Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

marihuana2

Приведени три лица – полицијата кај нив пронашла марихуана

На 26.08.2019 околу 22.00 часот, во близина на поранешната фабрика „Стаклара“ во Гостивар, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ги лишиле од слобода В.С.(22) од Гостивар и Ј.В.(44) и М.Н.(31), двајцата од гостиварско Здуње затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

Македонија | пред 6 години

kanabis

Полицијата од ГН Блаце пронашла 105 стебла од растението „канабис сатива“

На 26.08.2019 во 12.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Блаце помеѓу вториот и третиот железнички мост на реката Лепенец, на место викано „Чучунска лука“ пронашле 105 стебла од растението „канабис сатива“. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СДСМ: Отворена нова градинка во Општина Аеродром со капацитет за згрижување на 200 деца

Општина Аеродром предводена од СДСМ и градоначалникот Златко Марин покажа дека грижата за најмладите е еден од нејзините врвни приоритети. Oпштината континуирано инвестира во изградба на нови и проширување на веќе постојните капацитети на детските градинки. Имено, деновиве беше пуштена во употреба новата детска градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче, со капацитет за згрижување од двесте деца, истакна Љупчо Недески, советник во Советот на општина Аеродром.Овој современ објект со сите неопходни стандарди ги обезбедува најсовремените услови за згрижување и престој на деца од предучилишна возраст. Новата градинка се состои од 8 занимални со сопствени санитарни јазли и кујна, со вкупна површина од 1.500 квадратни метри. Средствата за оваа градинка од околу 40 милиони денари ги обезбеди Општина Аеродром.Со овој објект градинката „Буба Мара“ доби двојно поголем капацитет за згрижување, со што ќе се задоволи реалната потреба на семејствата во Ново Лисиче. Во наредниот период ќе се изградат уште две нови градинки. Едната во дворот на училиштето „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, а другата кај постојниот објект на детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Владата на СДСМ, покрај што ги зголемува згрижувачките капацитети, го враќа и достоинството на воспитувачките и негувателките. Платите на стручниот кадар во градинките ги зголеми за 16%.Постојано вложува во раниот детски развој којшто е клучен за напредокот на секое дете.  За нас зборот важи, истакна Љупчо Недески, советник во Советот на општина Аеродром.

Скопје | пред 6 години

heroin-111

Запленет хероин во Чаир, приведени четворица дилери

На 26.08.2019 врз основа на судска наредба  Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје изврши претрес во домот на Ф.П.(43) во Чаир, Скопје. При претресот биле пронајдени и одземени кеса со хероин, кутија во која имало 60 мали пакувања со хероин и една кеса со остатоци од хероин. Ф.П. бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.Исто така, врз основа на судска наредба, претрес бил извршен и во домот на неговиот брат Ф.П.(51), исто така во Чаир. Притоа, била пронајдена мерихуана,  дигитална вага со остатоци од марихуана, пиштол марка „Екол Фират Магнум ЕФ810399 Волтран“.  Ф.П. и неговиот син Б.П. биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.Истиот ден, со судска наредба, бил извршен претрес и во домот на Г.П.(41) во Чаир. При претресот била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, дигитална вага и две фолии со остатоци од прашкаста материја. Г.П. бил приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Македонија | пред 6 години

markoo

Георгиески: Марко ти си нашиот херој, ти си нашиот уникатен пример за храброст и истрајност

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески со поддршка до Марко Пејчиноски кој ќе плива 64- километарски маратон за лицата со ретки болести. Градоначалникот на својот ФБ профил напиша:Marko Pejchinovski ти си нашиот херој, ти си нашиот уникатен пример за храброст и истрајност. Ти испраќам позитивна енергија и најубави мисли, како поттик за твојата посветеност, за твојата борба, за остварувањето на твојот сон.Нека Охридското Езеро биде твојот сојузник, а вербата во Бога нека ти го осветли патот до целта!Ја имаш мојата максимална поддршка! Напред Марко!https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.326540667951543/429447284327547/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

nasilnik

(ВИДЕО) На протест во кумановско: Нападната инспекторка, повреден претседател на МЗ, еден насилник приведен

Претседателот на месната заедница и инспекторка за животна средина биле жртви на насилници во „Шупли камен“.Како што дознава КУРИР, за време на протестот бил нападнат прво 52-годишниот Г.С. По завршување на протестот, пак, инспекторка во Државен инспекторат за животна средина била нападната додека си ја вршела работната должност. Освен што насилниците физички ја нападнале, дознаваме дека го искинале и записникот кој таа го направила.Инспекторката откако извршила увид, констатирала дека не се работи законски, по што била веднаш нападната од лицето кое полицијата го апси во видеото во продолжение, дознава КУРИР.Еве што велат од СВР Куманово за овие случувања: На 21.08.2019 во 11.00 часот во СВР Куманово, претседателот на Месната заедница „Шупли Камен“, Г.С. (52) пријавил дека за време на протест и блокада на патот во селото Шупли Камен, физички бил нападнат од непознато лице кое управувало товарно возило.Според пријавеното, во наведеното време на местото пристигнале две товарни возила, по што возачот на првото возило излегол и физички го нападнал Г.С. и со непознат предмет му нанел повреда на вратот.Во 20:00 часот во СВР Куманово, Л.З.(57), државен водостопански инспектор во Државен инспекторат за животна средина, пријавила дека истиот ден околу 15.30 часот, додека вршела службени задачи заедно со водстопански инспектор, по извршениот увид на речното корито на река Пчиња, Б.Н., вработен во сепарација во река Пчиња, насилно се обидел да и го земе записникот, но бил спречен од полициски службеници.Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

2-Facebook-Google-Chrome

(ВИДЕО) Револтиран жител на стариот дел во Охрид: Што треба јас цајкан да бидам?

Со поставувањето на уште една рампа затворен е и последниот влез преку кој возачите влегуваа во стариот дел на Охрид. Рампата е поставена во подножјето на Горна Порта каде што е главниот влез во стариот град. Револтиран жител на стариот дел на Охрид, со свое видување:https://www.facebook.com/panika.mile/videos/2879406995420209/

Македонија | пред 6 години

janeva-2

Катица Јанева ќе ја пуштат од притвор оти многу јаде и нема за другите затвореници, вели јавноста

Последните случувања со случајот „Рекет“, односно апсењето на шефицата на СЈО, Катица Јанева во јавноста предизвика лавина од коментари и шеги. Дел од нив се позитивни, дел негативни, а твитерџиите се обидуваат да ја доловат ситуацијата од поинаков агол. Еве што се коментираше последниве денови на социјалните мрежи:https://twitter.com/cherga_omnes/status/1165003032691642368https://twitter.com/bojanseker/status/1165960463320064002https://twitter.com/gokan1508/status/1165921320443490305https://twitter.com/Jovanowsky/status/1165643439393972229https://twitter.com/bakraci/status/1165587273569714176https://twitter.com/toopersonal_1/status/1165253844193947649 https://twitter.com/Jovanowsky/status/1165669922560757760https://twitter.com/AltheB1g/status/1165197404418822144

Коментари | пред 6 години

mladost

Локализиран пожарот кај Велес, изгореа над 200 хектари борова шума, свињарска фарма и викендичка

Рано утрово големиот шумски пожат кај Езерото Младост кај Велес беше локализиран, информираат противпожарните служби. Изгореа 200 хектари борова шума, а пожарот беше распространет на 400 хектари. Изгоре и една викендичка и една свињарска фарма. Четири лица се приведени и осомничени дека го предизвикале пожарот.https://www.facebook.com/trmrveles/videos/1982102615223302/?v=1982102615223302Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Велес, Свети Николе, Штип, Кавадарци, Неготино и Скопје, припадници на армијата, два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и еден армиски хеликоптер, а помош пристигна и од вработените во шумските претпријатија.Според првичните информации на МВР, четири лица од градежна фирма од Велес, кои извршувале градежни работи со брусалица, се приведени во СВР Велес под сомнение дека го предизвикале пожарот.Пожарот ги вознемири граѓаните, кои преку социјалните мрежи почнаа да се организираат во иницијатива за повторно засадување на изгорената шума.

пред 6 години

69730681_2317785148318879_5172622297906806784_o-1

(ВИДЕО) Езеро Младост и Велес, ден потоа: Што остави зад себе огнената стихија

По 11 часа дивеење на огнената стихија, доцна синоќа, околу 22:30 часот е изгаснат големиот шумски пожар над велешкото езеро „Младост“.При дивеењето на оганот постоеше опасност да се зафатат и околните населби, изгоре површина од 400 хектари од кои половината со борова шума и 200 хектари под сува трева. При стихијата, сепак изгорела една свињарска фарма и една викендичка. Огнот се приближил до населбата Отовица кај велешкото езеро „Младост“, но биле ископани ровови и поставена земја со што било спречено огнената стихија да се прошири кон куќите.https://www.facebook.com/trmrveles/posts/2317787261652001?__xts__%5B0%5D=68.ARCvC9T6Q2iKNRyroi7z05YhRS4SVHh31tISSLx4Nn2bLEbSrpZpXJwLshQLqD73VGNfel9QjoCsFzE9ZYgz-9D2_Vsu8R0c_gHZ9P_aOoGQSqpdtSgRSt_5n9Lr-NLZCLNz58GR1G2O0upYnQ3_hIphtPz0XHxs_8f2HRDuzDbOsKRRlePyYO84Duu3UbfRdPFvL4rNs3fSPXhDL_ct8A-OoG54hNMuo5z7F6FG6iq_BDbA5PTQ6PuRP3N664Svg5W6uaeZKf-VL5c5890xvAwfIeL3liJUuIc4yD62Ad0V6O-AfwJx7LXpQEWytAvWr8rwsD-GoKJO8dqFguXMSoTSTA&__tn__=-Rhttps://www.facebook.com/trmrveles/videos/1982102615223302/

Македонија | пред 6 години

janeva-ruskovska

„Ако Вилма продолжи да ја води истрагата како желка, докази за 'Рекет' ќе излегуваат и од фрижидер“

Не стивнуваат коментарите во јавноста, кои пред се сè насочени кон спората истрага која ја води обвинителката Вилма Русковска и Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“. Таму осомничени се три лица, Бојан Јовановски познат како Боки 13, Зоран Милевски познат како Зоки Кичевски и Катица Јанева за чие шефување со СЈО, денес одлучува Советот на јавни обвинители. Коментари има и за изјавата на Жбогар кој рече дека истрагата за „Рекет“ се претворила во реалити шоу.Еве што пишува критичката јавност изминативе денови:https://twitter.com/dastevski/status/1166127429322248194https://twitter.com/MirchePrilepski/status/1166112224265539585https://twitter.com/saso_arsov/status/1166096719106531328https://twitter.com/Fabrik_a/status/1166081423792594944https://twitter.com/IceBucks7/status/1166009580897361920https://twitter.com/starmarsovec/status/1166007280783036418https://twitter.com/Jovanowsky/status/1165983714633035776https://twitter.com/My_Macedonia/status/1165963840183525376https://twitter.com/zsenkovski/status/1165908659668434944https://twitter.com/Mrazacka/status/1165619785419370496https://twitter.com/NaUmotZijan/status/1165384999316656129 

Коментари | пред 6 години

most-4

Казна од 78.000 евра за архитектот на мост во Венеција, затоа што не го прилагодил за многу туристи

Властите на Венеција го казниле шпанскиот архитект Сантијаго Калатрава со казна од 78.000 евра за дизајнирање мост над Гранд каналот. Причината за ова било тоа што мостот не може да поддржува голем број туристи.Одлуката ја донесол Италијнскиот суд. Според оваа одлука Калатрава е несовесен во процесот на градба и дека тој дизајнирал и други мостови, како што се оние во Далас и Калгари, кои можат да примат повеќе туристи. Исто така во тужбата се наведува дека мостот, со челична рамка и стаклените плочи, не можел да ја издржи навалицата на гости и на нивните куфери, кои се влечеле секојдневно, што барало замена на неколку стаклени скали.Мостот „Ponte dela Konstitucione“, долг околу 90 метри, бил изграден во 2008 година и го добил името по италијанскиот устав, кој потоа ја одбележа 60-годишнината.

Магазин | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

Гајсер открива кој му ги дал снимките за „Рекет“

Словенецот Ласер Гајсер во интервју за словенечкиот портал „Домовина“ открива од каде му се снимките за случајот „Рекет“.Во подолгото интервју, под наслов „Ќе падне ли македонската влада на премиерот Заев поради еден Словенец и неговите обелоденувања?“ Гајсер вели дека довeрлив извор во Македонија му предал снимки и документи. Гајсер вели дека изворот му дал „некои документи и видеа што укажуваат на тоа дека специјалната oбвинитeлка Катица Јанева, со наводно знаење на премиерот Заев, рeкeтирала oбвинeт за кopyпција, убедувајќи го дека во замена за 8,5 милиони евра може да му обeзбеди оcлободување“.Гајсер во интервјуот објаснува дека со години ја следи ситуацијата во Македонија и гледал дека меѓународни мрежи се обидуваат да манипулираат со суверена држава за свои интереси, по што тој рeшил да ги сподели снимките со јавноста. Меѓутоа, еден месец откога снимките биле во рацете на македонското oбвинитeлство и тоа не презело ништо, Гајзер го дал материјалот во „Ла Верита“, со која соработува долго време како надворешнополитички коментатор.-Многумина ме прашуваат што ми требаше ова и секогаш одново одговарам дека со години ја гледам ситуацијата во Македонија. Преку моите написи, секогаш се обидував да ѝ помогнам на Македонија да избегне вакво понижyвaње, да укажам на погрешните чекори на Европска унија во таа држава и да спречам меѓународните мрежи да создадат од Македонија преседан за maнипулирање со една земја и со нејзините жители. Целосно сум paзочаран од постапувањето на претставниците на Европска унија, која би требало да има за цел обeзбeдување на владеењето на правото и почитување на човековото достоинство. Останува мојата надеж дека преку моите извештаи и активности ќе можам да помогнам независните cyдии, кои го почитуваат владеењето на правото, да можат да истражуваат понатаму и да ѝ помогнат на Македонија да се движи кон поголема стабилност“, вели Гајсер во интервју за „Домовина“.

Македонија | пред 6 години

Boki-13-Bojan-Jovanovski

ВМРО ДПМНЕ: 43 дена како е притворен Боки 13, сеуште нема дадено исказ како првоосомничен за случајот „Рекет“

43 ден откако е притворен Бојан Јовановски и сеуште нема дадено исказ пред Јавното обвинителство како првоосомничен за случајот „Рекет“. Заев и власта се очајни во обидите да го заташкаат целиот случај и да прикриваат вмешаност на останати функционери и обвинители.Поголем доказ за паниката на власта од притисокот кој што го вршат секојдневно врз медиумите нема. До скоро за Заев демократијата на едно општество зависеше од слободата на говор и медиумите. Tој велеше дека медиумите треба да работат ослободени од какви било притисоци, и да ги информираат граѓаните без цензура, a сега истото одеднаш не важи кога се обелоденува нешто што на власта не и одговара, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Русковска и Јовевски да сакаа да ја забрзаат истрагата до сега ќе беа повикани сите вмешани во случајот чии имиња се спомнуваа цели четири месеци откако е обелоденет овој скандалозен случај. Напротив, Јовевски ја негираше вмешаноста на политичари во рекетот, но гледаме дека Заев ги предупредил обвинетите.Со опструирање, со забошотување и развлекување на истрагите, Заев само добива на време.До пред три години власта ветуваше владеење на правото и нулта толеранција за корупцијата. Судството не само што не се исчисти туку се затрупа во криминалите на октоподот.Јавното обвинителство во овој состав не може да понуди професионалност и објективност затоа што оддалеку се гледа нивниот обид да ја амнестираат на секој начин вмешаноста на функционерите на власта во криминалните шеми на октоподот. Картите се на маса и се отворени. до каде се Коки, Кики, Фрики и Шеки да бидат прашани од Русковска за што им служеше меѓународниот сојуз и нивната вмешаност во криминалните шеми?Зошто Вилма Русковска ги заштитува функционерите на власта, и од што се плаши Љубомир Јовевски?На граѓаните, но и на евроамбасадорите од меѓународната заедница им е јасно дека целиот случај се претвори во телевизиско шоу, каде оние кои што треба да го гонат криминалот на власта, се ставиле во негова заштита или пак се дел од криминалната банда.На рекетарската банда ќе и дојде крајот, а тогаш одговорноста ќе биде нужна и рекетарите и сите помагачи ќе одговараат и никој нема да застане на патот на правдата, затоа што само преку обелоденување на вистината и одговорност може да се надеваме на обнова на Македонија,  се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

DARUVANJE-KRV-2

Скопјани по 17 пат ќе даруваат крв за Голема Богородица

Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РМ, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, на 28.08.2019 година, традиционално по 17-ти пат организира  крводарителска акција.Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можностите од недостаток на крв и крвни деривати.Оваа акција веќе 16 години покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје.Во 2003-та година кога за прв пат беше организирана, бројката на крводарители беше 146, додека како резултат на нејзината традиција и препознатливост во 2018 година 264 граѓани ја покажаа својата хуманост со дарување на крв. Вкупната бројка на реализирани крвни единици за овие 16 години е 3708 крводарувања, или во просек 232 крводарители по акција.Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост.

Скопје | пред 6 години

2-4

„Заев дали вака крајот мириса“ и нацртани лисици - плакати низ Скопје

И денеска осамнаа плакати во центарот на Скопје. Поставени во близина на седиштето на СДСМ, на нив пишува „Заев, дали вака крајот мириса?“ со нацртани лисици.Од другата страна на мостот поставен е друг плакат на кој е испишано „Заев главата на криминалниот октопод, а Катица Јанева главен чирак“.Всушност, зборовите испишани на плакатите се истите оние кои партијата ВМРО-ДПМНЕ постојано ги употребува во нивните соопштенија, изјави и прес-конференција.

Македонија | пред 6 години

amazon-pozar

„Форбс“: Светската вознемиреност од пожарите во Амазон е непотребна!

Светската вознемиреност од пожарите во Амазон е непотребна, пожари таму секогаш имало, сечата на шумите е намалена и Амазон не е „бели дробови“ на Земјата, дознава бизнис изданието „Форбс“.Во својот денешен извештај за пожарите базиран на експерти и новинари кои известуваат од теренот, изданието дознава дека Амазон при фотосинтеза навистина создава многу кислород, но дека истиот целосно го троши во процес на респирација, при оксидација на органски елементи во самата прашума.-Некои луѓе отфрлаат со рака на митот за „белите дробови“. Но главната идеја е дека во моментов нема зголемување на пожарите во Бразил, коментира изданието.„Форбс“ се повикува на алармирачките наслови на „Си-Ен-Ен“ или „Њујорк тајмс“, дека „Пожарот во Амазон урива рекорди“, додека водечките репортери пишуваат „Пожар без преседан во изминатите 20 илјади години“.Сепак, статистиката укажува сосема друга слика, дознава изданието.-Додека бројот на пожари во Бразил годинава навистина се зголемил за 80 отсто, споредбено со 2018 година, тој е само 7 отсто повисок отколку просечниот број на шумски пожари во изминатите 10 години, изјави Ден Непстед, водечки експерт за прашумата Амазон.Еден од водечките бразилски новинари во областа на екологијата, Леонардо Кутињо, укажува дека за време на претседателот Лула и министерката за екологија, Марина Силва (2003-2008 година), во Бразил имало најмногу пожари.-Но никој тогаш не беше обвинет дека тоа е ризично за Амазон, изјави Кутињо.Според новинарот, зголемените 7 отсто се пожари на ниското и суво грмушесто растение и на запалените стебла сечени за зголемување на земјоделски обработливото земјиште. Сечата на шумата била намалена за 70 отсто од 2004 до 2012 година, иако малку се зголемила во меѓувреме “но дека тоа е само четвртина од максимумот во 2004“ година.

Свет | пред 6 години

Google-Chrome-1

ВИДЕО: Скопска фирма измамила муштерии - газдата го испразнил салонот и избегал, а парите и прозиводите ги нема

Нарачале собни врати и оставиле аванс, а останале без производи и пари. Неколку муштерии на фирмата „Хоме фактори“ со месеци очекувале да им ги достават нарачаните производи, за кои одговорните лица им велеле дека ќе доцнат поради царнински проблеми бидејќи производите се набавуваат од Турција, а потоа продавачката ги известила дека газдата избегал и не знаат каде е, дознава „А1он“. Според нивните информации, измамените лица биле да го пријават случајот во полиција, но оттаму ги упатиле во Државниот пазарен инспекторат велејќи дека тоа е нивна надлежност. Салонот лоциран во Карпош, кој бил полн со производи, изминативе денови е испразнет.ПОВЕЌЕ НА А1ОН.МК

Македонија | пред 6 години

matka

Вечерна богослужба за Успение на Пресвета Богородица во манастирот на Матка

Во пресрет на утрешниот христијански празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), во манастирот во Матка кај Скопје вечер ќе се одржат Вечерна богослужба (17:30), Духовна академија 18:30 и сеноќно бдение (23:40).Духовната академија се одржува по повод празнувањето во манастирот Успение на Пресвета Богородица Матка, а предвидено е црковно пеење и читање на псалми.Утре, на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи Света Божествена Литургија со која ќе чиночалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан.Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма.Во манастирскиот двор ќе се одржува и традиционалната крводарителска акција.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Зошто Вилма Русковска ги заштитува функционерите на власта, и од што се плаши Љубомир Јовевски?, прашуваат од партијата на Мицкоски

„43 ден откако е притворен Бојан Јовановски и сеуште нема дадено исказ пред Јавното обвинителство како првоосомничен за случајот „Рекет“. Заев и власта се очајни во обидите да го заташкаат целиот случај и да прикриваат вмешаност на останати функционери и обвинители. Поголем доказ за паниката на власта од притисокот кој што го вршат секојдневно врз медиумите нема. До скоро за Заев демократијата на едно општество зависеше од слободата на говор и медиумите. Tој велеше дека медиумите треба да работат ослободени од какви било притисоци, и да ги информираат граѓаните без цензура, a сега истото одеднаш не важи кога се обелоденува нешто што на власта не и одговара“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Русковска и Јовевски да сакаа да ја забрзаат истрагата до сега ќе беа повикани сите вмешани во случајот чии имиња се спомнуваа цели четири месеци откако е обелоденет овој скандалозен случај. Напротив, Јовевски ја негираше вмешаноста на политичари во рекетот, но гледаме дека Заев ги предупредил обвинетите. Со опструирање, со забошотување и развлекување на истрагите, Заев само добива на време. До пред три години власта ветуваше владеење на правото и нулта толеранција за корупцијата. Судството не само што не се исчисти туку се затрупа во криминалите на октоподот. Јавното обвинителство во овој состав не може да понуди професионалност и објективност затоа што оддалеку се гледа нивниот обид да ја амнестираат на секој начин вмешаноста на функционерите на власта во криминалните шеми на октоподот. Картите се на маса и се отворени. до каде се Коки, Кики, Фрики и Шеки да бидат прашани од Русковска за што им служеше меѓународниот сојуз и нивната вмешаност во криминалните шеми?“ прашуваат оттаму.„Зошто Вилма Русковска ги заштитува функционерите на власта, и од што се плаши Љубомир Јовевски? На граѓаните, но и на евроамбасадорите од меѓународната заедница им е јасно дека целиот случај се претвори во телевизиско шоу, каде оние кои што треба да го гонат криминалот на власта, се ставиле во негова заштита или пак се дел од криминалната банда. На рекетарската банда ќе и дојде крајот, а тогаш одговорноста ќе биде нужна и рекетарите и сите помагачи ќе одговараат и никој нема да застане на патот на правдата, затоа што само преку обелоденување на вистината и одговорност може да се надеваме на обнова на Македонија“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

budva-policija

Крвава ноќ во Будва, оружен напад во Стриот град

Две лица се повредени во оружен напад во Стариот град во Будва, по што полицијата го блокираше градот. Полицијата соопшти дека повредените се надвор од животна опасност и се префрлени во которската болница. Инцидентот се случил во два часот по полноќ.Според локалните медиуми, нападот се случил во ресторан во Стариот град во Будва. Непознато лице, кое носело силиконска маска, пукало од засега непознати причини.

Свет | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Што ќе се прави со Катица Јанева?

Советот на јавни обвинители треба да пресече дали ќе ја разреши Катица Јанева од челната позиција во СЈО. Ова доаѓа откако Обвинителството за организиран криминал испрати допис со комплетна документација до советот, наведувајќи што се случувало во изминатиот период со случајот „Рекет“.На седницата, како што информираше вчера за МИА  претседателот на Советот Коле Штериев, ќе се одлучува дали Советот ќе оцени да започне постапка за разрешување на Јанева и да донесат извештај.Седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста поради тајноста на истражната постапка  којашто сеуште е во тек.

Македонија | пред 6 години

SJO

Пратениците денеска ќе пресечат дали треба да постои СЈО

Законот за Јавното обвинителство денеска пред пратениците. Тие прво ќе треба да гласаат за тоа дали има потреба од донесување на законот, што е своевиден тест за финалната фаза од носењето.За да се изгласа клучниот закон кој треба да обезбеди функционирање на СЈО, треба мнозинство гласови, односно договор меѓу власта и опозицијата. Тие досега не постигнаа договор за законот, бидејќи секоја партија има свои барања.Досега, како што беше соопштено по вчерашните разговори, била постигната согласност дека Катица Јанева повеќе не е предмет на дискусија дали да биде префрлена во новопланираното Обвинителство за гонење на висок криминал и корупција.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Дожд, грмежи и засилен ветер - времето ќе ве изненади

Во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се движат од 11 до 21, а максималните од 29 до 36 степени.Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево, а попладне ќе има зголемување на облачноста и со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 19 до 35 степени.

Македонија | пред 6 години

69573522_10157531953813841_8260760314090356736_n

Вознемирувачка снимка од Велес: Изгореа 200 хектари шума со црн бор стара пола век и свињарска фарма

Огнот кој  осум часа му се закануваше на Велес е локализиран.  Изгорена е голема површина со борова шума и сува трева, а материјалната штета е огромна. Околината на омиленото велешко излетиште Езеро Младост е пеплосана.  Во гаснењето на пожарот учествуваа пожарникари од Велес, Свети Николе, Штип, Кавадарци, Неготино и Скопје, како и два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и еден армиски хеликоптер. Ним на помош им дошле и околу 150 вработени од ЈП Македонски шуми и стотина вработени од велешкото јавно комунално претпријатие Дервен со цистерни и припадници на АРМ.https://www.facebook.com/1VidiVidi/videos/346532596255565/Од полиција најавија дека утре ќе ги објават деталите за сторители на пожарот, кој бил предизвикан поради невнимание. Четворица вработени во браварска работилница вршеле работа, при што од искрење се запалила блиската трева, а огнот бргу се проширил и предизвика огромна штета.„Вкупно се опожарени 400 хектари површина,  од нив изгорена е педесетгодишна црноборова шума на 200 хектари и исто толку трева“, изјави Зоран Ѓеоргиев директор на ЈП Македонски шуми. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања