Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

fotoandrej2

Четири годишно момче шие играчки, за да собере пари за својата операција

Во 2015-та година, на 4-годишниот Андреј Семилет му бил дијагностициран рак во крвта. За ова сериозно заболување потребно е скапо лекување, кое чини околу 36.000 евра.За жал, семејството на Андреј ги немало потребните финансиски средства, а неговата мајка беше спремна да го продаде нивниот стан, за да го спаси своето дете. Но, помошта дојде од најнеочекуван агол. Самиот Андреј започнал да шие играчки, со цел да си го плати сопственото лекување. Што се случи со судбината на детето и како се одвиваше таа тажна приказна?Кога луѓето ги започнаа подготовките за Нова година, во тој период, малиот Андреј беше во болница, при што му беше поставена ужасна дијагноза-леукемија. Лекарите во Украина не можеа да му помогнат, но имало решение- лекување во Белорусија. За таа цел, неопходно беше да се соберат 36.000 евра, сума која семејството на Андреј ја немаше. Мајката на момчето тропаше од врата на врата за помош, но ниту тоа не помогна.Еден ден, за да му го сврти вниманието на болното момче од бројните грижи и проблеми, неговата мајка во болницата му однела чорапи, ориз и фломастери, за да се забавува. Заедно направиле снешко. Притоа, сосема неочекувано се појавила идејата за продажба на направените играчки. На почетокот, мајката и бабата на момчето се занимавале со производството, а малиот Андреј ги декорирал и бојадисувал.Но, во изработката за кратко се вклучи и самиот Андреј. Тој со задоволство започна да ги шие играчките, бидејќи цврсто веруваше дека тие ќе му помогнат да ја победи страшната болест.Неговата мајка продолжи да бара финансиска поддршка од разните фондации и хуманитрани организации.Останале уште неколку дена до крајот на собирањето на потребната сума, но се утврди дека истата за жал, не беше доволна.Но, тогаш се случило чудо. Бидејќи приказната на малиот Андреј била и медиумски претставена, многу луѓе биле трогнати од истата и за само 5 дена, 36.000 евра биле донирани од жителите со големо срце, кои се одлучиле да ги купат играчките на Андреј.По соберената потребна сума, лекувањето на момчето успешно започнало. Иако тој денес сè уште не може да оди на училиште и да има сосема вообичаен живот, неговото семејство смета дека токму тоа е и најважното, што нивното момче успеало преку играчките да го спаси сопствениот живот.

Свет | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Геровски: Не сум будала како Катица да тропам на вратата во МВР

Новинарот Бранко Героски кој синоќа гостуваше во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце кај Јанко Илковски одговараше на низа интересни прашања. Запрашан од Јанко, зошто токму Јанева била избрана за главна на СЈО, Геровски рече:И мене не ми беше јасно зошто тој процес беше така воден. Запрашав еден поранешен политичар, ден откако Катица тропаше во МВР „отвори, отвори“. „Кај ја најдовте баш оваа Катица од некоја си Гевгелија со просек 6,2“, а во продолжение вели И тој ме праша: Геро, ти да си специјален јавен обвинител, ќе отидеш да тропаш на врата во МВР и да викаш „отвори“? Му реков не сум будала“Тој објасни дека мастермајндот, ликот што требало да ја води битката, сите најважни битки во Македонија, вклучувајќи ја и битката против криминалот не била Катица Јанева, туку Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Со автомобил му го попречиле патот на друг автомобил и го кршеле

СВР Охрид поднесе кривична пријава со против К.Н.(21), Х.Н.(24), А.Г.(23), Х.Т.(23) и Љ.Т.(20) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 03.08.2019 во село Пештани пријавените со патничко моторно возило го попречиле движењето на друго патничко моторно возило, управувано од Д.М.(19), во кое сопатници биле Х.Е., М.М. и И.Т., сите од Скопје, при што со предмети удирале по возилото и физички го нападнале М.М.. .   

Македонија | пред 6 години

policija-123

Се обидел од „Југо“ со отворена врата да избега од полицијата, повредил полицаец

На 22.08.2019 околу 19.00 чаот на ул.,,Браќа Ламескимај“ во Прилеп, при обид на полициски службеници да легитимираат, едно лице кое било во патничко возило „Југо“,го стартувало возилото и со отворената врата удрил еден полициски службеник и му нанел повреда на десната рака. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

crkva

Крадел од верски објекти, заработи кривична пријава

СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.А.(18) од село Озормиште поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“. Во периодот од 29.05.2019 до 21.06.2019 во селата Радиовце, Волковија и Јанчиште од верски објекти пријавениот одземал пари. 

Македонија | пред 6 години

pretepan

Драма во Скопје - жена ја нападнала својата маќеа

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Н.(48) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „тешка телесна повреда“. На 20.05.2018 во домот на таткото на пријавената во Скопје, таа физички ја нападнала В.П.А.(68) од Скопје, која живеела во заедница со нејзиниот татко, при што и нанела тешка телесна повреда. 

Скопје | пред 6 години

tepacka-222

Три лица нападнале 23 годишен скопјанец на аеродромот во Скопје

На 23.08.2019 во 04.00 часот во СВР Скопје, А.Ф.(23) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 02.40 часот во кругот на Меѓународен аеродром „Скопје“ бил физички нападнат од Ф.Л., Ф.Ф. и Ф.Ф.. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 6 години

boki-13

Боки 13 пренесен на неврологија, се жалел на слабост на екстремитетите

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, денеска со придружба на Затворска Полиција бил пренесен на специјалистички преглед на неврологија.  Дознаваме дека Боки 13 се жалел на слабост на левостраните екстремитети, омалаксалост. При прегледот пациентот свесен, контактибилен без невролошка симптоматологија. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен велешанец, полицијата му пронашла прашкаста материја

На 22.08.2019 во 15.10 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Д.(20) од Велес, кај кого при преглед била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во Полициската станица Центар и по целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Кај две лице од кои едно малетно пронајдена марихуана

На 22.08.2019 во 16.15 часот на улица „Трифун Хаџи Јанев“ во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.С.(27) од Скопје и едно лице на возраст од 17 години од Скопје затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. Двајцата биле приведени во Полициската станица Гази Баба и по целосното расчистување на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Скопје | пред 6 години

heroin-111

Кај браќа пронајдена прашкаста материја и дигитална вага

На 22.08.2019 во 13.15 часот во Полициската станица Бит Пазар приведени биле Б.Љ.(50) и неговиот брат М.Љ.(48) двајцата од Скопје, по претходно извршен претрес од полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во домот на Б.Љ. во Чаир, а по наредба од судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1. При претресот била пронајдена прашкаста материја и дигитална вага со остатоци од прашкастата материја кои биле предадени за вештачење. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

seks

Шест баби и дедовци уапсени во САД заради секс во парк

Шест луѓе на возраст од 62 до 85 години биле уапсени во Конектикат, откако полицијата ги фатила како имаат секс во парк.Полицијата соопшти дека групата, петмина мажи и 85-годишна жена, била уапсена поради вмешаност во вулгарно однесување и сексуална активност во заштитена област во Ферфилд.Како што објави агенцијата АП, оваа област се рекламирала на интернет како место каде што луѓето доаѓаат да се среќаваат и имаат секс. Поради тоа, полицијата почнала да ја надгледува областа за да спречува сексуални активности во јавност.Така била фатена и групата на возрасни луѓе, кои се соочуваат со низа обвиненија, како недолично однесување и нарушување на јавен ред.

Магазин | пред 6 години

notari-1

Потпишан меѓународен договор на соработка помеѓу Нотарската комора на РСМ Комора на Нотарите на Република Германија 

Денеска во Берлин, Германија е склучен Договор за меѓународна соработка помеѓу Нотарската Комора на Република Северна Македонија претставувана од претседателот г-дин Васил Кузманоски и Федералната Комора на Нотарите на Република Германија и претставувана од правниот советник г-дин Ричард Бок, главен претставник на Федералната Комора на Германските Нотари за меѓународни прашања.Нотарската Комора на Република Северна Македонија и Федералната Комора на Нотарите на Република Германија веќе со години соработуваат за унапредување на квалитетот во полето на превентивната правда во Северна Македонија и во целиот регион, преку одржување и присуство на настани и состаноци со посебен фокус на правните случувања, професионалните тренинзи, половата еднаквост и предизвиците на дигитализацијата во нотаријатот преку проектите организирани од страна на Германската агенција за развој - GIZи Германска фондација за Меѓународна правна соработка – IRZ.Целта на потпишувањето на овој договор за соработка е поставување на основа за идни размени меѓу двете институции со обврзување за споделување информации организирање заеднички проекти, особено оние кои се однесуваат на професионалниот тренинг, правните случувања и дигитализацијата.Договорот беше потпишан во просториите на Федералната Комора на Нотарите на Република Германија а на чинот на потпишување покрај делегацијата од Нотарската комора на Република Северна Македонија составена од претседателот г-дин Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор, г-ѓа Анита Адамческа, присуство на овој значаен чин имаше и претставник од Министерството за правда на Република Северна Македонија, државниот советник г-ѓа Љубица Караманди Попчевски, амбасадорот на Република Северна Македонија во Берлин г-дин Рамадан Назифи и г-дин Драган Петковски – министер советник во Амбасадата на Република Северна Македонија во Берлин, како и г-дин Ловро Томашиќ- претставник за меѓународни односи и г-ѓа Надја Данингер – Кандидат за нотар во Германија

Македонија | пред 6 години

Summerland-1

Шилегов почнува проектот за трамвај во Скопје, но чека пари од Владата

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска најави дека во текот на денот до Владата ќе достават Информација за проектот Трамбај во Скопје, од каде чекаат пари за негова реализација.- „За мене императив е да воведеме еден современ јавен транспорт за нашиот град . Градот за жал со буџетските средства кој што ги има не може сам да ја спроведе таа акција меѓутоа врз основа на она што го имам како договор постигнато со претседателот на владата очекувам дека истата ќе помогне во финансирањето на јавниот транспорт и доколку се обезбедат средства градот е спремен што се вика уште денес да ја започне постапката“. - вели Градоначалникот Шилегов.Шилегов појаснува дека веќе е разговарано со Влада на тема јавен сообраќај во градот за што од Влада побарале да се подготви потребна информација за реализација на Трамвајот, истата од Градот била изготвена и денес доставена. Шилегов очекува што поитна одлука од страна на Економскиот совет при Владата да одлучи дали ќе го финансира градењето на Трамвајот.Околу девет и пол милиони евра од буџетот на Град Скопје се трошат за јавен градски превоз за околу 43 милиони патници годишно. Трамвајот кој е долгонајавуван треба да придонесе за одржлив град како Скопје би имал целосно економичен и еколошки јавен транспорт вели Шилегов појаснувајќи дека за трамвајот нема да се оди со концесионер.

Скопје | пред 6 години

opstina-centar

Новото основно училиште во општина Центар ќе го носи името „Киро Глигоров“

На денешната 33-та седница, Советот на Општина Центар го усвои предлогот, новото општинско училиште во населбата Капиштец да го носи името „Киро Глигоров“. Изборот на името на училиштето е по желба на граѓаните кои се изјаснија на јавна анкета која ја спроведе општината на својата веб страница во јули годинава.ООУ „Киро Глигоров“ започна да се гради во 2016-та година и само по три години ги отвора вратите за првите ученици.Општина Центар ги известува родителите дека учебната година за учениците и во ООУ „Киро Глигоров“ започнува на 2.09.2019 година, а во понеделник на 26.08.2019 година ќе бидат објавени списоците на паралелките и учениците.Општина Центар им посакува среќна и успешна школска година на сите ученици во општината.

Скопје | пред 6 години

gradinki-3

По 15 години се бојадисуваат градинките од ЈОУДГ „Мајски цвет“ во Битола

Во текот на летните месеци, во сите седум детски градинки во рамките на ЈОУДГ „Мајски цвет“, се изведуваат крупни изведбени зафати.По 15 години, се врши бојадисување на сите градинки кои се во состав на оваа јавна установа. Бојадисувањето во дел од објектите сеуште е во тек и според плановите на изведба, ќе заврши до 8 септември годинава. Во градинкие „Пеперутка“ и Славејче“, во тек е стружење и лакирање на паркетите во објектите. врати во објектите.Во сите седум детски градинки, училниците ќе бидат климатизирани. Во дел од нив, поставувањето на клими е завршено, а се очекува до почетокот на новата учебна година, да бидат завршени и овие активности. Од управата на градинките истакнаа дека вредноста на сите овие зафати изнесува околу 1.700.000 денари. 

Македонија | пред 6 години

Dimsa-PRESS-2308-2

Арсовски: Истрагата за „Рекет“ се води многу штуро, летаргично и со огромна доза на непрофесионалност

Катица Јанева и Зоран Заев се едно исто. Сведоци сме како јавноста го затега обрачот околу Зоран Заев, а тој во очај ги пушта низ вода сите околу него само за да си ја спаси сопствената кожа.Пипците на Зоран Заев во судството и обвинителството се обидуваат да ја одложат, развлечат и забошотат истрагата за случајот „Рекет“ каде што и врапчињата знаат дека овие што сега се во притвор се само пиуните. Сите знаат дека главните играчи, нарачатели и рекетари се наоѓаат во врвот на Владата и во врвот на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Нарачателите на Катица Јанева, Боки 13 и останатите не смеат да бидат амнестирани од одговорност за овој милионски „Рекет“.Обрачот околу Зоран Заев се затега. Џабе им е одлагањето на експедитивна истрага цели четири месеци. Џабе им е што ја оставија Катица Јанева четири месеци да брише траги и докази, да форматира компјутери во СЈО, да влијае врз сведоци.Истрагата се води многу штуро, летаргично и со огромна доза на непрофесионалност.Зошто сеуште не е викнат на распит синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, кој има една од клучните улоги во комуникацијата со бизнисмените во телевизијата на Бојан 13?Зошто сеуште синот на Катица Јанева е на слобода, ако знаеме дека тој му беше десна рака на Боки 13 во телевизијата преку која бизнисмени склучувале договори наводно да се рекламираат на истата телевизија, а тој бил задолжен за делот на маркетинг?До каде е истрагата за Кики и Фрики? Дали е вистина дека тие ги имале едни од клучните улоги во функционирањето на Меѓународниот сојуз, а биле поддржани и со амин на Зоран Заев?До каде е истрагата на УЈП и на финансовата полиција кои требаше од вчера да почнат со истрага и зошто истите доцнеа цели 4 месеци со почеток на истрагата?Кои луѓе од СЈО се инволвирани во случајот „Рекет“, зошто овие се уште информации се уште се кријат?Зоран Заев и СДСМ нема да успеат да го прикријат случајот „Рекет“ и да го затворат по свое сценарио кое само нив им одговара.Напротив, сите инволвирани мора да одговараат за рекетирањето.Рекетарите како Зоран Заев и СДСМ мора да паднат од власта и да одговараат. Веднаш потоа откако СДСМ и Зоран Заев ќе паднат од власта следува обнова на Македонија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Naum-PRESS-2308-2

Стоилковски: Владата тоне во корупција и во афери - Институциите се политички притиснати и парализирани

Владата тоне во корупција и во афери. Институциите се политички притиснати и парализирани. Ниту имаат капацитет, ниту имаат храброст, ниту пак волја за да го истражуваат криминалот на власта, мноштвото криминогени - корупциски скандали на државната мафија, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Нема никаков напредок во расчистувањето во скандалот „Леонардо“ - корупциски скандал од меѓународни димензии, во кој што, според аудио доказите, директно е вмешан Генералниот секретар на државната мафија, Драги Рашковски. ДКСК се уште предметот го држи отворен! Колку време им треба на антикорупционерите во Комисијата за спречување на корупцијата за да едноставно заклучат дека не му е местото на Драги Рашковски да договара средба која компанија да добие тендер, потоа средби среде тендер за тоа какви документи да се дособерат за тендерската документација да се дополни, па средби со компанијата која што е договорено да добие тендер да се договара аванта. Комисијата отвори предмет „по допрен глас“ по правдањата на Драги Рашковски за скандалот, на 4 јули! Од 4 јули до сега изминаа 50 дена, а од Комисијата ниту глас! Зар и ДКСК ќе чека четири месеци за да се зачистат сите докази и сведоци за „Леонардо“?Нема никаков напредок ниту за „Тополки“! ДКСК на 9 мај оваа година отвори предмет за Кочо Анѓушев, вицепремиер во државната мафија, за случајот „Тополки“, во кој што директно се вклучени Кочо Анѓушев како вицепремиер и неговиот брат Тодор Анѓушев. Од 9 мај, ден четврток, до овој четврток денеска, 23 август, три ипол месеци, Комисијата има отворен предмет и ама нема никаков резултат. Во меѓувреме насловните страници во медиумите гласат „Браќата Анѓушеви ја убедија владата да им дозволи бизнис“, Владата каде вицепремиер е Кочо на 11 јуни одлучува да им даде 9 илјади квадратни метри државно земјиште на Анѓушеви, во непосредна спогодба, потпишала Радмила Шекеринска, на 21 јуни одлуката се објавува во „Службен весник“, а Комисијата за борба против корупцијата, уште молчи. Нашироко медиумите објавуваат документи дека фирмата „Тополки“ ја управува братот на вицепремиерот Кочо Анѓушев, а е во сопственост на две компании од кои едната „Феро Инвест“ е компанија на Кочо и на брат му Тодор Анѓушев! Ама ДКСК се уште собира докази, или поверојатно не прави ништо, додека и покрај оформениот случај, под нос на Комисијата, државната мафија и во овој случај повеќе од четири месеци си го тера бизнисот.ДКСК не смее да биде тампон зона, не смее да биде алиби за криминалот, за корупцијата и за бизнисите на државната мафија. Не смее да презема улога да биде алиби за обвинителите да не реагираат. Уште повеќе, доколку Комисијата сама отвора предмети по сопствени сознанија или допрен глас. Вака ниту има борба со корупцијата, ниту комисијата го оправдува своето постоење. Притисоците кои што ги вршат членови на државната мафија, како настапот на министерот за внатрешни работи пред вратите на Комисијата мора да сопрат, а антикорупционерите мора да си ја сработат работата. Се друго е соучесништво.Право, правда и борба со криминалот и корупција не е можна додека државната мафија ја држи власта и институциите кои што треба да се борат за право и правда. На Македонија и се потребни итни избори по кои секој еден случај ќе биде разгледан од независни институции. И ќе има и одговори и ќе има и одговорност истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

TKP-1

Тутунскиот комбинат АД Прилеп годинава ќе ја заврши за прв пат со добивка

Тутунски комбинат АД Прилеп (ТКП) по 20 проблематични години, последниве 5 години успеа да го стабилизира своето работење и интензивно да се трансформира во ефикасна и модерна фабрика за производство на цигари и тутун во земјава. Според досега остварените резултати и проекциите се очекува Комбинатот, кој со децении беше еден од најголемите загубари во земјава, на крајот на годинава да покаже добивка, прв пат после 20 години.„Минатата година ја завршивме со загуба од околу 3 милиони евра, но тоа се должи исклучиво на реализација на програмата за подобрување на продуктивноста во рамките на која се спроведе мерка за доброволно заминување на вработените од ТКП, во која се пријавија 222 вработени на кои им беа исплатени отпремнини во вкупен износ од 4 милиони евра. Тоа значи, како што е нотирано и во ревизорскиот извештај, дека без оваа акција, компанијата би остварила добивка од 50 милиони денари“, вели Кирил Станкоски, генерален директор на Тутунски комбинат АД Прилеп.Благодарение на успешното спроведување на рационализацијата и решавање на проблемот со превработеноста, ТКП направи нова систематизација на работните места, со што платите на вработените во комбинатот се зголемија меѓу 10 и 15%, а најголемо зголемување е направено кај клучните сектори - во Погонот Тутун и Погонот цигари.Покрај оваа мерка која придонесе за рационализација на производството, комбинатот ги намали непродуктивните расходи, ја зголеми енергетската ефикасност во производството, ја подобри состојбата во градежните објекти, набави нова опрема неопходна за нормално одвивање на производниот процес и се ослободи од непотребните залихи, со што драстично се подобри продуктивноста на компанијата.„Во шестмесечниот извештај доставен до Македонската берза прикажана е загуба за првата половина од годината која е помала за 80% споредено со истиот период од 2018 година. Во секој случај, ова не може да биде релевантен показател за работењето на Комбинатот во текот на целата 2019 година. Имено, поголемиот дел од приходите кои ги добиваме се остваруваат во втората половина од годината кои според сите проекции, ќе бидат повисоки од трошоците заради што очекуваме дека ТКП ќе ја заврши 2019 година за прв пат со добивка која очекуваме да биде значајна”, додава Станкоски.Остварените резултати на ТКП секако се должат на стратешкото партнерство остварено со тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнел и формирањето на заедничка компанија Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП), што придонесе ТКП полека но сигурно да се враќа на некогашните позиции како компанија која има значителен позитивен придонес во македонската економија.Стратешкото партнерство, меѓу другото, овозможи подобрување на инфраструктурата,  инсталирање на нови машини за производство на цигари, зголемување на продуктивноста и ефикасноста во работењето, согласно највисоките стандарди за квалитет според критериумите на глобалниот гигант во производството на цигари, како и стабилен откуп на тутун од тутунопроизводителите и навремена исплата на договорените количини.Партнерството со Филип Морис придонесе да се почне со модернизација на производството и за првпат од кога е изградена фабриката во Тутунски комбинат се изврши реновирање на производната хала со површина од над 5.000 метри квадратни. Инсталирана е и нова машина за производство на цигари со потенок прогресивен формат или т.н. 7.0 формат. Модернизацијата на производната хала како и на инсталирањето на новата машина му овозможи на ТКП да започне со производство на Марлборо 7.0 формат за Филип Морис.“Самиот факт дека Филип Морис даде одобрување за производство на Марлборо 7.0 во Тутунскиот комбинат во Прилеп е знак за исполнување на високите стандарди кои една глобална компанија ги има и на довербата која таа компанија ја има во ТКП. Ова производство на познати брендови е извонредно значајно за реномето на Тутунски комбинат АД Прилеп кој покажа дека со успешно менаџирање, потпомогнато со експертиза од ФМИ, може да исполни строги критериуми и да произведува премиум брендови каков што е Марлборо”, вели генералниот директор Станкоски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Потребата од носење на Законот за ЈО е суштинска и во интерес на воспоставувањето на правната држава

Kостадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, одговараше на новинарски прашања. Во продолжение прашањата и одговорите:П1: Во однос на промените во СДСМ, и давањето на шансата на младите, како од владејачката партија се коментираат обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека токму ваквите промени во СДСМ се наводно поврзани со случајот „Рекет“ и евентуалн инволвираност на високи партиски функционери?Kостадин Костадинов: Она што го знаеме за каква било инволвираност ќе ви одговорам во две фази на вашето прашање прво на претпоследниот Централен одбор на партијата донесовме Декларација за бескомпромисна борба против корупцијата, во тој аспект повикуваме да надлежните институции го расчистат до крај случајот и се утврди вина за сите којшто го прекршиле законот, немаме никаква намера да штитиме било кој за кого во транспарентна постапка ќе се утврди дека го прекршил законот, вклучително и за членови и на СДСМ. Но на ниту еден можен начин, тоа не може да го поврземе со промените којшто се случуваат во СДСМ и ќе се случуваат затоа што нашата намера е јасна, промените се сосема нормална појава за една демократска партија каква што е СДСМ и тие на ниеден начин не можат да бидат поврзани со било која афера што се случува во државата или би се случила.П2: Премиерот Заев вчера најави дека денеска продолжуваат работните групи за Законот за Јавното обвинителство, зошто денеска нема среда и кога се планира да има средба?Kостадин Костадинов:Очекувањата беа дека денеска ќе продолжат разговорите помеѓу преговарачките групи од партиите, немам инфорамција кога би се одржала денеска средбата и на кое место. Очекуваме како партија и јасно апелираме дека на првата седница по завршувањето на одморите на пратениците, ќе биде Законот за Јавното обвинителство. Суштинска е потребата од носењето на еден таков закон, а се во интерес на воспоставувањето на правната држава во Република Северна Македонија. Очекувам дека сите мои колеги пратеници дека ќе се издигнат навистина над партиските интереси и во функција на правото, правната држава и секако во интерес на граѓаните со консензус да го донесеме Законот за Јавното обвинителство.П3: Дали е возможно во скоро време да имаме работни групи во врска со Изборниот законик и Законот за попис?Kостадин Костадинов: Очекувањата се како што најавувавме, да има континуитет во разговорите во однос и на Законот за попис, секако и за Изборниот законик, доколку имаме било какви детали вие медиумите навремено ќе бидете запознаени.

Македонија | пред 6 години

gtc

ГТЦ ќе добие панорамски лифт кој чини над 95 илјади евра

Вкупно 5.874.040 денари или 95.512 евра ќе чини панормскиот лифт кој ќе води до зелениот покрив во Градскиот трговски центар. Акционерското друштво склучи договор со фирмата „Сезал“ за набавка и монтажа на панорамски лифт, кој беше најавен во рамки на проектот за зазелување на покривот на овој објект, пренесува Фокус.Според договорот на ГТЦ со фирмата лифтот ќе биде со четири станици, носивост од 1000 кг и стаклен од три страни.Инаку, проектот за зазеленување ќе го опфати покривот на ГТЦ кој гледа кон Плоштад Македонија. Предвидено е да бидат зазеленети 1.800 квадратни метри така што ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 видови други садници. Меѓу другото се предвидува поставување на фонтани, монтажна бина, шаховско поле, кафуле, клупи и паркинзи за велосипеди.Изградбата на зелениот покрив ќе чини околу половина милион евра. Инаку, покривот на ГТЦ е една од најтоплите точки во градот.

Скопје | пред 6 години

boki-13

Инспекторите на УЈП во Шутка, лично на Боки 13 треба да му врачат налог за проверката на документите во фирмите

Инспекторите од УЈП во затворот Шутка на Боки 13 треба да му го врачат налогот за контрола на финансиското работење на неговата организација Меѓународен сојуз.  Инспекторите во затворот влегоа предмалку, но според извори на Сител сеуште не се виделе со Боки 13.Од извори во затворот, Сител дознава дека утрово Јовановски се жалел на здравствени проблеми каде што интервенирала и брзата помош, но сега тој се чувствува добро. Налогот треба лично да го добие Бојан Јовановски за да почне проверката на документите во фирмите.На сите други фирми кои се поврзани со аферата „Рекет“ вакви налози им се доставени и од понеделник ќе почне превземањето на документите.

Македонија | пред 6 години

sjo

Дали осомничената Јанева ќе го потопи и тимот на СЈО?

Според Законот за СЈО, шеф на СЈО се избира со двотретинско и Бадинтерово мнозинство, а предлогот потоа Собранието го дава на гласање до Советот на обвинители.Според Законот за СЈО, разрешувањето на обвинителите е директно врзано со мандатот на специјалната јавна обвинителка и токму затоа правните експерти што ги консултираше Плусинфо не исклучуваат сценарио на одолговлекување на решението со избор на новиот тим на СЈО во случај да падне третоосомничената во „Рекет“, до средината на септември кога истекува мандатот на Јанева, за да се избегне уште позаплеткана ситуација во која државата ќе има обезглавено СЈО кое пак има мандат до 2020 година.Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески пред неколку дена изјави дека Советот на обвинители треба сам, без одлука на Собранието да избере вршител на должност на СЈО. Но, наспроти овој став, пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ потсети дека изборот на СЈО кој е регулиран во членот 3 и разрешувањето кое е зацементирано во членот 18 е пропишано во Законот за СЈО и не може и не смее да се применува друг закон.Порталот повикувајќи се на свои извори, анализира дека падот на актуелното СЈО нема да се случи пред да истече законскиот рок во кој истекува мандатот на Јанева за да се избегне нов политички јазол.Текстот во целост на: Плусинфо.мк

Македонија | пред 6 години

prasalnik-2

Голем одзив на граѓаните за анкетата „Да планираме заедно“

Граѓаните зедоа активно учество во пополнување на анкетата „Да планираме заедно“ која oпштина Охрид ја спроведува, со цел да ги земе во предвид мислењата и предлозите на граѓаните, во рамки на изработката на Планот за одржлива урбана мобилност -ПОУМ.Денес претпладне, беше поставен штанд за пополнување на анкетата пред зградата на општина Охрид, а со цел да се опфатат поголем број  заинтересирани граѓани, попладнево од 18.00 до  20.00 часот ќе биде поставен и штанд на Плоштадот кај Чинарот.Голема заинтересираност има и за електронското пополнување на Анкетниот прашалник кој е поставен на општинската веб страница.Планот за одржлива урбана мобилност –ПОУМ се изработува со цел да се оптимизира ефикасноста на сообраќајот, да се подобри мобилноста на пешаците и велосипедистите, да се промовира значењето на е-мобилноста во насока на намалување на емисиите на CO2, да се растовари сообраќајот во централно градско подрачје, да се зголеми нивото на безбедност и сигурност на граѓаните и да се подобри социјалната интеграција и еднаквост.

Македонија | пред 6 години

krevet-katica-700x334-696x332

(ФОТО) Двосед (од гарнитурата на Катица) во Центарот на Скопје, на него пораки и гаќи

Пред Триумфалната порта во центарот на Скопје, граѓани оставија двосед. Според нив, ова не е обичен кревет, туку посебен, на Катица Јанева.Секако, станува збор за шега, но уникатната идеја се совпаѓа со актуелните случувања во земјава.„Уапсената гарнитура на Катица“, „Специјален мебел“, „Распродажба“, „Катица беше тука“ – се пораките кои се напишани на цветниот кревет.На него е оставено и парче долна облека.Извор:курир.мк

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања