Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

zoran-trajcevski

АВМУ до Заев: Воздржете се од тужби, тоа е притисок особено кога се известува за теми од јавен интерес

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува политичарите да се воздржат од тужби кон медиумите и да не ја загрозуваат слободата на изразување. Најавите за тужби претставуваат директен притисок врз работата на медиумите особено кога известуваат за теми од висок степен на јавен интерес, велат оттаму.„Медиумите се чувари на јавниот интерес и креатори на јавната свест и затоа мора во интерес на јавноста, да објавуваат сеопфатни и проверени информации. Како што е наведено во Декларацијата за слободата на политичка дебата во медиумите на Советот на Европа „правото на слобода на изразување со себе носи обврски и одговорности за кои вработените во медиумите мора да водат сметка“.Воедно ги потсетува претставниците на власта дека со самото прифаќање на функцијата прифатиле да бидат предмет на јавна политичка дебата, а со тоа и предмет на надзор на јавноста и на потенцијално силна јавна критика преку медиумите во поглед на начинот на кој ги извршуваат своите функции.Агенцијата постојано апелира првенствено да се користи правото на исправка или одговор наместо директно да се прибегнува кон тужби против новинари и медиуми, особено кога станува збор за носители на јавни функции“, се вели во соопштението од АВМУ.

Македонија | пред 6 години

ruskovska-skopje1

Документот со исказот на Камчев не е излезен од кај Русковска, туку од судот

Исказот на Орце Камчев кој беше објавен на порталот „Информакс“ не е излезен од Основното обвинителство за организиран криминал и корупција, туку од надлежниот суд каде се одлучуваше за притворот на Боки 13, Зоки Кичеец и Катица Јанева, велат извори за „Скопје1.мк“. Обвинителката Вилма Русковска поседува оригинални документи, а не копии, додека пак, примероци од овој документ може да има само во судот.Засега, оваа информација не е потврдена, а пак, Русковска ја потврди веродостојноста на првата страница од записникот објавен утрово. Ниту порталот „Инфомакс“ не кажа од каде го добиле документот кој е дел од истрагата.На една страница пред обвинителката во предметот Вилма Руковска, бизнименот Орче Камчев појаснува како во неколку наврати од него група луѓе изнудувале пари. Сега осомничените во „Рекет“ Боки 13 и Зоран Милевски во септември 2018-та на Камчев му понудиле бизнис план за продажба на права за некаков тип на Фешн мол за 4 милиони евра. Откако ги одбил се вратиле со нова идеја за изградба на  домови за стари лица во Скопје.Документот доѓа ден откако обвинителката во СЈО Лиле Стефанова одговараше на прашања на новинарите до каде е истрагата за предметот „Империја“ во кој се сомничи Камчев дека перел пари заедно со Сашо Мијалков и неколку бизнисмени, а за да излезе од притвор и да го добие пасошот назад  платил еден милион евра на Боки 13 и Зоки Кичеец да му помогнат кај Катица Јанева.

Македонија | пред 6 години

temelko-risteski

Далавера, а не афера „Рекет“: Орцето сметајќи на алчноста на Боки 13 и незрелоста на Катица се согласил или понудил рекет

Пишува: Професор Темелко РИСТЕСКИПред еден месец и некој ден Републикава ја потресе настан (случај, случување ....). кој, како и секој настан има свој почеток, траење и крај. Почетокот го видовме, траењето го гледаме, а крајот ќе го видиме. Поради природата на инкриминираните дејствија содржани во него, го нарекоа афера „Рекет“. Јас би го нарекол далавера „Рекет“. Еве зошто дојдов до оваа идеја.Вчера, е одложено судењето во предметот „Титаник“ по обвинителен акт на Специјалното јавно обвинителство кој го застапува една од обвинителките во тоа обвинителство. Со обвинителниот акт се опфатени, покрај главниот бос Грујо, уште и дваесет други обвинети, сите функционери на поранешната власт. Еве ги: Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска. Така објавија средствата за јавно информирање.Обвинителниот акт ги товари за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.Некои од овие типки и типови се опфатени и со други обвинителни акти по предмети со бомбасти и на природата на „дејанијата“ перфектно потрефени називи, како на пример: „тендери“, „траекторија“,, „тврдина“ и т.н., да не набројувам, ги има многу. Работеле арамиите.Да се вратиме на вчерашното случување во судот. Адвокатот, (името не му го споменувам бидејќи nomina sunt odiosa (имињата се непожелни), како што велеше мојот стар и добар професор по латински јазик) многу учтиво предлага обвинителката која го застапува обвивнителниот акт да биде изземена поради притворот на нејзината шефица. Адвокатот сигурно знае дека дотичната шефица, формално правно е шефица на СЈО и ќе биде шефица (формално правно – се разбира) се додека не биде разрешена во постапка пропишана со членот 18 од Законот за Специјалното јавно обвинителство која не е едноставна. Немам замерки на адвокатот. Тој ги користи сите можни начини и средства за да им ја олесни положбата на неговите клиенти. Предложил човекот. Пред да предложи сигурно си помислил: „Ќе предложам, па ако помине предлогот ќе биде добро, ако не помине, никому ништо; постапката ќе тече“.Обвинителката очигледно несигурна во правната неоснованост на предлогот на одбраната, бара време за да се произнесе по него. Судијата дава пауза. По паузата обвинителката се изјаснува и тврди дека иако шефицата и е во притвор за случајот „Рекет”, нејзините овластувања сѐ уште се важечки. Таа е потполно во право. Нејзината шефица, иако е во притвор, формално правно е шефица на СЈО, се додека не се донесе одлука за нејзино разрешување, и тоа правосилна.Но, и покрај тоа, судијата (името ќе му го дознаете од средствата за јавно информирање) го прифаќа предлогот на одбраната и ја одложува расправата за четврти септември. Ете уште едно одлагање на расправата за предметот „Титаник“, покрај бројните претходни. Миц по миц, гонењето за злоделата содржани во него може да застари и злосторниците да бидат ослободени поради застареност.Сега малку да се позабавиме околу она „не афера „Рекет“ - туку далавера „Рекет“. Имајќи ги во вид вчерашните случувања во судот и бројните информации во средствата за јавно информирање, еве какво сценарио виде мојот “грешен“ ум. Орцето, сметајќи на алчноста (а можеби алчноста и подготвеноста за соработка) на Боки Тредичи и Кичеецот, и на алчноста и незрелоста на разгаленото ни Кате, по претходен договор со двајцата „босови“, оној претходниот и главниот Груја и овој актуелниов, слугата му, Мицка, лесно се согласува, а можеби и понудува да даде голема сума на име рекет (не дава човекот свои, туку туѓи пари). По договор со босовите сета операција ја снима. Снимениот материјал му го предава на обвинителството со пријавата. Така бара Законот. Копија од материјалот му предава на Мицка. Понатамошниот пат на копијата до дестинацијата „Ла верита“ се знае. Нема потреба да го објаснуваме. Далавера, зарем не драги пријатели. Не афера, туку лукаво смислена и спроведена далавера како небаре далаверџиите да ги советувал оној лукавиот од библијата. Целта на далаверата е очигледна: да се поткопа угледот на актуелнава власт, да се спречи донесувањето на Законот за јавно обвинителство, да се спречи добивањето на датум за преговрти со ЕУ и да се створат услови за предвремени избори и за спас на арамиите со повторно преземање на власта. Ефектот на далаверата го видовме и се уште го гледаме. Но доброто секогаш го победува злото: некогаш лесно, некогаш тешко, некогаш многу тешко, со многу жртви и страдања. И овој пат доброто ќе победи. Никој не е како господ, често пати умеат да кажат многу од нас. Тој е олицетворение на доброто. Лукавиот е олицетворение на злото. Гледано на долги рокови, злото никогаш не го победило доброто. 

Коментари | пред 6 години

selfi-610x361

Димитров: Лага е дека сум вмешан во „Рекет“, не дозволувам да ме валкаат

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров најави тужба за објавувањето на нелегално добиени документи од истрагата за случајот „Рекет“, а се однесуваат на исказот на Орце Камчев кога го пријавил случајот во Обвинителството и во која има детали за наводна инволвираност на политички функционери. Тој вели дека доколку текстот во кој го обвинуваат дека е вмешан во случајот „Рекет“ не се повлече“, тој за прв пат правдата ќе ја бара на суд.„Барам веднаш "Република" да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот "Рекет" и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре.Во спротивно, прв пат во животот ќе тужам. Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам апсолутно никаква врска. Мене сосема ми е јасно дека мојот последен статус разбуди многу духови кои очигледно единствено се плашат од луѓе без дамка криминал во своите кариери и поважно - луѓе подготвени до последно да се борат за правда. Очекувам и пропаганда и нечесна битка и мојот одговор секогаш ќе биде достоинствен, но истовремено и безмилосен кон криминалците и оние кои нив ги штитат преку дефокус и лаги. Влегов во политиката за да го тргнеме срамот од очигледниот криминал и корупција и нема никогаш да престанам во борбата со ова црнило. Овие обиди, напротив, само укажуваат дека сум на правиот пат. Продолжете ноќта да ја нарекувате ден, нема да ви помогне. Реков - да се преброиме. Време е“, пишува Димитров на социјалните мрежи.

Македонија | пред 6 години

janeva-3

Тешко било да се најде ќелија за Катица Јанева во затворот: Незгодно е да ја вклопите со жени осудени за убиства

Приведената шефица на СЈО, Катица Јанева не е сместена во женското одделение во затворот „Скопје“ кој се наоѓа во Шутка. Ваква одлука е донесена бидејќи било тешко да се вклопи со жени осудени за убиства и изнуда. Директорот на истражниот затвор Скопје, Есад Рахиќ, за Радио Слободна Европа изјави дека имале тешкотии да и се најде соодветно сместување на Катица Јанева во притворот во Шутка.– Таа е во посебен оддел, со уште една приведена. Не е во женското одделение, туку во посебен оддел поради безбедносна проценка на затворската управа. Тоа се поголеми одаи, да не речам ќелии, во кои има по 4, 5 до 6 жени. Знаете, малку е незгодно, има различни профили на жени, имате женски лица осудени за убиства, има за изнуда, знаете малку е тешко да вклопите еден таков профил како Јанева меѓу тие лица. Но, ние си ја вршиме нашата работа, таа е сместена на најдобар начин на кој ние можеме, вели Рахиќ за РСЕ.

Македонија | пред 6 години

sela

Партијата на Села: Кој е инспекторот на МВР што продава дрога?

Алијансата за Албанците ја изразува својата загриженост поради недостигот на информации од страна на МВР во врска со случајот со автомобилот на инспекторот со кое се превезуваа наркотични средства. Тие велат дека дури и по повеќе од една недела, надлежните органи не даваат појаснувања какви правни мерки се преземени од страна на внатрешната контрола во рамките на МВР во врска со споменатиот случај.„Кој е инспекторот чие што возила го користеле за транспорт и продажба на наркотици и какви мерки беа преземени против него како припадник на МВР? Алијансата за Албанците перманетно ги осудува ваквите случаи и бара одговорност од органите на редот и обвинителството, но јавноста сè уште нема добиено никакво службено објаснување. Нашите дилеми и сомневања се засноваат на фактот дека недостатокот на транспарентност во овој случај е резултат на политичкиот притисок од страна на ДУИ, засновано врз неофицијални извештаи пласирани во медиумите дека возилото со кое се превезулаве и продавале наркотиците е во сопственост на партиски функционер на ДУИ од Гостивар“, пишува во соопштението на Алијансата за Албанците.Тие бараат од министерот Оливер Спасовски и заменик министерот Агим Нухиу да одговорат какви мерки се преземени од страна на Министерството кон нивниот припадник и во која фаза на постапка се наоѓа соодветниот предмет.

Македонија | пред 6 години

mkd-329127

61-годишен скопјанец натепан и ограбен сред Скопје

На 23.08.2019 во 18.45 часот во Полициската станица Центар, З.И.(61) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 18.00 часот на ул.„Лазар Личеновски“, бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело чанта во која имало пари, мобилен телефон и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

soobra-gorce

Скопјанец удрил во паркирано возило, по што го нападнал сопственикот

На 23.08.2019 во 23.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк „Аеродром“ бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од Д.П.(42) од Скопје врз М.А.(73) од Скопје.Според пријавеното, Д.П. најпрво со своето возило „фолксваген “ со скопски регистарски ознаки удрил во паркираното возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил М.А., а потоа и физички го нападнал со метален предмет.Двајцата претходно имале расправија околу продажба на производи.Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

Soobrakajci-policija

Повреден припадник на МВР кој направил сообраќајка со службено возило

На 23.08.2019 во 14.43 часот на ул.„Никола Карев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Д.Б.(23) од Скопје и патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(39) од Скопје.Во незгодата со телесни повреди се здобиле Д.Б. и уште еден сопатник од „голфот“и двајца сопатници од возилото „киа“ на кои им била укажана помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанец нападнал мајка и ќерка во поликлиника во Драчево

На 23.08.2019 во 18.00 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во поликлиниката Драчево, С.В.(26) од с.Морани, скопско, физички ја нападнал Г.С.(34) и нејзината ќерка.Сочинет записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. 

Скопје | пред 6 години

tepacka

Непознати лица натепале скопјанаец на улица и избегале

На 24.08.2019 во 00.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Д.М.(39) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на 23.08.2019 во 23.30 часот во село Стајковци бил физички нападнат од неколку лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

izjava-zaev.Still219

Запален расадник во битолско село

На 23.08.2019 во 14.50 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар на место викано „Опаленик“ во с.Врбоец, при што горела сува трева и расадник во сопственост на М.А. од Крушево.Од екипи на противпожарни единици од Крушево и Кривогаштани пожарот бил изгаснат.Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.

Македонија | пред 6 години

tepacka2

Скопски комшии се тепале на улица

На 24.08.2019 околу 01.40 часот во полициската станица Бит Пазар било пријавено дека поради семејни недоразбирања на улица „Прохор Пчински“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Н.(28) од Скопје од една страна и А.А.(52), С.А.(47) и Е.А.(27), сите од Скопје, од друга страна.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

pozar-pintija

Запалена сува трева во скопско Волково

На 24.08.2019 во 00.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај место викано ,,клучка Волково” настанал пожар во ливада.Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје, а во пожарот изгорела сува трева.

Скопје | пред 6 години

pozar-avtomobil

На арачиновец му се запалил автомобилот

На 23.08.2019 во 23.40 часот во СВР Битола, Ф.И.(26) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека на патот Градско – Прилеп, додека го управувал неговото патничко возило „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, во моторот на возилото настанал пожар.Ф.И. сам го изгаснал пожарот. Повредени лица нема.Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

kucinja-kuce

Велешанец пријавил дека неговиот син бил каснат од куче

На 23.08.2019 во 22.10 часот во СВР Велес, Т.Ј.(48) од Велес пријавил дека истиот ден околу 20.00 часот на ул.„Кукушка“ неговиот син бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога. 

Македонија | пред 6 години

tunel-soobrakajna-nesreka

Сообраќајка на патот Струмица-Ново Село, едно лице со тешки повреди

На 23.08.2019 во 22.40 часот на магистралниот пат Струмица - Ново Село, на крстосница за с.Зубово и с.Ново Село, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а6“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Ј.(51) од Ново Село и патничко моторно возило „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.К.(54) од с.Зубово.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.К., додека А.Ј  со телесни повреди.На двајцата им била укажана помош во болницата во Струмица. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Струмица.

Македонија | пред 6 години

ohrid-kej-lugje-turisti-guzva

Приведен 22-годишен охриѓанец поради дрога

На 22.08.2019 во 23.30 часот во СВР Охрид бил приведен К.Н.(22) од Охрид поради тоа што при претрес на улица ,,15-ти Корпус” кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана и таблети.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

zatvor

Полицијата пронајде затвореник кој избегал од прилепскиот затвор

На 23.08.2019 во 05.15 часот во СВР Струмица бил приведен Д.Ѓ.(23) од с.Куклиш, за кого била распишана потерница од Затвор Прилеп.Лицето било предадено во Казнено-поправната установа - Затвор Прилеп.

Македонија | пред 6 години

janeva-mickovski-zaev-ahmeti

(ВИДЕО) Заев не знае дали ќе има мнозинство за формирање на новото СЈО, а бара итна замена за Катица Јанева

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Општина Новаци, одговараше на повеќе прашања на новинарите, кои посебен интерес покажаа за иднината на СЈО и на преговорите за донесување на новиот Закон за Јавно обвинителство.Премиерот Заев во својот одговор истакна дека решение за в.д. специјален обвинител за СЈО треба да се најде колку што е можно побргу.„Јас верувам дека тоа решение со в.д. ќе биде само времено зашто се надевам дека сите политички партии ќе можеме да најдеме консензуално решение, не подоцна од 15 септември, за поддршка и за изгласување на Законот на Јавното обвинителство. Како што сум информиран, работните групи во понеделник ќе продолжат со работа. Знам дека е премостливо тоа што можеме да го решиме, секако почитувајќи ги црвените линии, а тие се иднината на предметите, иднината на СЈО. Работните групи ќе информираат за деталите, но како што ме информираа можам да кажам дека не е нерешливо ако сите покажеме одговорност“, истакна претседателот на Владата на РСМ Заев и упати апел до правосудните органи, пред сè на обвинителскиот дел од правосудството, оваа ситуација да не дозволи да биде загрозен ниту еден предмет.Премиерот Заев упати апел и до Советот на јавните обвинители час поскоро да постапи согласно законските решенија за избор на в.д. специјален јавен обвинител за да се обезбеди континуитетот на самите предмети и процеси.На прашањето дали е оптимист дека работните групи кои работат на усогласувањето на разликите околу Предлог-законот за ЈО, ќе постигнат согласност во понеделник за да помине законот во Собранието во вторник на првиот работен ден на законодавниот дом после летните одмори, премиерот Заев рече дека е оптимист зашто во предлог решението на законот веќе се содржани преку 80% од решенијата кои дојдоа како предлог на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.„Во предлог решенијата имаме спојување на СЈО со Обвинителството за организиран криминал. Тоа обезбедува иднина и јас верувам дека во формулациите за обезбедување на иднина на самите предмети ќе се држиме до принципиелноста, до Уставот, законите. Очекувам да се договориме. Ако не се договориме, секој од пратениците ќе треба да се изјасни. Мојата надеж останува. Нема да коментирам дали има или нема двотретинско мнозинство. Тоа ќе се знае кога ќе дојде чинот на гласање. Но, искрено верувам дека заедно со опозицијата, со консензус, ќе ја обезбедиме поддршката на новиот Закон за ЈО“, потенцираше премиерот Заев на прашањето на новинарите за иднината на СЈО и за донесувањето на новиот Закон за ЈО.

Македонија | пред 6 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Јоци до Ременски: Ако ти како пратеник и маж ти прв „антитерорист“ не се осеќате безбедни, што да кажеме ние?

Откако Јовче Ременски, сопругот на Фросина Ременски, вчера, најави ,,џандар збира" во понеделник, исчезна од ФБ. Го нема, се одјавил првиот човек на Управата за тероризам.А, ете денеска Фроса Ременска обвинува дека е им повреден угледот, честа, и по 590 пат се осеќала небезбедна.Фроске, ако ти ко пратеник, која високо котира во владеачка партија, со маж прв ,,антитерорист" се осеќате небезбедни од еден објавен записник, шо да кажеме ние сите , обичните граѓани, кои сме трн у око на СДСМ !?Него, маж ти зашо го нема више да куцка на фб дека ќе се играло ,,џандар збира" во понеделник ?Јорданка Ивановска-Јоци (Фејсбук статус)

Коментари | пред 6 години

kamcev-janeva-696x392-696x392

Камчев се сонча со „амин“ од Катица Јанева

Оштетениот Орце Камчев откако го пријави случајот „Рекет“ кај обвинителката Вилма Русковска се сонча во Банско, Бугарија, објави ТВ24. Новинар на телевизијата пред 10 дена го сретнал во хотелот „Пирин Голф“.Претходно, на социјалните мрежи беше објавен демант од страна на една од фирмите на Камчев, дека бизнисменот не избегал од државава туку дека присуствува на работни состаноци надвор од државата.А додека Камчев се сонча, Катица Јанева заврши во притвор. Токму Јанева даде дозвола да му се врати пасошот на бизнисменот, по што тој може слободно да оди насекаде.Обвинителската Лиле Стефанова, пак, вчера изјави дека иако Камчев е осомничен во случајот „Империја“, таа поради „врзаните“ раце на СЈО нема овластување да знае каде е Камчев.

Македонија | пред 6 години

0B28B58D-9E52-4AD2-82A5-8F9437D38BCD

ФОТО: Пендаровски се сликаше со ќерката на пливачот Евгениј Поп Ацев

Претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на големиот маратон во пливање во Охрид, се сликаше со ќерката на македонскиот пливач Евгениј Поп-Ацев.Поп-Ацев учествуваше и на овогодинешното издание од големиот пливачки маратон во Охридското езеро, чиј покровител е Пендаровски.Тој е светски првак во маратонско пливање во 2015 година. 

Македонија | пред 6 години

dimitrov

Димитров се закани со тужба за медиум: „Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам никаква врска“

Фејсбук статус на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров. Еве што напиша министерот:„Барам веднаш "Република" да ја повлече ноторната лага дека сум вмешан во случајот "Рекет" и да ми се извини за одвратната инсинуација во текстот чиј сам наслов нема врска со наводите внатре.Во спротивно, прв пат во животот ќе тужам.Нема да дозволам пропагандата да ме валка во случај со кој јас немам апсолутно никаква врска.Мене сосема ми е јасно дека мојот последен статус разбуди многу духови кои очигледно единствено се плашат од луѓе без дамка криминал во своите кариери и поважно - луѓе подготвени до последно да се борат за правда.Очекувам и пропаганда и нечесна битка и мојот одговор секогаш ќе биде достоинствен, но истовремено и безмилосен кон криминалците и оние кои нив ги штитат преку дефокус и лаги.Влегов во политиката за да го тргнеме срамот од очигледниот криминал и корупција и нема никогаш да престанам во борбата со ова црнило. Овие обиди, напротив, само укажуваат дека сум на правиот пат. Продолжете ноќта да ја нарекувате ден, нема да ви помогне. Реков - да се преброиме. Време е“, напиша министерот на ФБ.https://www.facebook.com/NDimitrovMK/posts/2470964086450329

Македонија | пред 6 години

gdu

ГДУ: Измина една недела како побаравме директорката на ЈП „Билјанини Извори“ да си поднесе оставка, но никој не реагира

Измина една недела од нашето барање и очекување дека директорката на ЈП „Билјанини Извори“ ќе собере храброст и ќе си поднесе оставка, но не заради фактот дека ние од ГДУ ја бараме истата, туку поради фактот дека го прекршила Изборниот законик и нанесла голема штета врз својот вработен бркајќи го од работа, истакна претседателот на ГДУ- Охрид, Даниел Јорданоски.На површина излегоа информациите за дејствието на директорката на денот на изборите, но не само информации туку и издржани факти, кои впрочем и самата ги потврди и ги окарактеризира како „пријателски“, иако е свесна дека не постои пријателски однос кога директорка бара од својот  вработен да ја наведе својата сопруга да гласа. Дополнително, директорката, истиот човек го избркала од работа, знаејќи ја неговата состојба и оставајќи го неговото семејство без егзистенција.Зарем е за оправдување ваквиот чекор?Искрено не очекувавме да наидеме на разбирање и одговорност кај директорката, но се надевавме дека градоначалникот Константин Георгиевски, ќе се одважи и ќе го осуди овој настан и незаконско дејствие и во најмала рака институциите и надлежните органи ќе си ја завршат својата обврска.Затоа уште еднаш го повикуваме градоначалникот и бараме негово произнесување по случајот и воедно го повикуваме да ја отстрани директорката од раководната функција, а со тоа и да си го обели образот. Во спротивно ќе се укаже дека и тој е дел од овие притисоци за време на изборите.И за крај, ова ли е лицето на СДСМ кое ќе ги ослободеше граѓаните од стегите на ДПМНЕ и Гордана Јанкулоска која „влечеше за уши“? Ова ли е СДСМ кое ќе овозможеше живот за сите? И ова ли е СДСМ кое ќе ја внесе Македонија во ЕУ? Со вакво молчење и заштитување на огрешените пред законот, останувате исти како вашите претходници и апсолутно не се разликувате. Во истиот момент бараме да се преземат итни мерки и да се разреши директорката Гордана Јованоска и да биде санкционирана за стореното дело.Ова е момент кога може да докажете дека се борите за правда и еднаквост пред законите, истакна претседателот на ГДУ- Охрид, Даниел Јорданоски.https://www.facebook.com/GragjanskoDemokratskaUnijaGDU.O.K.Ohrid/videos/898777723829138/?v=898777723829138  

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања