Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Akva-park

Тепачка во Аква паркот при Спортскиот центар „Борис Трајковски“

На 20.08.2019 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 17.40 часот во Аква паркот при Спортскиот центар „Борис Трајковски“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.И.(22), Н.Б.(23), и Б.Н.(23), сите од Скопје, од една страна и Г.Р.(21), Р.Ш.(25), А.С.(19), Р.З.(19), Е.М.(19), С.К.(20) и Л.Ш.(21) сите од Скопје, од друга страна. Лицата биле приведени во Полициската станица Карпош и сочинети се записници за констатиран прекршок член 11 став од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Кај 21 годишен прилепчанец пронајдена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.А.(21) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“. На 29.06.2018 во Прилеп полициски службеници извршиле преглед над пријавениот при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

86 годишен маж измемен од две лица,им дал 450 евра и 4500 денари

На 20.08.2019 околу 10.30 часот во Полициската станица Гостивар, Ш.А.(86) од село Вруток, гостиварско, пријавил дека во близина на гостиварската болница бил измамен од две лица. Според пријавеното, двете лица му се доближиле и едното од нив се претставило дека е од Канада и му побарало пари, наводно, за да плати одредени услуги за сопругата во болницата. Според пријавата, Ш.А. му дал 450 евра и 4500 денари, а како гаранција дека брзо ќе му ги врати парите лицето му оставило лажен златен часовник, кој претходно му го продавал на другото непознато лице. После тоа лицето заминало и не се вратило. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СВР Тетово спроведува поголем ред со паркирањето

На 20.08.2019 Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово спроведе засилени контролни активности за поголем ред со паркирањето во Тетово. Притоа, откриени се 12 непрописно паркирани возила, кои биле санкционирани со исто толку поднесоци и кои биле подигнати од специјално возило „пајак“. Покрај ова, санкционирани се и 16 возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина, осум возачи кои управувале возило без положен возачки испит и други видови прекршоци. 

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ:  Градењето на независен правосуден систем ги покажува вистинските резултати

Правда мора да има!  Градењето на независен правосуден систем ги покажува вистинските резултати.  Правната држава функционира, неселективно за сите, се вели во соопштението од СДСМ.Никој не е над законите и секој ќе одговара за своите постапки.  Целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој случај.Иако и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите.Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран.  Одговороност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или на било каква друга припадност.Обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока нема да успеат. Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи, мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата.Нема правда, нема мир, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Dimsa-2PRESS-2108-2

Арсовски: Завршува обвинителската кариера на Јанева за која премиерот Заев тврдеше дека е човек со кредибилитет

Денеска и официјално завршува обвинителската и политичката кариера на првиот соработник на Зоран Заев, тоа е Катица Јанева.Завршува обвинителската кариера на Јанева за која премиерот Заев тврдеше дека е човек со кредибилитет позади кој самиот тој Зоран Заев седи и ја поддржува. Неговата одлука беше Катица Јанева да биде и унапредена во државен јавен обвинител, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Приведувањето на Катица Јанева е чекор кој требаше да се случи уште првиот ден кога излезе скандалот „Рекет“. Овој временски простор кој го имаше од излегувањето на скандалот „Рекет“ до денес поминаа повеќе од 40 дена, и тоа е простор во кој Катица Јанева имаше време да брише докази, да крие докази, да влијае врз сведоци, и да работи се останато во нејзина корист.Според она што до сега беше видено, Јанева е само една алка од синџирот на организиран криминал и корупција кој што во моментов го гледаме во Република Македонија преку случајот „Рекет“.Скандалозно, па дури и смешно е тврдењето на Јавното обвинителство дека двајцата осомничени барале 8 милиони евра, а Катица Јанева која ја завршила практично главната работа за која што биле барани парите, земала само предмети во вредност од 4.500 евра. Скандалозно, смешно и потценувачки за интелегенцијата на граѓаните кои и што самите видоа како што се одвиваше целиот случај на рекетирање.Се додека не се стигне до главните инсипиратори и нарачатели, да се дознае улогата на политичарите, на Кики, на Фрики, и на Шеки, на главата на Октподот Зоки Поки, нема да има правда во Република Македонија.Уште од првиот почеток предупредувавме доколку Зоран Заев процени дека тој е самиот загрозен ќе се откаже од сите свои луѓе само за да се спаси себе си и својата кожа.Почитувани,Апсењето на Катица Јанева не смее да се претвори во акција за спас на кариерата на Зоран Заев кој е целосно компромитиран и разнишан.Затоа потребно е да се знае која била улогата на Кики, која била улогата на Фрики, која била улогата на сите оние кои што потпишуваа меморандуми и беа блиски соработници на „Меѓународен сојуз“, која е хуманитарна фондација на еден од осомничените, точно да се знае одговорноста на главата на криминалниот октопод.Почитувани,Што знае Заев за овој случај и да се утврди каде се парите земени од рекетот? Дали во оваа афера се вмешани и други обвинители кои се дел од урнисаното СЈО кое нанесува неправда, наместо да донесе правда во Република Македонија, за што и беше формирано.Воедно Катица Јанева нанесе срам освен на кредибилитетот на обвинителиот систем, туку нанесе срам и на самата правда во Република Македонија, ги изневери сите оние луѓе кои веруваа дека оваа власт ќе донесе правда.Почитувани,Таа ги изневери и меѓународните преставници кои веруваа во нејзе и даваа поддршка, беа присутни на прес конференциите на ова корумпирано и под политички диктат обвинителство врз кое директна надлежност имаше Зоран Заев.Ако мисли дека вака ќе се спаси главата на октоподот, тогаш се лаже.Почитувани,Правда ќе има, и таа мора да дојде. Зошто тоа не е прашање на избор, туку единствена нужност која што во моментот е потребна во Република Македонија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Времен сообраќаен режим на Булевар Крсте Мисирков

Град Скопје информира дека утре 22.08.2019 (четврток) од 8:30 часот до 23.08.2019 (петок) до 8:30 часот, поради градежни активности за реконструкција на коловозот на бул. Крсте Мисирков, целосно ќе биде затворена за сообраќај едната насока од булеварот и тоа од крстосницата со булевар Гоце Делчев кај Судска Палата кон клучката Бит-пазар.Времениот сообраќаен режим ќе важи до завршување на градежните работи на овој потег, а се очекува за многу краток период, со нанесување на завршниот слој на асфалтот, да биде комплетирана реконструкцијата на булеварот во двете насоки.Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков опфаќа должина од 1.350  метри во двете насоки, а претставува дел од интензивните градежни активности на Град Скопје за подобрување на сообраќајната инфраструктурата во Скопје.Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да се придржуваат до времено поставениот режим на сообраќај. Истовремено, ги замолуваме сите учесници во сообраќајот за трпение и разбирање поради можното отежнато одвивање на сообраќајот во овој дел на градот.

Скопје | пред 6 години

21092019_Pres_konferencija_na_Vlada_3

Владата усвои етички кодекс за функционерите,Поповски го промовира

Министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, денеска на редовната прес-конференција на која портпаролот Муамет Хоџа информираше за одлуките донесени на 150-тата седница на Владата, го промовираше Етичкиот кодекс за обезбедување на законито, чесно, транспарентно и одговорно работење на членовите на Владата на Република Северна Македонија, замениците на министрите и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата.Во продолжение, Ви пренесуваме интегрален текст на обраќањето на министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски:„Почитувани претставници на медиумите,Почитувани граѓани,Владата на Република Северна Македонија е трајно посветена на  принципите на законито, чесно, транспарентно и одговорно работење како сервис и во интерес на потребите на  граѓаните и на јавноста.Од овие принципи нема отстапки.Како потврда на доследноста во  создавање општество на  трајни европски вредности, Владата на својата вчерашна седница го усвои „Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата“.Овој Кодекс произлегува од Насоките за добро управување кои беа подготвени во сеопфатна консултација со граѓанскиот сектор, академската заедница,стручната јавност и јавната администрација.Кодексот значи и реализација на препораките од петтиот круг на евалуација на ГРЕКО, којшто се однесуваат на спречување на корупција и криминал,како и промовирање на интегритет кај централната власт, кај највисоките извршни функции и органите за спроведување на законот.За практично спроведување  и реализација на одредбите од Кодексот од голема полза ќе бидат механизмите мерките за санкции, како  и  системско подигање на свеста за добро управување на лицата кои вршат највисоки извршни функции.Како министер задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, мене ми припадна честа, која ја прифатив со огромно задоволство, да бидам одговорен за промоција, спроведување и за следење на придржувањето кон Кодексот за етичко однесување за членовите на владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата.Прифаќањето на Кодексот всушност значи преземање обврска на носителите на јавни функции постојано да се придржуваат на принципите на добро и одговорно управување на највисоко политичко ниво.Република Северна Македонија е на вистинскиот пат за воспоставување на општество во кое владеат највисоки морални вредности.Затоа отпорот е толку голем и паничен и доаѓа од различни центри.Однесувањето на избраните и именувани лица согласно постулатите на правната држава и највисоките морални вредности и принципи е нашиот долг и обврска кон граѓаните.Само така можеме да очекуваме зголемување  на довербата во политичките претставници и институциите на системот.За успешна реализација на одредбите од овој Кодекс,од суштинско значење е вашиот активен придонес и алармирање за појави и однесување на носителите на јавни функции, спротивни на законските и морални принципи на однесување.Гласните, храбри и одговорни граѓани се нашиот најголем сојузник.Практичната примена на овој Кодекс за етичко однесување за членовите на владата и носителите на јавни функции именувани од страна на владата ќе биде потсетник дека довербата од граѓаните не е дадена еднаш засекогаш.Довербата на граѓаните останува наш врвен приоритет и овој Кодекс е нашата алатка со која ќе можеме да преземеме брзи и ефикасни  чекори за да ги  промениме институциите и начинот на однесување на носителите на јавни функции во интерес и во полза на граѓаните“.  

Македонија | пред 6 години

IMG-f71b6369fd2be78cc10f6134fe6d4596-V

Општина Кисела Вода и КК „Ангели“ организираат голем спортски настан

Општина Кисела Вода во соработка со кошаркарскиот клуб „Ангели“ во рамки на „Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ организира голем спортски настан на отворено.Првиот 3х3  Fiba endorsed турнир „Кисела Вода 2019“, на 30 и 31 август, со почеток во 17 часот ќе се одржи на спортските терени во училишните дворови на ООУ „Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево и СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“. На истиот покрај официјалниот 3х3 турнир на кој што ќе учествуваат најдобрите 16 екипи, кои ќе играат по официјални 3х3 правила, ќе биде организиран и „Баскет турнир“ по стари маалски правила. На 1 септември со почеток во 22:00 часот финалниот натпревар ќе се игра во дворот на СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“. За најдобрите КК „Ангели“ од Кисела Вода обезбеди награден фонд од преку 100.000 денари.

Скопје | пред 6 години

katica-janeva

Утрово починала мајката на Катица Јанева

Утринава во Гевгелија, починала мајката на специјалната обвинителка Катица Јанева. Одговарајќи на новинарско прашање на прес конференцијата, обвинителката Вилма Рускоска посочи дека тоа нема да влијае врз нивното барање за притвор за обвинителката објави Слободен Печат.Катица Јанева беше уапсена во нејзиниот дом во Козле, од каде, во придружба на полицијата беше однесена во СЈО, каде се вршеше претрес на најзината работна просторија.ОЈО на прес конференција соопшти дека доставило предлог за нејзин притвор.Извор: Сител телевизија 

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva-izjava-posle-raspit_1

Обвинителството „Рекетот“го донесе до Катица Јанева, еве ги деталите

 Јавното обвинителство уште од донесувањето на Наредбата за спроведување на истражната постапка против две лица за кривични дела – Примање награда за противзаконито влијание и Перење пари и други приноси од казниво дело, имаше основи на сомневање дека и лицето врз кое се влијаело, јавниот обвинител, презел кривично-правни дејствија.Со досега обезбедените вербални и материјални докази во истрагата Јавното обвинителство утврди дека основите на сомневање се издигнаа на степен на основано сомневање дека јавниот обвинител сторил кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.Со оглед на тоа, ве известуваме дека јавниот обвинител кој ја води постапката донесе Наредба за проширување на истрагата и против јавниот обвинител, кој е приведен и обвинителството од надлежниот суд ќе предложи определување на мерка притвор.Од обезбедените докази се утврди дека јавниот обвинител ја искористил својата службена положба и овластување кои ги има по Законот за Специјалното јавно обвинителство и одредбите од Законот за кривичната постапка и за себе и за други лица прибавил имотна корист во значителен износ.Од месец ноември 2018 година до април 2019 година еден од осомничените во оваа истрага  со искористување на своето претпоставено влијание врз јавниот обвинител, преку претходно воспоставени пријателски односи, влијаел да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши. Откако осомничениот јавен обвинител донел Наредба за спроведување на истражна постапка против повеќе лица во предметот со работен наслов „Империја“, влијаел на едно од лицата против кои се водела истрагата, да му се олесни неговата положба во таа постапка со укинување на мерката притвор и да му се определи поблага мерка – куќен притвор, да му се даде својство на заштитен сведок и со наредба да се запре истражната постапка или да се склучи со него предлог-спогодба за вина за полесни кривични дела и да плати незначителен износ на штета и да му се укине мерката на претпазливост – привремено одземање на неговите патни исправи.Јавниот обвинител го прифатил влијанието од осомничениот и при неизменети околности врз основа на кои бил определен притворот дал предлог притворот против осомничениот во предметот „Империја“ да се укине и да му се определи поблага мерка-куќен притвор по што на 27 декември 2018 година, Апелациониот суд Скопје донел Решение за определување на мерка куќен притвор.Со повеќе преземени дејствија двајцата осомничени за да го убедат осомничениот од предметот „Империја“ во влијанието кое едно од лицата против кои се води истрагата го има врз јавниот обвинител, во повеќето средби телефонски преку спикерфон разговарале со јавниот обвинител и по разговорите и средбите, откако осомничениот во случајот „Империја“ и неговата сопруга биле уверени во влијанието,  двете лица против кои се води истрагата, од овој осомничен барале 8 милиони евра за олеснување на неговата положба и на  20 февруари 2019 година двајцата дошле во домот на осомничениот во предметот „Империја“ и од него зеле торба марка „Луј Витон“ со 1 милион евра, а претходно, додека осомничениот бил во притвор, од неговата сопруга зеле 500.000 евра.Потоа, во периодот март-април 2019 година, по предлог на јавниот обвинител, судот привремено одземените патни исправи му ги вратил на осомничениот од предметот „Империја“. Јавниот обвинител со тоа што при неизменети околности по кои бил определен и продолжен притворот и непосредно потоа дал предлог тој да се укине и да се замени со поблага мерка-куќен притвор, а потоа дал и предлог привремено одземените патни исправи да му се вратат на осомничениот, а понатаму да ја олесни неговата положба во таа истражна постапка со тоа што тој ќе добие својство на заштитен сведок и ќе ја запре постапката или да склучи со него предлог-спогодба за вина за полесни кривични дела и да плати незначителен износ на штета, ја искористил својата службена положба и овластувања, кои ги има согласно законите и за себе и за двајцата осомничени, против кои се води истрагата, прибавил имотна корист во значителен износ, и тоа за себе предмети – мебел во износ од 298.000 денари, кои за јавниот обвинител ги набавил еден од осомничените, а за двајцата осомничени прибавил имотна корист од 1.500.000 евра.Јавното обвинителство интензивно и континуирано работи на разјаснување на конкретното дело и собирање докази и податоци неопходни за донесување јавнообвинителска одлука. Јавноста може да биде убедена дека Обвинителството посветено го испитува целиот кривично-правен случај и дека за секој за кого ќе утврди дека презел кривично-правни дејствија ќе ја прошири истрагата, а исто така обвинителството неселективно ги истражува и обезбедува доказите и за другите лица и дела поврзани со овој кривично-правен настан.Ова јавно обвинителство и со денешното проширување на истрагата потврдува дека постапува неселективно, работи исклучиво врз основа на законот и обезбедување на владеење на правото.Досега обезбедените докази потврдуваат дека се работи исклучиво за кривично-правен настан и затоа случајот не треба да се политизира или пак да се поврзува со учество и на лица од други држави.Нагласуваме дека нема ниту една индиција дека незаконски прибавените средства завршиле кај домашни или странски политичари. Само информациите добиени официјално од Јавното обвинителство за овој случај се целосни и веродостојни.

Македонија | пред 6 години

Tripunovski-IZJAVA-2108-2

Трипуновски: Додека земјоделците го фрлаат својот род затоа што нема каде да го продадат, СДСМ ја полни администрацијата

Додека земјоделците го фрлаат својот род затоа што нема каде да го продадат и не знаат како да го преживеат месецот, СДСМ ја полни администрацијата со партиски функционери кои земаат големи плати од парите на граѓаните.Агенцијата која треба да се занимава со безбедноста на храната која се внесува и произведува во Република Македонија, Зоран Заев и Љупчо Николовски ја претвораат во партиско дувло. Во АХВ наместо професионалци се вработуваат претседатели на партиски ограноци на СДСМ и истакнати нивни членови, истакна Цветан Трипуновски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Изминатиов период во неколку наврати обелоденивме дека Зоран Атанасов и луѓето околу него во АХВ со несериозниот и нестручниот пристап го загрозуваат здравјето и животот како на добиточниот фонд во земјава, така и на луѓето.Скандалот со антраксот, несоодветното менаџирање на проблемот со африканската свинска чума, како и пропустите во редовните проверки и испитувања се само и само заради партизацијата и политизацијата која што се случува на големо во АХВ.Агенцијата е искористена како институција за вработување на Александар Гиноски, поранешен претседател на ОО СДСМ Ѓорче Петров, партискиот активист Александар Јованчев, кој е во често друштво на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.Во Агенцијата, СДСМ го вработи и братот на градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, како и Никола Савовски, кандидат за советник во општина Центар од редовите на СДСМ. Атанас Бојчев е еден од поранешните директори на Државниот студентски дом „Скопје“, кој е префрлен да работи и раководи во АХВ.Ова се само дел од партиските вработувања кои формираат мрежа на СДСМ во АХВ, институција која треба да биде симбол за врвен професионализам.Ова сето се случува додека Димковски по диктат на Заев и Николовски шиканира професионалци и неистомисленици, преместувајќи ги да работат надвор од своето место на живеење, а во меѓувреме во институциите прима партиски активисти.Ваквиот однос со клучни институции мора да стане минато. Да ставиме крај на несоодветниот третман на проблемите кои ги тангираат граѓаните на Република Македонија. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, истакна Цветан Трипуновски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Dimsa-PRESS-2108-2

Арсовски:Поранешни пратеници пишуваат и за улогата на синот на Јанева во изнудувањето пари, но повторно Русковска не презема ништо

Веќе четири месеци Јавното обвинителство на Русковска и Јовевски ги има видео снимките и другите доказни материјали кои јасно ја посочуваат инволвираноста во рекетот не само на двајцата извршители, туку и на оние кои го смислија и помагаа политичкото – обвинителско - медиумскиот октопод, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Четири месеци Русковска слуша и гледа за улогата на Катица Јанева, Зоран Заев и разно разните Кики, Фрики и Шеки, но еве гледате дека не презема уште ништо.Поранешни пратеници пишуваат и за улогата на синот на Катица Јанева во изнудувањето пари, но повторно Вилма Русковска не презема ништо.Очигледно е дека јавното обвинителство нема намера да го расчисти случајот, туку има намера да ги покрие сите траги кои водат од Боки 13 кон главата на октоподот, а тоа е Зоран Заев.Затоа нема брза и ефикасна истрага каква што би требало да има и се очекува да има од страна на граѓаните и јавноста. Затоа нема притвори и други мерки.Вчерашниот ден е потврда дека власта е подготвена да ја заштити мафијата и рекетарите кои се под нивна контрола.Правниот систем е девалвиран и руиниран и за тоа директно се криви Зоран Заев, Вилма Русковска и Катица Јанева која е дел од криминалот заедно со Зоран Заев и врвот на власта.Целиот процес на сведочењето на Катица Јанева вчера наликуваше на судење на најголемиот криминалец каде што таа беше придружувана од еден од адвокатите на осомничените во „Империја“. Која иронија потценување на интелигенцијата на граѓаните.Ако е во својство на сведок и ако невина како што тврди, зошто и е потребен адвокат да ја придружува, кога и таа самата е обвинител и точно треба да знае што треба да сведочи и што треба да каже за да и помогне на истрагата, доколку сака да помогне нормално.Напротив, придружбата од адвокат се покажа дека Катица Јанева е се само не е невина.Целта на целата истрага е да се забошоти целиот случај и да се тргне истрагата и одговорноста од Катица Јанева и Зоран Заев и сите останати инволвирани.Република Македонија и граѓаните си ја плаќаат цената за оваа коалиција помеѓу криминалот и политиката, а поддржана од правосудството кое што е под палка на Зоран Заев.Република Македонија се повеќе се оддалечува од членството кон ЕУ. Никој ама баш никој во ЕУ не сака да има мафијашка влада на чело на држава која претендира да е нивни член и да работи на демократска основа. Наспроти тоа гледаме рекет, уцени, закани и забошотувањата на чисти случаеви каде што се гледа дека Катица Јанева подржана од Зоран Заев рекетирале бизнисмени.Македонија е руинисана. Крајот на оваа крими коалиција помеѓу криминалот и власта се ближи и следува обнова на Македонија, веднаш после падот на  СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

AZ4I8085-01

Маестрална изведба на „Одисеј“ за крај на 59-тото „Охридско лето“

Годинешното издание на „Охридско лето“  заврши синоќа со маестрална изведба на театарската претстава „Одисеј“ на Античкиот театар во Охрид, така како што наликува на еден фестивал кој е нависок ранг во семејствотоо европски фестивали и кој секоја година ги носи најдобрите проекти од областа на класичната музика и театарската уметност.Претставата чиј текст беше напишан од големиот македонски драмски писател Горан Стефановски, извонредно режирана од извонредниот режисер Александар Поповски, остави силен впечаток врз преполниот амфитеатар. Актерите во овој копродукциски проект од театрите „Гавела“ од Загреб, „Улисис“ од Бриони, Српскиот народен театар од Нови Сад, „Драма“ од Марибор, „Ателје 212“ од Белград, Стериин театар и Театар „Навигатор“ од Скопје, ги откажаа нивните театарски ангажмани во изминатиот период само за да бидат дел од оваа претстава и синоќа на сцената покажаа врвна актерска игра, позитивна енергија и донесоа силни пораки.„Одисеј“ е претстава што го долови враќањето дома на еден човек, во својата татковина, во својот двор, под својата маслинка.- Желба ми беше заради Горан оваа претстава да ја играме во Охрид, и тука, на своевиден начин, тој да ја најде својата Итака . „Охридско лето“ е нов почеток на едно ново Одисеево патување, вели режисерот Поповски.Режисерот Поповски и драматургот  Дора Делбијанко препознаа во тектот на Стефановски  простор за иронично отстапување одмитот, за пародијата,фарсата, па дури и бурлеската. „Одисеј“ е еден вид потсмев на Одисеј, кој го иронизиратрагичниот писедестал, а истовремено ја задржува и драмската тензија, полемизирајќи  притоа за темите на војната, геноцидот, силувањата на жени во војна, поствоениот хаос и цивилизациската пропаст како последица на воените пустошења.Годинешната драмска програма на фестивалот „Охридско лето“ беше посветена на големиот драмски писател Горан Стефановски  кој почина во ноември минатата година, но остави силен печат врз македонската драма. Неговите драми имаа нешто заедничко, преку трагедијата на едно семејство, авторот ни ја предава историјата на македонскиот народ, со своите болки и рани, со социјалните неправди, политичките разијдувања, стремежот за подобро утре.

Магазин | пред 6 години

Naum-IZJAVA-2008-2-1

Стоилковски: Мотивите на Костадин Костадинов за заташкување на истрагата за „Рекет“ се јасни

Мотивите на Костадин Костадинов за заташкување на истрагата за „Рекет“ се јасни. Се работи за страв јавноста да не дознае дали во телефонот на Боки Тредичи имало фотографии и видео материјал со компромитирачка содржина за него, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Но вистинската паника за размотување и за расчистување на случајот „Рекет“ е кај Зоран Заев, кој што е главата на криминалниот октопод, кој како што вели Боки 13, Тредичи знаел за рекет системот.Во зградата на владата зад нас седи човекот, кој што е премиер на Република Македонија и ја имал апсолутната власт во државата, додека е вршен милионскиот рекет, врз десетици бизнисмени во Република Македонија.Целата оператива на МВР, со БЈБ и УБК, УФР, УЈП, Царинската управа и Финансиската полиција е де факто под Зоран Заев. Не постои сериозен човек во државата, кој што верува дека Заев не знаел за „Рекетот“. Тој едноставно морал да знае.Неделувањето на овие органи во насока на сузбивање на криминалот е само сигнал, само знак дека Зоран Заев стои зад рекет системот, кој директно е вршен преку СЈО, како алатка за затворање и ослободување на рекетираните.Токму затоа Зоран Заев но и сите институции со месеци ја развлекуваат истрагата. Катица Јанева е алката без која не е можен рекетот, но и човекот кој што очигледно многу знае за него.Доколку истрагата немаше што да крие Јанева одамна ќе беше во притвор, без шанси за форматирање на телефони, да оди надвор од државата и потенцијално да брише докази или да влијае врз сведоци.Дали Јанева е привилегирана затоа што нејзиниот пад ќе значи и пад на владата? Дали Јанева е одговорот на прашањето дали ташната со пари завршила тука на Илинденска, во зградата зад нас?Истрагата се развлекува само за да се заштити врхушката на власт. И тоа се мотивите зошто Заев е толку нервозен. А, токму тоа се и мотивите и зошто се потребни брзи предвремени парламентарни избори час поскоро, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

21082019_PVRSM_Zoran_Zaev_sredba_so_ambasadorot_na_Kuvajt_1

Средба на премиерот Заев со кувајтскиот амбасадор Ал-Атики

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Јакуб Ал-Атики, амбасадор на Државата Кувајт за Република Северна Македонија, придружуван од делегација од амбасадата, со седиште во Софија.На средбата се изразени честитки за решенијата на билатералните прашања на Република Северна Македонија со соседите, на што се гледа како на отворени можности за напредок и  перспективна иднина на нашата држава.Во таа насока, разговарано е за интензивирање на економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Државата Кувајт и се разгледани можностите за олеснување на комуникацијата и движењата на претставниците на стопанските комори и бизнис заедниците на двете држави, како и на граѓаните.Амбасадорот Ал-Атики соопшти дека има заинтересираност од страна на приватниот сектор во Кувајт за соработка со приватниот бизнис сектор во нашата држава, со оглед дека ваква соработка веќе се реализира со земјите од регионов.Најавена е и донација од Кувајт за медицинска опрема во здравството кај нас.Премиерот Заев се заблагодари за интересот за соработка со нашата држава и изрази политичка волја за поддршка на развојот на билатералните односи.-Ова е време на сериозни исчекори во интеграциите на Република Северна Македонија, што веќе дава резултати во растот на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните. За нас се од голема важност инвестициите, коишто значат нови работни места и повисоки плати, а веќе се бележат растечки трендови на зголемувања на платите и намалување на невработеноста. Сето тоа е резултат на посветеноста на Владата да обезбеди економски развој, преку интеграциските процеси, обезбедување владеење на правото и посветеноста кон развој на капацитетите на институциите, рече меѓу другото, премиерот Зоран Заев, на средбата со кувајтскиот амбасадор Јакуб Ал-Атики. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Велјановски: Со поддршка на Владата започнавме со реконструкција и проширување на патниот правец Хиподром - Илинден

Власта предводена од Социјалдемократскиот сојуз продолжува со исполнување и реализација на дадените ветувања. Со поддршка на Владата започнавме со реконструкција и проширување на патниот правец Хиподром - Илинден кој долги години беше оштетен и пред се небезбеден за учесниците во сообраќајот, истакна Александар Велјановски, Претседател на ЛК СДММ, Гази Баба.Транспарентно ги известуваме граѓаните дека овој сериозен проект чини 6 милиони денари, средства кои се обезбедени од Владата и општините Гази Баба и Илинден. Овој значаен инфраструктурен проект го решава прашањето на безбедноста и квалитетното поврзување на овој дел од градот.Проектот опфаќа целосна обнова на асфалтот како и проширување на патот за уште една коловозна лента во должина од 2 км Дополнително, со поставувањето на тротоарски површини од 2000м квадратни овозможуваме целосна безбедност на пешаците од овој регион. Почитувани, работиме посветено и плански во решавањето на наследените инфраструктурни проблеми на нашите граѓани.Продолжуваме со исто темпо во создавањето и изградбата на безбедна патна инфраструктура. За нас зборот важи и така ќе продолжиме и во иднина, истакнаАлександар Велјановски, Претседател на ЛК СДММ, Гази Баба.

Скопје | пред 6 години

katica-janeva

Рускоска бара протвор за Јанева, Катица добила мебел од 5.000 евра за да го ослободи Камчев од „Империја“

Јавниот обвинител, Љубомир Јовески на денешната прес конференција, соопшти дека поседува доволно вербални и материјални докази за постоење основано сомневање дека специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева извршила злоупотреба на службената должност и заради тоа проширена е истрагата и против неа.  Јовески потврди дека обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, од судот ќе побара одредување мерка притвор за Јанева.Јовески додаде и дека обвинителството поседува докази дека Катица Јанева од осомничените во случајот “Рекет”, за помошта која ја дала за нивното ослободување од притвор, добила награда – мебел во износ од 298 000 денари, додека претходно осомничените Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец во два наврати од Орце Камчев земале сума во износ од 1,5 милион евра.„Еден од осомничените, (Боки 13 н.з.), со влијание врз Јанева врз база на претходно изградено блиско пријателство, влијаел врз неа за таа да преземе недозволени дејствија, за едно лице (Орце Камчев н.з.), да му се олесни притворот, да му се замени со куќен притвор, да предложи во СЈО, спогодба за вина со плаќање на отштета и враќање на пасошот“, рече Јовески, поткрепувајќи го ова фактографски со датуми и активности потоа со кои се реализирани сите овие ветени олеснувања, до едно.Двајцата, за да го убедат осомничениот Камчев дека Јанева има влијание, преку спикерфон од телефонот добиле нејзина потврда пред Камчев дека ветувањата за олеснувањата ќе бидат извршени од неа.По ова, сопругата на Орце, Ана Камчева му платила на посредникот Јовановски првин 500.000 евра, а потоа Камчев од куќен притвор, рече Јовески, уште милион евра.Нема ниедна индиција дека платните средства завршиле кај кој било политичар од нашата држава, рече Јовески.Прашан што ќе се случува со СЈО ако на Јанева ѝ биде одреден притвор, Јовески кажа дека според законите Советот на јавни обвинители треба да констатира дека специјалната обвинителка е спречена да извршува функцијата и да именува в.д. од редот на обвинителите од СЈО.

Македонија | пред 6 години

obvinitelstvo-4

(Во живо) Обвинителството за апсењето на Катица Јанева

https://www.facebook.com/a1onmk/videos/790135758070898/

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Јанева приведена, во моментов се врши претрес во нејзините работни простории

Jавниот обвинител, Љубомир Јовески, првиот заменик на републичкиот јавен обвинител, Лилјана Спасоска и основниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, ќе се обратат на прес конференција во 14:00 часот.Инаку предмалку по налог на обвинителството полицијата предмалку  ја приведе специјалната обвинителка  Катица Јанева а во моментов се врши претрес во нејзината куќа.Дознаваме и дека во тек е операција за приведување на други лица.Јанева е однесена во СЈО каде се врши претрес во нејзините работни простории.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Просечната плата во јуни 2019 е поголема за 4,1 отсто и изнесува 25.205 денари

Продолжува трендот на раст на платите што е  уште една потврда  дека економијата е стабилна  и поставена на здрави основи.Според офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во јуни 2019 година изнесува 25.205 денари што за 4.1 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година, се вели во соопштението од СДСМ.Ова воедно претставува пораст на просечната плата за 1002 денари за период од една година.Трендот  на раст на платите  продолжува  и понатаму . Се отвори спиралата на раст на платите, откако претходно имавме раст на минималната плата од 9 000 на 12.500 , но и покачување на платите во повеќе сектори, предвидено со буџетот за 2019 година.Истовремено,  преку зголемената државна поддршка кон претпријатијата, раст на платите  имаме и  во приватниот сектор.СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, останува посветено да работи  на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисоки плати за граѓните, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

120190420_222336

ВМРО ДПМНЕ: Сведочењето на Јанева е доказ дека истрагата за милионскиот криминал за случајот „Рекет“ е компромитирана

Истрагата за најголемата криминална афера во македонската историја, аферата „Рекет“, се претвори во фарса и театар со кој се замајува македонската јавност. Обвинителството по кој знае кој пат наместо во одбрана на правото и правната држава застанаа во одбрана на мафијата и криминалците.Зоран Заев ја укина правната држава и воспостави тоталитарен криминален режим. Вчерашното сведочење на Јанева е доказ дека истрагата за милионскиот криминал за случајот „Рекет“ е компромитирана,  се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Заев, Русковска и Јанева уште еднаш ја потценија интелигенцијата на граѓаните. Јанева даде исказ како сведок во присуство на адвокат, адвокат кој истовремено правно застапува еден од таргетите во случајот „Империја“ на СЈО. Ова е навреда за секој чесен граѓанин кој очекува правда во Македонија и кој сака нашата држава да ја види како успешна приказна.Очигледно е дека Јанева не сака да соработува со обвинителството. Очигледно е дека таа застана во одбрана на главата на криминалниот октопод аболицираниот криминалец Зоран Заев.Правосудството мора да се ослободи од стегите на власта, мора да ги игнорира  притисоците на Зоран Заев, бидејќи во спротивно станува соучесник во најголемата криминална афера во модерната историја на Македонија. Истрагата мора да се прошири и мора да се откријат сите пипци на октоподот, како Кики, Фрики и Шеки, пипци кои водат директно до главата, Зоран Заев.Македонските граѓани се жртви на криминалната банда на чело со аболицираниот Заев, банда која ќе ја поразат на следните парламентарни избори. Кога Зоран Заев ќе си замине тогаш ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законите, но и оние кои наместо да го гонат застанале во одбрана на криминалот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Уапсена е Катица Јанева

Специјалната јавна обвинителка е уапсена попладнево во својот дом во Скопје. Нејзиното приведување најверојатно е поврзано со случајот „Рекет“. Обвинителството ќе одржи прес-конференција во 14 часот.Јанева е уапсена по наредба на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска. Апсењето следи ден откако беше сослушана за случајот „Рекет“ вчера во присуство на адвокат.Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластуваањата. 

Македонија | пред 6 години

Document4-Word-Product-Activation-Failed

ВО ЖИВО: Апсење на Катица Јанева

Телевизија 24 во живо го емитува апсењето на Катица Јанева.Полиција има пред домот на специјалната обвинителка.Следете во живо:https://www.facebook.com/24vesti.mk/videos/453287241924854/

Македонија | пред 6 години

janeva-katica-raspit

НАЈНОВА ВЕСТ: Се апси Катица Јанева!

Голем број полицајци го опколија домот и ја затворија улицата во скоспката населба Козел каде живее Катица Јанева.Како што дознава Телма во тек е приведување на специјалната обинителка која вчера даваше исказ пред Обвинителство за случајот „Рекет“, јавува ТЕЛМА

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања