Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

27082019_Zaev_Osmani_Dimitrov_Ambasadorski-sovet2

Заев, Османи и Димитров од Амбасадорскиот совет: Максимален фокус од сите кон историската шанса во октомври!

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се обрати на работниот состанок на Амбасадорскиот совет, што во организација на МНР се одржува во Клубот на пратениците во Скопје.Премиерот Заев, на состанокот на тема, „ЕУ перспективата на Република Северна Македонија“ во пресрет на Советот на ЕУ во октомври“, пред присутните амбасадори и вршители на работи од дипломатските и конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, изрази очекување дека ЕУ ќе ги вреднува постигнатите резултати на земјава, на внатрешен и надворешен план и по системот на заслуги и ќе донесе позитивна одлука за почеток на преговорите на нашата земја со Унијата. Премиерот Заев испрати порака “да продолжиме да градиме пријателства“ и секој да вложи максимални напори во историските позитивни промени што се случуваат во и за нашата држава.„Шансите да ја добиеме долго очекуваната позитивна одлука за почеток на преговорите со ЕУ се реални, а тоа ќе биде силна мотивација за граѓаните, институциите и за државата да продолжат да чекорат напред кон современиот свет. Бенефитите за граѓаните од интеграцискиот процес со НАТО и придвижувањата во европските интеграции веќе се чувствуваат, имаме добри економски резултати и тие само ќе се зголемуваат. Политиките на соработка со соседите на надворешен план и со опозицијата на внатрешен план исто така даваат резултати и ние како Влада, и покрај позитивниот Извештај од ЕУ за спроведените реформи, ќе продолжиме да даваме нови аргументи дека како држава и како граѓани нашето место е во ЕУ и во НАТО. Како Влада, ги создадовме сите услови за функционирање на правната држава и очекуваме ефикасна правосудна разврска на сите случаи поврзани со сомневања за корупција, вклучително и на актуелниот случај, бидејќи со прашањето за справување со корупцијата се соочува целиот современ свет и она што е најважно е дали и како државата може да се справи со таквите појави. Исто така очекувам со двотретинско мнозинство да биде изгласан и Законот за јавно обвинителство, за што се водат посветени разговори со опозицијата, да се обезбеди потребниот консензус. Затоа  апелирам за внимателност, стручност и посветеност во една од најважните години за перспективите на Република Северна Македонија“, рече, меѓу другото, премиерот Заев.На состанокот се обратија и вицепремиерот Османи и домаќинот, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, посочувајќи на одлуката за почеток на пристапните преговори на нашата држава со ЕУ, како клучен приоритет во евроинтеграцискиот процес.Заменик претседателот на Владата, Османи, во разговорите со присутните потсети на Извештајот на Европската Комисија во којшто се потенцирани постигнатите резултати, особено високиот степен на имплементација на реформите од плановите 18 и 369, вклучително и на напредокот постигнат во клучните реформски области, дефинитивни во заклучоците на Европскиот совет.„Имаме признаен напредок којшто покажува дека заслужуваме и јасна оценка дека сме подготвени за старт на преговорите, но таа оценка мора да ја пренесеме до секоја земја членка, до секоја метропола на ЕУ и да ги убедиме сите, со цел да ѝ го обезбедиме на земјава потребниот консензус за напредок во европските интеграции“, е пораката од вицепремиерот за европски прашања, Османи.Министерот за надворешни работи, Димитров, повика на максимална координација и посветеност во последните месец и половина до Советот на ЕУ.„Да ја искористиме оваа историска шанса и да имаме заеднички успех со ЕУ во октомври, кога од Советот на ЕУ очекуваме да добиеме одлука за датум за почеток на преговорите. Натамошните резултати во реформите на домашен план, до Советот на ЕУ на 15. октомври се дополнителен придонес кон позитивен исход за Република Северна Македонија и отпочнување на очекуваниот преговарачки процес со ЕУ“, рече, меѓу другото, министерот Димитров.На работниот состанок зборуваа и присутните амбасадори и вршители на работи од дипломатските и конзуларните претставништва на Северна Македонија со коишто се разменети мислења за актуелни политички прашања.     

Македонија | пред 6 години

rodenden

Голема роденденска забава во Зоолошка градина Скопје

Оваа година ЈУ „Зоолошка градина Скопје“ го слави својот 93-ти роденден. По тој повод, на 1-ви септември во ЗОО Скопје ќе има голема роденденска забава за сите посетители, но и вредни подароци.Дента, ќе биде отворено и првото „Baby ZOO” катче каде што децата ќе учат нега и одгледување на мали животни и ќе се едуцираат околу нивното хранење во присуство на стручни лица од зоолошката.Со почеток од 17:00, ќе се забавуваме со Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни Маскотите.За најсреќните посетители подготвивме супер подароци- Електричен мотор , фамилијарно патување со Фибула и едногодишна стипендија по ментална аритметика во Малац Генијалац.Секако, тука се и останатите наши пријатели кои за 1-ви септември подготвија изненадувања за сите посетители.До роденденот, сите посетители имаат шанса да станат  потенцијалени добитници на некој од подароците. Се што треба да направат е при посета во зоолошка, на билетарата да побараат купон, да го пополнат и да го стават во кутијата која се наоѓа на влезот.Извлекувањето ќе биде во живо, на 1-ви септември во склоп на големата роденденската забава.Се гледаме во вашата омилена Скопје ЗОО!

Скопје | пред 6 години

Amdi-Bajram

Бајрам за Фокус: Во овие моменти не треба многу да пливаш, оти може да се удавиш!

Претседателот на Сојузот на Ромите и пратеник Амди Бајрам, веќе неколку месеци наназад не е актуелен во јавноста. Откако влезе во трката за претседател, и набргу потоа на почетокот на март најави дека се повлекува од истата, тој ги проретчи јавните настапи. На политичарот кој во минатото знаеше редовно да истапи во јавност со интересни изјави, денес ретко може да му се слушне гласот, објави Фокус.За ,,Фокус” вели дека сфатил како е подобро повеќе да молчи, отколку постојано да биде актуелен со некоја тема, па затоа започнал да живее повлечено.-Си работам јас како и секогаш, но решив повеќе да не коментирам премногу на сите теми поврзани со актуелните случувања. Тоа не значи дека немам свое мислење за сето она со кое што сега се соочуваме. Напротив, си имам свое мислење, но не би го споделил со јавноста. И за аферата ,,Рекет” имам свое мислење, но нема што да го кажувам јавно. И за се друго, увидов дека е подобро кога мудро си молчам.Текстот во целост на:Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

deskoska-boki-13-640x446

Милошоски: Другарката на Боки Тредичи односно Дескоска да си поднесе оставка

ВМРО -ДПМНЕ бара оставка од министерката за правда, Рената Дескоска поради случајот „Рекет“. По изгласувањето на потребата од носење на законот за обвинителство по скратена постапка, пратеникот Антонијо Милошоски обвини дека власта на сила се обидува да ги донесе законите.„Бараме од другарката на Боки Тредичи, Рената Дескоска да си поднесе оставка зашто во нејзин мандат има најголем политички и судски скандал“, рече Милошоски.Тој кажа дека повторно се злоупотребува ЕУ знамето, но опозицијата, како што рече, сепак ќе учествува во комисиската расправа и ќе предложи амандмани на законот.„Имаме системски амандмани, а во однос на случаите на СЈО кои се во судски процес сметаме дека треба да продолжат, но истовремено сметаме дека треба да се почитува постоечкиот закон за СЈО каде пишува дека мандатот на помошниците обвинители не може да биде подолг од мандатот на специјалниот обвинител“, рече Милошоски и додаде дека обвинителите од СЈО треба да се вратат во матичните обвинителства.

Македонија | пред 6 години

IMG-c33e9746aa319d184b900d216ff21667-V

ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода домаќин е на женскиот кошаркарски клуб „POST SV Nirnberg“, од Германија

ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода оваа седмица е домаќин на женскиот кошаркарски клуб „POST SV Nirnberg“, од Германија.„Ова е возвратна посета од страна на кошаркарките од Нирнберг, по престојот на нашите девојки на гости кај нив, минатата година, кога воспоставивме одлични односи помеѓу двата клуба. Ние правиме се да им возвратиме на нивната гостопримливост. За време на престојот на германскиот тим во Скопје, ќе се реализира богата програма. Девојките заеднички ќе тренираат, ќе разменуваат искуства, а ние како домаќини ќе им овозможиме и културно историски разглед на нашиот град. Во оваа прилика би сакале да искажеме јавна благодарност до градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски за дадената помош за организација и реализација на програмата“, изјави Љупчо Павловски, тим менаџер на ЖКК „Бадел 1862.Во рамки на долгогодишната соработка на збратимените градови, Нирнберг и Скопје, денеска градоначлникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе се сретне со кошаркарките на клубовите од Германија и Кисела Вода.Девојките од двата клуба првиот заеднички тренинг го одржаа во Кисела Вода. Следниве денови тие ќе тренираат на планината Водно, ќе го посетат кањонот Матка, а планирано е  во Скопје да проследат и дел од натпреварите на Европското првенство во женска кошарка, А дивизија, за девојки под 16 години. Покрај ова, на крај од посетата на 30.08.2019 година, во

Скопје | пред 6 години

Vasev-27-08-2019-mediumi

ВМРО ДПМНЕ: Нивото на реализација на капитални инвестиции за цели 7 месеци е само 24.5% од годишно планираното

Нивото на реализација на капитални инвестиции за цели 7 месеци е само 24.5% од годишно планираното. Власта нема капацитет да го реализира ниту она што сама со Буџетот за 2019 година се обврзала дека ќе го направи.И со Тевдовски и со Заев и со било кој друг на чело на министерството за финансии СДСМ за повеќе од половина година не е способна да сработи ниту една четвртина од тоа што требало, истакна Светислав Васев од ВМРО ДПМНЕ.Во истиот период од 7 месеци предвидениот дефицит е на ниво од над 50%, исто како и социјалните трансфери. Единствено каска реализацијата на капиталните инвестиции. Тоа е показател дека СДСМ нема план и не знае како да ги инвестира парите на граѓаните во капитални проекти. Ова укажува единствено на фактот дека СДСМ целосно го ставил Буџетот на Република Македонија во функција за купување гласови!Оттука ја предупредуваме власта да не влегува во било какви сценарија што би значеле изборна корупција.Почитувани,Нивото на јавен долг рапидно расте. Тоа води до едноставен заклучок. Заев нема план за капитални инвестиции, Заев има план за капитален грабеж.Цела година не видовме да отпочнат со изградба на едно ново училиште, амбуланта или градинка. Единствено што прават е раскопување на неколку скопски сообраќајници кои ги премачкуваат со асфалт.Три години ги развлекуваат проектите во инфраструктурата започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Направија целосен застој на инфраструктурен план. Никаде ги нема ветените 600 километри нов автопат, ниту 550 километри нови магистрални патишта. Поминаа 3 години, а ништо од тоа што го ветија за време на изборите не реализираа.Оваа власт која три години со прст нема мрднато мора да си замине. Потребни се итни предвремени избори, час поскоро. Потребна е обнова на Македонија, истакна Светислав Васев од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

janeva-ruskovska

Не знам дека Јанева во лоша здравствена состојба, а Боки 13 засега нема потреба да биде повикан на распит, вели Русковска

Информацијата дека Катица Јанева ќе бара да излезе од притвор поради нарушена здравствена состојба, за обвинителката Вилма Русковска која го води случајот „Рекет“ е непозната.„Немам информација дека Јанева ќе бара да излезе од притвор поради многу нарушено здравје“, рече Русковска.Обвинителството за организиран криминал и по 44 денови од приведувањето на Бојан Јовановски познат како Боки 13, се уште го нема викнато на распит.„Се уште нема потреба Боки 13 да биде повикан на распит. Кога ќе има потреба, ќе го повикам“, рече Русковска.Запрашана дали знае каде завршил кешот кој Боки 13 го земал од Качев, таа рече „Нешто знаеме каде завршило, за нешто работиме“. Прочитај го и ова:Русковска: Камчев не споменуваше политичари дека се вмешани во „Рекет“

Македонија | пред 6 години

PrtScr-capture_3

Русковска: Камчев не споменуваше политичари дека се вмешани во „Рекет“

Обвинителката Вилма Русковска вели дека се уште не знае како записникот од сведочењето на Орце Камчев протекол во јавност. Таа на прашањето „Можете ли да споделите што Качев кажал во сведочењето?“ одговори со „Вие сериозно ме прашувате што кажал Камчев вчера?“.Русковска негираше дека Камчев во сведочењето пред Обвинителството за организиран криминал споменувал политичари. Таа рече дека Заев бил спомнат само во делот каде Камчев рекол дека прво му кажал на него.На денешната седница на Советот на јавни обвинители, на која се дискутираше за вмешаноста на Јанева во случајот „Рекет“, присуствуваше и шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Советот треба да утврди дали има елементи за разрешување на Јанева, а Русковска, пред Советот образложи зошто Јанева е осомничена во истрагата.

Македонија | пред 6 години

pozar-2

ДНК ќе донира за за обновување и пошумување на изгоренот предел

ФБ статус на ДНК ...Со оглед на вчерашната природна катастрофа, пожарот кој ги затекна велешани и им приреди огромен стрес, а воедно и им исече голем дел од “БЕЛИТЕ ДРОБОВИ” на градот, ние како ДНК ( Панчо, Андреј, Лазар ) сакаме да донираме скромни 6.000денари (не сме Леонардо ДиКаприо толку ни дозволува буџетот) за обновување и пошумување на изгоренот предел. Воедно, сакаме да ги поттикнеме сите наши колеги и совесни сограѓани за помош. Како нација секогаш сме први да помагаме на другите соседи и држави (БРАВО така треба), но некако нашето најмалце си го цениме и чуваме. Затоа јавно ги повикуваме сите добри луѓе, да донираат на било каков начин да им се помогне на велешани и да им се вратат ”БЕЛИТЕ ДРОБОВИ” и да се избегнат други лоши консеквенци, кои не дај боже удираат по нивното здравје. Го повикувам градоначалникот на Општина Велес, во најбрз можен рок да отворат сметки и броеви за донации и јавно и транспарентно да се следат донираните средства кои ќе одат за пошумување на уништената површина. Велес има право на чист и здрав воздух! #ОД_СРЦЕ_ЗА_ВЕЛЕСhttps://www.facebook.com/dnkmk/photos/a.10150414792107391/10156142905537391/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

69573522_10157531953813841_8260760314090356736_n

Пожарот пеплоса и прагови од пругата Велес – Кочани, истата од вчера не е во функција

Пожарот што беснеееше во околината на Велес и езерото Младост вчера направи големи штети. Зафатена е површина од 300-400 хектари трева, трње, нискостеблеста дабова шума и висококвалитетен бор. Исто така, овој пожар зафати дел од фарма „Брезеви“, дел од вулканизер „Дине“, две викенд-кукички и една напуштена штала.Поради изгорени десетина прагови пругата Велес – Кочани од вчера не е во функција.На лице место во моментов на пожарот има 50-60 лица кои гаснат опожарени трупци и тоа: ТППЕ Велес, ЈКП Дервен, ШС Бабуна, ДЗС, ШС Гевгелија, ШС Св. Николе, ШС Бор Кавадарци, информира Центарот за управување со кризи.Пожарот кај селото Ораовец синоќа е ставен под контрола, горела нискостеблста шума, смрека, трн и сува трева, а на терен има вработени од ШС Бабуна заради контрола пожарот повторно да не се активира.Гори и во Струмичкиот Регион. Пожарот на планината Готен во реонот на селата Покрајчево и Злеово е активен и се шири на неколку места и во неколку правци. Во моментот на лице место се присутни: 60 лица од кој: пожарникари од ТППЕ-Радовиш и ТППЕ – Струмица и вработени лица од ПШС , „Плачковица,, – Радовиш. Исто така за денес се очекува да интервенираат и два авиони на ДЗС.Заради превземање на одредени мерки и активности за ставање под контрола на активниот пожар на планината Готен, ПО РЦУК Радовиш свика вонреден состанок на регионалниот штаб, со единствена точка на дневниот ред „Превземени мерки и активности како и изнаоѓање на решение и ставање под контрола на активниот пожар на планината Готен во опш.Радовиш“. На состанокот беа присутни претставници од РЦУК Радовиш, ДЗС ПО Радовиш, ЕЛС Радовиш, ПС ОН Радовиш, ЈП „Национални шуми“ ПШС Плачковица Радовиш, ТППЕ Радовиш, МЗШВ ПЕ Радовиш, МО ОО Радовиш, ОО Црвен Крст Радовиш и ЈЗУ Здравствен дом Радовиш.На состанокот се донесени заклучоци за поголема координација помеѓу сите инволвирани учесници на терен за поефикасно дејствување и ставање на пожарот под контрола. Авионите за гасење пожар на ДЗС да бидат вклучени најрано што дозволуваат условите и нивното вклучување да биде до ставање на пожарот под контрола.

Слајдер | пред 6 години

plaza-111

Антикорупциска ќе проведува кои плажи немаат концесионери и работат на диво

Антикорупциската комисија ќе проверува дали физички и правни лица на диво ги узурпираат плажите по должина на охридското и струшкото крајбрежје, дознава „А1он“. Тие бараат од Општина Охрид и Струга да им ја достават целокупната документација за јавното наддавање при доделување на концесиите. Сомневањата се дека компании и поединци узурпираат плажи без да плаќаат давачки кон општината, објави А1он. 

Македонија | пред 6 години

38-sednica-na-sovet-2019-1

Извештај за буџетот и ЈП за првата половина од 2019 година

Советот на Град Скопје на денешната 38-ма седница ќе расправа за поголем број извештаи за работата на Градот Скопје и на јавните претпријатија за првите шест месеци од 2019 година, кои покажуваат добра финансиска кондиција на градот и на претпријатијата.Извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за периодот јануари - јуни 2019 година укажува дека вкупните приходи се остварени во износ од 2,3 милијарди денари, што претставува остварување од  35%  во однос на планот за 2019 година. Приходите и понатаму ја одржуваат својата позитивна динамика на остварување и споредено со истиот период од минатата 2018 година, бележат зголемување од 2,5%.  Во структурата на вкупно остварените приходи најголем процент на учество имаат:даночните приходи 47%, приходите од трансфери и донации 38,4%, капиталните приходи 5% и неданочните приходи со 9,7%.Вкупните расходи во Буџетот на Град Скопје за период јануари - јуни 2019 година се извршени во износ од 2,1 милијарда денари, односно 33% во однос на планираните расходи за 2019 година. Споредено со извршувањето на расходите за истиот период од минатата 2018 година, извршените расходи за првото полугодие од 2019 година бележат зголемување од 13,9% и истото е во согласност со предвидената динамика на реализација на проектите за 2019 година.Советот на денешната седница ќе ги разгледува и полугодишните извештаи за работата на јавните градски претпријатија.Во првите шест месеци од 2019 година, јавното претпријатие „Комунална хигиена“ има собрано и транспортирано 72.495 тони комунален отпад или просечно 401 тон дневно. ЈП „Комунална хигиена“ во првата половина на 2019 година оствари вкупни приходи во износ од 605.824.837,00 денари и во однос на остварените приходи во истиот период во 2018 година во износ од 587.281.376,00 денари бележи зголемување за 3,16%. Во делот на остварените финансиски резултати, ЈП „Комунална хигиена“ оствари позитивен финансиски резултат во износ од 15.715.919,00 денари, што е резултат на добивката пред оданочување во износ од 22.558.439,00 денари и пресметаниот данок од добивка во износ од 6.842.520,00 денари.Јавното претпријатие „Улици и патишта“ во првите шест месеци од 2019 година асфалтирало вкупна површина од 32.414 квадратни метри, додека машинско чистење на косините на реката Вардар е извршено на површина од 14.206 квадрати. Во првите шест месеци од 2019 година поставени се 263 нови сообраќајни знаци, 593 катадиоптри, а извршено е бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација на површина од 10.459 квадратни метри. Во делот на остварените финансиски резултати, ЈП „Улици и патишта“ оствари позитивен финансиски резултат од 6.648.594,00 милиони денари.Во првите шест месеци од 2019 година, јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ подигна и реконструира 28.916 квадратни метри зелени површини, додека во делот на остварените финансиски резултати, ЈП „Паркови и зеленило“ оствари позитивен финансиски резултат од околу 12 милиони денари.Автобусите на јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во првите шест месеци од 2019 година поминале вкупно 8.848.850 километри, при што се превезени 22.271.180 патници. Во делот на остварените финансиски резултати, ЈСП „Скопје“ оствари позитивен финансиски резултат од 14,2 милиони денари.Во првите шест месеци од 2019 година, јавното претпријатие „Градски паркинг“ има остварено приходи во износ од 113.840.141,00 денари, што е зголемување за повеќе од 10 милиони денари во однос на истиот период лани. Ова резултира со остварување на позитивен финансиски резултат и добивка од 21.810.485 денари, што е зголемување на добивката за околу 9% во однос на истиот период лани.  

Скопје | пред 6 години

Gjorchev-27-08-2019-mediumi

Ѓорчев: Одговорност и оставки за доцнењето од 5 часа на хеликоптерите и авионите во пожарот во Велес

Време е за оставки за министрите и директорите поврзани со пожарите во Велес. Имавме фрапантно, катастрофално доцнење на интервенцијата на авионите и хеликоптерите од 5 часа. Штетите се огромни, жално е да се гледа сето она што се случи во Велес и велешко во изминатите 24 часа и за тоа мора да има одговорност,  истакна Владимир Ѓорчев, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Пожарот почна во 11 часот, а авионите и хеликоптерите дојдоа дури во четири часот попладне, во 16 часот. Тоа е катастрофално, ужасно доцнење од 5 часа.Огромна благодарност и честитки до пожарникарите, до припадниците на Армијата на Република Македонија, до доброволците кои што го гасеа пожарот. Но оние кои што потфрлија тоа се владините институции, тоа се министрите и директорите.Ако треба сето ова во триесетина секунди да го сумирам, а она што го видовме и едноставно она што од прва рака го видов и слушнав во Велес е следното, време е за оставки на директорите и министрите.Имаше катастрофално доцнење од цели 5 часа и интервенцијата на авионите и хеликоптерите, пожарот почна во 11 претпладне, а хеликоптерите и авионите дојдоа дури во четири часот попадне. Огромна благодарност до пожарникарите, до војниците, до доброволците, до сите кои што се вклучија во гасењето. Но факт е дека за вакво фијаско, и за ваков дебакл, за горење на шума која што растела 50 години наназад мора да има одговорност.Време е за оставки во Владата на Зоран Заев и неговите 28 министри, истакна Владимир Ѓорчев, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

Stoilkovski-27-08-2019-mediumi

Стоилковски: Повеќе од два месеци, функционери на ВМРО-ДПМНЕ се притворени, а не знаат зошто, а Кики, Фрики, Шеки, Зоки Поки шетаат со куфери рекетирани пари

Повеќе од два месеци, Димитар Димовски и Дејан Митески, функционери на ВМРО-ДПМНЕ, член на извршниот и член на централниот комитет, се притворени, а не знаат зошто? Службеничката во министерството на Сугаревски, Анета Јорданова е притворена, а додека други седум осомничени се дома. Бараме одговор, дали е точно дека решенијата за оние кои што се во притвор и за оние кои што се дома се 100% исти, освен во мерката притвор за тројца, а за останатите е определена поблага мерка според законот за кривична постапка?Судот наскоро ќе одлучува за трето определување на притвор, трета одлука за 30 дневна мерка, а до сега се уште како обвинети тројцата не се посетени од Јавен обвинител и немаат дадено исказ пред Јавен обвинител! Луѓето се уште официјално не знаат зошто се притворени, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Па, колку време треба да бидат држени како заложници гласноговорници на опозицијата, за да се задоволи хирот на власта за политички прогон врз политички неистомисленици? Ова ли е отвореното судство како пупка на Зоран Заев? Ваква ли неселективна правда се спроведува? Од една страна после не цели две недели Морина, гонет со меѓународна потерница за воени злосторства беше ослободен од притвор, а луѓе без никакво дело и криминално досие, со месеци се држат во притвор.Кики, Фрики, Шеки, Зоки Поки шетаат со куфери рекетирани пари, а функционери на опозицијата се изложени на тортура. Спротивно на конвенцијата за човекови права, се уште судот не дава наредба да му се укаже побараната медицинска помош на Димитар Димовски. Да потсетиме, судот цела недела не дава наредба за тој да се спроведе до лекар - невролог. Ова влегува во делот на тортура вршена од страна на судот. За споредба, Боки Тредичи, миленикот, пуленот на власта, посредникот на рушветот на државната мафија, веднаш беше развозуван низ скопските клиники!Притворот не е казна, туку мерка осомничените да не ја осуетат постапката, која во овој случај е целосно непотребна и неаргументирана. Судот мора да се одважи и да почне да одлучува врз основа на закон и докази. Ниту постои можност за повторување на делото, ниту постои можност за влијание на сведоци, ниту постои можност за бегство. Накусо, доколку се носи правна, а не политичка пресуда, судот мора да ги ослободи од притвор осомничените,истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Tripunovski-27-08-2019-mediumi

Трипуновски: Земјоделците се уште ги чекаат субвенциите кои што им значат приход

Втор ден молк од МЗШВ и Владата на Република Македонија во врска со 65 - те милиони евра долг во Програмата за финансиска поддршка за земјоделците. Финансиска поддршка која се уште земјоделците ја чекаат. Земјоделците се уште ги чекаат субвенциите кои што им значат приход, и им значат егзистенција за семејства, истакна Цветан Трипуновски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Додека земјоделците чекаат исплата на субвенции, откупот и пласманот е катастрофално лош. Земјоделецот е оставен без никакви средства за егзистенција, а власта наместо да им помогне им се заканува и ги заплашува земјоделците, кои што си ги бараат ветените и заслужени субвенции.Ситуацијата е алармантна. Заев не успеа да ги исплати ниту редовните субвенции, ниту дополнителните мерки кои што требаше да ја ублажат загубата која што ја претрпуваат земјоделците од цела Република Македонија.Нема ништо од дополнителнителната субвенција од 1 денар која што им ја ветија на лозарите од Тиквешијата, 3 – те денари на јаболкарите од ресенско се уште ги чекаат, производителите на познатата пиперка ајварка се уште си ги чекаат своите 3 – те денари по килограм продаден род, исто како и сливарите од повеќе региони во државата, оризарите од кочанскиот регион се уште ги чекаат ветените 5 денари за продаден килограм ориз, исто така и мелничарите, млеко производителите, сточарите, и сите други земјоделци се излажани од оваа власт си ги чекаат редовните и дополнителните субвенции.Веќе три години земјоделците се соочуваат со намалени приходи и егзистенција која што е под знак прашалник. Откуп нема, кога го има цените се ниски, а субвенциите не се исплаќаат.Господине Заев како мислите дека земјоделците може да преживеат со своите семејства? Дали знаете дека земјоделците не го продаваат својот род, напротив го предаваат, се со цел да обезбедат минимални средства за егзистенција на своите семејства.Господине Заев ги донесовте до питачки стап земјоделците, а за тоа ќе одговарате пред граѓаните на наредните предвремени парламентарни избори. Затоа истите треба да се случат час поскоро, затоа  што е потребна обнова на Македонија, истакна Цветан Трипуновски - Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Levica

Левица: Двете лица на правната држава!

Комплетното рушење на проектот „СЈО” креиран од меѓународната заедница и политичките елити СДСМ и ДПМНЕ, јасно демонстрира дека во актуелниот контекст институциите постојат само за да ги штитат богатите, без разлика на нивната партиска обоеност. Пазарното општество неминовно води до пазарно судство. Не е важно кој е во право и кој е оштетен, а кој ја злоупотребил својата моќ - важно е само каков грб имаш. А во пазарно општество, посилен грб од капиталот - нема. Правната држава, три деценииимртва, комплетно ја закопаа под земја, а таа со себе надолу ги влече само неимотните и сиромашните, се вели во соопштението од Левица.За релативизаторите скапо платени на функционерски позиции, вработени во про-владини медиуми, во “невладини” организации финансирани од влада или директно во социјал-демократското „министерство на вистината“, чие модус операнди е потсетување на криминалот на ДПМНЕ, едно кратко потсетување - гладни луѓе лежат затвор за украдени ќебапи! Неимотни лежат затвор за конзумирање марихуана! Господа, не релативизирајте ги делата на Тредичи, Јанева и компанија со криминалот на Камчев. Релативизирајте ги делата на оние кутри и јадни души чиј единствен криминал е да се дрзнат да си го нахранат семејството. Потсетете нѐ, ако тоа ви се исплати на вашите позиции, дека ако за ќебапи се лежи затвор, треба и Јанева да лежи, заедно со Тредичи, Камчев и сите останати по ред!Државата и судството функционираат ЕКСПРЕСНО кога треба да се казнат делата на сиромашните. Успешно ги регулираат споровите и помеѓу олигархијата, елитата и политичката каста. Но, кога треба да се казнат кражбите на елитите од сиротиот народ, тогаш државата не само што не застанува во одбрана на угнетените, туку и ги помагаугнетувачите и нивната волја ја преточува во неправедни закони кои комплетно ја легализираат оваа кражба и го потчинуваат работникот. Ама не ги плаќаат нашите драгирелативизатори ова да го кажат.Не само што целосно е уништена довербата на народот кон институциите на државата - туку истите тие институции се претворија во неподнослив терет на самиот народ!Државата е неправедна, таа нема ниту легитимитет, а ниту образ веке да ги регулира односите помеѓу народот - таа е претворена во инструмент во рацете на имотните зарепресија кон безимотните. Не може да има правна, а уште помалку праведна држава, додека нема народна власт.Ниту Камчев, ниту Јанева, ниту Тредичи нема да бидат казнети додека власта ја држат во раце луѓе од нивните кругови. Тие „ќе си лежат“ само ако работниот народ им суди, а неако аболицирани криминалци ја користат власта за да аболицираат други криминалци.Затоа, оваа ненародна власт мора да падне! СДСМ, ДУИ и ДПМНЕ мораат да заминат во аналите на историјата, а работниот народ да се осигура дека сите услови за постоење наваква багра угнетувачи и криминалци бидат искоренети.Промена, а не замена,  се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Владата има Планот Б за законот за обвинителство

Доколку не се обебеди 2/3 мнозинство за законот за обвинителство, власта решенијата за СЈО ќе ги решава преку измени на заканот за совет на обвинители кој се носи со 61 глас. Планот Б на владата го откри министерката за правда Рената Дескоска. Според неа, во законот за советот на обвинители може да се вметнат одредби за избори и организација на новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција, објави Сител. Дескоска ги отфри барањата за нејзина оставка од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека на опозицијата не и се допаѓа што таа работи со лични и прартиски интереси. 

Македонија | пред 6 години

budva

Во вооружен напад во Будва, двајца ранети

Две лица се повредени во оружен напад во Будва, по што полицијата го блокирала градот. Како што соопшти полицијата, повредените се надвор од животна опасност и се префрлени во которската болница.Според неофицијални сознанија, станува збор за лицата Горан Словиниќ и Драган Марковиќ, коишто се пренесени во хируршката болница во Котор, пренесува РТЦГ. Како што се наведува во текстот, ранетите се надвор од животна опасност, а нападот е извршен со автоматско оружје марка „шкорпион“.

Свет | пред 6 години

zarko-lukovski

Жарко Луковски дал дополнителен исказ за „Рекет“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција потврди дека поранешниот главен извршен директор во „Т-мобиле“ Жарко Луковски утрото бил да даде исказ во за случајот „Рекет“.Овој исказ, всушност е дополнување на претходниот негов исказ за истиот случај. Луковски, кој бил меѓу повиканите во својство на сведок кога почнала истрагата за „Рекет“, сам побарал да го дополни претходно изјавеното.Името на поранешниот директор на „Т-Мобиле“, Луковски, се споменува во еден од аудио разговорите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ на својата интернет страница. Во тој разговор се слуша како Бојан Јовановски - Боки 13, во разговор со Орце Камчев, вели дека „Луковски завршил работа за случајот со базните станици – и во СЈО и во Владата“.Во случајот „Базни станици“ што во СЈО го води обвинителката Лиле Стефанова, Жарко Луковски е осомничен за злоупотреба на над 3,5 милиони евра во корист на Бетон АД Скопје, а на штета на акционерите на Т-мобиле, меѓу кои, и државата. Според СЈО, тој во 2011  ја злоупотребил службената положба и овластување како главен извршен директор на Т-мобиле, барајќи финансиска понуда од Бетон АД Скопје за легализирање на дивите базни станици, иако Т-мобиле Македонија поседувала соодветен тим на стручни и лиценцирани лица, кои и претходно работеле на утврдување на правниот статус на базните станици и тоа за околу 3.000 евра по објект. Од друга страна, Бетон АД Скопје претходно никогаш немала давано услуги од овој вид, а во фирмата постоел само еден вработен со соодветното искуство. Сепак, набрзо Бетон ја известил Т-мобиле дека бараната услуга може да ја изврши за тројно повисока цена од онаа за која работата можела да ја заврши стручниот тим на Т-мобиле Македонија.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Се судрија „БМВ“ и „Југо“, повредени повеќе лица

На 26.08.2019 во 19.15 часот на регионалниот пат Скопје-Тетово, кај с.Семениште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со австриски национални ознаки, управувано од Х.И.(20) од Скопје и патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(39) од с.Буковиќ, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил  Н.А., а сопатникот од истото возило Ф.А.(37) и возачот на другото возило Х.И. се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.  

Македонија | пред 6 години

velosiped

Сообраќајна несреќа со камион удрил во велосипедист

На 26.08.2019 во 09.30 часот на крстосница од улиците „Винковачка“, „Прилепска“ и „Радојца Новичиќ“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која Б.Ч.(31) од Република Албанија, управувајќи товарно моторно возило „форд транзит“ со струшки регистарски ознаки, удрил во велосипед управуван од Б.С.(60) од с.Горно Лакочереј, охридско. Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид. 

Македонија | пред 6 години

motor

Тешко повреден моторциклист

На 26.08.2019 во 19 часот на улица „Коста Новаковиќ“ во Скoпје,  И.Х.(35) од Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

pajak-11

СВР Скопје казнува несовесни возачи

Во текот на изминатиот ден (26.08.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 45 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 12 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, девет возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден возач-почетник кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради неправилно престигнување, 12 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и осум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 37 мандатни платни налози и 39 возила се подигнати со специјално возило „пајак". 

Скопје | пред 6 години

markoo

Малиот Марко Пејчиновски ќе плива 64-километарски маратон за лицата со ретки болести

Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски денеска го стартува својот ултра маратон, во кој ќе се обиде да преплива 64 километри во водите на Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум до Струга и назад до Охрид. Неверојатниот Марко овој подвиг ќе се обиде да го направи во знак на поддршка на лицата со ретки болести.Маратонот почнува попладнево од кај Градското пристаниште во Охрид, а предвидено е кружната патека преку езерото да ја заокружи утревечер на истото место.Марко Пејчиновски минатата година направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач, кој ја препливал таа делница, со што се вмеша меѓу легендите на пливачкиот маратон. Успехот на Марко е дотолку поголем што и самиот тој се соочува со здравствени проблеми, односно има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.Инаку, за престојниот негов подвиг се изработени маички во бела и црна боја што се продаваат по цена од 300 денари, а целиот приход собран од продажбата е наменет за помош на лицата со ретки болести.За минатогодишниот подвиг Марко ја доби Свети Климентовата повелба – највисоко признание што го доделува Општина Охрид, како и „Златна Буба Мара на популарноста". 

Македонија | пред 6 години

lisici

Косовски државјанин по барање на Интерпол, приведен на „Долно Блаце“

На 26.08.2019 во 07.35 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен Х.А.(44) од Косово затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека се наоѓа на стоп листата со мерка „Апси“ по барање од Интерпол.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања