Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

lisici

Прилепчани нападнале сограѓанец, едно лице притворено

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Р.(23), А.З.(19) и И.Т.(44), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од Кривичниот законик.На 19.08.2019 околу 21.00 часот во угостителски објект во Прилеп пријавените физички го нападнале Б.И.(21) од Прилеп, додека бил заедно со С.Т.(23) од Прилеп, при што му нанеле тешки телесни повреди. Од судија на претходна постапка на И.Т. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

motori

СВР Струмица „ловеше“ возачи на мопеди и мотоцикли кои не почитуваат правила

На 21.08.2019 во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Струмица е спроведена акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мопеди и мотоцикли. Во акцијата биле откриени 14 прекршоци и сите тие биле соодветно санкционирани.

Македонија | пред 6 години

foto1

СВР Тетово спроведе акциска контрола на возачи на мотоцикли, еве што затекна

На 21.08.2019 во периодот од 18.00 до 24.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, во која вкупно биле откриени 67 прекршоци (ТЕ-38 и ГВ-29). Сите прекршоци санкционирани се со соодветни казни.

пред 6 години

policija-123

Кривична за директорот на „Комуналец“ од Прилеп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р.(60) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на 2017 пријавениот, како директор на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“, без да спроведе постапка за јавна набавка, склучил пет договори за дело за ангажирање на две лица на привремена работа. Притоа, наведените договори ги склучил, откако работните активности за кои биле ангажирани лицата биле веќе извршени. 

Македонија | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: Зошто корумпираните и инкриминираните од ДУИ заштитени се како ,,бели мечки" !

Почитуван вицепремиер за евроинтеграции, со целиот ваш медиумски ентузијазам да зборувате за случајот „Рекет“ или Евроинтеграција, случајот за кој вие сте осомничени е наречен “Пациент“, исто како и називите ,,Рекет" , Империја, Маѓар Телеком, Титаник, Тврдина, итн. и ова прашање никогаш не се отвори затоа што вие и вашиот субјект имате политичко влијание за да се постаупа и да се води истрага само за случаи во рамките на рокот согласно Законот за специјалното јавно обвинителство, се вели во реакцијата на Алијанса на Албанците.И прашањето е, што зборуваме за довербата во владеењето на правото, за случајот „Рекет“ или Евроинтеграција?Вашиот политички субјект - ДУИ е најцрната дамка на разнишаниот правосуден систем.На јавноста и се свежи сеќавањата дека како Министерство за правда, заедно со функционери на ВМРО, го зазедовте Судот, Главниот обвинител, и оваа инсталација направи да инкриминирани функционери бидат заштитени од криминалот, и за жал тоа навистина се случува затоа што досега не се изведени пред лицето на правдата и немаме судска одлука за ниту еден функционер на ДУИ или пак нема индикации или сомневања за криминал и корупција за нивни поранешни функционери.Значи, ова е вистината зошто криминалците од ДУИ се заштитени од правда за нивниот криминал и се недостапни од правната држава, моќ која за жал за функционерите на ДУИ не постои.И, на крајот, да одговориме на вашиот цинизам: без разлика дали сме мала или голема опозициска партија, бидете трпеливи до денот на парламентарните избори, од кои вашиот субјект се плаши и во никој случај не сака тие да се одржат, се вели во реакцијата на Алијанса на Албанците.

Македонија | пред 6 години

IMG_6450-1

Димковски: Со Ловечката федерација ќе работиме на ефикасно спроведување на мерките за превенција од појава на африканска свинска чума

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска одржа работен состанок со Ловечката федерација. На состанокот на којшто присуствуваа членови на федерација од ловечките друштва во земјава, беа презентирани мерките коишто се однесуваат на превентивно делување и спречување на пренесувањето на болеста Африканска свинска чума на територијата на Република Северна Македонија.Министерот Димковски потенцираше дека улогата на Ловечката федерација во спречување на појава на болеста Африканска свинска чума е голема, а Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде во постојна комуникација со федерацијата со цел ефикасно да се спроведуваат превентивните мерки. „Ловечката федерација е вклучена во намалувањето на бројот на диви свињи за секое заловено грло, освен месото, доколку е животното здраво, ќе се исплати и награда од 1000 денари. МЗШВ веќе подготвува промена на Уредбата и Програмата за директни плаќања, каде што имаме обврска до 3.000 денари бидат обештетени сточарите. Тоа е за малите семејни фарми коишто не можат да ги обезбедат основните биосигурносни мерки и според бројките од Агенцијата за храна и ветеринарство тоа се близу 2.000 одгледувалишта. Со ребалансот ќе се испланираат околу 65 милиони денари за преземање и планирање на овие активности. Покрај овие две мерки, локалната самоуправа ќе се вклучи со контрола и отстранување на слободно пуштените домашни свињи по депониите, оти секое слободно такво движење може да биде вектор којшто може да ја пренесе заразата. Вклучена е и Цраинската управа којашто ги следи граничните премени, АХВ има обврска да забрани движење и трговија на сточаните пазари и набавка на дезинфекциони делови на самите граници. Со Ловечката федерација го надминавме прашањето за забрана за влез во шуми, за што  поради појава на пожари беше ставена делумна забрана за движење во шуми“, изјави министерот Димковски.Директорот на ЈП Национални шуми, Зоран Ѓорѓиев, посочи дека на ловните друштва ќе им биде дозволено движење во шуми, а за оние ловишта за коишто нема концесионери претпријатието ќе издава дозволи на ловните друштва и заеднички ќе се врши контролата на движење и спроведувањето на мерките.Минисерот Димковски потенцираше дека во земјава сеуште нема појава на африканска свинска чума, и дека РСМ  е една од првите земји којашто презема превентивни мерки имајќи ги во предвид сите искуства од сите соседни земји. Превентивните мерки се преземаат со цел да спречи или минимизира појавата на болеста и економските штети. Димковски посочи дека вакви превентивни мерки преземаат и другите земји од регионот кај кои сеуште нам појава на болеста.Претставниците од  Ловечката федерација, посочија дека ќе бидат ставени сите ресурси на федерацијата и членство, со цел превенција од појава на болеста на територијата на Репбулика Северна Македонија. Министерот Димковски порача дека МЗШВ ќе ја продолжи комуникацијата со Ловечката федерација и со здруженијата на свињи, се со цел да превенира појавата на болеста во Република Северна Македонија. 

Македонија | пред 6 години

Foto-2-3

Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Меѓународниот инклузивен драмски фестивал „Игри без маска 2019“

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, придружуван од неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска, прими претставници на Меѓународниот инклузивен драмски фестивал „Игри без маска 2019“, што во ноември, по шести пат, ќе се одржи во Скопје, во организација на Здружението на граѓани „Свет на различни, а еднакви“ од Скопје. Извршниот директор на фестивалот, Гордана Симоновска Момироска и уметничкиот директор на Фестивалот, Снежана Конеска Руси го информираа претседателот Пендаровски за предвидените подготвителните активности во пресрет на фестивалот, кој ќе трае четири дена, и на кој ќе има учесници од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Бугарија. Целта на проектот е остварување на законското право на лицата со хендикеп за нивно активно вклучување во културни настани, реализација на инклузивни обуки и работилници за нивна подготовка и учество во драмски дела и музичко сценски настапи со завршно претставување на театарската сцена. Претседателот Пендаровски даде силна поддршка за одржување на фестивалот и изрази очекување дека во реализацијата на проектот ќе се вклучат поединци, институции и општествено одговорни компании, што ќе придонесе за јакнење на свеста и сензибилизација на граѓаните за прифаќање на лицата со хендикеп во своето непосредно и секојдневно опкружување. Целни групи се корисници на институции за нега и грижа на лица со хендикеп, ученици од редовни и посебни училишта, корисници на домови и центри за нега и грижа, како и членови на невладини организации од земјата и од странство.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Единствена Македонија: Доколку Заев има грам морал, вечерва Централниот одбор на СДСМ да донесе одлука за избори

Зоран Заев доколку има грам морал, совест и одговорност, вечерва на седницата на Централниот одбор на СДСМ веднаш да побара распишување на нови парламентарни избори.Зоран Заев и неговите политики на домашен терен се поразени. Заев направи во земјата да владее безаконите, корупција, криминал и бесмилосно богатење од позиција на власт и врз грбот на народот.Но, она што е најбито, случајот Рекет во кој се спомнува и името на Зоран Заев покажа дека Катица Јанева како клучен експонент на Заев и неговите странски газди да го гони по задача криминалот на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, всушност самата Јанева потона во криминал со изнудувањето рекет во милиони евра. Да потсетиме на мислењето на Заев за Катица. Тој се колнеше во неа и тврдеше дека верува во нејзините способности и капацитет, дури, сакаше Јанева со закон да ја унапреди и во Републички обвинител.Сето ова и дава право на Единствена Македонија како автентична опозициска партија да ги оспори резултатите на марионетската власт во Скопје и да побара Зоран Заев веднаш да иницира распишување на предвремени избори, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

Dimsa-PRESS-2208-2

Арсовски: Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев

Катица Јанева и Зоран Заев се лице и опачина на иста паричка која што значи криминал. Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев, а Заев e човекот кој и даде највеќе поддршка и стоеше позади нејзе цело време.Ниту Заев ќе можеше да се богати и да уценува за политичко влијание без Катица Јанева, ниту пак Катица Јанева ќе можеше да рекетира и исто така да се богати без поддршка на Заев и институциите кои ги контролира тој самиот како и раководството на СДСМ, истакна  Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕЗатоа, Катица Јанева четири месеци беше оставена на слобода за да ги исчисти трагите кои водат директно до главата на октоподот, за кој сите знаат кој е тој.Четири месеци наместо истрага, гледаме фарса. Лошо сценарио, од уште полоши сценаристи кои што го смислиле. Вчера УЈП најави дека од утре ќе почнеле да го истражуваат меѓународниот сојуз на Боки 13 преку кој се вршел еден дел од рекетот.Што ли правеа УЈП четири месеци, зошто токму од утре почнуваат да истражуваат? Дали беа во спрега и УЈП и Финансова полиција и МВР и сите надлежни институции заедно со рекетарите кои што вршеа рекет? Каде беа овие институции цели 4 месеци откако е почната истражната постапка и зошто не соработувале во истрагата бидејќи нивното влијание во истрагата е многу важно и со сите докази кои што можат да ги обезбедат?Дали на овој начин им се даде време на осомничените да се скријат сите траги од доказите за целиот криминал и рекет кој што беше на очиглед на целата јавност?Почитувани,Во Република Македонија нема ниту правда и нема ни да има се додека е Зоран Заев и СДСМ на чело на власта. Законите не важат за СДСМ и законите не важат за Зоран Заев.Зошто сеуште не е почната постапка и истрага за синот на Катица Јанева, Лазар Јанев за кој знаеме дека е вработен како маркетинг директор во телевизијата на првоосомничениот и за кој има силни сомнежи дека работел со првоосомничениот во делот на рекетот и заедно со него одел по состаноци во фирми, кои што биле предмет на рекет?Дали со смешните обвиненија за Катица Јанева за стекнат надомест од 4.500 евра во мебел, а милион ипол бил изрекетиран од бизнисмен, Заев пробува да ја амнестира за рекетот кој го правела во негово име? Класична амнестија и намалување на целата одговорност за криминалот кој што го правел. Нормално тоа не смее и нема да помине.СДСМ и Зоран Заев се паника. И Заев е подготвен сите да ги жртвува за самиот тој да си ја спаси кожата и да не се стигне до главата на октоподот.Оваа Влада на СДСМ и Зоран Заев повеќе немаат кредибилитет да ја водат Владата на Република Македонија и да одговараат за иднината на граѓаните и државата.Потребни се предвремени парламентарни избори и потребна е обнова на Македонија која многу брзо ќе се случи по падот на СДСМ, истакна  Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

DSC_3160

Бени Нон Стоп, Биоритам и Анастасија Петреска ќе одржат концерти во паркот „Шопен“

Љубителите на добрата македонска музика утревечер од сцената во паркот „Шопен“, во Кисела Вода ќе имаат можност да ги слушнат популарните хитови на Бени Нон Стоп, групата Биоритам и Анастасија Петреска.„Културното лето Општина Кисела Вода 2019“ и оваа сабота, на посетителите на месноста „Три Круши“ ќе им понуди одлична забава со познатите музички имиња Миле Кузмановски, Силви Бенд и Сузана Спасовска. Музичката програма и на двете локации е со почеток во 20:00 часот.Минатиот викенд, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски го прогласи културното лето за отворено. Тогаш публиката на „Три круши“ ја забавуваа Ефто Пупиновски, Дани Димитровска и КУД „Китка“ од Драчево.

Скопје | пред 6 години

tepacka-222

Три лица во Прилеп осомничени за насилство

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради основано сомневање да сториле кривично дело – Насилство од чл.386 ст.6  во врска со ст.3 и ст.1 од Кривичниот законик. Едно од лицата, 44-годишен прилепчанец, е лишен од слобода. Останатите двајца, на возраст од 23 и 18 години, се уште се недостапни за органите на прогонот.Осомничените, на 19 август, во кафе бар во Прилеп, во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз едно оштетено лице. Тие без повод и причина физички го нападнале 21-годишникот додека седел во кафе барот. Потоа пред кафе барот продолжиле со нападот при што оштетениот се здобил со тешка телесна повреда, а во јавноста било предизвикано чувство на несигурност, загрозување и страв. Поради сериозноста на повредите оштетениот итно е пренесен на понатамошно лекување во Скопје.По предлог од Основното јавно обвинителство Прилеп, судијата на претходна постапка на осомничените им определи мерка притвор во траење од 30 дена, која за двајцата осомничени кои се недостапни ќе почне да се пресметува од денот и часот кога ќе бидат лишени од слобода.

Македонија | пред 6 години

FullSizeRender-22-08-19-13-11

Петкоска: Дали воопшто директорот Алексијоски размислува да го реши проблемот со водоснабдувањето?

Жално и болно е во 21 век да зборуваме за непостоење на елементарни услови за живеење кои се клучни за животот и здравјето на луѓето, истакна Лидија Петкоска, советничка во Советот и претседателка на УЖ Охрид.Градоначалникот Константин Георгиески и директорот на МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“, Владимир Алексијоски кога ветуваа „Живот за сите“, не помислија ли дека сите граѓани на Охрид имаат подеднакво основно човеково право на вода?Дали почитуван градоначалнику откако завршија изборите издвоивте барем половина час за да ги сослушате жителите од погорните куќи на селото Горно Лакочереј, кои молат за капка вода?Сте се сретнале ли барем еднаш со жителите на Велгошти, Видобишта од Стобекс спрема село Рамне за да Ви кажат дека во летниот период притисокот на водата им е речиси на нула?Очигледно дека партиските состаноци за наводно работно лето се поважни од потребите и жедта на граѓаните.Ве загрижува ли песокот во водата што ја пијат жителите на улица „Мaкедонски просветители“ или матната вода којашто ја имаат во Долно Лакочереј?Нели имате бар трошка грижа на совест заради фактот што овие граѓани веќе и не очекуваат чиста и здрава вода, туку молат за каква-таква вода, за да можат нормално да функционираат?Дали воопшто директорот Алексијоски размислува да го реши проблемот со водоснабдувањето?Колку и да нè убедувате дека Блескаме, бидете сигурни дека без елементарни услови за живот нема да ги задржите младите во Охрид, ниту ќе го развиете туризмот.Крајно време е да ги засукате ракавите и да почнете да го исполнувате ветеното, затоа што доцните повеќе од две години, истакна Лидија Петкоска, советничка во Советот и претседателка на УЖ Охрид.

Македонија | пред 6 години

Pres-2

Долговите во Битолските училишта исплатени над 60%

„По долгогодишна голгота на блокираните училишта во Општина Битола, сакам да Ве информирам за огромниот успех кој како општина го постигнавме токму пред почетокот на новата учебна година.Не така одамна, на 31.12.2017 година, основните училишта имаа долгови од околу 180 милиони денари, средните имаа долгови од над 85 милиони денари или вкупно, училиштата должеа повеќе од 4,3 милиони евра.Тоа значеше секојдневно соочување со можност за исклучена струја, проблеми со набавка на нафта за греење за децата, што се основни потреби, а за останатите редовни потреби на секое училиште и да не зборувам. Проблем кој го немаше ниту една општина во државата.Денес, по само една година и 9 месеци, долгот на училиштата е значително намален и тоа во основните за повеќе од 105 милиони денари или речиси 60% од долгот, а во средните долгот се намалил за речиси 56 милиони денари или над 65 %.Со други зборови во овој период се исплатени повеќе од 2,6 милиони евра.Од 8-те основни и двете средни училишта кои беа блокирани, остана само едно блокирано основно училиште, кое наскоро ќе биде растеретено. Со парите, што општината ги исплати за наследените долгови, можеше да се изгради еден затворен базен, или да се набават 10 еколошки автобуси.Дополнително, општината не само што за година и 9 месеци отплатуваше нечии наталожени долгови, туку во истиот период вложуваше инфраструктурно во образовните објекти, кои беа оставени на немилост, во катастрофална состојба, со руинирани училници, неупотребливи тоалети и што уште не.Општината, минатата и оваа година,вложи повеќе од 2,2 милиони денари за подобра инфраструктура во училиштата, а во тек е јавна набавка за санација на објекти во висина од 3,4 милиони денари.Во неколку наврати досега сум кажала, но повторно ќе потенцирам, за мене и за општината, образованието останува да биде приоритет број еден. Тоа е нашиот столб, нашиот влог во генерациите што сме ги создале, во нашите деца.  Тоа е влог во нашата иднина“, рече градоначалничката м-р Наташа Петровска, на прес конференцијата одржана во Општина Битола. 

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Јанева не присуствуваше на погребот на мајка и, поради влошена здравствената состојба од капела вратена во Шутка

Специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева, која од синоќа се наоѓа во триеседневен притвор во затворот во Шутка, утринава со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје замина во Гевгелија на погреб на нејзината мајка.Јанева во капелата на градските гробишта во Гевгелија била многу кратко време. Таа била брзо вратена во Шутка поради тоа што и се влошила здравствената состојба.Јанева не присуствуша на закопот на мајка си. 

Македонија | пред 6 години

joveski

Средба Јовески-Нурдаулетов

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска го прими во официјална посета Генералниот обвинител на Република Казахстан Гизат Дауренбекович Нурдаулетов.На средбата тие разменија искуства и меѓусебно се запознаа со состојбите во јавнообвинителските системи на двете земји, а разговараа и за текот на реформите во правосудството.Нурдаулетов, со декрет на Претседателот на Република Казахстан, беше назначен за Генерален јавен обвинител на оваа земја во март годинава.

Македонија | пред 6 години

kuce

Малолетно дете каснато од куче скитник

На 21.08.2019 во 00.05 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.И.(56) од Скопје пријавила дека на улица „Моцартова“ нејзиниот 16 - годишен син бил каснат во пределот на десната потколеница и левата дланка од куче на нивен сосед. Се работи на расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Маж каснат од куче скитник

На 21.08.2019 во 13.40 часот во Полициската станица Центар, М.Т.(69) од Скопје, пријавил дека на булевар „Илинден“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Се судрија два моторцикли, повредени повеќе лица

На 21.08.2019 во 18.15 часот на улицата „Маршал Тито“ во Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Хамачи“ без регистарски ознаки, управуван од Х.М.(20) од с.Долни Дисан, неготинско и мопед „Лонџија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од А.А.(30) од Неготино. Во незгодата Х.М. се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле сопатникот од мотоциклот У.М.(20) и А.А.. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Автомобил излетал од патот на локалниот пат за с.Калиште

На 21.08.2019 во 12.00 часот на локалниот пат за с.Калиште, гостиварско,  патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ.(20) од с.Калиште, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.Г., а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца сопатници А.К и А.Р. кои биле пренесени во Ургентниот центар  Гостивар за укажување на лекарска помош.  Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 6 години

motor

Моторциклист паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди

На 22.08.2019  во 01.45 часот на паркинг на улица „Јани Лукровски“ во Скопје, Ф.В.(19) од Скопје, управувајќи мопед „Јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана помош.  Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Што затекна МВР во 24 часа низ Скопје?

Во текот на изминатиот ден (21.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 30 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 18 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 17 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај биле 17 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престигнување, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четири возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се шест пешаци. Во текот на изминатиот ден издадени се 72 мандатни платни налози за непрописно паркирање. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен крушевчанец за криумчарење 45 мигранти

На 21.08.2019 во 09.30 часот во СВР Куманово биле приведен Ј.Х.(36) од Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“. Истиот ден во 05.45 часот на автопатот Куманово-граничен премин Табановце  полициски службеници забележале запрено комбе „Фолксваген“ со скопски регистарски таблички, како истовара мигранти. Во него биле пронајдени 45 лица-мигранти (42 од Пакистан, еден од  Сирија и двајца од Авганистан), а возачот се дал во бегство, но подоцна бил пронајден во друго возило „Голф“ и приведен.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен Германец баран од Интерпол

На 21.08.2019 година во 08.30 часот на Попова Шапка-Тетово, по потерница на Интерпол, од слобода бил лишен Р.В.Л.(55) од СР Германија. Тој бил приведен и задржан во полициската станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Opstina_Ohrid-900x312

Општина Охрид започна со подготовката на планот за одржлива урбана мобилност – ПОУМ

Во овој паметен вид на планирање, за разлика од традиционалниот пристап на планирање посебен акцент се става на активното вклучување на граѓаните од самиот почеток на процесот.Овие активности се преземаат со цел да се оптимизира ефикасноста на сообраќајот, да се подобри мобилноста на пешаците и велосипедистите, да се промовира значењето на е-мобилноста во насока на намалување на емисиите на CO2, да се растовари сообраќајот во централно градско подрачје, да се зголеми нивото на безбедност и сигурност на граѓаните и да се подобри социјалната интеграција и еднаквост.Во таа насока општина Охрид организира анкета која има за цел да го слушне предлогот на граѓаните.Локалната самоуправа, во соработка со граѓаните сака да ја изработи визијата на планот за одржлива урбана мобилност.ДА ПЛАНИРАМЕ  ЗАЕДНО  ГРАД ВО КАКОВ ШТО САКАМЕ ДА ЖИВЕЕМЕ ! АНКЕТА – ДА ПЛАНИРАМЕ ЗАЕДНО!

Македонија | пред 6 години

fatime-fetai

Фетаи за Јанева: Секој што се огрешил мора да одговара

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи вели дека прогонот на Катица Јанева не смее да биде оправдување за да се заборави криминалот кој беше направен во државата во изминатите години, но и да не се оцрнува СЈО.„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и на нејзината шефица Катица Јанева. Фетаи е првата обвинителка на СЈО која јавно го коментираше случајот откако вчера истрагата беше проширена и на Јанева, а таа ноќеска заврши во притвор, објави dw.com.„Ова што се случува може да биде само добар показател дека секој што се огрешил пред законот мора да одговара и дека работите конечно се придвижуваат во позитивна насока во државата и дека никој не е недопирлив“, рече Фетаи утрово пред судот каде имаше закажано рочиште.Таа смета дека евентуалната одговорност на Јанева не смее да ја оцрни и целата институција, но и да се заборави на борбата против криминалот.Текстот во целост на: dw.com

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања