Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

evro

Бугарија може да го воведе еврото во јануари 2023, а Хрватска во 2024 година

Бугарија може да го воведе еврото најрано во јануари 2023 година, според извештајот на агенцијата за рејтинг „Фич“.Според агенцијата, Бугарија би можела да се приклучи на еврозоната во почетокот на 2023 година доколку успешно ги исполни критериумите на ЕПМ II, а потоа и на пошироките критериуми за конвергенција.Хрватска се очекува да го прифати еврото во јануари 2024 година, доколку ги исполни овие услови.Основната цена на усвојување на еврото вклучува губење на флексибилноста на монетарната и валутната политика, заштита од макро финансиски ризици кои произлегуваат од прекумерниот прилив на капитал, заштита од сериозни дефлациони притисоци и слично.Најголема придобивка од усвојувањето на еврото, соред „Фич“ ќе имаат земјите со слаби надворешни финансии, кои би можеле да имаат корист од статусот на резервна валута, земји со високи нивоа на заеми во евра и земји со фиксен курс, бидејќи нивната загуба на независната монетарна политика ќе биде минимална. 

Свет | пред 6 години

dimsa-1

Арсовски: Очигледно е дека Заев знаел за „Рекет“ и не само што знаел, туку и позадински го водел и управувал

Обрачот околу Зоран Заев и СДСМ се затега околу случајот Рекет се повеќе се затега. Информациите за записникот и исказот на оштетениот во случајот РЕКЕТ кои што излегоа во медиумите вчера, а потврдени од обвинителот за еден новинар и потврдени од Јавното обвинителство, ги отворија сите картите како се одвивал целиот  Рекет на бизнисмени и политичари во Република Македонија.Очигледно е дека Зоран Заев знаел за случајот Рекет и не само што знаел, туку и позадински го водел и управувал целиот Рекет, како да се одвива и ги полнел со информации оние кои што биле негови извршители,  истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ова е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го говори веќе подолго време. Зоран Заев е главата на криминалниот октопод на оваа Влада и Зоран Заев е ништо повеќе од еден обичен аболициран криминалец.Зоран Заев не само што не го пријавил случајот Рекет, туку како што видовме од записникот и го опструирал. Од она што можеше јавноста да го види е дека Заев кога дознал дека оштетениот го пријавил случајот, ги предупредил извршителите на рекетот, неговите извршители да прекинат комуникација со оштетениот бизнисмен.Дали Зоран Заев лажеше дека се сретнал со второосомничениот и дали Зоран Заев ги предупредил извршителите да се повлечат и да ја прекинат комуникација со семејството на оштетениот?Колку од парите кои што се земени од рекетот во Луј Витон ташна завршиле кај Зоран Заев?Криминалниот октоподот е многу поголем од што изгледа. Вмешани се политичари, обвинители, судии, адвокати, вработени во телевизијата на Бојан 13, членовите на меѓународниот сојуз и многу други.Пипците во судството на Заев ги докажува и уцената кон семејството на притворениот преку брат на судијката Димишкова. Имено, парите кои се бараат да се “подмачка” судијката Димишкова е истата судијка која го ослободи Зоран Заев од случајот “Поткуп”, каде што исто како и сега е фатен жив во криминал, но таа е и истата судијка која го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ по барање на СЈО, за веднаш потоа биде повикан и уценет и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски од страна на Катица Јанева, за возврат доколку се одмрзне имотот на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, да биде дадена поддршка од страна на партијата за продолжување на мандатот на Катица Јанева, кој нормално Претседателот Мицкоски не потпадна на уцените од страна на Катица Јанева, за која се покажа дека е исто така вмешана во огромен коруптивен криминал.Зошто се уште синот на Катица Јанева, Лазар Јанев не е притворен? Зошто се уште не е притворен главниот соучесник на Боки 13 и Катица Јанева кој рекетирал фирми под превез на реклами за телевизијата во која работел? Зошто се уште не е повикан ниту на распит синот на Катица Јанева кој на состаноците со бизнисмените, замислете настапувал со фразата: Знаеш ли чив син сум јас? Епа еве, видовме дека си син на криминалец, а обвинителството да не чека и да го повика уште веднаш да даде исказ.Епа, Зоране Заев, ти дојде крајот.Се повеќе се одмотува клопчето и се поблиску е истрагата до главата на криминалниот октопод а тоа е Зоран Заев.Јавното обвинителство после ова не може да ја спречува и опструира истрагата и да ја води во корист на Зоран Заев и неговите пајташи. Веднаш сите споменати во исказот на оштетениот да бидат повикани на распит и да се расчисти и обелодени нивната инволвираност во случајот Рекет. Значи наместо Јовче Ременски да се заканува јавно по социјалните мрежи со апсења, со Џандар збира и слични коментари жена му која што исто така ја споменуваат, да биде повикана за исказ и истата таа односно нејзината инволвираност во целиот случај да биде расчистен, бидејќи како што рековме оваа афера можеби е една од најголемите во сите времиња до сега и овој криминален октопод мора да се разбие.Одговорност мора да има за сите до еден, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

igor-nikolov

Николов: Три години, триото Заев-Дончев-Филипче, го третираат здравствениот систем како да е нивна приватна сопственост

Три години, триото Заев-Дончев-Филипче, го третираат здравствениот систем како да е нивна приватна сопственост. Ако има профит од работата тогаш е во ред, ако нема профит, одат на друга, народски кажано, тераат друга зделка.Деновиве станаа кристално јасни две работи: 1. Пропадна проектот јавно приватно партнерство во детската хирургија, 2. Триото Заев-Дончев-Филипче, немаат намера да признаат за дебаклот, да понесат одговорност и да се обидат да ги вратат работите во нормала, туку тераат и други проекти на јавно приватно партнерство, истакна Игор Николов - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Јавно приватно партнерство за детска кардиохирургија беше најавуван како еден од најуспешните проекти на Филипче, но за жал се случи дебакл односно   повторно што допреа, упропастија.Се поставува прашањето: Колку чини оваа екскурзија и кој ќе ги надомести штетите?Зошто не се признае грешката, и здравствената услуга на детската кардиохирургија да се врати во Универзитетската клиника за детска хирургија, a не сега единствениот лиценциран тим за детска кардиохирургија повторно да се сели, наваму натаму или да се растура.Се поставува прашањето: Зошто Филипче се откажа од детската кардиохирургија во јавното здравство? Врз основа на кои параметри и кои заклучоци Филипче се реши во јавното здравство да не се изведува операции или здравствена услуга на детска кардиохирургија?На големо се најавуваше јавно приватно партнерство, дури потпиша и договор со приватна болница. А што направи со тоа? Ги премести сите кадровски потенцијали од јавно здравство, го растури тимот, а сето ова резултираше со укинување на оваа процедура детска кардиохирургија во јавното здравство иако постои опрема од милион ипол евра која што е на Универзитетската клиниката за детска хирургија. Таа опрема е неотворена.Стои отворено прашањето, зошто денес откако проектот јавно приватно партнерство пропадна, зошто детската кардиохирургија не се врати на Универзитетскста клиника за хирургија?Заради тоа министре, го прашуваме,Каде ќе изведуваат кардиохируршки операции за деца понатаму? Кој ќе ги прави?Зошто тимот не се врати на Универзитетската Клиниката за детска хирургија?На кого се Фондот за здравствено осигурување ќе му дава средства за детска кардиохирургија?Министре, многу прашања малку одговори.Не заборавајте, на власт сте повеќе од две години, а викате стартуваме со проект, почетна фаза, е како ќе оди ќе видиме понатаму, ќе видиме. Кога понатаму министре?! Кога ќе заминете од функциите?ВМРО-ДПМНЕ се обврзува, дека кога ќе дојде на власт, Детската кардиохирургија ипроцедурите на детската кардиохирургија  ќе ги врати во јавното здравство, на УК за детска хирургија. Домашни експерти во соработка со светски стручњаци од областа ќе ја вршат оваа процедура да биде достапна за граѓаните под најдобри услови.Денес, единствено останува триото Заев-Дончев-Филипче да се спакува и да ги напушти функциите. Да го ослободи здравството од нивното штетно и коруптивно однесување, истакна Игор Николов - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

za-svinji

ВМРО ДПМНЕ: Сакајќи да ја дефокусираат јавноста од големите криминални скандали излегуваат јавно и соопштуваат дека ќе започнат отстрел на диви свињ

Пред само 3 дена, криминалната Влада донесе одлука дека Владата на Република Македонија поради некакви заштити и превентива ќе започне со отстрел на диви свињи на територијата на Република Македонија.Сакајќи да ја дефокусираат јавноста од големите криминални скандали кои ја пратат оваа влада, неуспесите во секое поле, како и особено неуспехот на полето на заштита на фауната во Република Македонија, излегуваат јавно и соопштуваат дека ќе започнат со уништување т.е отстрел на диви свињи на целата територија на Република Македонија притоа истото ќе го субвенцираат за ловците, а најсрамно е и вклучувајќи ги и единиците од Армијата на Република Македонија, истакна Стефан Кирков од ВМРО – ДПМНЕ.Сметаме дека ваков начин на постапување на решавање на проблемот со болеста африканска чума која  да напоменеме не е опасна по здравјето на луѓето е срамна , ниту една држава не постапува радикално на ваков начин за решавање на овој проблем туку за истото постојат закони согласно напишани стандарди кој ги применуваат сите земји членки на Европската Унија.Оваа одлука побуни реакции кај сите друштва за заштита на животни кои веднаш се екипираа и излегоа со заеднички став, а кон нивниот став ВМРО ДПМНЕ го дели истото и ја дава безрезервно својата поддршка, а пред се апелира да веднаш се прекине со акцијата за масакр на дивите свињи на територијата на Македонија.Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето и пристапот на една Влада кон заштитата на животинскиот свет.Ако институциите на власта навистина сакаат да го решат овој проблем како што напоменав, постојат низа останати мерки. Проблемот може да се реши без притоа да се изврши масакр на животните што може да допринесе до целосно изумирање и исчезнување на некои видови на раси на дивити свињи. Особено е важно да напоменеме дека одредени видови на диви свињи се пред истребување и изумирање. Со овој отстрел, неколку видови диви свињи ќе бидат истребени и никогаш повеќе нема да виреат на нашата територијата.Ова не е прв пат кога СДСМ врши отстрел на животни во Република Македонија, за жал се уште не е расчистен масакрот на дивите свињи што го направија високи функционери на СДСМ пред 2 години во Јасен, каде што се направи штета од стотици илјади евра.Апелираме надлежните институции да се преиспитаат во одлуките и да не го реализираат овој масакр. Отстрелот на животни е најрадикална мерка која не смее туку така да се реализира , истакна Стефан Кирков од ВМРО – ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

aerodrom

Антовски: Градоначалникот Марин покажува дека личните интереси се пред интересите на граѓаните на општина Аеродром

Ова е локацијата за којашто Златко Марин, градоначалникот на Општина Аеродром издава решенија за градби на згради и покрај тоа што на 13ти Март 2019 година Уставниот суд донесе Решение дека се прифаќа иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на ДУП за градска четврт И17 блок 17.02 поднесена од страна на советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата на Општина Аеродром, истакна Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром.Го прашуваме градоначалникот Златко Марин дали го заборави предизборното ветување дадено на граѓаните на општина Аеродром во неговата програма дека ќе направи ревизија на ДУП-овите со цел да се намали градежната експанзија посебно во урбаното градско јадро или целта му беше да ги измами граѓаните со лажни ветувања и да се дограби до власт.Со оваа постапка Златко Марин покажува дека личните интереси се пред интересите на граѓаните на општина Аеродром и дека нема цел да ја намали градежната експанзија во општина Аеродром, туку напротив да ја интензивира, истакна Пане Антовски, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Аеродром. 

Скопје | пред 6 години

obvinitelstvo-2

Рускоска му потврдила на новинарот Саше Димовски - „Записникот од иcкaзот на Камчев е веродостоен“

Новинарот Саше Димовски утрово стапил во контакт со обвинителкaта Вилма Рускоска во врска со записникoт од исказот на сведокот Орце Камчев во случајот „Рекет“. Таа му потврдила дека записникот е веродостоен.Пред половина час разговарав со јавната обвинителкa Вилма Рускоска од Обвинитeлството за организран кpиминал и кopупција. И еве на самиот старт една ексклузивна информација дека записникот кој е објавен е точен и тоа е приjaвата која што ја поднесува Орце Камчев на 2 мај оваа година во Обвинитeлството. Како што вели Вилма Рускоска, овој зaписник е даден на 15.07.2019 година заедно со предлогот за притвop за Бојан Јовановски и Зоран Кичеец во Kpивичниот cyд, вели Саше Димовски во емисијата „Стадион“ на Канал 77,објави Република.мк.  

Македонија | пред 6 години

Foto-8-1

Претседателот Пендаровски се обрати на отворањето на форумот на поранешни алумни на Маршал центарот

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на отворањето на дводневниот Безбедносен форум на поранешни студенти/алумни на Маршал Центарот.Истакнувајќи дека на овој форум досега учествувал во различно својство, Претседателот Пендаровски посочи дека е почестен што годинава има можност и да се обрати на форумот.Во продолжение во целост Ви го испраќаме текстот на обраќањето на Претседателот Пендаровски.„Ја прифатив поканата на мојот драг пријател, Стојан Славевски, да дојдам во Охрид и да зборувам на отворањето на Форумот на поранешни студенти/алумни на Маршал Центарот затоа што верувам дека ваквите дискусии се важни за земјата и за сите нас во дебатирање и справување со прашањата од стратешката безбедност со кои се соочува и регионот, па и светот. Обраќајќи ви се во својство на Претседател на Северна Македонија, особено сум заинтересиран, се разбира за предизвиците со кои нашата земја се соочува во современото безбедносно опкружување.Без сомнение, клучниот стратешки пробив во безбедноста кој ние го направивме е поканата за членство во НАТО која ја добивме во јули 2018 година.Никогаш не треба да заборавиме дека оваа покана дојде по неколку децении одбележани со турбулентните 90-ти во кои регионот на поранешна Југославија се соочи со крвави етнички војни; по нашиот опасен конфликт од 2001 година, кој се закануваше дека може да ја фрли земјата во бездната на меѓуетничка војна; и по долгите години безизлезност и автократија кои само ја оддалечија државата од западните и од европски вредности и ја одложија нејзината интеграција во НАТО и ЕУ.Влезот во НАТО подразбира седење на истата маса и добивање на еднаков глас во Алијансата. Тоа значи дека дваесет и девет земји ќе се залагаат да не заштитат нас и нашата безбедност. А знаеме дека безбедноста е темел на просперитетот и на економскиот развој.Како идна полноправна членка на Алијансата, силно го поддржувам активното учество на Северна Македонија во активностите и операциите на Алијансата. Нашата цел не е само да бидеме номинална членка на Алијансата, туку да бидеме членка која ќе се грижи и за пошироките безбедносни предизвици и активно ќе ја поддржува глобалната безбедност.Бевме присутни во Ирак, сè уште придонесуваме во Авганистан, Либан, и Босна и Херцеговина. Истовремено обезбедуваме и логистичка поддршка за КФОР на Косово, а ќе продолжиме со нашиот придонес и во идните мисии во поддршка на меѓународната безбедност. Во таа смисла, планираме наскоро да го зајакнеме нашето активно присуство и во други делови од светот.По поканата за членство во Алијансата, можам да кажам дека земјата неспорно влезе во помирни води, иако сме далеку од тоа да тврдиме дека предизвиците се зад нас.Тероризмот, верскиот екстремизам, нелегалната миграција, сајбер нападите, а особено хибридните војни, нема да исчезнат. Свесни сме дека најефикасниот начин за справување со таканаречените нетрадиционални безбедносни закани кои се наоѓаат високо на агендата на НАТО, сега се и на нашата агенда, ние мораме заеднички да се соочиме со нив заедно. Сите страни може да имаат само корист од нивниот придонес кон заедничките напори на Алијансата преку размена на информации и преку здружување на ресурсите на сите земји членки и на земјите партнери.Мојата земја беше цел на штетното влијание од трети страни кои сакаа да ја попречат волјата на граѓаните и да го спречат формирањето на демократска влада. Овие хибридни закани и малигни влијанија ќе продолжат да бидат тука со нас. Затоа е потребно здружено, заеднички да им се спротивставиме. Мојата земја ќе биде посветена на западните вредности и уверувања и немам никаков сомнеж дека на крајот на тој пат зеднички и ќе победиме.Перспективите на евро-атлантските интеграции продолжуваат да бидат клучен фактор за стабилноста и развојот на демократијата во регионот на Западен Балкан и денес.Напредокот во однос на евро-атлантските интеграциии, како и европската перспектива на нашиот регион е очигледен. Убеден сум дека оваа двојна интегративна агенда или „двојна интеграција“, претставува „вин-вин ситуација“ и за земјите од регионот поединечно и за регионот во целина, од една страна, но и за НАТО и Европската унија, од друга страна.Апсолутно сум свесен за предизвиците со кои се соочува Европската унија, како и за дебатите за проширување во Унијата кои во моментов се одвиваат во Европа, и со право сè уште се одвиваат и ќе се одвиваат.Меѓутоа мора да сме свесни и тука и во Брисел да се свесни дека регионот мора да има европска перспектива. Знам дека шансите за европска иднина ги има и помагаат на демократските сили во сите регионални земји и влијаат на нивниот општ напредок и без сомнение ја зајакнуваат целокупната соработка меѓу нас, што во конечен став се резултира со зголемување на вкупната безбедност во регионот. Се разбира јасно ми е дека многу зависи од нас и од нашите резултати како земја во однос на реформите, владеењето на правото и борбата против корупцијата, а за овие прашања неодамна многу јасно го кажав својот став во повеќе прилики. Сепак, исто така мора да дадеме надеж и за перспективите на регионот, а тоа апсолутно не е можно ако ја немаме пред себе јасно европската цел.Отсуството на значајни резултати во процесот на интеграција го намалува неспорно ентузијазмот за реформи и создава ризик од можно нивно забавување, дури и поништување. Како алтернатива на реформите, владите и политичарите често знаат да се впуштат во популистички одлуки и политики, често со националистичката нијанса, а актерите од трети страни кои имаат лоши намери во регионот можат да ја злоупотребат таа ситуација.Немањето европска перспектива им дава глас на можните нереални алтернативи. Ставовите повремено искажани во јавноста кај нас и во регионот, па и пошироко дека постојат некои други алтернативи, дека може да се направи реориентација на надворешната политика, дека наводно може да се направи реевалуација на приоритетите, немаат според мене стабилна основа и, згора на тоа, немаат ни потенцијал во себе да бидат спроведени а тоа да има успешни ефекти за нашето општество.Поради  заморот на ЕУ за регионот, кој е неспорен, кој е јасен,  другите актери ја зголемија нивната улога во обезбедувањето на таканаречените алтернативи за двојната интегративна агенда, и притоа тие го користат своето влијание во обесхрабрување на прогресивните сили во регионот, кои јасно ја посакуваат интеграцијата на Западен Балкан во целина.Дами и господа,Пред неколку децении, Џорџ К. Маршал се залагаше и работеше на обновата на Европа. Никогаш не смееме да заборавиме дека темелите на Европа беа поставени на урнатините на Втората светска војна, и земајќи предвид дека сме на овој форум на Маршал Центарот, никогаш не смееме да заборавиме дека барем симболично, темелите на ЕУ беа изградени од надежта за подобра иднина на континентот, а тоа не беше можно без градењето на силни евро-атлантски врски.Само оваа перспектива, само оваа оска преку атлантикот може да обезбеди сигурна иднина за нашиот регион. Јас лично многупати во минатото сум бил сведок дека само силните евро-атлантски конекции можат да придонесат за траен мир и напредок на Балканот.Напредокот на Балканот во последната деценија е значаен и очигледен. Од регион на конфликти, прераснавме во регион на демократски вредности, но се разбира потребно е да работиме заедно и на решавање на постоечките спорови и да создадеме уште поголема безбедност и стабилност со справување со регионалните и глобалните предизвици.И покрај неспорните достигнувања, недостатоците во рамките на безбедноста и стабилноста во регионот остануваат проблематични. Етничките и верските тензии се видливи, меѓусебната недоверба и предрасудите исто така, некои би рекле од постарите балкански духови, сè уште се присутни. Потенцијалниот ризик на деловите од Западен Балкан да се вратат кон нестабилноста не треба да се потцени.Од неодамна, слушаме различни опции за можните решенија за преостанатите Балкански отворени прашања, како на пример во случајот меѓу Косово и Србија. Како претседател, силно ги поддржувам напорите за изнаоѓање одржливи решенија на регионалните прашања. Меѓутоа сакам посебно да нагласам дека е исклучително важно да се изнајдат решенија кои ќе произведат поголема регионална стабилност, наместо да отвораат нови проблеми. Треба да внимаваме новите иницијативи за решавање на проблемите на Балканот да влијаат позитивно на соработката меѓу државите, и истовремено да проектираат и меѓудржавна и внатредржавна стабилност.Почитувани пријатели на Маршал Центарот,Јас бев избран од граѓаните на мојата земја врз основа на мојата силна про евро-атлантска агенда или платформа која ги зближи граѓаните на Северна Македонија од различните етнички и социјални категории. И јас сум лично многу горд што успеав да го добијам мнозинството гласови за промовирање на политиките за кои јас цврсто верувам дека ќе обезбедат просперитет во Северна Македонија, ќе не позиционираат во Западот, дополнително ќе ги релаксираат меѓуетничките односи, но, исто така, позитивно ќе влијаат и на регионалната динамика и соработка меѓу државите во регионот.Северна Македонија направи стратешко отворање кон сите пет соседи како придонес кон стабилноста на регионот. Потпишаната Билатерална спогодба со Бугарија ги спушти тензиите меѓу двете држави. Во исто време, по години неактивност, процесот на преговори со Грција околу името беше обновен и резултираше со потпишување на Преспанскиот Договор кој пак ја отвори вратата за членство во НАТО. Ние се разбира сме подготвени дополнително да ги унапредиме нашите односи и соработка со сите пет соседи.Убеден сум дека земјата ќе продолжи да ја промовира својата отвореност за соработка и да го зајакнува својот потенцијал за гарантирање на безбедноста и на регионално и пошироко ниво. За таа цел, веќе го зголемуваме нашиот ангажман со партнерите во таа насока.Дами и господа,На сите учесници на овој Форум на Маршал Центарот им посакувам успешна дебата, и сум цврсто убеден дека ваквите собири помагаат во целокупното разбирање на современите безбедносни предизвици, а нивната крајна цел е да помагаат во изнаоѓање на решенија за овие предизвици“.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ѓорѓевски: Градиме по план, продолжува реконструкцијата на клучни сообраќајници во Ѓорче Петров

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжуваат со засилено темпо на реконструкција на клучните сообраќајници во општина Ѓорче Петров.Заврши првата фаза од реконтрукцијата на улицата Ѓорче Петров, Александар Ѓорѓевски, советник од СДСМ во совет на општина Ѓорче Петров.Целосно е реконструиран коловозот и поставена е нова хоризонтална сообраќајна сигнализација.Реконструкцијата на оваа улица продолжува се до бензинската пумпа Макпетрол, односно до излезот на Скопје, во вкупна должина од 1.500 метри.Со ова западниот влез во Скопје ќе биде целосно реконструиран.Истовремено, забрзано се работи на реконструкција на улицата Борис Сарафов во вкупна должина од 1.700 метри.Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов и општинската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Александар Наумоски остануваат целосно фокусирани на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Ѓорче Петров.Градиме по план!Преку конкретни мерки и активности, секојдневно работиме во интерес на граѓаните, ја унапредуваме патната инфраструктура, обезбедуваме услови за сигурен и безбеден сообраќај., истакна Александар Ѓорѓевски, советник од СДСМ во совет на општина Ѓорче Петров.

Скопје | пред 6 години

katitsa-janeva

(ВИДЕО) Гевгеличани РАЗОЧАРАНИ од Јанева: Овие пари не се ништо за неа, сопругот и остави многу повеќе

„Слободен печат“ во Гевгелија ги праша сограѓаните на Катица Јанева што мислат за аферата „Рекет“ и за вмешаноста на Јанева во овој случај. Некои од нив се разочарани, некои велат дека славата и удрила во глава, а трети пак се децидни, овие пари не се ништо за неа. Починатиот сопруг и оставил многу пари.Текстот е превземен од „Слободен печат“, видеото на овој линк. 

Македонија | пред 6 години

68750773_352072039078861_1196421019280080896_o

Димковски:Воведувањето на нови технологии и ефикасни советодавни услуги за земјоделците е клучно за модерно и конкурентно земјоделство 

 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, од денеска во следните два дена е во официјална посета на Република Словенија. Во рамки на посетата, министерот Димковски ќе присуствува на отворањето на 57-мото издание на Меѓународниот саем за земјоделство и храна АГРА 2019.Во рамки на саемот, министерот Димковски присуствуваше и имаше обраќање на министерската конференција, на којашто годинава темата беше "Зајакнување на генерацијата и трансфер на знаење за развој на земјоделството и руралните средини". Димковски во своето обраќање посочи дека во период кога негативните последици од климатските промени се зголемуваат а потрошувачите очекуваат континуирано производство на квалитетна и безбедна храна, од исклучителна важност е воведувањето на нови технологии и модернизација на земјоделското производство. Тоа ќе придонесе за намалување на загубите, порентабилно производство и обезбедување на континуитет во производството на безбедна храна, потенцираше Димковски.„Овие цели се приоритет на секоја држава која цели кон создавање едно модерно, развиено и конкурентно земјоделско производство. Владата на Република Северна Македонија активно работи на земјоделски иновативни системи и на унапредување на информациските и комуникациски технологии, како и на нивниот трансфер до земјоделците. Советодавните услуги за земјоделците играат многу важна улога во пренесувањето на знаењето, бидејќи тие се каналот за трансфер на информациите директно до земјоделците. Како ресорно министерство го финализираме новиот предлог Закон за советодавни услуги во земјоделството, со кој што ќе се воспостави ефикасен советодавен систем во земјоделството. Овој систем ќе овозможи зголемување на опфатот на корисниците на советодавни услуги финансирани од страна на државата, подобрување на квалитетот на обезбедените услуги, како и целосна усогласеност на советодавните активности со приоритетите и целите на земјоделската политика“, изјави министерот Димковски.При тоа, Димковски посочи дека Владата на Република Северна  Македонија, активно работи и на воспоставување на Системи за Земјоделски иновации унапредување на инфраструктурата на информатичките и комуникациските технологии.„Со воспоставувањето на дигиталниот информациски систем за  почвите, системот за идентификација на земјишните парцели, разните регистри и бази на податоци, составувањето  на Интегриран Систем за Администрација и Контрола, го подобривме програмирањето и имплементацијата на политиките за земјоделство и рурален развој, како и процесот на одлучување. Поднесувањето на барањата за државна поддршка се врши по електронски пат, врз основа на дигитализирани земјишни парцели на орто-фото површините на Земјишни Парцели и Системот за Идентификација (LPIS)“, изјави министерот Димковски.На саемот АГРА 2019 има 1.850 изложувачи од 32 земји. Оваа година фокусот е ставен на дигитализација на земјоделството, воведување на нови технологии, органско производство, меѓународна трговија и друго.Република Северна Македонија има свој штанд на којшто македонски компании од агро секторот ги промовираат своите земјоделско-прехранбени производи. Меѓународниот саем за земјоделство и храна АГРА 2019, претставува добра можност за размена на искуства помеѓу ресорните министерства од европските и земјите од регионот, развивање на институционална комуникација, а во насока на отворање на нови пазари за извоз на македонските земјоделско-прехранбени производи. Минатата година Република Северна Македонија беше земја партнер на АГРА 2018, а оваа година е Австрија.

Македонија | пред 6 години

nina-angelovska-1

Ременски бара истрага за текст објавен за кандидаткатата за министер за финансии

ФБ статус на Фросина Ременски. Го пренесуваме во целост:Оваа вест бара итна внатрешна истрага и реакција од МВР и тоа ВЕДНАШ !Не заради тоа што се работи за кандидаткатата за министер за финансии, туку заради неопходната потреба да се заштити злоупотребата на службените евиденции на МВР за "сензационализам" со кој треба однапред да се фрли дамка на личност што треба да извршува важна државна функција.Лесно проверливо е кој, од каде и во кој временски период влегол во базата за криминалистичка евиденција на МВР за да обезбеди "ексклузива" за сторен сообраќаен деликт.Форматот во која е објавена веста потврдува за автентичноста на базата со која располага МВР.Очекувам внатрешната контрола и МВР да си постапат по стандардните оперативни процедури и да откријат кој бара сензационализам со оддавање на класифицирани информации, напиша Ременски на ФБ.https://www.facebook.com/frosina.remenski/posts/2559398067424765

Македонија | пред 6 години

afiti-2

(ФОТО) Зоки, каде се парите од од ташната на Боки?

Низ центарот на Скопје осамнаа графити преку кои граѓаните го прашуваат премиерот Зоран Заев каде се парите од ташната на Бојан Јовановски познат како Боки 13, кои како рекет ги зема од Орце Камчев.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ОЈО Кавадарци изврши увид на местото на сообраќајната несреќа во која загина еден мигрант

Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на автопатот Демир Капија – Неготино, на местото на сообраќајната несреќа во која еден мигрант загина, а 12 беа повредени.Според првичните сознанија, несреќата се случила кога автомобил Фолксваген фетон, во кој засега непознато лице превезувало 13 мигранти, удрил одзади во товарно моторно возило со кавадаречки регистарски ознаки. Од ударот, возачот на камионот изгубил контрола и удрил во друго патничко моторно возило со српски регистарски ознаки, кое исто така е оштетено.Возачот на Фолксвагенот веднаш по несреќата побегнал од местото на настанот и по него се трага. Скопските регистерски ознаки на автомобилот во кој се превезувале мигрантите не одговараат на возилото, па по наредба на јавен обвинител се работи на утврдување на сопственоста.Дополнително, дежурниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот и врши распит на сведоци на настанот во насока на утврдување на фактите.

Македонија | пред 6 години

zaev-1-1

Заев: Ќе го тужам новинарот кој обвини дека сум бил вмешан во „Рекет“, Русковска да каже дали записникот е веродостоен

Премиерот Зоран Заев најави тужба за новинарот на „Информакс“ кој утрово објави прва страница од записникот од исказот на Орце Камчев за случајот „Рекет“. Утрово порталот „Информакс“ пишуваше, цитираме „Она што е можеби најинтересно е што во целиот овој период, за случајот биле запознати Радмила Шекеринска, Никола Димитров, но и шефот Зоран Заев. Во една од приликите, при расправија помеѓу Боки Тредичи и Орце Камчев, околу апоените во кои бил исплатен рекетот, Боки се обидел да ја контактира Катица Јанева, но неуспешно бидејќи таа била на пукање во Камник, а пота и на вечера со Радмила Шекеринска. Дека во рекетот бил вмешан и Зоран Заев јасно се гледа и од исказите на останатите оштетени и сведоци, но она што најмногу загрижува е исказот на Орце Камчев, во кој се вели дека премиерот наместо да ги изведе пред лицето на правдата, ги предупредил Кичеец и Боки Тредичи дека Орце Камчев ги пријавил за Рекет.“.„Ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот. Не е точно. Отфрлав секаква поврзаност со Боки 13 поврзана со случајот „Рекет“. Обврска на Обвинителството е да каже дали тоа е така кажано. Објавена е една страна од записникот, а потоа е прераскажувано. Доколку новинарите прават манипулации, има одговорност. Ги повкувам Ременска, Шекеринска и Димитров заедно со мене да поднесат тужба, за да се потврди дека се лаже. Русковска да кажат дали се точни наодите или не, дали тоа е лага или не. Но во секој случај, јас како граѓанин ќе го тужам новинарот кој тоа го направил“, рече Зоран Заев.  

Македонија | пред 6 години

zaev-zoran

Заев: Не верувам дека функционерите на СДСМ се инволвирани во „Рекет“

Премиерот Зоран Заев вели дека не верува дека некој од високите функционери на СДСМ е инволвиран во случајот „Рекет“. Тој вели дека ќе остави тоа да го докаже и истрагата која ја води обвинителката Вилма Русковска од Обвинителството за организиран криминал и корупција.„Доколку се докаже дека некој политичар е виновен, тогаш мора да има одговорнсот. Јас не верувам дека некој од високите функционери на СДСМ е инволвиран, но оставам тоа да го докаже истрагата. Секој политичар кој е инволвиран да си одговара. Повикувам на целосна постапка, која ќе ги даде сите одговори. Тоа е убав мегдан да видиме дали можеме да се справиме со вакви девојантни појави“, вели Заев.

Македонија | пред 6 години

pari

(ВИДЕО) МВР приведе германски државјанин што германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин

На 21.08.2019 Бирото за јавна безбедност - Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со полициски службеници од сојузната криминалистичка служба од Германија-БКА и полициски службеници од единицата за борба против дрога од Хамбург, Германија, а во координација со ОЈО за ГОКК, го лишија од слобода германскиот државјанин Р.В.Л. (55), член на меѓународна организирана криминална група. Германскиот државјанин се бараше со меѓународна потерница на Интерпол заради организирање и набавка на 700 кг. наркотична дрога кокаин од Јужна Америка до Хамбург.Од спроведената истрага утврдено е дека пред да биде лишен од слобода, германскиот државјанин, неколку месеци престојувал на територија на РС Македонија, поточно во викенд населбата на Попова Шапка, со лажен идентитет.На 21.08.2018 од страна Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и соодветен број на припадници од ОСПО и полициски службеници од СР Германија, а по претходно изготвен план за реализација и издадена наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес во викенд куќата и лишен од слобода е германскиот државјанин Р.В.Л.. При претресот пронајдени и одзмени се и помала количина кокаин и марихуана, како и пет телефони, две платежни картички, пари, лап топ, германска патна исправа на друго име, фалсификувана полска возачка дозвола  и други предмети.По лишувањето од слобода германскиот државјанин е предаден на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР на Р.С.Македонија заради понатамошна постапка во однос на распишаната меѓународна потерница од Интерпол.На 22.08.2019 ОСОСК до ОЈО Тетово поднесе  кривична пријава против Р.В.Л. поради основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по чл.215 ст.1 од КЗ на РСМ и за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“ предвидено и казниво по чл.378 од КЗ на РСМ. Лицето е изнесено пред судија на претходна постапка, кој одреди  меркаекстрадиционен притвор во траење од 30 дена. Во врска со овој случај, портпаролот на МВР Тони Ангеловски денеска во 12 часот ќе даде изјава за медиумите пред влезот на МВР.   

пред 6 години

ruskovska-skopje1-3

Русковска ќе проверува како исказот на Камчев излегол од ОЈО: Наштетувате на истрагата за „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција најостро го осудува објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за предметот „Рекет“, кои освен како моментална сензација, не придонесуваат во остварување на каква и да е друга цел.„Од започнување на истражната постапка, водејќи се од големиот интерес на јавноста, обвинителството секојдневно настојува во рамките на можностите да сподели детали што нема да наштетат на истрагата, а на јавноста ќе и овозможат да има реална слика за текот на постапката. Во таа насока, имајќи ја предвид сензитивноста на предметот, во неколку наврати укажуваме дека само официјално добиените информации од обвинителството се веродостојни.Обвинителството нема да ги коментира информациите изнесени во јавноста, но ќе потенцира дека откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело. Со протекување на ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката.Во интерес на понатамошното непречено спроведување на истражната постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе преземе дејствија за утврдување на фактите како овие документи се протечени во јавноста и ќе бара одговорност од сторителите.Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и укажува на јавноста дека ваквите неодговорни извори на информации и медиуми со ограничена цел, нема да влијаат врз решеноста на обвинителството овој случај да добие комплетна завршница. Дотолку повеќе што зад исходот на овој предмет стои посветеноста и енергијата на севкупното обвинителство решено да го оправда своето име и да и застане на патот на корупцијата“, велат од Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 6 години

incident-na-aerodrom

(Видео) Вработена на аеродром добила отказ зашто му порачала на патник дека е грд

Вработена во обезбедувањето на аеродром во Њујорк доби отказ од работа кога на еден патник му врачила ливче со рачно напишана порака „Ти си грд!!!“Инцидентот се случил во текот на јуни, но за него се дозна пред неколку дена кога патникот Нил Страснер добил снимка од надзорните камери и ја поставил на „Јутјуб“.На снимките од меѓународниот аеродром „Грејтер Рочестер“ се гледа како вработената во обезбедувањето му врачува порака на Страснер кога тој поминал низ детекторот за метал.Страснер вели дека во тие моменти не размислувал за пораката и се упатил кон излезот, но работничката викнала по него: „Зарем нема да ја прочиташ пораката?“Кога му довикнала, таа почнала да се смее, a Страснер подоцна се пожалил кај нејзините претпоставени.Одделот за безбедност во сообраќајот соопшти дека жената била привремено вработена како припадник на обезбедувањето додавајќи дека има нулта толеранција за такво поведение на работниците.

Магазин | пред 6 години

fcb18be1f80e583b9ae72d32a048f4e3

Хорор-филмовите ве дебелат

Една студија на универзитетот Вестминистер тврдеше дека гледањето хорор-филмови помага да се намали телесната тежина, бидејќи го забрзува отчукувањата на срцето. Но, студија на либанско-американскиот универзитет во Њујорк тврди дека гледањето застрашувачки филмови ги тера луѓето да побараат утеха во масна храна и да се здебелат.Кога гледаат напнати или насилни филмови, луѓето се чувствуваат нервозни, исцрпени и спод трес, па затоа се обидуваат да најдат утеха во грицките. Спротивно на тоа, романтичните комедии и наративните филмови не предизвикуваат такви емоции и додека ги гледале, учесниците во истражувањето не јаделе толку чипс и чоколадо, велат научниците.Ова е прва студија што го испитува влијанието на филмовите врз апетитот и изборот на храна. Претходните истражувања ги поврзуваа насилните видеоигри со зголемен апетит.Резултатите укажуваат дека не само што седењето е фактор што доведува до зголемување на телесната тежина, туку и она што се гледа на екраните. Во студијата учествувале 84 учесници на возраст меѓу 20 и 30 години, кои биле по случаен пат избрани да гледаат насилен филм или романтична комедија. Пред студијата, биле извршени различни мерења, вклучувајќи ритам на срцето, крвен притисок, а биле проценети и нивоата на стрес и апетит.На гледачите им бил даден подавалник со низа закуски како пуканки, чипс, бисквити, чоколадо, јаболка, сок од портокал и кока-кола. На учесниците им било дозволено да јадат се што сакаат и биле оставени сами за време на филмот за да можат да се опуштат.Луѓето кои го гледале насилниот филм биле повеќе нервозни, тажни и исцрпени, а оние коишто ја гледале романтичната комедија не покажале никакви промени.

Магазин | пред 6 години

stjuart-i-nero

Куче починало 15 минути по неговиот сопственик кој боледувал од рак

Уште кога во 2011 година Стјуарт Хачисон бил дијагностициран со тумор на мозокот, неговиот лојален француски булдог, по име Неро, постојано бил покрај него.Кога младиот пациент болен од рак починал на возраст од само 25 години на 11 август 2019 година, животот на Неро згaснал само 15 минути подоцна, пишуваат британските медиуми.Кај Стјуарт бил дијагностициран тумор на мозокот пред 8 години, по што тој бил подложен на операција и хемотерапија со цел да ја лекува тешката болест. Но, карциномот се раширил на неговите коски и се формирал уште еден агресивен тумор.Стјуарт, кој се оженил со сопругата Даниела (22), во јануари, неговиот двегодишен француски булдог го именувал Неро.Двојката имала уште две други кучиња, Нала, на возраст од четири години, и Амелија – кутре од Нала и Неро.Мајката на Стјуарт, Фиона Конахан (52), скршена од болка изјавила:„Стјуарт почина околу 13:15 часот тој ден, а Неро почина приближно 15 минути подоцна. Имаше три кучиња, но со Неро беа особено блиски“.„Неро беше кучето кое секогаш беше со него. Даниела е скршена што ги загуби двајцата, но се бори со болката“, додала мајката.Фиона објаснила дека четири недели пред да почине, Стјуарт од болница бил префрлен во неговиот дом.„Тој сакаше да умре дома, таму каде што се родил. Се грижевме за него. Го очекувавме тоа. Го очекувавме, но сепак е тешко. Tрауматично e кога конечно ќе се случи“, објаснила мајката, додавајќи дека во текот на последните 4 недели од животот на Стјуарт кај Неро ветеринарите детектирале проблеми со ‘рбетот иако претходно кучето немало никакви здравствени компликации.

Свет | пред 6 години

germanija-avtopat

8-годишно дете го украло автомобилот од мајка си и го возел по автопат во Германија

Германската полиција соопшти дека осумгодишно момче го возело автомобилот на мајка си по автопат во западна Германија.Локалната полиција информира дека добиле повик од мајката кога таа забележала дека нејзиниот син и „голфот“ исчезнале, пренесува агенцијата АП.Момчето било пронајдено на попатно стојалиште на автопатот, при што ги вклучило сите трепкачи на возилото и поставило триаголник за опасност.Според агенцијата, тој на полицијците им рекол дека запрел затоа што му станало непријатено на автопатот при брзина од 140 километри на час.Мајката изјавила дека момчето редовно вози картинг и дека претходно вежбало да вози вистински автомобил на приватен имот.

Свет | пред 6 години

popova-shapka

Германец со години живеел на Попова Шапка со лажно име и презиме, а се барал со потерница од Интерпол

Педесет и петгодишен Германец кој германската полиција го бара за набавка на 700 килограми кокаин деновиве бил приведен во земјава.Како што јави МВР, германскиот државјанин се барал со меѓународна потерница на Интерпол заради организирање и набавка на 700 килограми наркотична дрога кокаин од Јужна Америка до Хамбург.Од спроведената истрага, информираат од полицијата, утврдено е дека пред да биде лишен од слобода, германскиот државјанин, неколку месеци престојувал на територија на РС Македонија, поточно во викенд населбата на Попова Шапка, со лажен идентитет.„На 21 август од страна Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и соодветен број на припадници од ОСПО и полициски службеници од СР Германија, а по претходно изготвен план за реализација и издадена наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес во викенд куќата и лишен од слобода е германскиот државјанин Р.В.Л.. При претресот пронајдени и одзмени се и помала количина кокаин и марихуана, како и пет телефони, две платежни картички, пари, лап топ, германска патна исправа на друго име, фалсификувана полска возачка дозвола и други предмети. По лишувањето од слобода германскиот државјанин е предаден на Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР на Р.С.Македонија заради понатамошна постапка во однос на распишаната меѓународна потерница од Интерпол. На 22.08.2019 ОСОСК до ОЈО Тетово поднесе кривична пријава против Р.В.Л. поради основано сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по чл.215 ст.1 од КЗ на РСМ и за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“ предвидено и казниво по чл.378 од КЗ на РСМ. Лицето е изнесено пред судија на претходна постапка, кој одреди мерка екстрадиционен притвор во траење од 30 дена“, велат од МВР.

Македонија | пред 6 години

jhjopok

Кога Русковска ја читаше одлуката за Јанева, речиси неодминлива беше дилемата – свесна ли си дека ти си следната?, прашува Јовановска

Најмачниот ден што го доживеавме оваа година, апсењето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, некој го илустрираше со славниот бројчаник на Триумфалната порта испишан со зборовите – „Двосед, тросед, табуретка“. Тоа е тоа што се сврте откако СДСМ дојде на власта со ветување дека ќе се пресмета со криминалот во државата, дека секој што злоупотребил ќе одговара, а парите што ќе се вратат ќе се објават јавно на овој бројчаник.Наспроти сите силни акции на Јавното обвинителство, наспроти нападното понижување на Јанева пред јавноста за да се покаже колкава е решителноста да се справат со криминалот, наспроти уверувањето на јавниот обвинител Љубомир Јовески дека парите не стигнале во џебови на политичарите, општиот впечаток беше дека Јанева е одбрана да биде жртва на скандалот кој има поголеми димензии од едно обично рекетирање и поткуп. Судејќи по одекот на апсењето на јавноста, голем е бројот на оние што не ја „купуваат“ стопроцентно приказната и прашуваат – за кого всушност вртел бројчаникот? Дали имало обид едните да ги преземат парите на другите, дали затворските казни се купувале и некој во меѓувреме се сетил дека било подобро наместо на бројчаникот, да се слеат во приватни џебови?Кога Вилма Русковска вчера ја читаше одлуката за Јанева, речиси неодминлива беше дилемата – свесна ли си дека ти си следната? Кога дозволивме двете водечки политички партии да решаваат дали ќе постојат или не специјалните обвинители, кои треба токму нив да ги гонат, јасно е дека имаат силен мотив за компромис да го снема СЈО, Катица да биде најкорумпираната, а тие најчисти да ни го продадат старото судство – како врв во борбата против криминалот и корупцијата. Каква борба, веќе видовме.Целата колуна на СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА прочитајте ја на Независен.мк

Коментари | пред 6 години

horoskop-kwiecien-screen

Викенд хороскоп: Што да очекувате и што ќе се случува?

ОВЕН: Пред вас се значајни промени, кои што ќе траат следните две години: можеби нема да биде лесно и уште од сега чувствувате дека ќе треба да се работи напорно и истрајно, дури и кога ќе ви биде здодевно. Овој викенд сте по малку тажни и се соочувате со ситни здравствени проблеми. Обрнете поголемо внимание на финансиите.БИК: Имате надеж дека ќе постигнете смиреност во интимните врски, но за тоа ќе треба јасно да комуницирате и правилно да им се обратите на заедничките проблеми: вниманието е поделено на два еднакво важни сектори, за кои што не смеете повеќе да пролонгирате. Најдете време за нежни моменти со саканите и за разбирање.БЛИЗНАЦИ: Ова е период кога вашите емоции повторно цутат и сега уживате во убавина и внимание: размислувате за она што до сега сте успеале да го постигнете и дали тоа одговара на стандардите што сте си ги поставиле. Бирајте го идеалниот тајминг за адаптација и ќе ја разберете својата сопствена длабочина. Време е за љубов и хармонија.РАК: Прекрасен период за авантура, но се чини дека нешто ве спречува во постигнувањето на целосна среќа: дали станува збор за некаков вид на сенки, кои што се провлекуваат од минатото? За што и да се работи, треба да знаете дека имате доволно сила за да продлжите напред: убави изненадувања со кои што ја враќате самодовербата.ЛАВ: Фокусот се префрла на финансискиот сектор, љубовта и имотот: не држете се љубоморно за она кое што не можете да го задржите со сила. Ако сакате да постигнете реформа, започнете од самите себе и престанете да ги контролирате работите оддалеку. Облеката не може да го сокрие карактерот, а слободата има своја цена. Верувајте повеќе!ДЕВИЦА: Убава планетарна поддршка која што ќе ви овозможи да дојдете во прв план на личен, но и во професионален контекст: додека останатите се занимаваат со измами и интриги, останете силни и не вовлекувајте се во туѓите игри. Тоа е вистински начин да успеете и да го контролирате својот темперамент: останете храбри во секоја ситуација.ВАГА: Крајно време е да разберете дека треба да се менувате со текот на времето, ако сакате да постигнете среќа: не можете да си доволите да се соочувате година за година да се занимавате со истата работа, мали хонорари или врски под вашите стандарди. Ако сакате крупни промени, дрзнете се да сонувате на големо: правете трајни решенија!СКОРПИЈА: При започнувањето на секој нов потфат, се соочувате со непознати и несигурни услови, во обид да да го откриете непознатото. Ова е период за чекање и можни се застои и блокади: не губете нерви, туку одново разгледајте ги плановите. Сите потешкотии се јавуваат како причина да научите нешто повеќе за себе си, затоа не очајувајте.СТРЕЛЕЦ: Бидете упорни, дури и ако се соочите со јавна критика или не толку јавно неодобрување: некој се обидува да ви се наметне и се однесува како натрапник. Не дозволувајте ваквите случки да го нарушат вашиот мир и да го разнишаат периодот во кој што најмногу би сакале да истражувате и проучувате. Не губете верба: продолжете со намерите.ЈАРЕЦ: Проблемите се решаваат бавно и повторно сте љубезни: бидете среќни и задоволни со она што веќе го имате. Ова е период за планирање и организација, а ќе може да делувате во текот на следната недела. Иако можеби џебот ви е мал, во принцип се чувствувате добро. Ако имате легални проблеми, тие брзо ќе се решат. Пазете на очите.ВОДОЛИЈА: Иако се соочувате со комплексна ситуација, на сцена настапува чувството за хумор и смеа: ова делува волшебно во сите истоштувачки моменти и ќе успеете да се опуштите. Не заборавајте да ги повикате оние со кои до скоро се дружевте и покажете им колку ги сакате: со искрена симпатија ќе освоите многу срца и ќе ја покажете својата умешност.РИБИ: Овој викенд ќе треба да внимавате на лажните насмевки и луѓето со итар карактер: можни се измами, интриги и секаков вид на нечесни игри. Ќе треба да бидете остроумни и добро да бирате како да се извлечете од околностите кога се оговара или се пренесуваат погрешни информации со нејасни намери. Повлечете се и одморете се.Ирена ТанчеваАСТРОЛАБtancevai@yahoo.com

Магазин | пред 6 години

SJO

Дали СЈО ќе постои по Катица Јанева ќе се знае од понеделник

Работните групи на власта и опозицијата кои треба да се договорат за Законот за Јавно обвинителство со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство ќе остварат средба од понеделник. Следната недела законот треба да оди во Собрание каде е закажана седница за вторник.Според извори од СДСМ, средбата која требаше да се одржи вчера е одложена поради технички причини.Последната средба меѓу работните групи на власта и опозицијата за Законот за јавно обвинителство се одржа во јули и иако се очекуваше тие да продолжат со работа од почетокот на оваа недела, тоа не се случи.Во меѓувреме позициите на двете страни се непроменети. Власта, како што повеќе пати потенцира е подготвена да одговори на одредени барања на опозицијата, но сепак црвената линија е бескомпромисната борба против криминалот, додека, пак, опозицијата е на став дека не прифаќа автоматско префрлање на јавните обвинители од СЈО во новоформираното Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција, ниту тоа да биде предводено од Русковска.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања