Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Branko-Geroski-zoran-zaev

Геровски до Заев: На политичар што тужи новинар му се ближи крајот

На политичар што тужи новинар му се ближи крајот. Ова го напиша новинарот Бранко Героски на Фејсбук по најавените тужби од премиерот Заев, Димитров, Ременски и Шекеринска за новинарот кој објавил записник од Рекет, притоа обвинувајќи за нивна вмешаност.Њутнов закон во политиката: На политичар што тужи новинари му се ближи крајот. Другарчиња, ајмо сите ручна!, напиша Героски.

Коментари | пред 6 години

Нема фотографија

Малолетници повредени во сообраќајна несреќа

На 25.08.2019 во 00.10 часот на улица „532“ во с.Марино, скопско, се случила  сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода фабиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(49) од Скопје и мотоцикл „линбен“ управуван од малолетник, а на кој се превезувал друг малолетник. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата малолетници кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

velosiped

Со автомобил удрил во велосипедист, со тешки повреди пренесен во болница

На 24.08.2019 околу 20.10 часот на паркинг на булевар „Видое Смилевски Бато“ патничко моторно возило марка „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.Г.(38) од Тетово удрил во велосипедистот А. И. (45) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.И. по што бил пренесен во Клиничката болница во Тетово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Во камион полицијата пронајде 30 мигранти од Пакистан, Ирак, Сирија и Судан

На 24.08.2019 околу 12.30 часот на магистралниот пат Радовиш – Струмица, кај клучката за с.Воиславци, полициски службеници пронашле паркирано товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. При преглед во возилото биле пронајдени 30 лица - мигранти (24 од Пакистан, три од Ирак, две од Сирија и едно од Судан). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Лихвар од Тетово заработи кривична - праќал пораки со заканувачка содржина

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ф.(42) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство“. На 28.05.2019 година Д.М.(24) од Тетово од пријавениот побарал на заем 200 евра, кои требало да ги врати за седум дена, како и дополнителни 100 евра за услугата. Д.М. не успеал да ги врати парите во договорениот рок и побарал продолжување на рокот до 04.07.2019 година.Но и во тој рок не успеал да ги врати парите, по што пријавениот почнал да му праќа пораки со заканувачка содржина.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Референт од шумско стопанство Јабланица, издал две одобренија за сеча но не ја утврдил точната локација

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Н.П.(46) од Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во април и август 2018 година пријавениот, како референт за превоз во Подрачно шумско стопанство Јабланица, изработил две одобренија за сеча во парцела во приватна сопственост, при што не ја утврдил точната локација на парцелата и извршил маркација за сеча на 30 м3 дрва на друга парцела, сопственост на С.Т. од Охрид, за која истиот немал дадено согласност за сечење на дрва. Со ова, пријавениот на С.Т. му нанел штета од 210.000 денари. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Охридската полиција пронајде марихуана и кокаин кај туристи од Скопје

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Г.(34) и А.В.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 13.08.2019 година во населба „Лагадин“ во Охрид“ полициски службеници извршиле преглед на патнички возила сопственост на пријавените и апартман во кој престојувале, при што пронашле и одзеле околу три килограми марихуана и кокаин.

Македонија | пред 6 години

oruzje

Кај тетовец полицијата пронајде оружје, куршуми и рамка за авотоматска пушка

На 24.08.2019 во 20.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на А.Џ. во Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени карабин калибар 8 х 57 ЈС, три куршуми калибар 8х57 и една рамка за авотоматска пушка со 21 куршум калибар 7.62 мм. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодвена пријава.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Во Скопје вчера казни за возачите кои не почитуваат сообраќајни правила

Во периодот од 06.00 до 24.00 часот на 24.08.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи на моторни возила кои ја пречекориле дозволената брзина на движење.Притоа, сторени се вкупно 35 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, за што им се издадени соодветни казни.Откриени се и 39 останати прекршоци, при што издадени се 13 прекршочни платни налози и 26 мандатни платни налози.Во периодот од 18.30 часот на 24.08.2019 до 01.30 часот на 25.08.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.При контролата санкционирани се 46  возачи на мотоцикли, за што им се издадени прекршочни платни налози.Исто така, откриени се и 35 останати прекршоци, за што се издадени 27 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.  

Скопје | пред 6 години

merko

ВИДЕО: Мерко кажа колку е богат и кој му е омилен политичар

Струшкиот градоначалник Рамис Мерко во интервју за „ИРЛ.мк“ на прашањето „Колку е богат Мерко?“, вели дека неговото богатство е во душата. Градоначалникот вели дека нема граѓанин, ниту компанија која тој ја уценувал за да земе пари од нив.„Најдете еден граѓанин или компанија кои сум ги уценувал за средства, а јас јавно кажувам дека ќе сносам морална, материјална и кривична одговорнсот. Значи, богаството не ми го створила функцијата, туку знаењето и работата“, вели Мерко за ИРЛ.мк.Запрашан „Кој му е омилен политичар на Мерко“, тој вели дека ги има многу.„Тие што се на повисок ранк имаат поголема одговорнсот. Не можеме да споредуваме еден Трамп со некој што има милион или 500 илјади граѓани. Тоа е банална споредба“, додава Мерко.Целото интервју со струшниот градоначалник ќе се емитува вечерва.

Македонија | пред 6 години

diploma

Со лажна диплома се вработил во МВР, а подоцна завршил и факултет по што станал раководител

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш.(38)     од с.Асамати, ресенско, поради постоење основи на сомнение дека сторил едно продолжено кривично дело „фалсификување исправа“, казниво по член 378 став1 од кривичниот законик. Пријавениот во периодот од 17.06.2000  до 2002 година набавил лажна диплома за положен завршен испит во ЦСНО „Здравко Чочковски“ во Дебар – училиште за средно образование, IV степен-гимназиско општо образование во која биле внесени лажни податоци за број од главна книга, печат на дипломата, лажен потпис од директорот и лажни податоци за положени предмети и постигнат успех. Исто така, пријавениот набавил четири лажни свидетелства за завршена прва, втора, трета и четврта година средно образование со невистинити податоци за ученик, клас, издавач на сведителства и оценки за положени предмети во тие учебни години.Ваквата лажна диплома, пријавениот ја употребил и приложил како доказ за завршено средно образование на објавениот конкурс во МВР во 2002 година за вработување на полициски службеници, каде бил примен на работа како полицаец и работел најпрво во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Ресен, а  неколку години подоцна и во Полициската станица за граничен премин Стење при Регионалниот центар за гранични работи Запад. А.Ш., лажната диплома за завршено средно образование повторно ја употребил при упис на Технички факултет во Битола, а во 2012 година и по трет пат при упис на Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје, каде дипломирал во 2014 година. Врз основа на таа диплома тој се здобил со повисока позиција – инспектор - Раководител на смена во Полициската станица за граничен премин Стење.На овој начин пријавениот остварил материјална корист од месечни примања – плата од МВР во период од над 16 години. 

Македонија | пред 6 години

ohrid-pozar

ВИДЕО: Нов голем пожар во Охрид

Пожар беснее во охридското село Опеница. Пламени јазици земаат се поголем замав, а жителите се вознемирени.Тие велат дека од Центарот за управување со кризи ги известиле дека вчера пожарникарите се повлекле, а денеска ќе продолжи гаснењето.Жители на Варош велат дека мирисот од пожарот се осеќа во Варош.Пред неколку денови, пожар беснееше во селото Велмеј, општина Дебарца.

Македонија | пред 6 години

zname

Среда 28 август неработен ден за православните верници

Празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) кој е во среда на 28 август ќе биде неработен ден за граѓаните од православна верисповед во Македонија.По овој празник следи 8 септември кој се паѓа во недела, па поради тоа се преместува за понеделник 9. септември кој е неработен ден. 

Македонија | пред 6 години

foto1

Прекршочни платни налози за 46 возачи на мотоцикли

Во периодот од 18.30 часот на 24.08.2019 до 01.30 часот на 25.08.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.При контролата санкционирани се 46  возачи на мотоцикли, за што им се издадени прекршочни платни налози.Исто така, откриени се и 35 останати прекршоци, за што се издадени 27 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.  

Скопје | пред 6 години

vucic

Вучиќ за проблемите со Косово: Ќе се бориме во тешки услови

Српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека не може да ги толкува или да зборува за важноста на неговите посети на САД, но дека секој разговор со американски официјални претставници е важен затоа што пред Србија „не е лесна есен, ниту пак едноставна зима“.,,Ова не се лесни и едноставни работи за нас, ќе има проблеми”, рече Вучиќ, кој во САД имал серија состаноци за Косово и Метохија.Ќе се бориме во тешки услови, нема да биде лесно, ќе видиме како ќе изгледа сè. Секако, не очекуваме лесни денови, ниту лесна есен, ниту едноставна зима за нас”, рече Вучиќ.Според него, опозицијата не разбира што се случува во Србија.,,Нивната смисла за бавење со политика е мене да ме нервираат, додека за мене тоа е просперитетот на Србија”, рече Вучиќ.Говорејќи за нападите врз Србите во Хрватска, Вучиќ истакна дека е страшно тоа што се случи последните денови и додаде дека Србија ќе им помогне на своите луѓе кои живеат во таа земја.

Свет | пред 6 години

sad

Продажбата на куќи во САД падна 12 проценти

Продажбата на нови куќи и станови во Соединетите американски држави (САД) во јули падна за 12,8 проценти, што е еден од главните показатели за сотојбата со американската економија.Причината за падот на продажбата се високите цени и намалената понуда, што ги одбива потенцијалните купувачи. Претставници на Министерството за трговија соопштија дека продажбата на нови куќи и станови по сезонски прилагодена стапка за период од 12 месеци изнесува 635.000 единици, што е намалување во однос на годишната стапка од 728 илјади.Досега годинава продажбата вкупно пораснала само за 4,1 процент.Недостигот на расположиви куќи, предизвикан од забавената изградба, ги крена цените и ја намали продажбата.

Свет | пред 6 години

majka-dete

Мал интерес за оплодување со материјал од донатор, односно можност за бебе без партнер

Иако, во Македонија веќе една деценија е дозволено законски оплодување со донатор на сперма, се чини темата сѐ уште е табу и за неа не се говори доволно. А, цената за ваков вид услуги се движи од 500 до 1.500 евра. Но, колку жените кај нас ја користат оваа законска можност?Имам 40 години и неколку неуспешни долги врски зад себе. Како одминуваат годините, сѐ почесто почнав да размислувам дека тешко ќе најдам некој што ми одговара со кого би основала семејство. Би сакала да имам дете. Не знам каква е постапката за да бидам оплодена со донатор на сперма и колку тоа чини. Семејството и пријателите ме поддржуваат. Но, ми велат да размислам дали можам сама да го одгледувам детето. Ме советуваат да се распрашам кои се мажите кои донираат сперма, односно, да не случајно некој од нив боледува од некаква болест. Се работи за животно прашање и одлуката не е лесна. Безброј прашања ми минуваат низ глава, но желбата да родам е сѐ посилна и мислам дека нема да погрешам, ни вели Маја од Скопје, која е немажена, а сака да роди дете.Како до бебе без партнер? Ова прашање си го поставуваат многу како Маја, кои мајчинството не успеале да го реализираат во една класична семејна заедница, да го пронајдат животниот сопатник и да создадат семејство.Донатори од Данска и ШпанијаВо Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се врши оплодување со спрема на донатор и за таа цел потребна е нотарска изјава и психолошко советување. По добиената документација се поднесува барање до Државната комисија за биомедицинско потпомогнато оплодување во Министерството за здравство.„Целата постапка од моментот на доаѓање на барателот во нашата болница, добивање на потребната документација и набавка на биолошкиот материјал од банката за сперма трае од 2 недели до месец дена“, вели доктор Слободан Лазаревски, шеф на центарот за ИВФ во „Аџибадем Систина“.Тој информира дека во „Аџибадем Систина“ има интерес од жени кои сакаат да добијат  дете без партнер со помош на асистирана репродукција.„Најчесто се жени од Србија, Босна и Херцеговина, Косово, како и од западно европските земји, бидејќи кај нив законот за биомедицинско потпомогнато оплодување е поригорозен и е забрането да се направи ин витро доколку немаат  партнер“, вели доктор Лазаревски.Во Македонија, иако законски е предвидено, сѐ уште нема банка за спрема. А Клиничката болница „Аџибадем Систина“ го увезува биолошки материјал од реномирана банка за сперма од Данска.„Примероците од донаторите се високо квалитетни и испитани од инфекции и наследни болести. Пациентката има право да си одбере материјал според физички карактеристики. И се дава каталог од банката каде има фотографија од донаторот кога бил дете. Цената за оваа услуга е различна и зависи од физичките карактеристики на донаторот“, вели доктор Лазаревски.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пороен дожд доаѓа попладнево

Денеска времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град. УВ индексот е 7.Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а максималната дневна ќе достигне 37 степени Целсиусови.Во Скопје утринска температура 20 степени, а максималната 35 степени.

Македонија | пред 6 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

На граница со Грција се чека до половина час

Авто мото сојузот на Македонија ги информира возачите дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Бележиме зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце каде времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Објавени успните рокови на универзитетот св. Кирил и Методиј

На 29 и 30 август на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”-Скопје е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната  2019/2020 година.Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10 665 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има  5387 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4248 и за вонредни студенти слободни се 1030 места.Како и во минатите години, надоместот што го плаќаат редовните е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра.За да конкурираат за студии, кандидатите треба да имаат положено државна матура. Критериумите и условите за упис се содржани во Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ.Вториот уписен рок на УКИМ е на 12 и 13 септември, а  третиот рок на факултетите каде што ќе останат слободни места е на 25 септември.Согласно со Закон за високото образование донесен минатиот мај, учебната година за студентите почнува на 1 октомври.

Македонија | пред 6 години

zaev-katica-mickoski

Русковска да го повика Заев да даде исказ за „Рекет“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Зоран Заев е повторно фатен во криминал. Секој ден се повеќе се гледа неговата улога во рекет. Со секој изминат ден се потврдува дека тој е главата на криминалниот октопод.Записникот од исказот на еден од сведоците во случајот Рекет потврдува дека Заев ја попречувал истрагата за случајот, со тоа што второосомничениот Зоран Милевски го известил дека сведокот го пријавил рекетот во обвинителството. Заев не само што лажеше дека прв го пријавил случајот, туку и застанал на патот на правдата и на страна на рекетарите.Овој исказ е доволен Заев да биде повикан на распит во обвинителството. Аболицираниот Заев е на чело на оваа рекетарска банда, единственото прашање кое остана неодговорено е колкав дел од колачот земал тој, односно колку милиони од скапите чанти завршиле во неговата канцеларија на Илинденска бб.Паничните реакции на главата на октоподот и обидите за цензурирање на медиумите нема да успеат. Македонската јавност го гледа криминалното лице на Зоран Заев. Рускоска по ваквиот исказ на сведокот, најмалку што требала да направи е да го повика Зоран Заев да даде исказ во обвинителството, но наместо тоа Рускоска по стапките на Заев се закани на медиумите кои го објавија овој документ. Со ова Рускоска докажува дека е соучесник во криминалниот октопод на СДСМ.Правдата ќе биде задоволена, а вистината ќе победи. Деновите на Заев во премиерската фотелја се избројани. Со секоја негова панична изјава, тоне се подлабоко и подлабоко“, пишува во соопштенито на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

pozar-drvja

Пожар над селото Опеница - гори борова шума, пожарникарите се обидуваат да го локализираат и изгаснат

Пожар над  селото Опеница према Расино, во близина на Охрид. Гори борова шума. Пожарот избил попладнево. Противпожарните екипи од Охрид  веднаш излегоа на терен и се борат со огнената стихија, но пожарот сеуште не е изгаснат.  Вечерва охриѓани чувствуваат јак мирис на изорено , а и градот е зачаден.Повеќе детали во текот на утрешниот ден. 

Македонија | пред 6 години

ambasadorka

Американската амбасадорка во посета на Охрид

Амбасадорката на Соединетите американски држави, Н.Е. Кејт Мари Брнз, денес, оствари средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.На средбата се разговараше за добрата меѓусебна соработка, како и за идните планови со кои ќе се продлабочи соработката. Градоначалникот Георгиески, изрази благодарност до амбасадорката за поддршката што низ годините американската амбасада ја дава на општина Охрид во секоја сфера.Заеднички беше потенцирано, дека во иднина ќе се стави акцент на унапредувањето на соработката во областа на туризмот, негувањето и развивањето на културните врски и поддршка во областа на образованието.Инаку, ова е прва официјална средба помеѓу амбасадорката, Кејт Мери Брнс и градоначалникот Константин Георгиески.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

Хронологија на настаните поврзани со „Рекет“ и објавените записници за Орце Камчев

Хронологијата на настаните го вели следното.1. Пред два дена во контактна емисија на тв се јавува непозната жена со трема и го вели следното - ,,фамилијата Камчеви утре ќе се огласи".2. Сл.ден, 2 часа пред објавата во медиуми на дел од записникот на Камчев во ЈО, Јовче Ременски, директор на Управа за тероризам и сопруг на Фросина, вчера се огласува со три шифрирани статуси во кои најави понеделнички апсења.3. Дел од опозициските медиуми објавуваат една страна од записникот на Камчев. И со дел од раскажани, непотврдени со документ муабети, во ,,Рекет" го инволвираат Заев, Шекеринска, Ременски, Димитров.4. Во емисијата ,,Стадион" на Канал 77, новинарот Саше Димовски, најавува дека ,,Ла Верита" наскоро ќе објави муабет меѓу Боки и Јовче Ременски, веднаш по земање на парите5. Геро во денешна колумна насловена како ,,Кој и зошто се обидува да ја искомпромитира истрагата за аферата „Рекет“?, прашува : дали во протекувањето на вчерашниот Записник во опозициски медиуми е инволвиран токму Јовче Ременски - ,,секако, клучното прашање – постои ли опасност токму Ременски да е поврзан со протекувањето на документите од офисот на Вилма Русковска? Не тврдам ништо, само прашувам…"Многу е просто.Ова се вика линеарно размислување.Туку, некои од опозициските медиуми другпат добро да си ги проверуваат цајканските извори. А, по можност и помалку да им веруваат, за да не ги стават еден ден у длабок шит.Преголема и пресериозна е работава за толку лефтерност.Јорданка Ивановска-Јоци (Фејсбук статус)

Коментари | пред 6 години

amazon-pozar

ФОТО: Не се знае судбината на најголемата тропска шума на планетва, беснеат стотици нови пожари

Стотици нови пожари продолжуваат да ја уништуваат Амазонската прашума, додека се засилува меѓународниот притисок врз бразилскиот претседател Жаир Болсонаро да преземе ефикасни мерки за гаснење на пожарите.Судбината на најголемата тропска шума на планетата, проголтана од пожарите, е во фокусот на самитот на Г7, што се одржува во францускиот Бијариц.Според Националниот институт за истражување на вселената (ИНПЕ), изминативе два дена избувнале нови 1663 пожари. Според проценките, заклучно со 20 август, повеќе од 500,000 хектари биле уништени за 16 дена пожар во џунглата во Амазонија.Сателитските слики евидентирале повеќе од 72.800 пожари во амазонскиот регион на Бразил помеѓу јануари и август оваа година.Во пожарите се опустошени и големи области на шума во Парагвај и Боливија.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања