Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

FFM

ФФМ за ужасната несреќа: Сочуство до семејството на работникот

Вчера се случи еден трагичен начин во кој животот го загуби работник кој работел пред ФФМ.Трагичниот настан се случил денес околу 16 часот кога паднал кранот на кој стоел работникот кој бил задолжен за одржување на хигиената на прозорците во просториите на ФФМ.„Денес, тежок несреќен случај ја потресе целата македонска јавност. Пред Куќата на фудбалот трагично згасна човечки живот!. Би сакале да изразиме благодарност до сите служби на итна помош кои во рекордно време пристигнаа на местото на немилиот настан, но за жал сепак предоцна за било каква интервенција. Благодарност и до вработените во стручната служба на ФФМ кои до доцните часови беа на располагање и даваа поддршка со сите расположливи средства. Фудбалската Федерација на Македонија и целото фудбалско семејство изразуваат длабоко сочуство до семејството и пријателите на работникот кој го загуби животот. Слава му!“, стои во соопштението кое вечерва беше објавено на социјалните мрежи на фудбалската федерација.

Скопје | пред 6 години

skele

Ужасна несреќа во Скопје: Маж паднал од кран, починал на лице место

На 20.08.2019  во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „АСНОМ“, В.П.(56) од Скопје, вработен во приватна фирма, додека извршувал работни задачи со кран на зградата на ФФМ, паднал и од здобиените повреди починал на местото на настанот.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а при падот на кранот биле оштетени две возила „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки.Увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен државен трудов инспектор и јавен обвинител.

Скопје | пред 6 години

CbJVQ-djordj-pel

Ексминистерот за финансии на папата Франциско осуден за сексуално злоставување деца

Судот во сојузната австралиска држава Викторија ја потврди затворската казна на кардиналот Џорџ Пел, кој е осуден за сексуално злоставување деца.Одлуката на Апелацискиот суд ја поздравија жртвите од злоставувањата и групите за заштита на правата на жртвите, кои беа собрани пред зградата на судот, пренесоа светските медиуми.Кардиналот Пел, некогашен министер за финансии на папата Франциско, во декември минатата година беше осуден на шест години затвор за злоставување на двајца 13-годишници во катедралата Свети Петар во Мелбурн.Неговите адвокати соопштија дека ќе бараат преиспитување на одлуката на судот и ќе поднесат жалба до највисокиот суд на Австралија.Пел е највисокиот ватикански претставник кој досега е осуден на затворска казна, а заради пресудата австралискиот премиер Скот Морисон порача дека ќе му се одземе и австралискиот Орден на честа.

Свет | пред 6 години

katica-1-960x624

ФОТО: Ноќеска Катица Јанева е уловена во ресторан на скопскиот кеј

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по вчерашниот неколкучасовен исказ во Обвинителството, беше забележана на прошетка на кејот на Вардар. По прошетката, во доцните часови, седна на вечера во еден од рестораните на скопскиот кеј, пишува Пресинг ТВ.По се изгледа дека обвинителката Јанева  со нетрпение го очекувала настапот за случајот “Рекет“ пред нејзината колешка Вилма Рускоска. Зашто, по избивањето на скандалот таа прво како да пропадна во земја и требаше да помине извесен период за во јавноста да се појават нејзини фотографии. Комуникацијата пак се одвиваше преку нејзини соопштенија и од новинарите бегаше како ѓавол од темјан. Се чини дека дури по вчерашниот настап во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, конечно се ослободи и се осмели да одговара на новинарските прашања, во што ја прекина нејзиниот ангажиран адвокат .Настаните околу случајот “Рекет“ очигледно не ја загрижуваат. 

Македонија | пред 6 години

grenland-1-396886mgcqqez85ocz3rb4

Трамп го тешки Гренланд: Не градам златна и сјајна кула со моето име

Доналд Трамп можеби се уште сака да го купи Гренланд, но за утеха на Гренлаѓаните, американскиот претседател нема планови да го украси брегот на овој голем остров со својот препознатлив бренд – златната и сјајна кула Трамп.Доцна синоќа, Трамп на твитер постираше фотографија на мала крајбрежна населба на Гренланд а покрај малите куќи додадена и златно жолтата кула со неговото име.”Ветувам дека нема ова да направам на Гренланд” – напиша американскиот претседател.Шегата на страна, Трамп потврди дека идејата за купување на Гренланд од Данска, била претставена во разговорите во белата куќа а според него – во суштина станува збор за потенцијален голем договор за купување недвижности.“Мислам, во суштина, ова е можен голем договор за недвижен имот. Многу работи може да се направат. Многу и наштетува на Данска, затоа што тие губат речиси 700 милиони долари годишно. Го имаат Гренланд со голема загуба. Стратешки, за Соединетите држави, би било добро. Ние сме големи сојузници на Данска, и помагаме на Данска и ја штитиме Данска, и ќе продолжиме” – изјави Трамп.Зошто купувањето на една од најретко населените територии на планетата е атрактивна можност за Трамп и неговата администрација?За Трамп, веројатно претставува најголемиот можен договор за недвижности во неговиот живот, со кој би купил територија со големина од ¼-тина на Соединетите држави и би го цементирал своето место во американската историја заедно со Претседателот Ендрју Џонсон, кој ја купил Алјаска од Русија 1867-та година и Томас Џеферсон кој ја обезбедил Луизијана од Французите 1803-тата година. За советниците на Трамп, можното купување на Гренланд би можело да и парира на доминацијата на Кина на пазарот на индустриски метали а стратешката позиционираност меѓу САД и Русија би можела да ги ограничи руските воени амбиции. Премиерките на Гренланд и Данска не се согласуваат со бизнис плановите на Трамп.Две работи, како прво, јас не сум во моментов токму на Гренланд, заради Трамп. Јас секако ќе дојдев тука. Целосно се согласувам со Ким Килсен (премиерка на Гренланд), дека се разбира, Гренланд не е за продажба. Патем, Гренланд не е Дански. Гренланд е на Гренлаѓаните. Ким Килсен јасно кажа: “Гренланд нема да биде продаден” – изјави Премиерката на Данска, Мете Фредериксен.Гренланд е автономен регион, кој ефективно се самовладее додека Данска, суверениот владетел на островот, се грижи за неговата одбрана и надворешна политика.

Свет | пред 6 години

tramp-111

Трамп ја откажа посетата на Данска откако му удрија корпа за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажа посетата на Данска предвидена за почетокот на наредниот месец. Тој на Твитер објави дека ја откажува посетата затоа што премиерката на Данска, Мете Фредериксен не е заинтересирана да им го продаде на САД островот Гренланд.Трамп зборува за одлагање на посетата закажана за 2 септември , но не кажува кога и дали ќе има нова посета на Данска.Минатата недела беше обелоденето дека Трамп разговарал со своите советници за плановите да го купи Гренланд. Најголемиот остров во светот има автономен статус во рамки на данското кралство. Трамп сака да го купи заради неговата стратегиска позиција но и заради големото богатство на ретко метали најдени на голема длабочина под мразот.Секако, тој е и важна воена стратегиска зона, зашто се наоѓа помешу САД и Русија. За време на Студената војна Американците на Гренланд изградија воена база и аеродром.

Свет | пред 6 години

skopje-ulica-soobrakaj-koli

151 казна во Скопје, 49 возачи возеле со поголема брзина од дозволената

Во текот на изминатиот ден (20.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 49 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај се исклучени 27 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај биле 11 возила бидејќи биле нерегистрирани.Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци. Во текот на изминатиот ден издаден е 151 мандатен платен налог. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјаец пријавил дека бил каснат од куче

На 20.08.2019 во 10.00 часот во Полициската станица Аеродром, Ј.Л.(65) од Скопје пријавил дека на булевар „АСНОМ“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 6 години

soobra-botun-3

Тешка сообраќајка во Охрид, едно лице со тешки повреди пренесно во болница

На 20.08.2019 во 15.25 часот на улица „Илинденска“ во Охрид се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес А170“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.С.(61) од Охрид и патничко возило „Опел зафира“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(23) од Охрид.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.С., а со телесни повреди се здобил А.Н. по што биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ каде им била укажана лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Прилепчанец паднал од мотор, со тешки повреди пренесен во болница

На 20.08.2019 во 12.55 часот на регионалниот пат Прилеп – Крушево, Е.Р.(46) од Прилеп, управувајќи мотоцикл „Фости“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Во гостиварско возило пронајдена марихуана, три лица уапсени

На 20.08.2019 околу 17.20 часот во близина на гостиварското село Зубовце, полициски службеници  запреле патничко моторно возило „Фиат типо“ со италијански регистарски ознаки, во кое се наоѓале Г.И.(18) од гостиварско Дебреше, С.А.(27) од Гостивар и А.А.(18) од Врапчиште.При нивен и преглед на возилото била пронајдена марихуана. Тројцата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

kokain

Поради кокаин уапсен неготинчанец

На 21.08.2019 околу 02.15 часот во близина на бензинска пумпа во тетовското село Жеровјане полициски службеници од слобода го лишиле Д.Ш.(33) од с.Неготино.При преглед кај него бил пронајден кокаин.По целосно расчистување на случајот, против Д.Ш. ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ново апсење во Тетово поради пронајдена марихуана

На 21.08.2019  околу 00.30 часот во тетовското село Боговиње полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода М.И.(24) од истото село. При преглед кај него била пронајдена марихуана.М.И. бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

samka-zaev-960x504

Пратеникот Ибраимоски: Со Катица Јанева ќе се разјаснат многу работи за „Рекет“

„Појавувањето на Катица Јанева во Обвинителството,ќе разјаснат многу работи. Не се согласувам со коментарите на граѓаните дека срамота е што се појавила на суд,секој еден без разлика на функција може да се појави како сведок,доколку обвинителот смета така. Како пратеник не сакам да прејудицирам како ќе се одвиваат работите околу предметот ,,Рекет,,но сакам да прашам од каде му е видеото на Италиланскиот  новинар,и кој од инволвираните во случајот,, Империја,, му го има дадено?“, пишува Самка Ибраимоски.„Видеото што го има објавено Италијанскиот новинар е со намера да се дискриминира Специјалното Обвинителство и со умисла да има застарување на предметот Империја.Исто така некој сака да ја уцрни владата на РСМ,но да не заборавиме дека предметот Рекет го прија Зоран Заев.Овој предмет мора да заврши и сите инволвирани да одговараат. Како пратеник секогаш сум укажувал дека криминалците треба да одат во затвор без разлика кој е кој.Но не смееме да заборавиме на криминалците од предходната власт.  ВМРО ДПМНЕ секој ден излегува со пресови и лажни информации,со цел да добие поени кај народот за наводно инволвираност на власта во предметот РЕКЕТ. Сакам да им порачам на ВМРО ДПМНЕ дека влегоа во стапица и сега тешко дека ќе се извлечат,зошто со денешното појавување на Карица Јанева како сведок ќе се разјаснат ,многу работи.Добро е што предметот Рекет создаде интерес кај граѓаните,но сакам да ги потсетам да не заборават на 5 те милјарди евра украдени од ВМРО ДПМНЕ,а тоа се два будзета на РСМ. Не сакам никого да оправдувам,барам да се спроведе тоа што се борев по улици да има правда без разлика на неовата функција и веросиповест.Давам целосна подршка да се разјасни предметот Рекет и што е можно побрзо“, додава Ибраимоски.

Коментари | пред 6 години

Mickoski-PRESS-1608-1

Јанева не сака да соработува со Русковска, а „Рекет“ е театар за јавноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Истрагата за најголемата криминална афера во македонската историја, аферата „Рекет“, се претвори во фарса и театар со кој се замајува македонската јавност. Обвинителството по кој знае кој пат наместо во одбрана на правото и правната држава застанаа во одбрана на мафијата и криминалците. Зоран Заев ја укина правната држава и воспостави тоталитарен криминален режим. Вчерашното сведочење на Јанева е доказ дека истрагата за милионскиот криминал за случајот „Рекет“ е компромитирана. Заев, Русковска и Јанева уште еднаш ја потценија интелигенцијата на граѓаните. Јанева даде исказ како сведок во присуство на адвокат, адвокат кој истовремено правно застапува еден од таргетите во случајот „Империја“ на СЈО. Ова е навреда за секој чесен граѓанин кој очекува правда во Македонија и кој сака нашата држава да ја види како успешна приказна“, велат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.„Очигледно е дека Јанева не сака да соработува со обвинителството. Очигледно е дека таа застана во одбрана на главата на криминалниот октопод аболицираниот криминалец Зоран Заев. Правосудството мора да се ослободи од стегите на власта, мора да ги игнорира  притисоците на Зоран Заев, бидејќи во спротивно станува соучесник во најголемата криминална афера во модерната историја на Македонија. Истрагата мора да се прошири и мора да се откријат сите пипци на октоподот, како Кики, Фрики и Шеки, пипци кои водат директно до главата, Зоран Заев. Македонските граѓани се жртви на криминалната банда на чело со аболицираниот Заев, банда која ќе ја поразат на следните парламентарни избори. Кога Зоран Заев ќе си замине тогаш ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законите, но и оние кои наместо да го гонат застанале во одбрана на криминалот“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Ако не сакате „Фејсбук“ да ја знае вашата локација и да не собира информации за вас, ќе треба да се помачите

Социјалната мрежа „Фејсбук“ објави дека ќе ја промени својата досегашна политика и ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат и контролираат податоците кои другите интернет-страници и апликации ги користат од социјалната мрежа за подобро да ги насочат своите маркетинг-кампањи. Со ова, технолошкиот гигант сака да покаже дека ја јакне заштитата на личните податоци на своите корисници.Всушност, компанијата го најави лансирањето на долгоочекуваната алатка што ќе им овозможи на корисниците да ја блокираат можноста социјалната мрежа да собира информации за нив.„Фејсбук“ објави дека ќе додаде место каде корисниците ќе можат да ги видат нивните активности што „Фејсбук“ ги следи надвор од својот сервис и доколку сакаат, ќе можат да ја исклучат ваквата можност.Оваа алатка денеска ќе биде официјално достапна во Јужна Кореја, Ирска и Шпанија, а во наредните месеци ќе стане достапна и за корисниците во други земји.„Фејсбук“ се соочува со зголемена контрола од страна на владата во однос на практиките за приватност кои ги применува компанијата.Извршниот директор Марк Цукерберг пред повеќе од една година објави дека компанијата активно работи на функцијата што денес е промовирана.

Магазин | пред 6 години

20190716011906

Базните станици треба да откријат каде се милионите на Орце Камчев кои ги зема Боки 13

„Не се секирај, се ќе биде океј“. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во улога на сведок   пред обвинителката Вилма Рускоска која ја води истрагата за „Рекет“,треба да објасни што значат овие зборови, но и други нејзини изјави слушнати на спикерфон, во телефонски разговори меѓу првоосомничениот во тој случај, Бојан Јовановски и Јордан Камчев, осомничен во предметот на СЈО, „Империја“, пишува Дојче веле.Второосомничениот во „Рекет“, Зоран Милески (Кичеец) вчера неколку часови даваше исказ во Обвинителството, но засега нема информации за неговата содржина .Првата адреса на торбатаИстрагата е пред тешка задача: треба да открие дали имало трговија со влијание со лице од СЈО за да се олесни положбата на Камчев, но и каде завршила торбата со еден милион евра што тој ја дал за таквата ветена услуга? На видео снимката објавена во онлајн изданието на италијанскиот весник „Ла верита“ се гледа и слуша за сумата што Камчев ја подготвил да ја предаде за таа цел, со која, спакувана во торба Јовановски и Милевски заминуваат од неговиот дом.Каде завршија парите – е најпоставуваното прашање во јавноста. Вештачењето на телефоните кои ги користеле осомничените не е завршено, но според експерти, не е тешко да се открие маршрутата на осомничените откако заминале со торбата со пари.Со оглед дека оштетениот дал видео и аудио докази на кој датум и во колку часот се случило предавањето на парите, базните станици на телефонските оператори чии услуги ги користеле осомничените можат да го откријат нивното движење тој ден – почнувајќи од првата адреса на која стигнале со торбата, но и другите локации на кои престојувале потоа, заедно или одвоено.Во интерес на истрагата од Обвинителството засега не соопштуваат детали дали веќе имаат обезбедено докази со кои може да сколпат коцките од мозаикот.Случајност или координација?Притисокот за расчистување на овој случај не стивнува. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го користи за обвинувања дека случајот не би добил такви димензии без инволвирање на лица од врвот на власта, поради што се сомнева во исходот од истрагата и смета дека се нужни предвремени избори. Од партијата подолго време праќаат сигнали дека имаат сознанија за криминал и за други случаи. Пред една недела, кога премиерот Заев даде јавен одговор за што разговарал со градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, (откако Беџети го обвини премиерот за наводни интервенции за разрешување на претседател на суд) лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара од Заев да одговори и за други разговори.„А Васко Ковачевски за тендерите со ископот во РЕК Битола за што разговараше? А Китанов за експресниот пат Штип-Радовиш за што разговараше? А Филипче за тендерот за стерилизација во Италија за што разговараше? А вие господине Зоран Заев со ДАН Дончев и Киче за оние 11.000.000€ се сеќавате од Диамед за што разговаравте? Ќе има уште прашања во периодот кој следи”, напиша Мицкоски на на Фејсбук.Случајно или не, Ларис Гаисер, авторот кој во „Ла верита“ објави снимки за „Рекет“, во разговор со некои македонски портали најавил нови снимки. Според неговата најава, новите материјали би требало да ја докажат поврзаноста на високи претставници на власта во аферата „Рекет“, а наводно биле поврзани со случувања во здравствениот сектор.Засега се шпекулира и дека тие снимки можеби нема да бидат објавени во истиот италијанскиот медиум, бидејќи за нив наводно бил заинтересиран и познат германски весник.

Македонија | пред 6 години

granica

Ако одите за Грција, на граница ве чека гужва

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце се чека до 30 минути. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.Поради градежни активности на наплатната станица Тетово, патен правец Гостивар – Тетово, денеска има променет режим на сообраќај.Изменет сообраќаен режим има и на крстосницата Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово

Македонија | пред 6 години

ohrid-sonce-vreme-vremenska

Високи температури и денеска

Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19 степени, а максималната од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 16 степени, а дневната до 36 степени.Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека продолжува периодот на стабилно и топло време. Зголемување на облачноста ќе има од петок. Во недела и понеделник претежно во северните делови ќе има услови за појава на краткотарен пороен дожд и појава на грмежи.

Македонија | пред 6 години

janeva-pak

Катица Јанева не донесе нови лица осомничени за „Рекет“ кај Русковска

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вели дека не чувствува вина за случајот „Рекет“, но на петчасовниот распит вчера во Обвинителството за организиран криминал за случајот беше во придружба на адвокатот Стеван Павлевски.Шефицата на СЈО во оставка Јанева, на влез во ЈО, пред новинарите изрази очекување  дека нејзиниот исказ ќе помогне да се забрза истрагата за „Рекет“ и потсети дека таа се уште е специјален обвинител и дека нејзините колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд.По петчасовниот распит во ЈО, иако Јанева пред новинарите застана расположена за зборување, поголемиот дел од комуникацијата беа новинарските прашања.Јанева рече дека „засега не може и не смее“ да каже дали е нејзиниот гласот на објавената видео снимка со Јордан Камчев, дека „не знае“ дали истрагата ќе се прошири и на неа, како и дека „не знае“ дали има инволвирано некој политичар во случајот и дека „има време да се објасни“ зошто предложила спогодба за осомничените за „Империја“ и „Поштенска банка“.Досега во врска со случајот во Обвинителството искази дадоа во својство на сведоци тројца обвинители од СЈО Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и Бурим Рустеми, но како единствени осомничени се уште се Бојан Јовановски и Зоран Милески, кои се наоѓаат во притвор.На распит во ООК беше донесен и второосмничениот Зоран Милески – Кичеец, како и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

(ВИДЕО) Орце праша „Доволно ти се 1.5 милиони да не гониш“, а Катица одговори...

Вчерашната изјава на Катица Јанева предизвика низа од реакции на социјалните мрежи. Твитерџиите користат делови од изјавата, за да се пошегуваат на сметка на обвинителката. Еве дел од реакциите...https://twitter.com/MartianFromMKD/status/1163833547104366592https://twitter.com/Deni0009/status/1164063780483080192https://twitter.com/advokat0t/status/1163949045045485569https://twitter.com/Nenaspana_Mucka/status/1163927953828454402https://twitter.com/MkShlem/status/1163927300192264194https://twitter.com/baljumbaljum/status/1163927042674561024https://twitter.com/LepceSoSalamce/status/1163920939098279938https://twitter.com/patopisec/status/1163914691296542726https://twitter.com/zojastoja/status/1163874604856815616https://twitter.com/cile_ciki/status/1163853752094384129 

Коментари | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Стана ли СЈО приватна фирма: Обвинителките ги тресат до гаќи, Катица Јанева не е осомничена

Да сумираме. Сињора Кејти Џен не е осомничена, за Русковска и Јовковски она е сведок, и покрај тоа што е директно инволвирана во ,,Рекет" (комуницира со осомничен на СЈО на мобилен на притворениот Јовановски и му вели на Орце Камчев : ,,се`ќе биде ок". И навистина се' беше ок, Камчев си доби пасош назад за некое време, а сега више никој не знае дали е во земјава)И не само тоа. Не е осомничена, камоли притворена и за случајот ,,Поштенска банка", каде по нејзин налог замрзнува имот, но остава еден стан на ,,Орце Николов", кој потоа го купува нејзин пријател за ниска цена, екс директорот на МЕПСО, Сашо Василевски (експресно разрешен по притворот на Боки 13 и оставката на Јанева)Туку, таа денеска се појави рака под рака со Стеван Павлески, нарекувајќи го правен КОНСУЛТАНТ, иако човекот е адвокат на луѓе кои се осомничени токму од СЈО (на луѓе од другата страна)И токму тој, пред камери ја подучува да не дава изјави, не била на распит !?Не знам..можеби СЈО во меѓувреме станало приватна фирма !?Сињорава, која за 4 години имаше Буџет од околу 10 милиони евра, не е више во его на народна поданичка која ја плаќаат даночни обврзници, можда до толку е осилена да е во филм дека на мајка и` е институцијата, па она ќе бира како и што ќе објаснува на јавноста.Како и да е. Поминаа 2 месеци, телефоните еве уште се вештачеле, сињора си го води СЈО уште, обвинителкине ги тресат до гаќи, а они си ќутат, не им текнува на оставки среде кошмар, Заев уште не дал објаснување како му избега Груевски..Чек..Груевски.Никаде го нема. Се изгуби.Што стана со чУеков, со сите негови недочитливи досадни писанија и стикерчиња ? Па, ни Илинден не честиташе на нацијата. Толкав патриот, а заборави на Илинден. Пишува Јорданка Јовановска-Јоци на Фејсбук

Коментари | пред 6 години

janeva-katica-raspit

Катица Јанева глуми недоветна, си свирка и ич не и чуе, коментира јавноста

По вчерашниот исказ на специјалната обвинителка Катица Јанева пред Вилма Русковска, социјалните мрежи „вријат“ од коментари..Еве дел од нив:https://twitter.com/MartianFromMKD/status/1163831159324889089?ref_src=twsrc%5Etfwhttps://twitter.com/sicario_mk/status/1163831686423097347?ref_src=twsrc%5Etfwhttps://twitter.com/PravednaTavita/status/1163781325058400256?ref_src=twsrc%5Etfwhttps://twitter.com/Tetkicai/status/1163793309405458432?ref_src=twsrc%5Etfwhttps://twitter.com/Mrchatina/status/1163782977932840961?ref_src=twsrc%5Etfwhttps://twitter.com/b0stan/status/1163805087803805696?ref_src=twsrc%5Etfwhttps://twitter.com/februar1967/status/1163805803754786816?ref_src=twsrc%5Etfwhttps://twitter.com/snowgirly2/status/1163758821711519749?ref_src=twsrc%5Etfw

Коментари | пред 6 години

lov-divi-svinji-vo-jasen

Радикални мерки против африканска чума – ловџиите и АРМ треба да извршат отстрел на 50% од дивите свињи

Армијата се вклучува во отстрелот на дивите свињи. Во рок од три дена генерал штабот треба да изработи акционен план и веднаш да почнат во сите ловишта каде нема концесионери а кои се главно во пограничните региони кон кризните жаришта. Во рок од 10 дена 4000 диви свињи треба да бидат застрелани, а околу 18.000 домашни, заклани. Ова се радикалните мекри кои ги презема Владата со цел заштита од афринакста чума која се појави во Бугарија И Србија, во близина на македонската граница. Целта на мерките е болеста која не се пренесува кај луѓето, да не се појави во земјава затоа што последиците ќе бидат погубни за свињарството.Според планот, ловците ќе добиваат награда од 1000 денари за секоја застрелана дива свиња, и месото им останува на располагање.Во случај болеста да се појави во земјава, ќе треба да бидат уништени сите свињи во радиус од 3 километри и многу години потоа за да се врати свињарството на нивото кое е сега.За опозицијата ваквите мерки не се решение, туку пролонгирање на проблемот.

Македонија | пред 6 години

FFM

Загина работник кој чистел прозорци на зградата на ФФМ

Загина 56 годишен работник од Скопје откако денеска околу 16 часот паднал од зградата на ФФМ. МВР потврди дека лицето В.П од Скопје паднало и починало на лице место додека извршувало градежни работи на зградата.Работникот во тоа време ги извршувал работните задачи (миење на прозорци). Веднаш била повикана Брза помош, но лекарите само констатирале смрт.Избегната била уште поголема трагедија зашто во моментот кога кранот паднал врз паркираните автомобили, немало никој во околината.МВР потврди дека лицето В.П од Скопје паднало и починало на лице место додека извршувало градежни работи на зградата, а надлежен јавен обвинител работи на утврдување на причините за несреќата.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања