Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Benzinski-pumpi-9

РКЕ:Поскапува дизелот, цената на бензините иста

Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати вопросек за 0,95 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 61, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 51 денар за литар. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе продолжи да се продава за 66,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 68,5 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 0,924 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 32,574 денари.Извор: Сител телевизија

Македонија | пред 6 години

granica-srbija

Границата со Србија ќе се минува со една контрола, времето на патување ќзначително ќе се намали

Денеска започнува со работа концептот „One Stop Shop“ на граничниот премин Табановце – Прешево. Со него Македонија и Србија стартуваат заедничка гранично-царинска контрола при што во двете држави ќе се влегува и излегува со само едно запирање.По концептот „One Shop Stop“, во двете земји ќе се влегува и излегува со само едно застанување за регулирање на сите гранични формалности. На тој начин, времето на патување ќе се намали за половина, а ќе се зголеми и протокот на патници и стоки во двата правци.– Предвидено е меѓусебно признавање на сертификатите на граничните агенции – фитосанитарните и ветеринарните. „One Shop Stop“ ќе ја намали можноста за царински измами поради непосредниот увид во комерцијалните документи кои ја следат стоката – изјави премиерот Зоран Заев кој испрати и твит за настанот.https://twitter.com/Zoran_Zaev/status/1165908530131603458?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1165908530131603458&ref_url=https%3A%2F%2Fmeta.mk%2Fso-edno-zastanuva%25d1%259ae-%25d1%259ce-%25d1%2598a-minuvame-graniczata-me%25d1%2593u-makedoni%25d1%2598a-i-srbi%25d1%2598a-ka%25d1%2598-tabanovcze%2F

Македонија | пред 6 години

vakcina

Вакцинирани 98% од децата на возраст до 14 годишна возраст со МРП вакцина

Опфатот на вакцинација со МРП во целата држава изнесува 98%, исполнета препораката на Светската здравствена организацијаМинистерството за здравство информира дека стапката на вакцинација со МРП вакцина во целата држава изнесува 98 проценти. Во градот Скопје изнесува 99%, а во останатиот дел од државата 97%.Досега, вакцинирани се 35.870 лица со МРП вакцина на возраст до 14 годишна возраст. Од нив, во Скопје се вакцинирани 16.732, додека пак, во останатиот дел од државата се вакцинирани 19.138 лица на возраст до 14 години, кои подлежат на вакцинација.Во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.189 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.Од почетокот на епидемијата, се регистрирани 1.893 случаи со мали сипаници на територија на целата држава, што претставува најголема бројка во изминатите 20 години.Родителите ги послушаа препораките на Министерството за здравство и ја препознаа важноста за навремено вакцинирање на децата со МРП вакцина. Мерките вродија со плод. Од опфат од 89 отсто пред епидемијата со морбили, сега оптфатот е над 99 отсто, а препораката на Светската здравствена организација е 95 отсто.Крајот на епидемијата од морбили ќе биде прогласен, кога двапати по 12 дена нема да има пријавено ниту еден заболен пациент со мали сипаници.Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности, кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите осетливи лица.

Македонија | пред 6 години

eko1

Во акција „Чист Охрид“, од малиот Полигон собрани 50-тина вреќи ѓубре

50-тина вреќи ѓубре беа собрани од „Полигонот“ во Охрид  во заедничката акција на „Чист Охрид“ и Културолошката иницијатива „5 до 12“.Во акцијата која траеше околу два часа се вклучија 15-тина активисти, а ѓубрето по завршување на акцијата беше собрано од екипа на Охридски Комуналец.„Локацијата која е една од омилените места за собирање на младите, а која Чист Охрид веќе неколку пати ја враќа во „живот“, повторно беше затрупана во ѓубре, каде доминираше пластичниот и стаклениот отпад. Сметаме дека е недозволиво да имаме депонија во срцето на градот, и истовремено бараме активирање на комуналните инспектори, како и поголема грижа за јавните простори од страна на граѓаните“ – велат од „Чист Охрид“.

Македонија | пред 6 години

monstrum-sudenje

Заев ќе сведочи за „Монструм“, а обвинет се пожали дека добил закани по живот

Премиерот Зоран Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм“ - поточно за  петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро. Ова го најави обвинителската Фатиме Фетаи на денешното судско рочиште. Судијата Огнен Ставрев најави дека од наредното рочиште закажано за 5 септември ќе почне со презентирање на „бомбите“. Тогаш еден од родителите на убиените момчиња побара појаснување дали сега ќе ги слушнат разговорите на „заштитените мечки“, односно оние разговори кои биле прогласени за државна тајна од редовното обвинителство.  На ова судијата се повика и на ветувањето на премиерот Заев, дека родителите ќе дознаат чии се заштитените броеви.Инаку на денешното рочиште обвинет во случајот „Монструм“  пријави дека полицаец од затворот му упатил закани по живот. На ова судијата кој го води случајот рече дека за наводите од обвинетиот ќе го контактира директорот на затворот.

Македонија | пред 6 години

Ejup-Alimi

Рочиштето за предметот „Титаник 3″ одложено, Судијката рече доколку повторно се побара одложување ќе има дополнителни мерки

Поради службено отсуство на обвинетиот Ејуп Алими, рочиштето за предметот „Титаник 3″ е одложено за 13 септември.Судијката Марија Клетничка го прочита оправдувањето за отсуството на пратеникот испратено од Собранието, но истакна дека денешниот датум бил договорен во согласност на обвинетиот пратеник.-Непосредно пред денешното закажено рочиште е доставено известување од Собранието, потпишано од претседателот,  со кое се известува судот дека Алими во својство на пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ учествува на редовните координативни средби во Собранието, кои се одржуваат секој понеделник, рече судијката.Клетничка рече дека и минатото рочиште се одржало во ден понеделник. Нагласи дека за наредното рочиште на кое се закажани завршни збирови присуството е задолжително, а доколку некој не присуствува ќе бидат преземени дополнителни мерки.Во „Титаник 3″ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Македонија | пред 6 години

IMG_3767

Отворена нова градинка во Аеродром

Денеска во Ново Лисиче на задоволство на многу родители пуштивме во употреба нова детска градинка со капацитет за згрижување 200 деца.„Станува збор за модерен објект во рамки на градинката „Буба Мара“, кој ги исполнува сите неопходни стандарди и обезбедува современи услови за згрижување и престој на деца од претшколска возраст“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.Новата градинка содржи 8 занимални со сопствени санитарни јазли и кујна на вкупна површина од 1.500 квадратни метри. Со овој објект, градинката „Буба Мара“доби двојно поголем капацитет за згрижување, со што ќе се задоволи реалната потреба на семејствата во Ново Лисиче.Истовремено се подобрија условите за престој и воспитување на децата. Средствата за новата детска градинка од околу 40 милиони денари ги обезбеди Општина Аеродром.Во наредниот период, како што најави градоначалникот Марин, ќе се изградат уште две нови градинки. Едната во дворот на училиштето „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, а другата кај постојниот објект на детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Во иднина ќе продолжиме со проценка на капацитетите за згрижување во градинките и основните училишта на целата територија на Општина Аеродром. Ќе интервенираме кадешто е потребно, со цел да обезбедиме институции, кои нудат квалитетни услови за згрижување, образование и развој во сите делови од општината.

Скопје | пред 6 години

maslo-hasis

Турски државјанин обвинет за неовластена трговија со хашиш масло

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против турски државјанин кој живее во Австрија за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 24 август со лет на една авиокомпанија пристигнал на Аеродромот Скопје од Виена и се упатил на излезот „зелен канал“ наменет за патниците кои немаат ништо да пријават за царинска контрола. Притоа бил селектиран за контрола и запрен од царинските службеници. При извршена проверка во неговиот багаж биле пронајдени десет шишиња со по 10 мл. хашиш масло, едно бело пластично шише без етикета со волумен од околу еден литар наполнето со хашиш масло, како и еден мал стаклен сад во кој исто така се наоѓало хашиш масло со тежина од 2,1 грама.

Македонија | пред 6 години

mickoski-3

Мицкоски: Разум нема кога стравот стапува на сцена. Страв од правдината

Нацијата е среќна…, блескаме…, го добивме новиот кандидат за министер за финансии, успешна личност, во зрели свои околу триесетина години и многу успешни потфати во минатото, со одлично лично портфолио, добро де тук-таму по некоја украдена идеја и сосема случајно се води во регистарот на МВР како сторител на кривично дело… Но, нацијата треба да биде спокојна, тука се поискусните, сега веќе двоецот Заев – Анѓушев ќе помогнат, секогаш кога треба да се потпише нешто, тие се тука да ја охрабрат новата ни министерка, да не се плаши, та нели блескаме, па да заблескаме со некој кредит и криминална одлука уште повеќе. 102,5% исти, ќе каже тогаш кандидатот за претседател пред првиот круг, па тогаш Зоран Заев свесен за дебаклот ќе најави онака одлучно, полн со лажна самодоверба пресврт, откако неговите политики доживуваат дебакл, а државата ја водат во бездна, операција „Метла”, пишува претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својата колумна за МКД.мк.Метлата го замете професорот (кој според многумина беше најслаб министер за финансии од независноста до денес), но затоа пак добивме кандидат за министер кој можеби е за некој процент повеќе од оние 102,5% сличен со двоецот Заев – Анѓушев. А ако има и минимална дилема, многу скоро ќе му стане јасно кога ќе треба да ги потпише оние 125 милиони евра заем, ребалансот на буџетот, потоа неколку нови задолжувања како што е проектот на принцот на политичкиот криминал во вредност од 500 милиони евра, па новата eврообврзница што се најавува кон крајот на оваа или почетокот на следната, новиот буџет… полека туркајќи ја Македонија кон грчко сценарио.Разум нема кога стравот стапува на сцена. Страв од правдината. Свесни за криминалот, предавствата, корупцијата, срамот и распродажбата што ја прават веќе трета година по ред, обидувајќи да се спасат, исплашени, под притисок ќе тргуваат со сѐ што не е нивно, што е наше, на народот, на татковината… А вториот канал со кој ќе дејствуваат се поранешните удбашки инсталации и нивните слуги во десницата (но за ова ќе пишувам во некоја следна колумна).Но, со правдината нема компромис. И добро е да знаат оние курири кои бараат прошка за нивните стопани. Нема прошка за криминалот без разлика од каде доаѓа сторителот и тоа за месеци од сега. Во првите 100 дена од новата влада ќе покажеме и докажеме пред нацијата пред граѓаните на Македонија дека нема компромис со криминалот, дека можеме и мораме подобро, а овој народ тоа го заслужува. А слугите и квислинзите на оние удбашки инсталации треба да знаат дека нема трговија со криминалот за политички цели како што напиша Димитров неодамна, туку одговорност пред законите и Уставот.Заклучокот е јасен – ниту правда ќе има, ниту правдина ќе завладее, кожата можеби ја преоблекоа времено, но карактерот не. Го трчаме последниот круг од маратонот, целта е јасно видлива, да не ги повториме грешките од подалечното, но и од поблиското минато. Целосно го разбирам вашиот револт и желбата за крај на оваа политичка каста.

Македонија | пред 6 години

Foto-4-4

Пендаровски се обрати на годишниот Амбасадорски совет, посветен на европската перспектива на земјава

Претседателот  на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски се обрати на годишниот Амбасадорски совет којшто годинава е посветен на европската перспектива на Република Северна Македонија. По октомври кога очекуваме датум за почнување на преговорите со Европската унија, рече претседателот Пендаровски, почнува и долг процес на работа. „ Дистрибуцијата на местата во Европскиот парламент е одлична за нас. Од 751 член, 506 се во групата проевропски сили. Таа поволна констелација мора да ја искористиме, бидејќи тоа се луѓе кои се наклонети на проширувањето на ЕУ и знаат колку е значајно за стабилноста на Западен Балкан“, рече претседателот. Северна Македонија речиси 100% е во НАТО, се очекува само на формирањето на Владата во Шпанија за да се заврши работата во декември. Претседателот Пендаровски говореше за двата историски договори кои ги потпиша државата. „ Договорот со Бугарија го постигнавме полесно, но во имплементацијата може да имаме проблеми. Во комисијата на историчари има политички влијанија. Околностите и амбиентот не е како пред 5-6 месеци. Но, ние ќе создадеме амбиент тој да се постигне. Не смееме да пропуштиме било што во тие преговори кои се многу битни. Тоа што ќе го потпишеме треба да трае, не треба ад-хок решение кое ќе се сруши. Треба цврсто да застанеме на стратешките интереси на земјата, а за тоа државниот врв има заеднички став“, рече претседателот. Во однос на Косово, претседателот Пендаровски посочи дека два принципа се важни за нас како држава. Првиот е дека за нас е легитимно сé што ќе се договорат Србија и Косово, а вториот дека не секое решение, особено промена на граници и размената на територии е добро за стабилноста на регионот. Претседателот најави дека во наредните 4 месеци ќе има позасилена дипломатска активност . До крајот на годината ќе ги посети Виена, Токио, Париз, Рим и Варшава, а во почетокот на октомври во Скопје доаѓа претседателот на Црна Гора. Претседателот Пендаровски на средбата со Амбасадорскиот совет рече дека имал повеќе средби со министерот за надворешни работи Никола Димитров на кои е разговарано за пополнување на 15-16 од испразнети 27 амбасадорски позиции. „Во МНР направена е анализа за работата на Дипломатско-конзуларните  претставништва. Некои кои не го оправдаа постоењето ќе бидат затворени, а некои значајни ќе бидат зајакнати. Станува збор за рационализација, а не партиски реваншизам. Битна е професионалната компонента, а не партиската“, рече претседателот Пендаровски посочувајќи пред присутните дека тој и неговиот Кабинет им стојат на располагање и целосно ќе се вложат за доброто на државата. Одговарајќи на новинарско прашање за случајот „Рекет“, претседателот Стево Пендаровски изјави дека случајот „Рекет“ не е критериум за добивање на датум за почеток на преговори, а според сегашните реакции на надлежните институции, нема ни да биде. „ Во овој момент не е, моја проценка е, наша проценка е дека нема ни да биде до крајот на годината, бидејќи ова што досега го направија надлежните државни органи е соодветна реакција. Меѓутоа случајот очигледно е комплексен, да оставиме на надлежните органи да продолжат да го работат. Ако не продолжат со ова темпо, со ова широчина и длабочина со која почнаа досега, тоа  може да стане. Но, сега не е и нема да биде до октомври “, рече претседателот Пендаровски.

Македонија | пред 6 години

kocijancic

ЕУ за „Рекет“: Веруваме во институцијата, не во Катица Јанева - најдете и замена

Европската Комисија смета дека на македонските политички сили е да изнајдат договор за замената на Катица Јанева во согласност со законот и потенцира дека нема никаква улога во овој процес.– Воспоставувањето на Специјалното јавно обвинителство на Северна Македонија беше дел од Договорот од Пржино помеѓу сите главни политички партии во земјата – вели за МИА, Маја Коцијанчич, портпаролка на ЕК.Ние не веруваме во личности, туку во институции, велат од Европската Комисија за МИА, на тоа секогаш сме инсистирале во нашите пораки и во нашите извештаи.– Фактот што Катица Јанева е искомпромитирана не мора нужно да значи дека целата институција е искомпромитирана – сметаат во ЕК, но се разбира, велат, очекуваат истрагата за „Рекет“ да ги донесе потребните одговори на дилемите кои се појавија, на брз, ефикасен и транспарентен начин.

Македонија | пред 6 години

pozarna-kosel-pozar-sk

Пожарот на охридска Опеница е локализиран, но поради високите температури може повторно да пламне

Пожарникарите вклучени во акцијата за гаснење на пожарот кај охридското село Опеница кои ноќта ја минаа на терен, изјавија дека огнот моментално е локализиран, но активно е неговото жариште, а температурата е висока што значи оти во секој миг може пожарот повторно да пламне.Тоа што најмногу пречи во справувањето со стихијата, е густата непристапна шума, полна со ниска вегетација и багрем која не дозволува движење на луѓе кон сртот каде е пожарот.Пламенот зафати борова шума со смрека и нискостеблеста вегетација на сртот на планината од Опеница во насока на Косел и Вапила, лево од магистралниот пат што води кон Ресен и Битола. Веќе два дена на локацијата дејствуваат противпожарни екипи од Територијалната единица од Охрид и Ресен, потоа екипи на шумските стопанства од Охрид, Ресен и Кичево, на општинските јавни претпријатија, како и авионите за гаснење на Дирекцијата за справување со кризи.Дежурните екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид што се на терен постојано се во координација со Кризниот штаб, така што од актуелната состојба и временските услови ќе зависи дали и во текот на денешниот ден ќе дејствува противпожарната авијација.Инаку, селото Опеница се наоѓа околу осум километри северно од Охрид, така што чадот од огнот и непријатната миризба на моменти се чувствуваа и во самиот град.

Македонија | пред 6 години

fetai

Џафери му даде оправдание на Алими за да не оди на судењето за случајот на СЈО

Рочиштето за предметот „Титаник 3“ кој го води СЈО е одложено бидејќи обвинетиот пратеник Ејуп Алими морал да присуствува на средби во парламентот. Оправданието било поткрепено со известување потпишано од првиот човек на Собранието и сопартиец на Алими, Талат Џафери.На денешното рочиште, обвинетите требаше да бидат испитани во врска со случајот, каде се товарат дека на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Македонија | пред 6 години

20190703093800

Пазете какви сметки скенирате, следуваат казни

На социјалните мрежи многу граѓани го поставуваат прашањето дали фискалната сметка која е издадена за фирма може да се искористи преку апликацијата Мој ДДВ и на свое лично конто да се запише повратот на ДДВ.Пример, дали може фискалната сметка од точење на гориво за потребите на автомобилите во сопственост на компанијата да се искористи и скенира преку апликацијата Мој ДДВ, при што би се направил поврат на личната сметка.Одговорот е дека ова е стpого зaбpането и kaзниво согласно закон!Доколку сте го направиле ова, гpешката може да се поправи бидејќи веб апликацијата ќе им нуди на граѓаните неколку нови можности. Освен детален увид, секој корисник ќе може и да избрише сметка доколку ја скенирал по гpeшка.Од УЈП потенцираат дека оваа опција е особено важна бидејќи може да се случи по гpeшка корисникот да сkенирал фисkална сметка, за која што веќе е издадена сметкопотврда која гласи на фирма. Тоа не е дозволено и за да не се случи да се изрекуваат kaзни, веб апликацијата нуди техничка можност да се брише гpeшно скенираната сметка. 

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Несреќа во скопски Хиподром: Се судрија мопед и „мерцедес“, едно лице со тешки повреди

На 26.08.2019 во 03.10 часот на локалниот пат с.Јурумлери-н.Хиподром се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес ц220“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од Крива Паланка и мопед „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.К.(33) од Струмица, со живеалиште во Скопје.Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

skopje-blokirno

Полицијата во Скопје казни стотици возачи изминативе денови

Во текот на изминатите денови на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 186 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Од сообраќај е исклучен 81 возач од кои: 18 возачи затоа што управувал возила под дејство на алкохол, 54 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и девет возачи-почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 40 возила бидејќи биле  нерегистрирани.Санкционирани се 11 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, шест возачи поради неправилно престигнување,еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, 40 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 20 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.Во однос на пешаците санкционирани се 10 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 116 мандатни платни налози и 89 возила се подигнати со специјално возило "пајак".

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

70-годишен кумановец тешко повреден откако изгубил контрола врз моторциклот

На 25.08.2019 во 12.30 часот на улица „Пириниска“ во Куманово, М.М.(70) од Куманово, управувајќи мопед „томос“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Казнети 37 возачи во Струмица за 6 часа, возеле со поголема брзина од дозволената

На 25.08.2019 во периодот од 14.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.Во акцијата се констатирани 37 прекршоци, за што им биле изречени соодветни казни.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

На граница со Косово уапсен Албанец кој се барал со потерница

На 25.08.2019 во 15.00 часот на Граничниот премин Долно Блаце од слобода бил лишен К.Ф.(42) од Република Албанија затоа што при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа на стоп листата со мерка „Апси“ по барање на Интерпол.К.Ф. бил предаден во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

dimitrov

Истрагата за „Рекет“ и гонењето на Јанева и Боки 13 клучни за преговори со ЕУ, смета Димитров

Донесувањето на законот за јавно обвинителство и водењето транспарентна, непристрасна истрага за случајот „Рекет“, се двете клучни работи кои многу ќе ни помогнат да добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври, рече министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред почетокот на Амбасадорски совет во МНР.Според Димитров, последниве две години има интензивно, очигледно и драстично подобрување на состојбата во однос на евроинтеграцискиот процес и водењето на надворешната политика. Зголемени се посетите во земјава, но и оние на наши официјални претставници во земјите-членки на ЕУ.-Има нешто што се сметаше за нерешливио. Тука направивме крупен исчекор, манифестиравме вистински, европски начин и решивме едно прашање што не држеше надвор од процесот на ЕУ и НАТО интгрирањето. Со соседите, во услови кога е светот разнишан, создадовме шанса и за ЕУ, истакна Димитров.

Македонија | пред 6 години

kanabis

Кај „Железнички мост“, полицијата пронајде 260 стебла канабис

На 25.08.2019 патрола од Полициската станица за Граничен надзор-Блаце, на место викано .„Железнички мост“, пронашла 260 стебла канабис. Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце, увидна екипа од СВР Скопје и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје. Се  работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_64-3-960x5291-670x376

Велија Рамковски: Се прават максимални напори за отворање на А1 телевизија

Првиот човек на згаснатата А1 телевизија, Велија Рамковски вели дека се прават максимални напори за повторно рестартирање на телевизијата. Тој вели дека не знае кога тоа ќе се случи, но работат за да биде повторно отворена. Рамковски за „Пресинг ТВ“ вели дека ребрендирањето на ВИП во А1 и перцепцијата на граѓаните дека повторно се отвора телевизијата се добар показател колку овој медиум недсотасува.„Тоа нема врска со телевизијата А1 иако е добра анкета и показатал колку на граѓаните навистина им фали телевизијата. Имам 72 години и се уште сум работоспособен, прават максимални напори за повторно рестартирање на телевизијата, но незнам кога ќе се случи тоа“, вели Рамковски за Пресинг ТВ.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Градиме по план, досега изградени и обновени преку 500 километри патишта

Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките што обезбедуваат развој и унапредување на инфраструктурата. Како никогаш досега, се гради низ целата држава, се градат нови, а истовремено се обновуваат старите патишта кои со децении беа заборавени. Со досега изградените и обновени преку 500 километри патишта во вредност од околу 540 милиони евра, Владата предводена од СДСМ ги реализира историски најголемите инвестици во инфраструктурата, се вели во соопштението од СДСМ.Како дел од позначајните проекти во инфраструктурата е  автопатот Миладиновци – Штип кој беше наследен  од ВМРО-ДПМНЕ со бројни грешки и недостатоци во изградбата. Граѓаните денес имаат  автопат безбеден за соообраќај.Наместо парите на граѓаните да се трошат на барок и споменици како во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, 400 милиони беа инвестирани во рехабилитација и реконструкција на преку 80 магистрални и регионални патишта.Инвестициите во патиштата не запираат, туку напротив, започнува инвестициски циклус од над 850 милиони евра во проекти во патната инфраструктура.Во тек е изградба на автопатот Кичево – Охрид, кој беше затекнат со низа пропусти и недовршен, а започна и изградбата на 4 експресни патишта во вредност од преку 170 километри и тоa:  Градско-Дреново,  Штип-Радовиш, Штип- Кочани, Ранковце - Крива Паланка.Започната е постапката за изградба на автопат од Скопје до Блаце како и од Гостивар до Кичево, инвестиции кои ќе надминат неколку стотици милиони евра.Интензивно се работи и на регабилитација, изградба и реконструкција на преку 350 километри на околу 40 регионални патишта.Во завршна фаза е обезбедувањето на 70 милиони евра преку Светска банка наменети за изградба и рехабилитација на локални патишта, со што ќе се подобри патната инфраструктура во општините.Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на мерките и политиките што обезбедуваат изградба на нови патишта, модернизацијата на патната мрежа и зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

kola

(ФОТО) Се запали автомобил во Ново Лисиче

Утрово на булеварот Видое Смилевски Бато во Ново Лисиче се запали автомобил. Станува збор за автомобил марка “Сеат кордоба” со скопски регистарски таблички.Во гаснењето на огнот помогнале случајни минувачи.

Скопје | пред 6 години

demirkapija

Пуштена во употреба новата патарина на автопатската делница Демир Капија – Смоквица

Новата патарина на автопатската делница Демир Капија – Смоквица е пуштена во употреба изутринава во седум часот.Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра.На патарината кај Смоквица ќе има 10 наплатни рампи, пет кон Гевгелија и соседна Грција и исто толку кон Скопје. Ставањето во функција на ова патарина се случува откако ЈП „Државни патишта“ го изгради споредниот пат до Гевгелија за жителите од околните села.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања