Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

stefanova-lile-katica-janeva

Стефанова: Шефот е осомниничен за криминал, денес се расчистува криминалот, па дали ни бил шеф, колега или пријател, не е важно

Обвинителката Лиле Стефанова по денешното рочиште за случајот „Титаник“ истакна дека СЈО во моментот е во најтешкиот период. Стефанова кажа дека нема амбиција да ја завземе челната позиција во СЈО.–СЈО во во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби што ги имала од основањето до денес. Затоа апелирам политичарите, сите чинители во државата да седнат и да го донесат законот за јавното обвинителство за да немаме прекин на постапките, не само на оние што се дадени во суд, ние имаме и сериозни истраги. Со неносењето на закон, со немањето на овластување, му даваме огромен простор на криминалот. Шефот е осомниничен за криминал од пред два дена. Јас сакам да кажам дека денес гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа, па дали ни бил шеф, колега или пријател, воопшто не е важно– истакна Стефанова.

Македонија | пред 6 години

Egejska_2008201903

Реконструкцијата на улицата „Егејска“ во завршна фаза

Во текот на нередните неколку дена треба да финишираат градежните активности од Проектот за реконструкција на улицата „Егејска“ од улицата „7-ми Ноември“ до крстосницата со улицата „Железничка“.Овој проект е дел од Годишната програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид и неговата вредност е 9 милиони денари или околу 140.000 евра.Во рамки на првиот дел од реализацијата на проектот, од страна на екипите на ЈП „Нискоградба“ беше извршено поставување на атмосферска канализација, по што следуваше нивелирање на сите 17 улични шахти.Во рамки на вториот дел од реконструкцијата, веќе се врши уредување на тротоарите од двете страни на улицата со поставување на нови рабници и бехатон плочки. Тротоарот од едната страна на улицата е веќе комплетно завршен, а останатата тротоарската површина ќе биде поплочена во текот на наредните неколку дена.Во моментот се врши комлетно асфалтирање на коловозот на улицата, во вкупна должина од 530 метри. Активностите за поставуавње на асфалтот се очекува да бидат завршени во текот на денешниот ден.Во текот на наредните денови ќе се изврши поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација, со што ќе биде комплетиран целиот проект за реконструкција.Според планираното, за околу две недели треба да започне и реконструкцијата на улицата „АСНОМ“ од пресекот со булеварот „Туристичка“ до пресекот со улицата „Карпош Војвода“.  Улицата е во ширина од 9 метри и должина од 650 метри, а Проектот за реконструкција предвидува целосно обновување на коловозната лента и уредување на тротоарите.

Македонија | пред 6 години

protiv_komarci

Информација до здружението на пчелари

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014  и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното  соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на ден  26.08.2019 год.  (понеделник) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот.Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Македонија | пред 6 години

Horski_festival_2208201901-900x544

12- ти Охридски хорски фестивал

Синоќа во Охрид, свечено беше отворено 12-то издание на Охридскиот  хорски фестивал.Хористите од 28  хорови од 7 европски земји  ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески.– Почитувани учесници на 12 хорски фестивал, ви посакувам срдечно добредојде и пријатен престој во Охрид , градот на  светлината, културата и писменоста  со убавина  „незбрчкана“ од времето. Таа се гледа во црквите и манастирите, по к’лдрмата на старата охридска чаршија и тесните сокаци во  стар град. Полека но сигурно охридскиот хорски фестивал зазема се посигурно место на културниот календар во Охрид  и заедно со „Охридско Лето“ и „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“ станува препознатлив бренд на градот. Затоа почитувани хористи од Данска, Хрватска, Полска, Турција, Унгарија, Србија и Романија огромна е честа да бидете дел од ова фестивалско издание преку кое вие со своите настапи ја претставувате културата од матичната земја. Искрено ви посакувам да имате успешни фестивалски денови, а до организаторите упатувам благодарност што  преку овој настан ни овозможуваат културно воздигнување со впивање на звуците од духовната музика, поп и фолк настапите. На крај ви посакувам секој слободен миг од неколкудневниот престој во Охрид да го искористите за посета на црквите и манастирите. Најдете време да испешачите до Самуиловата тврдина или Св. Јован – Канео,  а  во тивките ноќи кога ѕвездите се капат во бистрите води напијте се кафе крај езерскиот брег- рече Николески.Фестивалот трае четири дена . Концертите со  натпреварувачки карактер како и концертите на духовна , поп и фолк музика ќе се одржуваат во  хотелот Инекс – Горица и во католичката црква „ Св. Кирил и Методиј“. Влезот за фестивалските ноќи е слободен.Настанот е во организација на Охридскиот хор, а со поддршка на Општина Охрид. Истиот ја збогатува туристичката разгледница на градов и привлекува голем број посетители од земјава и странство пред официјалниот крај на летната туристичка сезона.

Магазин | пред 6 години

penzioneri

Пензиите растат? - минималната се зголеми за 36, а просечната за 63 денари

Минималната пензија ќе се зголеми за 36 денари, просечната за 63. Надлежното министерствто за труд вели дека презема активности за подобрување на статусот на пензинерите. Министерството за труд и социјална политика соопшти дека ќе се извши законското усогласување на пензиите, кое за овој период ќе изнесува пораст од 0,4 отсто.Минималната пензија, според пресметките ќе порасне за 36 денари, додека просечната се очекува да се зголеми за 63 денари. Највисоката пензија која изнесува околу 47.000 денар ќе има зголемување од 188 денари.За три години, според податоците пензиите пораснаа од 13 754 денари во 2016 година на 14 530 денари годинава.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Градиме по план, се реконструира булеварот Крсте Петков Мисирков во двата правци

Општинската власт во соработка со Град Скопје постојано работи на реконструкција и санација на значајните сообраќајници во општина Чаир.  Во моментов се работи на реконструкција на булеварот Крсте Мисирков кај Бит-пазар. Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков опфаќа должина од 1.350  метри во двете насоки, а претставува дел од интензивните градежни активности на Град Скопје за подобрување на сообраќајната инфраструктурата, се вели во соопштението од СДСМ.Градежните работи се изведуваат со засилено темпo, булеварот се асфалтира непрекинато и во вечерните часови со цел брзо и рекордно завршување на градежните активности.Подобрувањето на патната инфраструктура е елементарна потреба и во полза на нашето квалитетно движење и подобрување на условите за живот.Градската власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз и градоначалникот Петре Шилегов продолжува со исполнување и реализација на дадените ветувања, но и останува целосно фокусирана на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Чаир.Продолжуваме понатаму со исто темпо во создавање и изградба на безбедна патна инфраструктура, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

albanija

(ВИДЕО) Со булдожер срамнат со земја ресторанот на сопственик кој нападна шпански туристи во Албанија

Албанските власти со булдожер му го урнаа ресторанот на сопственик којшто нападна шпански туристи и со телото се обиде да го запре нивниот автомобил, откако не ја платиле сметката.Ресторанот се наоѓа на самата плажа во местото Порто Палермо на Јонското море а будлдожерите се обид да се менаџира глобалниот резил за албанскиот туризам кој нашите соседи го доживеаја откако видеото на Шпанците стана вирално.Лудакот има 51 година, се вика Михал Кокедима. Уапсен е и чека судење за „вербално навредување на групата поради непотребни причини, оштетувања на колата и полесни повреди,“ како што пренесува Франс24. Кокедима тврди дека праведно се изнервирал бидејќи овие не сакале да ја платат сметката.Властите во земјата, дури после скандалот се сетиле да го проверат неговиот ресторан „Панорма“ и утврдиле дека е дивоградба, дека три години нема платено никаков данок. Ова била дополнителна причина истиот да го срушат со булдожер.Михаил Кокедим се качил на хаубата на нивното комбе во движење и се обидел да се пресмета со нив преку искршената шофершајбна.Албанските медиуми ја обелоденија причината поради која шпанските туристи беа трауматизирани

Свет | пред 6 години

Knin

Маскирани лица нападнале гости додека гледале фудбал во кафуле во Хрватска, петмина повредени

Гостите на едно кафуле во општината Бискупија во близина на Книн го гледале фудбалскиот натпревар на „Црвена ѕвезда“ кога група маскирани мажи влегле во кафулето и ги нападнале, пренесува „Далмација данас“.Дојдоа маскирани, имаа фантомки на главите, шипки, палки, мотики... Ние бевме 6, а тие седум. Тука имаше и луѓе од 70 години и деца. Жените и децата врескаа, не можам да верувам дека некој со шипка може да удри дете од 16 години, раскажал Борир Петко, сопственик на кафуле во Книн.Уништија дел од инвентарот, а полицијата објави дека привела неколку луѓе.„Тоа момче од 16 години заврши во болница поради повреда на главата. И мене ме расекоа по ногата. Со некаква даска ме удрија. Добив удар и по глава. Гледавме утакмица, но тоа не е случајно, тоа се беше смислено. Секако дека е поради нашата националност. Тоа е хулиганизам, Во шок сум“, рекол сопственикот на кафулето.Полицијата го поради овој инцидент.

Свет | пред 6 години

DSC_3605

Општина Кисела Вода додели ваучери за новороденчиња

Денеска Општина Кисела Вода додели 71 ваучер за новороденчиња, од кои 38 за женски и 33 за машки деца. Ваучерите на семејствата кои имаат новороденче им ги подели секретарот на Општината, Александар Алексовски.Општина Кисела Вода паричната помош во висина од 6000 денари ја доделува со цел да им излезе во пресрет за првичните потреби на семејствата кои имаат принова и се со адреса на живеење на нејзината територија. Заинтересираните за добивање на истата, во рок од 90 дена од раѓањето на детето треба да поднесат барање и со него да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциона сметка.

Скопје | пред 6 години

12048951_10207853692155437_565132157_n

Најчевска за Петров: И јас немав искуство во балетот, па не ја продолжив мојата кариера како балерина

ФБ статус на професорка, активистка и експертка од областа на човековите права Мирјана Најчевска:Немањето искуство во балетот беше и мојот најголем адут во мојот прв настап во улогата на белиот лебед. Не знам зошто уште не сум поканета да ја продолжам мојата кариера како балерина. Можеби затоа што сега имам преголемо искуство?https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10216294673974337

Македонија | пред 6 години

Pavle-Kamilovski-Mala-Italija-Patuva

„Мала Италија патува” по петти пат ќе донесе извонредното музичко доживување

Единствениот музички настан кој на едно место ги спојува прекрасните италијански, француски, латино и џез звуци, се враќа пред домашната публика овој септември.На 18.09.2019 година, под отворено небо, на платото „Мајка Тереза” пред Националната Опера и Балет, публиката повторно ќе има можност да ужива во изведбата на Павле Камилоски. Овој музички настан, единствен од ваков тип, по јубилеен петти пат ќе им пружи на љубителите на овој вид музика уште една извонредна вечер исполнета со емоции и уживање.Изведувачот кој воедно е и иницијатор на овој проект, кој полека прераснува во традиција, е најзаслужен за се поголемиот успех на оваа манифестација. Павле со својата огромна љубов кон музиката и изведбата на шансони, канцони и безвременските џез песни, ќе и подари на публиката уште едно повеќечасовно уживање, кое ќе ги разигра сите ваши сетила.Билетите за овој концерт може да се купат на следниот линк.

Магазин | пред 6 години

Plakat

Од утре голема урбана журка во Аеродром

Општина Аеродром организира голем урбан настан „Бек ту скул вик“ (BACK 2 SCHOOL WEEK) што ќе се одржи од утре, 24 августдо 1 септември на повеќе локации низ општината.Девет вечери, со добра музика и забава за сите генерации, низ парковите во Аеродром ќе го испратиме летото и ќе ѝ посакаме среќен почеток на новата учебна година.Утре, 24 август (сабота), со настапи почнуваат ДНК и диџеј во паркот „Јане Сандански“.Продолжуваме на:- 25 август (недела) на детската улица „Тоше Проески“ со театарската претстава за деца „Зеленковци“ и настап на диџеј Мики од Радио Антена 5;- 26 август (понеделник) во Паркот на езерата ќе уживаме во музиката на „Брејкдаун бенд“ со Пеце Суперхикс и диџеј Вера Јанковиќ;- 27 август (вторник) во Паркот на езерата настапуваат Бендоф и диџеј Цена;- 28 август (среда) во истиот парк ќе танцуваме во ритамот на „Саутпарк“ и диџеј Мартин од Радио Антена 5;- истата локација ќе биде место за луда забава и на 29 август (четврток) кога ќе настапат „Кума енд д бенд“ и диџеј Баже од Антена 5;- и на 30 август (петок) ќе ги видиме и слушнеме „Теа енд д бенд“ и неповторливиот Драган Б. Костиќ.Сите настапи почнуваат во 20:30 часот.Епицентарот на забавата ќе се случи на 31 август (сабота) од 19 часот, во паркот „Авионче“, а истата вечер ќе настапи и светски познатиот диџеј Пол ван Дајк. Очекуваме илјадници посетители од земјава и регионот.BACK 2 SCHOOL WEEK ќе го заокружиме со фамилијарно дружење и „барбикју“ ден на 1 септември (недела) во паркот „Бановина“ во 18:00 часот, а ќе се релаксираме со настапите на Огнен Здравковски и незаборавните рок и екс ЈУ-хитови.          Подгответе се за уникатна забава. Ве очекуваме со позитивна енергија и многу насмевки.Создаваме моменти за паметење!Упатуваме отворена покана до сите граѓани, а не само до жителите на Општина Аеродром. Исто така, напомнуваме дека сите настани се бесплатни.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Запленета марихуана, приведени двајца дилери

На 22.08.2019 околу 17.00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово запреле патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски таблици, управувано од А.Д.(21), а во кое како сопатник бил и Ш.П.(27), двајцата од Дебар.При нивен и преглед на возилото, зад возачкото седиште и во багажникот биле пронајдени три вреќи со марихуана со вкупна тежина од околу 20 килограми, кои биле одземени и дадени на вештачење.Двете лица биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, во текот на денот, со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.  

Македонија | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Јанева во Шутка сместена во соодветна ќелија, со посебни безбедносни мерки, не се гледа ни со „пријателите“, ниту со непријателите

Ден по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, Катица Јанева ја загуби својата мајка, а истото утро беше и приведена за вмешаност во аферата „Рекет“. Следниот ден на погpeбот присуствуваше во улога на притвореник, со забрана да комуницира со роднините, а по завршувањето на погpeбната церемонија, веднаш беше вратена во затвopoт во Шутка.Во „Шутка“, пак, за Јанева немаше место во таканареченото „хашко одделение“, за кое се смета дека има нешто подобри услови, бидејќи тие ќелии се доделуваат по принцип „прв дојден, прв услужен“.Сепак, како што пренесува „Независен“, според извори од затворот, направена е безбедносна проценка и Јанева е сместена во соодветна ќелија, при што за неа се предвидени посебни безбедносни мерки. Со оглед дека станува збор за обвинител што гонел криминалци и од низок и од висок ранг, како за време на СЈО, така и претходно, Јанева е распределена во ќелија каде нема да биде во контакт со „пријателите“ обвинети за „Рекет“, но ниту со непријателите кои од претходно можеби ги има во затворот и кои евентуално би имале мотив да и се одмaздaт.–Направена е безбедносна проценка и таа е сместена во соодветна ќелија. Внимаваме да не биде во контакт со другите обвинети од случајот „Рекет“, но и со евентуално други затвореници што можеби сакаат да ѝ се одмаздат. Вообичаено, притворениците не одат сами во соба, туку имаат цимер – велат извори од затворот во населбата Шуто Оризари за „Независен“.Според нив, Јанева е сместена во женскиот оддел на првиот кат од затворската зграда. Условите од женскиот дел во затворот се за нијанса подобри отколку во машкиот, но и натаму се далеку од просекот што важи во европските држави.Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.

Македонија | пред 6 години

protest-1

(ФОТО) Поранешни вработени од „ОХИС“ повторно на протест, уште ги бараат платите

Поранешни вработени во скопската фабрика „Охис“, која е во стечај, денеска повторно протестираат низ улиците во Скопје. Протестираат пред Парламентот по што, според најавите, ќе се движат кон Министерството за правда и кон Владата.Бараат исплата на побарувањата од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и придонеси од плата за 16 месеци. Имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година.– Има нешто исплата, но тоа се ситни пари. Недостигаат три до четири милиони евра за да се обештетат луѓето. Свесни сме дека граѓаните се нервозни, но не ни преостанува ништо друго освен да протестираме, велат вработените од „Охис“.Според нив, државата е должна да им ги исплати платите бидејќи имала доминантен општетствен капитал во фабриката.Досега, повеќепати протестираа пред надлежните институции и имаа средби со владини претставници. За денеска, како што велат, немаат најави за средба со некој од институциите. (МИА)Извор:Курир.мк

Скопје | пред 6 години

polska

(ВИДЕО) Ден на жалост во Полска по смртта на пет лица

Полските власти прогласија ден на жалост по вчерашната трагедија во која од удар на гром загинаа пет лица, а стотина други се повредени.Молњата погодила група планинари кои биле на врвот на планинскиот венец Татри, кој се наоѓа на границата меѓу Полска и Словачка. На полска страна загинаа четири лица, меѓу кои две деца, додека едно лице загина на словачката страна на планината.Очевидци велат дека бурата се појавила одеднаш, после сончево утро.

Свет | пред 6 години

velosiped

Велосипедист каснат од куче скитник

На 22.08.21019 во 14,30 часот во Полициската станица Гази Баба Б.Ш.(34) од Скопје, пријавил дека на улицата “Јани Лукровски“ додека возел велосипед бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.  

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Малолетно дете каснато од куче скитник

На 22.08.2019 во 00,10 часот во Полициската станица Бит Пазар О.С.(33) од Скопје, пријавила дека на улицата “376“ нејзиното дете било каснато од куче скитник во пределот на раката. 

Скопје | пред 6 години

soobrakajka

Сообраќајна несреќа, повредени две лица

На 22.08.2019 во 15,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Петровец-с.Огњанци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(34) од с.Огњанци, патничко моторно возило „Рено еспејс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А. (63) од с.Огњанци и патничко моторно возило „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(52) од с.Огњанци. Во незгодата со телесни повреди се здобил А.С., а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од истото возило А.А.(55) и биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.

Скопје | пред 6 години

motor

Сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и моторцикл – тешко повредено едно лице

На 22.08.2019 годинa во 13,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.С.(36) од с.Идризово и мотоцикл „Сузуки“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.Ѓ.(37) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.

Скопје | пред 6 години

marihuana2

Приведени две лица, при извршен преглед кај нив е пронајдена марихуана

На 21.08.2019 во 21,20 часот од полициски службеници од СВР Скопје во парк шумата Гази Баба биле лишени од слобода Ф.К.(21) од Скопје и Е.А.(23) од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив е пронајдена марихуана. Двајцата биле приведени во Полициската станица Гази Баба и по целосното расчистување ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

lisici

На аеродром во Скопје аупсен србин, еве зошто

На  22.08.2019 во 17,30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ на влез во РСМ, при вршење на пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Б.З.(24) од Р.Србија евидира со мерка “А” (апси). Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка . 

Скопје | пред 6 години

stop-policija

СВР Скопје казнува возачи кои не почитуваат сообраќајни правила

Во текот на изминатиот ден (22.08.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 47 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 12 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол и девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 10 возила од кои едно возило бидејќи било технички неисправно и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 55 мандатни платни налози за непрописно паркирање.

Скопје | пред 6 години

heroin-111

Приведен Гостиварец, во неговиот дом пронајден хероин

На 22.08.2019 во периодот од 20.00 до 21.00 часот, во Полициска станица Гостивар приведен е Ш.Д.(49) од Гостивар по претходно извршен претрес од полициски службеници во куќа на улица „Мара Угриноска“ во сопственост на Ш.Д., по наредба од судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар. При претресот пронајден бил хероин. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

Zenski-mladinski-hor-Menada-Tetovo

„Скопје пее“ („Skopje Sings)” - прв меѓународен хорски фестивал во Скопје

Од 29-ти до 31-ви август, во организација на Град Скопје и ЈУ „Универзална сала“, градот ќе биде домаќин на првото издание на хорскиот меѓународен фестивал  „Скопје пее“ („Skopje Sings”).Десет хорови од земјата и странство, со своите изведби на добро познатите класични дела, но и џез, рок и современите композиции, на себе својствен начин, ќе ги спојат музиката, одморот, пријателството и забавата.Свеченото отворање на фестивалот е закажано за в четврток (29.8.) во 21:00 на Школка во Градски Парк, каде скопјани и сите останати добронамерници и љубители на музиката и културата ќе имаат можност бидат дел од градскиот музички хепенинг наречен  „Скопје пее“ („Skopje Sings”).За в петок (30.8.), фестивалот програмски ќе се вклучи во културните лета на општините Карпош и Аеродром. На Културното Лето „Карпош 2019“ на плоштадот „Делфина“ во Влае ќе настапат Машкиот хор од Пловдив, ХМД „Кочо Рацин“ – Скопје, Женскиот хор „Аурин“ од Кецкемет, Унгарија, ГМХ „Вардар“ – Скопје и Академскиот Женски Хор на Студентскиот Културен Центар во Ниш. Како дел од „Back to School Week“ во Општина Аеродром, во паркот на езерата со почеток во 20:30 часот ќе настапат Женскиот хор Менада од Тетово, хорот „Хаџи Зека“ од Пеќ, Пензионерскиот хор „Серенада“ од Скопје, хорот „Славјанско Единство“ од Горна Ораховција, Р. Бугарија и хорот „Елегија“ од Општина Центар – Скопје.Фестивалот  „Скопје пее“ („Skopje Sings”) е првиот меѓународен фестивал на хорови и хорска музика кој се одржува во Скопје и идејата на фестивалот е да ја донесе музиката поблиску до граѓаните и да ја претстави хорската музика типична за концертните сали на некарактеристичен начин, на улиците и плоштадите на Градот Скопје.За последниот ден од фестивалот (сабота; 31.8), од 20:30 часот, со настап на хоровите во објектот на Македонската филхармонија и официјално ќе се затвори првото издание на  „Скопје пее“ („Skopje Sings”).

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања