Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pozar-2

Позната е причината за пожарот во Велес

Дирекција за заштита и спасување дадоа изјава за 24 инфо, и ја открија причината за пожарот во велешко. Од ДЗС велат дека при изградба на куќа во Велес лицата кој работеле со алат кој предизвикува искри ја запалиле тревата кој од силина на ветерот почнала да се шири и настанал пожарот.Пожарот опфатил неколку локални места во велешко а од ветерот кој од север се движел према југ го опфатил и хотел ,,Романтик” кај велешкото езеро. Засега пожарот е изгаснат и е во стабилна состојба, а екипите кој се на терен ќе дежураат да интервенираат во случај да се повтори.Полицијата уапсила четворица осомничени а од МВР сеуште нема сеуште официјални информации за настанот.

Македонија | пред 6 години

20.4.kamcev

Камчев утринава бил на распит кај Русковска за случајот „Рекет“

Бизнисменот Орце Камчев денеска бил во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде што дал уште еден исказ како сведок за случајот „Рекет“. Исказот го давал пред обвинителката Вилма Русковска.Претходно, тој дал исказ во Обвинителството на 2 мај годинава.Со појавувањето на Камчев во обвинителство и давањето на исказ пред обвинителката Вилма Русковска, се побија шпекулации дека Камчев е во бегство.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Скопје- Велес

Патниот правец Скопје- Велес е нормализиран. Од АМСМ соопштуваат дека во 19 и 40 часот  на патниот правец Скопје- Велес кој поради пожарот кој беснее во Велес беше пренасочен, сега е нормализиран.

Македонија | пред 6 години

vlada.kosova.zgrada.epa_

Распишани вонредни парламентарни избори на Косово

Косовскиот претседател, Хашим Тачи, денеска го определи 6 октомври како датум за предвремените парламентарни избори во земјата. Претходно во текот на денот тој го потпиша указот за распуштање на Собранието.Во одлуката на Тачи, доставена до медиумите од страна на неговиот кабинет, се наведува дека е побарано од Централната изборна комисија да ги преземе потребните дејствија за организирање на изборниот процес.– Поаѓајќи од уставните и законските одговорности, претседателот Тачи донесе одлука вонредните избори за Собранието на Република Косово да се одржат на 6 ноември 2019 година. Од Централната изборна комисија е побарано да ги преземе сите потребни дејствија за организирање и одржување на изборите за Собранието на Република Косово, согласно оваа одлука и законодавството кое е на сила, се вели во соопштението од кабинетот на Тачи.

Свет | пред 6 години

26082019_PVRSM_Zaev_Barisic_sredba-2

Средба на премиерот Заев со хрватската амбасадорка Баришиќ: Очекувања за продолжување на ефикасното темпо на развој

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со ДанијелаБаришиќ, амбасадорка на Република Хрватска во Република Северна Македонија, која го завршува нејзиниот мандат во земјава.На средбата се изразени честитки за досега сработеното од страна на премиерот Заев и на Владата на внатрешен и надворешен план и е изразено очекување дека развојот и позитивните промени ќе продолжат со досегашното ефикасно темпо.Исто така изразена е поддршка за интеграциите на Република Северна Македонија.Разговарано е за важноста од ефикасното справување со криминалот и корупцијата и во таа насока, од донесување на законот за јавно обвинителство.„Ги поставивме, како Влада, сите предуслови за функционална правна држава. Очекуваме тој процес да го заокружиме со скорешно донесување на законот за јавно обвинителство во Парламентот. Интеграциите во НАТО и очекуваниот датум за почеток на преговорите со ЕУ ги дадоа првичните резултати со раст на економијата. Повисоки плати и раст на стандардот на граѓаните е она на што сме силно фокусирани“, рече премиерот Заев.Претседателот на Владата, Заев изрази голема благодарност до амбасадорката Баришиќ за нејзиниот личен придонес за надминување на најтешките моменти во обновата на демократските процеси во земјава, како и до Република Хрватска којашто е традиционален и искрен пријател и поддржувач на Република Северна Македонија.На состанокот е соопштено дека напредокот на евро интеграциите на нашата држава и проширувањето на ЕУ ќе бидат во фокусот на хрватското претседателство  со Советот на ЕУ кое започнува од 1-ви јануари 2020 година. 

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Две лица се обиделе да ограбат казино

На 26.08.2019 во 04.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во Скопје две лица се обиделе да извршат разбојништво, но не успеале и избегале. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

missing

Татко трага по малолетната ќерка која побегнала од дома

На 25.08.2019 во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Б.(42) од Скопје, пријавил дека од домот заминала неговата малолетна ќерка, која претходно неколку пати заминувала и била враќана од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 6 години

policija-1

Пред угостителски објект се заканувал кон полициски службеник

На 25.08.2019 во 02.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред угостителски објект на улица „9“ во населба Илинден, Б.М.(37) од с.Димонце, кратовско, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и закани кон полициски службеник при вршење службена дејност. По целосно документирање на случајот против Б.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

velosiped

Сообраќајна несреќа повреден малолетен велосипедист

На 25.08.2019 во 16.15 часот во с.Муртино, струмичко, товарно моторно возило „Волво“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.А.(52) од с.Дабиле, удрило во велосипед што го управувал малолетник од с.Муртино. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, каде му била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Приведен велешанец кој агресивно се однесувал кон полициски службеник

На 26.08.2019 во 00.25 часот во СВР Велес бил приведен К.И.(29) од Велес поради тоа што на улица „Алексо Демниевски Бауман“,агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел службени дејства. По целосно документирање на случајот против К.И. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

Foto-2-4

Средба на претседателот Стево Пендаровски со српската премиерка Ана Брнабиќ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска прими делегација од Република Србија, предводена од Претседателката на Владата, Ана Брнабиќ. На средбата беше потврдена долгогодишната соработка меѓу двете земји која, како што потенцираа претседателот Пендаровски и премиерката Брнабиќ, интензивира во последните неколку години. Претседателот Пендаровски изјави дека уште еден доказ за продлабочување на меѓусоседските односи меѓу Северна Македонија и Србија е денешната посета на премиерката Брнабиќ и отварањето на заеднички граничен премин Табановце - Прешево, како еден од клучните елементи на коридорот 10. Овој проект, како што истакна претседателот Пендаровски, е особено значаен за развојот на економската соработка меѓу двете земји. Соговорниците разменија мислења за прашањата од взаемен интерес во регионот, како и процесот на европска интеграција и во таа насока размената на искуствата од патот кон ЕУ може да биде од корист на двете земји.

Македонија | пред 6 години

69411644_10156161727132407_346824428832686080_n

Општина Чаир ги стави на целосно располагање на Универзитетот “Мајка Тереза“ нејзините простории во близина на О.У. Конгреси и Манастирит

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу и Ректорот на Универзитетот “Мајка Тереза“ Проф. Др. Азиз Положани потпишаа денес Договор за отстапување на користење на Универзитетот “Мајка Тереза“ на просториите за образовна дејност под сопственост на општината во близина на О.У. Конгреси и Манастирит без надоместок и на неопределено време почнувајќи од 26.08.2019 година согласно Одлуката на Советот на Општина Чаир бр. 08-316/7 од 10.02.2017 година.Во врска со ова, Градоначалникот Ганиу истакна: “Со овој акт ја докажуваме нашата спремност за максимална помош и поддршка на нашите универзитети за зајакнување на нивните просторни капацитети и во служба на квалитетен образовен систем. По ослободувањето на просториите со одлука на Државниот Универзитет во Тетово за затворање на дисперзираните студии во Скопје, сакам да искажам голема благодарност посебно до нив за нивниот придонес во целиот овој период. Студентите од последната генерација на ДУТ во Скопје кои ги имаат завршено предавањата и кои треба да го завршат циклусот на испити ќе ги имаат на располагање овие простории за одржување на испитните сесии, додека пак на раководството и на студентите на Универзитетот “Мајка Тереза“ им посакувам многу успех и користење на просториите кои им ги ставаме во располагање во служба на достојното претставување на нашите образовни вредности.“

Македонија | пред 6 години

gori-brod-velesko-1

Приведени четири лица за пожарот во Велес

Неофицијално четири лица се приведени за предизвикување на пожарот кој денес околу 11 часот пламна кај езерото Младост во Велес.Приведените со брусалица работеле во близина на боровата шума, на крстосницата за Башино село и патот кон езеро Младост.Изгоре шумскиот насад, нискостеблестите растенија и сувата трева на Младост. Пожарот во еден момент, го опколи од горната страна и новоизградениот хотел Глориус. За среќа хотелот не изгоре. Добрата организација на жителите на Отовица, кои со механизација ископаа ров, ги спаси од огнот првите куќи во селото.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_18-4-696x431

ФОТО : Пожарот во Велес зафати и фабрика за гуми, затворен автопатот, хаос се случува во моментов

Ресторанот „Глориус“ на велешкото езеро Младост е само еден од објектите кои во моментов се во пламен, пишува Република.Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал во близина на с.Отовица. Гори борова шума и сува трева и на терен во гаснењето на пожарот се излезени од ТППЕ Велес и вработени од ШС Бабуна.На помош во гаснењето е упатена и екипа од ТППЕ Штип. Исто така побарана е интервенција на авионите од Дирекцијата за заштита и спасување.Во моментов дознаваме дека од пожарот е зафатен и магацин за гуми, а тоа е причина за дополнителен хаос. Војската е на терен, и заедно со пожарникарите спречуваат да се случат огромни штети.Извор:Курир.мк

Македонија | пред 6 години

pozar-2

(ВИДЕО) Голем пожар крај Велес, во гаснењето се вклучени и АРМ и ДЗС

Ситуацијата кај Велес станува драматична. Пожарот што избувна во близина на Велешкото езеро Младост се симна до автопатот Скопје – Велес. Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат езеро Младост кон Велес, соопштија од АМСМ. Силниот ветер го прошири пожарот на голема површина, кон два правца, кон велешкото езеро и кон селото Отовица, каде во опасност биле првите куќи, односно оние што се блиску до железничката пруга.и покрај информацијата дека пожарникарите успеале првично да го локализираат пожарот, за жал истиот брзо се проширил поради силниот ветар.Во гаснење на пожарот кој зафати голема површина се вклучија и армиски хеликоптери и канадерите на ДЗС.Во гасењето ангажирани армиски хеликоптери со 50 вработени од армијата, два авиони од дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, на помош се пратени и пожарникари од Неготино и Кавадарци.Општина Велес апелира граѓаните да не се движат во близина на опожарените појаси околу езерото.https://www.facebook.com/100010199378114/videos/938396736510297/

Македонија | пред 6 години

gori-brod-velesko-1

Горат ресторани во пожарот во Велес

Ресторанот „Глориус“ на велешкото езеро Младост е само еден од објектите кои во моментов се во пламен, пишува Република.Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал во близина на с.Отовица. Гори борова шума и сува трева и на терен во гаснењето на пожарот се излезени од ТППЕ Велес и вработени од ШС Бабуна.На помош во гаснењето е упатена и екипа од ТППЕ Штип. Исто така побарана е интервенција на авионите од Дирекцијата за заштита и спасување.https://twitter.com/spejs_fraerot/status/1165976396864393221?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1165976396864393221&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmakedonija%2Fvesti%2Fgorat-restorani-zafateni-od-pozarot-vo-veles%2F 

Македонија | пред 6 години

26082019_PVRSM_Brnabikj_Precek_Vlada-5

Потпишани спогодби за заедничко ефикасно управување со граничните и царинските контроли

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се реализираше агендата на официјалната посета на делегацијата на Владата на Република Србија предводена од премиерката Ана Брнабиќ, која започна со заеднички организираниот настан за свечено пуштање во употреба на концептот One-stop-shop, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Табановце/Прешево, денеска.По настанот на граничниот премин, официјалната церемонија со највисоки државни почести се одржа на платото пред Владата на Република Северна Македонија, каде што премиерот Зоран Заев и членови на македонската владина делегација, ја пречека неговата колешка од Србија, во придружба на други министри во Владата на Република Србија.Претседателите на Владите на Северна Македонија и на Србија Заев и Брнабиќ потоа се повлекоа на тет-а-тет средба, а членовите на владините делегации одржаа билатерална средба на која присуствуваа Кочо Анѓушев, заменик претседател во Владата на РСМ задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Оливер Спасовски, заменик претседател во Владата на РСМ и министер за внатрешни работи на РСМ, Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи на РСМ.Владината делегација на Република Србија на билатералната средба ја претставуваа Расим Љајиќ, заменик претседател на Влада и министер за трговија, туризам и телекомуникации, Бранислав Недимовиќ, министер за земјоделие и заштита на животна средина на Р. Србијаи Душанка Дивјак Томиќ, амбасадорка на Република Србија во Република Северна Македонија.Веднаш по премиерската тет-а-тет средба и билатералната средба на двете владини делегации, се одржа и свечена церемонија на потпишување на Спогодбата за заедничко признавање на доверливи услуги кои се користат во земјите, што ја потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевскии Расим Љајиќ, заменик претседател на Влада на Србија и министер за трговија, туризам и телекомуникации, потоа Спогодбата меѓу министерствата за финансии и царинските управи на Северна Македонија и Србија за заемно признавање на издадените одобрувања за овластен економски оператор,што ја потпишаа директорот на Царинската Управа на Северна Македонија Ѓоко Танасовски и помошник директорот на Царинска Управа на Србија Веселин Милошевиќ, како и Спогодбата за соработка во фитосанитарната област и областа на безбедноста на храната и ветеринарство, потпишана од Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на РСМ и Бранислав Недимовиќ, министер за земјоделие и заштита на животна средина на Р.Србија.Официјалната посета на делегацијата на Владата на Република Србија на нашата земја заврши со заедничката прес-конференција на премиерите Заев и Брнабиќ. 

Македонија | пред 6 години

369514-vo-sreda-kje-se-prska-protiv-komarci-129781

Во четврток ќе се прска против комарци

Градот Скопје информира дека на 29.08.2019 година (четврток) во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје. На истиот датум, во текот на денот, ќе се изврши и терестрична дезинсекција против ларви од комарци.Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Скопје | пред 6 години

gori-brod-velesko-1

(ФОТО) Голем пожар кај Велешко езеро

Голем пожар во околината на Велес во близина на Велешко езеро. Огромните столбови од црн чад се гледаат на далечина и од повеќе десетици километри. Огромните столбови од црн чад се гледаат на далечина и од повеќе десетици километри.  Велешани уплашени, затоа што пожарот брзо се шири, а  како што велат на терен било забележано само едно возило за гаснење пожар.За сега нема официјални информации каде е поточно пожарот и дали се интервенира со посериозна опрема и средства за негово гасење.

Македонија | пред 6 години

dzek-nesrekj

Мистерија: На моминска вечер пиела само вода и се слошило и починала

Дваесет и петгодишна девојка вчера починала среде забава, откако претходно ѝ се слошило во популарна кафеана во Зрењанин, Србија. Нејзината смрт засега е мистерија, а според вработените, таа била гостинка на моминска вечер.Починатата девојка вчера беше на моминска забава кај нас. Беа сместени во градината, а таа беше весела, се забавуваше, но одеднаш падна како покосена. Келнерите веднаш ја изнесоа од градината, а нашата колешка повика Брза помош, која се појави за околу седум минути. Гостинката не пиеше алкохол, ами само вода. Дури нејзините другарки коментираа дека водела здрав живот, била вегетаријанец, изјавиле за српски „Курир“ вработените во кафеаната.Според нивните сознанија, во крвта на девојката не е пронајден ниту алкохол, ниту наркотици. Телото е предадено во судска медицина на обдукција, по што ќе се знаат причините за смртта. Извор:република.мк

Свет | пред 6 години

Prezentacija-na-studija-za-VOdno-1

Презентирана студијата за валоризација на парк - шумата „Водно“

Во присуство на претставници на стручната и научната јавност, на невладините организации, медиумите и заинтересираните граѓани денеска во салата на Советот на Град Скопје се одржа презентацијата на „Студијата за валоризација на заштитеното подрачје парк - шума Водно“.-Оваа студија доаѓа во моментот кога околу 90% од градежните активности за изградба на гасоводот на Водно се завршени и кога 100% од дрвјата кои беа на трасата предвидена за гасовод се пресечени - може да заклучиме дека, освен помали проблеми, изградбата течеше во согласност со предвиденото и не се случија поголеми штети. Минатата година Градот беше на спротивставена страна во преговорите со Владата и со МЕР. Кога видовме дека измената на трасата за гасоводот е невозможна, поради финансиските и временските импликации врз гасификацијата во државата, го извадивме максималниот бенефит за граѓаните, ја намаливме и видоизменивме постојната траса и кога се уверив дека тоа е оптимумот што може да се постигне се даде зелено светло да може да се изгради гасоводот. Токму поради потребата од постојана грижа за зеленилото и ревитализација на Водно изработена е оваа студија од страна на стручен тим, која укажува на потребата од заштита, но и од поквалитетно управување со парк-шумата Водно – рече на денешната презентација градоначалникот Шилегов.Подрачјето на парк-шумата Водно како предел со посебни природни карактеристики, прогласено е за заштитено подрачје според Законот за заштита на природните реткости со Одлука за прогласување на планината Водно за парк-шума и нејзина заштита донесена од Собранието на Град Скопје донесена 1991 година.- Поради потребата за зачувување на планината, односно заштита на биолошката разновидност, изработена е Студијата за валоризација на Парк-шумата „Водно“, во која главен акцент е даден на идентификацијата и валоризацијата на важните екосистеми и живеалишта, како и на поединечните видови растенија, габи и животни и нивната застапеност на меѓународните листи за заштита на биодиверзитетот. Оваа студија е најсеопфатен документ за Водно било кога направен. Досега, студија со вакви податоци и ваква валоризација овој град не добил и не изработил и токму заради тоа, според мене, откако ќе ја докорегираме и кога ќе биде предмет на донесување од Советот на Град Скопје ќе биде стратешки документ. Согласно оваа студија се препорачува формирање на две советодавни тела: советот на засегнати страни и научен совет. Во советот на засегнати страни предвидуваме да бидат вклучени единиците на локална самоуправа чија територија директно е засегната од заштитата на Водно, здруженија на граѓани од областа на заштитата на животната средина, подрачни единици на органите на државната управа, државни јавни претпријатија и установи кои вршат дејности и активности на територијата на заштитеното подрачје и јавни претпријатија и установи чија дејност е поврзана со заштита на животната средина и зачувување на парк-шумата Водно. Во научниот совет се предлага да членуваат претставници на државни и локални установи, други правни лица регистрирани за вршење научноистражувачка дејност од областа на биолошката и геолошката разновидност, како и лица кои самостојно вршат научноистражувачка дејност од областа на биолошката и геолошката разновидност – додаде Шилегов.Тој истакна дека значењето на Водно од аспект на биодиверзитетот е големо, а напорите на Град Скопје се насочени кон зачувување на природата и заштитата од пожари.- Минатиот период преземавме мерки за поздрава животна средина и почист простор за спорт и рекреација со тоа што во голема мера го намаливме движењето на возилата за време на викендите и празниците преку воведување скапо зонско паркирање на Водно. Во истиот период им овозможивме на граѓаните бесплатни автобуски линии до Средно Водно. Во летниот период преземаме и превентивни, едукативни активности за елиминирање на можноста за настанување шумски пожари. За жал, годинава имавме четири евидентирани пожари на падините на нашата планина. За среќа брзо и успешно се справивме со нив. Како идни активности на Градот во насока на зачувување на Водно е изработка на студијата за туристичко-рекреативен центар Водно и маркирање на постојни планинарски патеки на Водно и изработка на мапа со тежина на рути и маркација со GPS. Особено внимание посветуваме на велосипедизмот и користењето на патеките од страна на пешаците и планинарите. Водно е клучно за квалитетот на амбиентниот воздух во Скопје и квалитетот на животната средина. Оваа градска администрација е во целост посветена на подобрување на квалитетот на воздухот и животната средина, со цел да овозможиме подобри услови за живот на сите. Тоа е наш приоритет, бидејќи нема ништо поважно од здравјето на граѓаните и нема ништо поважно од здравјето на нашите деца – нагласи Шилегов.Предмет на оваа студија е ревизија на постојната Студија за валоризација на природните вредности на Парк-шумата „Водно“ од 2009 година. Со оглед на тоа што во 2012 година МЖСПП донесе нов Правилник за содржината на студијата за валоризација или ревалоризација на заштитено подрачје, извршено е нејзино ревидирање, односно пополнување со нови содржини согласно правилникот. Град Скопје го реализира проектот „Заштита на природното богатство и пејсаж на комплексот Водно, Сарај и Матка“ во рамките на проектот „Подобрување на управувањето на заштитените подрачја“ кој е финансиран од Европската Унија, преку ИПА 2 – Секторската оперативна програма за животна средина и климатска акција 2014 – 2020, а се спроведува од страна на УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Изготвувач на студијата е Унига Стил од Скопје.Целта на проектот е да го подобри управувањето со заштитените подрачја на подрачјето на Град Скопје, преку воспоставување управувачка структура, постојан мониторинг на видовите и живеалиштата во заштитените подрачја и поддршка на одржливи форми на туризам.  Со почит,Град Скопје

Скопје | пред 6 години

Arsovski-26-08-2019-mediumi

Арсовски: 4 месеци Русковска не повикува никого на распит, а во случајот со 27-ми само со еден исказ беа притворени луѓе

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски, кој е десна рака на Зоран Заев, пред само неколку дена јавно на прес конференција проба да ги амнестира сите инволвирани политичари во случајот „Рекет“, изјавувајќи дека немало инволвирани политичари, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Само неколку дена потоа излезе документ од исказ за кој самото обвинителство на Јовевски и на Русковска потврди дека е автентичен и со самото тоа потврди дека според исказот на оштетениот вмешани се целиот политички врв на СДСМ вклучително и Зоран Заев.Истрагата се води штуро, без потребен интензитет и непрофесионално. Јавното обвинителство се занимава со се, само не со тоа што треба, а тоа е да ја сведе истрагата експедитивно до самиот крај и да се разреши целиот случај во корист на граѓаните. Сега во моментов им е поважно како излегол документот, и дефокусираат, а не има е важно да ги повикаат сите оние инволвирани на распит да го дадат својот исказ за својата вмешаност.Цели 4 месеци Русковска не повикува никого на распит. За разлика од тоа, во случајот со 27-ми само со еден исказ беа притворени луѓе.Начинот на кој Зоран Заев ја опструира професионалноста на истрагата и пробува да ја управува по свој терк е само уште една потврда за неговиот, страв, очај и инволвираност во целиот случај „Рекет“.Зошто сеуште не е повикан Зоран Заев на распит?Зошто сеуште не се повикани на распит целата фамилија Ременски?Зошто сеуште не е притворен синот на Катица Јанева, за кој што видовме дека имало директна вмешаност во целиот случај?Зошто сеуште не е повикана на распит Радмила Шекеринска, да каже што разговарале кај Боки 13?Кои се други се вмешани во целиот случај на „Рекет“?Кога ќе бидат повикани на распит сите овие луѓе?Дали Заев, Русковска и Јовевски сакаат да ја забошотат целата истрага, на тој начин со кој што ќе ја развлечат, и всушност нема ништо да направат?Почитувани,Замешани се сите до еден и влезени се до гуша во криминал целата Влада и целото раководство на СДСМ.Одговорност мора да има за сите до еден. Веднаш штом се смени оваа Влада на СДСМ, сите до еден инволвирани во било каков криминал ќе одговараат. И тоа го ветуваме јавно, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

tripunovski-26-08-2019-tripunovski

Трипуновски: Откако СДСМ е на власт речиси секоја земјоделска култура наместо на пазарите завршуваше на буниште

Ситуацијата во земјоделскиот сектор во Република Македонија е повеќе од алармантна. Постојано гледаме како земјоделците си ги бараат ветените субвенции. Сведоци сме дека изминативе години додека СДСМ е на власт речиси секоја земјоделска култура наместо на пазарите завршуваше на буниште, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Сакаме да укажеме и да ја информираме јавноста дека реалната ситуација со македонското земјоделие е очајна и дека земјоделецот е доведен на работ на егзистенцијата.Доказ дека земјоделците се оставен сами на себе е фактот што со последната измена на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, која што е објавена во „Службен весник“, во мерката 11 која се однесува на заостанатите обврски, бројката е повеќе од алармантна. Речиси 65 милиони евра се во ставката заостанати обврски. Потенцираме 3 милијарди 979 милиони 766 илјади денари е минусот во програмата за финансиска поддршка во земјоделството, кои што се направени од страна на СДСМ за период од 2017 и 2018 година.Тоа значи дека лозарите од Тиквешијата, јаболкарите од ресенскиот регион, оризарите од кочанско, градинарите од струмичкиот регион и сточарите од цела Република Македонија со ваквиот минус во програмата нема да ги добијат ветените субвенциите кои што ги очекуваат со денови, а за нив живот значат.ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период постојано апелираше и повикуваше власта да има сериозен пристап кон македонското земјоделство. Напротив власта се луксузираше, трошеше милиони евра на непотребни забави и се правеше глува на потребите на најголемата категорија граѓани во Република Македонија, а тоа сте вие почитувани земјоделци.Почитувани,Заев дојде на власт манипулирајќи ги земјоделците дека ќе обезбеди сигурен пласман и високи откупни цени за земјоделските производи. А, Заев и Николовски ветуваа редовна исплата на субвенциите и нивно покачување. Ништо од тоа денес не е случај.Земјоделците го видоа вистинското лице на Заев, Николовски и нивниот пулен Димковски.Крајно време е земјоделците да го добијат пристапот и посветеноста која што ја заслужуваат. За тоа да се случи потребни се брзи, итни предвремени парламентарни избори во Република Македонија. Време е за обнова во Македонија, истакна Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

26082019_One-Stop-Shop_1

Заев и Брнабиќ на Табановце/Прешево: Ги имплементираме најдобрите европски практики

Премиерите на Северна Македонија и на Србија, Зоран Заев и Ана Брнабиќ, и во присуство на министри во двете влади, како и на највисоки претставници на институциите за гранично и царинско управување на двете земји,денеска, на заеднички настан и како дел од официјалната посета на делегација на Владата на Република Србија, со пригодна свеченост го пуштија во употреба на концептот One-stop-shop, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Табановце/Прешево.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во своето обраќање потенцираше дека двете влади денеска исполнуваат уште една обврска од проектот за интеграција на Република Северна Македонија и Република Србија, како на регионално, така и на европско ниво. Со заедничкиот граничен премин Табановце – Прешево, рече премиерот Заев, кој меѓу другото предвидува и заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување - One-stop-shop, двете земји го даваат својот значаен придонес кон развивањето на Регионалната економска област на Западен Балкан, и – што е особено значајно – претставува уште една круна на пријателството и добрососедството помеѓу двете држави.Преку Табановце во 2018 година поминале околу 200 илјади транспортни средства, што претставува околу една четвртина од вкупниот промет на товарни возила во 2018 година. Се очекува овој број да биде зголемен за околу 30% и оваа година да биде околу 260 илјади камиони.„Покрај целосното завршување на патната инфраструктура на двете страни од автопатот, изградбата и проширувањето на царинскиот терминал на овој граничен премин, ова претставува последна фаза во создавањето услови за поголема размена на стоки и полесно движење на граѓаните. Поголемата размена на стоки, значи размена на идеи, искуства, достигнувања и подобар живот за граѓаните.Со новиот One-stop-shop концепт ќе се забрза протокот на патници, стока и превозни средства. Времето на минување на граница ќе се намали за повеќе од половина што ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи меѓу двете држави, како и на бројот на транзитни туристи“, истакна премиерот Заев.Тој додаде дека на деловните луѓе за половина ќе им се скрати времето за царинските постапки, контролите ќе се вршат на едно место од страна на царинските служби, а предвидено е и меѓусебно признавање на сертификатите на граничните агенции, фито санитарни и ветеринарни.„One-stop-shop ќе ја намали можноста за царински измами, поради непосредниот увид во комерцијалните документи кои ја следат стоката, ќе го зголеми нивото на доверба, соработка и размена на информации, со што ќе се олесни трговијата, ќе се намали можноста за корупција и ќе зајакне стабилноста и сигурноста во регионот.Убеден сум дека заедничките контроли на граничниот премин Табановце-Прешево ќе бидат пример за успешна и блиска соработка“, нагласи премиерот Заев и додаде дека проекциите и анализите укажуваат дека со One-stop-shop и со дигитализацијата на царинските услуги,превозниците и извозниците ќе имаат заштеда околу 8 милиони евра; извозот добива потенцијал да порасне за 4%;надворешно-трговската размена може да порасне за околу 5,5%, а бројот на туристи да се зголеми за 8%.Премиерот Заев во своето обраќање им се заблагодари на Владата на Република Србија и на премиерката Брнабиќ и на Претседателот на Србија Вучиќ за исклучителната соработка на овој проект, со што уште еднаш сепотврдува дека двете земји се лидери во регионот во реализацијата на проектот за Регионална економска соработка на земји од Западен Балкан кој ги промовира европските вредности и практики како придонес кон членството во Европската Унија, која, пак, од своја страна, го поддржа финансирањето на изградбата на царинскиот терминал, заедно со Светска Банка и Меѓународната финансиска корпорација.Претседателката на Владата на Република Србија Ана Брнабиќ, во своето обраќање нагласи дека овој настан потврдува дека Србија гледа кон иднината на односите меѓу двете земји и дека ќе бидат отстранети сите бариери кои ќе го помогнат растот на економската активност и соработка за уште подобро поврзување на народите и економиите на Србија и Северна Македонија.Премиерката Брнабиќ истакна дека двете држави ги разбраа проблемите и трошоците со кои се соочуваат стопанствата на двете земји од прекумерните админисративни процедури и дека отсега натаму фокусот ќе биде ставен на благостојбата на граѓаните и деловните луѓе со промовирање на партнерства за ефикасна соработка.На свеченоста по повод пуштањето во употреба на концептот One-stop-shop, заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување на граничниот премин Табановце/Прешево, присуствуваа и Извршната директорка на Стопанската Комора на Македонија Билјана Пеева Ѓуриќ и претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж кои воспоставувањето на заедничко гранично управување на Табановце/Прешево го оценија како одличен чекор за олеснување на протокот на стоки за компаниите, кој ќе го олесн бизнисот со сведувањето на царинските мерки на минимум во регионот во согласност со меѓународните препораки и договори, и дека бизнис-заедницата очекува воведувањето на one stop-shop систем на граничните премини да стане пракса и со другите држави.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шахпаска: Вложуваме во детската заштита, изградени и опремени 43 објекти на градинки и центри за детски развој

Како одговорна партија целосно сме посветени на реализација на мерките што обезбедуваат унапредување на детската заштита.Инвестираме во изградба на нови и проширување на веќе постоечките капацитети на детски градинки, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.Општините Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци добија грант за изградба на нови градинки во кои ќе се згрижуваат вкупно 552 деца. Вкупниот износ за изградба на градинките е над 3,5 милиони евра, а средствата се обезбедени од Светска банка.Покрај овие 4 договори, во периодот што следува уште 13 општини ќе потпишат договори за грантови за изградба на нови градинки.Во периодот од мај 2017 до мај оваа година Владата предводена од СДСМ преку Министерството за труд и социјална политика изгради и опреми вкупно 31 објект од кои 24 се градинки, а 7 Центри за ран детски развој.Истовремено, во во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти од кои 8 се градинки и четири центри за ран детски развој.Тоа се вкупно 43 објекти на градинки распоредени низ целата државата.Со ваквите инвестиции, позитивно влијаеме на реализација на зацртаната цел, опфатот на деца во градинките за четири години да се  зголеми за 50%.Покрај инвестициите во капацитетите, се инвестира и во унапредување на условите за работа на стручниот кадар. Го враќаме достоинството на воспитувачките и негувателките.Денес, над 3.100 вработени во детските градинки добиваат повисоки плати во просек за над 3.000 денари.Веќе со септемвриската плата, вработеите во градинките ќе добијат дополниелно зголемување на платите од 5 отсто.Продолжуваме со спроведување на мерките што го унапредуваат системот на детска заштита и го враќаат достоинството на вработените.За нас, грижата за децата останува врвен приоритет, истакна Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања