Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

nabil-karui

Во Тунис уапсен кандидат за претседател за финансиска измама

Полицијата во Тунис го уапси кандидатот за претседател во земјата, Набил Каруи под обвинение за финансиска измама, иако од неговата партија „Срцето на Тунис“ тврдат дека станува збор за политички монтиран процес.Локалните медиуми наведуваат дека тој бил уапсен на патот кон Тунис, пренесе „Ројтерс“.Судијата определи притвор за 56-годишниот Каруи кој се соочува со обвинувања за затајување на данок и перење пари.Во јули годинава, судија на претходна постапка одлучи да му се забрани патување во странство поради истрага за наводно перење пари.Медиумскиот магнат е еден од главните кандидати за претседателските избори кои ќе се одржат на 15 септември.

Свет | пред 6 години

pocinat

Детали за несреќата кај Неготино: Починатото лице е 20-годишно момче од Бангладеш, возачот избегал

На 23.08.2019 во 19.40 часот на автопатот Демир Капија- Неготино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фолксваген Фејтон“ со скопски регистарски ознаки, товарно моторно возило со приколка марка „Сканија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Љ.Д. (61) од Кавадарци и патничко моторно возило марка „Адрија Матрикс“ со српски национални ознаки, управувано од С.Ч.(52) од Република Србија.По незгодата возачот на „ Фолксваген Фејтон “, во кое се превезувале 13 лица-мигранти(10 од Пакистан и три од Бангладеш) го напуштил местото на настанот.Едно 20 - годишно лице од Бангладеш починало, додека четири лица-мигранти се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје, а осуммина од мигрантите се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во болницата во Кавадарци.Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино и се преземаат мерки за расчистување на случајот. По наредба на јавен обвинител  телото на починатиот е дадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

kuce

Куче нападнало девојче во Скопје

На 23.08.2019 во 15.10 часот во СВР Скопје, Е.М.(37) од Скопје пријавил дека на улица „Светиниколска“ неговата ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопје | пред 6 години

uapsen

Приведен гостиварчанец и однесен во затворот Идризово

На 24.08.2019 во 00.05 часот, врз основа на судска наредба, на ул.„18 Ноември“ во Гостивар полициски службеници го привеле И.Ј.(29) од Гостивар за издржување казна затвор од две години во Казнено поправната установа Идризово во Скопје за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик - „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.А.Ј. бил спроведен во казнено-поправната установа.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Полицијата гони извршителка од Штип која работела иако била суспендирана

СВР Куманово поднесе кривична пријава против К.В.(46) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Пријавената, поранешен извршител именуван за подрачје на Основни судови Куманово, Крива Паланка и Кратово со седиште во Куманово, во периодот од 27.12.2018 до 31.12.2018 година, во два наврати ја злоупотребила службената положба и овластување.Првиот пат при примање на Решение од 26.12.2018, доставено од Комора на извршители на РСМ, за изречена привремена забрана за вршење на должноста-суспензија, таа на 27.12.2018 од посебна сметка во банка префрлила 130.000 денари на нејзина редовна сметка во банката, без претходно образложение по кој основ се префрлени овие парични средства.На 31.12.2018, пријавената на ист начин префрлила уште 8.000 денари или вкупно 138.000 денари и за тој износ ги оштетила доверителите на кои по разни основи им легнале овие парични средства на посебна сметка и за кој износ требало да бидат исплатени од пријавената.

Македонија | пред 6 години

120190420_222336

ВМРО ДПМНЕ: Апсењето на Јанева не ја задоволува правдата во случајот Рекет

Смешно и жално е што после четири месеци од добивање на сите докази за случајот Рекет, Заев дозволи УЈП да влезе во контрола на невладините организации на Боки 13. Уште потрагично е што ова го претставуваат како успех, а не капитулација на правната држава. Досега пред обвинител требаше да бидат изведени и Кики и Фрики и Шеки, а нивните сметки да бидат прочешлани. Тоа ќе беше така доколку Зоран Заев беше чист и не беше главата на октоподот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Македонските граѓанини се жртва на рекетарско криминалната банда предводена од аболицираниот Зоран Заев. Веќе трета година македонските граѓани ја плаќаат највисоката цена за бандитизмот на оваа криминална власт.Правдата во Македонија е мисловна именка од денот кога Заев седна во премиерската фотелја и го стави под целосна контрола правосудниот систем во државата. Политичкиот прогон, тероризирањето на политичките неистомисленици и рекетот станаа секојдневние за кое најзаслужна беше десната рака на Заев, Катица Јанева.Апсењето на Јанева не ја задоволува правдата во случајот Рекет. Рускоска и Јовевски наместо да стигнат до главата на октоподот тие исекоа еден од неговите пипци, со единствена цел да не се октрие кој е на чело на оваа рекететарска операција, да не се открие дека зас цел овој криминал и корупција стои Зоран Заев.Никој во Македонија не верува дека Заев не е инволвиран во најголемата криминална афера во историјата на Република Македонија. Никој жив во нашата држава не верува дека Заев кој е три пати амнестиран за тежок криминал не е на чело на октоподот.Правдата ќе биде задоволена кога Заев ќе замине во политичка пензија. Правната држава ќе се врати кога оваа криминална банда ќе ја напушти Илинденска бб. Само тогаш целосно ќе се расчисти најголемата криминална афера во македонската историја, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Платите продолжуваат да растат, од септември за 5 отсто повисоки плати за вработените во образованието

Владата предводена од СДСМ продолжува со создавање и спроведување политики што обезбедуваат раст на платите и повеќе пари во семејните буџети.  Веќе од месец септември, предвидено е зголемување на платите во образованието, се вели во соопштението од СДСМ.Платите во основното, средното и високото образование, како и кај јавните високообразовани установи растат за 5 отсто, почнувајќи од исплатата на платата за месец септември.  Ова е уште една потврда за инвестициите во образованието и грижата кон наставно-научниот кадар. Во меѓувреме, продолжува трендот на раст на платите што е уште една потврда за успешните економски политики.Според офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во јуни 2019 година изнесува 25.205 денари што за 4.1 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година. Тоа претставува пораст на просечната плата за над 1.000 денари за период од една година.СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисоки плати за граѓните.Зборот важи, се вели во соопштението од СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

kurumi

Скопјанец осомничен затоа што во домот држел муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено дека сторило кривично дело  – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.На 23 август, осомничениот 38-годишен скопјанец, во својот дом во Сингелиќ, неовластено кај себе држел 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и 6 од албанско производство. Куршумите со калибар 7,62Х39 биле наменети за испалување од различни видови репетирачки, полуавтоматски и автоматски огнени оружја.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице.

Македонија | пред 6 години

IMG-1545e7c3eff209dbdc507d1de9ec6502-V-01

Отворен меѓународниот Фис ролер ски куп „Тоше Проески“ во Крушево

“Имам чест да го отворам третото издание на Фис ролер ски купот „Тоше Проески“, a посебно задоволство ми причинува фактот што денеска сме сведоци на она што го посакавме во минатите години– овој спортски настан да се претвори во традиција која ќе ги чествува името и споменот на нашата музичка легенда Тоше Проески и ќе ги негува спортската култура и спортски трендови“, рече министерот Оливер Спасовски на отварањето на третиот Фис ролер ски  куп „Тоше Проески“ во Крушево.Од година во година бројот на земји – учеснички на овој меѓународен натпревар се повеќе се зголемува. Во овие три дена, колку што ќе трае Фис ролер ски купот „Тоше Проески“,  ќе учествуваат натпреварувачи од десеттина земји, кои од Крушево покрај резултатите, ќе ги понесат и впечатоците, спомените, дел од нашата традиција, историја и култура, промовирајќи го Крушево и целата наша земја.Овој натпревар, во организација на Скијачката федерација, Олимпик ски клубот од Крушево, Фондацијата Тоше Проески, со поддршка на Министерство за внатрешни работи, Агенција за млади и спорт, општина Крушево и општина Кривогаштани, покрај тоа што овозможува поени за учество на европски и светски манифестации, ја збогатува туристичката понуда во градот, која обилува со културни и спортски активности,  кои го привлекуваат вниманието на туристите како од земјава, така и од странство.„Радува фактот што секоја година сме сведоци на сѐ поголем раст на бројот на туристи, и тоа подеднакво, како во зимскиот, така и во летниот период, што заедно со проектите на општината, придонесуваат за  економски раст и развој и ненаметливо го профилираат овој град во позната туристичка дестинација во регионот. На натпреварувачите им посакувам успешни настапи и врвни резултати, на гостите кои се викендов во Крушево незаборавни спомени, а на домаќините уште еднаш да го покажат познатото гостопримство“, рече министерот Спасовски.

Македонија | пред 6 години

69353606_2339845062737390_8376664301540212736_n

Бабовски: За помалку од еден месец земјоделците ги добија „зелените картици“, досега е наточено гориво во вредност од 14,5 милиони денари

Денеска, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски  беше во посета на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Кавадарци, каде што ги подели картиците за “зелена нафта” на земјоделците од овој регион.Во Кавадарци вкупно се  поделија 5.974 картици за зелена нафта, со вкупен износ од  околу 15 милиони денари. Ова се сериозни средства кои се враќаат кај земјоделците токму во време кога имаат и најмногу активности на поле. Со зелената нафта и со сите преземени досегашни мерки ги намалуваме производствените трошоци а со тоа домашниот агро – сектор е пооддржлив.„Овие картици поделени во Кавадарци се еден добар износ на средства кој ќе дојде кај земјоделците, и кога се очекува да почне бербата на грозјето за земјоделската механизација оваа сума ќе биде добредојдена за земјоделците. Со оваа мерка директно влијаеме врз намалување на трошоците во земјоделството и го правиме поисплатливо. Денеска во Кавадарци сме на крајот на процесот на доставување на изработени картици, и тоа се случува за многу краток рок за 20-тина дена. Голем дел од земјоделците во земјава веќе ги користат зелените картици. Според последните информации од економскиот оператор за само 20-тина дена веќе се искористени 14,5 милиони денари односно за толкава сума е наточено гориво“, изјави директорот на Платежната агенција, Бабовски.Со денешното доделување на картици финишира целиот процес на достава на картиците за субвенционирано гориво за земјоделска механизација до земјоделците. Иако рокот беше 60 дена, целата процедура се заврши порано за скоро еден месец. Досега се поделија 50.465 картици со вкупна вредност од 128 милиони денари. Во следниот период ќе се доделат и картиците на преостанатите земјоделци кои треба да ги подмират обврските кон државата.Мерката за субвенционирана нафта, за прв пат се воведува од оваа година со единствена цел да се олесни производството на земјоделците.  Оваа мерка ќе придонесе за значително намалување на производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи.Бидејќи се работи за нова мерка, за почеток државата ќе покрива 30 отсто од трошоците што земјоделците ги имаат за набавка на гориво за механизацијата, со можност овој процент во следните години да расте и до 50 отсто.https://mail.google.com/mail/u/0/#inbox/FMfcgxwDqnmHkbmwjgLkVXHrGqrwrJGc?projector=1

Македонија | пред 6 години

nefi-ik-960x560-960x560

Никој не го гони Усеини за тепачките, а ОЈО не знае за нападот врз Илјази

Основното јавно обвинителство во Охрид сè уште нема отворено нов предмет против советникот Нефи Усеини за нападот на професорот Илјаз Илјази, кој се случи пред речиси еден месец. Оттаму велат дека од СВР Охрид сè уште не им е доставено известување ниту, пак, кривична пријава. Илјази, откако беше натепан од Усеини, со лекарски извештај потврди дека имал видливи повреди и отоци поради удари во пределот на главата. „До нас не е доставено известување или кривична пријава“, велат од ОЈО за „А1он“.Текстот во целост: а1он

Македонија | пред 6 години

orce-kamcev

Вистината за „Рекет“ ја открива исказот на Орце Камчев кој ја дал во oбвинитeлcтвo

„Јас од месец септември 2018-та година до некаде 10 април 2019-та сум постојано уценуван од група на луѓе кои од мене изнудија голема сума на парични средства“ -вели Орце Камчев во исказот даден пред јавната обвинителка Вилма Рускоска на 2 мај оваа година, објави infomax.mkРекетот започнал откако Бојанов Јовановски познат како Боки 13 побарал средба со бизнисменот Орце Камчев на која Боки му нудел проект за трговски центар. Според Боки 13 се работело за некаков ,,Fashion Mall”, како што посочува Камчев проектот кој што тогаш му го достави Јовановски бил несериозен, по што тој веднаш го отфрлил.Откако бил одбиен Јовановски се вратил со втор договор на уште еден состанок за кој што барал четири милиони евра, договорот веќе бил драфтиран и парафиран од синот на Катица Јанева, Лазе Јанев. Во договорот се барале 4 милиони евра за наводна франшиза.-Ја сфатив дека всушност се работи за фиктивен проект, бидејќи освен договорот не ми беше презентиран никаков бизнис план, што значи целта беше да се земат пари од мене, појаснува Орце Камчев во исказот даден пред обвинителката Рускоска.Камчев потенцира дека вакви планови за старечки домови им биле понудени на Силјан Мицевски од Битола и Адријан Амзовски од Струга (зет на Фијат Цановски). Наводните проекти чинеле 4 милиони евра.Откако бил одбиен и за вториот проект, Боки Тредичи успеал да го натера Орце Камчев да му плати реклама од 180 илјади евре, иако во тој момент како што кажува Камчев во изјавата пред Рускоска, ниту тој, ниту неговите компании имале потреба од Реклама, објави infomax.mkТекстот во целост на: infomax.mk  

Македонија | пред 6 години

KIR_0837

Четворица од 13 мигранти повредени во сообраќајната несреќа синоќа - пренесени на Скопските клиники

Четворица од 13 мигранти се повредени во сообраќајканата несреќа која се случи синоќа на автопатот Демир Капија-Неготино. Повредениете лица се пренесени се на Скопските клиники, за МИА потврдуваат од хируршкото одделение при Општа болница Кавадарци.– Од Итната медицинска помош Неготино ни донесоа 13 мигранти. Еден беше починат, петмина задржавме во оваа болница, а тројца со полесни повреди беа третирани амбулантски. Еден од потешко повредените имаше фрактура на пршлен и крварење во мозок, а друг скршеници на ребра, појаснуваат од болницата.Сите биле на возраст од околу 22 до 25 години.Според МВР, товарно моторно возило „фолксфаген фејтон” со мигранти, удрило во товарно моторно возило „сканија“, управувано од 58-годишниот Љ.Д од Кавадарци. Десетмина мигранти биле од Пакистан, а тројца од Бангладеш.

Македонија | пред 6 години

20160926193855

(ФОТО ВЕСТ) За ова ли се боревме Катице Јанева?

„Револуцијата ги јаде сопствените деца“ / „За ова ли се боревме???“ФОТО: Ангела ИлиевскаГлавно фото: Фактор.мк

Коментари | пред 6 години

Нема фотографија

Три возила се судрија во близина на Неготино: Едно возило се запалило, еден загинат, 11 повредени

Итната медицинска помош при Здравствениот дом интервенирала со три возила во сообраќајката во која возило со мигранти што се движело на патниот правец Демир Капија-Неготино во близина на бензинската пумпа „ДЕП" удрило во задниот дел на товарно возило што се движело во ист правец и се самозапалило.Едното лице било полесно повредено и предадено на полиција да го врати во кампот.Болничкиот персонал е ангажиран околу повредените, а неофицијално,  од извори во болницата, тројца од повредените најверојатно ќе бидат однесени на Скопските клиники.Едно лице загина, едно е вратено во камп, а 11  мигранти се префрлени во болницата во Кавадарци по сообраќајката на автопатот Демир Капија-Неготино.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

До вторник, секое пладне ќе врне дожд

Од денеска (сабота) до вторник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Метеоролозите најавуваат услови за локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме и со појава на град.Што се однесува до времето денеска, според прогнозите на УХМР, предпладнево ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, особено во западните и северните делови на земјава, каде ќе има услови за нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Утринската температура во земјава ќе се спушти во интервалот од 13 до 21, а највисоката дневна температура преку денот ќе достигне од 30 до 38 степени.Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Македонија | пред 6 години

b7fdf30fb94fd1b9fb7c

(ВИДЕО) Ужас во Далмација: Се заглави рингишпил, деца останале заробени на височина од 30 метри

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата што останале заробени на височина од 30 метри. Припадници на противпожарната бригада пристигнале бргу, но не можеле да направат ништо бидејќи противпожарните скали им биле на поправка во Германија.Побарале помош од колегите од Задар. Скалите стигнале, па акцијата за спасување почнала. Последните луѓе од рингишпилот биле симнати во 20.30 часот.https://video.24sata.hr/video/cds/24/2019/8/ffd6e43c.mp4„Пожарникарите реагираа многу бргу, но бидејќи нашите скали се санираат во Германија, моравме да чекаме за скала од Задар, така што целата ситуација се влоши. Имаше вкупно четири пожарникари на теренот, односно две екипи по двајца пожарникари“, велат од противпожарната единица.Вкупно 15 лица биле спасени од рингишпилот, повеќето од нив деца и нивните родители. Слична ситуација веќе имало во овој парк и минатото лето кога луѓето морале да чекаат многу подолго затоа што пожарникарите имале интервенција за избувнат пожар, па противпожарното возило со скалила било зафатено.Главниот директор на „Фанк парк“ – Биоград, Стипе Табак, објасни што се случило.„Секој уред во нашиот парк има повеќестепени сензори за безбедност, кои го стопираат уредот ако само еден престане да работи. Проблемот е што овој рингишпил е специфичен и мора да интервенираат пожарникари за да ги симнат луѓето долу доколку се закочи“, вели тој. Табак додава дека ќе анализира што се случило со уредот и дека очекува рингишпилот да работи нормално.„Ова се нормални ситуации што се случуваат во секој забавен парк и посетителите треба да бидат свесни за тоа. Прво и основно, безбедни сме и немаше никаква опасност за посетителите“, вели тој.

Свет | пред 6 години

siluvanje

Британец кој силувал жена пред нејзиното дете доби 18 години затвор

Човек кој сексуално, физички и психички малтретирал жена во Манчестер пред очите на нејзиниот малолетен син е осуден на 18 години затвор.Крег Моран повеќепати ја злоупотребил жртвата во период од три дена, при што таа била сериозно повредена, меѓу другото, и со скршеница на ногата, пренесе „Индипендент“.34-годишниот маж ја оставил жената крвава и во состојба во која не можела да оди. Инспекторите го нарекоа нападот – дело на болен ум.Полицијата соопшти дека злоупотребата почнала на 8 февруари кога Моран ја посетил жената во нејзиниот дом и почнал да пие. Нејзиниот син бил присутен во тој момент.По нападот, украл дел од нејзините лични предмети и заминал.Кога следниот ден жената отишла во неговиот стан за да си ги врати работите, тој брутално ја претепал, сексуално ја нападнал и ѝ се заканил дека ќе умре.Таа завршила со повреди на главата, лицето, раката и нозете.Два дена подоцна таа тешко повредена била пронајдена од брачна двојка, кои ја пренеле во болница. Таму го известила медицинскиот персонал за тоа што се случило со неа по што случајот бил пријавен во полиција.Полицијата набргу го лоцирала и го уапсила Моран, а тој подоцна се изјаснил за виновен во судот за напад, принудување на секс, смртни закани и противење при апсење.

Свет | пред 6 години

katica-janeva-fatime-fetai

(ВИДЕО) Фетаи прво сакаше Катица Јанева да остане шеф на СЈО, а потоа се огради од неа

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, за време на гостување во „Студио 1“ на 1ТВ чиј неформален сопственик е уапсениот Боки 13 зборуваше за промените во перцепцијата на јавноста во однос на СЈО по последните случувања со бегството на екс премиерот Никола Груевски, тоа што Орце Камчев беше виден на натпревар во Германија и ставот на Врховен суд за нивните случаи. Интерјуто беше дадено пред да се отвори истрагата „Рекет“, кон крајот на јуни. „Како мислите да се смени Катица Јанева? Зарем таа жена од јавното обвинителство, која прва повлече нога да се направат позитивни промени во правото и правдата во Македонија, заслужува да биде сменета од челната позиција? Јас можеби и не сум толку битна, но битна е Катица Јанева која го понесе целиот товар и се соочуваше со притисоци, закани, дури беше и таа што освен за своето семејство се грижеше и за сите нас што прифативме да работиме со неа во СЈО. И реално не очекувам и еве најотворено лично не сакам Катица Јанева да биде тргната од таа позиција“, рече Фетаи кон крајот на јуни.Обвинителката на СЈО, Фатме Фетаи пред вчерашното рочиште за случајот „Монструм“, за медиумите изјави дека не може евентуалната одговорност на еден обвинител за ја зацрни целата работа на Специјалното јавно обвинителство и со тоа да се заборави на криминалот.„Евентуалната индивидуална кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО не смее да биде изговор и оправдување за да се заборави целокупниот криминал кој се направи изминативе години и ние да ја запреме нашата борба. Тимот на СЈО е во целост посветен на борбата за правда и ние продолжуваме со она што е наша работа- застапување на предмети во судница“, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи.Таа рече дека ова што се случува моментално може да биде показател дека никој не е недопирлив и дека секој што се огрешил пред законот мора да одговара. 

Македонија | пред 6 години

https___s3-ap-northeast-1.amazonaws.com_psh-ex-ftnikkei-3937bb4_images_4_1_8_4_20464814-1-eng-GB_RTS2EAMZ

„Хуавеј“ изработи чип кој обработи повеќе податоци за пократко време во споредба со останатите

Кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеј“ денеска ги објави комерцијалните предности на својот чип базиран на вештачка интелигенција (АИ), со кој ќе им конкурира на чиповите на водечките американски гиганти како „Куалком“ и „Енвидија“.Со лансирањето на овој чип, „Хуаваеј“ настојува да го издржи континуираниот притисок од САД и да докаже дека сè уште може да произведе основни технолошки компоненти, оценува Си-ен-би-си.Чипот, наречен „асценд 910“, прв пат во јавноста беше промовиран во октомври минатата година и е наменет за центрите за складирање податоци.На компаниите што користат АИ-апликации им се потребни огромни количини податоци за паметни алгоритми, што може да трае со денови или недели.Од „Хуавеј“ велат дека најновиот чип може да обработи повеќе податоци за пократко време во споредба со конкурентските чипови и да ѝ помогне мрежата да се ослободи од обработката на податоци за само неколку минути.

Магазин | пред 6 години

katica-janeva-lazar-janev-960x638

„Зошто Русковска не го викна синот на Јанева на распит?“

Истрагата за случајот „Рекет“ се води многу штуро, летаргично и со огромна доза на непрофесионалност, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.Тој праша зошто сѐ уште не е викнат на распит синот на Катица Јанева, Лазар Јанев.„Зошто сè уште синот на Катица Јанева е на слобода, ако знаеме дека тој му беше десна рака на Боки 13 во телевизијата преку која бизнисмени склучувале договори наводно да се рекламираат на истата телевизија, а тој бил задолжен за делот на маркетинг?“, рече Арсовски.Тој праша и до каде е истрагата за Кики и Фрики, како и дали е вистина дека тие имале едни од клучните улоги во функционирањето на Меѓународниот сојуз, а биле поддржани и со амин на Зоран Заев.Арсовски додаде дека премиерот Зоран Заев и СДСМ нема да успеат да го прикријат случајот „Рекет“ и да го затворат по свое сценарио.  Напротив, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, сите инволвирани мора да одговараат за рекетирањето.

Македонија | пред 6 години

traktor

Земјоделците за еден месец наточиле гориво за 14,5 милиони денари

За помалку од еден месец земјоделците ги добија „зелените картички“, со што досега е наточено гориво во вредност од 14,5 милиони денари. Ова го изјави денеска директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, кој беше во посета на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Кавадарци, каде што ги подели картичките за „зелена нафта” на земјоделците од овој регион.Во Кавадарци вкупно се поделија 5.974 картички за зелена нафта, со вкупен износ од околу 15 милиони денари.„Овие картички поделени во Кавадарци се еден добар износ на средства кој ќе дојде кај земјоделците, и кога се очекува да почне бербата на грозјето за земјоделската механизација оваа сума ќе биде добредојдена за земјоделците. Со оваа мерка директно влијаеме врз намалување на трошоците во земјоделството и го правиме поисплатливо. Денеска во Кавадарци сме на крајот на процесот на доставување на изработени картички, и тоа се случува за многу краток рок за 20-тина дена. Голем дел од земјоделците во земјава веќе ги користат зелените картички. Според последните информации од економскиот оператор, за само 20-тина дена веќе се искористени 14,5 милиони денари односно за толкава сума е наточено гориво“, изјави директорот на Платежната агенција, Бабовски.Со денешното доделување  картички финишира целиот процес на достава на картичките за субвенционирано гориво за земјоделска механизација до земјоделците. Од министерството информираат дека иако рокот бил 60 дена, целата процедура се завршила порано за речиси еден месец. Досега се поделени 50.465 картички со вкупна вредност од 128 милиони денари. Во следниот период ќе се доделат и картичките на преостанатите земјоделци кои треба да ги подмират обврските кон државата.Мерката за субвенционирана нафта, за првпат се воведува од оваа година со цел да се олесни производството на земјоделците. Оваа мерка се очекува да придонесе за значително намалување на производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи. Бидејќи се работи за нова мерка, за почеток државата најави дека ќе покрива 30 отсто од трошоците што земјоделците ги имаат за набавка на гориво за механизацијата, со можност овој процент во следните години да расте и до 50 отсто.

Македонија | пред 6 години

kurumi

Во Сингилиќ пронајдени 73 куршуми, се бара куќен притвор за скопјанец

Скопското обвинителство бара куќен притвор за 38-годишен скопјанец, кој е осомничен за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.Од Обвинителството велат дека осомничениот во својот дом во Сингелиќ, неовластено кај себе држел 73 куршуми, од кои 67 парчиња од кинеско и 6 од албанско производство. Куршумите со калибар 7,62Х39 биле наменети за испалување од различни видови репетирачки, полуавтоматски и автоматски огнени оружја.Предлогот за определување мерка куќен притвор е доставен до кривичниот суд.

Скопје | пред 6 години

migranti-grcija-1-1

75 илјади мигранти бараат азил во Грција

Грција соопшти дека ќе продолжи со депортирање на мигранти во Турција за да се избори со зголемениот прилив поради кој дошло до пополнување на капацитетите во мигрантските кампови на островите.Министерот за миграција, Јоргос Комустакос, изјави дека 15 азиланти чиишто барања се одбиени ќе бидат вратени во Турција од еден грчки остров, но не соопшти повеќе детали, пренесе АП.Тој рече дека 75.000 мигранти во Грција ги чекаат одлуките по повод барањата за азил, а дополнително чекаат и 9.000 мигранти чиишто барања се одбиени, но имаат поднесено жалби.Според неговите зборови, на грчките острови на кои во моментов престојуваат мигранти, има три пати повеќе луѓе од она што е предвидено.

Свет | пред 6 години

katica-janeva

Катица Јанева во лоша здравствена состојба, прима антидепресиви за смирување

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која од пред два дена е во притвор во затворот „Скопје“ кој се наоѓа во Шутка е во лоша здравствена состојба, дознава „Скопје1.мк“. Според нашите извори, Јанева во континуитет прима антидепресиви за смирување, а има и проблеми со крвниот притисок. Таа била и кај затворскиот доктор на преглед, а невролошките проблеми датираат и пред да заврши во затвор.Лошата здравствена состојба на Јанева беше евидентна и претходните денови, откако на испрашувањето во судот, кога и беше одреден 30-дневен притвор и се слоши, по што интервенираше Брза Помош. Таа на проблеми со здравјето се пожалила и вчера откако отпатува за Гевгелија, па по половина час беше вратена во затворот.Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева доби 30 дневен притвор и синоќа беше пренесена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јавното обвинителство ја осомничи Јанева дека ја злоупотребила службената положба и стекнала материјална корист во случајот „Рекет“ заедно со другите двајца осомничени, Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Двајцата се повеќе од 30 дена во притвор, а истрагата продолжува натаму.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања