, бесплатно ќе го собира растителниот отпад и ќе го одлага во Дрисла.Апелирам по пријавувањето, со цел брзо и ефикасно отстранување на отпадот, земјодеците да го одложат отпадот од бербата на локација што ќе биде пристапна за механизацијата. Сите земјоделци кои ќе се пријават однапред ќе знаат во кој ден од неделата ќе биде отстранет отпадот. Замолувам, доколку е возможно покрај податоците, да ни остават и точна локација (на вибер).Сакам да ги потсетам земјоделците дека палењето стрништа е казниво со закон. До сега ваквите палења не беа санкционирани поради тоа што на земјоделците не им беше понудена алтернатива за овој вид отпад. Сега нудиме решение кое ќе биде ефикасно, а најважно е тоа што нема да претставува дополнителен трошок за граѓаните- изјави Шилегов.Тој укажа и дека Градот ќе врши засилени инспекциски контроли на терен и соодветно ќе биде санкционирано секое палење на стрништа, плевели и на други растителни отпадоци.Инспекторите на Град Скопје имаат можност да снимаат со дронови, што ќе го скрати времето наменето за обиколување на земјоделските површини, а ќе даде точна локација по имотен лист за имотот на кој се пали растителен отпад.

Скопје | пред 6 години

FullSizeRender-20-08-19-12-54

Божиновски: Во НУЦК „Григор Прличев“ катастрофална е состојбата во програмското управување и менаџирањето со човековите ресурси

Културата и културните содржини во Охрид ниту со Константин Георгиески, ниту со Зоран Заев одат напред. Во НУЦК „Григор Прличев“ катастрофална е состојбата во програмското управување и менаџирањето со човековите ресурси и вработени во институцијата.Дали за директорот Горан Симоновски стручно управување значи да се дискредитира работната етика, професионалност и еднаквост кај вработените?Зошто во повеќето одделенија речиси половина од вработените не доаѓаат и не се повикуваат да се појавуваат секој ден на работа без никакво образложение од страна на раководството на установата?Од друга страна вработените во Одделението за техничка служба се организираат во работа на смени, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Зошто на оваа категорија вработени огромен дел од своето работно време им се наложува да вршат други работи кои не кореспондираат со опусот на нивните работни задачи?Нели ваквиот однос индицира на еклатантен облик за притисок врз вработените и покрај нивната континуирана професионална работна ангажираност при работниот процес?ВМРО-ДПМНЕ бара од Министерството за култура и Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд, подрачно одделение – Охрид да спроведат:Проверка на работната евиденција на сите вработени во Установата,Обезбедување еднаков третман согласно работните компетенции и задолженија на сите вработени во Установата,Заштита од несоодветни работни задолженија, спротивни на нивните работни квалификации и компетенции за време на работното време и процес во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид.За Власта на СДСМ којашто ветуваше живот за сите, не важат приципите на солидарност, еднаквост и работна етика, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Отфрлена иницијатива од Државната комисија за спречување на корупцијата поради застареност

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата против три лица за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 во врска со чл.22 од Кривичниот законик.Ваквото решение е донесено бидејќи настапила застареност на кривичното гонење.Пријавата се однесува на објавен оглас за вработување на 30 судски службеници во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, меѓу кои Државната комисија за спречување на корупцијата утврдила пропусти при вработувањето на едно лице на позицијата помлад судски соработник. Меѓутоа, јавниот обвинител по приемот на иницијативата за кривично гонење на тогашниот претседател на Судот, претседателот на Комисијата за избор и прием на кандидати на огласот и на судскиот администратор, оцени дека постојат околности што го исклучуваат кривичното гонење – застареност.Имено, постапката за вработување целосно е завршена во мај 2015 година. За кривичното дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.1 од Кривичниот законик, законодавецот предвидел казна затвор од 6 месеци до 3 години, а согласно чл.107 ст.1 т.5 од Кривичниот законик, кривичното гонење не може да се преземе ако поминат три години од извршувањето на кривичното дело за кое според законот може да се изрече затворска казна над една година. Со оглед на ова, застареноста на кривичното гонење во предметот настапила најдоцна во мај 2018 година, додека иницијативата за кривично гонење од страна на Државната комисија за спречување корупција е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје во јуни 2019 година.

Македонија | пред 6 години

sar-planina

Полициски службеници спасија две лица на Шар Планина

На 19.08.2019 околу 21 часот и 15 минути, во Секторот за внатрешни работи Тетово било пријавено дека Е.Х.(31) и неговиот брат С.Х.(25), двајцата од Скопје, кои околу 14 часот со мотоцикли се упатиле кон Титов врв на Шар планина и планирале да стигнат во Стрезимир, заталкале во планината, а им се случил и дефект. На Е.Х. му се влошила и здравствената состојба, па неопходна му била лекарска помош. Веднаш по пријавувањето, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Маздрача и од Секторот за внатрешни работи Тетово, поделени во неколку групи, започнале со пребарување на теренот, а околу 1 часот тие биле пронајдени на потегот помеѓу Титов врв и Враца рид, над Боговиско езеро, по што за кусо време биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош и потоа заминале во своите домови.

Македонија | пред 6 години

Naum-IZJAVA-2008-2

Стоилковски: „Очигледно е дека зад паниката на Костадинов се крие и личен интерес“

Можеби онаа реченица на Крими Заев, „изгубен во времето, ќе талкам по семето“, најдобро ја опишува состојбата во која што се наоѓа Костадин Костадинов.Човекот здушно го брани криминалот на Зоран Заев, како да се работи за сопствен интерес, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Очигледно е дека зад паниката на Костадинов се крие и личен интерес и спречување на јавноста да дознае за неговиот неморален карактер.Костадине, наместо да се мачиш и да седиш по цел ден на тастатура, дојди овде пред камерите, да се соочиме со аргументи.Па да им одговориш на граѓаните. Дали си толку гласен, затоа што твои фотографии и тонски записи се најдени во телефонот на твоето другарче Боки Тредичи?Дојди Костадине тука пред камери кажи им на граѓаните, дали и во кои два големи градови во една наша соседна држава си се забавувал до раните утрински часови со другарчето Боки Тредичи? Чии пари си трошел таму, доколку си бил!?Колку пари Костадине наместо за плочки во зградата на Интерни клиники завршија за луксузните забави со Боки Тредичи?Дали неморалните и развратни забави се животот кој што го ветувавте Костадине Костадинов!?Дојди Костадине, не се плаши, победи го стравот и кажи им на граѓаните што има во телефонот на Боки Тредичи што ти предизвикува толкав страв?Доколку Заев се плаши од тоа да не се дознае дали чантата со милиони завршила на Илинденска бр. 2, дали ти се плашиш да не го дознаат граѓаните твојот неморален карактер?Излези Костадине не се плаши. Тука пред новинарите ќе им кажеш на граѓаните, не мачи ги и и нив но и себе да доаѓаат по два пати.И  секако за крај Костадине, го делиш ли ставот на Зоран Заев за Боки Тредичи, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

OHL_3646

Поповиќ: „Охридско лето“ и годинава понуди квалитет што го препознаваат и надвор од нашите граници

Охридско лето запиша уште едно успешно фестивалско издание во богатата фестивалска историја, изјави денеска на завршната прес-конференција од годинешното 59-то издание на фестивалот „Охридско лето“ , директорката на оваа национална установа, Наташа Поповиќ.Како што рече Поповиќ, на фестивалските сцени годинава продефилираа 500 уметници од 23 земји од светот,но и гости од земјава и странство кои допатуваа за да ја следат фестивалската програма.-Огроменбеше бројотна оние кои бараа резервација за свеченото отворањешто за нас е доказ дека „Охридско лето“и годинава понуди квалитет што го препознаваат и надвор од нашите граници. Антички беше претесен да ја собере неколку илјадната публика која беше воодушевена од спектакуларниот настап на  светки славната Ванеса Меј.Четириесет и седумте  настани кои се одржаа на неколкуте сцени, Антички театар, црква Света Софија, Предворјето на црквата Света Софија, Долни Сарај, во Центарот за култура, беа исполнети до последното место. За дел од настаните се бараше и карта повеќе. И вечерашната претстава, со која ќе ја спуштиме завесата на ова 59-то издание, е веќе распродадена, додаде Поповиќ.Осврнувајќи се на концептот на фестивалоткој е традиционален, со класична музика и театар, директорката потсети дека во рамките на дополнителната програма годинава беа воведени содржини кои беа привлечни и атрактивни за пошироката публика.-Како новини кои ги воведовме беа Подиумот на млади што се одржа пред официјалниот почеток на фестивалот со што дадовме шанса нашите музички таленти да ја почуствуваат магијата на овој голем фестивал, рециталот како нова уметност во програмата, како и настани што се одржаа надвор од фестивалската рамка во текот на целата година. Тоа се покажа како успешен проект и верувам дека во годините кои следат ќе прерасне во една убава традиција, рече директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ која потсети дека под мотото „Звукот и бојата на езерото“, фестивалот годинава како новина воведе и туристички водич со што бројни уметници имаа прилика, покрај својот настап, да се запознаат со убавините и историјата на градот. Со тоа, според неа, „Охридско лето“ се потврди како најдобар презентер на македонската култура и развојот на културниот туризам.Селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Васо Ристов на последниот фестивалски ден истакна дека и годинава се реализира уште едно квалитетно, врвно, атрактивно фестивалско издание, и како што рече, достојно за паметење.-На врвните и маестрални изведби на брилијантните уметници, многубројната фестивалска публика им возвраќаше со долги стоечки овации на што уметниците се оддолжуваа со по три или четири биса. Задоволни беа и изведувачите, гости на фестивалот,  кои упатија голем број пофалби до фестивалот за прекрасната организација на сите учесници за реализација на фестивалот, гостопримството, топлата и внимателна публика, како и неповторливата акустика на сценските простори,посебно во црквата Св.Софија. Тие постојано ја искажуваа својата почестеност што се дел од ова фестивалско издание фестивал кој е еден од најзначајните европски фестивали, со голема традиција и одличен рејтинг.Воодушевени и од убавините на Охрид, уметниците изразија желба повторно да се вратат и да бидат дел од оваа манифестација, рече селекторот на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ Васо Ристов.Драмската програма на 59-тото фестивалско издание исто тка понуди квалитетни театарски претстави со исклучително добри театарски куќи  кои внесоа свежина на фестивалот и оставија силен печат врз публиката. Веднаш по завршувањето на ова, ќе започнаат подготовките за следното фестивалско издание, најави селекторот на драмската програма на „Охридско лето“, Александар Поповски.-„Охридсколето“ е врвот кога станува збор за културните манифестации во нашата земја. И она што не’ чека догодина се 60 години и навистина една преубава можност да започнеме нов круг и нова приказна со „Охридско лето“, рече Поповски.На завршната прес-конференција, директорката  и програмските селектори најавија дека следната година, по повод јубилејот на шеесеттото издание, „Охридско лето“ ќе биде збогатен со нови содржини кои ќе ги потврдат и продолжат високите позиции што ги има оваа најголема музичко-сценска манифестација во Република Северна Македонија која е дел од Европската асоцијација на фестивали.Охридско лето следната година слави голем јубилеј, 60 години од неговото постоење. Тоа за нас е голема чест но и обврска да одбележиме достојно како што заслужува оваа наша најголема музичко сценска манифестација која се одржува под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија. Подготовките веќе се започнати и можам само да најавам врвни уметници и беспрекорна организација.На самиот крај дозволете ми да изразам благодарност пред се до Владата на Република Македонија и ресорното Министерството за култура без чија поддршка  не може да се замисли успешната реализација на фестивалот, до Општина Охрид и општинските јавни претпријатија за нивната ангажитаност и одличната соработка која ја имавме во изминатиот период, до нашиот генерален спонзор Македонски телеком, останатите спонзори и помагатели, пријатели на фестивалот. Благодарност и до вас медиумите кои придонесувате  Охридско лето да биде нашиот најголем бренд  по кој не препознаваат и по кој не вреднуваат и надвор од државата. 

Магазин | пред 6 години

pobrezenje

Заврши 9-тиот по ред фестивал на народна култура ,,Пображење”- Вевчани

Синоќа на анфитеатарот во центарот на Вевчани заврши 9-тиот по ред фестивал на народна култура ,,Пображење”- Вевчани. На завршната вечер со своја целовечерна програма се претставија членовите на Вокално -инструменталниот состав ,,Аманет” од Скопје, а дел од народната култура на Хрватска презентираа и членовите на фолклорниот ансамбал при центарот за традиционална култура од Вараждин. Во рамките на програмата беше промовирано и ликовното дело на Аница Китаноска-Вевчанска која оваа година беше учесник на фестивалот во програмската содржина: ,,Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници”. Стручниот совет на фестиваот: проф.др Мирјана Мирчевска, проф.др Даворин Трпевски, проф.др Велика Стојкова-Серафимовска, Јовица Блажевсли и Наташа Кукоска одлучија оваа година Плакетата ,,Чувари на традицијата” за најуспешна презентација на фестивалот да ја доделат на ВИС,, Аманет” од Скопје. Многубројната публика со силни аплаузи ја поздрави одлуката, а уште повеќе со аплаузи ја поздравуваше секоја нивна песна и инструментална изведба. - Многу сме задоволни од годинешното издание на фестивалот, бидејќи програмата се реализира во целост без никакви технички  проблеми и пропусти, сите фестивалски вечери беја проследени од многубројна публика, имавме многу групи од различни држави кои успеавме да ги дочекаме, угостиме и испратиме среќни и задоволни и уште еднаш потврдивме дека КУД,,Дримкол” од Вевчани е достоен чувар на традицијата во нашето место и држава, секое успешно завршено фестивалско издание за нас е среќа, задоволство, но, и обврска за уште поуспешно следно издание на ФНК,,Пображење”- вели Јасмина Бебекоска, програмски координатор на фестивалот. Овој фестивал од година во година расте и се развива, а од мината година се впиша и во календарот на ЦИОФФ.

Магазин | пред 6 години

Zagaduvanje-2

Над 5 милиони денари за Битола за програмата за намалување на аерозагадувањето

Над 5 милиони, поточно 5.054.762 денари е издвоениот износ за Општина Битола, по реализираниот јавен повик на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, објавен од страна на Владата на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат на 17.05.2019 година.Согласно јавниот повик за избор и рангирање на најзагадените градови/општини кои ќе бидат корисници на опремата од дел IV, точка 2 (2.1.1 – Горилници на плин (гас), АЦ Инвертер клими, ВРФ Систем, Топлински пумпи) од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година (Службен весник на РСМ 18/19 од 28.01.2019 година), Комисијата за спроведување на постапката за избор на корисниците-градовите за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, одлучи да издвои 5.054.762 денари, за која вредност ќе биде набавена опрема, согласно доставените проекти.Граѓаните дополнително ќе бидат информирани за објектот/објектите, за кои ќе биде наменета опремата.

Македонија | пред 6 години

bolnica-struga

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординација по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска можат да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации по семејна медицина. Со ова се финализираше процедурата почната во февруари годинава, презентирана од министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на првиот Национален форум за здравство. Ова решение е дел од мерките за унапредување на примарната здравствена заштита, изготвени врз основа на анализите и препораките на Светската здравствена организација и во координација со стручните здруженија.- Специјалистите по семејна медицина ќе може да нудат поголем број услуги од матичен лекар. Ова е само еден дел од унапредувањето на  квалитетот на услугите во примарната здравствена заштита. На овој начин граѓаните ќе можат здравствената заштита да ја добијат поблиску до местото на живеење, информираше министерот за здравство Филипче.Оваа мерка е поздравена и од Здружението на лекари по општа и семејна медицина, бидејќи на овој начин, примарната здравствена заштита во која работи специјализиран кадар може да придонесе за значителни здравствени заштеди. Со навремено дијагностицирање и соодветен менаџмент на одредени состојби ќе дојде до растоварување на секундарното и терциерното ниво во здравствениот сектор. На овој начин ќе се создадат услови клиничките специјалности да се посветат на покомплексни и потешки здравствени состојби, за поголема мотивираност на лекарите, кои ќе бидат посветени на својата специјалност, а на овој начин ќе се намали и одливот, како на постојниот кадар, така и на младите лекари.-Специјализацијата и доедукацијата по семејна медицина како процеси се почнати  во 2010 година. Во просек, 30 лекари годишно се стекнуваат со звање специјалисти по семејна медицина. Со овие измени се оди чекор напред. Со препознавање на компетенциите, се имплементира специјализацијата по семејна медицина, согласно глобалната политика за постигнување стандарди за квалитет. Се препознаваат и признаваат знаењето и вештините на специјалистите по семејна медицина, а со оваа одлука очекуваме да се зголеми интересот за специјализацијата и доедукација, изјави Катерина Ковачевиќ, претседателка на Здружението на лекари по општа и семејна медицина.Потполното вреднување и искористување на компетенциите на семејните лекари ќе придонесе, пред се кон поголемо задоволство на пациентите преку обезбедување лична, континуирана, сеопфатна и финансиски одржлива  здравствена заштита во контекст на семејството и општеството.

Македонија | пред 6 години

janeva-katica-raspit

Јанева не чувствува вина, ниту го форматирала телефонот

Повеќе од 4 часа, специјалната обвинителка Јанева помина во посета на колегите од организиран криминал. Не дојде сама туку ја пречека адвокатот Стеван Павлески кој заедно со неа присуствувал на давањето исказ во истрагата за рекетот. Не сподели никакви информации туку бара стрпливост од новинарите. Не сакаше ниту да потврди дали нејзиниот глас се слуша на италијанските бомби со Боки 13, Орце Камчев и Зоки Кичеец.По излегувањето од распитот Јанева рече дека секогаш носела правен консултант со неа, тој пак ја смируваше со зборовите дека пред новинарите не е на распит.Специјалната обвинителка смета дека е сведок, дека не е виновна за случувањата, и кратко одговараше на новинарските прашања.Утрово неколку минути по терминот за распит таа стигна со службен автомобил од СЈО. По големиот интерес на новинарите застана и даде изјава дека се уште е специјален јавен обвинител и дека очекува разврска на своите случаи, како и побрза истрага за рекетот.

Македонија | пред 6 години

carsija-lugje-guzva-turisti

Продолжува пеколното време, но до кога?

Продолжува периодот на стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе има од петок.Во недела и понеделник претежно во северните делови ќе има услови за појава на краткотарен пороен дожд и појава на грмежи, соопшти УХМР.Максималните дневни температути ќе бидат во интервал од 30 до 38 степени.

Македонија | пред 6 години

Samoubistvo-kaj-Momir-02

Полицајци пукале оти возач не го сопрел возилото

Во атарот на скопско Бањани утрово во 01.10 часот полицијата откако забележала комбе натоварено со дрва преземала мерки за негово запирање, но возачот не го сопрел возилото, удрил во полициското возило, по што полицајците испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух.МВР денеска соопшти дека полициски службеници откако забележале комбе натоварено со дрва превземале мерки и активности за запирање на возилото.– Возачот на даден знак не го сопрел возилото заради контрола туку истото продолжило со движење. Во еден момент службено возило на полицијата било удрено од возило „сеат“ а полициските службеници излегле од возилото и испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух со цел сопирање на возилото, се појаснува во соопштението.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

dimsa

(ВИДЕО) Сведочењето на Јанева е доказ дека истрагата на Русковска е компромитирана, вели Арсовски

Како што можете да видите, истрагата за случајот „Рекет“ е една огромна фарса! Пред наши очи гледаме како целосно се распаѓа и девалвира целиот правен систем притиснат од корумпирани политичари и обвинители. Наместо борба против криминалот и корупцијата, сведоци сме како сите инструменти се ставаат во заштита на мафијата, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.„Денешното сведочење на Катица Јанева е се, освен професионално водење на истрагата со цел откривање на нарачателите на злоупотребата на институциите и законот за вршење на притисоци и рекетирање на недолжни граѓани. Денешното сведочење на Јанева е доказ дека истрагата на чело со Вилма Русковска е компромитирана.Катица Јанева доаѓа да даде исказ како сведок во присуство на адвокат! И тоа не било кој, туку адвокат на еден од таргетите во случајот „Империја“, случај кој што е конструиран по истекот на законскиот рок за постапување на СЈО, само и само за да се рекетираат бизнисмените.Нема поголема иронија и нема поголемо потценување на интелигенцијата на граѓаните.Доколку Катица Јанева сакаше да и помогне на истрагата како што вели, да дојде до главата на октоподот ќе отидеше сама, ќе соработуваше и ќе кажеше се што знае за оние кои што ги нарачале сите овие рекети. За тоа не и треба адвокат. Адвокатот и треба само за да се прикријат дупките и за да се има контрола врз се она што ќе каже, бидејќи очигледно Катица Јанева нема сама капацитет да отиде и да даде исказ во обвинителство.Апсурдот да биде поголем, истата Катица Јанева во СЈО не дозволува присуство на адвокати кога се сослушуваат сведоци со едноставно образложение дека не станува збор за лица кои се предмет на истрагата.Или СЈО го злоупотребува Законот за кривична постапка или Вилма Русковска. Трето нема! Факт е дека правдата и процедурите не се еднакви за сите.За циркусот да биде целосен, Катица Јанева која е повикана лично како сведок, на сослушувањето доаѓа со службено возило и личен возач, демонстрирајќи сила и моќ. Класична злоупотреба на ресурсите кои ги плаќаат граѓаните.Јасно е дека целта на Вилма Русковска не е да дојде до главата на октоподот. Нејзината цел е да се сокријат трагите кои може да доведат директно до Зоран Заев и до разно разните Кики, Фрики и Шеки од власта.Затоа на Катица Јанева и беше оставено време да форматира телефони и компјутери. Затоа нема изводи од базните станици каде се движеле осомничените Боки 13 и Зоран Милевски, Кичеец со милиони евра во нив. Затоа нема изводи од базните станици од движењето на Катица Јанева или Зоран Заев.Целата јавност и домашната и меѓународната го виде и го слушна на дело рекет системот на власта.Одговорност ќе има за сите, од прв до последен. Македонија сега ја плаќа цената на бессрамната коалиција на криминално – политичко – правосудниот октопод. Македонија сега е на столбот на срамот и од ден на ден се повеќе се оддалечува од членството во ЕУ.Добра вест е што се ближи крајот на оваа крими – коалиција и претстои обнова на Македонија и тоа многу брзо.Откако правдата ќе се врати одговорност ќе сносат и оние кои помагаа, но и оние кои што ги извршија сите овие случаи и оние кои што помагаа да се забошотат сите овие случаи. Одговорност мора да има.“, наведе Арсовски.

Македонија | пред 6 години

svinja

Анима Мунди бара да не се убиваат свињите, тврдејќи дека чумата не е опасна за луѓето

Ако сите епидемии се решаваа со убивање, немаше да има живи суштества на планетава, велат од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, од каде бараат владата итно да ги отповика, како што велат, најавените монструозни мерки за убивање на животните.„Свинската чума не е опасна за луѓето, а само Македонија планира масакр на свињите, додека мерките во нашето соседство се сведуваат на хигиена, дезинфекција, пријавување на секое угинато животно и забрана за увоз и извоз“, се наведува во соопштението на здружението.Од таму додаваат дека за најавениот колеж на свињите државата ќе потроши 65 милиони денари.„Надокнада од 3.000 денари за секоја заклана свиња од страна на селските домаќинства, парична награда од 1.000 денари за ловџиите за секоја застрелана единка. Каде живееме ние, се срамиме и ни се гади“, истакнуваат од „Анима мунди“, од каде изразуваат и негодување кон ловџиите за кои велат дека убиваат животни од чиста забава.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања