Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Реконструкција дел од улицата Ѓорче Петров, градежните работи продолжуваат

Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на дел од улицата Ѓорче Петров, на потегот од општинската зграда до објектот на „Баумаркет“, а градежните работи за обнова на оваа фреквентна сообраќајница продолжуваат со засилено темпо, се до бензинската пумпа на Макпетрол.На реконструираниот дел изминатиов период беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беше нанесен нов асфалтен слој и беше обележана хоризонталната сигнализација. Во наредните денови, градежни работи ќе се одвиваат на делот до бензинската пумпа на Макпетрол. Целосната реконструкција на улицата Ѓорче Петров се очекува да заврши пред крајот на летото.Градот Скопје со овој градежен зафат ќе ја реконструира улицата Ѓорче Петров на должина од околу 1.500 метри, на потегот од општинската зграда до бензинската на Макпетрол. Целта е да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот и да се намали метежот.Додека траат градежните работи, апелираме до граѓаните да ја почитуваат поставената патна сигнализација на улицата и на дневна основа да ги следат информациите за привремен сообраќаен режим што ги објавува Град Скопје. 

Скопје | пред 6 години

3-2

Топал: „До кога селективна правда - градам дом, а не хотел ќе ја барам правдата до крај“

„До кога државата ќе е за некој мајка за други маќеа. Ова повеќе неможе вака. Овој башибузук мора да сопре“, вели Спирко Топал кој крајно револтиран одлучи јавно да проговори за проблемите со кои се соочува последниов период.Неможи повеќе вака, вели тој. „Градам куќа затоа што живеам во 35 квадрати, со сопругата и четири деца. Градам А4 објект за домување во населбата Рача, а не хотел, не викендичка. Правам куќа за живеење, а не капитален објект. Дивоградба ми ги прават ѕидовите и темелите. Немам објект . Кој дојде изгради хотели вили .. и истите веднаш им ги легализираат. Јас се до сега си имам платено. Сите одобренија ги имам добиено дека смеам да градам. Но, вчера ми ставија жилта лента дека неможам да градам, затоа што од агенцијата за државни патишта рекле мора да се стопира затоа што патот до кој го започнав објектот бил булевар“, вели Топал.Но, јавно прашувам, ако патот е булевар, зошто му дозволуваат  да градат на познати бизнисмени кои ги градат околните објекти до истиот пат?Топал вели дека на ова прашање му образложиле дека до некаде имало план, а на потегот каде што е неговото земјиште немало план.Но, тука повторно прашувам вели тој: „ Ова не им држи затоа што ќе ги кажам сите објекти кои се градат, добиле дозволи легализирани се сега во дел кај што нема план“.Топал продолжува : „Ми рекоа одозгора да влегувам, но зошто ова правило не важи за сите туку само за мене? Сите влегуваат од овој пат.фото: Моменталниот дом на семејството Топал, каде живее со четири децаСите гледаме како градат познати фунционери, бизнисмени... Сведоци сме како се даваат дозволи и се креваат објекти за два месеци ... На стариот пат Охрид – Струга, до болницата за ортопедија и трауматологија Св Еразмо,  само овој период се изградија три објекти.„Ја барам правдата и ќе ја барам. Охриѓани сите ме знаат, јас го сакам Охрид повеќе од сите .. на мое место неможам да напрам куќа, а околу мене се градат хотели. Нека види целиот свет како живееме. Зарем треба и јас да си одам од државава ??? Токму селективната правда ги избрка сите од оваа држава“, вели Топлал.

Македонија | пред 6 години

avobus-jsp

(ВИДЕО) Се запали автобус на ЈСП

Нов инцидент со авобус на ЈСП. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа автобус на ЈСп во пламен. Под видеото пишува: ЈСП и се е можно...Несреќата се случила во населбата Ѓорче Петров. Сеуште не е познато дали имало патници во автобусот кога избил пожарот и дали има повредени.Наскоро повеќе ...https://www.facebook.com/bedri.hajrulahi.99/videos/2364373466932236/  

Скопје | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Правната држава функционира, никој не е над законите, истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите

Градењето на независен, професионален и неселективен правосуден систем ги покажува вистинските резултати. Правната држава функционира, законите важат за сите подеднакво.Последните случувања, покажуваат дека никој не е над правдата и дека секој ќе одговара за своите постапки. Како и досега, СДСМ ги охрабрува и ги повикува сите надлежни институции да продолжат со длабинска, независна истрага за случајот „Рекет“, да постапуваат согласно законите. Како одговорна партија, целосно ги поддржуваме напорите на истражните органи за целосно расветлување на овој, но и на сите досега отворени случаи, се вели во соопштението од СДСМ.Очекуваме истрагата да продолжи онаму каде што водат доказите, да ги покаже сите детали и никој да не биде поштеден, ниту амнестиран. Одговорност мора да понесат сите инволвирани, без разлика на политичка или каква било друга припадност. Нема да успеат обидите да се попречи правдата или истрагата да се насочи во друга насока.Секој кој ги прекршил законите ќе одговара и од тоа нема отстапување, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

МВР ги гони мотоциклистите кои сториле прекршоци

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 21.08.2019 во периодот од 18.00 до 24.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје. Притоа, откриени се 49 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци и издадени им се исто толку прекршочни платни налози.Откриени се и 20 останати прекршоци за кои се издадени 10 прекршочни платни налози и 10 мандатни платни налози. 

Македонија | пред 6 години

fendi

Катица Јанева од Боки 13 добила парфеми, скапа бунда, мебел

Мебелот кој Катица Јанева го добила од осомничениот Бојан Јовановски познат како Боки 13 не бил платен во салонот од каде е набавен. Според неофицијални информации, вработен во 1ТВ дал парична гаранција дека наскоро ќе биде исплатен, но тоа не се случило.Јанева добила на подарок предмети и мебел во вредност од 298.000 денари или околу 5 илјади евра. Но, тоа е она што е досега потврдено, а допрва треба да се открие каде завршиле 1,5 милиони евра и кој го делел тој колач.Покрај мебелот, најчестите подароци што Јанева ги добила од Јовановски биле парфеми, иако во јавноста се шпекулира и за бунда „Фенди“ која чинела многу повеќе од споменатиот мебел.Повеќе на Дојче Веле.

Македонија | пред 6 години

fetai

Фатиме Фетаи денеска во судница за „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Монструм“ на СЈО, за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, за што на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.На миниатото рочиште беше сослушан еден сведок, а претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев најави ново вештачење на 31 телефон кое ќе биде изработено и претставено како нов доказ на судењето. Тој појасни дека телефоните биле одземени при претрес направен за време на првичната истрага.– Телефоните ги најдов во депо во полиција. Полицијата ми рече дека сега ќе се прави вештачење со нова технологија што тогаш не била достапна, рече Ставрев на последното рочиште.Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО го информираше судот дека по завршувањето на овој дел од постапката ќе предложи како нови докази аудио снимки и транскриптите од сите разговори поврзани со случајот, а доставени до СЈО во декември 2015 година од политичката партија СДСМ.Судот посочи дека ќе му биде потребно време да се запознае со содржината по што ќе биде договорено нивно изведување.Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.Судењето за „Монструм“ се одржува еден ден по приведувањето и притворањето на специјалната обвинителка Катица Јанева која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овласувања заради остварување лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничен во „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.

Македонија | пред 6 години

mkd-429191

„Рекет“ ќе фати и функционери на СДСМ, настрана од Катица Јанева

Истрагата за „Рекет“ има уште најмалку два дела, од кои едниот е за невладината организација Меѓународен сојуз на првоосомничениот Бојан Јовановски-Боки 13, за уцена и изнуда на бизнисмени, и за тој дел шефицата на Обвинителствто за организиран криминал која го води случајот Вилма Рускоска досега нема изнесено детали.Неофицијално, се сослушуваат бизнисмени, досега има изјави од неколку оштетени од Боки 13 и неговиот Сојуз, меѓу кои е и Ардијан Амзоски, оштетен со уривањето на „Космос“ на Фијат Цаноски.Овој дел нема врска со Специјалната обвинителка Катица Јанева, која како третоосомничена во „Рекет“ вчера доби 30 дена притвор, велат во Обвинителството. Планирано е неколку високи функционери од СДСМ да бидат повикани на сослушување со засега непознат статус. Сојузот на Боки 13 има потпишано меморандуми за соработка за обезбедување на плацови за изградба на старски домови со повеќе градоначалници од владејачката паартија, како и со Министерството за транспорт и врски.ЦЕЛИОТ ТЕКСТ ПРОЧИТАЈТЕ ГО НА САКАМДАКАЖАМ.МК

Македонија | пред 6 години

Branko-Geroski

Јанева ќе заврши во домашен притвор, а потоа обвинението ќе пропадне, коментира Геровски

„Сė во врска со Јанева и аферата "Рекет" засега се одвива според сценариото за кое слушнав пред десетина дена. Финишот треба да биде домашен притвор и на крајот банално обвинение, за жената да не била претерано посрамотена.Во овој момент, навистина не знам дали тоа сценарио ќе се обистини. Но, сите заедно ќе знаеме вечерва. Ако се покаже дека шпекулациите биле точни, тогаш треба да се збогуваме со надежта дека постои сериозна спремност оваа афера да се затвори на тој начин што ќе има и правда и политичка одговорност.Ако, пак, одлуката на Судот вечерва демантира дека постои такво сценарио - а многу посакувам моите извори барем еднаш да згрешат! - тогаш можеби има шанса за институционална разврска на скандалот. А со тоа и шанса за Македонија“Бранко Геровски - Фејсбук статус

Коментари | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Обвинението против Катица Јанева ќе се вика „тросед“, се шегуваат на „Твитер“

Откако обвинителката Вилма Русковска ја прошири истрагата за „Рекет“ која ја опфати шефицата на СЈО, Катица Јанева, на социјалните мрежи се објавени низа коментари и шеги. 

Коментари | пред 6 години

katica-janeva-biba-dodeva

Кој се изгорел на Катица, ќе дува и на Биба Додева

Огромна е сличноста во изгледот меѓу Катица Јанева и пејачката Биба Додева.Додева на „Златна Бубамара“ дури и ја глумеше обвинителката. Денес, кога Јанева како третоосомничена за „Рекет“ доби 30 дена притвор, пејачката се шегува на Фејсбук.„Добро вечер драги мои.. Кој се изгорел на Катица, ќе дува и на Биба Додева“-напиша пејачката.

Коментари | пред 6 години

Screenshot_3-1

Koj осомничен „пресуди“ Катица Јанева да заврши во Шутка?

Исказите на еден од осомничените во „Рекет“, биле клучни за Вилма Русковска да побара притвор за Катица Јанева. Во предистрагата, засега исказ во Обвинителството за организиран криминал и корупција даваше само Зоран Милевски-Кичевскиот. Специјалната обвинителка Катица Јанева е третото осомничено лице во истрагата именувана „Рекет“ и како и прво и второосомничените Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец, не се спаси од притвор – вчера доби 30 дена притвор и е спроведена во затворот во Шутка. Со оглед дека шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска кажа оти истрагата може да трае и шест месеци, се очекува да биде проширена и на други лица.„Од странките во истрагата дознаваме дека клучни за наредбата за истрага против Катица Јанева биле токму исказите на еден од осомничените, што за кратко време Рускоска ги потврдила и од други сведоци во текот на истражната постапка за „Империја“ на СЈО, каде што се осомничени Орце Камчев, Цветан Панделески, Сашо Мијалков и 10-мина други, како и преку одредени финансиски трансакции“, пишува СДК.МК

Македонија | пред 6 години

Screenshot_8-1

Јанева денеска од Шутка со полициска придружба ќе оди на погребот на нејзината мајка

По тричасовен распит во Кривичниот суд , шефицата на СЈО во Оставка , Катица Јанева синоќа беше пренесена во затворот во Шутка. Денеска таа со полициска придружба ќе замине на погребот на нејзината мајка во Гевгелија.Судија на претходна постапка и одреди 30 дневен притвор за случајот ,,Рекет", што беше побарано од Јавното обвинителство поради основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, заради стекнување лична корист.

Македонија | пред 6 години

janeva-katica-raspit

Гајзер: „Јанева изгледа е осудена да стане „громобран" за сите оние судии и политичари“

Продолжува директна контрола од страна на државниот врв врз активностите околу изнудувањето, напиша денеска италијанскиот новинар Ларис Гајзер во неговиот весник „Ла верита" по вчерашното приведување на првиот човек на Специјалното јавно обвинителство во Македонија, Катица Јанева, објави mkd.mk.Новинарот Гајзер во неговиот денешен осврт за вчерашните случувања во Македонија пишува дека Катица Јанева изгледа е осудена да стане „громобран" за сите оние судии и политичари, кои се инволвирани во скандалозниот систем за изнуда и погрешно раководење со државата за време на мандатот на Заев.Текстот во целост на: mkd.mk.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_9-1

ВИДЕО: Со полициско возило, Катица Јанева ги помина портите на затворот во Шутка

Специјалната обвинителка Катица Јанева која е осомничена за злоупотреба на службената положба со полициско и придружно возило пристигна во истражниот затвор „Скопје“ кој се наоѓа во Шутка.https://www.facebook.com/tvsitel.mk/videos/1591897850947237/?__tn__=%2CdkC-R&eid=ARAX2otY0j36ZYo7Gho7gO4Zx8KetygxYIlgExT3q_5LK7cuEBFjZIajlkIqZZ1y8p9oqaumnEVuqDop&hc_ref=ARRNbg7OUkASJCfebHILF4Reu5J_J7WE8bm3QaClRmUmV5oaaOGogvaoolk28z-QIOs

Скопје | пред 6 години

ruskoska

Рускоска поради Боки 13 влезе во УБК и предизвика паника

Истражителите на шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска која ја води истрагата за „Рекет“, ја дигнале на нозе Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) кога фатиле да изнесуваат кеси и пакети од депото на зградата, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во МВР.„Се изнесуваат прислушувани материјали и докази“, била дојавата на совесни вработени во МВР лично до премиерот Зоран Заев. Заев се исплашил и веднаш го побарал министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за да праша дали повторно УБК прави нешто незаконски, велат соговорниците кои биле очевидци на настанот.Спасовски го смирил Заев дека во кругот на УБК дошле истражители од тимот во истрагата „Рекет“ да вршат попис на запленетата облека и вредни предмети на осомничениот Бојан Јовановски-Боки 13, пишуха САКАМДАКАЖАМ.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_8-1

ВИДЕО: Катица Јанева однесена во затворот Шутка

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вечерва со полициско комбе е пренесена во притвор, каде ќе биде задржана следните 30 дена. Пред затворот во Шутка има засилено полициско присуство.„Вечер“ пренесува во живо. Можете да гледате на линкот подолу:https://www.facebook.com/vecer.mk/videos/2736986626312066/

Македонија | пред 6 години

Screenshot_3-1

Катица оди во затворот Шутка, одлучи судот

Судија на претходна постапка и одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева по барање на Освновното јавно обвинителство за организиран криминал. Таа ќе биде спроведена во истражниот затвор „Скопје“ кој се наоѓа во ШуткаЈанева е обвинета дека ја злоупотребила службената положба и овластување и влијаела за поповолна позиција на осомничениот Орце Камчев во предметот „Империја”. Попладнево полицијата и одзема мебел од куќата каде таа престојува во Скопје.

Македонија | пред 6 години

ujp

УЈП влегува во фирмите поврзани со случајот „Рекет“

Управата за јавни приходи влегува во фирмите поврзани со случајот „Рекет“. Од петок ќе го проверува работењето на фирмите „БМЈ медиа груп“, „Меѓународен сојуз“ и телевизијата „1 ТВ“.„Ние ќе постапиме во делот кој што се однесува на даноците, до петок ќе дадеме налози за отпочнување на контрола и во ‘Меѓународниот сојуз’ , во ‘1 ТВ’, исто така и во ‘БМЈ медиа груп’ и кај сите останати даночни обврзници со коишто сме утврдиле преку анализата дека постоеле одреден вид на деловни односи. Исто така ќе направиме контрола и на сите оние засегнати физички лица во телата и органите на ‘Меѓународниот сојуз’ за коишто ќе ги утврдиме исплатите кои што се направени“, изјави директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: Ја поздравуваме одлуката на обвинителството да го расветли и до крај да го истражи случајот ,,Рекет"

Ја поздравуваме одлуката на обвинителството да го расветли и до крај да го истражи случајот ,,Рекет" носејќи ги на обвинителка клупа сите инволвирани во случајот вклучувајќи ја и Катица Јанева.Апелираме до надлежните правни институции да ги истражат сите случаи во кој се инволвирани функсионери на ДУИ,почнувајќи од случајот ,,Маџар телеком" ,,Титаник 3" ,,пациент" како и случајот со злоупотреби во Пензиско-инвалидскиот Фонд.Алијансата за Албанците смета дека ако сакаме да имаме целосна правда,тоа не треба да биде селективна и да важи само за еден дел од режимот,туку треба да биде бескомпромисно и да ги опфати сите без исклучок, се вели во соопштението од Алијанса За Албанците.

Македонија | пред 6 години

mebel-kamcev

Мебелот од Камчев подарен на Катица Јанева имал апаратче за прислушување

Ексклузивниот мебел за домот на Катица Јанева, подарок од близок родина на бизнисменот Орце Камчев, пристигнал со дополнителна опрема – апаратче за прислушување, тврдат извори од истрагата. Неофицијално, во каучот, двоседот и фотелјите, кои специјалната обвинителка ги добила на подарок од осомничениот, сокриена била и буба за прислушување, пишува Република.Наводно, со уредот биле следени разговорите што Јанева ги водела во својот дом, но и нејзините телефонски разговори од фиксен и мобилниот телефон.Неофицијално се работи за мебел од фирмата на сестрата на осомничениот во „Империја“. 

Македонија | пред 6 години

darko-cirevski

Да помогнеме: На Дарко Циревски од Ресен потребни му се 26 илјади евра да си ги „врати“ рацете и нозете

На 20 годишниот Дарко Циревски од Ресен му се потребни околу 26 илјади евра за третман на неговите раце кои делумно се одземени и нозе кои се целосно одземени при повреда на ’рбетниот мозок.Тој пред две години доживеал повреда при скок во вода и дијагностицирана му била quadriplegia(одземеноста на раце и нозе).За да се подобри неговата состојба, потребен е тримесечен третман во Хрватска, кој чини околу 26 илјади евра, пари кои тој со неговото семејство не можат да ги обезбедат.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1236204413222751&set=pcb.1236204469889412&type=3&theater„По долготрајни терапии и вежби во центрите во Македонија, стигнав до стадиум да ми требаат поинтензивни вежби и роботика со цел што повеќе да се подобри мојата состојба. По консултации со повеќе стручни лица ми е сугерирано да продолжам со поинтензивни терапии во poliklinika Glavic (Zagreb, Hrvatska), каде нивниот третман од 3 месеци чини околу 26.000 евра, цена која јас и моето семејство не можеме да ја обезбедиме, па затоа ги замолувам сите добри и хумани луѓе да ми помогнат да ги соберам потребните финансиски средства и да одам во најкраток можен рок. Ви благодарам од срце.Броеви за донации:Телеком: 070-143-144Вип: 143-470Трансакциска сметка: 210501677982873 NLB банка“, напиша Дарко на својот профил на Фејсбук.Фото – Дарко Циревски(Фејсбук)

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Героски: За ова дело запретена е затворска казна од најмалку 3 години.

Статус на Бранко Героски:АЈ ДА ВИ БИДЕ ПОЈАСНО НА СИТЕ. КАТИЦА ЈАНЕВА Е ОСОМНИЧЕНА ЗА ПРИБАВУВАЊЕ ИМОТНА КОРИСТ ВО ЗНАЧИТЕЛЕН ОБЕМ ОД 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА - МЕБЕЛОТ Е СПОРЕДНА РАБОТА. АКО СЕ ДОКАЖЕ ДЕЛОТО, ЌЕ СЕ ИЗРЕЧЕ ЗАТВОРСКА КАЗНА ОД НАЈМАЛКУ 3 ГОДИНИ!Дечки, ај да појасниме на време. Катица е осомничена за кривично дело Злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 вв став 1 од КЗ на РМ.Станува збор за прибавување "имотна корист во значителен износ" од 1,5 милиони евра. За ова дело запретена е затворска казна од најмалку 3 години.Од прибавената имотна корист за себе зела мебел што и го набавил еден од осомничените.https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2348672175254464

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Брза помош пред кривичен, има ли Јанева проблеми со здравјето?

Утрово  специјалната јавна обвинителка Катица Јанева беше приведена како осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување во аферата „Рекет“ . Веднаш по тоаво домот на Јанева се изврши претрес во домот на Јанева при што беа одземени неколку парчиња мебел и гарнитура, и истите беа товарени во камион кој е во сопственост на МВР. Претходно при претрес во СЈО бил одземен нејзиниот компјутер.Попладнево пак екипа на брзата помош се наоѓа во судот каде интервениpа по барање на еден од судиите. Се претпостапувава дека Јанева има проблем со здpaвјето.

Македонија | пред 6 години

21082019_Izjava_na_portparolot_na_Vladata_na_RSM_Hodja_1

Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“

Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Муамет Хоџа, денеска даде изјава за случајот „Рекет“.Во продолжение, Ви го пренесуваме интегралнатаизјава на портпаролотХоџа:„Отворениот случај РЕКЕТ, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека пред правдата и законите, секој, буквално секој, е еднаков и одговорен.Владата на Република Северна Македонија повикува на темелна и независна истрага, која мора да заврши што е можно поскоро и мора да ги покаже сите детали. Резултатот од истрагата мора да биде базиран исклучително на докази и согласно словото на правото.Одговорност мора да има за сите инволвирани, од прв до последен.Институциите на извршната власт им стојат на располагање со цел свој капацитет на истражните и правосудните органи.Ослободувањето на целиот правосуден систем дава резултати. Очигледно е дека независноста се прифати како алатка која ги охрабри институциите и луѓето на високи позиции во тој систем, за да дадат резултати кои се очекуваат од правната држава и од владеењето на правото.Владата нема да дозволи злоупотреба на овој случај и негативно искористување од страна на непријателите на европските интеграциски процеси на земјата за да ја попречат Северна Македонија на патот кон НАТО и ЕУ.Независно од натамошниот развој на случајот во кој сега е осомничена и Катица Јанева, Владата на Република Северна Македонија очекува од сите истражни и правосудни органи, вклучително и од СЈО, натамошна бескомпромисна борба против највисоките облици на организиран криминал и корупција.Ова е уште една мотивација плус заедно со опозицијата да ја заокружиме реформата на правосудниот систем и да обезбедиме владеење на правото во борбата против највисоките форми на организиран криминал и корупција.Истовремено остануваме застапници и на ставот дека судските постапки мора да се водат исклучиво низ фер и транспарентни процедури, базирани на докази.“

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања