Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

majka-tereza

26 август, денот кога е родена Мајка Тереза

На денешен ден, 26 август, во 1910 година во Скопје е родена Мајка Тереза, чие вистинско име е Агнеса Гонџа Бојаџиу. Таа е основач на сестринскиот ред на милосрдието.Во 1979 година ја добила Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот свет. Умрела во Калкута, Индија, на 5 септември 1997 годинаГонџа Агнес Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година, на тогашната улица “Поп Кочина” број 14, која што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија. Таа била најмалото дете во семејството, имала постара сестра Ага и постар брат Лазар. Ага е родена во 1904 година, а Лазар во 1908 година. Податоците за таткото на Гонџа, Никола Бојаџиу, не се расчистени докрај. Според едни тој бил трговец, а според други аптекарски помошник. Тој бил и член на Советот на Скопје како единствен католик. Починал во 1919 година. Мајката Драна била домаќинка и исклучително религиозна жена. Таа потекнува од фамилијата Бернај од Косово. Нејзиниот татко бил трговец и големопоседник.Гонџа потекнува од добростоечко семејство и во него владеело правилото да се помогне на секој на кој му е потребна помош. Драна била вредна жена и за да им овозможи на децата сигурен живот, по смртта на Никола, започнала да шие и да везе.Се верува дека името Гонџа го избрал нејзиниот татко. Тоа е албанско име и значи пупка или цвет од роза. Кога таа наполнила седум години тргнала на училиште, прво во црквата “Пресвето Срце Исусово”, а подоцна и во државното училиште. Во Католичката црква во Скопје, каде што била крстена само еден ден по своето раѓање, ја примила и првата причест. Гонџа, пеела во хор, играла во црковниот и градскиот театар, танцувала, рецитирала, свирела мандолина, пишувала поезија.По 6 години, таа конечно, го напушта родното Скопје. Заминува за Даблин, Ирска од железничката станица во Скопје. Заедно со мајката Драна и сестрата Ага заминуваат за Загреб, од каде, после две недели, Гонџа заминува за Ирска. Ова е последната средба на Гонџа со своите мајка и сестра.Во 1928 година заминува од родниот град и преку Даблин оди вo Бенгал и Калкута во Индија. По само два месеца таа си ја исполнува својата желба и се приклучува кон редот „Лоретски сестри“ во Бенгал. Во Калкута ја дава својата прва заклетва. Потоа е активна 17 години во училиштето „St. Mary's School“ во Калкута. Најпрво како наставничка, а потоа унапредена во директор.На едно од бројните патувања низ милионскиот град Калкута таа во 1946 год. го почувствува Божјиот повик да им помага на сиромашните. Дури две години подоцна добива дозвола да го напушти редот. Тереза била ексклаузирана, односно значи можеше да го напушти редот без притоа да се откаже од својот статус на калуѓерка. Оттогаш Тереза живее со најсиромашните во предградијата на Калкута. Еден нејзин портрет во магазинот LIFE, кој стана славен, и го даде прекарот "Saint of the Gutters" („Светица на бедниците“, или буквално „Светица на сливниците“). Оттогаш, секаде и секогаш таа се именува со Исус, ширејќи ја својата молитвена порака дека „Светот не е гладен само за леб, туку уште повеќе за љубов“. Како основач на редот Мисионери на милосрдието, се посветила на добротворна работа помагајќи им на болните и сиромашните луѓе, поради што во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир.Во 1950 год. го основаше редот „Мисионерки на љубовта кон ближниот“, а во 1951 добива индиско државјанство.Мајка Тереза ја добива Нобеловата награда за мир.

Македонија | пред 6 години

kapetanija

(ФОТО) Сакаат бизнис, секогаш незадоволни од се, секогаш државата крива, секогаш сезоната слабa

Капетанот на Капетанија на пристаништата Горан Устијаноски револтот од сликата која ја затекнал утрово го искажа преку социјлната мрежа Фејсбук. Тој често се „буни“ на оваа тема, но овој пат за да докаже со што се соочуваат објави и фотографии. Еве што напиша Устијаноски:Ова се сликата пред Капетанија секој божји ден!!! Резултат на самопрогласени газди на ресторани, бизнисмени, елита... Сакаат бизнис, добра сезона, секогаш незадоволни од се, секогаш државата крива, секогаш сезоната слаба... Ова се сликите кои ќе ги презентирам на следна дебата за туризам кога ќе се кинат објаснувајќи колку е тешка бизнис климата, колку нив им е тешко, колку се тие важни за економијата... Срам жив, беда... Од денес ќе збираме пари за да ви купиме канти за ѓубре, заради слабата сезона, да ве помогнеме малку :))))

Македонија | пред 6 години

novinari-2

ВМРО ДПМНЕ: Најавите за тужби за новинари, координираните напади врз слободата на медиумите се само уште еден показател дека нивниот крај е близу

Власта е целосно инкриминирана и во паника. Криминалната банда на чело со аболицираниот Заев е качена на воз во еден правец, правец од кој нема назад. Месеците на Илинденска бб. им се избројани, криминалите разоткриени и знаат дека сите до еден ќе одговараат за своите злодела.Најавите за тужби за новинари, координираните напади врз слободата на медиумите се само уште еден показател дека нивниот крај е близу, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Правдата не може да биде задоволена со сечење на пипците на криминалниот октопод, а се со цел да не се октрие главата, да не се отркие дека Зоран Заев лично и персонално стоел зад најголемата криминална афера во поновата македонска историја.Правдата нема да биде задоволена се додека Зоран Заев не одговара за сторениот криминал.Обвинителството наместо да го гони криминалот повторно се става во заштита на истиот, се заканува на новинарите и свиркачите, се заканува на сите оние кои се борат да се дознае целата вистина за случајот рекет.Рускоска и Јовевски очајно бараат начин по четврти пат да го амнестираат Зоран Заев, овој пат за учество во злосторничко здружување, поради фактот што токму тој е на чело на криминално рекетарската банда.Граѓаните знаат колку тежи зборот на Заев, тие знаат дека секој пат кога ќе стави својата рака на срце, тој ноторно лаже. Исказот на сведокот  за случајот Рекет кој го објавија медумите е доказ дека тој знаел за рекетот и не само што знаел туку и застанал на патот на правдата.Единственото прашање кое го имаат граѓаните е колку тој зел од рекетот?Зоране деновите на Илинденска бб. ти се одбројани, дојде крајот на твојата тажна политичка карирера, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

ruskoska

Кој е „кртот“ што го изнесе записникот од сведочењето на Камчев - Русковска и Џолев го бараат низ ходниците

По протекувањето на детали од истрагата за случајот „Рекет“ се отвори прашањето за безбедноста на доказниот материјал. Од судот и од обвинителството најавуваат дека денеска ќе се обидат да го најдат „кртот".Одговорноста за протекувањето на документи од истрагата за „Рекет“  не треба да се бара само кај обвинителството за организиран криминал или јавното обвинителство, фотокопија од записник  од исказ пред обвинител , како тој исказот на Камчев што вчера беше објавен, добиваат и странките во предметот, но и адвокатите што ги застапуваат тврди за Канал 5 адвокатот и поранешен обвинител Александар Наков. Таквиот записник може да протече од повеќе страни, меѓу кои и од луѓето што учествуваат во сослушувањето, вели Наков.Претседателот на „скопска единица“ Иван Џолев за Канал 5 вели дека ќе утврдуваат дали во судскиот предмет кај нив го имале или не записникот кој предизвика многу реакции во јавноста, а неговата веродостојност вчера ја потврди и шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска.Сите се согласни дека ова објавување нема да ја искомпромитира истрагата за случајот „Рекет“, но неопходно е брзо да се најде сторителот на овој престап и да се побара негова одговорност. И други снимки, аудио и видео, поврзани со овој случај беа објавени на интернет страницата на италијанскиот весник „Ла верита“.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

15 годишно момче со секира смртно масакрирало тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот синоќа се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.Увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ се направени во текот на ноќта.

Свет | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Боки 13 и подарил парфем од 800 евра на Катица Јанева, а должи над 200 илјади евра кон различни фирми

Бојан Јовановски познат како Боки 13 должи илјадници евра кон фирми од каде набавувал најразлични средства. Според информации на „А1он“ тој не ја платил ниту опремата на телевизијата чија вредност е над 200 илјади евра. Боки 13 должи и на „Томато продукција“ во чии простории е сместена телевизијата. Списокот на долгови е долг.Кога Јовановски требало да врати пари кои ги должел, често велел „Знаете ли вие со кого јас се познавам?“.Она што со сигурност било платено е неговата гардероба која наводно чини околу 100.000 евра и која дел ја имал уште пред да биде отворен случајот „Рекет“ и пред да му ги бара парите на бизнисменот Орце Камчев. Платен бил и парфем од 800 евра кој и го купил на Катица Јанева.

Македонија | пред 6 години

fatime-fetai

Фатиме Фетаи денеска во судница

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи денеска ќе се појави на ново рочиште за случајот Монструм, кој го превзеде специјалното јавно обвинителство.Изведувањето на „бомбите“ за случајот „Монструм“ кое се однесува на петкратното убиство кај Смилковско езеро кое се случи на 12 април 2012 година е закажано за денес.Обвинителката Фатиме Фетаи од Специјалното јавно обвинителство на едно од последните рочишта информираше дека по завршувањето на овој дел од постапката каде како дополнителни докази ќе бидат претставени нови вештачења од 31 телефон, судењето ќе предложи со изведување на аудио снимки и транскриптите од сите разговори поврзани со случајот, а доставени до СЈО во декември 2015 година од политичката партија СДСМ.

Македонија | пред 6 години

skolo-4

СОНК се заканува со штрајк - ќе почне ли новата учебна година на 2 ри септември?

Една недела пред почетокот на новата учебна година, Синдикатот за образование се заканува со штрајк. Наставниците се незадоволни од минималното зголемување на платите од 5 насто. Претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков, и дава рок на владата од уште една недела и бара Синдикатот да биде активен учесник во креирањето на буџетот за образованието за 2020 година.  Тие бараат платите да се зголемат за 25%.Денеска ќе се сретнат со министерот за образование и наука Арбр Адеми. Од друга страна министерот Адеми истакнува дека вработените во образование ќе добијат покачување, но не сега, бидејќи како што вели, работат на статусот на сите вработени во образовниот сектор.Синдикатот за образование, наука и култура, последен пат организираше штрајк во 2008 година. Тие постојано бараа подобрување на условите за наставниците. Со плата која е под просекот наставниците едвај го минуваат месецот и се на работ на егзистенцијата, велат од независниот синдикат за образование и наука. Велат дека токму ова е причината што учениците не се запишуваат на наставна насока, и затоа, како што велат, во училиштата има сериозен недостиг од кадар. 

Македонија | пред 6 години

gjubre

ФОТО: Собрани 50 вреќи ѓубре на 500 метри од центарот на Охрид

50-тина вреќи ѓубр беа собрани на „Полигонот“ во Охрид во заедничката акција на Чист Охрид и Културолошката иницијатива „5 до 12“. Во акцијата која траеше околу два часа се вклучија 15-тина активисти, а ѓубрето по завршување на акцијата беше собрано од екипа на Охридски Комуналец.Локацијата која е една од омилените места за собирање на младите, а која Чист Охрид веќе неколку пати ја враќа во „живот“, повторно беше затрупана во ѓубре, каде доминираше пластичниот и стаклениот отпад.„Сметаме дека е недозволиво да имаме депонија во срцето на градот, и истовремено бараме активирање на комуналните инспектори, како и поголема грижа за јавните простори од страна на граѓаните. За она што сите го заслужуваме, а тоа е чист град“, велат од иницијативата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ЗНМ и СЕММ: Mедиумите да се држат до професионалните стандарди, а политичарите да се воздржат од тужби

Здружението на новинари на Македонија, Советот за етика во медиумите на Македонија и Стопанската комора на Македонија денеска ќе потпишат Меморандум за соработка.Како што соопшти ЗНМ, со потпишувањето на Меморандумот ќе се означи почетокот на проектот во чиј фокус ќе биде саморегулацијата на онлајн медиумите во Северна Македонија, а ќе го спроведуваат ЗНМ и СЕММ во соработка со Стопанската комора на Македонија.

Македонија | пред 6 години

makron

Жестоки навреди за Макрон од сите страни, најнавредливи од бразилскиот министер за образование

Францускиот претседател Емануел Макрон, кој предничи во притисоците врз бразилскиот колега по должност Жаир Болсонари за справувањето со огнената стихија која ја голта Амазонија, беше во неделата грубо навредуван на Twitter во Бразил.  Најнавредливиот твит беше напишан од бразилскиот министер за образование, Абрахам Вејнтрауб.„Макрон не е на ниво на оваа дебата. Тој е само опортунистички кретен кој бара поддршка од француското аграрно лоби“, напиша министерот откако Макрон се спротистави на договорот за слободна трговија ЕУ-Меркосур.„Франција е држава на крајности. Таму се родени Декарт и Пастер, но исто така и колаборационисти со нацистите од Втората светска војна“, додаде Вејнтрауб.„Французите одбраа претседтаел без карактер. Тој кретен Макрон треба да биде нападнат, гласи твитот на бразилскиот министер за образование.Во петокот синот на претседателот Болсонаро – Едуардо, кој е пратеник и иден нов амбасадор во Вашингтон, објави на Твитер видео снимки од протестиоте на Жолтите елеци во Франција со текст: „Макрон е идиот“.Олаво де Карваљо, писател и „гуру“ на Жаир Болсонаро, кој живее во САД, си поигра на Твитер со презимето на Макрон и го нарече – „Макрокон“ (од Macron и con, што на француски значи „глупак“).

Свет | пред 6 години

brnabik

Српската премиерка Брнабиќ доаѓа во официјална посета

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска ќе биде домаќин на делегација од Република Србија предводена од премиерката Ана Брнабиќ.Посетата ќе ја започне на граничниот премин Прешево-Табановце, каде со премиерот, Зоран Заев, ќе го означат почетокот на зедничкото гранично управување.Со новиот систем на царинска контрола, со заедничка контрола на преминување на луѓе и трговска стока, ќе се поедностават царинските процедури и ќе се забрзаат протокот и поминувањето.По ова, премиерката Брнабиќ и премиерот Заев ќе имаат тет-а-тет средба во Владата на РСМ. Двете делегации ќе потпишат повеќе документи и договори од заеднички интерес на двете земји.

Свет | пред 6 години

taki-fiti

Промоција на книга од претседателот на МАНУ, акад. Таки Фити

Утревечер, завршува Научната и уметничка визита Охрид - 2019 , што втор месец се одржува во Куќата на Уранија - МАНУ во Охрид.За крај на манифестацијата, одбрана е промоцијата на најновото дело на академик Таки Фити, претседател на МАНУ: “Улогата на фискалната и на монетарната политика во стабилизацијата на економиите”Промотор на книгата е професор д-р Владимир Филиповски, а настанот е закажан со почеток во 20,00 часот.Книгата, на која авторот работел последниве 5-6 години, содржи негов предговор, додека темата е разработена во следните поглавја:-СТАБИЛИЗАЦИОНАТА ФУНКЦИЈА НА ФИСКАЛНАТА И НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА;-КРАТКОРОЧНИТЕ ФЛУКТУАЦИИ НА ЕКОНОМСКАТА АКТИВНОСТ И ПОТРЕБАТА ОД СТАБИЛИЗАЦИОНИ МАКРОЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ;-ЕВОЛУЦИЈАТА НА МАКРОЕКОНОМСКАТА МИСЛА ЗА РЕЛАТИВНОТО ЗНАЧЕЊЕ НА КЛУЧНИТЕ ПОЛИТИКИ - КЕЈНЗИЈАНСКО-МОНЕТАРИСТИЧКИТЕ КОНТРОВЕРЗИИ;-НЕОКЛАСИЧНАТА СИНТЕЗА, СЛАВНИТЕ ТРИЕСЕТТИ И ЗЛАТНАТА ДОБА НА МАКРОЕКОНОМИЈАТА;-КООРдИНАЦИЈАТА МЕѓУ ФИСКАЛНАТА И МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА.;-ГОЛЕМИТЕ КРИЗИ И УЛОГАТА НА КЛУЧНИТЕ МАКРОЕКОНОМСКИ ПОЛИТИКИ ;-ГОЛЕМАТА ДЕПРЕСИЈА 1929–1933 ГОДИНА И ОДГОВОРОТ НА ПОЛИТИКИТЕ;-ГОЛЕМАТА РЕЦЕСИЈА 2007–2009 ГОДИНА И ОДГОВОРОТ НА ПОЛИТИКИТЕ;-СУМИРАЊЕ НА ИСКУСТВАТА ЗА ДЕЈСТВУВАЊЕТО НА ФИСКАЛНАТА И НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА ЗА ВРЕМЕ НА ГОЛЕМИТЕ КРИЗИ;-ОГРАНИЧУВАЊАТА НА СТАБИЛИЗАЦИОНИТЕ ПОЛИТИКИ;-ОПШТИ СОГЛЕДУВАЊА НА НОВОКЛАСИЧАРСКИТЕ КОНЦЕПТИ ЗА (НЕ)ЕФИКАСНОСТА НА ПОЛИТИКИТЕ;-ПРЕТКРИЗНИОТ КОНСЕНЗУС ЗА ЕФЕКТИТЕ И ОГРАНИчУвАњАТА НА ПОЛИТИКИТЕ ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНАТА СТРУЈА НА МОДЕРНАТА МАКРОЕКОНОМИЈА;-ШТО СЕ ПРОМЕНИ ВО СФЕРАТА НА ПРЕТКРИЗНИОТ КОНСЕНЗУС ВО СОвРЕМЕНАТА МАКРОЕКОНОМСКА НАУКА;-УЛОГАТА НА ФИСКАЛНАТА И НА МОНЕТАРНАТА ПОЛИТИКА ВО СТАБИЛИЗАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА;-ОПШТИ СОГЛЕДУВАЊА СТАБИЛИЗАЦИОНАТА ФУНКЦИЈА НА МОНЕТАРНАТА И НА ФИСКАЛНАТА ПОЛИТИКА ВО ПРВАТА ДЕКАДА НА ТРАНЗИЦИЈАТА (1990–200) И-РЕАКЦИЈА (ОДГОВОР) НА КЛУЧНИТЕ ПОЛИТИКИ ВО ПОСТКРИЗНИОТ ПЕРИОД.Модерната макроекономска наука е силно фокусирана врз истражувањето на овој феномен и врз изнаоѓањето ефикасни решенија за негово надминување, или барем за негово ублажување – ова особено поради фактот што постојат сериозни студии кои упатуваат дека во иднина епизодите на ZLB ќе бидат почести. Но, засега, нема ефикасни решенија за овој проблем. Прашањата што беа нотирано претходно поопстојно се анализирани во овој труд и, особено, во контекст на она што е ново во овој труд, т.е. на сосредоточеноста на ова истражување врз поставеноста, функционирањето и ефикасноста/неефикасноста на фискалната и на монетарната политика во услови на големи кризи – Големата депресија 1929–1933 година и Големата рецесија 2007–2009 година.Целта ми е на овој начин да й ги презентирам на нашата научна и стручна јавност поновите информации за феноменологијата на големите кризи, посебно за епизодите на ZLB, причините за нивното настанување, последиците од нивната појава, досегашните искуства од одговорот на политиките на состојбата на ликвидносна стапица, сугестиите што доаѓаат од најеминентните економски умови за разрешување на проблемот и сл. Во трудов е даден и сублимиран приказ за значењето на фискалната и на монетарната политика во стабилизацијата на македонската економија. Верувам дека трудов ќе им биде од корист на студентите по економија, особено на постдипломците и докторандите, но и на вработените во банките и на креаторите на клучните политики кај нас, пишува во предговорот, академик Таки Фити.

Македонија | пред 6 години

skolo-4

Со срце дарувај, ученик израдувај: Акција за прибирање прибор за првачиња од социјално ранливи семејства!

Општина Гостивар од утре започнува хуманитарна акција под мотото „Со срце дарувај, ученик израдувај“ за прибирање училишен прибор за првачињата од социјално ранливи семејства. Акцијата ќе трае до 5 септември, а донациите ќе се прибираат во книжарници и маркети низ градот.– Нашата идеја е да внесеме радост кај првачињата, чии родители немаат можност да им го обезбедат приборот што ќе им биде потребен за на училиште. Граѓаните кои се можност да издвојат од нивните буџети, донациите ќе може да ги оставаат во посебни кутии, предметите потоа ќе бидат распределни по училиштата и на учениците кои имаат таква потреба. Апелираме до гостиварци да ја поддржат акцијата и да ги олеснат првите школски денови на посиромашните сограѓани, вели раководителката на Секторот за образование Аслијан Снопче.Посебни кутии за донирање на училишен прибор од утре ќе бидат поставени во маркетите на неколку локации кои во овој период се посетени за набавака на училишен прибор и опрема во маркетите на „Монтенегро” и “ЕТЦ” , и во книжарниците: „Европа”, „АС”, „Култура-Гос”, „АБЦ” и „5 Плус”.

Македонија | пред 6 години

d7g0nogmanx96hggerls

Патувањето за Грција од утре ќе биде поскапо

Од утре ќе почне со работа наплатна станица Гевгелија, соопшти вечерва АМСМ.Ставањето во функција на ова патарина се случува откако ЈП „Државни патишта“ го изгради споредниот пат до Гевгелија за жителите од околните села. Според последните информации од ЈП „Државни патишта“ говорат дека од утре се очекува да отпочне со работа патарината „Смоквица“ каде ќе се наплаќа по 100 денари за патничко возило.На патарината кај Смоквица ќе има 10 наплатни рампи, пет кон Гевгелија и соседна Грција и исто толку кон Скопје. Ставањето во функција на ова патарина се случува откако ЈП „Државни патишта“ го изгради споредниот пат до Гевгелија за жителите од околните села.

Македонија | пред 6 години

Ahmeti-Dzafeti-Bejli

Ахмети: „Рекет“ е сплет на околности, алчноста го уништува човекот

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети смета дека последните настани со случајот „Рекет“ и притварањето на специјалната обвинителка не се сценарио, туку сплет на околности кои треба до крај да се расветлат.– Пред лицето на правдата треба да биде изведен секој кој ги прекршил законите. Не сметам дека ова е сценарио на некакви кругови и наметнато од страна. Тоа настанало во околности кои треба да се истражат и расветлат. Тука станува за личната алчност на поединци. „Алчноста го уништува човекот“ е израз на нашиот народ кој сé се објаснува. Секако дека е скандал и тоа ме разочара, рече Ахмети.Тој во изјавата за актуелните состојби во земјава по посетата на гостиварските села Лакавица и Србиново ја потенцираше важноста од ветингот, што неговата паратија го турка во јавноста.– Ветингот се обидуваме да го инсталираме подоглго време и тој да не биде само за обвинители, судии, туку и за сите политичари кои ќе раководат со државата. Тоа е еден вид скенер кој ќе ни покаже кои се идните раководители, рече Ахмети.Тој на селаните од двете села во гостиварската општина им најави дека добил ветување од директорот на „Македониај пат“ дека покрај асфалитрањето на пет километри од локалниот пат, наскоро ќе продолжи со уште два километри.

Македонија | пред 6 години

partizanska

Натепан скопјанец на Партизанска, напаѓачите избегале

На 24.08.2019 во 04.30 часот во СВР Скопје, Г.К.(40) пријавил дека на бул. ,,Партизански одреди” бил физички нападнат од неколку лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

skopje-blokirno

Неколку лица нападнале скопнаец

На 24.08.2019 во 18.00 часот во СВР Скопје, В.К.(33) од Скопје пријавил дека на булевар ,,К.Ј. Питу” бил физички нападнат од неколку лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

pozarna

Пожар во битолска населба

На 24.08.2019 во 20.35 часот во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар во населба Стрелиште, при што горела сува трева.Противпожарната единица од Битола го изгаснала пожарот.

Македонија | пред 6 години

tepacka

Маж нападнат пред пицерија во Кичево

На 24.08.2019 во 14.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека пред пицерија на улица ,,Рудничка” Б.Н.(48) бил физички нападнат од лице кое било под дејство на алкохол.

Македонија | пред 6 години

diskoteka

Млади момчиња се степале во скопска дискотека

На 25.08.2019 во 02.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред дискотека во градскиот парк бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Н.(23) и Д.П.(20), двајцата од Скопје.По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 6 години

tepacka-4

Дедо од скопско Трубарево пријавил дека му го натепале внукот

На 24.08.2019 во 00.10 часот во СВР Скопје, В.А.(63) од с.Трубарево пријавил дека на улица ,,5” во с.Трубарево неговиот внук бил физички нападнат од С.С. и С.С..Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Унгарец починал на границата со Србија

На 24.08.2019 во 22.50 часот во СВР Куманово, од Итна медицинска помош било пријавено дека во автобус на Граничниот премин Табановце на излез од РСМ починал Ф.С.(71) од Унгарија.Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа од СВР Куманово во присуство на сестрата на починатиот и возачот на автобусот, двајцата од Унгарија. Известен е јавен обвинител.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Полиција уапсила кумановец оти со него имал марихуана

На 24.08.2019 околу 16.50 часот на улица „Народна револуција“ во Куманово полициски службеници го привеле Д.Ј.(37) од Куманово поради тоа што кај него била пронајдена марихуана.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

EC0caY8XkAAzdrW

ФОТО: Кошулата на Заев чини скоро цела плата на просечен граѓанин

Премиерот Зоран Заев на последната прес-конференција во саботата, на себе носеше кошула од брендот „Hackett“ чии производи чинат и до неколку илјади денари. Според сајтот на компанијата, кошулата на премиерот чини 9.300 денари.Доколку се погледне од агол на обичен граѓанин, чија минимална плата е скоро 13 илјади денари, премиерската кошула чини 70 проценти од парите кои семејство со еден вработен ги има на располагање во тек на еден месец.Премиерот Зоран Заев за време на парламентарните избори ветуваше дека доколку неговата партија дојде на власт, тој ќе ја врати средната класа, а пак просечната плата која ќе ја земаат сите во државата ќе биде 30 илјади денари.

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања