Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

kamcev-janeva-696x392-696x392

Јанева го спремала Камчев за заштитен сведок против Мијалков во „Империја“!?

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева наводно разработила неколку сценарија со кои сакала бизнисменот Орце Камчев да го спаси од затвор како осомничен во случајот „Империја“. Ова се заклучува од неодамнешната изјава на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој образложуваше зошто Јанева од сведок стана осомничена во случајот „Рекет“, објави Фокус.мк.Останатите двајца осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичеец се гонат поради сомнеж дека земале 1,5 милиони евра од Камчев за да го спасат од кривичен прогон за „Империја“, а според обвинителството тоа се правело со учество и амин и на шефицата на СЈО.Според досега јавно објавените информации од истрагата планот бил следен. Набрзо откако СЈО ја отвори истрагата за случајот „Империја“, а осомничените беа ставен во притвор, да се сврти кормилото во обратна насока, па осомничениот Камчев за почеток да добие куќен притвор, а потоа да му биде вратен и пасошот. За спас од високите затворски казни од над 10 години кои му се закануваа пак имало две сценарија,објави Фокус.мк.Текстот во целост на: Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

arheolozi

Македонски археолози тврдат дека Исус е роден во Македонија

Група археолози од Македонија, која се нарекува „Исусовци“, тврдат дека го пронашле точното место каде што се родил Исус Христос, но дека тоа не се наоѓа во Витлеем од Западниот брег, каде што досега така се мислеше и тоа место се нарекуваше Јудеја, туку во селото Витлемово во близина на Охрид, објави okno.mk„Мислам дека ова е вистинкото место каде што е роден Исус, а не во оној Витлеем во близина на Ерусалим“, вели Аврам Јаков, археолог од здружението „Исусовци“.Во малото село наречено Витлемово, при градење на автопатот кон Тирана, е пронајдено загадочно место. Постојат неколку докази, вели Јаков, дека тоа е местото каде што се родил Исус.Според археолозите, се очекува ова откритие да ја смени светската перцепција на Македонија и да ја смести нашата земја на картата на верскиот туризам. Засега нема никакви реакции од Ватикан и од другите христијански центри во светот.Текстот во целост на: okno.mk

Македонија | пред 6 години

lazar-janev

Синот на Јанева: Идно време од глаголот јас крадам… јас сум во затвор

Идно време од глаголот јас крадам… јас сум во затвор, пишува синот на специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева пред неколку години на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

najcevska

Најчевска: Не може да им даваме шанса на пилиштарци да си играат со државата

Професорката, активистка и експертка од областа на човековите права, Мирјана Најчевска на Фб напиша што очекува од политичките партии:Оној кој ќе го постави некоја политичка партија на висока функционерска позиција како што е министер очекувам:1. Да има јасна идеолошка определба која ќе соодветсвува на вредносниот систем на соодветната партија.2. Да има знаење од областа за која е назначен.3. Да има познавања за државната структура, структурата на конкретниот орган со кој ќе раководи, односите меѓу различните органи, законите, Уставот и целокупната легислатива која се однесува на соодветната област.4. Да има стекнати и веќе испробани вештини во управување.5. Да има искуство и прележани детски болести.6. Да има период на кариерно напредување од кое може да се види како се снаоѓа со моќ, со располагање со туѓи пари, со влијанија од надвор, со комуникација, со кадровски решенија, со планирање, со антиципација, со ...7. Да нема никаков конфликт на интереси меѓу она што претставува професионална определба и моменталната функција која ја врши.Ако се применат барем три од наведените седум барања може да тргнеме во градење на државата.И не, не може учителка по физика да биде заменик министер за образование.И не, не може дете со интернет фирма да биде министер по финансии.И не, не може да има прво вработување министер.И не, не може секоја будала собрана од улица да биде пратеник.И не, не може адвокат со просечна интелегенција и подпросечен број години да биде врховен судија.И не, не може бизнисменка да биде амбасадорка.И не, не може подпросечен студент да стане ЈО.И не, не може директор на УБК да биде бизнисмен.И не, не може ...И не бре. Не може да им даваме шанса на пилиштарци да си играат со државата и да не ранат со колачиња од кал.https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10216306011377765

Македонија | пред 6 години

Damjan-Mancevski1

Министерот Манчевски прашува: И ААВМУ ли одлучи да застане во одбрана на лажните вести и на фантомските портали?

Министер за информатичко општество и администрација и потпретседател  на СДСМ Дамјан Манчевски е изненаден од реакциите на ААВМУ и медиумските асоцијации по најавите за тужби од неколкумина функционери од власта за порталите кои според нив „објавиле лажни вести и ја манипулира јавноста“.Тој на својот фејсбук профил напиша:Според кој стандарди Инфомакс е медиум? Нема адреса, нема импресум, не се знае сопственоста... Класичен пример на извор за лажни вести.На порталот има реклама - линк до бугарскиот мобилен оператор Теленор. Текстот е на руски јазик. Хаос. Техничка грешка или некој плаќа за ваква реклама?Прашањето го упатувам и до медиумските организации кои повикаа политичарите да не реагираат на вакви класични примери на лажни вести. Тогаш се прашувам кој. Кога веќе конечно ќе ја видиме таа саморегулација?И ААВМУ одлучи да застане во одбрана на лажните вести и на фантомските портали. И покрај тоа што цело време ААВМУ тврди дека не може да врши никаков надзор над порталите.Веќе знам и дека дел од коментарите на постот ќе бидат зошто нешто не превземеме. Одговорот е дека работиме согласно закон и дека веднаш ќе се протолкува како притисок. Свесен сум дека за многумина ова не е она што сакаат да го слушнат, ама тоа е вистината.А, за вистината и стандардите во медиумите...? Сеуште верувам дека саморегулацијата ќе даде резултати. Се надевам во мојот животен век, напиша на својот ФБ профил министерот Дамјан Манчевски.https://www.facebook.com/damjan.manchevski.3/posts/2470095199693192

Македонија | пред 6 години

grcija-1

Грчката противпожарна служба соопшти дека денеска на Пелопонез биле уапсени две лица на возраст од 47 и 43 години, поради сомнеж дека подметнале пожари, како и дека едниот од уапсените го направил тоа...

Грчката противпожарна служба соопшти дека денеска на Пелопонез биле уапсени две лица на возраст од 47 и 43 години, поради сомнеж дека подметнале пожари, како и дека едниот од уапсените го направил тоа три пати во период од една недела, пренесе „АП“.Инаку во Грција за два дена избувнале 56 шумски пожари во кои интервенирале 693 пожарникари со 273 возила, 21 пешадиски тим и авиони и хеликоптери, а помагале 88 волонтери со 27 волонтерски возила, соопштуваат од Противпожарната служба на Грција, jави дописничката на МИА од Атина.Пожарите на грчките острови Самос и Китира, денеска се ставени под контрола откако противпожарната служба на Грција цела ноќ се бореше со огнените јазици. 

Свет | пред 6 години

Ubistvo-SHabac

(ВИДЕО) Братоубиство - Сигурносни камери снимија како го носел телото на брат му во количка

По убиството на 24-годишниот Игњат Гајиќ во Шабац, за што е осомничлен неговиот брат, Богдан, Телеграф.рс објави снимка од сигурносна камера на која се гледа моментот кога полицијата го сопрела Богдан како турка количка во која се наоѓало телото на неговиот брат.На снимката се гледа, количката во којашто се наоѓа телото е покриена со бел чаршав. Осомничениот се движи споро и тешко, а во еден момент, додека ја турка количката, гледа околу внимателно себе.Инаку ова убиство што ја шокира Србија, но и регионот. Злосторството се случи во понеделникот во утринските часови. Полицијата открила траги од крв на килимот на кој се случило убиството, а наводно, трагите ги забележале и родителите на браќата, но не се посомневале во ништо.Според информациите од српските медиуми, осомничениот до смрт го претепал својот брат околу 10 часот наутро.Видеото може да го погледнете тука.

Свет | пред 6 години

avion-alpi

Три лица загинаа при пад на мал авион на швајцарските Алпи

Полицијата на швајцарскиот кантон Вале соопшти дека авион „пајпер“ кој утрово полетал од западна Швајцарија се урнал по полетувањето и се запалил во близина на границата со Италија.Според надлежните швајцарски агенции во кантонот Вале, едномоторниот авион од типот „Piper“ полетал од аеродромот во околу 9 часот утрото по локално време, и се упатил кон Италија. Час и половина по плетувањето станало јасно дека авионот се урнал, а потоа било утврдено дека по падот леталото се запалило.„Службите за итни случаи брзо пристигнаа на местото на настанот во близина на италијанската граница, каде ја констатирале смртта на пилото и двајца патници: возрасно лице и дете“, се истакнува во полициското соопштение.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Aхмети вели: Случајот „Рекет“ е скандал и треба да се расчисти

Трите најголеми партии: ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ се согласуваат дека секој сторител на криминално или коруптивно дело, без оглед на неговата позиција и функција во државата, мора да сноси одговорност.„Алчноста го уништува човекот. Нашиот народ има израз, извонредна филозофија, алчноста уништува се. Мислам дека тука е алчноста, според моја проценка не станува збор за никакво сценарио“ - вели Ахмети.Ахмети и Јанева досега не се соочија во СЈО иако вештачењето за „Попис“ е завршено од пред три месеци, а тој не е повикан на распит.Причината за несреќата засега не е позната, а швајцарските власти отвориле истрага. Очевидец на несреќата, кој со своето сепејство бил на излет во областа, изјавил за локалните медиуми дека одеднаш слушнал две силни експлозии.

Македонија | пред 6 години

pozar-amazonija

(ФОТО) Пожарите во Амазонија се гледаат и од вселената, Папата Франциск повика на молитва за спас

Папата Франциск денеска изрази загриженос поради пожарите што ја пустошат Амазонија , нарекувајќи ја ,,бели дробови од клучна важност за животот на нашата планета”.„Загрижени сме за големите пожари што се раширија низ Амазон. Овие шумски бели дробови се клучни за животот на нашата планета“, речеПапата пред толпата верници собрани на плоштадот Свети Петар.Осумдесет и двегодишниот папа, кој е роден во Аргентина во Јужна Америка и е домаќин на големата меѓународна конференција за Амазон наесен, ги повика 1,3 милијарди католици низ целиот свет да „се помолат за сите пожари да бидат изгаснaти што поскоро“.Инаку сателитски снимки од вселената на НАСА се крајно вознемирувачки. Тие укажуваат на огромниот размер на пожари што во изминатиов период ја зафатија Амазонија.Огнот и чадот од Амазон јасно се видливи од вселената, а фотографиите на НАСА покажуваат дека ситуацијата во неколку бразилски држави е застрашувачка.https://twitter.com/NASAEarth/status/1165038267865190401?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1165038267865190401&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Fvoznemiruvachki-satelitski-snimki-ognot-i-chadot-se-gledaat-od-vselenata-foto

Свет | пред 6 години

ivan-dzolev

Утре ќе се проверува дали записникот од сведокот во „Рекет“ воопшто стигнал во судот

Во Кривичниот суд утре ќе се проверува дали записникот од сведочењето на Орце Камчев за „Рекет“ воопшто стигнал до судот, за да потоа се види дали можеби протекол од таму.-Утре ќе провериме дали во судот бил испратен записникот, кусо вели Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд, објави Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пукање на роденденска прослава - ранети седум лица

Пукање на роденденска прослава во американската сојузна држава Мериленд, ранети се седум лица. Инцидентот се случил по кавга на роденден на двегодишно дете во Камп Спринг. Кавгата почнала во стан, каде 12 возрасни славеле роденден на дете, а продолжила пред зградата. Во еден момент на луѓето кои „разменувале зборови“ им пришла непозната личност и почнала да пука во нив, вели Хенк Ставински, шефот на полицијата на округот принц Џорџ, каде се случило пукањето.Тројца од седуммината повредени се во критична состојба, но се очекува да преживеат затоа што не се животно загрозени, додал Ставински. Сите седуммина се на возраст од 18 и 20 години.Напаѓачот е во бекство.

Свет | пред 6 години

golf

Шест луѓе повредени откако гром удри на голф турнир во Атланта

Шест гледачи беа повредени откако гром удри во дрво во саботата навечер на голферскиот турнир, Тур шампионат во Атланта, Џорџија.ПГА турнејата потврди дека ударот повредил шест луѓе кои веднаш биле однесени во болница, но не се работи за посериозни повреди. Били Крамер, сопственик на количка за продавање храна на турнирот, за локалната телевизија изјави дека бил во количка за голф кога громот удрил, по што излетал од возилото и го повредил скочниот зглоб.Ударот се случил додека немало голфери на теренот – играта била сопрена во 16:17 по локално време, а двата грома удриле во 16:45, додека гледачите чекале да се продолжи турнирот.https://twitter.com/HaydenNix/status/1165369034352877570?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1165369034352877570&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F317158%2Fsest-lugje-povredeni-otkako-grom-udri-na-golf-turnir-vo-atlanta

Свет | пред 6 години

1942279_boki_ls

СДСМ бара од Русковска истрагата за Рекет да се забрза

„Во белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата, продолжуваат со ширење на лажни вести и невистини, повикувајќи се на дезинформации објавени во медиуми, што говори за степенот на очај во ВМРО-ДПМНЕ. Станува јасно дека како што се развива истрагата за случајот Рекет, така паниката во ВМРО-ДПМНЕ е се поголема.Попречување истраги, нарачување предмети и пресуди беше одлика на криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.Надлежните институции да откријат како исказот на еден од осомничените стигнал до медиумите, а Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да се изјасни за веродостојноста на објавениот исказ.Објавувањето на вакви доверливи документи со цел да се поткопа истрагата е кривично дел, а доколку се докаже дека одредени медиуми свесно манипулирале со содржината на документот, мора да следува одговорност согласно правните норми.Истовремено, ова е уште потврда за потребата од забрзување на истрагата и лоцирање на сите вмешани во случајот Рекет. Нарачателите, извршителите и помагачите и сите вмешани, од прв до последен, да одговараат за своите постапки.Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ја наруши постапката, да ја загрози истрагат и да ги заштити криминалците и своите тајкуни, ќе одговараат сите за кои низ судска потапка ќе се докаже вмешаност во овој случај.Ги повикуваме надлежните институции да го расчистат овој случај но и сите останати предмети и истраги, а виновниците да одговораат без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност“, пишува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

kosta-pozar-sk

Георгиевски: Пожарникарите се постојано на терен и се борат со пожарот над селата Опеница и Косел

Охридскиот градоначалник Константин Георгиевски вели дека пожарникарите се постојано на терен и се борат со пожарот кој избувнал вчера во близина на селата Опеница и Косел во Охрид. Тој потврди дека на терен се излезени и противпожарните авиони.„Пожарникарите на Противпожарната станица од Охрид постојано се на терен и се борат со шумскиот пожар кој избувна вчера во близина на селата Опеница и Косел. Со цел да се утврдат понатамошните координирани чекори за посоодветно справување со огнената стихија, претпладнево заседаваше и Кризниот штаб на општина Охрид. Освен теренските активности за гаснење на пожарот во кои се вклучени и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, започнаа да делуваат и авионите за гаснење на пожари, кои ќе помогнат во целокупната акција“, пишува Георгиевски на „Фејсбук“.

Македонија | пред 6 години

pozar-kosel-pozarnikar-1-sk

ВИДЕО: Страшна глетка, пожарот во Охрид зема замав - екипите се борат со огнената стихија

Пожарникарите на сите начини се обидуваат да се справат со пожарот кој изби на непристапен планински предел во близина на селата Косел и Опеница. Сликата низ паднинтие на планината е страшна, а огнената стихија зема замав, а гори борова шума. На терен се интервенира со противпожарни возила, а градоначалникот на Охрид ги вклучи и сите расположливи ресурси со кои располага општината.Дирекцијата за заштита и спасување на терен ќе ги пушти и противпожарните авиони, кои ќе треба да го забрзаат гаснењето на пожарот. Поради пожарот во текот на ноќта Охрид беше прекриен со чад и се чувствуваше силна миризба.На терен моментално е и градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски, кои ги координира активностите за за брзо гаснење на пожарот кој претставува опасност за локалните жители.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Арсовски: Цели 4 месеци, Русковска го имала исказот на оштетениот и не се ни осмелила да ги повика на разговор ниту Заев, ниту Шеќеринска, ниту Ременски

Зоран Заев и целото раководство на СДСМ се во длабок очај.Откако Јавното обвинителство и продолжената рака на Зоран Заев, Вилма Русковска ја потврдија веродостојноста на исказот на оштетениот што излезе во медиумите пред само два дена, целата криминална банда од СДСМ побрза да се заканува до медиумите со тужби до медиумите, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕДодека се закануваа вчера кон медиумите, никој од нив, ама баш никој  не се осмели да објасни што правеле тие самите на средби со осомничените во случајот РЕКЕТ, што разговарале, дали и колку пари земале од изрекетираните бизнисмени и најважното, дали и зошто Зоран Заев ја опструирал истрагата?Цели 4 месеци, Вилма Русковска го имала исказот на оштетениот и не се ни осмелила да ги повика на разговор ниту Заев, ниту Шеќеринска, ниту фамилијата Ременски, ниту пак синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, ниту пак никој друг од раководството на СДСМ кој што на било каков начин е инволвиран во целиот случај.Да потсетиме дека истата таа Вилма Русковска заради исказ на обвинет во случајот со 27ми бараше да им се изрече притвор на неколку лица, само заради тоа што беа спомнати во исказ на еден обвинет.Ете ги двојните стандарди на дело.Прашуваме кога ќе биде повикан Зоран Заев во обвинителството и да каже како го штител Бојан Јовановски и да каже зошто ја опструирал истрагата?Кога ќе биде повикана Радмила Шеќеринска да даде исказ во обвинителството што разговарале со Боки 13 кај него дома и што правел нејзиниот сопруг во домот на  оштетениот?Кога ќе биде повикана фамилијата Ременски која се заканува со апсење на социјалните мрежи?Кога ќе биде повикан синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, и да каже на кој  начин ги склучувале договорите за рекламирање на бизнисмените и компаниите со телевизијата.СДСМ и Зоран Заев се готови.Истрагата се води многу штуро и многу непрофесионално. Но, затоа сепак голема среќа што јавноста врши огромен притисок што побрзо да се разреши.Бараме веднаш, ама веднаш да бидат повикани и да дадат исказ сите инволвирани во случајот Рекет.Обрачот се стега околу главата на криминалниот октопод. Зоран Заев е на самиот крај на политичката кариера.Почитувани,Одговорност мора да има за сите и потребни се предвремени парламентарни избори кои ќе донесат обнова на Македонија, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Стоилковски: Дали членовите на ДКСК се согласиле да ја преземаат одговорноста да бидат алиби за криминалот на државната мафија?

Институциите ДКСК и ЈО се очигледно потчинети на државната мафија. Потчинети на Зоран Заев, на Рашковски, на Анѓушев.Директно ги прашувам:Дали членовите на ДКСК се согласиле да ја преземаат одговорноста да бидат алиби за криминалот и корупцијата на државната мафија?Дали антикорупционерите по сиот спектакл за нивен избор, за пополнување на празнината за борба со корупцијата создадена токму од власта, сега прифаќаат улога да остават простор и време за корупцијата да продолжи, со тоа што антикорупционерите  „Отворила предмет“?Во време на незапаметени огромни меѓународни криминални корупциски скандали на власта, со месеци се чекаат ставовите на антикорупционерите. Отворен предмет значи можност на ЈО да не работи, криминалот и корупцијата да продолжат и натаму, а во меѓувреме да се влијае на докази и на сведоци. Антикорупциска за отворени предмети како Тополки и за Леонардо е срамно алиби за наводно функционирање на системот, кој во исто време врши тортура врз медиуми и новинари заради откривање на корупција, токму во овие предмети, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Леонардо е пример за чиста корупција, а антикорупционерите над 50 денови имаат предмет и немаат став, а државата напаѓа медиуми, се носат новинари во полициски станици, се најавуваат кривични пријави против нив! Зар ДКСК ќе дозволил да почне кривична постапка против новинари, а тие уште ќе градат став „по допрен глас“? Очигледно е дека постои притисок од државната мафија, за толку јасен случај да нема разврска. Колку време им треба на антикорупционерите  за да увидат дека не му е местото на Драги Рашковски како Генерален секретар на Владата да договара тајни средби која компанија да добие тендер, па да договара што да се дополни, што да се менува, колкава ќе е авантата.Антикорупционерите немаат став ниту за Тополки. Внимавајте Вицепремиерот Анѓушев ја убедил владата за во директна спогодба со Владата да се дозволи и даде земја за да се отвори бизнис на семејни компании на Анѓушеви. Антикорупционерите предметот го имаат од 9 мај. Четири месеци нема никаков заклучок од антикорупционерите за ваков невиден милионски скандал. Дали чекаат Кочо да ги изгради хидроцентралите , да почне да продава струја, можеби и да падне власта и да застари случајот?Почитувани,Антикорупционери со месеци оставаат простор, обвинителите молчат или среде истрага покриваат владини функционери, корупцијата цвета а државата тоне во сиромаштија и долгови. Ова е класичен пример за злоупотреба на положбата, класичен пример за работа на ДКСК и ЈО под директен притисок и управување од државната власт, од државната мафија од извршната власт. Институциите кои што треба да се со интегритет и високо професионално и етичко ниво, се класичен пример за намерно соучество во корупција и криминогено делување. Ваквото неодговорно однесување на институциите заради власта која што тоне во криминал и корупција, мора да бидат предмет на истрага за можна злоупотреба на службените положби и овластувања.На Македонија и се потребни итни избори по кои што секој еден  случај ќе биде разгледан од независни институции и ќе има и одговори и одговорност, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Сугарески: Започнавме инвестициски циклус од 850 милиони евра во патната инфраструктура

Како одговорна политичка партија, ги исполнуваме ветувањата што ги дадовме пред граѓаните. Хаосот од 11 години дивеење на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата конечно го запревме. Ветивме и интензивно работиме на унапредување на целокупната инфраструктура. Ветивме и силно вложуваме во изградба на нови патишта како и рехабилитација на старите кои со децении беа заборавени.Ветивме изградба на железницата и тоа го реализираме. Ја гасифицираме цела држава, градиме  нови водоводи и канализации. Во овој момент Владата предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестици во инфраструктурата. Се гради насекаде како никогаш до сега.Во таа насока, до сега изградивме и рехабилитиравме преку 500 километри патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра. Го завршивме автопатот Миладиновци – Штип кој како голем товар го наследивме од ВМРО-ДПМНЕ заради бројните грешки и недостатоци во изградбата. Но бевме решени, автопатат мораше да се заврши со сите безбедносни аспекти за сообраќај. Впрочем, граѓаните имаат право да знаат како им се трошат нивните пари, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сигаревски.Ги решивме и сите недоследности и пропусти што ги наследивме од ВМРО ДПМНЕ и го пуштивме во сообраќај и автопат од Демир Капија до Смоквица. Додека ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошеше на барок и споменици, ние ги вложуваме во вистински развој на инфраструктурата. Рехабилитиравме и реконструиравме преку 80 магистрални и регионални патишта со вкупна инвестиција од преку 400 милиони евра. Саниравме и реконструиравме мостови на државните патишта, поставивме нова сообраќајна сигнализација на најголем дел од патната мрежа во земјава.Ги модернизиравме наплатните станици на Коридор 10, воведовме електронска наплата на патарините, а го изградивме и најмодерниот центар за контрола  и мониторинг на патиштата. Инвестициите во патиштата не запираат. Владата предводена од СДСМ, во овој момент инвестира преку 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура.Во тек е изградба на автопатот Кичево – Охрид, за кој морам да истакнам дека се направија сите максимални напори за да може да се доизгради.  Добро знаете дека ВМРО-ДПМНЕ направи пустош со овој автопат. Започнавме со изградба на 4 експресни патишта во вредност од преку 170 километри и тоa:Градско-ДреновоШтип-РадовишШтип- КочаниРанковце - Крива Паланка.Исто така Владата предводена од СДСМ, интензивно работи и на прокетирање за изградба на експресен пат од Битола до Меџитлија, од Струмица до Гевгелија, како и за проширување на патот од Прилеп до Битола.Започната е постапката за изградба на автопат од Скопје до Блаце како и од Гостивар до Кичево, инвестиции кои ќе надминат неколку стотини милиони евра.Интензивно се работи и на преку 350 километри или околу 40 регионални патишта во изградба, рехабилитација и реконструкција, како  и десетина мостови и свлечишта. Би спомнал само некои од нив:Рехабилитација на регионален пат Тетово – Попова ШапкаРехабилитација на магистрален пат Струмица – Ново СелоКавадарци – РосоманШтип – Радовиш,Непроштено – Пршовце,Куманово – Свети Николе и до НикуштакПробиштип – Крупиштеобиколница на КочаниФурка – Богданци – ГевгелијаМакази – Ресен,     и уште многу други.Дополнително, во периодов што следува Владата предводена од СДСМ  започнува со  реконструкција и рехабилитација на 450 километри магистрални и регионални патишта.Средствата за санација на овие патишта се веќе обезбедени од буџетот на Владата и од буџетот на ЈП за државни патишта.Исто така интензивно се работи и на подобрување на патиштата и улиците во општините. Во завршна фаза е обезбедување на 70 милиони евра преку Светска банка наменети за изградба и рехабилитација на локални патишта. Овие пари можеме да најавиме дека ќе можат да се користат веќе од следната година.Програмската определба на СДСМ има за цел  да го подобри животот на сите граѓани, да се обезбедат услови за брз и олеснет транспорт, регионално поврзување со соседите и подобрување на економската моќ на државата. Во таа насока ги интензивиравме работите за изградба на железницата кон Бугарија.Ја завршивме изградбата и на пругата од Битола до Кременица. Посветено работиме на подобрување на условите на живот во населените места преку изградба на  водоводи и канализации. Граѓаните заслужуваат достинствен живот. Интензивно се гради и гасоводната мрежа, со што значително ќе се  намалат трошоците за енергија на компаниите и домаќинствата.Се грижиме за граѓаните, посебно за најранливите категории. Во изминатиов период обезбедивме кров за 164 социјално загрозени семејства, а со изградбата на социјалните згради во Неготино и Пробиштип кои се во тек, ќе се реши станбеното прашање на уште 110 семејства. Ова се само дел од досега спроведените мерки што го унапредуваат и подобруваат секојдневниот живот на граѓаните во државата.Изградбата на нови патишта, модернизацијата на патната мрежа и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот се врвен приоритет за СДСМ и Владата која ја предводи, истакна Сигаревски.

Македонија | пред 6 години

pozar-kosel-skopje1

ФОТО: Градоначалникот на Охрид ги ангажираше сите ресурси за гаснење на пожарот кај Косел

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски заедно со Противпожарната бригада излезе на терен над селата Косел и Опеница, каде од вчеравечер бесее голем пожар.Георгиевски претходно ги ангажираше сите расположливи ресурси за брзо гаснење на пожарот кој претставува опасност за локалните жители.  Тој ги координира екипите вклучени во гаснењето, како и активностите за справување со стихијата.

Македонија | пред 6 години

61382580-pozar

Авиони ќе го гаснат пожарот кај охридските села Косел и Опеница

Агенцијата за заштита и спасување со противпожарните авиони ќе го гаснат пожарот кој изби во близина на селата Косел и Опеница. Ова е една од мерките која ќе биде превземена за да се изгасне пожарот кој изби вчеравечер.Кризиниот штаб на Општина Охрид кој заседаваше во изминатите часови, одлучи да ги вклучи и вработените во сите јавни претпријатија, за да се доизгасне огнот. На терен е излезен и градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски.Во моментов, пожарникарите од противпожарната служба од Охрид се на терен.  Но, поради тешко пристапниот планински терен, отежнато е гаснењето на пожарот во шумата. За гаснењето на огнот се ангажирани две возила на Противпожарната единица, а вклучени се и екипи од шумската полиција.Опожарена е голема површина, а поради ветрот пожарот се сеуште се шири.Поради пожарот во текот на ноќта Охрид беше прекриен со чад и се чувствуваше силна миризба. 

Македонија | пред 6 години

straza-soobra-1

Црна статистика: Во сообраќајки за шест месеци низ државата загинале 70 лица

Во првите шест месеци од 2019 година во сообраќајни незгоди на патиштата во државата загинале 70 лица. Во 2018 година, според податоците од СВР Скопје, вкупниот број жртви во сообраќајни несреќи е 118. За Форумот за граѓански активизам, 2019 година за Република Северна Македонија е најцрна година на патиштата и потребни се итни системски промени.Статистичките податоци го покажуваат, a тоа и со сигурност може да се консатитира, велат од Форумот, дека 2019 година е најцрна година на патиштата во државата споредувајќи ги последните 20 години.– Само на пример за споредба, во првите шест месеци од 2019 година има зголемување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди за 20 проценти во споредба со 2018 година, a во споредба со 2017 година оваа бројка е зголемена за 25 проценти, појаснуваат од Форумот за граѓански активизам.Во Република Северна Македонија во 2018 година, според податоците од СВР Скопје, вкупниот број жртви во сообраќајни несреќи изнесува 118. Најголем број од жртвите биле во Скопје 32, Штип 19, Тетово 15, Битола 18, Охрид 12, Струмица 11, Куманово седум 7 и Велес четири жртви.Најчести фактори за случување на сообраќајните незгоди со потешки последици за 2018 година, според СВР Скопје, се брзо возење, непочитување на првенство на минување, управување под дејство на алкохол, не држење страна и правец на движење, непрописно движење и свртување и грешка на пешаци.Главен акцент во активностите на РСБСП во рамки на Летна кампања – 2019, со цел едукација на учесниците во сообраќајот и подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот беше влијанието на брзото возење, алкохолот, заморот и високите температури на безбедноста во сообраќајот и на способноста за управување на моторно возило.

Македонија | пред 6 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски го правда сопругот: Пропаганда е сленгот „Џандар збира“, гладна кокошка просо сонува

По најавите на Јовче Ременски преку својот „Фејсбук“ профил дека од понеделник ќе има „џандар збира“, што порталите велат дека во полициски жаргон значело најава за апсења, неговата сопруга Фросина Ременски го правда началникот на Управата за заштита од тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија„Многу разбирачи имало за "полициски СЛЕНГ" (?!). Сленгот (без македонски превод) изворно е збор кој означува јазик со кој по правило се служат затворени групи (затвореници, криминалци, улични групи и сл.).Во македонскиот литерстурен јазик сленгот е термин за жаргон во културна смисла.Во полициските науки сеуште нема лингвист/професор јунак што покрај полицискиот терминолошки речник ќе напише речник на македонски полициски жаргони. Ова не е затоа што нема кој да напише и истражи, туку затоа што кај нас нема воспоставен полициски жаргон со кој се служи полицијата во своите полициски постапувања.  За среќа полицијата го препознава сленгот на криминалните групи и лесно идентификува индиции за криминални дејствија. Сленгот или жаргонот во полициите во САД и други земји е дозволен, но кај нас ниту го има, ниту може да биде јазик на комуникација интерно и екстерно во полициските кругови.  Вревата околу "Џандар збира" и преводот што си го направија со "полициски СЛЕНГ", како и филмовите околу тоа е безобразно ефтин продукт на сленг пропагандата во смисла на онаа народната "Гладна кокошка просо сонува". Соновник да напишевте попродуктивен ќе беше, вака и партија карти не знаете да изиграте“, пишува пратеничката Ременски.

Македонија | пред 6 години

ohrid-pozar

(ВИДЕО) Свикан кризниот штаб на Општина Охрид, откако пожарот се прошири кон Косел

Во моментов во Општина Охрид заседава кризниот штаб , поради пожарот  кој изби вчера кај местото викано „Јасика“, во близина на селата Косел и Опеница.Неофицијално воспоставен е контакт со дирекцијата за заштита и спасување, од каде најавиле дека во текот на денов ќе ги испратат ER TRAKTOR авионите за да се изгасни пожарот.Пожарникарите  од противпожарната служба од Охрид се на терен од вчера.  Но, поради тешко пристапниот планински терен, отежнато е гаснењето на пожарот во шумата. За гаснењето на огнот се ангажирани две возила на Противпожарната единица, а вклучени се и екипи од шумската полиција.Опожарена е голема површина, а поради ветрот пожарот се сеуште се шири.Поради пожарот во текот на ноќта Охрид беше прекриен со чад и се чувствуваше силна миризба.  

Македонија | пред 6 години

atletski-maraton

На 8 септември Охрид ќе биде домаќин на 33 по ред Охридски атлетски маратон

На 8 септември  Охрид ќе биде домаќин на  33 по ред  Охридски атлетски маратон. Меѓународниот  атлетски маратон ќе се одржи на 30 километарската патека   каде за прв пат, од годинава, ќе се реализира и штафетна трка  во 3 делници од по 10 километри. Првата делница завршува во  селото Трпејца, втората кај  населбата Лагадин и третата делница завршува на целта кај Националната установа Дом на култура „Григор Прличев“ во Охрид. Пријавувањето за годинешниот Охридски атлетски маратон е започнато и ќе трае до 05 септември 2019 година а подигнувањето на стартните пакети за сите пријавени ќе се одржи на 07 септември  во Спортската сала „Билјанини Извори“  од 12:00 до 20:00 часот.Организациониот одбор на Охридскиот атлетски маратон, информира дека сите податоци околу котизација, стартните пакети и наградниот фонд може да се проследат на www.smartrace.club. Котизацијата за сите учесници на маратонската трка изнесува 900,00 денари и 2.250, 00 денари за штафетната трка.  За членовите на Интернационалната полициска асоцијација цените се 600,00 денари за маратонската трка со 1800,00 денари за штафетната трка.Охридскиот атлетски маратон со меѓународен карактер, е еден од најстарите атлетски манифестации на нашите и пошироките простори. Маратонот, во континуитет се одржуваше од 1976 година до 1993 година. Оваа спортска манифестација започна  од општински и прерасна во сојузен и меѓународен Атлетски маратон со постојан пораст на бројот на учесници кој се зголемуваше од 4 во 1976 година  до рекордни 150 учесници во 2017 година.Иницијативата за организирање на Охридскиот атлетски маратон, во 1976 година дојде од  Живко Стојчевски, кој со помош од тогашната спортска асоцијација „Софка“  ја организирал атлетската трка со само 4 учесници од Охрид. Стојчески бил дел од маратонците и бил победник а  до денес е најтрофејниот  учесник на овој маратон. Охридскиот атлетски маратон,  непречено се одржуваше  до 1993 година и беше организиран на 7-ми Ноември како спортски настан по повод ослободувањето на Охрид. После 10 годишна пауза, а по иницијатива на покојниот проф. Влатко Димитров и другите членови од сегашниот организационен одбор,  во 2004-та година обновен е  Охридскиот атлетски маратон со што се продолжи  традицијата на оваа голема атлетска трка.

Спорт | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања